МАКЕДОНИЈА ОД СИТЕ СТРАНИ САРДИСАНА - ЌЕ ИЗДРЖИМЕ ЛИ

МАКЕДОНИЈА ОД СИТЕ СТРАНИ САРДИСАНА - ЌЕ ИСДРЖИМЕ ЛИ ?

Христијан Делев

 

ДО КОГА ВО КАНЏИТЕ НА ГОСПОДИНОТ ЏОРЏ СОРОС

 

МАСОВНА ХИСТЕРИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА

 

Деновиве анализирајќи ги сите сценарија што Сорос ги има спроведено во повеќе држави во светот преку валутни шпекулации, како што   се Англија, Германија, Јапонија, Полска, наидов на едно сценарио кое беше применето и во Република Македонија, нанесувајќи ни, како држава, значителна финансиска штета. Целта беше, преку креирање на масовна хистерија за инфлација да се дестабилизира денарот и со тоа да падне целиот финансиски систем во државата.

Само да потсетам, дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, минатата година излезе со "спектакуларни" изјави за можна девалвација на денарот и хиперинфлација во Република Македонија. Ова сценарио дополнително беше зачинето со неколку пропратни изјави на Љубомир Фрчковски и финансиски неписмениот (или финансискиот аналфабет) Петар Гошев. Епилогот на овој процес беше продажбата на еврообврзницата за 1,5 до 2% повисока камата од планираната, како и трошоците што непотребно ги направија Народната банка на Република Македонија како и комерцијалните банки во државата, со пуштање во оптек на поголема сума на евра на пазарот.

Но, експертите на Сорос , преку Наумов и Гошев, заборавија на еден битен момент - а тоа е дека Република Македонија, всушност, го применува Кензијанскиот модел на банкарство, без креирање на пирамиди или фиктивни пари што, во суштина, беше случајот клучниот фактор за стабилност на банкарскиот систем во текот на европската банкарска криза, а се покажа имун и на Соросовите шпекулации.

Благодарение на фискалната политика на Владата  на Македонија и Народната Банка, ударот на Сорос релативно лесно  беше поднесен и ако не и без одредена материјална штета. Имено, повисоката цена за еврообврзницата, како и другите непланирани финансиски издатоци на Народната Банка и комерцијалните банки не чинеа повеќе од 20,000.000 евра (според моја груба пресметка). При тоа, во оваа моја пресметка воопшто не се вклучени нервозата на граѓаните пред шалтерите во банките додека ги чекаа своите заштеди и сите стресови низ кои поминаа за време на наметнатата криза од еден месец, колку што таа траеше.

Еве доволно материјал за Зврлевски и сите институции што се занимаваат со заштита на државните интереси да започнат постапка против Наумов и Гошев, како промотори на кризата и за нанесена штета врз Република Македонија.

Јавно го повикувам Зврлевски да отпочне процес против Кире Наумов, Петар Гошев и Љубомир Фрчковски за изнесување на шпекулации и невистини на штета на буџетот и државните интереси.

 

  • Кире Наумов

  • Петар Гошев

  • Љубомир Фрчковски

Штетата многу лесно може да биде пресметана од Народната Банка и Министерството за финансии, само треба да се види која беше цената на еврообврзницата пред да бидат изпратени писмата од страна на Наумов до сите заинтересирани купувачи.

И јавноста има право да ја знае вистината, па убаво би било тие писма да ја здогледаат светлината на денот, односно да бидат објавени од страна на Министерството за финансии, за да се види како директно се работи против интересите на сопствената држава. Воедно, Зврлевски треба да побара надомест на штетата од сите сценаристи, вклучувајќи ја и партијата СДСМ, од каде овие функционери произлегоа. 

Штетата е направена и некој мора да ја плати! Зошто граѓаните, за сметка на марионетите на Сорос, да плаќаат за нечие туѓо сценарио?!

 

Христијан Делев 

********************************** 

Никола Груевски

ОД СРЕДБАТА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ СО АМБАСАДОРКАТА НА ОБСЕ - СОУМАЛАИНЕН

 

Деновиве, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Никола Груевски, а по барање на  Амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен, беше одржана средба во врска со новонастанатите пост изборни проблеми во Република Македонија и  составувањето на новата Влада.

Покрај г. Никола Груевски, на средбата учествуваа и неговите соработници Владимир Ѓорчев, Александар Николовски и Никола Поповски.

На средбата, амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Суомалаинен го презентираше извештајот за активностите на ОБСЕ во земјата. Во однос на политичките односи и ситуацијата, амбасадорката посочи дека Мисијата на ОБСЕ не зазема страна и не се во позиција да промовираат никакви политички опции претставени преку партиите.

На прашањето поврзано со создавање владина коалиција од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше потенцирано, дека состојбата во Република Македонија е зрела за одржување на нови предвремени  парламентарни избори, поради тесното мнозинство кое е направено.

Од ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето доколку СДСМ формира Влада дали истата ќе биде прифатлива за Партијата, беше одговорено дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема подршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина, својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани. 

На забелешка, дека постојат држави каде се случува победничката партија да не влезе во владејачката коалиција беше одговорено дека во изминатите повеќе од десет години од внатре и од надвор беше постојано потенцирано дека Македонија е многу различен случај, дека не е иста со останатите земји и има една специфика, а тоа е мултиетничноста и дека во таква ситуација исклучително е важно победникот кај македонските гласачи и победникот кај албанските гласачи секогаш да коалицираат.

Сега, кога ВМРО-ДПМНЕ е победник и од внатре и од надвор се заборава тој принцип. Сите треба да знаат, дека ако еднаш се прекрши тој принцип, истото ќе стане  неповратлив процес (преседан). Затоа што не може тој принцип да важи по потреба, само кога на некој друг му одговара и тоа веќе не е принцип. До колку сега се отстапи од тој принцип и свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе  се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе оцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави.

Беше објаснето, дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ можеше во некои ситуации самата  да формира Влада без дополнителен коалиционен партнер или пак да преговара и дооговори коалиција со друга помала албанска политичка партија со која би постигнала подобер коалиционен договор по сите основи.

Во однос на прашањето околу барањата за промени во делот на употребата на јазиците, беше одговороено дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со спроведување на принципот на двојазичност на целата територија на Република Македониј. Не затоа што има нешто против албанскиот јазик или Албанците во Македонија, туку затоа што тоа не би било одраз на демографската реалност во Македонија, имајќи го вообзир бројот на Македонци, Албанци и останати, како и географската концентрација на жителите, од албанска националност.

Во однос на прашањето базирано на ставот на Партијата, кога евентуално би можело да се организираат парламентарни избори, од Партијата беше посочено дека од економска гледна точка, во смисла на трошоци за изборите, како и другите проблеми кои ги создава секое организирање избори, би било најдобро да се за време на локалните избори, но тоа би можело да се дискутира помеѓу партиите, до колку има политичка волја, а не страв и одбивање како што демонстрираше СДСМ.

Заеднички беше констатирано, дека ОБСЕ со повеќе проекти во минатото и'  помогнала на Македонија.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

**********************************************

Амбасадорката Нина Суомалаинен

КОЈА Е И ШТО ЈЕ

АМБАСАДОРКАТА НИНА СУОМАЛАИНЕН

 

Амбасадорката Нина Суомалаинен доваѓа од Финска, а должноста директор на ОБСЕ мисијата во Скопје ја презеде во Септември 2015 година. Пред тоа, таа беше заменик директор на ОБСЕ мисијата во Босна и Херцеговина, а пред тоа служеше како советник на Високиот Комесар на ОБСЕ за Национални Малцинства и советник во претставништвото на Директорот за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

Спектакуларното и разноврсно  интернационално работно искуство на оваа млада Финска дипломаткиња  ги вклучува и разните должности во Европската Унија и Обединетите Нации, како и активностите во не владините организации.

Нина Суомалаинен има над 22 години работно искуство во својство на менаџерски капацитет, развој на институции, заштита на човековите права, промоција на  сполова рамноправност, како и советник за изборни процеси во разни земји.

Суомалаинен од образовни титули има местер по политички науки, а од јазиците покрај нејзиниот фински јазик, зборува уште и англиски, француски, шведски и германски.

 

Превел од англиски,

Сотир Гроздановски

***************************

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЈОХАНЕС ХАН ВО ЧЕТВРТОК  ПАК ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЈОХАНЕС ХАН

 МИА - Потврдува од Брисел, дека овој Четврток во Скопје доаѓа еврокомесарот Јоханес Хан, среде политичка криза и разговори за формирање Влада, на средба со политичките лидери.

Маја Коцијанчиќ, портпаролката на Европската комисија денеска за МИА потврди дека, главен настан поради кој Хан доаѓа во Република Македонија е состанокот на министрите за надворешни работи, енергетика и економија од шесте балкански држави (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора).

Гласноговорничката на ЕУ Комисијата Маја Коцијанчиќ

Гласноговорничката на Еврокомисијата потврди што ќе се разговара на министерскиот состанок, а тоа е унапредување на пазарот за електрична енергија на Балканот, а и потврди дека и политичките лидери од Македонија ќе се најдат на агендата на Хан.

- Комесарот Јoханес Хан ќе биде во Скопје в' Четврток на 9 февруари 2017 година на состанок со министрите за надворешни работи и енергетика од шесте земји на Западниот Балкан. Учесниците ќе го забележат постигнатиот напредок во енергетскиот сектор и ќе разговараат за мерки за унапредување на регионалниот пазар на електрична енергија. Исто така ќе се разговара и за подготовка на Самитот за Западен Балкан, кој во јули ќе се одржи во Трст, Италија.

На маргините, комесарот Хан исто така ќе има и билатерални разговори, меѓу кои и со претставници на сите политички партии на земјата домаќин - изјави Маја Коцијанчиќ.

Како што е познато, еврокомесарот Хан доаѓа во Македонија за време на заглавените разговори за формирање влада, по парламентарните избори на 11 декември 2016 година, при што со себе ја носи идејата на неформалната влада на Европската Унија за создавање широка владина коалиција во земјата, која ќе има задача, покрај многу реформи, да го реши и прашањето околу разликите за името со Грција.

(АМИН и да си ни жив Хане господине! )

**********************************************

Македонски Албанци Скопје 1910 година

МАКЕДОНСКИ АЛБАНЦИ

 

Македонски Албанци или Албанци во Македонија (албански: Шиптари)

Вкупниот број на Албанците во Македонија е 509.083 жители, што претставува околу 25% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници се во околината на градовите Тетово (70% од вкупното население), Гостивар (56%), Debar (58%), Struga (56%) i Ki;evo (31%).

Албанците во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18в век. Според отоманскиот попис на населението од 1430 - 1431 година, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наемници, но во многу мал број.

Во отоманскиот попис од 1452 - 1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје.

Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постој и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник ( 28 ноември - Ден на албанското знаме ). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.

Извадено од Википедија

 

ШТО МИСЛИ ЦИА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Американската Централна  Разузнувачка Агенција ( CIA ) уште во 1979 година сметала дека албанското малцинство во Македонија може да го дестабилизира регионот. Таа, во тие години го подготвувала Косово да се отцепи и да стане независно, покажуваат документите што ги објави американската разузнувачка агенција ЦИА.

Според оваа американска агенција, независноста на Косово била природен процес и дел од соединувањето кон "Голема Албанија".

"Режимот на Енвер Хоџа  во Албанија го смета Косово како ентитет под привремена контрола на Југославија. И ако се' уште нема докази за субверзивни активности на Косово, ситуацијата е созреана за странско мешање. Проблем претставува и албанското малцинство во Македонија, кое може да го дестабилизира регионот на кој и Бугарија има територијални претензии - пишува во извештајот".

ЦИА исто така забележува, дека тогашните еден милион Албанци во Југославија се најсиромашни во земјата, со највисока стапка на наталитет и со голема неписменост.

"Тврдата струја на албанскиот национализам се развива меѓу нив со цел надминување на ефектот на некогашната српска престолнина, а базирана врз нереалните очекувања од економска корист. Присуството на независна албанска татковина внатре во границите на Косово му дава странска димензија на проблемот", оценува ЦИА.

 

Телеграф.мк

*****************

Kind regards> 08 февруариi 2017 година

Sotir Grozdanovski број 50

ВИДЕО ЗАПИСИ