ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕ БИЛЕ   АТАК НА ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА

************************************ 

     Меѓународната организација за заштита на човековите права, една од највлијателните организации во светот го одби барањето на Македонското движење за заштита на човековите права  да ги осуди од Обединетите Нации спонзорираните преговори за промена на името на Република Македонија.

Бенџамин Ворд, заменик директор на групата за Европа и Централна Азија одбивањето го образложи со следната изјава: "Ја разбирам вашата загриженост во врска со прашањето за името, но бидејќи тој проблем, кој што е во сушност меѓудржавен спор, може да биде поврзан со последиците за човекови права кои што имаат влијание врз македонското малцинство во Грција ( или на било кое друго место ), не е според нас прашање поврзано со човекови права, бидејќи државите не се тие што имаат човекови права."

Името на државата е во директна корелација со тоа како се нарекува народот. Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права  Бил Николов го објаснува тоа вака : "Причината што Грција се спротивставува на името на Македонија е заради негирање на постоењето на македонскиот народ во целина, како и прогонување на македонското малцинство во Грција. Тие не сакаат некој тие луѓе да ги знае како Македонци, па името на државата директно влијае врз основните човекови права ( и име ) на целиот македонски народ. Тоа што го наведувате дека државите немаат човекови права е неприфатливо затоа, што ние зборуваме за луѓето во оваа држава, на кои што дури и етничкиот идентитет не им е прифатен".

Меѓународната организација за заштита на човековите права во минатото (Human Rights Watch) имаше големо влијание врз прашањата за македонските човекови права, а нивниот историски извештај од 1994  "Негирањето етнички идентитет - Македонците во Грција" му помогна на се' уште непризнатото и прогонувано македонско малцинство да си ги објават своите маки. Како и да е, Македонците воопшто не беа спомнати во годишниот извештај на оваа Организација за 2017 година, во делот за Грција, а останатите етнички  малцинства беа само летимично спомнати. 

Во делот од извештајот на ХРВ за Србија / Косово, Македонците исто така не беа спомнати, а за Албанија и Бугарија воопшто немаше извештај.

Поради одбивањето да се осудат преговорите за името, Бил Николов им го потенцираше на ХРБ следново: "За жал, Грција се потпира на овие позиции со намера да го негира постоењето на Македонија и Македонците".

Како основа за негирање на Македонците и другите етнички малцинства и нивните човекови права, Грција употребува квази - аргументи. Според официјалната политика на Грција, македонското малцинство во Грција "не постој, но и кога би постоело...", според нив "човековите права не можат да се применуваат колективно, туку важат само за поединци".

Грција дури и се осмелува да тврди нешто што е апсолутно неточно, а тоа е дека сите поединци во Грција уживаат "еднакви човекови права". И уште тврдат дека со децении биле дискредитирани од Обединетите Нации, Европскиот суд за човекови права и од други организации што ги анализирала човековите права во нивната земја. За жал, сегашната позиција на ХРВ за прашањето за името, несвесно, спаѓа во категоријата на користење на семантиката како основа за негирање на човековите права на Македонците.

Како што ХРВ направи во својот извештај од 1994 година, ММДЧП се надева дека ова движење ќе заземе значајна улога во одбрана на основните човекови права, согласно нивниот мандат, па веднаш ќе побара прекин на преговорите за името. ММДЧП ги повикува и другите организации за човекови права да го направат истото, а го повторува и повикот до меѓународната заедница, до оној поголем дел кои ја признаа Македонија под нејзиното вистинско име, да го преземат логичниот чекор и да побараат крај на преговорите за името.

Ваквите чекори би значеле и крај на, од Обединетите нации спонзорираниот напад врз Македонија и врз правата на Македонците за самоопределување, самоидентификација и најосновните човекови права.

************************

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови  и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. 

За повеќе информации : 1-416-850-7125

******************************************************

 

 

 

Тукидид грчки историчар

 

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

(Институт за национална историја) 

 

ДЕЛ - 03

МАКЕДОНСКИТЕ ЦАРЕВИ ОД ДИНАСТИЈАТА АРГЕАДИ

 

Според античките записи, со името Аргеади се означува првата царска династија во Македонија (Аргеас е епонимниот херој на Македон), која се поврзува со градот Арг во Орестида. Кон крајот на VIII век пр.н.е. под водство на македонските владатели, започнува процес на обединување на долномакедонските и горномакедонските племиња во една држава. 

Владателската династија аргеади е парадигма за организирано владеење со векови, со една. единствена цел, Македонија да стане моќна држава. Историскиот период на владеењето на македонските цареви од династијата Аргеади започнува во 707 г. пр. н.е. и трае се'  до 310/309 г. пр.н.е. Имињата на македонските цареви по хронолошки ред се : Пердика I, Аргај, Филип, Аероп I, Алкета, Аминта I,  Александар I, Пердика II, Архелај I, Орест, Аероп II, Аминта II, Павсаниј, Аминта III, Александар II, Птолемај Алорски, Пердика III, Филип II, Александар III, Филип III, Александар IV, ( 310/309 г.пр.н.е.).

Моќта на македонската држава се должи на способни владатели, устремени кон економско, политичко и социјално јакнење на државата, неповредливост на државните граници, создавање на моќно воено устројство, обезбедување на поволна позиција меѓу државите на Балканот, со хегемонистички претензии кон Хелада. Македонија и Македонците стануваат доминантен чинител на Балканот за време на ФилипII Македонски, со идејата за освојување на Светот, реализирана од неговиот син Александар III Македонски.

Историјата на најстарата македонска династија накусо е забележана во историографиите на Херодот и на Тукидид. Во овие записи има голем број легенди за осовањето на македонската династија (легендата за трите браќа, Пердика, Аероп и Гаван) и голем број податоци за древните обичаи и митови на Македонците (митолошката претстава на Сонцето, реката). 

Првиот македонски басилевс Пердика I (ок.707-659), заповедал да биде погребан во Ајга, првата македонска престолнина, така да не само неговите туку и коските на подоцнежните цареви да бидат таму полагани (според македонската легенда, на овој начин царската власт останувала во семејството).

За следните владатели Аргај (ок. 659-645), Филип I (ок.644-640) и Аероп I (ок.639-574) има малку податоци, а се однесуваат на нивното војување со Илирите. Аероп војува и со Тракијците, ја јакне македонската воена организација и ја проширува државата.

Поопширниисториски записи има за македонскиот цар Аминта I и неговиот син Александар I. Во ова време започнува воениот поход на персијската војска на Балканот (513 г.п.н.е.) и нејзиното движење преку Македонија кох Хелада. Аминта I (540-498) во почетокот владее со Пиерија, Ботиаја и Еордаја, но власта ја проширува во областа покрај детата на Аксиј и западна Мигдонија / областа Анатемунт, се' до северната граница на државата / планината Дисор. Аминта воспоставува добри политички и трговски врски со Пизистратите од Атина. По походот на Дареј против Скитија, Македонија е принудена да ја признае персиската власт.

Следниот владател е Алаксандар I (498-454), во хеленистичко време наречен Филхелен (љубител на Хелените), постар син на Аминта I. Владее во Долна Македонија, од Олимп па се' до реката Стримон (Струма), Како и во дел од Горна Македонија (Линкестида, Орестида, Елимеја).

Во првите години од владеењето на Александар I територијата на Македонија е под контрола на огромна војска на персискиот цар Ксеркс во која влегуваат војски од сите освоени етноси на Балканот; и македонската војска учествува во Грчко - персиската војна на страна на Персијците. Според Херодот, Александар испраќа гласници до хеленската војска, сместена во Темпе (480 г. пр.н.е.), премин од Долна Македонија кон Тесалија, за да ги предупреди Хелените на опасноста и големината на персиската војска; истовремено, Александар е испратен од Ксерксовиот војсководител Мардониј во Атина за да им порача на атињаните да влезат во сојуз со Персија; а пред битката кај Платаја, "Александар Македонецот" тајно излегува од логорот на персиската војска за да им го пренесе на атињаните планот на Мардониј.

Се чини дека сите овие епизоди од Грчко-персиската војна Херодот ги раскажува за да ги оправда наклоноста и пријателските односи на Атина кон македонскиот цар, кој е прогласен за проксен и ебергет (доброчинител и пријател) на Атина, а по Грчко-персиската војна му е постаена златна статуа во Делфи. Најверојатност наклоноста се должи и на постојаните трговски врски помеѓу овие две држави, посебно на испораката на дрвен материјал од Македонија, неопходен за атинската флота.

Од другата страна, повторно според Херодот, Александар сака да се натпреварува на Олимписките игри на Хелените, но Хелените не му допуштаат, "зашто натпреварот не е за барбари, туку за Хелени", поради што Александар е принуден да го докажува своето хеленско потекло, користејќи ја хомонимијата меѓу Арг во Орестида и Арг на Пелопонез. Освен овој книжевен податок, победата на Александар на Олимписките игри не е забележана во зачуваните списоци на олимписките победници.

По Грчко-персиската војна, со приклучување на новите територии на Едонците на исток до реката Стримон, Александар I економски ја зајакнува државата со експлоатација на рудникот за сребро на планината Дисор, со што започнува монетоковањето на македонските владатели. По смртта на Александар I власта е поделена помеѓу неговите синови: Пердика ја добива врховната власт во Ајга, Филип во Амфакситида, за Алкета не е познато кој дел од Царството му е даден, а Аминта и Менелај остануваат анонимни како владатели.

Пердика II (454/413 - 414/413) ја следи озновната цел на претходните македонски владатели - создавање моќна македонска држава, а за таа цел користи сложени дипломатски игри, тактики и стратегии. Пердика II владее за време наПелопонеската војна (Тукидид) и го користи непријателството на најголемите хеленски полиси Атина и Спарта; македонскиот цар го поттикнува антагонизмот помеѓу нив и дипломатски, според интересите на својата држава, се приклонува кон едниот или другиот полис.

Во ова време односите помеѓу Македонија и Атина се судираат на северниот брег на Егејското Море, во базенот на реката Стримон, каде се формира атинската колонија Амфипол (437/436 г.пр.н.е.). овој град има невероватнао  значајна стратегиска положба, зашто е сместен во област што е посебно значајна за трговијата со дрвен материјал, неопходен за корабоградба, но и област која на Атина и' овозможува контрола над копнениот пат на житото од Крим.

Македонија е двапати нападната од атинската војска кај Пидна и, благодарение на коринтската војска, која им се спротивставува на атињаните во битката за Потидаја (432 г.пр.н.е.), запираат битките кај Пидна.

Воениот судир се обноввува кога Пердика склучува договор за воена помош со Спарта, а Атина, заедно со одрискиот владател Ситалк, се подготвува да ја нападне Македонија. Многубројната војска на Ситалк, преку Струмичката Котлина и Добер (Валандово), навлегува во Амфакситида и ги пустоши Мигдонија, Крестонија и Анатемунт. По едномесечно војување, Ситалк не ја добива ветената помош од Атина и тракиската војска се повлекува. Пердика склучува мировен договор со Ситалк и ја мажи својата сестра Стратоника за идниот одрински наследник.

 Загрозана од атинските напади, Македонија и халкидичките градови бараат помш од Спарта. Како помош во Македонија пристигнува спартанската војска на чело совојсководителот Брасида, кој успешно војува и го зазема Амфипол. Според договорот, Брасида со голема војска му помага на Пердика (424/423 г.пр.н.е.) да завојува против линкеститскиот владател Арабај, кој се противи на централната македонска власт; но спартанско-македонскиот сојуз е раскинат зашто спартанците остануваат сами да се борат со илирската војска, која војува на страна на Арабај. Овој воен поход на спартанците завршува по битката кај Амфипол, каде што загинуваат спартанскиот војсководител Брасида и атинскиот Клеон.

Во 417-416 г.пр.н.е. македонскиот цар е прогласен за атински непријател, зашто во битката за освојување на Амфипол не им испраќа воена помош на атињаните и се приклонува повторно кон Спарта. Атина испраќа војска на македонскиот брег кај Метона за да ја пустоши земјата. Но, и по овие настани, историчарот Тукидид запишува дека Пердика повторно војува заедно со атињаните кај Амфипол (414 г.пр.н.е.).

Во историски период, набиен со воени судири и силни политички влијанија на моќните полиси, Атина и Спарта, Пердика успева да ја зајакне македонската држава и да се погрижи за културното издигање на Македонија преку постојаните културни контакти со хеленскиот свет. На дворот на македонскиот владател се присутни многу учени Хелени ( на пример, познатиот лекар Хиперит и дитирамбискиот поет Меланипид).

Идејата за политички, воено и културно моќна Македонија ја следи и наредниот цар Архелај I (413-399), син на Пердика II. Во ова време констелацијата на воените и политичките настани во хеленскиот свет создава нов однос на Атина кон Македонија; за време на Пелопонеската војна атинската воена и економска моќ е уништена, а Македонија добива големо значење со испораката на дрвена граѓа за потребите на флотата на атинската демократска странка. Поради заемниот интерес се воспоставуваат подобри трговски и пријателски односи помеѓу Архелај и Атина; така, Архелај ја добива почесната атинска титула проксен; сепак, според Трасимах, Архелај е "барбарин" наспрема Хелените и затоа не може да стане член на Пелопонескиот сојуз.

Новите политички односи му овозможуваат на македонскиот цар да ја прошири државата со спроведување воени и монетарни реформи. Архелај воено и политички им ја наметнува својата власт на горномакедонските области во кои владееле Арабај (Линкестида) и Сира. Според Тукидид, Архелај гради голем број тврдини, рамни патишта, организира се' што е потребно за војување: коњи, оружје и друга опрема, поуспешно од сите други цареви што владееле пред него.

Најверојатно од геостратегиски и економски причини, Архелај ја пренесува престолнината од Ајга во Пела, која во време на Филип II се издига во вистинска престолнина. Централната позиција на новиот политички и административен центар на Царството - Пела, овозможува да се контролира целата територија на државата: на запад, до планината Пинд, на исток до реката Стримон, на север - патот по долината на Аксиј, а на југ - морето со пристаништето на езерото Лудија - Факос.

Архелај економски ја зајакнува својата држава со спроведување "монетарни реформи", т.е. промена на монетарниот систем во лидиско-персиски; од негово време има голем број нови монети, кои се користеле долго време и на многу широка територија.

Архелај I воспоставува македонски Олимписки игри (гимнастички, мизички и драмски натпревари во чест на Диос и Музите) во светиот град Дион. Македонскиот цар станува "мецена" на уметноста, а Пела - културен центар на Балканот, град-домаќин на видни мажи: историчарот Тукидид, трагичарот Агатон, епскиот поет Хојрил од Самос, китаристот Тимотеј од Милет, зографот од Зевксиј, кој го исликал дворецот во Пела и ја основал македонската сликарска школа; трагичарот Еврипид последните години од животот ги поминува на македонскиот двор, каде што ги пишува драмата Архелај (посветена на владателот) и трагедиите Бахии и Ифигенија во Авлида.

Еврипид починал во Македонија (408 г.пр.н.е.), а погребан е во градот Аретуса; надгробниот епитаф го составува македонскиот поет Адај. Има податок дека Атина ги побарала посмртните останки на Еврипид, но Македонското народно собрание го одбива ово барање.

Пред крајот на животот Архелај војува со линкестискиот владател Арабај и со Сира за превласт во Македонија. Македонскиот владател е убиен за време на лов.

 

Продолжува

************** 

Ристо Стефов

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ - 20

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

СОГОВОРНИКОТ -  Нешто што би сакал со Вас да позборувам е мојот интерес околу затворските искуства на татко Ви... траумите кои ги доживеал во војниот логор на далечниот егејски остров и последиците на неговиот живот од кои долго време не успеал да се ослободи.

Верувам дека искуствата од затворските денови на тој егејски остров значајно влијаеја на неговиот живот. Исто така верувам, дека тие неугодни искуства го направија и гневен спрема грчките власти и дека долги времиња неможеше да се ослободи од нив. Неспорно дека неговите искуства делуваа и на вас, како дете, живеејќи и растејќи во таква една средина; дали тој Ви зборуваше за маките и неугодностите во кои се сретнуваше секој ден и како  Вие  реагиравте на сето тоа; беа ли неговите емоции толку силни та дури и Вие ги запримивте како свои?  Дали  неговите искуства, кои и Вие ги презедовте како свои,  беа причина за вашето ангажирање во работата која со таква посветеност ја извршувате,  пишувајќи  историски дела, преведувјќи  текстови и настојувајќи да ги исправите грешките  и неправдите на генерациите од времињата на вашиот татко?

РИСТО - Како што реков и порано, татко ми беше дословно киднапиран од грчките органи на власта и фрлен во затвор; без никакви објаснувања или обвинувања! Не би ли и Вие биле гневен да Ви се случи такво нешто знаејќи дека не сте  ги прекршиле законите на државата? Ете така беше и во такви услови, ние, Македонците, живеевме во Грција! Тој не беше само фрлен во затвор, тој беше малтретиран, мачен, понижуван и до колку тој можеше да свати, ништо лошо не направил за да биде третиран на таков брутален и не човечен начин.

Макронисос бил најлошото затворско искуство во неговиот живот. Никој не заслужува да биде третиран на таков начин. Рутински, во најжешките летни денови и часови затворениците беа терани да трчаат наугорница до врвот на ридот во една колона помеѓу два реда полицајци, кои безмилосно ги тепале со пендреци и други тврди шипки, до онесвестување. Ретко кој од нив стигнал до врвот стоејќи на ноsе. Тоа било страшно и за  гледање, особено потоците крв слевајќи се од измачените тела на несреќниците, нестанувајќи негде во земјата под нив. И згора на сето тоа, после тие страшни тортури и измачувања, понижувањата со присилување да потпишат изјави дека ги признаваат грешките за што се затворени и при тоа да му ветат лојалност на режимот кој ги затворил и истепал до непрепознатливост.

После некое време од ваквите нечовечки однесувања, многу затвореници полудувале, па биле затворани во жичани кавези. Дури и најмал поглед кон униформите на полицајците ги доведувало до лудило и страшни грчеви, проследени со не природни крикови.

Во многу прилики биле посетувани од грчки, а по некогаш од странски новинари (француски и англиски), но никој не се осмелувал да се жали на  животот и третманот на овој проклет остров далеку од очите на јавноста. Истите полицаици кои ги тепале се облекувале во затворски униформи и се мешале меѓу нив за време на таквите посети.

Новинарите потоа известувале дека  со затворениците добро се постапувало, дури некои велеле дека тие живееле како во рај, по тврдeњето нa некои (сигурно од полицаиците помешани со затворениците). Заправо, тие биле толку уплашени, да би се сложиле на се'. Дури и да им се сугерирало дека и свињите летаат. По некогаш  нивните чувари биле толку уверени во нивната "рехабилитација", да им дозволувале да гласаат на  националните избори. Но на нивно разочарување, повеќето затвореници не гласале баш како што тие очекувале.

Изборите, меѓутоа, на затворениците им донеле промени на подобро. Конечно тие можеле и да се пожалат без страв од одмазда.  Меѓутоа, врз пишувањата на новинарите, никој не им верувал. Дури и  министерот на системот за рехабилитација кога во една прилика ги посетил особно, не им поверувал на некои кои му се пожалиле на односот на полицијата спрема нив. Сите притужби ги сметал за неосновани и сулуди, се' дури еден по еден не си ги спуштиле долните облеки и не му ги покажале своите повредени гениталии. Тогаш министерот се фатил за глава од неверица дека и такви нешта се дешавале. По тоа поднесол кривична пријава против генералот задолжен за кампот.

Злосторствата врз затворениците не се ограничувале само на повреди на нивните тела, тие биле присилувани да работаат како робови и згора на тоа тие биле лишени дури и од правата кои им припаѓале како затвореници. Со нивните пари чуварите купувале граѓевен материјал и со нивната работна сила граделе простории за спиење, канцеларии и рекреациски дворани. Дури и кога затворениците приговарале, ниту драхма не им бала вратена. За да преживеат, требале да се снаоѓаат на било кои други начин.

После две години проведени во војничкиот камп (логор), некои би требало да бидат ослободени. Меѓутоа, да би се квалифицирале за отпуст, секој би требало да потпиши изјава со која ги признава криминалните дела кои и така не ги направил, при тоа  давајќи заклетва на верност и лојалност кон Грција (кон режимот на власт). Им давале два избора: потпиши признание и оди или во спротивно, ќе останеш во затвор доживотно.

Им било дозволено да ги повлечат признанијата кои ги потписале порано, а кои биле потписани под присила. Македонците биле најмногу злоставувани. Како би ги препознал Македонците или Грците по нивните признанија? Без разлика, сите Македонци, дури и полуписмените земјоделци, биле окривувани да се припадници на комунистичата партија. За грчкиот режим, во тие времиња, да се биде член на комунистичката партија  бил најголем злочин за некого да направи.

Меѓутоа, страдањата на татко ми не завршиле со неговото ослободување од затворската казна. Тој стигна во Ошчима на 17ти јануари 1952 годин, без драхма во џепот или нешто материјално.

Ја нашол својата куќа празна и од имот и од членовите на семејството. Сите беа протерани некаде надвор од Грција. Татко ми остана сам во куќата, празна и ограбена. Се' беше однесено: алатот на татко ми, земеделските помагала, целата покуќнина, алиштата. Се' што беше употребливо.

Неговите родители, браќата и сестрите, заедно со 90% од селаните на Ошчима, оставија се' и побегнаа од земјата, на брзина, како би избегнале смрт од грчките бомби. После завршетокот на војната, на сите им беше забрането да се вратат назад.

Ден после враќањето во Ошчима, отиде во полициската станица Желево да се пријави, како му беше наредено при отпуштањето од заточеништво. Им ги покажа документите дека е отпуштен од затвор, доби лична карта и дозвола за патување, но со ограничен домет од 30 км од местото на живеење. Во овој случај с. Ошчима.

После три дена, доби и позив да се јави во војниот отсек во Желево. Уште не влезен во канцеларијата, одговорниот го погледнал и му одбрусил како да  му го отепал татко му: "Ќе умриш само  ако трепнеш " и му наредил да му се макни од пред очи и да се врати дома. До последниот ден од својот живот, татко ми неможеше да го свати значењето на неговата закана. 

Ден после оваа посета на полициската станица во с. Желево, одново беше повикан да се јави и да разговара со некој тајни агент во цивилна облека. На прашањето зошто бил повикан, еден од присутните му поставил прашање  што се случува во Ошчима. Мислејќи така, што би требало да се случи, превртувајќи ги минутите низ неговата глава што работел, која нива ја посетил и тнтн, агентот се извикал на него  да не се прави наивен и нека му кажи што се случува со комшиите, а не што тој работел.

Откако  татко ми му објаснил на агентот дека не знае баш ништо што се случува со комшиите, зошто баш и не се дружел премногу, бидејќи си имал свои работи со кои се занимавал, агентот се налутил и го истерал со зборовите да дојди назад утредента пак. Откако татко ми го прашал зошто би требало пак утре да дојдам, "сакам да имам контрола над тебе", бил одговорот на полицајцот. Неговиот "паметен" одговор го налутил татко ми, па му рекол: "па ако толку сакаш да имаш контрола над мене, тогаш намести  ми кревет до тебе , па така ќе имаш контрола и кога спијам". Тоа го налутило полицаецот и му викнал : "Надвор !" Потоа си го сменил умот, па му рекол на татко ми да доваѓа еднаш неделно, и тоа во недела. 

Следната недела, кога татко ми се појавил во станицата, пак го запрашал што се случувало во Ошчима, на што добил ист одговор како и порано: "ништо!". На тоа полицаецот се налутил уште повеќе и му рекол дека не сака уште еднаш да го види и нека си бега од таму. Задоволен со таквиот поволен крај од средбата, татко ми си се вратил дома. Јас мислам дека наканата на полицаецот беше да го претвори татко ми во шпијун на своите соселани, но не му успеало.

Но изгледа ѓаволот не му давал рает на полицаецот, па пак после некое време го повикал татко ми во Желево и му дал некое писмо  да го однесе во војниот отсек во Маниук, Костур. Меѓутоа, тие откако го прочитале писмото, му рекле дека немале такво барање од полицијата и затоа нека си оди дома, што татко ми тоа го направил со задоволство.

Неколку години подоцна, пак ѓаволот не им дал мир на полицијата, па  одново го повикале во Желево.  Му ја зеле патната исправа со напомена, дека овој пат е во куќен затвор, со движење само околу Ошчима, без некоја посебна причина што би ја објаснила казната. А до колку ќе  му биде потребна патна дозвола, тогаш требало да  се обрати директно до шефот на полицијата.

Ете, на кусо, тоа е мојот одговор на вашето прашање како беше татко ми третиран од грчкиот режим во неговата сопствена куќа, во која беше роден.

Татко ми, заправо, ми има кажано и многу други прикаски за настани од неговиот живот и искуства не само од неговиот престој во заточеништво, туку и од животот во општо. Но дали сето тоа делуваше негативно во моето растење во зрел човек?  Да постанам гневен на Грците и режимот во Грција? Или сето тоа е причина да се бавам со ова со  што се бавам како би ги исправил грешките и неправдите  на татковата генерација? Не! Но ме натера да размислувам. Роден сум во Ошчима и признавам дека сум дете на трауматизирана генерација, меѓутоа, јас не се чувствував  страшно и необично . Роден сум и израснат во такви животни околности и сето тоа за мене беше нормално.

Стравот, сомнителството и недовербата, специјално спрема странците, беа нормални појави и дел од секојдневниот живот. Тоа беше, ете, така за сите нас, за мене, македонската генерација родена во Грција после завршетокот на грчката граѓанска војна. И покрај сето тоа, мојата вродена љубопитност, за се' околу мене секогаш ме влечеше да сознам повеќе за причините што доведоа до таква положба во земјата, нашата земја, македонската. Не само дека нешто се случило, туку зошто се случило.

Слушав  прикаски и разни други раскажувања по десетина пати, меѓутоа ми изгледаше дека никој не можеше   да ми објасни зошто баш на нас Македонците ни се дешаваат такви грозни нешта постојано во нашата историја.

Тоа беше причината, јас мислам, која ме натера да размислувам и да научам повеќе и откако научив повеќе, посакав да пишувам и преведувам наши прикаски, историски настани, да сватам не само дека нешто се случило, туку да пронајдам зошто нештата се случуваат.

Добро е да се сознае дека нештата се случуваат на секаде околу нас од повеќе причини и за наше општо добро.....да не ги поновуваме истите грешки и понатака. Ние, како македонски народ, се понашаме како "невидлив и непостоечки народ"  во чие стварање учествуваше  окупаторот и узурпаторот на нашите хумани особини и ние мораме тоа да го промениме. Нивната долга окупација ни всади длабоки чувства на немоќ и комплекс на помалку вреден народ. Ние мораме да се затресеме и да се ослободиме од таквите негативни чувства. Меѓутоа, пред да покушаме со таков еден експеримент, мораме да се осознаеме кои сме, што сме и од каде доваѓаме. Да си го пронајдеме својот корен, а не да останеме на тоа какви нашите балкански соседи и големите светски сили не направија да бидеме.

Ни го украдоа минатото: - нашата слава и нашето наследство, затоа ние треба сето тоа да си го повратиме назад. Ние секогаш сме постоеле и постоиме. Сме биле нација пред да створиме држава. Не обратно; како Грците.

Јас сум еден од првите писатели кој ја експонирал Грција како вештачка држава створена од странците и како држава створена на лаги и нечесност. Со овие факти е запознат секој Македонец кој ги прочитал моите текстови и на англиски  и на македонски во "Македонски Збор".

Јас не сум гневен спрема Грција и грчкиот народ; меѓутоа разочаран сум со начинот како грчката држава не третира нас Македонците. Сигурен сум дека во овие нечесни однесувања тие не се сами. Грција е уште една играчка во рацете на големите светски сили; инструмент преку кој е приморана да се однесува како тие и' наредуваат да се однесува, ако сака да преживее....но во исто време е  за жалење што откако и' е подарена Македонија, односно дозволено да ја окупира и експлоатира заедно со Македонците во неа, Грција наместо да се грижи и чесно да се однесува, таа покушава на секој начин да го уништи македонскиот народ. И чинејќи го сето тоа, Грција  не ја искажува само својата накана, туку и вистинската неспособност за човечност и мудрост во водењето на државата.

Многу важно е за нас Македонците да се самоосознаеме,  независно што и колку можиме да сториме за својата положба во која се навоѓаме денес. Еден ден , кога околностите во светот ќе се променат, ние треба да  сме подготвени да си ја земеме судбината во свои раце. Тоа е се' што можам да советувам, за сега.

А сега, дозволете ми да се вратиме и да ја продолжиме нашата прикаска.

Грција беше креирана од Западот и е протекторат на Западот. Грција од секогаш била англиска тврдина на патот кој ја попречува  Русија да влезе во медитеранските води.

Во минатото Англија гледаше со симпатии кон грчките интереси, но во исто време имаше потреба од една силна Турција која би и' се спротивставила на Русија. Во почетокот Британија беше подготвена да ја потпомогни Турција во спречавањето на Русија да го заземе морскиот премин од Црното Море кон Медитеранот, со што би ја загрозила и медитеранската трговска рута.

"Кенинг, (Британски политичар 1812-1862) имаше план да ја прекине руската предност, не со директно спротиставување, туку со нејзино здружување заедно со Британија и Франција насочено кон осамостојување и креирање на неколку национални држави во регионот од делови во составот на Турската Империја. Таквите новостворени држави би требало да бидат отпорни на руските напори врз нивната самостојност и неовисност, еднаш кога би се створиле таквите услови за отцепување од Турција. Креирањето на грчкото кралство било во првиот дел од планот на овој британски политичар" (стр. 372, Trevelyan, British History in the 19th Century).

Порано  веќе објаснав дека  грчкото кралство беше "креација на Западот" со цел да се остварат две проекции. Со  едната Русија  да се држи  надвор од Медитеранското Море, а со другата словенската земја окупирана од Османлиската Империја да се раздроби на мали парчиња и од нив да се креираат неколку  национално различни, лесно контролирани  и лојални државички.

Креирани од западните сили, новите балкански држави би биле лојални на нивниот креатор; Британските политичари цврсто верувале во тоа и сметале на нивната лојалност. Истите тие западни сили го измислија и применија "национализмот" како замена за Османлиската Империја на Балканските простори. Не со една држава, туку со повеќе национално различни, едноставни за контрола и лојални државички: Србија, Бугарија, Романија, покрај Грција. Да споменеме и тоа, дека национализмот на Балканот  не бил начин со кој народите се идентификувале пред 19от век.

Како што споменав и порано, оваа балканска регија беше без граници, дури од времето на Филип II Македонски. Да, без граници над 2300 години и без некои посебни национални чувства или национален идентитет. Луѓето ги спојувала само религијата над 1800 години и живееле во мир и заедништво. Во таков безграничен простор со слободно движење, вработување и избор на најпогодно место за живеење, на просторот на империјата, најдуваа спокој и заштита од надворешни непријателски закани.

Па така, како е можно некој одеднаш да креира "национализам ", кога за такво нешто никој не знаел ниту пак до тогаш како термин,  постоел? 

Игнорирајќи го фактот дека Османската Империја од 19от век беше повеќенационално и повеќе културно плуралистичко општество, западните сили сепак иницираа процес за креирање на нации.

За нив не беше, воопшто, важно какви "нации" тие креираат, се' дури тие се не-славјански и раздвоени општества кои ќе ја држат Русија надвор од Медитеранското Море и нивните трговски линии.

За несреќа, Македонија не припаѓаше меѓу тие кои пристануваа на западното моделирање, па затоа никогаш не и' дозволија да се осамостој како и горе споменатите новостворени балкански државички. Да бидат сигурни дека Македонија нема да си го оствари своето природно право на самостојност, одлучија нејзината територија да ја  распарчаат на четири различни делови и да им ги даруваат на државите кои пристанаа на лојалност и извршување на западните себични планови насочени кон: Русија надвор од Медитеранот. Но не само тоа, туку и со премолчување им дозволија дури и македонскиот народ да го уништат на секакви нечовечки начини, помагајќи им активно во нивните злосторства, како во случајот со  креирање и иницирање на така-наречената грчка граѓанска војна.

Па така, тоа што и' се случуваше на Македонија и македонскиот народ за време на војната во Грција, е продолжение на тоа што и' се случуваше последните 150 години откако модерна Србија (1806), Грција (1828), Бугарија (1878) и Албанија (1912) беа креирани.

После завршетокот на граѓанската војна во Грција, грчката граница беше затворена за македонските борци и бегалците. Грција презеде мерки, легални мерки, да го попречи враќањето на македонскиот народ во својата земја и свите вековни домови.

Дозволете ми да се вратам малку наназад и да ви кажам нешто вонредно важно, пошто ова се фактите. Верувам, дека и пред граѓанската војна  грчката држава имаше планови како да се реши од македонскиот народ во Егејска македонија.

"Во 1947 година, за време на граѓанската војна во Грција, правниот акт "Л-2" беше донесен. Што значеше, дека сите оние кои ја напуштиле Грција без пристанок на грчките авторитети ќе бидат лишени од грчкото државјанство и им биде забрането враќањето назад во Грција. Законот беше наменет и за Грците и за Македонците, меѓутоа, во неговата модерна верзија, законот важеше само за Македонците. Им беше забрането на Македонците, ама не и на поранешните грчки комунисти кои се бореа против  победниците, да се вратат во Грција и да  бараат конфискуваните  имоти да им се вратат.

На 20 јануари 1948 година, правниот акт "М" беше донесен. Со овој акт му беше дозволено на грчката држава да му ги конфискува имотите на сите бегалци на кои им беше одземено грчкото државјанство. Законот беше дополнет 1985 година со кои ги исклучуваше Грците, но не и Македонците. (Стр.116-117, Џон Ши, Македонија и Грција, борба за дефинирање на новата балканска држава).

Сосема јасно беше дека актот "Л-2" а "М" беа моделирани да работаат против интересите на македонскиот народ. Дури и на невините Македонци кои ја напуштија Грција и пред да започне војната им беше забрането да се вратат назад во Грција. Начинот на кој беа применувани актите "Л-2" и "М" во годините после нивното донесување покрена и други прашања  за размислување.

Ако во Грција немаше Македонци, како велат Грците, тогаш од која националност беа луѓето на кои им беше забрането да се вратат назад во Грција?

Зошто грчките закони прават дискриминација помеѓу Грците и Македонците кога имаат поволен ефект за Грција, ама не и за Македонците?

Овие прашања ги потврдуваат моите теории дека Грција за цело време од како ја окупира Македонија, имаше планови да истера што повеќе Македонци од Грција,  заедно со донесување  закони, кои ќе ги побрзаат злосторничките процеси на штета на Македонскиот народ.

Исто така, како споменав порано, во пролетта 1948 година за да се спасат децата, привремена програма беше донесена, која се спроведуваше на доброволна база. Од прилика  28,000 деца од 2 до 14 годишна возраст беа собрани и пренесени преку граница во Југославија. Од таму беа расфрлени по неколку источно европски земји, од каде никогаш не се вратија во својата родна татковина, Македонија.

Уште еднаш сакам да нагласам, дека програмата за евакуација на децата беше во надлежност на раководството на комунистичката партија на Грција, која беше во потполност запозната со правните акти "Л-2" и "М". И покрај тоа, тие ја покренаа евакуацијата на децата  отворено лажејќи ги македонските маики дека тоа е привремена заштитна мерка и дека децата ќе бидат вратени назад во Грција, чим ратните опасности ќе престанат.

Скоро сите евакуирани македонски  деца од 1948 година до ден денешен неможат да се вратаt назад во својата татковина, ниту  имаат право да си ги посетат своите родни места и гробовите на своите претци. Нека никој не ме убедува дека грчките комунисти не знаеа што ги чека  децата  и дека никогаш нема да им се  дозволи повраток назад во Грција.

Комунистите на ГКП знаеа за законите врз кои ќе им се забрани повраток назад во Грција на сите кои ќе ја напуштат Грција без согласност на грчките авторитети. И покрај тоа, тие информации никогаш не им беа соопштени на македонските родители кои дозволија, на измама, да си ги пуштат децата надвор од Грција за никогаш повеќе да не си ги видат и да си ги догледаат во духот на своите обичаи и на својот јазик, македонскиoт. ЗОШТО?

 

Продолжува 

БЕШЕ СИ БИЛА.....

Проф. Ангелина Маркус

....ПРИКАЗНА ЗА АХИЛ

 

     Мирмидонците, славно племе од Македонија, беше си имале крал по име Пелеј со царски двор во Фтија. Откако младиот крал и фрлил око на една од Нереидите - Тетида, богинка на морињата, беше ја грабнал од изворот каде што се капела со другарките. Потоа направил царска свадба со бегалката на која добил благослов и подароци од боговите, музите и народот. Оттогаш и денеска постој адет во Македонија момчиња да си земаат невеста бегалка за да се сродат и помират семејствата.

Од бракот на Пелеј и Тетида се родил Ахил, најбрзиот човек во светот. Мајка му го избањала во една света река за да добие безсмртност, заборавајќи во водата да ја потопи и петицата за која што го држела. Така Ахиловата петица останала негова слаба точка и ја задржала смртноста.

Ахил растел и се воспитувал според македонските кралски адети, со кралски другари и придружба во учењето, игрите и борбите. Исто така растел и учел и Александар во Пела. Судбината на Ахил се сврзала со тие настани уште на свадбата на Пелеј кога Ерида ги скарал богинките фрлајќи златно јаболко за најубавата. Парис или Александар, принцот од Илион или Троја ја избрал Афродита за најубава меѓу убавите. Таа пак му ја ветила за жена Елена, сопругата на кралот Менелај од Микена, која што Парис ја грабнал. Тогаш пред портите на светиот сончев град Илион пристигнале силни војски за десетгодишната борба како што се опишани во Илијадата. Рушењето на градовите, пленот, убиствата, палењето, не стивнуваат и до денес, на истите места и со истите народи.

Микенските кралеви Менелај и Агамемнон ги собрале корабите и војските за да ја вратат Елена, ќерката на Лета и сестра на Диоскурите. Ахил се судрил со Микенците од морални причини при поделбата на пленот. Микенската војска се разболела од колера, а лутиот Ахил не попуштал. Тој несакајќи да се бори, му ја дал својата воена опрема на својот најверен другар Патрокло. Хектор го убил Патрокла и му ја одзел Ахиловата опрема: штитот, шлемот, копјето и градникот што Хефест ги исковал за сончевиот син, исти кај сите борци.

Кога Ахил разбрал за смртта на својот најдобар другар и врсник, отрчал без опрема на биштето и толку силно рикнал од болка што сите се разбегале. Тоа била истата болка како онаа кога Гилгамеш го изгубил својот пријател Енгиду.

Така војните ни даваат материјал за убави епови, опишувајќи ги силните херои. Во Илијадата преку Ахил се кршат сите дилеми и со него се поврзани сите жртви. Уште кога се родил се знаело дека ќе има краток и славен век. Стрелата го погодила Ахила во петицата. Не му помогнала ниту снагата, ниту брзината, ниту борбата за етичките принципи.

Воената опрема на Ахила и Александра била иста како и нивната судбина. И двајцата биле синови на сончеви народи. И двајцата се украсуваа со шеснаесеткракото сонце на градите и со менада на македонскиот штит.

 

Професор Ангелина Маркус

АХИЛ СО СТРЕЛАТА ВО ДЕСНАТА ПЕТИЦА

Kind regards: 01 февруари 2017

Sotir Grozdanovski бр. 48