МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И НЕДЕЛИВА

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЈА ПРЕКРОЈУВА И ПРОДАВА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Никола Груевски
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

 МАКЕДОНИЈА ДОБИ МАНДАТОР ДА СОСТАВИ НОВА ВЛАДА

 

   На 11 декември 2016 година во Македонија завршија предвремените парламентарни избори и после истекот на законскиот рок,   со одлука на Претседателот на Република Македонија,  Ѓорѓе Иванов,  беше избран мандатор за состав на новата македонска влада во лицето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.  По се' изгледа дека бурната политичка криза во Македонија е на пат да се смири и да се отпочне нова, помирна развојна фаза на земјата.

Меѓутоа, ништо не е готово дури не е готово.

Претставниците на албанските политички партии во Македонија, а после сталните договарања со своите сонародници во Албанија и Косово изгледа да имаат свои планови како да им се постават на глава на Македонците и да предизвикаат крвопролевање, како впрочем, повеќе пати во не далечното минато. 

Нивните желби да постанат главен фактор на одлучување и уценување во Македонија може да доведе до тешки трауми на Балканот и да предизвика страшни последици по сите, вклучувајќи ги и нив самите.

ВМРО-ДПМНЕ не пристанува на нивните предизвици за федерализација на земјата, измена на македонскиот идентитет преку промена на Уставот, химната, знамето и многу други арогантни барања кои нема да поминат така лесно, овај пат, со цел да видат до каде ќе можат да ги понижуваат и Македонците, но и другите национални малцинства во земјата. Тоа значи, Македонците ќе мораат да се преиспитаат самите себе си, еднаш за секогаш, дали сакаат да имаат држава или ќе бидат скитници  по светот и да нестанат за секогаш.

Македонци не' има доста да се справиме со сите предизвици кои овој народ ги поставува пред нас. Но, прво да се преброиме, а тоа зависи од  нас, самите.

За составување на нова влада на Македонија и ладење на зажарените глави и скратување на зголемените апетити има време до крајот на јануари 2017 година, а после тоа, нов ден нова нафака. 

Последиците од замешаноста на  странските фактори се' уште се присутни на македонската друштвено-политичка сцена и се закануваат со изигрување на вољата на македонските гласачи. Се закануваат со претворање на победникот во губитник и продолжување на кризата која ја доведе Македонија на работ на амбисот.

Песимизмот и стравот  се' уште се присутни заедно со злите духови кои  одбиваат да се вратат во епруветата каде им е  и местото. Не се враќаат, зошто нивниот стопан  се' уште ги контролира и ако си заминува во неповрат, како и многу такви пред него.

Од љубовта, верата и надата, надата умира последна. Па затоа ќе причекаме  да видиме што не чека и каква ќе ни биде судбината која доваѓа. 

А до тогаш да видиме што има да ни каже Никола Груевски за настаните во  Македонија, за причините, последиците, но и за актерите вмешани во настаните кои се' уште не вознемируваат.

Весникот "Република" му отстапи доста простор за да ни објасни што се се' случуваше во последните 20 години во Македонија од нејзината самостојност; кои беа причините за "шарените" револуции и секакви други примитивни настани од поединци и организирани групи и нивните цели; кои беа нивните водачи и ред други важни поединости за нашата сегашност и нашата иднина во овој размрдан свет во кој владее така наречената "демократија, слобода и правдата" на посилниот.

Интервјуто на господинот Никола Груевски е опширен и богат со податоци и информации вредни да се сознаат. Исцрпни информации се секогаш корисни за донесување здрави и објективни одлуки и определби во нашите животи. Само со отворени умови, што вели нашиот народ, може да се открие вистината за доброто, но и за лошото што не опкружува.

Борбата за националните интереси е света борба и над се' друго. Крвта пролеана за Македонија е света и не сме е да  се обезвреднува. Потребно е да се запознаеме со    актерите на злото и нивните надворешни газди кои со трошки, на многу македонски интелектуалци, универзитетски и други професори и така наречени делови од "македонскиот интелектуален крем" му ја купија душата, за да работаат против националните интереси на својата сопствена држава.

Па затоа, материјалите кои ви ги понудуваме на увид би требало да ни послужат на сите нас, кои вистински си ја сакаме својата земја, како ориентација во однесувањето помеѓу себе и со другите околу нас. Нека старата изрека "верувај у се и во своето кљусе" биде изворот на мудроста и храброста, зошто другата народна изрека "бој не бие светло оружје веќ срце у јунака", е уште по охрабрувачка во ситуации кога сме од сите страни сардисани.

А сега, да видиме што ќе научиме од  разговорот со мандаторот за составување на новата македонска влада, господинот Никола Груевски.

 

Сотир Гроздановски 

 

 

ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР НЕ СМЕЕ ДА

ОСТАНЕ ВО РАЦЕТЕ НА СОРОС

**********************************

 

 

Каде бевте за Нова година?

Дома, семејно. Тоа што најмногу ни недостигаше. По Нова година два-три дена сме во Маврово. Има многу снег, децата се пресреќни. Конечно заедно по цел ден, неколку дена по ред...

Значи и Вие одморивте малку ?

Би рекол активен одмор. Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене. Прочитав и некоја книга.

Која книга ја читавте ?

"Повторно величенствена" од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам.

Што најмногу Ви се допадна во неа ?

Ентузијазмот, упорноста, енергијата, жарот, одлучноста ...Се разбира и конкретните планови и идеи на новиот претседател на САД се многу интересни и предизвикувачки...

Како со кашлањето, намаливте ли? Секоја есен-зима Ве слушаме како многу кашлате.

Да, и секоја зима одам на прегледи. Дефинитивната дијагноза е АЛЕРГИЈА. Кашлањето е само последица. Во минатото имав проблеми и со синусите, сега е тоа санирано до некаде.Но алергијата ми се јавува секоја есен и зима и се манифестира само со кашлање, често и многу силно, а за тоа нема лек; има само привремено санирање со лекови. Непријатно е, одзема многу енергија. Лекарите велат дека тој што ќе открие лек што трајно ќе ги лекува алергиите ќе добие Нобелова награда...

Дали Ви открија на што сте алергичен ?

Не. На стандардните тестови за алергија сум негативен, но во природата, во воздухот има стотици илјади алергенти на кои човек може да реагира на еден или други начин.

Можно ли е тоа да е од загадениот воздух?

Можно е, но и не мора да е директно поврзано затоа што во тие периоди имам патувано во други држави и градови, но кашлањето не запрело. Годинава не земав лекови за задржување на алергијата освен спрејови, но сега почнав и веднаш се намали интензитетот на кашлањето. Есен-зима со антихистаминици и разни спрејови и ќе дојде пролет.

Се договоривме да направиме едно интервју поврзано со активностите на Сорос во Македонија. Често е споменуван особено во Вашата партија, а никогаш подлабински немало разговор со некој политичар за тоа. А на почетокот да Ве прашам: поминавте тешка година, како ја оценувате ?

Тешка, но и интересна. Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша .. Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор што ги плаќа, влијае  во најмоќните држави во Светот и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји, како нашата, немаше да е толку тешко, а и стопанството ќе беше посилно, ќе имавме повеќе работни места. И ако и ова  што го постигнавме не е за занемарување во, една ваква тешка ситуација.

Како знаете дека Сорос има одлучувачко влијание кај најмоќните земји, кога станува збор за помали држави ?

Има многу примери за тоа. Погледнете ги на пример електронските пораки кои Сорос ги испраќа а беа објавени во Викиликс и се ќе Ви стане појасно...човекот дава јасни инструкции што треба да се прави и му поминуваат без многу дебати и проверки.

Од други објавени пораки се гледа дека влегува кај високи функционери во Америка, договара средби од денес за утре и има суштинско влијание. Ако има таков лесен пристап во најмоќната земја на светот, тогаш каков ли е пристапот кај другите, помали од Америка ?

Неговата фондација и по финансии и по кадровски потенцијал е најмоќна фондација во Светот која има политички цели. Сорос решил своето богатство да го употреби за да остварува влијание во две насоки: идеолошко кон создавање на т.н. "отворени општества" и финансиско, преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји да профитира на берзата.

По некое време, цели институции, цели министерства, можеби и цели влади и нивни разузнувачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели. Дополнително и самите тие си наоѓаат  некој дополнителен интерес од таквото делување и тераат со сите сили, а ние тука разговараме за Заев или СДСМ.... Каков Заев, какви бакрачи...

Зошто е така насочен кон Македонија, кон ВМРО-ДПМНЕ?

Прво, не е од сега, тој 25 години исто делува, но сега во последните 2-3 години најзајакнато.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ и секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центар десна и конзервативна политичка партија. Не постој една работа што ја направил ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција како институтот Отворено општество, НВО, финансирана од него, медиум или слично рекле дека тоа е добро.  И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ кој го осудиле. Значи се што е од нас е лошо, се што е од СДСМ е добро или ако не добро, барем се премолчува. Човекот кој 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Од лани навидум се пензионираше, но всушност си постави лице кое е негов послушник, кое никој не го познава, ниту му го знае името, а ги води истите политики на предходникот. И тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос.

Со политичкото влијание на Сорос, ќе ги свртат и некои влади и нивни амбасадори да се занимаваат со тебе на дневна основа и тие тераат и ти викаат за Ваше добро работиме, сакаме да Ви помогнеме...

Новата мрежа во Македонија, освен што има НВО, директно финансира, некои би рекле корумпира голем број новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, протестирачи, да, како што вели Трамп професионални протестирачи.

Под своја контрола имаат ставено голем број луѓе низ институциите на системот, административци на високи позиции, судии, обвинители, лекари, еколози и секаде каде оцениле дека ќе им затребаат за остварување на нивните цели. Значи делуваат и внатре,  со пари и со индоктринација и надвор со влијание кај најмоќни влади и политичари. Во Македонија имаат монопол во секторот  НВО, бидејќи 95 % од НВО се финансирани од средства на Сорос или влади каде тој има влијание, па парите заеднички ги насочуваат и ги договараат активностите. Ако им треба т.н. "шарена револуција..." тогаш преку НВО тоа го прават со пари.

Зошто македонската влада  дозволила да е така со НВО ?

Прашањето е на место и тука делумно сте во право. Ако нашиот домашен приватен сектор нема чувство за подршка на НВО и го остава целокупно во рацете на еден надворешен меѓународен играч и странски држави, тогаш исто толку критика треба и за владата која досега доделуваше симболични средства за НВО и на тој начин НВО станаа армија зависна од Сорос, но во служба на неговите политики. Секоја влада во секоја држава одвојува посериозни средства за граѓанскиот сектор, без притоа да влијае на неговата работа. Кај нас, потфрливме на тој план и тоа е секако првата, а  би рекол и најважна мерка во планот за десоросиозација на општеството како што кажавме во нашиот предлог. Мора да се најдат средства, да се помогне да се развие независен граѓански сектор во Македонија. Несмее граѓанскиот сектор во иднина да остане само во рацете на Сорос и на странски влади. Денес ако сакаш да работиш во граѓански сектор или мора да работиш со Сорос и да ја прифатиш неговата идеологија и цели, или нема место за тебе во граѓанскиот сектор. Таа грешка во иднина несмее да и се повтори на Македонија. Нека работи и нека инвестира Сорос во НВО, но мора активистите на НВО да имаат и други извори на финансирање до колку имаат квалитетни програми и проекти, а тие проекти мора да ги оценуваат експерти кои не се политички зависни од која и да е власт, ниту пак да се зависни од странски влади и поединци.

Велите армија НВО...

Да, класична армија! НВО Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Денес битката не се води со пушки и пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, копумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и за жал така делува Сорос. И тогаш тие прават што сакаат. Те гмечат, те сучат како тесто. Ќе те направат и криминалец и арамија и предавник и идиот и неспособен и монструм; се' што ќе наумат. Па оди ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн.

Еве на пример што правеа со Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ од 17ти декември. Ние таму јасно кажавме дека ќе ја продолжиме нормалната комуникација со амбасадорите, тоа на медиумите и кај аналитичарите платени од Сорос никаде го нема, но има дека сме објавиле војна на амбасадорите и дека сме решиле да се самоизолираме. Ние кажавме дека некои амбасадори претераа во мешањето во внатрешните работи на земјата и дека тоа мора да запре, тие тоа го извртија дека сме против Америка и против западот, против НАТО и ЕУ. Никој од нив не пренесе дека во истиот проглас кажавме дека бевме и ќе бидеме западно ориентирани, за членство во НАТО и ЕУ. Никој од нив не пренесе дека во истиот проглас кажавме дека бевме и ќе бидеме западно ориентирани, за членство во НАТО и ЕУ и за стратешка соработка со Америка. Никој. Нивните платени аналитичари секоја вечер мелат иста приказна, зборувај ти што сакаш. Можат светски медиуми како што се Асошиетед Прес или Вашингтон Пост коректно да ја пренесат информацијата, но неможе истото да го направат медиумите финансирани од Сорос фондацијата во Македонија.

Но, има лек и за тоа...

Пред да зборуваме за лекот, дозволете да ве прашам, зошто го прави ова Сорос во Македонија. Кое е вашето мислење?

Како што кажав, тој не го прави тоа само во Македонија, туку во поголем број земји, не само во регионот и од источна Европа, туку како што гледате и во самата Америка.

Второ, од она што сум прочитал, за него во некои земји ударите ги прави заради финасиски причини, да заработи многу пари, а во некои случаеви од идеолошки причини.

Тој има одредена идеологија за која многупати и јавно говори, а која  се темели врз принципи кои ги дефинира за отворени и затворени општества, при што идеологиите на конзервативните влади,  десноцентристичките влади најчесто му личат на затворени, што е тотално неточно, ама тој така го докажува тоа.

Не случајно, сите негови НВО и платеници секој ден зборуваат за слобода и демократија. Тие кои живеат овде, во земјата, знаат дека тоа го имаме, но мора да ги оправдаат парите кои ги трошат. Никој од нив нема интерес да му ја кажи вистината. А ним, Сорос им верува. Освен еднаш во 1991 година на еден ден, тој никогаш после не бил во Македонија и тој сликата за нас ја прави според тоа што му го кажуваат оние на кои им верува. Тој ги прифаќа нивните ставови и носи одлуки врз база на тоа, потоа плаќа за горе долу преку тие луѓе да ја смени реалноста, која му е преставена како реалност. Последиците ги трпи целиот народ, а тој, Сорос веројатно верува дека прави некоја добра работа, плус тоа му го потврдуваат оние кои му креирале такво мислење. Да бил тука барем една недела или две, да се прошетал низ градовите и да поразговарал со народот, би се фатил за глава околу тоа што прави, но тој нема време за тоа.

Мислите ли дека не е свесен што прави и каде се трошат неговите пари ?

Видете, тој има многу информации за Македонија и за нас, многу повеќе од колку што верувате. Многу. Но искривени, неточни и погрешно пласирани. Јас сум убеден дека барем дел од проблемот се и неговите заблуди, а не само различната идеологија од нашата.

Се' уште мислам дека тој не знае кого подржува во Македонија и против кого е. Неговото мислење за нас, кое подоцна го наметна и кај некои структури на Стејт департментот и кај други влади е базирано на многу дезинформации и на свесно направени погрешни толкувања на нашите чекори и политика. На пример, спротивно од тоа што го декларира јавно, вклучително и во неговата последна колумна пред нова година, тој, свесно или не, во Македонија подржува криминалци, авторитарни политичари, политичари што оставија без работа повеќе од 200.000 работници во процесот на транзицијата и низ процесот на криминалната приватизација, а еквивалент на тоа во Америка, според големината, е како во неколку години да се избркаат од работа околу 35,000,000 работници. Како? Многу едноставно. Направија закони со кои државните фирми место преку берза или на друг конкурентен начин, им ги продадоа за симболичен износ на олигарси блиски до својата партија, за овие потоа да им ја финансираат партијата и самите нив, политичарите на СДСМ, за кои Сорос смета дека градат отворено општество. Тие стари комунистички директори не знаеја да отворат нови пазари. Со распадот на комунизмот старите им се затворија поради либерализацијата, па ги избркаа вработените на улица, но капиталот го задржаа. Само поради ова, а има уште многу причини, да сум јас на негово место не би помислил да подржувам таква партија.

Или да земеме уште еден пример. Подржува лидер фатен на дело, со легално направена снимка по наредба на обвинител, како бара мито од бизнисмен и како раскажува дека сите бизнисмени во неговата општина во која тој е градоначалник на ист начин плаќале мито, дури и се чуди како тој што дошол кај него не е запознат со редот во општината.

Подржува политичка елита, за која е докажано дека дава лажни ветувања поради кои и неколку пати беше казнета од мнозинството народ. Елита што финансиски и економски ја фрли Македонија на колена, која кога владееше владееше без никаков економски концепт за државата и елита што никогаш, буквално никогаш нема привлечено странска зелена инвестиција, која отворила едно работно место во земјата кога била на власт. Ова го кажувам сега, кога поминаа изборите, за да не се свати дека е дел од кампања. Не е. Тоа е дел од. реалноста. Затоа, велам, надвор од идеолошкиот дел, мислам дека Сорос е во заблуда и не верувам дека ќе ја признае. Не ја познава земјата, прима само извештаи од луѓе на кои им верува, а тие, пак, од лица од структурите на СДСМ. Најголем дел од вработените во НВО и во другите институции што ги финансира Сорос се активисти на СДСМ или дури и нивни функционери, како, на пример, претседатели на локални организации и слично.

Сорос подржува партија што кога владееше, а и денес кога владее по општините низ Македонија владее недемократски, авторитарно, ја задушува слободата на медиумите до максимални граници, потоната е во криминал и во корупција, спроведува класично мафијашко водење на владата или денес општините, политичка елита која народот го гледа само како средство, како инструмент да дојде на власт и до државните ресурси и што подолго да се задржи на неа заради свои лични интереси.

Еве земете го примерот на актуелниот претседател на СДСМ за кој се откри дека со години, поголем дел од позначајните тендери во општината која ја води 11 и пол години ги доделувал на неговите роднини и високи партиски функционери. Тоа ли го подржува Сорос? За тоа ли ги троши неговите пари во Македонија? Му го кажал ли некој ова? Сигурно не, ниту пак некој ќе му го каже, или ако му каже, ќе му каже дека сето тоа е некаква местенка. Или земето го примерот со случајот Цареви Кули, каде лидерот на опозицијата договорил мафијашка зделка со некој бизнисмен за да ги избегне плаќањата на комуналии кон општината, да  изгради на диво објекти по донесувањето на законот за легализација, а да прикаже дека се изградени пред  законот. Заборавиле само дека гугл секои 6 месеци врши снимки на цела земјина топка и таму јасно се гледа кога е изграден објектот. Такво ли владеење подржува Џорџ Сорос?

Знае ли Сорос дека шефот на опозицијата за кого овој троши милиони евра за да го донесе на власт е амнестиран во криминална афера тешка 8 милиони евра, приближно колку Сорос годишно троши во Македонија? Или му кажале дека и тоа е местенка? Знае ли дека долго време исто се правдаше дека не барал амнестија и неможел да ја спречи одлуката на претседателот на државата, а сега од како се смени законот и секој има право да побара поништување на амнестијата, "лидерот" никаде го нема и чека да застари делото. Нели е ова мафијашко владеење и ова ли го подржува Сорос? Или за тоа никој нему кажува? Како што веројатно никој нему кажува дека заменик претседателот на СДСМ заедно со сопругот имаат месечни примања од околу 10,000 евра, во земја со просечна месечна плата од околу 370 евра, од кои поголем дел од парите се од издавање на сопствениот имот вклучувајќи го и оној во кој живеат, на фирмата каде сопругот и' е управител. 

Знае ли Сорос дека кога неговиот пулен Заев треба да се појави на суд за корупција, шефот на опозицијата не доаѓа и вели дека бил на средба со некој амбасадор, што потоа амбасадорот јавно го негира и на крај се покажува дека бил на средба во амбасадата со некој волонтер преведувач. И воопшто кој за средба со амбасадор одложува судско рочиште освен ако не е до срж корумпиран и виновен? Знае ли Сорос какви закани упатува кон медиумите кои не го подржуваат човекот кој тој финансиски го подржува за да стане премиер? И тоа  закани прогласувајќи ги јавно за свои непријатели тие медиуми на прес конференција. А тие медиуми си знаат уште  какви не закани имаат кои не се јавни, туку испратени преку гласници, со цел да ги замолчат да зборуваат за неговиот кримина, лаги и погрешни политики.

Да, за жал! Свесен или можеби несвесен, тој си знае најдобро. Џорџ Сорос подржува во Македонија владеење на една корумпирана и криминална политичка елита, автократски лидер на кој не смее никој да му се спротивстави за време на партиските седници на ЦК, наследници на поранешните комунисти, тотално отуѓени од народот и кој народот го гледаат само преку призмата на својот личен интерес. Тој го финансира токму она за кое јавно се декларира дека е против и дека се бори, а всушност се бори токму против оние кои со сите слабости имаат најмногу напаравено за зацврстување на демократијата, слободата, економијата и државата во целина. Тешко ми е да поверувам, дека тоа го прави свесно.

 

ЕТИКЕТИТЕ ЗА ШОВИНИЗАМ СЕ

ЛАЖНА ПРОПАГАНДА НА СОРОС

ВМРО-ДПМНЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТИ

ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

*********************************************

 

Дали тоа што го прави Сорос е повеќе против Вас или повеќе за нив, односно опозицијата ?

Мислам и двете. И мислам и за второто не е свесен. Не е свесен дека овој народ во 2006 година беше паднат на колена со речиси 39% невработеност, највисока во Европа тогаш и 32% стапка на сиромаштија, рангиран на 105 место на неговата "Транспаренси интернејшенел". Токму против кои тој се бори, а тоа сме ние од ВМРО и покрај сите кризи и пречки, невработеноста ја сведоа на околу 23%, стапка на сиромаштијата на околу 21%, а на рангирањето на корупција имаме скок од 105 на 66 место. Дека пензиите пораснаа за повеќе од 70%, а најниските за повеќе од 90%, социјалната помош исто така повеќе од 70%, дека веројатно имаме најмногу медиуми меѓу тие земји гледано по број на жители во Европа. Дека судовите не ги избира парламентарното мнозинство, како што беше во време на СДСМ, туку постој многу посложен систем во кој влијанието на извршната власт е разбиено во најголема мера, особено по последните законски измени што влегоа во сила пред две три години.

Македонија, според рангирањето на Светска банка, е петта во Европа и десетта во светот според условите за правење бизнис. Како држава најлошо стоиме на индексите што се финансирани од Сорос, од типот " Репортери без граници", "Фридом хаус" и слични. "Бизнис инсајдер не прогласи" за земја со најниска ефективна даночна стапка на светот од 7,4%. А конзултантската куќа на ИБМ не прогласи за земја со најмногу странски инвестиции по жител во Европа во последните две години. Направивме повеќе реформи во сите области од сите влади до сега и затоа ја добивме подршката на народот.

Овие работи никој не му ги кажал, а ако некој му ги каже, тој пак ќе им верува на тие што му се блиски, кои, очигледно, го набиваат само со лоши и многу лажни информации за нас за потоа да добијат пари од него, за борбата против нас.

Што е резултатот од овие пари на Сорос во Македонија? Радикализирање, антагонизирање и поларизирање на односите до ниво на конфликт во земјата. Од каменување на стотици и стотици полицаици, напади со бетонски плочки и со железни прачки, до уништување на владини објекти, парламентот, министерства, општини, споменици, државни објекти и полициски станици. Радикализација преку блокирање на сообраќајот во самите градови, до бркање странски инвеститори и целосно парализирање на земјата.

Пред неколку години се сретнавте со Сорос во Прага. За што разговаравте?

Средбата беше кратка и траеше 15 - 20 минути и беше во рамки на конференцијата за Декадата на Ромите, област во која Сорос, исто така е активен и финансира повеќе проекти во повеќе држави. Сите присутни премиери и водачи на делегации имавме кратки средби со него и со неговиот тим, на која главна тема беа активностите на владата за помош на Ромите, поле во кое сме меѓу најуспешните во споредба со другите земји од Источна Европа, иако имаме уште многу работи. Сосема на крајот тој праша за процесот за изнаоѓање решение за името, укажа дека е добро побрзо да се реши ова прашање и укажа дека Папандреу ќе биде уште кратко време премиер и дека потоа ќе е потешко за решавање, нешто што го знаеме, но, за жал, за клучните аспекти од проблемот и Папандреу ги држеше истите и добро познати црвени линии на Грција, кои во Македонија се неприфатливи. Кажа и неколку други детали од овој процес, од кои видов дека е добро запознаен. Друго не разговаравме, немаше ниту време, ниту се чувствуваше подготвеност за тоа.

Сорос е остар критичар на националистичките влади. Вас Ве следи таква аура од почетокот...

Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита. Под зборот националисти тие сакаат да не прикажат како шовинисти, луѓе што освен што ја сакаат својата нација, сакаат да и' наштетат на друга или ја мразат, не гледајќи ги припадниците на другата нација како луѓе и човечки суштества, туку само како дел од некоја етничка заедница или држава. Национализмот, традиционално, се смета за приврзаност кон својата земја, а во последно време, од некои кругови, добива негативна конотација. Шовинизмот е омраза кон другите. Значи, Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам, на влада и партија што е мултиетничка, земја во која има соживот и толеранција. Тоа ВМРО-ДПМНЕ ниту било, ниту сега е. Тоа не сум јас. Никој не може да знае подобро за мене од мене самиот.

Но, не се сомневам дека цицачи на пари од Сорос ни направиле таков портрет и дека повремено, со полуинформации, дезинформации, со извртени информации, како што прават во нашата јавност, го дополнуваат и кај него.

Со оглед на тоа дека кај нас овој збор се користи во смисла на меѓуетнички односи и релации, ќе се осврнам и ќе аргументирам во тој дел. Јас, колку што се сеќавам, токму партијата што Сорос индиректно и директно ја подржува, СДСМ, токму таа партија во деведесеттите години ги тепаше Албанците во Гостивар поради поставување нивно знаме пред општината и ги затвори политичарите што го направија тоа. И, колку што знам, токму ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи тие политички затвореници и донесе Закон за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба. Јас, колку што знам, токму СДСМ во деведесеттите години ги тепаше Албанците кога формираа свој Универзитет во Тетово, па дури кога им требаа да ги донесат на власт по 2002 година им го легализираа. ВМРО-ДПМНЕ го подржа првиот Универзитет на албански јазик - Штуловиот Универзитет и до денес го подржуваме преку средства од буџетот, како негово кофинансирање.

Згора на тоа, подржавме уште еден нов Универзитет, кој ќе биде доминантно на албански јазик во Скопје, а ќе се учи и на македонски и на албански јазик, Универзитетот "Мајка Тереза". Кога се гласаше во парламентот за Тетовскиот универзитет во 2004 година остро се спротивставивме на фактот што се гледаше дека се прави без да се внимава на квалитетот на универзитетот. Денес тоа околу квалитетот е повеќе од јасно и никој не го спори, особено не по националното рангирање, кое го прави една од најпознатите меѓународни институции во светот, од што се гледа дека на тој универзитет има многу работи да се поправат кај квалитетот, што е, пред се', во интерес на Албанците во Македонија бидејќи тие ако се со помало знаење ќе бидат помалку конкурентни на пазарот на работната сила. Но, во интерес е на Македонците, за да имаме поконкурентни сограѓани Албанци и да се бориме со идеи, знаење, а не со примитивизам и се' во полза на државата, кога се работи за конкурентност на  меѓународна сцена.

Лично, со голем ентузијазам ја промовирав одлуката за новиот Универзитет "Мајка Тереза" во Скопје, и ако првите чекори што се направија потоа во насока на основањето, откако јас излегов од владата, не ветуваат дека ќе биде поквалитетен од Тетовскиот универзитет. Но, со оглед на тоа дека е во рана фаза, се' уште има некои можности за подобрување, ако има политичка волја за тоа. Мојата желба и план беше да се направи меѓународно конкурентен универзитет, елитен во смисла на знаењето и на вештините, а не втор Тетовски универзитет. Не им се прави услуга на Албанците ако се направи уште еден универзитет со ниски стандарди и квалитет. Но, за тоа во друга пригода.. И да се навратам на почетокот на прашањето. Каде е тука сликата на национализам и на шовинизам што сакаат да ја изградат за нас и по што Сорос би заклучил дека сме такви. Нема реална основа за ништо од ова.

Зборувате за владините проекти за подршка на меѓуетничките односи и релации, за Законот за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба и за подршката на Албанците во образованието. Но, и Вашиот имиџ е обременет со истиот товар - важите за националист, наспроти напорите на Сорос во тој правец...

Така е, ќе се вратам на стереотипот дека сме националисти, особено кон Албанците.

Колку што знам, токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се донесе Закон за употреба на јазиците, а не во време на СДСМ, а за уставните амандмани во овој правец заеднички гласавме во 2002 година. И со ништо не сме го спречиле нивното спроведување. Значи, тие што ги тепаа и затвораа поради поставено знаме, поради отворен универзитет, не се националисти, а тие што ги ослободија политичките затвореници со специјален Закон за амнестија, кои донесоа Закон за употреба на знамињата, кои отвораат без проблеми универзитети на кои може да се учи на албански јазик и уште се борат тие да се поквалитетни, и тие што донесоа Закон за употреба на јазиците, кој со ништо не го спречија во неговото спроведување, тие се националисти. Види мајката. А, да не е, можеби, така затоа што секојдневно медиумите финансирани од Сорос им го говорат тоа на Албанците?

Зошто не бевме националисти кога донесовме Закон за администрација пред две години со прецизни одредби за правичната застапеност на етничките заедници во секоја институција на државната администрација за при примањето на работа да се внимава на тоа и за тоа се изработи софтвер со прецизно направена формула. Значи прецизно одредено со закон.

Што не бев јас националист кога доцна во ноќта во август 2015 година прв од сите политичари во земјата стигнав во Шипковица, во Мала и Голема Речица, кога требаше да им  се помогне на луѓето да се спасуваат преживеаните, да се трага по исчезнатите, да се помогне со се' , на настраданите куќи, да се донесат огромни спасувачки тимови, кога по телефон ги разбудив сите директори и министри барајќи веднаш да се вклучат во акцијата. Го прави ли тоа националист, кој мрази некого или сака да му направи штета? Слично беше и лани со поплавите во Гази Баба, колку што помагавме кај Македонците, толку помагавме во албанските села и домаќинства...Како што се борам за Македонците кога се на мака, така се борам и за Албанците. Никогаш не сум ги двоел. Се' друго е пропаганда. Лажна и валкана политичка пропаганда на неспособни луѓе.

Често се споменува дека има различен аршин при инвестирањето од буџетот. Дали е така ?

Не е точно. Секаде се инвестира и се внимава да е етнички врамотежено. Зошто не сум националист кога на влада предлагам или подржувам градби на патишта, водоводи и канализациски мрежи, пречистувачки станици во места населени со Албанци, или зошто не сум националист кога Албанците во Македонија, како и другите првпат  видоа подршка преку субвенции, видно зголемување на пензиите и на социјалната помош, донесување фабрики што отвораат нови работни места, како "Леар" во Тетово или многуте во Скопје, како "ОДВ електрик" и "Костал" во струшко-охридскиот регион, или "Ки сејфти систем"  во Кичево и кои отвораат многу работни места и перспективи за сите, вклучувајќи ги и Албанците. Се сеќава ли некој  некогаш СДСМ, било  за Албанците, било за Македонците, да привлекол и отворил новоизградена фабрика во која се вработуваат илјада, две или три илјади луѓе? Не се сеќавате затоа што нема такво нешто.Или СДСМ да дал субвенции на земјоделците, или повисоки пензии на пензионерите. Епа, зошто го прават тоа "националистите" , а не и СДСМ ? И да видиме кој е сега националист, кога ќе ги погледнеме сите овие факти и аргументи. 

 

УНИТАРНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

НЕ ШТЕТИ НИКОМУ

***********************

Сепак, чувството на националист и за Вас се засили на последните избори кога се спроитвставивте на двојазичноста на целата територија, кантонизацијата и на промената на Уставот во тој правец....

Груевски: На последните избори СДСМ отиде со понуда кон Албанците која нема да им го подобри животот, но звучи примамливо на прв поглед, особено кога некој друг вели "не". Албанците во Македонија се околу 25%, Македонците околу 65%. 25% и 65% не е ни исто, ни приближно.  За да имате двојазичност на целата територија, потребно е процентите да се изедначени или приближни, што не е случај. Второ, потребно е населението да е измешано низ целата земја и низ сите поголеми градови и села, што, исто така,  не е случај во Македонија. Што корист ќе има Албанец ако во Делчево, Гевгелија, Струмица или Кавадарци има двојазичност? Таму каде што им е потребна двојазичноста, таму ја имаат. И така треба. Тоа е правилен концепт. Ако во тој концепт нешто не достига,тоа може да се дебатира или подобри, но со закон да ја тераш повеќе од пола земја да учи албански јазик, кој нема допирна точка со македонскиот, е не логично барање.

Јазик се учи ако ти треба. Што му треба на некој во Берово, во Крива Паланка или Демир Капија да учи албански кога во цел град или нема ниеден или има многу малку Албанци. Како ние, политичарите би им ја објасниле на граѓаните таквата одлука? Згора на се', тоа чини многу и финансиски. Ајде вака да кажеме: да замислиме дека политичарите во Македонија ќе донесат одлука со која сите Албанци ќе мора да научат турски или влашки. Сакале-не сакале, им требало или не им требало. Затоа што некому му паднало на памет дека така ќе освои повеќе гласови или некој му кажал така. Генерално, познавањето на јазик е позитивна работа и на доброволна основа секој може да прави се' и државата треба да го поттикне тоа, но сосема поинаку е да мора секој да го учи. Уште повеќе, што зад идејата за двојазичност на целата територија се криеше слледната идеја или план: планот за кантонизација, што не беше препознатлив само преку настапите на Заев во Швајцарија, туку и во нивната програма користејќи речник кој е прикривачки, но суштината иста.

Што најмногу Ве плаши кај концептот на кантонизација?

Груевски : Растурање на државата.

Зошто? Како не се растури Швајцарија или Белгија?

Груевски : Има огромна разлика меѓу нив и нас. Прво, ние живееме во турбулентен регион, со многу радикални структури и многу конфликти во историјата. Со дел од соседите кои, како и низ историјата, се' уште на Македонија или на дел од неа гледаат како можен плен во иднина. Не е случајно што македонското прашање се' уште не е затворено.

Кантонот е држава во држава, која има право на самоопределување до отцепување. А, ова е Балкан. Ние немаме по 60 илјади евра БДП по глава на жител, па тоа да ни е кохезивен фактор. Погледнете ја Босна и таа е кантонска земја. Нека падне Белгија или Швајцарија на 5-6 илјади евра БДП по глава на жител, па ќе видите што ќе се случи со кантоните. Значи, мојот став и ставот на ВМРО не е против Албанците, туку во правец на зачувување на целовитоста и унитарноста на државата. И секој Албанец што сака да живее во оваа земја, а не во друга, треба да знае дека ние сме на негова страна, а не против него.

Федерациите и кантоните на Балканот и во источна Европа немале голем успех и обично тие делови од историјата завршувале со многу насилства, таков беше случајот и со Југославија, таков е и случајот со Босна и со многу други примери. Она што го посакуваме е Македонија да има унитарност и територијален интегритет како Естонија и Латвија, земји кои се демократски, кои им припаѓаат на НАТО и на ЕУ, со човекови права за сите, а Македонија покажа дека е подготвена да оди и подалеку во малцинските права од овие земји, кои се силно приврзани за евроатланските интеграции. Македонија, впрочем, може да послужи како позитивен пример за многу  европски држави на тој план. Значи Македонија ќе го развива својот концепт на мултикултуралност и толеранција, без процеси на федерализација и кантонизација затоа што тоа може да доведе до фрагментација на државата.

Но, да се вратиме на првичното прашање, а тоа е дека веројатно не сме дел од концептот и идеологијата на Сорос затоа што сме националисти. Не е националист тој што си ја сака државата и е внимателен да не се распадне. Тој може само да е добар патриот. И ако и тука со Сорос имаме разлики, а можно е да имаме, тогаш дефинитивно, имаме идеолошки разлики.

Зошто мислите дека е можно да имате разлики околу патриотизмот?

Груевски : Затоа што една од активностите на Соросовите невладини организации е врбување на поспособните млади луѓе низ универзитетите, од сите етнички и религиски припадности и нивна класична индоктринација преку предавања, меѓу другото, за концептот на држава и национална припадност, а во правец дека не треба да се чувствуваат Македонци, туку граѓани на светот, утопистичка идеја, која никаде не функционира, а ние треба да сме експеримент и  да ја загубиме државата со таков однос кон неа. Дел од луѓето што заталкале на такви предавања, а примамени од понуди за безплатни патувања низ светот и лесна заработувачка со одржување на неколку студентски предавања, ми раскажуваа за оваа индоктринација. Граѓанин на светот добро звучи, ама не е реалност. Еве за почеток нека Сорос проба во Америка да ги убеди Американците дека не се Американци, туку граѓани на светот, па потоа Британците, Французите, Германците, Италијаните, Русите, Кинезите, Јапонците, Бразилијанците ... ако му успее идејата таму, нека дојде кај нас. Додека тој ја тера агендата кај нас, некој во нашето опкружување ги сучи мустаќите пред ручек. Ако не верува, нека поживее некој месец во регионот, да го запознае лично, а не преку извештаи на корисниците на неговите пари, на кои им верува се'. 

Во време во кое има 35  активни војни за територии во светот, во време кога ни упаѓаат терористичко-криминални групи со цел да запоседнат дел од територијата на нашата држава, со оружје посовремено од нашата полиција, во време кога излегуваат разно разни извештаи на поранешни разузнувачи дека ќе се прекројуваат граници на Балканот, при што Македонија е посочена како земја од која треба да се намали  еден дел, во време кога не ни ги признаваат името и идентитетот, Соросовите невладини организации пропагираат и наметнуваат чувство на срам и тоа го прикажуваат како да е под чест да се има цврст став за вакви теми. И се борат со сите сили да не прават националисти, недемократи, режим, криминалци, лоши луѓе, ни извртуваат, ни вадат се' од контекст...

Нашиот концепт е дека му припаѓаме на светот на човештвото и на тоа имаме подеднакво право како и сите други, истовремено припаѓајќи кон својот народ, кон својот град, кон својата држава. Глобалниот идентитет не треба да ги негира, да ги исклучува националниот и државниот идентитет, туку тие треба да се надополнуваат, да бидат комплементарни.

Во суштина, она по што се разликуваме од тоа за што се злагаат Сорос и неговите послуги не е ставот дека луѓето се граѓани на светот, нешто со што во потполност се согласуваме, туку реалноста во која неговата агенда сака да ги исбрише и релативизира државите, државните и националните идентитети кои постојат со векови, за кои се врзани  многу емоции, чувства и обележја.

Знаете, во една смисла, тоа што сакаат да ни наметнат дека сме националисти и делумно успешно тоа го направија, во голема мера ме потсетува на она што му се случуваше на новиот американски претседател Доналд Трамп. Деновиве ја читав неговата книга, свежо ми е, и затоа ќе повлечам една паралела.  Низ кампањата во Америка, и таму и кај нас многу медиуми пренесуваат дека Трамп е против Мексиканците, дека Трамп е против Американците од Јужна и од  Средна Америка што говорат шпански, дека е против емигрантите, против Црнците, итнт. Со обзир дека не секој има време и можности детално да чита и анализира, претпоставувам многу неинформирани гласачи гласаа против него, верувајќи дека навистина го кажал тоа. Читајќи ја внимателно книгата "Повторно величенствена", се уверив дека Трамп не говори така. Тој вели дека треба да ја сузбије нелегалната миграција, која во Америка е огромна и во најголем број доваѓа од Мексико и од земјите со латински јазици од Јужна и од Средна Америка. Но, истовремено вели тој, парафразирам, дека приливот на имигранти што доаѓаат да живеат и да работаат во Америка не  треба да запре, напротив, треба да се зголемат годишните квоти на имигранти од сите земји, да се поедностават, да се издаваат побрзо и поефикасно, вклучувајќи ги и Мексико и Јужна  и Средна Америка, но по легален пат, а не илегално затоа што обично преку илегалното доаѓање се спровнуваат, покрај чесни и работливи луѓе, и многу криминалци, поранешни затвореници за дрога, кражби, убиства, силувања и слично, и на тој начин некои држави им ги испраќаат најлошите луѓе и се ослободуваат од нив, а тие во Америка ги трпат секојдневно последиците во секоја смисла.

А што пренесуваат медиумите? Дека Трамп рекол оти е против Мексиканците, против имигрантите, дека имигрантите се силувачи и убијци итнт. Значи тотално вадење од контекст на една добра и благородна идеја, нешто што секој здраворазумен човек би го подржал, но ако така стигне до него, како што е кажано.Тој додава дека на негова страна ќе се чесните и способни Мексиканци, Кинези и луѓе од други земји што не сакаат да дојдат во Америка заради криминал или живот со социјална издршка од државата, туку чесно да влезат во системот и  да придонесуваат во издигнувањето на државата, а притоа да си обезбедат подобар живот за себе...

Која е паралелата со нас?

Груевски : Паралелата е со нашиот наводен национализам кон Албанците. Токму ние ги имаме направено најважните работи за нашите граѓани Албанци, никогаш не сум кажал ниту еден лош збор за нив, еве погледнете ги моите настапи за Албанците на митинзите во Штип, во Гази баба, во Крушево, во Карпош, Велес.. и на други места, каде што малку подолго го елаборирав тоа што го мислам за предлогот на Заев и за Албанците. Но, тоа него имаат чуено Албанците, ним некои медиуми и политичари што се мои противници им вржаа во главите дека ги мразам Албанците, дека сум против нив, дека сум против албанскиот јазик, универзитети, знаеме и слично, што е невистина. тотална невистина. Не само што е невистина, туку е и обратно. И видете, тоа го говорат од СДСМ, партија која во минатото на дело покажаа антиалбанство.

Значи, паралелата е во извртувањето на фактите, во лагите на медиумите и во политичкиот противник без ниту еден факт...

Крај на мегаинтервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,

Никола Груевски, за "Република", 03 јануари 2017.

 

 

 

 

ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИВАНОВ.

НОВИ ИЗБОРИ И САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ВЛАДА

Стефан Влахов- Мицов

     Во споредба со хаотичното одржување на македонската држава од 1991 година до денес, странските фактори плански ја уништуваат. Ние личиме на деца (во суштина, голем дел од нашите министри и пратеници се такви) кои понекогаш се емотивни, понекогаш се смирени, понекогаш недоветни. Сето тоа е карактерно за луѓе во пубертет, кои малку знаат ама сакаат да се прикажат како многузналци. Тврдоглавоста и егото ги тераат да не се консултираат меѓусебно, а комплексите - да прифаќаат сугестии и уцени од непријателите.

Незнам дали остана писмен човек во Македонија, кој не дал изјава за албанската платформа. Се тресеа квалификации дека била контроверзна, глупа, небулозна и така натаму.

Во суштина, таа е многу опасна, затоа што е стратешки издржана и нејзините 30тина точки се како темпирани бомби. Ако биде прифатена само една од нив, се руши до основа македонската држава, исто како со македонското име, дури и менување на една буква.

Кој и каде се напиша оваа платформа?

Поранешната пратеничка Солза Грчева ефектно, но неточно изјави: 

"Драфтот се напиша во Берн, целиот текст во Тирана, а се завери кај нотар во Приштина".

Внимателната анализа на платформата и редоследот на точките во неа е направен по теркот на ЦИА. Да ги видиме и суровите факти:

ПРВО - неколку денови пред македонските избори во посета на Албанија е директорот на ЦИА, Џон Бренон, кој се среќава со премиерот Рама и со претседателот Нишани. Бренон им соопштува за идните резултати од изборите и им дава соодветни инструкции.

ВТОРО - на 12 декември амбасадорот Бејли влегува во ДИК за да ги трансформира резултатите во корист на СДСМ. Не се крие, затоа што се чувствува победник (потоа демантира дека  бил во ДИК). Само што дејствијата му се спречени од една светска сила. Истиот ден, Рама ги кани лидерите на албанските партии во Македонија на состанок на 13 и 14 во Тирана, а забеснетиот Бејли ја активира Беса и СДСМ да поднесат приговори во ДИК.

ТРЕТО - Рама остварува средби со албанските лидери, а Ахмети наводно одбива, но на 15 оди во Тирана и се среќава и со Рама, Нишани и со претседателот на Собранието Илир Мета. Со тоа Вашингтон и Тирана потврдуваат дека Ахмети е нивно главно оружје во Македонија.

ЧЕТВРТО - по неуспешниот обид на Ахмети да ги собере лидерите на Беса, Алијансата на Албанците и ДПА на општа средба, па на 29 декември 2016 сите се повикани во Тирана, каде со Рама ја примаат одамна готовата нацрт декларацијата. Таа намерно не се објавува до 07 јануари 2017, кога е македонскиот Божиќ.

Кратко кажано, текстот на албанската платформа е донесен од Вашингтон исто како и текстовите за Рамковниот и за Пржинскиот договор. Потфатот на ЦИА личи како во објавувањето на платформата на Божиќ, така и во Поранешното масовно убиство кај Смилковското Езеро пред Велигден.

Во стилот на ЦИА, платформата е мешавина од лаги и барања, како барањата се базирани врз лагите. Тоа се забележува уште во првото барање:

"Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот"

Во Охридскиот договор кој целосно е преточен во Уставот, нема клаузула за "целосна еднаквост", ниту пак во Уставот Албанците  се признати како "државнотворен народ", како се тврди во второто барање. Тоа е исто така, како тврдењето на ЦИА дека Ирак имал хемиско оружје и  затоа Садам Хусеин морал да биде симнат од власт. По војната се дознало дека ЦИА лажела, но вистинската цел -  окупација врз Ирак, беше реализирана.

 Во стилот на ЦИА е редоследот на "тешки" и на "леки" барања. По тешкото барање за менување на државното знаме, химната и грбот, следува барање на Резолуција во Собранието, со која се осудува наводниот геноцид врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 - 1956 година. Каква е вистинската цел на ова барање?

ПРВО - да се прикажат Србите пред Втората светска војна и Македонците потоа како терористи во однос на Албанците. Експертите на ЦИА размислуваат дека владејачката ВМРО - ДПМНЕ може да падне во стапица и да го спореди геноцидот врз Македонците од страна на српската власт, со таков на Србите врз Албанците. На тој начин да се заострат уште повеќе односите на Македонија со Србија. Идејата за периодот 1944 - 1956, е пак ВМРО-ДПМНЕ да падне во идеолошка стапица. Се знае дека комунистичката власт во тој период ги гонела вмровците и сега кон нив да се додадат и Албанците. Во суштина, и во Османлиското време и во предвоена и повоена Југославија, Албанците живееле "како бубрек во лој", затоа наталитетот масовно им се зголемил. До Балканските војни на територијата на целата етничка Македонија, Албанците биле 128.711 т.е. 5.70%. Во 1948 година само на територијата на НРМ /СРМ тие се веќе 197.389. На територијата на Косово во 1921 година Албанците се 61%, во 1948 - 68%, а во 1953 - 65%. Може да му посакаме на секој народ таков "геноцид".

ВТОРО - со барањето на геноцид целта е да се прикажат Албанците дека се афтохтон народ во Македонија. Затоа беше и нивниот револт од Македонската енциклопедија, која ги објави историските факти за нивното доселеништво дури кон крајот на 17 век. 

Годината 1912 како почеток на "геноцидот" e избрана затоа што до Балканските војни во Османлиската империја постоеле Солунски, Битолски и Косовски вилает. На Косово во 1455 година Албанците се само 1%, но во 1878 година албанската Призренска лига бара Косовскиот, Битолскиот, Скадарскиот и Јанинскиот вилает да бидат обединети во општ Албански вилает. Чисто административно, Косовскиот вилает ги опфаќал Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Велес, Кочани, Штип, Радовиш, Пехчево, каде Албанците биле незабележливи. Затоа и од 1888 година центар на вилаетот станало Скопје.

Со еден збор, покрај денешната етничка состојба во Косово, Албанската платформа сакала да ја прикаже цела свероисточна Македонија како Албанска.

ТРЕТО - признавањето на геноцид има за цел да објасни зошто од една страна, во Североисточна Македонија нема Албанци, а од друга страна зошто на целата територија на Македонија моментално тие се едвај 16%. Досега Албанците бегаа од попис, сега ЦИА сака да им обезбеди аргумент дека нивниот мал број е во резултатот на македонскиот "геноцид". Па затоа било потребно не само "Рамковниот договор" да се зачува, ами и двојазичноста да била врз целата македонска територија.

Надвор од освојувачките барања од таков вид, во платформата се бара и практично укинување на границите меѓу Албанија, Косово и Македонија, наводно со "интегрирано гранично управување". Со други зборови - Голема Албанија.

Ниту една точка од Албанската платформа не е прифатлива за македонскиот народ и за македонската држава. Затоа, во разговорите со Ахмети, Груевски мора да ја отфрли таа платформа целосно, а не да се фокусира врз нејзини парцијални делови како двојазичноста и СЈО. Мора да се каже едноставно на поранешниот терорист дека ако не ја повлече веднаш таа цијашка платформа, нема да има влада, а нови избори според македонскиот Устав и по тие избори, ниту една албанска партија нема да учествува во власта.

На новите избори македонската национална кауза може да добие комотно мнозинство и цврсто да управува. За таа цел, потребно е суштинско актуализирање на програмата на ВМРО - ДПМНЕ, нови личности околу лидерот на партијата и сосема различни дејствија од досегашните. Затоа што македонскиот народ сака да живее во Македонска држава и да има вистински лидери.

Стефан Влахов - Мицов

НЕТ ПРЕС, 16 јануари 2017

*****************************************************

 

 

Ристо Стефов

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ - 19

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

 

     Зоните за евакуација на децата беа одредени спрема интензитетот на воените дејствија и опасноста по нивните животи. Главниот штаб на командата за организирање на евакуацијата одлучуваше за критериумите кои би се применувале во оваа голема хумана акција. Во списокот за евакуација беа вклучени сите деца од  2 до 14 години, опфаќајќи ги  сите бебиња, инвалиди и деца со посебни потреби.

Грижата за децата им беше доверена на специјално оспособени млади жени над 18 годишна возраст, регрутирани од околното население и од средината на партизанските единици.

Во оваа голема и важна операција беа вклучени и жените на загинатите борци како помајки на децата, кои би се грижеле при евакуациските процеси и през престојот на децата во земјите домаќини.

Програмата за евакуација започна во почетокот на месец март 1948 година со регрутирање на специјален училишен кадар, а пак самата евакуација започна на 25 март и траеше до 30 март 1948 година, се' дури не се испразнија предвидените, за евакуација, селски населби.

Повеќето деца беа транспортирани низ Југославија на пат за Унгарија, Романија, Чехословачка и Полска. Некои беа евакуирани низ Албанија и Бугарија. Со зголемување на бројот  за евакуирање, децата беа транспортирани и за Источна Германија и СССР.

Се смета дека вкупно околу 28,000 деца беа евакуирани, повеќето од нив од северозападниот дел на од Грците окупирана Македонија. И ако помал број, но сепак и деца на  Партизани  и други Македонци кои имаа проблеми со грчките власти, беа евакуирани заради сигурносни причини.

Како им доваѓаше редот за евакуација, децата беа собирани и со посебна партизанска заштита беа транспортирани преку посебно одреден премин на  границата. Обично патуваа ноќе, заради нивната безбедност и подалеку од главните патишта. Во некои случаеви селаните уплашени за безбедноста на своите деца, од честите бомбардирања, без никаква заштита бегаа по планините покриени со дебели снежни  покривки  и  се изложуваа на секакви опасности. 

Мајките беа тие кои на своите чеда им подготвуваа нешто за јадење и облека за пат во непознато, пред да ги донесат на собиралишта. Со солзи на очите, тие  им ги предаваа своите деца на судбината. Нивните плачни крикови се слушаа долго и после болните делби и губењето на  драгите лица во длабочината на мракот, кој брзо се спушташе над родната земја.

И така држејќи се за своите мали рачиња и движејќи се нечујно во мрачната ноќ зад своите помајќи далеку од главните патишта , секое детенце само за себе мечтаеше за својот оставен топол родителски дом и со страв во душата размислуваше дали еднаш пак ќе се врати таму, од каде само пред малку замина, а не знае каде оди.

Стравот од ноќта, грмотините од грчките авиони над нив и патот непознат кои ги водеше негде низ планините, им тераше несигурност длабоко во нивните души.  Ги држеше заедно стиснати и нечујно чекорејќи према непознатата граница, на соседната земја.

Најсреќните од нив, мрачните ноќи ги спроведуваа под некои топол кров на куќите од соседните селски населби. Многу други под некое дрво или отворен простор, оценувајќи ја мудроста на одраснатите луѓе што ги водеа дали е поарно да загинат од бомбите на грчките авиони или да се смрзнат од воздухот на планините кои ги опкружува.

СОГОВОРНИКОТ - Зборувавте за грижата на кралицата Фредерика. Можете ли нешто повеќе да ми кажете за нив и нивната цел?

РИСТО- Па тие беа организирани на островот Лерос и беа наменети за децата од подрачјата кои беа зафатени од воените дејствија за време на Граѓанската војна. Фредерика беше нивни заштитник и под нејзина контрола беа распоредувани и присвојувани од грчки семејства кои ги воспитуваа во духот на хеленизмот и со време погрчуваа. За среќа, некои од нив откриваа дека не се Грци и се враќаа назад меѓу своите. Јас лично познавам една госпоѓа, пријателка на мајка ми од Желево, која одрасна во грчко семејство, но кога ја сознала вистината за себе, нашла начин да се врати кај своите.

СОГОВОРНИКОТ - Од приказната на татко Ви, која имав прилика да ја прочитам, сознав дека луѓето кои останаа после така наречената Граѓанска војна во подрачјата на северозападна или северна Грција биле спречувани да патуваат слободно и без посебни ограничувања. Можете да ми речете нешто повеќе за тие случувања?

РИСТО - Тие луѓе кои останаа таму, беа на страната на грчкиот режим кој беше на власт во тие времиња. Но имаше и такви кои отворено се идентификуваа како Македонци и беа затечени пред да успеат да се повлечат на време. Но тие беа во исто време и симпатизери на КПГ и нивните социјалистички идеи.

После од како така наречената Граѓанска војна заврши, завладеа страв и трепет во земјата. Тие кои се бореа на губитничката страна се понашаа помирливо и сакаа да ги заборават тие времиња и да продолжат со своите нормални животи. Меѓутоа, тие кои беа победници, не беа за таков соживот и постојано ги прогонуваа и злоставуваа губитниците и не им даваа мир.

Грците изразуваа голема омраза кон оние Македонци кои се бореа за своите права во својата сопствена земја окупирана од нив. Стравот од грчката омраза беше вклучена во психата на луѓето и до времето кога бев јас роден, беше нормално да бидеш уплашен и да бидеш агресивен према се' што е грчко. Тоа беше дел од секојдневниот живот во Егејска Македонија. Тоа беше и причината што ја напуштивме Грција... Тоа беше причината што се празнеа македонските села.

Еден од тие несреќни луѓе кои бе фатени и задржани во Грција после Грчката граѓанска војна беше и мојот дедо Никола. Тој беше насилно фатен и одведен од неговото село, заедно со повеќе други луѓе на 17 април 1947 година и интерниран на еден од грчките концентрациски логори сместени по островите во Егејското Море. Таму беше заточен се' до 17 јануари 1952 година, денот, кога се врати назад во нашето село Ошчима.

Неколку пати го прашав татко ми да ми каже што се случило со дедо ми што бил заточен толку долго, но и тој не знаше зошто, зошто и нему никој не можеше да му ја каже причината за тој грчки злосторнички чин. Се' што му рекле во затворот каде бил заточен било дека "бил опасен за грчката држава".  И тоа беше  се'.

Многу подоцна, кога јас започнав да ја истражувам така наречената Граѓанска војна во Грција, пронајдов дека татко ми бил жртва на американската политика во Грција. Бил жртва на американскиот генерал пуковник Џејмс А. Ван Флит  и неговата војна тактика.

На 01 март 1947 година американскиот претседател Хари Труман ја објавил својата одлука со која ја обистинил "Трумановата Доктрина" за учеството на САД во настаните во Грција. На Грција и' беше даден кредит и современо оружје за нивната армија. Во тоа исто време, Ван Флит, еден американски генерал споменат погоре, специјалист за герилско војување, им беше доделен на грчките власти како испомош во борбата со герилците, односно грчките Партизани. Со негова помош, во последната битка на Вичо и Грамос, ДАГ беше победен и исфрлен надвор од Грција.

Па заправо каква беше стратегијата на генералот Ван Флит и како беше инволвиран и татко ми за што и тој незнаеше ништо околу тоа?

Овој американски генерал ја познаваше тактиката како да ја изгладнеш герилската армија. Да би го постигнал тој погубен ефект, треба прво да ги прекинеш изворите на снабдевање со храна и можностите да регрутираат нови борци. 

Повеќето извори за снабдевања со храна и борци беа планинските македонски села. Па така, да ги елиминира овие извори, сите становници на овие села ги преселил во поголеми селски населби или градовите, под контрола на грчката армија и полицијата. Потоа, воспоставиле контрола на движење на секого без специјални дозволи, со што им го прекинале снабдевањето со храна на Партизаните.

Да ги попречат пак во регрутирањето на нови борци, грчките власти ги уапсиле скоро сите луѓе способни да носат оружје, а за кои се сметало дека не се лојални грчки граѓани или  се во некоја врска со партизанските единици и ги интернирала во камповите на островите формирани за такви потреби. 

Татко ми беше поврзан со партизанското движење, заедно со сите свои браќа и сестри и активно учествуваше во битките. Тој беше најмладиот маж  оставен  дома да се грижи за семејството, имотот и болежливата мајка и татко и така постана мета на генераловата војна стратегија.

Па така, како би ја изгладнел партизанската герила, Ван Флит дословно ги испразнил малите селски населби од способни луѓе, кои би можеле да им се придружат на партизаните,

Пошто Грција немала толку војска и полиција да ги окупира и чува сите села, тогаш пристапила кон насилно иселување од помалите населби во поголемите и на нив се концентрирала.

СОГОВОРНИКОТ - Зарем ги иселила сите селани од малите села?

РИСТО - Да! Баш сите! Ги туркала во секоја преостаната куќа без обзир на просторот и условите за живот и потоа отишле да ги гонат партизаните кои веќе се селеле од место во место.

Цивилното становништво било ограничено во нивното движење и останување надвор од животните простори. Дури и во селата активно чувани од полицијата или војската.

И покрај сите овие споменати мерки, по наредба на американскиот генерал Флит, грчките сили не беа способни да ги победат Партизаните.

Од 10 до 14 август 1949 година, грчката армија покрена голема офанзива против ДАГ. Армија од 60,000 грчки воиници, под команда на генералот Ван Флит, организирани во 6 дивизии од сите видови на војската, 200 тенкови и оклопни коли заедно со 100 авиони од сите расположиви типови беа упатени на Вичо.

На сите овие воени и механизирани грчки сили под команда на американскиот генерал Ван Флит им се спротивстави командантот Микос Вландас од покретот на отпорот со своите 9,863 борци и 40 топови. ДАГ беше победен во времето помеѓу 13 и 14 август, во кој период имаше 1,859 мртви, ранети, нестанати и заробени борци. Владините трупи изјавија дека имале само 256 мртви и 1,336 ранети воиници.

На 15 и 16 август 1949 година единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија, меѓутоа неколку денови подоцна 6,000 од нив беа префрлени како појачање на борците кои се бореа на планината Грамос.

На 20 август  1949 година  Политбирото на ЦК  на КПГ одржа митинг и им вети на борците дека "Грамос има се' што им е потребно да им зададе на непријателот последен удар" и состави слоган " Грамос ќе биде гробница на монархо-фашистичките трупи на грчката власт". Меѓутоа, такво нешто никогаш не се оствари. Се' што Захаријадис посакуваше беше да убие што повеќе Македонци.

Денес во Костур може да се види  бистата на овој американски генерал, Ван Флит, како благодарност за неговите услуги во полза на грчките власт за време на така - наречената Граѓанска војна.

Ова е втора таква биста која им ги копа очите на Македонците и  ги потсетува на геноцидот спрема нив од страна на Грците и странците во служба на грчките монархо - фашисти.

И покрај сето што им го направија на Македонците, Грците неможеа да ги победат    во поштена борба гради со гради, па почнаа со фрлање напалм бомби за масовно убивање и горење на се' што им стоеше како пречка.

Ево што им рекол американскиот злосторник, Ван Флит, на група грчки офицери за време на еден митинг, при тоа покажувајќи им некои места на картата пред него:

{ "Па, драги мои генерали, требате да преземете два грста земја и ништо повеќе! Само два грста земја! Ние ви ја облековме и добро нахранивме вашата армија и наоружавме со најквалитетно оружје што го имаме. Сега имате се' ! Најмодерни авиони, најмодерни топови, минофрлачи, гранати, напалм бомби и базуки!"

Ван Флит паузирал за момент, погледнал кон присутните да види како реагираат на неговите зборови и продолжил:

"Имајќи такво оружје би требало да ја подигне вашата храброст за да би ја завршиле војната само за пет дена, господо! За пет дена!" Ја фрлил картата со левата рака и продолжил, "овде 90 авиони ќе ги истресат своите бомби и напалм, стотина артилериски оружја ќе грмат и неброени куршуми и гранати ќе летаат према непријателот. И згора на тоа, околу 80,000 воиници, потпомагани од околу 200 тенкови и армирани возила ќе ја газат земјата! За не повеќе од пет дена! Неги пуштаите комунистите надвор од рововите и бункерите  живи, оставете ги внатре мртви ....

Имате пет дена и ако не го уништите непријателот за тие пет дена, 'адиос амигос', ние си одиме... Американските порезници потрошија многу пари за вас и за оваа војна," заврши Ван Флит.} (Петре Наковски)

На десеттиот ден ( 20ти август ) од почетокот на оваа "голема битка" за Грамос, со одобремие на генералот Ван Флит, лидер на американската воена мисија во Грција, авијацијата го обнови своето бомбардирање, овој пат со напалм бомби и така започнувајќи го ужасот не виден во борбите со партизаните...Фронтот и после ова неможеа да го разбијат... линијата не се покрена ниту за педа...

{Тој ден, авионите стигнаа нешто пред пладне. Не фрлија бомби или оган на нас со митралезите. Прво прелетаа ниско па после високо и тогаш видовме како фрлија бочви од не така голема височина преку нашите позиции и почнаа да експлодираат на пеесет до сто метра над нас. Оган и пламен почна да паѓа на нас. Почна да гори се' околу нас. Почна се' да гори, земјата, дрвата, камењето, планината и ние заедно со сето тоа ... Луѓето кои беа директно полеани со ова ужасна течност невидена до тогаш почнаа да горат како свеќи.

Се слушаа ужасни крикови, врискови бегање од рововите и барање помош. Се' што можеше да се види беше само пламен трчајќи према тебе и барање помош. Пламен кој би требало да го гаснеш со своите голи раце?! Се боревме со пламенот цел ден и после во ноќта под светлоста на месечината, ги покопувавме изгорените тела во масовни гробници.

На ист начин авионите не напаѓаа неколку пати, со тој проклет пламен, но ние се снајдовме брзо. Ископавме подлабоки ровови и бункери и секогаш кога би истресле напалм на нас, ние би се скриле длабоко под земја, како штакори.}

(Петре Наковски)

 

Офанзивата започна на 10 август 1949 година, но војната не заврши до 30 август 1949 година.

Јас веќе споменав дека партизанските борци беа испратени во Русија, поточно во СССР; во Узбекистан. Што мислите, зошто ги изпратиле само борците во Советскиот Сојуз?

Ако се сеќавате, за време на Граѓанската војна во Грција Сталин имаше проблеми со Тито, што доведе до заоштрување на меѓусебните односи и прекинување на скоро сите односи со другите социјалистички земји од Варшавскиот одбрамбен сојуз.

Спрема тајните документи на ЦИА, конфликтот меѓу двата лидери, Сталин и Тито,  настанал заради непочитувањето на Сталиновиот договор кој го склопил со Америка и Англија во Јалта за немешање на Југославија во грчката граѓанска војна иницирана од КПГ и продолжување со испораките на оружје и други воени материјали како помош на грчките комунисти во борбата против Атина . Сталин му испратил писмо на Тита критикувајќи го заради отворањето на "Грчката линија" и помошта која им ја испраќа на грчките комунисти, кои го започнале конфликтот, а кој нема никакви изгледи за успех заради тоа што Атина била под подкровителство на САД, "најмоќната земја на светот". 

Еден од грчките најценети историчари - Тасос Вурнас во својата книга "Историја на модерна Грција - Граѓанска војна", на стр. 176 напиша дека Сталин, на 10 февруари 1948 година, дословно му нареди на југословенската делегација во Москва со зборовите: "Јас не се сложувам со Вас, мои југословенски пријатели, дека револуцијата во Грција треба да продолжи. Таа борба нема изгледи да успее. Што мислите дека Англија и САД, најсилните држави во светот, ќе ви дозволат да ја прекините линијата за комуникации со Средоземното Море? Глупост! Таму немаме поморски сили! Не! Грчката Револуција треба да престане што побрзо, тоа поарно."

Се поставува прашањето: зошто би Сталин сакал да ги прими во Советскиот Сојуз македонските борци кои се борат во грчката граѓанска војна? Особено откако тој не ја одобрил таа војна? И зошто Тито сакал да ја продолжи својата помош на борците и ако Сталин му рекол да ја прекине и му дал  причина за тоа? И на крајот, пред да завршат воените операции Тито ја затворил границата и неги пуштил во Југославија македонските борци ако не се разоружаат? Да, Југославија нема да им дозволи на македонските борци да влезат во Република Македонија  ако не го предадат своето оружје.

Јас неможев да најдам документи со кои би ја поткрепил мојата констатција, меѓутоа ми беше речено дека Сталин му запретил на Тито, ако не ја прекине помошта дека од Република Македонија ќе направи независна македонска држава, со крајна намера да ја разбие Југословенската федерација, користејќи ги македонските борци кои пристигнале во Узбекистан и биле спремни да се вратат назад, ако затреба.

Меѓутоа, бидејќи ништо од овие игри не се материјализирало, сметам дека сето тоа било само блефирање. Но сепак ова не одговори на прашањето на пример, зошто Тито продолжил да ги помага македонските партизани во Грција знаејќи за сигурно дека  револуцијата во Грција нема шанси за успех и дека САД нема тоа да го дозволат. И одозгора на сето тоа, зошто и Америка не му рече на Тито да престане да се меша во граѓанската војна во Грција со помагање на македонските и другите борци? И на крајот, односите помеѓу Југославија и Америка за време на грчката граѓанска војна беа најдобри од секогаш пред тоа.

Цела оваа ситуација нема некоја сериозна смисла, нели? Освен, наравно, ако Југославија работеше заедно со Америка и Грција, со намера да ја контролираат војната внатре во Грција и да спречат да заврши предвремено.

Да се створат  неподносливи услови за опстанок на Македонците во Грција, како би во што поголем број избегале надвор од границите на Грција, за никогаш повеќе да не им се дозволи повраток назад во нивните домови. Баш така, како што и Британците  ја испланирале македонската судбина. 

И зар не се случи баш така?

 

Продолжува

Александар III Македонски

******************************************

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ

(ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА) 

 

ДЕЛ 02

ЕТНОГЕНЕЗАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

 Античките Македонци се палеобалканска популација од индоевропско потекло. Како посебен етнос се формирале во VIII век п.н.е од популации кои уште во III милениум го населиле централнобалканскиот простор. Кон крајот на III  и во  почетокот на II милениум п.н.е. кога се случиле најголемите движења и преселби во евроазискиот простор, настанал процес на "европеизација" на популациите на  Балканот. Централнобалканската регија, поточно, нејзиниот југозападен дел бил населен со прастара бригиска етничка  заедница (Бригите го населувале просторот од планината Пангеј источно од Аксиј до централниот , југоисточниот и јужниот дел од денешниот албански простор, Епир, Охридскиот регион и Пелагонија). Античките автори Бригите ги сметаат за најстар народ на светот (Херодот) и за изумители на голем број вештини (обработка на метали, ковање пари, изум на тркалото, користење жито, сиринкс - музиката на Марсиј).

Археолошките, историските, ономастичките и лингвистичките истражувања ја покажуваат етнографската и јазичната поврзаност на Бригите со античките Македонци. Во етногенезата на Македонците влегле повеќе етноси што живееле во територијата на античка Македонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгеланци, Дасарети, Орести, Еордајци, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Едонци и други помали етноси.

Од VIII век пре н.е. започнал процесот на обединување на македонските племиња во единствена држава на античките Македонци под власта на македонските  цареви од династијата Аргеади. Државата започнала да се шири од териториите помеѓу р. Аксиј (Вардар), р. Лудија (Могленица) и р. Халијакмон (Бистрица) својот најголем обем го достигнала за време на Филип II (359-336), а за време на Александар III Македонски (336-323) добила светски размери, не само со воената и економската моќ туку и според цивилизациското значење од историска важност (во глобалистичка смисла до денес).

Античките извори сведочат за посебноста и другоста на античките Македонци наспрема другите соседни етности - Хелени, Тракијци, Илири, Мези; посебноста и другоста на античките Македонци во однос на Хелените најдобро се согледува во државното уредување (античките политиколози пишуваат за македонската басилеја без која Македонците "не можат да живеат") - монархија со наследен владетел и со државни институции кои владеат според "македонски закони"; потоа, забележани се посебни македонски обичаи, обреди (свадбени обреди) , свечености посветени на македонските божества (бахи, клодонки и мималонки, менади), митови за македонската царска династија (Каран, Темен, Македон, Мида), македонски култови (култ на водата - Беди, култ на сонцето, култ на кучето), култови на македонски божества (Бах, Сабазиј, Зеирене, Херакле, Орфеј, Музи), а посведочен е и посебен македонски јазик.

 

ЈАЗИКОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Иако има многубројни потврди кај античките автори за посебниот македонски јазик, досега официјално се објавени околу 150 македонски глоси кои укажуваат дека македонскиот јазик е индоевропски, сроден со бригискиот јазик. На пример, Плутарх во (Александар Македонски) сведочи за постоењето на самостоен јазик на Македонците: Александар на македонски јазик ги повикува своите штитоносци; или војниците го поздравуваат на македонски јазик војсководителот Евмен. Употребата на македонскиот јазик  е посведочена и со еден запис на египетски папирус, кој се однесува на пратеникот Ксениј, кој зборувал македонски.

За разликите меѓу македонскиот и старогрчкиот јазик и за различните обичаи сведочи оној дел од историјата на Куртиј Руф во кој Александар прекорно му се обраќа на војсководителот Филота и го прашува дали на судењето пред Македонците ќе им се обрати на македонски јазик; Филота се оправдува дека таму, покрај Македонци присутни се и многу други, кои полесно ќе го разберат јазикот со кој што се служи и Александар (тука мисли на старогрчкиот јазик - коине, разбирлив не само за Македонците кои се служат со него иако не им е мајчин јазик туку и за народите во Персија) ; сепак, Александар го осудува Филота дека се "гнаси од мајчиниот јазик" и дека е оттуѓен и од македонските обичаи и од македонскиот јазик.

Очигледно Коине (вештачки јазик, сличен на античкиот) станал светски книжевен јазик, кој продолжил да се употребува во книжевноста на Римската Републик, а подоцна и во Римското и Ромејското Царство. Овој јазик се употребувал на македонскиот двор од прагматични причини, за да се олесни трговската, политичката и културната комуникација помеѓу народите на Стариот Свет.

Сите хеленски и римски автори, всушност, Македонците ги претставуваат  како посебен етнос, различен и туѓ наспрема Хелените, со поинаков менталитет, јазик и обичаи. Најчесто Македонците се претставени како "барбари" и непријатели на Хелените. И покрај военополитичките судири, меѓу Македонците и хеленските полиси имало богати трговински и културни врски, кои создавале суштински сосема нова епоха со цивилизациски придобивки во светски рамки.

 

РЕЛИГИЈАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Древномакедонските култови и митови ја одразуваат духовната култура на античките Македонци. Древните култови и митови на античките Македонци, како дел од култната митологија на античките народи што ја населувале балканската територија, имале силно влијание и врз хеленската мистериска и религиска стварност.Во грчките и латинските книжевни записи македонските божества, според своите атрибути, добиваат различни интерпретации; имено, хеленските и римските автори ги предаваат македонските божества со хеленски и латински еквиваленти. Тоа се случува затоа, што античките Македонци својата религиозна содржина ја засновале врз колективната меморија и народната традиција така што за да се открие автентичноста на оваа духовност е неопходна методата на аналогија и споредба со митолошките претстави на другите индоевропски народи и од индоевропското наследство.

Светиот град на Македонците - Дион во Пиерија претставувал центар на верскиот и културниот живот; од времето на Архелај. И во Дион се воспоставиле Олимписките игри. Македонците ги славеле божествата Дион, Бах, Сабазиј, Дионис; Баховиот култ го славеле следбеничките на ова божество - бахи, наречени клодонки, мималонки и менади; овој култ бил поврзан со култот на Орфеј и деветте македонски Музи. Божеството Херакле (на македонска глоса - Аротос/Аретос) е митскиот родоначалник на македонската династија. Посебно се почитувале женските божества Алкидемнос, Гигаја, Зеирене, Бендида, а на божествата на природата жените Пајонки и Тракијки им принесувале дарови завиткани во слама од пченица (Херодот).  Култот на Сонцето и сончевата розета се владателски симболи кај Македонците (божество Ма има соларни обележја); специфичен е култот на "прочистување" на војската, со магискиот ритуал - жртва на куче; погребните златни маски, пчелата, афионот и божеството Бедs - реката Спасителка, се симболи на култните ритуални обреди на Македонците.

 

Продолжува

 

БЕШЕ СИ БИЛА ...

Проф., Ангелина Маркус

....ПРИКАЗНА ЗА ФИЛИП II МАКЕДОНЕЦОТ

 

      Ако се бараат корените, или кодот што дава печат на едно време или народ, тоа е наследството од дамнина во иднина. Лика на родителите и синовите со потомците.

Кога во царската лоза на Македонците на Аминта и Евридика им се роди Филип II, третиот син, тој ги понел со себе гените на вистински принц. Немало потреба да се проверуваат неговите потенцијали како што Андерсен го проверувал потеклото на принцезата со зрно грашок. Филип II ги потврдил сите квалитети уште како дете. Брзо сфаќал, учел, вежбал, војувал, градел, ја водел и ја изградил Македонија во силна и непобедива држава. Беше си била таква среќата на Македонците, со Филип II заедно во фалангата да живеат и да се борат, царот и народот едно до друго. Од љубовта кон луѓето ја црпел сета енергија и за славење. Филип ништо не пропуштал, во се' учествувал.

Во Македонија бил обичај, наесен, откако ќе се собере реколтата со веселбата да се продолжи до октомври, со Баханалиите, на жените Бахки, Артемидинки. Тие во занес трчале по шумите бркајќи го еленот на Артемида за да добијат светост од богинката. Тие биле посветени на мистериите со кои раководеле царските семејства како просвештеници. И Филип II и Олимпија со раѓањето го стекнале правото на тајните мистерии. Така во една октомвриска ноќ, на полна месечина, Филип II ја видел Молошката принцеза Олимпија од Епир и веднаш посакал да се ожени со неа. Свештениците веднаш го посоветувале добро да ја подготви  царската свадба за да се прикажува во бајките како треба да се женат царевите, со благослов од сите и од боговите. И денеска македонските свадби се со исти канон. Свештениците во црква ставаат круна на главата на младоженците во спомен на царските свадби и раскошни веселби.

По девет месеци во јули, во Пела, во македонската престолнина се родил Александар. Астролозите го воделе раѓањето според најповолните небески знаци. Се родил Лав - Кераклид, со предодредена слава и среќа. Таа ноќ небеските огнови и комети го парале небото. Во Хефес изгорел Артемидиниот храм и го осветил Егејот. Пела славела со целиот народ и фалангата. Филип II бил најсреќниот татко. Неговата слава растела. Царските коњи победувале на трките по стадионите. Битките ги добивал. Успех до успех се нижеле. И синот Александар рано го потврдил својот ген. Го јавнал Букефал. Филип II него испуштил од вид својот син, наследник. Го школувал, го обучувал, го осамостојувал, му бил жив пример. Дошол и тој славен ден за таткото и синот, пред Херонеја заедно да се покажат. И двајцата обдарени со божествена сила и убавина ја повеле фалангата во сите победи што им припаднале на Македонците. До ден денешен, сите народи, од Филип II и Александар III учат како да се живее, како да се бори и како да се брани татковината. Во прашање е ген и наследство, потврден низ историјата.

Професор Ангелина Маркус

Kind regards - 20 јануари 2017

Sotir Grozdanovski - 47