Додела на мандатот на Заев со измама на Претседателот Иванов.

ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ЗАЕВ

***

 Група на здруженија организираат протест за одземање на мандатот од Зоран Заев од страна на претседателот Иванов, поради, како што кажуваат непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.

***

Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата, од сите дејства со кои земјата/државата Република Македонија и македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација, велат организаторите.

Мирниот протестен марш планирано е да започне 13 или 14 октомври во 17:00 часот пред канцеларијата на делегацијата на ЕУ, каде ќе има обраќање кон ЕУ и НАТО, а потоа маршот ќе продолжи по улицата Водњанска, се' до вилата Водно, каде што на претседателот Ѓорге Иванов ќе му се предаде протесното барање.

Истовремено, поради не принципиелните политики кон Република Македонија, мешањето во внатрешните политики на суверена, независна земја членка во ООН, на соодветен начин ќе се сензиблизира и интернационализира македонското прашање, со запознавање на светската јавност и на сите држави со вистината за Македонија , особено оние, кој ја признале Република Македонија под нејзиното уставно име, од кои ќе бараме подршка поради наметнатата окупаторска диктатура во Македонија и геноцидните планови против Македонија и македонскиот народ, се вели во повикот.

Како организатори на овој марш се потпишани Здружението на граѓани "Преродба", Семакедонскиот национален совет Македониум, МПЗ "Тврдокорни", Движењето за цивилизациски вредности и Единствениот пат - Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет, кои повикуваат наместо Македонија да биди "линија на огнот", да биде мостот на цивилизирана соработка помеѓу источната и западната цивилизација.

vecer.mk

12 октомври 2017 година.

 

Екатерина Захариева

 

 

 

СПРОВЕДЕТЕ ГИ РЕФОРМИТЕ ПОРАДИ ГРАЃАНИТЕ, НЕ САМО ПОРАДИ ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ НИ ПОРАЧУВА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА, МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА БУГАРИЈА

 

"Стабилноста и просперитетот на Западен Балкан е долгогодишен надворешнополитички приоритет на Бугарија и ќе биде во фокусот на бугарското претседателствување со Европската Унија. Апелот до нашите пријатели е:  Спроведете ги реформите поради вашите граѓани, не само поради идното членство во ЕУ", истакна министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група и на Западен Балкан, во Будимпешта.

***

Како што јави бугарската агенција БТА, министрите присутни на годинешниот  состанок  во Будимпешта, што се одржа во рамките на унгарското претседавање со Вишеградската група и' дадоа целосна подршка на Захариева за побрза интеграција на регионот во Европската Унија за време на бугарското претседавање со Советот на Унијата, во првата половина на следната година.

Без Западен Балкан во ЕУ, нема да биде завршен европскиот проект и Европа нема да биде доволно стабилен и безбеден континент. Нашата цел е на самитот на ЕУ во Софија следната година да имаме јасен план за секоја од балканските земји.

Ние сме балканска држава и јас се гордеам со тоа. Ако ја оставаме историјата во минатото, ако гледаме напред во иднината и сме чесни и отворени за проблемите, тогаш многу брзо ќе постигнеме напредок - рече Захариева.

***

Таа додаде дека покрај политичката подршка за шесте земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово), кои сакаат да станат членки на Еу, треба да им се овозможи и техничка и експертска помош во преговарачкиот процес.

Шефот на романската дипломатија, Теодор Малекшану на состанокот истакна дека Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија е пример за целиот регион.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој е домаќин на форумот во Будимпешта, претходно истакна дека неговата земја се залага Македонија и Албанија да добијат датум за почнување на преговори најдоцна во првиот квартал од 2018 година.

На министерскиот состанок во Будимпешта учествуваше и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

 

vecer.mk

12 октомври 2017 година 

МАКЕДОНСКА НАЦИЈА

****

РЕВИДИРАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

ЗА ДА СЕ СКРИЈАТ 

ЗЛОСТОРСТВАТА ОД МИНАТОТО!

 

Денес, две држави од соседите кои учествуваа во поделбата на Македонија во 1913 година, бараат ревидирање на македонските учебници по историја, а владата на СДСМ е можеби единствена власт во светот, која прифаќа соседите да ни ја пишуваат нашата историја. Најпрво со договорт за добрососедство со Бугарија е предвидено ревидирање на историјата и промени во учебниците, а такво нешто најави и Атина.

И двете земји имаат причини да бараат ревидирање на историските учебници, зошто во нив не се говори, како што тие велат, само за македонскиот иредентизам, туку и за злосторствата извршени врз македонскиот народ. Имено, геноцид претставува меѓународно злосторство кое се состој во намерно, целосно или делумно уништување на национална, етничка, расна или верска група со вршење убиства, тешки телесни повреди, присилно раселување, односно целосно или  делумно истребување.

Геноцидот, чиј термин е усвоен на заседанието на Генералното собрание на ООН, спаѓа меѓу најтешките злосторства, против човештвото.

Во македонските историски учебници може да се сретне дека во различни периоди од историјата на Македонија се забележани повеќе елементи на извршен геноцид врз македонскиот народ. Особено тој е изразен по Балканските војни 1912 и 1913 година и Првата светска војна, кога по поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година, во сите три дела на поделена и поробена Македонија,  македонскиот народ е подложен на истребување.

Елементи на геноцид сретнуваме во преселувањето на 60.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија, по потпишувањето на Договорот за размена на населението меѓу Грција и Бугарија во 1919 година. Потоа за време на Втората светска војна најпознат пример е Холокаустот, кога 7200 Евреи само од Скопје, Штип и Битола беа депортирани во логорите на смртта, како и од Тракија и Егејскиот дел на Македонија со што бројката изнесува над 11.200 души.

По Втората светска војна поизразен геноцид се забележува кога близу 100.000 Македонци се протерани од Егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна во Грција 1946 до 1949 година. Во текот  на 1947 година во Грција влегоа англо-американските трупи и учествуваа во војната во која згаснаа 160.000 човечки животи. Исто така, по завршувањето на војната, грчката власт преземаше присилни мерки за целосна асимилација на Македонците и за непризнавање на нивниот етнички идентитет.

Според информациите кои доаѓаат од Атина, Зоран Заев во името на добрососедството дал согласност грчката влада да интервенира во македонските учебници за историја. Тоа значи дека Македонците нема да имаат право да ја изучуваат македонската историја која се однесува на целата територија на географска Македонија, но и да ги користи историските мапи на кои е прикажана етничка и географска Македонија.

Во тој контекст, до колку ова биде прифатено, Македонците ќе немаат право во своите учебници да пишуваат дека во главниот град на Македонците Солун на 23 октомври 1893 година била формирана Македонската Револуционерна Организација ВМРО. Исто така нема да можат да пишуваат за граѓанската војна во Грција, за децата бегалци, за непризнавањето на македонскиот народ и т.н.т.

Македонските историчари единствено ќе можат да пишуваат само она што ќе им биде дозволено од Софија и Атина. Ако се знае дека, особено последната не го признава македонското име, идентитет, јазик и култура, тогаш во македонските учебници нема да може да стои македонска историја, македонски народ, македонски јазик, Македонска православна црква, македонска култура, македонски топоними, туку сосема нешто друго.

Со тоа се рушат темелите на македонската држава. Ако немаш македонско име, ако немаш македонски јазик, тогаш немаш македонска држава. Но тоа ништо не му значи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој залуден дека брзо ќе влезе во ЕУ и НАТО, ако ги одоброволи соседите, упорно работи на дезинтеграција на македонската држава.

Се говори дека ќе се пишува заедничка историја со Софија и Атина, во која ќе се избегнат термините и настаните кои навредуваат или го разгоруваат недоразбирањето меѓу соседите. Меѓутоа, веќе таква историја е напишана и таа сигурно му преставува водилка на Заев, за да се осмели, да се дозволи ново ревидирање на македонската историја.

Имено, во 2007 година со подршка на УСАИД, Германија, се објавени Историски читанки ( 4 ) на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа и ФИООМ (Сорос), во кои експерти од 11 земји ја пишуваа историјата, како алтернативен материјал за настава по историја, во Југоисточна Европа. Меѓутоа, при составувањето на учебниците, толкувањето на заедничкото минато и начинот на предавањето на историските содржини во училиштата предизвикуваа вжештени дебати не само во земјите кои се соседи, туку и во рамките на една иста држава. Иако целта на овие прирачници не беше тие да ги заменат учебниците по историја кои се во употреба во училиштата, ниту пак претендираа да дадат кохерентен приказ на историјата на Југоисточна Европа од XIV век до денес, туку се сакаше да се даде едно ново испишување на историјата преку нови методи, а не преку нови содржини. Овој проект, кој беше започнат уште во 1999 година, не даде некој голем резултат.

Согледувајќи ги реакциите на македонската научна фела, никој не верува дека ова што го ветува Заев ќе има успех, зошто ниту еден од соседите нема ниту да  ја признае вината, ниту да се извини за злосторствата што ги има направено во минатото на целата географска територија на Македонија. Напротив, тие ќе бараат да се измени историјата и да се избришат сите траги од кои се гледа нивната вина за она што го имаат направено, врз македонскиот народ.

Зоран Заев, според постапките, е спремен да направи велепредавство и да им излезе во пресрет на сите кои ќе побараат нешто од него, само да остане на власт. Тој најави употреба на албанскиот јазик на целата територија на земјата, потоа дислоцирање на спомениците и преименување на објекти кои ги иритираат соседите, како и ревидирање на историјата и отстранување на дел од единици од македонската историја кои ги навредуваат соседите и т.н.т. 

Прашањето, кое само по себе се поставува: што ќе прави, ако некој побара од соседите, со Музејот на македонската револуционерна борба и Музејот на холокаустот на Евреите во Скопје, каде лежат главните докази за злосторствата на поедини народи, кои и те како иритираат?! 

ЗА ДА ПРЕСТАНАТ СИТЕ ГЛУПОСТИ И ПОНИЖУВАЊА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВО КОИ ЗОРАН ЗАЕВ ЈА ВОВЛЕЧЕ ЗЕМЈАТА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА ГО СПРЕЧИ. 

ДО КОЛКУ САКАМЕ ДА ЈА СОЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И САМИТЕ СЕБЕ СИ,  ДА ЈА ПОДРЖИМЕ ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО НАПОРИТЕ ДА ГИ ДОБИЕ ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ, ЗОШТО СЕ КЛУЧ, ЗА ПРЕВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ПРОЛЕТТА 2018 ГОДИНА.

15 ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

НЕ ЗА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ!

ЕВЕ КОИ НИ ЗАСЕДНАА ВО СОБРАНИЕТО. ЗАРЕМ ОД НИВ ЌЕ ИМАМЕ АИР? ТОА Е ЛИЦЕТО И СИЛАТА НА ЗАЕВ И НЕГОВИОТ СДСМ!

Рубинко В. Јованоски

ПРИЛЕПСКА ГУБИТНИЧКА ПОЛИТИКА

НА ПЛАВИТЕ МОМЧИЊА

Дипл. Екк, Рубинко В. Јованоски

Прилеп

***

 

Митинзите на политичките партии за следните редовни локални избори започнаа пред неколку дена. Со спортски жаргон кажано, капитените на екипите, односно кандидатите за градоначалници и следствено на тоа советничките листи со програма се трудат да придобијат глас повеќе од електоратот од противникот, за да ја запоседнат градоначалничката функција и да обезбедат мнозинство, во локалниот совет.

Се оди од врата на врата, маалските средини, урбаните заедници, каде се изложува партиската програма на кандидатите, за градоначалници. Локалните избори се разликуваат од парламентарните од проста причина што идните одлучуваат само за локалната власт, а на парламентарните познато е дека се одлучува за управување на извршната власт.

 15 ОКТОМВРИ  ЗА ИДНИНАТА

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ако се случи да победи актуелното владеачко мнозинство на чело со СДСМ и аболицираниот лидер и воедно премиер 3оран Заев, аналогно на тоа ќе се заклучи дека погубната политика која актуелно ја заговараат плавите момчиња, ќе биде реалност за кратко време.

Ако пак, победи актуелната опозиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски, ќе се отворат ширум вратите за барање на нови вонредни парламентарни избори.

***

Во градот под Марковите кули во трката за градоначалничката функција ќе се борат до последен момент за глас повеќе актуелниот татко на градот Марјан РИСТЕСКИ, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ каде истиот од електоратот ќе го добие 4-иот едно по друго градоначалнички мандат, и од редовите на плавите момчиња Илија ЈОВАНОСКИ, кој по вокација е лекар - ортопед - трауматолог и во едно актуелен директор на прилепската болница ЈЗУ Борка Талески - Прилеп.

На прв поглед се чини дека ВМРО-ДПМНЕ игра на добитна карта од причини што актуелниот татко на градот Марјан РИСТЕСКИ  во своето 12 годишно градоначалничко владеење со својот роден град Прилеп од мртов без визија и идеи го направи, во буквална смисла на зборот, инфраструктурна ренесанса.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, плавите момчиња исфрлаат,пак, кандидат од фелата на докторската професија.

Домицилното прилепско население од 2000-2005 година ја почувствуваа т.н. "психијатријска терапија" од тогаш таткото на градот под Марковите кули, психијатарот П.С.

Во тоа време Прилеп беше мртов град без визија за подобро утре на домицилното население. Психијатрот Пирганоски беше кабинетски градоначалник без да ги слушне мислењата и проблемите на обичните прилепчани.

За разлика од него, актуелниот градоначалник Марјан РИСТЕСКИ 12 години катадневно е на терен, буквално 24/7. Само така се решаваат проблемите на своите сограѓани. Па така, низ прилепската чаршија обичниот прилепчанец си го поставува прашањето: зошто СДСМ предлага кандидат повторно во бел мантил?

Јованоски не треба да води политика, туку да лекува пациенти.

Најдобро е  Прилеп да има личност како актуелниот градоначалник Марјан РИСТЕСКИ, кој за час успешно ги решава проблемите и воедно и проектите во секоја Урбана заедница во градот, под Марковите кули.

 

ЗОШТО ДА МЕНУВАМЕ НЕШТО ШТО Е ДОБРО?

 

 

 

 

 

 

Дел од препишувачката дејност во Македонија.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 49

Македонија под османлиска власт

(од XIV до  крајот на XVIII век)

 

11. Културата и начинот на животот

Со османлиското освојување, радикални промени настанале и во сферата на културата и начинот на живеење. Преку ноќ еден начин на живеење бил заменет со друг. Победата на една муслиманска империја над поранешните балкански христијански држави предизвикала "културен шок" кај сите балкански народи. Целиот систем на христијанските духовни вредности доживеал исклучително силен потрес. Во сите сфери на животот настанале такви промени што по својот интензитет можат да се споредат со промените на овие простори настанати со доселувањето на Словените.

Културата на територијата на Македонија во класичниот османлиски период може да се подели на селско-христијанска и на градско-муслиманска. Македонските села останале претежно христијански  и во нив продолжила да се развива православната духовна култура. Таа била нераскинливо поврзана со селските манастири и цркви, кои ја избегнале судбината на градските христијански светилишта, од кои најголемиот број биле уништени или замреле. Селските христијански храмови биле единствените културни извори за христијанското население. Лесновскиот манастир во Кратовската област, Матејче и Св. Прохор Пчински во Кумановската област, Слепче во Демирхисарско, Трескавец во Прилепско, Пречиста во Кичевско, Јован Бигорски во Дебарско и други манастири, располагајќи со голем број словенски ракописи, продолжиле со традицијата на препишување и размножување на богослужбените, филозофско-поучните и црковно-практичните книги. 

Во тоа време се појавиле и духовни лица кои пројавиле забележителна книжевна дејност. Меѓу нив треба да се споменат Димитар Кратовски (XV век) и Јоан Кратовски (XVI век) од Кратовскиот книжевен центар, Владислав Граматик (XV век) од манастирот во Матејче, Димитар Кантакузин (XV век), Висарион (Варлаам) Дебарски (XVI век) од Слепчанскиот манастир, кој  оставил зад себе повеќе ученици и други. 

Препишувачката, просветната, книжевната и културната дејност се одвивале во исто време и се преплетувале меѓусебно се' до XIX век, кога новите книжевни тенденции постепено започнале да стануваат доминантни. За ширењето на овој вид црковно-филозофска литература, уште во XVI век, во Скопје постоела книжарницата на Кара Трифун. Исто така, својата работа ја продолжиле и светогорските манастири, кои биле главни јадри каде што се регрутирале монасите и калуѓерите, кои потоа служеле во црквите и манастирите низ целиот Балкан.

Кон крајот на XVI и посебно во XVII и XVIII век , во Македонија настапил период на преведување зборници со рзлични содржини, наречени "дамаскини" по византискиот книжевник Дамаскин Студит (XVI век). Во овие преводи на словенски, односно црковнословенски јазик, влегувале елементи на народниот говор, особено од синтаксата и од морфологијата. Во тој поглед, особено значаен е преводот од грчки јазик на проповедите на Дамаскин Студит,  направен од пелагонискиот епископ Григориј, во втората половина на XVI век. Освен тоа, во истиот период биле создадени неколку значајни споменици на словенската писменост во Македонија, како што се: Климентовата грамота, Слепчанскиот писмовник, Македонскиот дамаскин од  XVI век, Тиквешкиот зборник од XVI - XVII век, Трескавечката кодика од XVII - XVIII век и др. Во манастирските ќелии, всушност, продолжувале да опстојуваат и хагиографските дела за средновековните светци, настанати во пред-османлискиот период.

Составен дел од македонската христијанска култура била и народната епика. Таа се градела низ сите векови на османлиското владеење кое оставило најдлабоки траги кај народот. Меѓу најпопуларните народни јунаци опеани во народните епови како борци против османлиите се истакнуваат: Марко Крале, Болен Дојчин, Момчило Војвода, потоа Секула детенце, Груица детенце и други. Кон овие епски песни подоцна се придодале и народните песни за бројните ајдутски и комитски водачи. Во усната народна проза, пак, посебно место зазел ликот на Итар Пејо, кој произлегол од средината на необразованите селани и низ кого се отсликани народните мудрости и снаодливост.

Во пазувите на македонските манастири биле создадени и првите училишта во кои се подготвувале свештеници, а во XVII век и особено во XVIII век се пристапило и кон организација на градски световни училишта во близина на црквите. Такви училишта биле отворени во Велес, во Скопје и во Прилеп. Во 1783 година во Прилеп се споменува училиштето на даскалот Ристо Думбаловски, кое постоело и во 1823 година.

Од времето на османлиското владеење црквите во Македонија се со скромни размери и најчесто биле градени по селата. Тие биле едноставни еднокорабни згради на правоаголни основи. Најчесто биле sидани со необработен или полуобработен камен. Поретко биле градени со камен и со тула, како што е црквата Св. Ѓорѓи во село Бањани, Скопско (1549 г.). Во периодот од  XV - XVIII век во Македонија биле изградени повеќе цркви, најголемиот дел од нив во селата или во склоп на изградените манастири, како што се: Св. Вознесение во с. Лескоец (1426 г. ); Успение Богородичино, с.Велестово, Охридско (1444 г.) ; Св. Богородица Пречиста во с. Варош, Прилепско  (1438 г.); Св. Никола во с. Трново, Кривопаланечко  (1505 г.); Св. Петар и Павле во с. Зрзе, Прилепско  (1535 г.); Св. Арханѓел, с. Непроштено, Тетовско  (1569 г.); Св. Никола во с. Ореовец, Кичевско   (1602 г.); Св. Јован Богослов, с. Слепче   (1617 г.); црквата на манастирот Св. Јован Бигорски  (1713 г.) и др.

Декорацијата кај овие цркви била доста скромна и се состоела од плиткорељефни мотиви на преплети, геометриски шари, стилизирани растителни мотиви и животни. Биле декорирани и со фрески, како и со икони на дрвени иконостаси. Иконописците му останале верни на стариот начин на изразување и најчесто ги имитирале творбите од постариот предосманлиски период. Во тој период македонскиот животопис се развивал во неколку центри, од кои најзначајни биле: Охридско-преспанскиот, манастирите Трескавец и Зрзе во Прилепско, потоа Слепченскиот, Лесновскиот и др. Како градители почесто се јавувале здружени ктитори-селани, а поретко поединци.

Истовремено во Македонија се развивала и исламската култура донесена од освојувачите. Нејзин центар биле македонските градови. Средновековниот христијански град со заштитни sидови постепено исчезнал и него  го замениле населби со ориентален изглед од отворен тип. Во него се формирале одвоени маала, за муслиманското и  за христијанското население, со збиена градба. Се развивала и чаршијата, како работна и трговска зона со групирани дуќани и со разновидни занаети. Особено видливи траги оваа култура оставила во архитектурата. Во сите поголеми македонски градови биле изградени бројни сакрални и верски објекти кои служеле за различни цели. Џамиите, мезџидите, турбињата, завиите, биле изградени во слава на Алах и на новата вера, а ановите, карван-сараите, амамите, од многу порационални причини. Тие создавале посебни ансамбли, функционално групирани во урбаното јадро на градовите. Најзначајни џамии изградено во Македонија се: Султан Муратовата џамија  (1436 г.). Исак-беговата, наречена Алаџа-џамија  (1438 г.), Иса-беговата  (1475 г.), Мустафа-пашината  (1492 г.) во Скопје, Исак-беговата  (1508 г.) и Јени-џамијата  (1558 г.) во Битола. Од профаната архитектура по својата импозантност се издвоиле: Капан ан, Сули ан  (XV век), Кушумли ан  ( XVII век), Даут-пашин амам  (1484 г.) и др. Овие објекти и денес сведочат за извонредните архитектонски решенија и за нивната значајна улога во секојдневниот живот на муслиманите.

Исламската просвета имала нагласен религиозен карактер. Образованието се изведувало во мектбите и медресите (основни и средни муслимански верски училишта). Во Скопје, уште во XV  век постоеле две медреси, од кои Исхак-беговата била една од најстарите и најпознати медреси на Балканот. Освен религиозните науки, во овие училишта се изучувале и источните јазици, исламското право, филозофијата, математиката и другите предмети. Текињата на дервишите, исто така, биле центри за религиозна изобразба и воспитување. Уште во најраниот период, во состав на џамиите, медресите и текиите, биле создадени и ориентални библиотеки. За најстара се смета библиотеката на Исхак-бег, основана 1445 година, а најбогата  била библиотеката при медресата на Иса-бег во Скопје. Книжниот фонд се состоел главно од книги со религиозна содржина.

Благодарение на развиеното школство, во градовите се јавиле и првите исламски книжевни дејци и литерати кои пишувале поезија и проза. Така, само од Скопје, се издигнале неколку познати литературни дејци, како што биле : Атаи Ускуби, Исак Челеби, Вејси Ефенди и др. Најголема слава достигнал  Исак челеби, кој бил и професор во медресите во Скопје, Бурса, Одрин, како и во најпознатата Сахн медреса во Инстанбул. Тој напишал и едно дело посветено на Скопје. Меѓу османлискте поети од Битола познати се: Хавери, Зухури, Челеби, Вахии, Ќатиб Хасан, додека во Тетово се истакнале поетите Суџуди и Тулуи.

Освен поети, во повеќе градови во Македонија живееле и работеле како професори во медресите или како кадии и други познати учени личности. Таков бил и Ахмед Исамудин Ташќопрусаде (1495-1554), кој се вброил меѓу првите османлиски енциклопедисти. Тој, 1529 година бол назначен за професор во медресата на Исхак-бег во Скопје, каде повеќе години работел и како кадија.

Евреите, кои што се населиле во Македонија, исто така развиле своја култура во рамките на османлиското општество. Тие основале свои образовни институции во кои се изучувале теологијата, астрономијата, филозофијата и математиката. При синагогите работеле основни училишта и училишта за повозрасни каде што децата се описменувале и се читал Талмудот. Сите тие имале и свои библиотеки.

Најважниот духовен центар на Евреите во Македонија бил во Солун. Во овој град творел и Дон Јуда Беневиста, еден од најучените и најбогати Евреи  во тоа време. Тој создал голема библиотека и ја основал Солунската талмудска академија, која станала културен центар на македонските  Евреи. Во Солун, 1555 година, дошол и Хуан Родригез де Кастел де Бранко, прочуен лекар на папата Јулиј III и професор по медицина во Ферара и во Анкона. Присуството на Евреите дало огромен придонес на целокупната култура во Македонија. Според османлискиот патописец Хаџи Калфа, во првата половина на XVII век, во Високата еврејска школа во Солун предавале 200 наставници, а наставата ја следеле повеќе од 1.000 лица.

Што се однесува до начинот на живеење, особени специфики имал градскиот живот. И покрај влијанието на доминантната, во турска верзија, ориентална култура, во градовите никнала  една специфична материјална и духовна култура во која се измешале и меѓусебно се поврзале затекнатата стара традиција со културата и традицијата на новодојденците. Без разлика на верските и етничките разлики и строгите законски прописи во поглед на облекувањето, носењето оружје и сл., при секогаш привилегирани биле припадниците на господарската вера, сите султанови поданици, користејќи ги условите што им ги нудел градскиот живот, влијаеле едни на други, создавајќи на тој начин една синкретичка цивилизација во која, со текот на времето, се вклопиле сите етнички и верски групи. Сепак, во рамките на таа синкретичка култура и покрај непрестаното мешање и секојдневното комуницирање, градските жители грижливо ги зачувале својата самобитност и народност, своите обичаи и навики и својот јазик. Припадниците на разните верски групи, христијаните, муслиманите и Евреите, живееле во  различни делови од градот и имале свои духовни водачи. Свештениците, имамите и рабините го претставувале своето стадо пред официјалните власти. Посериозното зближување на припадниците на овие групи, освен службено, повлекувало осуда, па дури и исклучување од заедницата. Различните етнички, односно верски групи во градот го чувале својот јазик, зборувајќи го по домовите и по меѓусобното комуницирање. И покрај преовладувањето на османлискиот јазик, во градските чаршии се слушал говорот на сите оние што живееле или подолго престојувале во градот. Сите трговци, домашни и странски, прекупци на стоки, менувачи на пари, па дури и амалите, знаеле по нешто од јазикот на луѓето со кои најмногу соработувале. Сето тоа овозможувало  потчинетите заедници, пред се', христијанската и еврејската, да ја зачуваат својата самобитност и да ја развиваат својата материјална и духовна култура.

 

Продолжува

Албанци - Тоски

ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА АЛБАНЦИТЕ И НИВНОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра-Поградец и Струга

*******************

До 19 век македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора и Мокренската  област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија.  Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 година се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г. Стрезов, Кодекс на Охридската Патријаршија Сб.М.Х. 569).

Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (западниот бгег на Охридското Езеро). Во 1805 година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 гоодина пишува летописецот Охридски за мокренската област "во Мокреница се' се запусти, сето имање го ограбија" (Охридски летописни бележки, 6,16/ "АРНАУТИ" Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и Статистика" (с 11 карти), Издава Бугарското книжевно друштво во Софија, 1900 година, дел први. Народи  во Македонија. Арнаути., стр.83-100). Васил К'нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 година запишува "арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско", селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда (пак таму).

Седумдесет години сведоштвата на К'нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Подградец во 1837-1828 година сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844 page.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонците во тие некогашни чисти македонски села.

До 1870 година, жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania", 15/30 Juni 1898, page 32.). Од ова произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен.

За потеклото на Албанците постојат многу разјаснети одговори. Мојов текст не е за да го разгатнам потеклото на Албанците, туку нивното доаѓање и од кога датира нивното присаство на Македонскиот Полуостров (Балканот). Според сите пишани и материјални историски извори со кои што располага светската историографија и археологија, можеме да заклучиме дека Албанците, најдоцна се  населиле на Македонскиот Полуостров (Балканот).

Во антиката се споменува народ Албанци, за прв пат во битката кај Гавгамела во 331 п.н.е. каде Александар Македонски - Македонија го поразила Дариј III - Персија. Албанската коњаница била на страната на Дариј III и биле поставени на десното персиско крило.

Целокупните историски извори од средниот век говорат дека територијата на денешна Албанија ја населувале само Македонци, Илири и Епирци.

Хрватите  до почетокот на 19 век се изјаснуваа како Илири, а нивниот јазик го означувале како илирски. За разлика од народите кои и во средниот век се идентификуваа како Илири т.е. потомци на Илирите, не постој ниту еден историски албански извор дека денешните Албанци, некогаш и некаде до 20 век имале свест за било какво илирско потекло. Тоа секако не наведува за помислата за нивното населување на Македонскиот Полуостров (Балканот) во средниот век. Целата книжнина од Хрватска, како земја која не потпадна под турко ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, на илирскиот т.е. "словенскиот јазик". Хрватските интелектуалци до 20 век, својот јазик го нарекуваа илирски, а сите народи на Македонскиот Полуостров (Балканот) ги нарекуваа "Илири", а земјите беа за хрватските интелектуалци, илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на народи наречени "илирска идеја".

Во византиска географија од 10 век, од анонимен автор, напишано е дека Скитите-Словени го населувале целиот Епир {G. Muller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, page 574 (Извори за бугарската историја, IX стр. 311).  Византиската "Хроника на Monemvasia" го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја ( Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12-13.). Средновековната историја на Солун- "Miracula Sancti Demetrii" споменува само Словени во денешна Албанија (lib. II: I, 158, в:ГИБИ, III, c. 129.) Според византиски документи  од 6 век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, c. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион и Никопол биле словенски (Ferluga, J.Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p.3030-352.). }

Но, во истиот ран среден век, никаде не наоѓаме историска или археолошка трага на присуство на Албанци на Балканот, ниту во Албанија. Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб.Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција, Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Албасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (alb. Леш) и т.н.т.

Во 1308 година е издаден "Анонимен опис на источна Европа", каде за Албанците е напишано дека "немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, Ј. Опис на Источна Европа од 1308 година. Во : Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, т. 2, Скопје, 1977, с. 470-473.). 

Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, како и подоцна во средниот век, со што Албанците не може да се поврзат со Илирите.

 

Продолжува

Борците на ДАГ.

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949 

Глава Четврта

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКАТА АРМИЈА

ДЕЛ 24

Пишува Наум Пејов

 

1. Односот на силите спроти 1949 година

Демократската армија 1948 година не успеа да ги оствари своите поставени задачи, како во однос на мобилизацијата на нови сили во своите редови, така и за реализација на планот за создавање поголем дел од слободна територија.

 Во почетокот на 1949 година (30-31 јануари 1949 година) одржан е Петтиот пленум на ЦК на КПГ. На тој пленум е оценета воено-политичката ситуација во изминатата 1948 година, односот на силите и наредните задачи. Воената ситуација на Петтиот пленум оценета е како следува:

"Во 1948 година монархофашизмот имаше општ неуспех и на воениот сектор. Американците и монархофашизмот во текот на 1948 година се подготвија сестрано да расчистат со ДАГ. Создадоа вооружени сили (војска, национална гарда, џандармерија, МАИ, МЕА итн.т.), од над тристоилјади души. Овие сили ги вооружија со најдоброто оружје кое го произведува американската воена техника. Обездомија 700.000  селани за да ја изолираат Демократската армија. Со злосторнички терор, што го надминаа и класичните примери, сакаа да го задушат народниот отпор во градовите. Развија и една добро организирана иделошка пропаганда, остварија своја "духовна мобилизација" за да повлијаат и го скршат духот на масите. Сите овие  подготовки се одразија во паролата: во 1948 година ќе завршиме. Ова го прогласија сите - Американците, Англичаните, монархофашистите со одобрувањето и од маѓународната реакција. Но резултатите ги демантираа сите народни непријатели. Монархофашистичките, американските и англиските генерали стратешки не успееа на целата линија. Не успеаа ни да задржат и да уништат макар и незнатна сила на ДАГ. Изгубија, особено на Грамос, десетици илјади од својата елита. Кон крајот на 1948 година видоа дека им се испаруваат тактичките успеси од цела година. Cакалатос, иако имаше два корпуса, изгуби на Вич. Демократската армија здраво го држи масивот на Пинд и повторно го зазеде Грамос. Во Пелопонез се создаде положба која заканува да ги сврти сите стратешки предвидувања на монархофашизмот и на цела воена ситуација во Грција..."

Точно е наведеното дека Демократската армија  во 1948 година издржа едно тешко искушение. Но точно е и тоа дека непријателот ако не успеа да го совлада отпорот на Демократската армија, успеа да го осуети планот за широка мобилизација во редовите на ДАГ - натаму успеа да и ги осуети плановите за проширување на слободната територија.

Токму поради погоре споменатите тактички и стратешки задачи на двата спротивни табора во Грција, во  текот на 1948 година се развија големи битки, какви што беа во Централна и Источна Македонија, Румелија, Пелопонез и битките на Вичо и Грамос. Местото и времето, начинот на борбите и својата тактика, секој гледаше да ја наметне. Непријателот и' ја наметна на Демократската армија позиционата борба на Грамос, која, иако му нанесе големи загуби на непријателот во жива сила и во материјал, човекови жртви имаше и Демократската армија, која откако го бранеше повеќе недели, беше принудена на крајот да отстапи. Тоа беше позициона борба иако на планински терен каде не можат да дејствуваат тенкови, но затоа дејствуваше артилеријата и авијацијата, оружје со кое непријателот обилно се користеше.

Значајна победа Демократската армија забележа есента 1948 година во реонот на Малимади. Тука не само што беше одбиен нападот од единиците на атинскиот режим, туку беа разбиени две бригади и натерани во панично бегство. Меѓутоа, резултатите од оваа битка ДАГ не ги искористи за заземање на градски центри во Југозападна Македонија, во насока на Костур-Кожани, бидејќи не беа свесни за значењето на оваа добиена битка.

Спроти 1949 година, атинскиот режим располагаше со добро вооружена армија од околу 200.000 души, со фанатизирана џандармерија од 50.000 души и вооружени цивили од околу 50 - 60.000 души. Оваа армија располагаше со современо оружје. Атинскиот режим успеа да формира и такви единици, кои по својата тактичка намена и состав даваа доволно гаранција дека ќе се борат. Тоа беа така наречените единици ЛОК и единиците на џандармеријата.

Демократската армија располагаше со околу 40.000 луѓе вооружени со доволно пешадиско наоружање (според информациите на ДАГ).

Атинскиот режим успеа во доволна мера да ја контролира одбраната на градовите и сообраќајните врски, така што спроти 1949 година, Демократската армија не располагаше со широки можности да делува во градовите и да врши мобилизација на нови борци-беше ограничена главно на планинските терени на Источна, Централна и Западна Македонија, Епир, Румелија и Пелопонез.

Од чисто воена гледна точка, атинскиот режим во однос на ДАГ имаше предност како во бројната состојба, така и во вооружување на својата војска. Но за една револуционерна армија со востаничка иницијатива, таков однос не е страшен, ако навистина Демократската армија ја развиваше во полна мера својата револуционерна суштина. Но за развојот на борбите не е доволна само оваа страна на прашањето, важни се и други моменти, особено морално-политичкиот.

Нападот од Коминформ, со познатата резолуција од 22 јуни 1948 година против КПГ, имаше директно влијание врз настаните во Грција. Отпрвин не во голема мера, но со заострувањето на односите се' повеќе и повеќе се храбреше непријателот, кој умееше тоа добро да го искористи. Таа криза не остана без последици и во редовите на ДАГ. Во Резолуцијата на Петтиот пленум на ЦК на КПГ читаме дека пленумот "продискутира и за решението на Политбирото на ЦК на КПГ од 15 ноември 1948 година, за десното опортунистичко скршнување во КПГ..." Оваа, како што после стана извесно, се однесуваше на исклучувањето на генерал Маркос и Хриса Хаџивасилиу од редовите на ЦК КПГ. Јасно е дека тоа можеше да има само негативни последици во редовите на ДАГ и демократското движење во целост, со оглед на раководната улога на генерал Маркос - врховен командант на ДАГ и претседател на Привремената демократска влада. Затоа настаните во 1949 година треба да се гледаат во светлината и на овие моменти.

Непосредните задачи кои се поставуваа пред ДАГ на споменатиот Пленум од јануари 1949 година, беа следните:

"а) со ненадејни и постојани напади во целата змја да ги спречиме и парализираме во најголема  можна мера подготовките на непријателот за 1949 година;

б) да ги стабилизираме и прошириме слободните територии во Северозападна Грција, заземајќи и градски центри;

в) Тесалија и Румелија имаат задача со решителна борбена  активност да го предизвикаат и исцрпат на својот терен нападот на непријателот во 1949 година и да создадат една широка слободна зона околу централен Пинд;

г) Пелопонез треба да го уништи нападот на непријателот и толку да ги развие своите сили и напади што да преставува фактички еден вистински втор фронт во заднината на непријателот, кој ќе му ги избрка стратегиските планови и предвидувања.

д) VI i VII дивизија имаат како главна задача да ги зајакнат своите напади против непријателот, зголемувајќи го прогресивно натисокот на Солун".

Познато е дека овие планови не се остварија, во прв ред поради тоа што Демократската армија и во овој период, како и порано, не можеше да го реши прашањето на резервите, т.е. на широка мобилизација на нови сили. Ова всушност ги вклучува во себе сите елементи на слабостите на вооруженото востание во Грција. Тоа значи дека ова движење не го разви потребниот револуционерен замав.

Еве што за горното прашање вели резолуцијата од Петтиот пленум на ЦК КПГ:

а) "Да ги осигураме по области, дивизии и Главен штаб резервите што ги предвидува планот. Било какво заостанување во тој поглед ќе ги има истите последици како и во 1948 година. Вредноста на секој воен и политички раководител и секој наш кадар, ќе се цени на база на тоа, дали ќе задоволи на оваа основна задача".

Сите напори за една масовна мобилизација на востаничките сили не успеа и 1949 година стана година на крајна фаза на граѓанската војна во Грција, со повлекувањето на главнината од Демократската армија во источно-европските земји.

 

Продолжува

 

 

 

 

Гане Тодоровски 1929 - 2010 г.

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************************

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Академик Гане Тодоровски е роден во Скопје на 11 мај 1929 година, а почина на 23 мај 2010. Погребен е во црквата "Св. Спас" во скопското село Кожле на 26 мај 2010 година. Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан.  Негова желба била токму во ова село да биде погребен и неговата песна "Завет" да биде прочитана на закопот. Неговата желба била исполнета.

Академик Гане Тодоровски дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил и долгогодишен професор. Тој бил и првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Тој е автор на импозантно литературно дело во две магистрални насоки: автентично литературно писмо, кое се остварува во доменот на поезијата и во областа на историјата на книжевноста, критиката и есеистиката.

Академик Тодоровски е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и истовремено, оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература. 

Гане Тодоровски е еден од великаните на Македонската литература во 20-тиот и 21-от век. Постигнатите научни резултати во областа на Македонистиката го вбројуваат помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови како во Европа, така и во светот.

Импозантното литературно творештво на Тодоровски критичарите го делат во две главни насоки: во поезијата и во областа на историјата на книжевноста, критиката и есеистиката.

Гане Тодоровски спаѓа во редот на највпечатливите ангажирани и остроумни личности во македонската литература, потенцираше Раде Силјан на промоцијата на Избраните дела во десет тома од Гане Тодоровски и во оваа прилика за генијалноста на творецот ќе додаде: "Неговите стихови извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и со сиот свој сјај (естетски и идеен) проблеснуваат пророчки, секавично. Тежиштето на неговата поезија е насочена кон повеќе тематски пунктови, кои во изразната целост се проткајуваат и се надополнуваат, нудејќи возбудливи слики и силни пораки.

Во Македонската литература Гане Тодоровски заора бразди, обликува препознатлива и широко прифатлива и трпеливо градена поетика, која стана репер за високите естетски вредности. Уметничките дострели на неговите бројни книги го воздигнаа на пиедесталот на една многустрана поетска големина, која може да се именува како национална гордост. Неговите поетски остварувања претставуваат неодминлива лектира во современата македонска литература. Тие се наша реалност, но и наша препознатлива традиција."

  • РАЗГОВОР СО ДЕЛЧЕВ

    (Пред паметникот на Делчев)
    ****

    Вечерва со тебе да зборувам мислев
    и еве ме - дојдов во доцниов час.
    Сив октомври рони пожолтено лисје,
    октомвриска вечер, не милува ете,
    октомвриска радост - преполнила гради
    ечи в мојот глас.

    Јас пред тебе стојам - пред образот леден,
    што вечерва жив е, а не занемен.
    Почнува низ градот ноќта да се краде,
    ветерот се платка низ освиткани витки.
    И тука по патот распростила злато
    ветерот немирен.

    Вечерва е вечер на спомени пресни,
    што в секое срце искрат копнеж врел.
    Вечерва е вечер на најмили песни,
    што низ гради волни- со радост се полнат.
    Нив в машкости плиска минатото блиско
    на народот смел.

    А јас - јас ти праќам жив поглед и сакам

  • да ти кажам нешто, само некој збор.
    И ти одобруваш со својата рака,

    велиш: момче кажуј за смелите мажи,
    за Октомври славен, за Октомври светол,
    за Илинден втори.
    Почнувам. Ти слушаш, ти мене ме гледаш
    со погледот чуден радосен и тих.
    Ти слушаш глас еден од многуте чеда
    што достојно, смело патот твој го следат,
    што в градба ја градат гранитната зграда
    на животот мил.

    Октомври е гостин во вашата страна,
    да - еве го, кај нас, го сеќаваш ли?
    Во Октомври, Гоце, родината стана
    и внуците твои нарипаа в бојот.
    Со твоето знаме разгореа пламен
    во Октомври сив.

    Октомври се шета вечерва низ градот
    - во срцата наши празничен е тој.
    Октомври ни носи несетена радост,
    - а животот убав преполнет со љубов
    в трудовиот бој.

    Ноќта тихо шепне низ лисјето меко
    во градот се спушта кроце доцен час.
    "Видение добро" на Гоце му реков,
    октомвриски ветер ме гушна ко дете,
    октомвриски расказ в октомвриска вечер
    привршував јас.
    **********

    Октомври 1948.

    Автор, Гане Тодоровски

Ратка Колевска

ПУСТИОТ МЕРАК ЗА РАТКА

****

Битола Бабам - Битола

Животот пишува романи, но и новокомпонирани песни, како што е "Пусти мерак Ратке" испеана за првпат 1999 година  и која е една од ретките што се обнароди, а е напишана за вистинската животна приказна на, сега 82 годишната битолчанка, Ратка Колевска. (Послушајте ја подолу на приложениот Видео запис).

 

Од памти век во Битола се нижеле серенади како бисери, се испеале песни за многу битолчанки, но неколку останаа бесмртни.  На антологиските ликови воспеани во минатото, Мариче, Стојне, Донке, им се придружува и битолчанката Ратка.  За 82 годишната Ратка Колевска пред 18 години беше напишана и испеана песната "Пусти мерак  Ратке", која не само што доживеа полуларност, туку стана една од ретките обнародени новокомпоновани песни. Ја напиша Боби Поповски за фестивалот "Серенада на Широк сокак" вo 1999 година. Денес меракот за Ратка е неодминлив дел од музичкиот репертоар на седенките; на забавите се пее по три-четири пати во една ноќ; стана хит и во други градови, а ретко кој знае дека е изпеана по вистинска животна приказна.

Личната Ратка, во која на младост се вљубил битолски ерген, но не успеал да се ожени со неа, а меракот останал до последниот здив, живее скромен старечки живот со спомените во едно битолско маало. Иако жена во години, се препознаваат симпатичните црти, затегнатата кожа, убавите очи кои кријат голема болка.

Солзи потекнуваат кога ќе го слушне рефренот "Пијан да бев ќе се отрезнев, болен да бев јас ќе оздравев, ама пусти мерак Ратке по тебе никако да помине".

"Беше тоа во далечната 1952 година. Имав 17 години, а запознав градско момче, две години постаро од мене, работеше во 'фрижидери'. Излегувавме две години, а потоа се скаравме за некоја работа и кај мене превлада инаетот. Една недела не зборувавме, а во тоа време, случајно, го запознав идниот сопруг и со него прошетав низ корзо, а овој беше седнат пред кафеаната 'Централ', денешен 'Епинал' и ме следеше со погледот. 

Пушти два-три пати абер да се смириме, но јас реков не. Се свршив за три недели, си реков дека на мое ќе биде, нека боли, уште боли, ќе боли додека умрам-раскажува Ратка".

Овие случки се опишани и во песната која вели: "Со него кога минуваш глава си наведувам, добро вечер ти ми велиш и заминуваш, а јас отруен продолжувам".

Ратка се омажила за четири месеци, по што според раскажувањата на дел од битолчани, момчето се поболило и извесен период лежело во болница, поради што во песната се вели дека болен да бил ќе се излечел, но не и од меракот. Откако го дала зборот за друг, се изгубиле контактите со нејзината младешка љубов. Го почитувала сопругот, му родила ќерка и му останала верна целиот живот; била домаќинка. Сепак, спомените останале и во еден поемотивен момент од нејзиниот живот, приказната ја раскажала на снаата од брат во присуство на внукот, кој имал само 12 години. Зборовите се врежале во меморијата на момчето. Откако пораснало, почнало да се занимава со музика, по игра на случајноста заминало во Австралија, каде што пред 18 години ја напишало песната "Пусти мерак Ратке", посветувајќи и' ја на тетка си.

"Песната ја напиша внук ми Боби Поповски. Роднини ми ја донесоа да ја слушнам, неубаво ми дојде и срцето фати силно да ми работи. Ме прашаа: 'Не сваќаш за кој е'? Знаев, ама не ми беше згодно да кажам. Откако заминаа, се изнаплакав. На фестивалот 'Серенада на Широк сокак' ја испеа Горан Тодоровски и доби прво место. Бев таму, се воздржав како за друг да се пееше. Тешко се чувствувам кога ќе ми ја запеат. Мака ми е и за инаетот, зашто сами се' си правиме во животот и потоа жалиме, додава Ратка".

Песната излезе по една година откако починал сопругот, а една година потоа умре и момчето од нејзината младост. Но останаа стиховите од песната, која завршува со емотивен набој: "Години поминаа, коси побелеа, многу лета Ратке во солзи легнувам, не знам дали ќе се разбудам".

 

ИЗВОР: Жанета Здравковска,

од архивата на Дневник.

ШИРОК СОКАК ИЛИ БИТОЛСКО КОРЗО.

Kind regards : 15 октомври 2017 година

Sotir Grozdanovski broj 101

МУЗИКАТА И ПЕСНАТА НЕМААТ ГРАНИЦИ НИТУ НАЦИИ - ТИЕ СЕ УНИВЕРЗАЛНИ !

БОБИ ПОПОВСКИ, ВНУК НА РАТКА КОЛЕВСКА.