КАДЕ Е МАКЕДОНСКАТА ПЛАТФОРМА ?

Ристо Стефов

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 ДЕЛ 22

Пишува : Ристо Стефов

Преводи  на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

 ******************

 

Ја  продолжуваме  нашата  приказна за историјата на Македонија и нашите  страдања  како  народ,  за кој  вербално сметаме, дека сме народ од искона и библиски.

Познавањето на својата сопствена историја е и самоосознавање  ; кои, сме, што сме и што сакаме да бидеме. Се разбира  дека нашиот пат кон  иднината се разликува од патот по кој се' уште тапкаат нашите комшии,  вегетирајќи под крилата на нивните креатори, од  некои стари и темни времиња.

Причините  што, условно речено, заостанавме зад нив во некои подрачја не треба да ги бараме само во  нивниот кукавичлук и нивната себичност, туку и во  нашата  наивна доброта, што им верувавме дека ни се пријатели,  помагајќи им, при тоа, во нивното осамостојување од Отоманската Империја, за подоцна да ни ги свртат плеќите и да не поделат меѓу себе.

Но, во сето ова не смееме да си ја заборавиме и нашата геополитичка положба на Балканот, заедно со  интересите на големите европски сили и Русија, како најглавни фактори за нашите проблеми во минатото, сегашноста, па и во иднината, можеби.

Тогаш, кога ќе си признаеме дека за дел од причините кои не ставале и се' уште не држат во покорност и постојан страв од околината која не опкружува сме самите криви, ние Македонците, тогаш ќе бидеме во можност да го избереме правиот пат, по кои треба да одиме.

Тогаш, кога ќе сватиме еднаш за секогаш, дека никој не е посилен однадвор од оној кој е внатре во земјата и  ја чува како едино место и од бога дадено за нашето постоење, тогаш ќе почнеме да живееме во мир прво самите со себе, а после и со другите кои имаат свои резервни татковини, а живеат со нас и покрај нас. Се разбира, до колку ги почитуваат правилата на  државата македонска, како што ги почитуваме  и ние  и тие, правилата на земјите  надвор од Македонија  во кои се чувствуваме добредојдени, но  не и без должни обврски.

Луѓето кои живеат со нас и околу нас имаат различни мислења за себе и за своите сограѓани. Се однесуваат на свој сопствен начин, што не  треба, априори, да се смета како некој посебен грев, се' дури него нарушуваат редот и мирот и општата безбедност. Но сепак.....

Едни од нив се  сметаат за "Земјани", кои ги навредуваат сите други кои не личат на нив и при тоа им ги уништуваат нивните национални симболи, традиции, обичаи, со еден збор, нивниот национален идентитет. Другите се жители на некојa другa планетa, а третите се само Македонци. И покрај сите тие различни обележја, за сигурно гените на нашите претци се' уште живеат и се размножуваат во нас, што би требало да бидат причина на нашата кохебитација и толеранција. 

Но каде се границите на толеранцијата?

Веројатно, без таа генетска и национална развојна фаза, формално претставена во 19 век ,  до социолошката, како припадници на живите творби на нашава планета, би биле само крдо  неорганизирани животни кои скитаат низ земјините пустелии трагајќи по храна и задоволување на своите нагони за размножување и продолжување на својата врста.

Затоа на  своеврсниот феномен: - враќање назад во пред историските времиња нa групи и поединци од македонското современо општество кога  сите овие развојни периоди, секој од нив  со своите осебујности не беа познати, како на пример  државноста и организираниот живот и соживот, додавајќи си,  при тоа,  некои модернистички и небулозни епитети како  "Земјани", неможе да им се дозволи и злосторничко однесување и  разградување на традициите, заедно со  сите цивилизациски вредности како нивно право, без правно санкционирање од државата.

Не би биле праведни  спрема   таквите само наречени "Земјани", до колку не им го признаеме нивното легално право  на само определување, само негирање  и  напуштање на земјата која не им одговара на нивниот начин на живеење, но не и  право да ја нагрдуваат, прават од неа место  кое ќе им служи само за богатење, за одложување на отпадот  од нивните лични телесни спремишта, а најмалку, да ја распарчуваат или продаваат заедно со гробовите на милијуни Македонци, што живееле и твореле  тука пред сите нас и при тоа, да поминат  не казнети.

Да, не казнети и уште добро наградени во државата која ја нарекуваат не демократска, фашистичка и "ќенеф". И тоа не од некои те така "обични" луѓе, туку од членови на македонската академска "елита". 

Сакаме и ние и нашите деца, или нивните деца да имаат земја во која слободно ќе дојдат,  ги обноват  огништата на нашите претци и го продолжат животот за кои сме им разкажувале со воздивци и по некогаш со насолзени образи; за  огништата каде сме се грееле и слушале приказни од нашите баби и дедовци; за  нашите убави детски денови, седејќи во скутовите на нашите мајки, татковци, баби и дедовци, чувствувајќи се безбедни и среќни; за чудесната земја и славните настани од нивното минато и од минатото на нивните баби и дедовци, се' до првите оснивачи на македонската држава : Филипа,  Александра, Самуила, Гоцета, Гулева, Карева, Чента .. и нивните аманети да ја чуваме Македонија за себе и за сите други кои доваѓаат после нас и после нив...

Да учиме од нивните искуства   со домашните предавници и изроди. Од  нивните борби со истите непријатели кои чекаат  и денес прилика да се вратат и ги срушат  нивните соништа за слобода и благосостојба на македонскиот народ.

Има ли нешто поубаво од земја во која си се родил, си живеел, си отишол во свет да се збогатиш со туѓи знаења и сето тоа, на повеќе начини и' го вратиш назад, како подарок?

Има ли нешто по благородно од безусловната вљубеност во својата земја, својата долго очекувана држава?

Да! Ите како има!

Да ја браниме од сите домашни и надворешни душмани кои сакаат да ни ја земат, одново прераспарчаат, а нас Македонците, да не остават ни на небо, ни на земја.

Само заедно и  сложни, имаме сили и затоа!

 

Ваш Сотир Гроздановски

**************************

 

 

СОГОВОРНИКОТ : - Ох, Секако! Џон Колиопулос? Веќе ја купив неговата книга : "Plundered Loyalties"  или "Украдената Лојалност".

РИСТО : - Приказните разкажани од Калиопулос се слични на моите, само што се раскажани од подруг агол на настаните. Прво, Калиопулос се служи со грчки топоними и ги игнорира македонските за истите места во истата македонска земја, кои никогаш пред окупацијата на Егејска Македонија пред 1920-те години не се користеле, зошто не постоеле, заедно со сите лични имиња и презимиња променати   од македонски  на грчки јазик. Понатака,  се' што им е направено на Македонците  тој го толкува  како прифатливо, зошто како да не заслужуваат нешто подруго ; во нивната национална татковина. И згора на се' што им е направено од грчките власти, Калиопулос како да не уверува и очекува дека сепак, Македонците треба да  им се лојални, послушни и благодарни на своите грчки господари. Во такво светло јас го гледам неговото раскажување за вистината на нашата болна приказна ...тој со тоа се оддалечува самиот себе си од Македонците кои, заправо, се граѓани на грчката држава и на некој начин и дел од нејзиното општество како и сите други  луѓе кои живеат во него... Меѓутоа, сепак да бидам праведен и фер спрема сите страни, одлучив да го цитирам и овде....

СОГОВОРНИКОТ: - Да бидам искрен, ја се' уште не ја имам прочитано книгата....

РИСТО : - Па спрема тоа што го написа во својата книга, Калиолулос ми изгледаше како да се извинува за нешто, а можеби и затоа, што  и јас забележав, дека не ги пренесе во својата книга искажувањата на луѓето, со кои имаше прилика да разговара, на начин како тие му ги изнесуваа своите сведоштва. Дури на некои места и самиот покуша да биде искрен и на некој начин тоа и да го признае.

СОГОВОРНИКОТ : - Можеби тие беа уплашени.

РИСТО: - Мислиш, можеби тој се уплаши да ја каже целата вистина? Па да ја кажеше целата вистина, за сигурно никој во Грција не би му ја испечатил книгата. Запамети едно, дека ние како Македонци не постоиме за Грците. Ние сме за нив Славоговорни Грци. Грчкиот е практичен, делотворен збор.... Само погледни што и' се случи на Анастазија Каракасиду. Грците беа подготвени да  ја минираат  издавачката куќа до колку и' ја испечатат нејзината книга. И зошто? Затоа што во нејзината книга напиша неколку зборови кои на Грците не им беа такви, какви тие сакаа да бидат.

Ево што рече таа: "Ако Грција денес постој како хомогено етничко општество, таа му е должна на катастрофата во Мала Азија. Ако на стотина илјади бегунци не дојдеа во  Грција, грчка Македонија не ќе ја беше денес. Новодојденците (Маџирите) ја створија националната хомогеност на нашата држава". (Антониос Кандиотис, Митрополит Лерински во книгата на Анастазија Каракасиду "Fields of Wheat, Hills of Blood" или "Житни полиња, крвави брда". Стр. 141).

Спрема Каракасиду, скоро 1/2 од доселениците од Мала Азија беа населени во градските центри и селските делови на Македонија. "Барајќи места каде да ја насели оваа голема маса луѓе, грчките власти погледнаа горе на север, во ново припоената земја Македонија..." "....до 1930 година, 90% од 578,844 бегунци населини во селските подрачја на Грција беа концентрирани во подрачјата на Македонија и западна Тракија. И така Македонија, грчка ново припоена втора житница (после Тесалија), постана депонија за источните Тракијци, Понтиите и бегалците од Мала Азија". (Анастазија Каракасиду "Житни полиња, крвави брда". Стр. 145)

Одлуката на грчката влада со која се забрани употребата на македонскиот јазик во Грција најдобро може да се илустрира со еден пример од нејзината имплементација во гратчето Ассариос (Ѓувезна). Еве го и цитатот од горе споменатата книга на Анастазија Каракасиду:

"{Ние} слушајќи го претседателот како му појаснува на собранието,  спрема одлуката  {#122770} на господинот Министер, Генералниот управител на Македонија, сите општински и градски собранија во своите подрачјата ќе забранат, со {административни} одлуки, употреба на други идиоми од застарени јазици  со цел да го зцврстиме нашиот универзален јазик и нашата национална славa. {Претседателот} сугерира, дека употребата на други идиоми, страни {јазици} заедно со нашиот на застарен и нечист начин, на подрачјето на градчето Ассириос, да биде забранет.  Одлука на Ассириос бр. 134, 13 декември 1936 година." (Стр. 162, Анастазија Каракасиду, "Житни полиња, крвави брда")

Што се однесува до мене, во книгата на Анастазија не најдов ништо написано што би ги разгневило Грците, па сепак, тие беа лути доволно за да се заканат со палење на респектабилната издавачка куќа.

Како што споменав и порано, во окупирана Македонија до 1928 година беа хеленизирани (законски акт 4096) 1,497 македонски населби  а сите кирилични натписи во црквите, на гробните плочи и икони беа уништени или препишани со грчки букви, предизвикувајќи го англискиот новинар В. Хилд да реагира јавно. "Грците не само што ги прогонуваат живите Славјани (Македонците) ...туку исто така ги прогонуваат и мртвите. Тие не ги оставаат на мир дури и во гробовите. Им ги уништуваат славјанските натписи на гробните обележја, им ги вадат коските од гробовите и им ги горат."

Тоа е страшно и болно да им ја крадеш на луѓето историјата испод нив, како што тоа им го прават Грците на Македонците со менување имињата на секој Македонец и на секое село и град, дури и имињата на реките, планините.... Таа траума ја чувствуваме до ден денешен во нашите души.

Има многу луѓе кои ми пишуваат и ме прашуваат за грчките имиња на нивните села, зошто тие ги паметат само кога им биле на македонски. Тоа се наши луѓе родени во Канада, Америка, Австралија... сакаат да ја посетат Грција и селата на нивните претци, но незнаат за нивните преименувани имиња. Незнаат какви им се грчките имиња.

Некои веќе и отишле во Грција, но набрзо се вратиле назад несреќни зошто никој не можел да им каже каде биле нивните села.  Никогаш не слушнале за нивното македонско име.

Имаме и проблеми во  меѓусебната идентификација  како луѓе и соселани, бидејќи многу од нив неможам да ги препознам по нивните грчки имиња. Се' дури не ми ги кажат нивните стари македонски семеини имиња и од кое семејство се , незнам кои се.

Во 1920 година, моето родно село Ошчима е преименувано, од Грците, во Тригоном и за него не постој никаква историја. Грците не само што го преименуваа со грчко име, туку го избрисаа сосема од сите книги. Тоа е направено со сите села, градови, реки, планини, езера, како и личните и семејните имиња на луѓето. Дословно, бевме потполно избрисани и такви какви бевме, не постоиме повеќе.

Дури и пред да ја зацврстат својата власт во Македонија, Грците испратија свои службеници во   "новата земја". Првиот надлежен администратор стигнал во Солун при крајот на Октомври 1912 година во придружба на двајца судии, пет царински службеници, десет конзуларни чиновници, група репортери и новинари и 168 војници од Крит.

Меѓу другите работи, првата задача им беше  да ја "хеленизираат новата земја".

"Откако ја окупираа Егејска Македонија, Грците ги затворија сите училишта во кои се предаваше  на славјански  јазик, сите цркви и ги истераа свештениците. Македонскиот јазик и македонските имиња беа забранети, а Македонците ги преименуваа во Бугари, Срби или како домородци.

Со закон прогласен на 21 ноември 1926, сите имиња и топоними беа хеленизирани: на градовите, селата, реките и планините  им беа дадени грчки имиња. Во исто време Македонците беа приморани да ги променат своите лични имиња и презимиња; секое македонско презиме морало да завршува со "ос"  "ес"  или  "пулос".

Извештајот за овие акти и новите официјални грчки имања, беа  објавени во Ефимерис тис Кивернисеос, дневен весник на грчката влада под број 322 и 324 од 21 ноември 1926 година.

Обвезноста за употреба на грчките имиња трае до денешен ден. Сите траги од македонското писмо во црквите, спомениците, археолошките артефакси и погребните места, заедно со македонските натписи на гробовите, се поништени на разни начини и избрисани од сите постоејќи писани документи. Секоја писана литература било црковна или световна е запленета и изгорена. Употребата на македонскиот јазик беше потполно забранета во јавноста или во средината на семејствата. (За повеќе информации погледаите ја книгата на Џон Ши, "Macedonia and Greece" или "Македонија и Грција" Стр. 109. Борба за признавање на новата балканска држава).

Во годините после Првата светска војна, македонскиот народ претрпе систематска денационализација и асимилација. Примената на оваа шема за денационализација беше толку груба и агресивна, да предиизвика кај македонскиот народ некоја меланхолија и помирување со наметнатата судбина и недостаток на волја за отпор.

"Во Грција, во 1929 година за времето на Елептериос Венизелос, беше донесен легален Акт за 'заштита на јавниот ред'. Во духот на овој акт, секое барање за национални права се третира како највисоко предавство. Овој правен акт се' уште е во употреба.

На 18 декември 1936 година, диктаторскиот режим на Метаксас донесе закон за "Постапките против државната сигурност" врз чија строгост настрадаа илјадници Македонци. Беа апсени, затварани, протерувани на пусти грчки острови, каде нестанале за секогаш. Нивната кривица? Затоа што беа по род етнички Македонци.

Како што споменавме и порано, на 7 септември 1938 година беше донесен закон бр. 2366, со кои се забрани употребата на македонскиот јазик. Сите македонски населби беа преплавени со плакати: 'Зборувај грчки'. Беа отворени вечерни училишта за возрасните Македонци во кои се подучуваа на грчки јазик. Во тие времиња, престанаа со работа сите македонски училишта". ( Погледнете ја стр. 8  Што заборави Европа: "Борбата на егејските Македонци", Извештај на здружението на Македонците во Полска)

Многу Македонци бе парично казнети, тепани и затварани ако беа фатени да зборуваат на македонски јазик. Возрасните и децата беа дополнително казнувани со пиење рициново масло.

Таков беше животот на Македонците во окупирана Македонија, нивната древна татковина и нивната родна земја.

СОГОВОРНИКОТ : - А што се случи со Македонците после напуштањето на Грција?

РИСТО : - За несреќа, Македонците ја напуштаа Македонија од времето на Римската окупација. Во поблиското минато, Македонците ја напуштаа својата земја и за времето на Отоманската Империја од страв на одмазда за нивното учество во повеќето востанија за слобода.  Некои од нив завршија дури на север, во Русија, каде си формираа, во 18-от век, свои македонски колонии.

Уште поблиску, за време на 19 от век, многу побегнаа во Бугарија. Со нејзината самостојност, Бугарија постана привлечна дестинација и за македонските печалбари, кои ги напуштија своите домови за време и после неуспехот на Илинденското востание од 1903 година. На многу од нив,  Бугарија им стана нова татковина. Спрема македонските активисти, во Бугарија со тек на времето се населиле над 2,000.000 Македонци.

После 1878-та година, откако економијата  на Отоманите во Македонија доживеа слом, после повеќе растења и паѓања, бугарската доживуваше постојан раст, што се должеше до ефтината работна сила од порастот на печалбарството што доваѓаше од Македонија. Со позитивното доживување на животот во Софија, во однос на животот во македонските села во Грција, многу печалбари останаа во Бугарија за секогаш. Во тоа им помогна и   бугарската државна пропаганда со уверувањата дека се Бугари, што им постана многу полесно да ги асимилира и ја прифатат Бугарија како своја татковина.

За жалење  е и денес, што потомците од тие многубројни македонски печалбари се претставуваат како поголеми Бугари од вистинските Бугари, и покрај фактот што се свесни, дека се Македонци а не Бугари. Македонците кои останаа за стално во Бугарија не беа врзани за земјата. Со други зборови, тие немаа земја ниту  свои земеделски фарми кои би ги врзувале и им давале стални приходи за живот, а можностите за некои други, добро платени,  вработувања биле ограничени. Затоа, многу од нив се свртиле кон образованието, со што ги проширувале своите видици, но и постанувале поконкурентни на работниот пазар. Па така, бугарската држава имала добар извор за регрутирање на способни и добро школувани службеници. Ѓорѓи Димитров, лидер на бугарската комунистичка партија, меѓу многу други, беше Македонец. Денес, многу членови на бугарскиот парламент се од македонско потекло.

Имам пријател, академик и доктор на науки од ерменско потекло, кој раководи музеј во САД. Бил школуван во Бугарија. Тој во една прилика ми рече, дека многу бугарски академици ја знаат вистината за Македонија, но не сакат да зборуваат за тоа. Сигурен сум исто така дека многу академици во Грција ја знаат вистината за Македонија, но и тие не смеат да зборуваат за тоа забрането прашање. Во спротивно ќе си ја изгубата својата работа.

Македонската популација во Русија од 18-от век исто така е асимилирана и за нас за секогаш изгубена. Многу значајни и познати Македонци кои отидоа во Русија се евидентирани во руската историја, меѓутоа нивните  потомци се асимилирани и за нас се исто така за секогаш изгубени. Причината за тоа е и сличноста на нашите имиња и презимиња со руските. Во секој случај, полесно е да се препознаат Македонците во Бугарија, зошто нивното емигрирање е од поблиски времиња. Нивното декларирање како Македонци е попречено со бугарското непризнавање на македонската националност.

Ситуацијата во Грција исто така не е сменета на поарно и ако е малку подобрена, меѓутоа се' уште затегната, особено после грчката граѓанска војна. Спрема моите сознанија, околу 85% од Грците пред граѓанската војна во Грција беа за социјалистички поредок, меѓутоа беа приморани да се согласат со тоа што можеа да добијат: еден "тирански поредок", особено спрема Македонците, бидејќи тоа го бараа Англичаните и Американците.

Јас знам дека овај поредок не беше по волјата на македонскиот народ, но исто така не беше добар и за еден голем дел од грчкиот народ. Можеби тоа е и причината, што голем број Грци не ја одобруваам нивната надворешна политика, заедно со Македонците.

Денес и Грција и Бугарија се оптоварени со "македонското национално прашање'', односно незнаат што да прават со македонскиот народ, особено со раѓањето на Република Македонија, како самостојна македонска држав.

Американците, Англичаните и нивните западни сојузници го креираа "македонскиот проблем" со свите агресивни ставови спрема македонскиот народ уште од почетокот на распаѓањето на Отоманската Империја...односно по прецизно, уште од победата на Римската Империја над македонската држава и нејзиното распарчување на четири провинции со забрана на меѓусебни комуникации и можности за поновно обединување.

Тоа беше крај за Македонија и македонската самостојност. Персеус, крал на Македонија, беше одведен во Рим како воен затвореник, или спрема пишувањата на Петар Грин, "да му ја разубави богатата воена победа на Паулус". Македонската монархија беше растурена, Македонија демилитаризирана и поделена на провинции, со цел  никогаш повеќе  да не биде способна да ратува. Како додатна сигурност, македонските лидери беа  уапсени и испратени во Рим.

Вистинскиот ужас од македонскиот пораз не беше Пидна, туку настаните кои ги проузрочи римската армија после тоа. Пред заминување од Македонија, на римската армија и' беше дозволено да краде и разбива се'  до што ќе стигне и да силува не контролирано и животински.  Документи од тие времиња потврдуваат дека огромно богатство во злато, накити и уметнички дела било однесено во Рим. Голем дел од наслението беше претворено во робови. Беа ставени ограничувања на трговина со производи за општа употреба, вклучувајќи го и дрвото, а повеќето од државните порезни приходи беа преусмерени за Рим. Спрема Ливаи, Македонија била поделена на четири региони, секој од нив со свој управител и со обвеза половина од порезите да ги испраќа во Рим, што порано му припаѓало на македонскиот крал. Ако тоа не било доволно, Паулус би испратил 500  Аетолијански (Грци) воиници да им се реваншираат на не вооруженото македонско население. Што би се после десило, била трагедија од големи размери, за која ни старите автори не пишувале. Римјаните навистина се докажале како вистински крволоци, "прави барбари". Но и тоа бил само почеток на нивниот примитивизам и брутален барбаризам.

Во 27-та година пред н.е. Августус ја прогласи Македонија за    сенаторска провинција  со значајно сманета територија, а со тек на времето и' е нанесено уште едно злосторство со поделба на нејзината територија, на уште помали региони. После реформите на Диоклецијан, Македонија постана дел од Моезија, а за време на Константин, дел од Илирската префектура. При крајот на 4-от век од н.е. Македонија беше одново поделена, сега на две провинции и тоа Македонија Прима  со Солун за главен град и Македонија Салуторис. Подоцна, за време на 5 от и 6 от век, одново се појави името Македонија Секунда, со Стоби за главен град.

Во 168 година п.н.е., што споменавме порано, од како    Персеус беше поразен кај Пидна, Македонија одново беше поделена на четири дела и постана римска територија. Овој период за Македонија беше погубен: грабежот кој го вршеше   Рим, го достигна скоро својот врв. Беше однесено нејзиното културно богатство, вклучувајќи и многу скулптури лоцирани во Солун, Пела и многу други  културно  богати градови. Цело тоа македонско културно богатство беше однесено во Рим и покажувано на разни паради како доказ на римската победа над Македонија и нејзината државност. После 148 та година п.н.е. четирите македонски делови одново беа обединети  во една римска провинција, со Солун за главен град. Што е исто така интересно, сите градови државички и цела судска надлежност на југот од Македонија, вклучувајќи ја Атина и Спарта, беа исто така припоени кон големата римска провинција, Македонија. Ваквата ситуација траеше повеќе од 120 години, се до 27 та година п.н.е. Во 27 година пред н.е. Августин одново ја раздвои провинцијата на два дела и тоа Македонија  и Ахаиа.  За време од 120 години, Солун а не Атина, беше главен град или "град мајка" на оваа голема провинција, Македонија.

Не беше случајност што Македонија одново беше, во 1913-та година распарчена на четири различни држави.  Целта на оваа не хумана постапка беше во стварање услови за полесно асимилирање на македонскиот народ, за никогаш повеќе да не биде обединет во една целина, односно збрисан од планетава Земја за секогаш. Македонија беше голема сила, омразена од Западот со западното непријателско однесување спрема неа.

Дури и денес Американците и нејзините европски сојузници се зад така наречените "разлики" околу името Македонија. Сакајќи промена на нејзиното уставно и етничко име, посакуваат да ја снема без историски траги и белези и за секогаш. Но, за тоа потоа.  Тие посакуваат Македонија да си го промени самата името, како прв чекор кон нејзиното самоуништување. Но, и тоа ќе го видиме.

До сега, секоја интернационална Конвенција е прекршена и секое човеково право што постој, во насока Македонија сама да си го промени името, дури и со поткупување на домашни влијателни личности од сите свери на  македонското општество. Тоа е патот кои Западот упорно го промовира и следи, како би ја уништил Македонија како држава на македонскиот народ и така го реши  "Македонското прашање".

Уверен сум дека Грција  нема такви сили тоа да го постигни самата и покрај сите злосторства која ги употреби во минатото. Дури и со помош на американската и британската воена сила не успеа да го сотри името македонско и македонскиот народ. Пример за тоа се и сите злосторнички чекори во Граѓанската војна, користејќи ги услугите на водачите внатре во Комунистичката партија на Грција, Демократската армија на Грција, како и сите услуги на сојузничките обавештајни служби.

Жално е да се констатира, дека за сите геноцидни постапки спрема македонскиот народ, во неговата родна земја Македонија, Грција не беше земена на одговорност, ниту сносеше некои кривични или морални последици. Таа секогаш беше во право пред очите и совеста на "меѓународната заедница". Но, до кога со тие не чесни игри? До кога земјите во Обединетите нации ќе молчат без смелост да реагираат на овие неправди спрема нас, Македонците?  Можеби до   денот кога мечката ќе затропа и на нивните порти? Но тогаш, ќе биде доцкан за се' и за сите!

 

Продолжува

*****************

Kongresman Dana Rohrabacher

 

 ************************************************

АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН БАРА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА, А МАКЕДОНСКОТО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (ММДЧП) БАРА НЕГОВА ОСТАВКА

*********************************

Првата поделба на Македонија како да не беше доволна, па американскиот конгресмен Дана Рохрабакер одлучи да бара понатамошна поделба, најавувајќи "Жалам што ова ќе го кажам, но тоа не е држава. Косовците и Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово. Другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или било која друга земја за која што тие тврдат дека се поврзани".

Државата на која што Македонците припаѓаат, г-дине Рохрабакер, е Македонија - вековна нација која што заслужила да биде држава. А Вие "го пробивте дното", покажувајќи тотално незнаење. И згора на се', покажувате тенденција да ја продолжите политиката на предходните американски власти кои што го подржуваа албанскиот иредентизам.

Извинување во овој случај не е доволно. ММДЧП не само што бара ваша оставка, туку и јавна осуда.

Во изминатите седум децении, САД со својата надворешна политика, предизвика, буквално кажано, катастрофи. Една од клучните пораки во претседателската кампања на претседателот Доналд Трамп беше дека ќе стави крај на американскиот интервенционизам. Конгресменот Кристофер Смит направи еден позитивен чекор во таа насока, иницирајќи истрага од страна на Конгресот за Амбасадата на САД и нејзиното мешање во внатрешните работи на Република Македонија, обидувајќи се да ја собори демократски избраната македонска влада. Ваквото мешање предисвика голема криза и политички безредија во државата.

Г-дине Рохрабакер, во 1913 -тата година Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција, а нешто подоцна и Албанија. Сите овие земји започнаа кампања за насилна асимилација или истребување во нивните обиди за искоренувањето на постоењето на Македонците. Прогонството на Македонците продолжува и во денешно време.

Пред и по поделбата на Македонија, огромни бранови на македонски имигранти пристигнуваа на островот Елис, избегнувајќи  на тој начин угнетување и барање слобода. Со еден кус поглед на зачуваните документи од 19-от  и 20-от   век за "Имиграција во Америка", може да се види дека под графата за националност, кај многу доселеници е запишано МАКЕДОНСКА. Едноставно кажано, чист американски доказ дека Македонија не била "идеја" измислена пред 30 години, како што вие наведовте на албанската телевизија. Г-дине Рохрабакер, вашето безсрамно непочитување на американските вредности, како и комплетното непознавање на основните принципи на надворешната политика, на историјата и граѓанските и човекови права, тотално ве дисквалификуваат за вршење на било каква јавна функција.

Почитуван Претседателе Доналд Трамп, ММДЧП бара од Вас да го исполнете вашето предизборно ветување и да ставите крај на секакво мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Суспендирајте ги преговорите за името кои што се спонзорирани од Обединетите Нации и од САД, со кои што се бара менување на историското име на Република Македонија, кое што секако подоцна би предизвикало хаос во целиот регион. Објавете, дека името на Македонија е, и секогаш било, Македонија. САД ја признаа Македонија во 2004-та година. А оваа, 2017-та година е година кога САД мораат да дадат безрезервна подршка за најосновните човекови права- веднаш да се стави крај на преговорите за името.

*********************************

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови  и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125 info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

*****************************************

 

РИСТО НИКОВСКИ

 

 

 

 

 ЗА ОПСТОЈ НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА КОНТРА

АЛБАНСКИОТ УЛТИМАТУМ

 ********* 

  

 Уставниот поредок на секоја земја е света работа и сите иституции се должни да го бранат. Од претседателот до последниот граѓанин. Тоа е основната задача и на тајните служби. Секој кој ќе го доведе во прашање носи кривична одговорност. Така е во цел свет, ама не и во Македонија. Кај нас, на пример, се регистрира политички субјект (Беса), чија програма е апсолутно спротивна на Уставот и тоа поминува.

 

Уставите на земјите, пак, се менуваат или на насилен начин, со револуции и војни, каков што беше случајот со Македонија во 2001 година, или со согласност меѓу главните политички сили. Иницијативи може да поведат претседателот, Владата како и граѓаните со 150 илјади собрани потписи за да се распише референдум. И ако, обично, не е лесно да се постигне двотретинското мнозинство во Собранието, потребно за промена на Уставот, кое изгледа и како некаква гаранција против грешки, редефинирањето на државата, како што сега нелегално бараат Албанците, во никој случај не смее да се стави на маса без претходен општ референдум. Народот мора да се изјасни за такви промени. За помали уставни промени, двотретинско мнозинство е доволно.

Сегашните обиди, со ултиматум, наречен платформа, да се уценува мандатарот за редефинирање на државата, е неприфатлив начин кој мора да се отфрли без дискусија. Такви уставни овластувања немаат ниту претседеателот на владата, а уште помалку мандатарот. Какви било преговори за тоа се нелегални, исто како и секоја влада која прифаќа програма спротивна на Уставот. Прв кој не смее да дозволи е претседателот, кој го дава мандатот, а по него и Собранието. Кај нас, меѓутоа, и тоа не важи. Ултиматумот и уцената се ставаат на маса, околу нив се дискутира и тие се третираат како легитимни. Паралелно, дел од нашите морони, наречени "интелектуалци" или слично, од најпримитивни политички интереси, платформата ја сметаат за реална и прифатлива! Тоа е нашата трагедија. А дали се тие дебело платени од некого или не, ич не е важно. За разлика од еден Ѓорѓи Спасов, Стојан Андов овој пат беше коректен и клучните барања на Албанците ги оцени како неприфатливи.

Целиот овој галиматијас, кој мириса на обид за државен удар, воопшто не е случаен. По Пржино и Куманово, ваквиот исчекор на македонските Албанци е очекуван. Откако САД, со прислушувањето, ни ја сместија кризата, во Пржино немаше услови да се вклучат и барањата на македонските Албанци, и ако таков им беше планот, бидејќи атмосферата беше вжештена; се бараа незамисливи отстапки од власта и во прашање беше судир меѓу Македонците. Куманово беше вториот обид за отворање на нови меѓуетнички преговори, по угледот на Охрид, ама и тоа пропадна бидејќи териториите беа итно ликвидирани. Формирањето на владата, меѓутоа, беше третата шанса која Албанците не смееја да ја пропуштат. Така се појави платформата.

Исклучително е важно што со нејзиното подготвување во Тирана и конзултациите во Приштина, сосема се отворија картите дека во прашање е финализација на големоалбанскиот проект. И ако веќе ни беше познато дека негов главен менаџер е Вашингтон, а подизведувач е Тирана, помогната од Приштина, сега и најнаивните мораа тоа да го сфатат. Се виде дека лидерите на македонските Албанци се тројански коњи на поширок проект кој има за цел да ја руши државата. Тие се сликаа во Тирана, горди што спроведуваат заеднички големи државни политики.

Во светот нема унитарна држава која е двојазична. Тоа е карактеристика само на федерации и конфедерации, кон што неизбежно водат и настојувањата за двојазичност во Македонија. Целта е на Албанците да им се овозможи легално отцепување. Токму затоа, тие избегнуваат да го учат македонскиот јазик. Сакаат да се гетоизираат и државата да стане нефункционална. Двојазичноста ќе го забрза процесот.

Платформата е тежок пораз на сите наши досегашни политики и кон Албанија и, особено, кон Косово. Ние цело време изигруваме коректност, добронамерност и, богами, преголема флексибилност, правејќи се дури и наивни и ред беше да не удрат по глава. Затворањето на очите, најчесто, води во бездна. Нелегалната независност на Косово ја признавме на брзина, во незгодно време за Србија ама, иако под жесток американски притисок, одлуката и одговорноста беа наши. Нормално за нас, никакви услови не поставивме. Не инсистиравме на статусот на Македонците од Гора, а уште помалку на некаква обврска за коректност на Приштина кон земјава. Потпреседателката на ДУИ и на Владата, Теута Арифи, дури инсистира ние да го признаеме Косово, а тие да ја користат референцата од ООН! Демек, тие држава, ние поранешна! Ваквите срамни залагања, објавени во колумна во "Дневник", се толерираа. Никој не се спротивстави.

И додека ние со главите во песок ја прифативме втората албанска држава, која сега ни праќа платформи во вид на уцена и ултиматум, другите држави однапред водат сметка за своите интереси, какви и да се тие. Грција, на пример, веќе 25 години нелегално ги попречува нашите меѓународни интеграции, без никаква осуда.

Да потсетиме дека овој албански памфлет не е ништо ново. Тој е продолжение на големоалбанската стратегија наречена "Платформа за решавање на албанското национално прашање", подготвена во 1998 година во Албанската академија на науките, на барање од претседателот на државата. Сегашната е само прецизирање на нејзиниот дел за Македонија. Токму на таа линија, Еди Рама ни откри дека македонските Албанци не барале фотелји и ни порача дека не е важно кој ќе состави влада, туку е клучно да се реализира нивната платформа. Ако е така, а така изгледа, тој јавно ни појасни дека нивната цел можи да биди само Голема Албанија. Ништо друго. Иницијаторот ни стави на знаење дека нема отстапување од зацртаната политика. Пораката неможеше да биде појасна, а ако сето ова не е мешање во нашите работи, тогаш што е? Дека во прашање е "мегали" проект, ни потврди и Беса. Нивната објава гласи: "По извршените конзултации со претставници на албанската држава, со цел да се произведе една заедничка декларација на албамските партии во Македонија, се' со цел да покажеме посветеност дека Албанците се подготвени да подржат една заедничка кауза..."! Големоалбанска, која друга?

Вакво агресивно мешање на Албанија во Македонија не е можно без зелено светло на САД. Најверојатно, одтаму е даден сигналот. Инаку  Вашингтон ќе мораше да излезе со критика. Немаше да молчи ниту Брисел, како нивни слеп стедбеник. Да потсетиме дека за разлика од нашиов случај, тие го осудија српскиот воз за Косово како провокација!  Сепак,  проблемот е кај нас: не презедовме ништо во самоодбрана. Мора да бараме став и осуда и од едните и од другите. Знаеме дека стојат зад Тирана и памфлетот, ама за да ја разобличиме нивната дволичност. Додека молчиме, ќе си тераат по свое. Треба да се бара подршка и во Москва, Пекинг, Виена, Париз, Берлин, Лондон... Не е доцна за демарш и официјално да се тропне на маса во Тирана и Приштина. Проблемот може да се крене дури и до Советот за безбедност во Обединетите Нации, бидејќи се загрозува регионалната безбедност. За жал, такви политички и дипломатски капацитети изгледа немаме.

Платформата, што целосно го игнорира договорот од Охрид, покрај финализирањето на големоалбанскиот проект има за цел да го забрза и прекрстувањето на државата. Брисел, како гласноговорник на Вашингтон, веќе најави дека сакаат да ги решиме и "билатералните проблеми". Откако не фрлија на колена, тоа е нормално. Играта се одвива паралелно, на два колосеци, а намерите се компатибилни : се уценува формирањето на владата за да се исклучи владеачката партија која не сака да го витка 'рбетот; на сцена стапува опозицијата која е спремна на се' ; се создава мнозинство кое го прифаќа албанскиот ултиматум ; заедно ќе ја прекрстуваат државата за НАТО и ЕУ; со разнебитениот македонски народ, нема пречки за трета албанска држава....

Тоа е убаво замислено ама, од повеќе крајно сериозни причини и покрај целосната ангажираност на Вашингтон и Брисел, е нереално и неизводливо. Широко подржана од народот, сосема во право, владејачката партија нема да го дозволи тоа. Ако опозицијата и ДУИ успеат да формираат влада, истата нема долго да трае и нови избори се неизбежни. За тоа е свесна и опозицијата која ќе мора три пати да размисли што да прифати од албанскиот ултиматум. Што повеќе навлези во недозволените води, тоа повисока цена ќе плати на блиските избори. Лидерите на опозицијата му нанесоа огромни штети на македонскиот народ и историјата жестоко ќе ги осуди, заедно со сите нивни слуги.

Ова се историски моменти што Вашингтон, четврт век, филигрански ги создава за да го затвори "Македонското прашање". Досега издржавме, ама залакот стана преголем. За Македонија да опстане, неопгодни се одлучни чекори. Дома, за да се постигне макар минимален национален концензус и по можност да се подготви "Македонска платформа". На меѓународен план, пак, потребна е широка дипломатска акција за одбрана на нашите легитимни и универзални права. Како и многу пати досега, ние сме на потег. Дали и овој пат ќе ги преспиеме предизвиците, од нас зависи.

 

 

Пишува : Ристо Никовски за "Дневник",

 / 13 февруари, 2017 /

 

 

 

 

 

 

СТРЕЛЕЦ - Трагач

 МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

(Институт за национална историја)
 

 Дел 04 

БОРБИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕСТОЛ

 

*****************************

Во периодот по убиството на Архелај, до владеењето на Филип II, во Македонија шест години се водат династички борби, кои ја ослабуваат моќта на македонската држава. Првите три години владее Аероп Втори (ок.396 - 393), како регент на малолетниот Орест, син на Пердика II. Во овој, релативно мирен период за Македонија, Аероп воспоставува внатрешна стабилност со подршка од македонските благородници.

По неговата смрт,престолот го наследува неговиот син Павсаниј. Според ковањето на монетите од 394/393 пр.н.е. Павсаниј извесно време владее со Аминта II наречен Малиот, а по година на власт доаѓа Аминта III, синот на Аридај.

Аминта III (393/392 - 370/369) се жени со Евридика (ќерката на Сира, благородник од Пелагонија), со која има три деца, идните македонски цареви: Александар II, Пердика III и Филип II.

Во овој период, западната граница на Македонија е на удар на. илирските племиња кои, под водство на Бардилис, навлегуваат и ги ограбуваат горномакедонските области.

 Македонските владатели имаат постојани врски со тесалските аристократи и воено им помагаат со намера да ја прошират својата територија. Така, во еден период, Аминта успева голем дел од северна Тесалија да постави под свој протекторат, а кога тиранинот Јасон од Фера ја освојува Тесалија, Аминта со него склучува политички договор.

Во ова врема Аминта склучува воен и економски сојуз со Халкидичкиот сојуз на педесет години, но договорот набрзо е раскинат затоа што Халкидичкиот сојуз не само што не и' помага на Македонија кога е нападната од Илирите, туку и ја напаѓа, па дури и навлегува во Пела. Аминта бара помош од спартанските хоплити, кои го напаѓаат Олинт (382 г.пр.н.е), зашто овој најмоќен халкидички град влегува во сојуз со Теба и со Атина и претставува опасност не само за Македонија, туку и за Спарта. Спартанците заедно со коњаниците на Аминта и на Дерда од Елимеја војуваат се' до 379 г. пр.н.е. кога Олинт се предава; според мислењето на Исократ, спартанците не водат сметка за панхеленските интереси, туку војуваат и гинат (загинува спартанскиот басилевс и неговиот брат) во полза на македонските владатели.

Со обновување на Атинскиот поморски сојуз, Македонија станува главен снабдувач на дрвен материјал за бродоградба, што е причина Атина и Македонија повторно да влезат во сојуз, пред се'  да склучат трговски договор. Македонскиот владател зема  учество на општиот собир свикан во Спарта (371 г.пр.н.е.) каде што  го признава правото на Атина да владее со Амфипол.

По смртта на Аминта III, македонскиот престол го наследува дваесетгодишниот Александар II, најстариот од трите сина на Аминта и на Евридика. Александар продолжува да води војна ово Тесалија и ги освојува градовите Лариса и Кранон. Политички пресврт настанува кога Теба на чело со Пелопида ги истиснува македонските војски од Тесалија. По смртта на Александар II, македоснкиот престол го освојува Птоломеј од Алор и кој, веројатно, имал подржка  и од Евридика. Како гаранција за воениот сојуз, Теба зема триесетина заложници од Македонија, меѓу кои е и Филип II, најмалиот син на Аминта III. Идниот голем цар Филип II Македонски во Теба поминува три години, тука добива хеленско образование и се обучува во славните тебанцки воени вештини и стратегии.

Птоломеј од Алор, како старател на Пердика и на Филип, владее се' до 365 г.пр.н.е., кога на власт доаѓа Пердика III, кој го враќа Филип од заложништво. Новиот владател воспоставува добри односи со Теба, за што е прогласен за проксен и евергет (пријател и добродетел). Пердика има добри односи и со Атина, а учествувал и во воени дејства на страната на Атина за повторно освојување на Амфипол, Потидаја и други градови на Халкидик. По промената на политичките прилики, Пердика III се свртува против Атина и во 359 г.пр.н.е. го освојува Амфипол. Во исто време Илирите, предводени од стариот војсководител Бардилиј, напаѓаат на Орестида и Пердика загинува во битка со четири илјади македонски војници (359 г.пр.н.е.).

Во овие кризни моменти за македонската држава, Македонското собрание за нов македонски цар го прогласува Филип II, најмалиот син на Аминта III.

 

 

Филип II Македонски

ПОДЕМОТ НА МАКЕОНСКАТА ДРЖАВА

ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ

 *******************************

Судбоносна точка во развитокот на македонската држава е преземањето на власта од Филип II (359/336). Филип II ја освојува власта на 23 - годишна возраст, но неговата младост не значи неискуство и неукост во водењето на државничките работи. Напротив, Филип, син на Аминта III, како заложник во Теба добива одлично образование во воената стратегија и организација и во воените вештини, а ја изучува и патагориската филозофија.

Поради ова, во антчката историја Филип II е забележан како најголем владател во Европа (Диодор). Политикологот Исократ (во списот Филип) му се восхитува на Филип зашто "се здобил со таква моќ со која  не бил ниеден од оние што ја населуваат Европа...подвизите на Филип се херојски, зашто и други освојувале градови, но ниту еден толку народ". Исократ образованието на Филип ќе го искористи како аргумент за да го приближи македонскиот владател до Хелените, познати ксенофоби; така, Исократ му објаснува на атинските интелектуалци дека Филип, и ако е владател на "туѓороден народ", "хеленски" е образован и може да се придобие затоа што им е близок, не според родовата, туку според духовната сродност (во Панегирик).

Како голем владател, Филип II презема големи градежни зафати: нови градови, светилишта и храмови. Дтрабон запишува дека Пела, се' до владеењето на Филип, е мала, но, благодарение на Филип, се изградува по должина и станува поголема од Атина; нејзините sидини се долги околу 6,5 км; акрополата е сместена на утврден остров, наречен Факос, на езерото Лудија, каде што Филип го сместува своето богатство. Езерото е претворено во широко пристаниште поврзано со Аксиј преку вештачки канал по кој пловидбата е контролирана со порти преку Лудија и без плима. Ова би било прво познато пристаниште на речно устие во Европа; тука можело да се влезе од Термајскиот Залив во кое било време, а влезот можел да биде затворен во случај на опасност (ова пристаниште е модел за Александровите пристаништа на Истокот, на Нил, Еуфрат и Инд).

 

 

 

Македонската Фаланга

ДРЖАВАТА НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ - ПАРАДИГМА ЗА ОПШТОСТВЕНО - ПОЛИТИЧКОТО УРЕДУВАЊЕ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

 ************************************

 

Филип II наследува држава, воспоставена наследна монархија (басилеија): според Исократ, Македонците не можат да си го замислат животот без династија, зашто од искона имале династија. Овој тип монархија е карактеристичен за почетниот период на државата, а претставува владеење, како што запиша Аријан, не со сила, туку според законите; владателот се именува од Македонското собрание, според правилото на примогенитурата. Значи, покрај власта на басилевсот, има и други институции (Собрание, Совет на тагоси, хетајри...) со советодавна и со судска власт. Александар III воспоставува изменет облик на старото уредување - апсолутна монархија, карактеристична за периодот на дијадосите: волјата на басилевсот е највисок закон. За време на втората македонска династија Антигониди, повторно се враќа старото уредување - традиционалната монархија. Всушност, Македонците не се поданици на државата, туку се граѓани на државата. Во античките извори и во официјалните документи (воени сојузи, склучувани помеѓу Македонците и хеленските полиси), овие граѓани се запишани како "Македонци"  а името на државата како "заедница на Македонците".

Македонскиот басилевс е врховен војсководител, првосвештеник и судија. Владателот ја предводи војската и секогаш се бори во првиот боен ред; за сигнализација во битките користи бело, пурпурно и црвено знаме. Александар III, пак, како знак за борба користел црвено знаме распнато на врвот од сариса.

Владателските инсигнии, еднакви за сите македонски владатели, се : бела лента, каусија, дијадема, пурпурна облека, жезол, печат. Белата лента се носела на главата, имала два краја заврзани на тилот (на овој начин е претставен ликот на октодрахмата на Александар I Филхелен и на тетрадрахмата на Филип II). Лентата се врзувала и околу познатата македонска капа каусија, која имала улога на круна. Македонските владатели носеле и метална дијадема (според материјалните наоди во Вергина и во Бероја). Најпозната е златната дијадема, за која се претпоставува дека му припаѓа на Филип II, но и предходните басилевси се кителе со дијадеми (ликовите на Александар I и Филип II на монети).

Константин VII Порфирогенит запишал дека македонските владатели се овенчуваат со кожа од лав што ја имаат како круна и украс (монетата на Александар Македонски). За време на последниот македонски басилевс Персеј се говори за пурпурната облека и оружјето на Македонците, однесени како плен во Рим. Македонскиот владател запечатува документи со прстен-печат (според Диодор и Плутарх, шеснаесетгодишниот Александар е чувар на царскиот печат, додека татко му го опсадува Бизантиј; според Аријан, Александар испраќа жито за војската на Неарх и го запечатува со прстенот; Диодор, Јустин и К Руф запишале дека Александар му го предал својот прстен на Пердика). Македонските владатели носат и свечено оружје со кое се закопуваат во царските гробници-могили (пример е могилата во Вергина).

Басилевсот-свештеник пред секое политичко дејствување или на почетокот на гозбите за време на верските празници принесува жртви во името на народот-простасија, а кога доаѓа во некој град е дочекуван со гуала (вид на чаша) за да направи жртва леанка-либатио. Ловот на диви животни, посебно лавови (симболот лав, присутен на монетите и фреските) има и религиско-магиско значење.

Македонскиот цар е врховен судија и го води судењето пред Македонското собрание во улога на јавен обвинител, а Собранието донесува одлука за смртна пресуда. Македонското собрание, кое најчесто го претставуваат Македонци, под оружје, има голем број државнички компетенции, меѓу кои најзначајно е прогласувањето на новиот владател.

Во смисла на јакнење на државата, Филип спроведува воени реформи што имаат големо социјално и политичко значење, имено, ја создава прочуената македонска фаланга и ја опремува со бојно оружје. Главна цел на воените реформи е да се создаде професионална војска, преку градење висока свест за меѓусебната поврзаност, почит, другарство и, се разбира, пред се' безусловна послушност. Историчарите (Помпеј Трог, Полибиј, К.Руф) забележуваат дека такво воено устројство немала ниту една држава во тоа историско време. Јадрото на македонската фаланга го сочинуваат вооружените пешадинци. Фалангата се разликува од хеленскиот боен ред според големата длабочина и оружјето, а тоа се македонските сариси, долги копја што се протегаат преку неколку воени редови. Фалангата е тешко пробојна поради здружените, згуснати бојни редови "шума" од збиени копја. Така организирана како компактна целина, македонската војска навлегувала како клин во непријателскиот боен ред.

Војската на Македонците имала и благородничка коњица (во антиката коњот е симбол на високо благородие, богатство и моќ), опремена со шлемови, панцири и вооружена со мечеви и копја. Меѓу овие ударни ескадрони на прво место стои царската агема-личната гарда на царот или прочуената хетајри-царските придружници (другари). Овие придружници на басилевсот се од благородничко потекло и имаат задачи на советници, пратеници, преговарачи, војсководци.

Меѓу коњицата и фалангата дејствуваат хипасписти кои можат да се движат полесно од фалангистите и наемниците-војници, подготвувани за брз поход и напад.

Филиповата држава особено зајакнува кога во нејзиниот состав влегуваат одделни "кнежевства" и племиња: Елимеја, Орестида и Линкестида. Сведоштво за нивно вклучување се називите на одделни воени одреди, наречени според имињата на племињата: Линкестиди, Орестиди, Елимејци, Тимфаејци, Еордејци.

Промислено и упорно Филип ја јакне воената моќ, а со тоа и политичката сила на македонската држава, зашто има војска која во секој  момент е подготвена за борба, а царот-војсководител е постојано меѓу војската, поттикнува и храбри со ветувања и награди.

Со првата фаза од амбициозниот план на Филип постигната е внатрешна државна стабилност, преку обезбедување на државните граници и економската самостојност на Македонија и тоа со освојувањето на поморскиот пат, користењето на златото и среброто од Пангејската област и ковањето на сребрени и златни монети (филипики, статер).

 

Продолжува

****************

ВИДЕО ЗАПИСИ

БЕШЕ СИ БИЛА......

Проф. Ангелина Маркус

 

 

.......ПРИКАЗНА ЗА АЛЕКСАНДАР И БУКЕФАЛ

 

Во тоа лето во пела во царските палати на Македонците под силни небески огнови се родил Александар, миленикот на боговите, на царевите, на фалангата, македонскиот народ, а подоцна станал миленик на целиот свет. Тоа дете растело за среќа на сите како ремек дело на човечко суштество, за да стане најславниот човек што го дал човечкиот род.

Тоа дете имало од кого и да учи, да научи и да знае се' за светот и човекот. Го опкружувале традициите на предците, на долга листа наследни царства, војни, историја, искуствата опишани во Илијадата. Така спиел, растел, сонувал и го освојувал светот Александар со своите врсници, царски другари, генерација. Тоа беа: Клито, Неарх, Птоломеј, Хефестион, Филота, школите, учителите, филозофите, уметниците и најмногу од се' строгата личност на Аристотел, сите заедно влијаеле на младиот принц.

Сепак Александар во душата бил дете како и секое друго. Тоа се потврдило оној ден на стадионот во Пела кога се сретнале Александар и Букефал и од тогаш станале најславен коњаник и најславен коњ до денешен ден.

Александар и Букефал

Своеглавоста и нескротливоста на Букефал силно го одушевила Александар. Коњот не се предавал, се пропињал на двете ноsе, клоцал, р'жел и ги соборувал на земја сите јавачи што му се доближувале. Филип се договарал а судбината на коњот: да се погуби или да се проба да му се скрши силата со изгладнување. Кога коњот бил затворен без вода и храна, Александар се искрал и тргнал на запознавање на таа грдосија од снага на коњот. Се соочил со него. Дванаесетгодишното дете сос воето мало раче му дало трева, го заранило и коњот го прифатил со топлиот здив, Александар се испотил, си ја размениле топлината. Секој ден коњот ги чулел ушите, ги ширел ноздрвите, ја тресел гривата и грбел со ноsете. Александар му подавал во едната дланка трева, во другата вода. Се стекнале со меѓусебна доверба. Генералите на Филип II се плашеле за своите глави, да не му се случи нешто на принцот од тој див коњ.

На стадионот се повторувала здивената сцена. Букефал рипал и на својата сопствена сенка. Никој не можел да му се доближи а кога сите се одкажале, Александар го замолил Филипа за дозвола и тој да проба. Кога коњот го намирисал рачето што тајно го хранело се смирил и му дозволил да го грабне за гривата, да го сврти спроти сонцето, да го јавне и да прелета низ полето. Се' замрело во исчекување, а на крајот Филип прозборел: Сине, Македонија е мала за тебе, со таков коњ тебе ти припаѓа светот. И така бидна. Александар јавнат на Букефал, на чело на фалангата, прелета преку сите битки, создавајќи нови патишта и градови низ целиот свет. Херонеја, Теба, Граник, Ис, Гавгамела, Тир, Мемфис, планините на Хинду Куш, Памир, реката Хидасп во Индија и назад во Вавилон. Букефал го носел Александра на своите плеќи со споменот на детската дланка што го хранела.

Александар, Букефал и Македонија... беше си биле и останале најсветли настани за сите Македонци.

 

Професор Ангелина Маркус

********************************

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Kind regards : 15 февруари, 2017.

Sotir Grozdanovski 51