МАКЕДОНСКА БОЖИЌНА ТРПЕЗА

ЧЕСТИТИ БОЖИЌНИ И НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

 

 

 АДЕТИ ЗА БАДНИК И БОЖИЌ И  НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ

Христос се роди! Вистина се роди!

 

    Во македонскиот Бадник и Божиќ со векови има мистика, традиција, паганизам, културен култ.... Да видиме што вели за сето ова Македонската Православна Црква.

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи Македонската Православна црква, Бадник паѓа на 6ти јануари секоја година, а Божиќ на 7ми јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24ти декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

 

 

     

ЕТИМОЛОГИЈА

     Зборот Бадник веројатно доаѓа од старомакедонскиот збор - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, "сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена : Бадник - будник". И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.

 

ИСТОРИЈА

     Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткодневница. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Хтистијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: "Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето".

 

ОБИЧАИ

     Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството, со посна, но свечена вечера и прераскажување на библиски приказни. Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна : питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата  софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.

На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште еден дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстој.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.

Рано изутрина на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.

Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи "Коледе леде" ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, објавена во 1893 година:

 

Коледе, леде!

паднало греде,

утепало деде.

Дедо се мачи,

баба го квачи,

со четири јајца, гускини, паткини!

О,О, коледе!

 

Со Божиќ е поврзана и поговорката: "Пред Божиќ зад Божиќ кај да си, дома да си" што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.

На божиќ се оди во црква и. се врши причествување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо.

На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божиќ, според црковниот календар се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан, првомаченик.

Во некои краеви на овие празници луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божиќ, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св. Стефан. Од Божиќ почнуваат 12 те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат се' до пред Водици, денот кога Исус бил крстен.

Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божиќ до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии- апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.

 

ШТО ВЕЛИ МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

ЗА СЛАВЕЊЕТО

  Од друга страна, Македонската Православна Црква гозбите и пиењето околу коледарските огнови ги смета за пагански обичаи кои се во целосна несогласност со црковното предание и со божиќниот пост.

Меѓу дванаесетте големи христијански празници Божиќ се празнува најсвечено. На овој ден се празнува раѓањето на Господ Исус Христос, второто лице од Светите Троица.

Евангелиските текстови сведочат дека римскиот император Август издал заповед да се изврши попис на населението во Империјата. Секој требало да биде запишан во градот на своите дедовци. Палестина тогаш била во рамките на Римската Империја поради што и праведните Јосиф и Света Дева Марија од Назарет тргнале за Витлеем за да се запишат во овој град, зашто и двајцата биле од родот Давидов.

Кога пристигнале во Витлеем за нив немало место во гостилниците и куќите поради тоа што во градот имало многу народ дојден заради пописот. Некои добри луѓе сакајќи да им помогнат ги упатиле во. една пештера во близината на градот каде што пастирите во невреме ги засолнувале своите стада. Ноќна силна светлина ја исполнила пештерата, но и околните ридови, потоа Света Дева Марија го родила својот Син првенец, го повила и го ставила во јаслите. Силната светлина ги исплашила и пастирите што со своите стада ноќевале на отворено на околните ридови, но веднаш потоа ангелот Господов ги утешил јавувајќи им ја радосната вест:

"Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, кој е Христос Господ.

Пастирите веднаш отрчале во пештерата каде што ги нашле Марија и Јосифа со Богомладенецот, му се поклониле, а потоа низ градот разгласиле за раѓањето на Спасителот. Веднаш потоа кај првородениот син на Света Дева Марија пристигнале и тројцата мудреци од исток на коишто за раѓањето на Спасителот им соопштила необичната sвезда на небото која ги довела до пештерата движејќи се пред нив кога тие оделе и стоела кога тие одмарале.

"И штом влегоа во куќата, го видоа младенецот со мајка му Марија и паднаа, па му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчеџиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна" ( Матеј 2/11 ). Овие дарови требало да претскажат дека новороденото дете е во исто време човек (измирната), Бог (ливанот - темјан) и Цар (златото).

 Денот на раѓањето на Исус Христос не е познат и во првите три века овој празник не се празнувал. Причина за тоа е христијанскиот поглед на животот во тие времиња на робовладателски општества. Во барањето на датумот кога тој се празнува, Светата Христијанска црква решила тоа да биде денот кога во предхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце, а тоа бил 25 декември по Грегоријанскиот , односно 7ми јануари по Јулијанскиот календар.

И ако има претпоставки дека празникот се празнувал и порано, според некои истражувачи за најрано споменување на овој празник или за негово востановување се смета календарот на папата Либериј (Либеријанскиот календар) од 354 година кога се празнувал во Рим.

За прв пат Божиќ е празнуван во Цариград, каде што го воспостановил св. Григориј Богослов.

Бадник во Естонија

БОЖИЌНИ АДЕТИ НИЗ СВЕТОТ

 

Прилог на: Голабовски Крсте

 

     Славењето на Божиќ низ светот се јавува во многу различни форми. Некои можеби ќе Ви изгледаат бизарно, но за жителите во местото се сосема вообичаени.

ВО ШПАНИЈА - постои една традиција во која луѓето ставаат трупец со нацртано насмеано лице во својот дом. Луѓето се грижат за него во текот на целиот декември - го покриваат со прекривка за да му биде топло и го "хранат" со вкусни оброци. На Божиќ, децата го кршат дрвото и му пејат.

ВО УКРАИНА - луѓето кријат пајак во божиќното дрвце. Тој кој ќе го пронајде пајакот ќе има добра среќа целата година. Традицијата потекнува од стара фолклорна песна за вдовица која била премногу сиромашна за да го украси божиќното дрвце, па некој пајак со својата мрежа ја завршил нејзината работа. Кога пристигнал Божиќ, мрежата се претворила во злато и сребро.

ВО КАРАКАС , ВЕНЕЦУЕЛА - луѓето одат на утринска молитва во црквата на ролери. Тоа се практикува од 16 до 24 декември. Најчесто децата се оние кои се најбрзи и го водат патот.

НОРВЕШКА - до колку одите во оваа северна земја на Скандинавија за време на празниците, не очекувајте метла во домовите. Семејствата ги кријат за вештерките да не ги украдат и го окупираат градот.

ЕСТОНИЈА - ако сметате дека семејните собири се стресни за вас, тогаш не одете во оваа северноевропска земја. Таму семејствата на Бадник се релаксираат во сауна, пијат Вотка и споделуваат приказни додека се потат.

ИТАЛИЈА - во некој делови на Италија подароците се поделени од страна на вештерката Ла Бефана. Таа пристигнува на Божиќ со традиционални слатки и овошки или лук и јаглен за лошите деца. Семејствата и' оставаат чаша вино за патот, а доколку сте навистина добри, таа ќе Ви го избрише подот со нејзината метла. Има многу паради по улиците, кои го слават овој лик.

ПЕТАР БОГДАНИ И НЕГОВИТЕ СВЕДОШТВА ЗА АЛБАНЦИТЕ

ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА ВЕШТАЧКИ НАЦИИ НА БАЛКАНОТ

     Повеќе пати зборувавме за Грција како вештачка државна творба на Балканот и тоа не со поткрепа на наши или од некој други измислени извори, во чија објективност би се сомневала јавноста на било која страна, туку исклучително со изјави и документи изнесени од реномирани грчки и  странски професори, од истакнати научни институции и високообразовни училишта ширум светот. Во секој случај  документи, веродостоини и релевантни. 

За освежување на сеќавањата, пак, на нашите читатели кои се запознати со ова  од нашите написи, како и на сите други запознати од некои други извори, им   препорачуваме  да ги прелистаат постарите наши писани материјали поврзани со вистината, за која зборуваме.

Меѓутоа, не е само Грција вештачка креација на странски вљубеници во Хеленизмот кој попат се изгубил во прашината на времињата со милениуми останати зад нас; има и многу повеќе од што некој мисли. Албанија е другиот наш сосед кои во потрага по гуштерици, си вади змии отровници, сметајќи, дека освен нејзините политичари и квази "сезнаејќи" учени луѓе, сите други се за повеќе редови подолу од нив. Македонците не се дрво без корен, нити нивната култура и човечност  се од вчера, или створени од туѓинци.

Кога ќе ги споредиме Грците и Албанците и нивните недолични однесувања во јавниот и приватниот живот во средините во кои живеат, ќе најдеме зачудувачки сличности. Зошто ? Би се запрашал некои! Па затоа што во Грција нема Грци,  а во Албанија нема Илири. Грчката нација е комбинација од се' и сешто со додаток на голем број Албанци, доиденци на овие наши простори за време на Османлиската Империја и со менталитет кои си го имале таму од каде што дошле, како и  денешните Грци. И едните и другите гладни за туѓи територии и не кадри за соживот со населението кое ги примило и им пружило гостопримство, кога им било нај потребно. 

И едните и другите се пијуни во рацете на странски сили од кои чекаат ситни трошки за преживување. И едните и другите не се кадри да имаат свои држави, а камо ли со нив и да управуваат,  самостојно. А што е најважно, немаат интелектуални капацитети да сватат дека странците се тука се' дури не ги остварат своите интереси, а соседите се за вечност и во добро и зло.

Ете таа е разликата помеѓу Македонците и нив, и ако и меѓу нас има некои кои заскитале од негде,  како ГМО семе.

Но, овој пат нека биде доста со докажувања за нешто што веќе ни е познато. Ќе одиме со нешто, што од пред некоја година постана јавна тајна: ќе зборуваме за другата вештачка творба на Балканот, а тоа е албанската нација.

 

Сотир Гроздановски

 

 

 

ПЕТАР БОГДАНИ - МАКЕДОНЕЦ

ОСНОВОПОЛОЖНИК НА АЛБАНСКАТА КНИЖЕВНОСТ

СТРОГО ЧУВАНА ТАЈНА

 

     За времето во кое овој филозоф и историчар творел и пишувал на италијански јазик, во Албанската книжевност не постоеле други имиња.  Дека Петар Богдани е Македонец е строго чувана тајна, а неговите дела се преведувани на албански и други јазици со одбегнување или искривување на вистинското потекло на овој голем филозоф.

Петар Богдани е единствен писател и филозоф во тоа време за просторите на денешна Албанија, а според аналитичарите е жив доказ за вештачки создадената  албанска   нација  која нема потекло нити било каква врска со Илирите и средниот век. Самите историчари потврдуваат дека Албанците се планинци кои го избркале македонското население и формирале некаква државичка, од која незнаат што да направат. Тоа се дојдени племиња за време на  Турската Империја, со потекло од Гегите.

Петар Богдани на книгата печатена во 17 век и сочувана до денес,   како строга тајна,  е потпишан како Pjeter Bogdani - Macedone или во превод Петар Богдани - Македонец. 

Делата пишувани од Богдани се капитални дела од особено значење за Албанската книжевност, а се' до овој момент не се споменува дека е Македонец. Тој своите дела  ги пишува на Италијански јазик, а дел од насловите и имињата ги пишува на КИРИЛИЦА.

Петар Богдани или на албанската јавност наметнат како Пјетер Богдани (1630-1689), е познат и како Пјетер Богдано и е најоригинален писател за почетокот на литературата во Албанија. Тој е автор на Cuneus Prophetarum (ГРУПАТА НА ПРОРОЦИТЕ), 1685 година.

Роден е во близината на Призрен околу 1630 година. Се школувал во традициите на Католичката црква на која тој и ја посветил целата своја енергија. Неговиот чичко Андреа Богдани (1600-1683) бил архиепископ на Скопје.

Петер Богдани се школувал во Бугарија, а потоа студирал во Илирскиот колеџ Loretto во близина на Анкона. Од 1651-1654 служел како парохиски свештеник а од  1654-1656 година студирал на колеџот на Пропаганда во Рим, каде што дипломирал како доктор по филозофија и теологија. Во 1656, тој бил именуван за епископ на Скадар, позиција, на која се одржал дваесет и една година, а потоа бил назначен и за администратор на Архиепископијата на Antivari (Бар) до 1671 година.

За време на повеќегодишно-проблематичните времиња од турско-австриската војна, 1664-1669, Петер Богдани се кријел во селата Barbullush и Rjoll во близина на Скадар. Како доказ на неговото присуство во пештерата близу селото Rjoll, се' уште стој запишано неговото име.

 

Ragusa/ Дубровник

     Во 1677 година го наследува својот чичко Андреа Богдани во Скопје како Архиепископ и администратор на србското кралство. Неговите религиозни и патриотски чувства го одржуваат во расчекор со турските власти. Со своите службовања продолжува во Ragusa ( Дубровник ), а после продолжува за Венеција и Падова, носејќи ги своите ракописи со себе. 

Петер Богдани за време на престојот во Падова, бил поканет од кардиналот Грегорио Барбариго ( 1622-1697 ) кој во тоа време служел во Рим. Кардиналот Барбариго, а подоцна бискуп на Падова бил одговорен за работата на источната црква со голем интерес за културата на Ориентот, вклучувајќи ја и Албанија. Бискупот Барбариго во Падова поседувал печатница со можност за печатење на повеќе јазици, како на пример Хебрејски, Арапски и Ерменски и бил подготвен да му помогне на Петер Богдани во неговата втора историска задача.

Откако ги подготвил за објавување ракописите на Cuneus Prophetarum, Богдани во март 1686 година се вратил назад на Балканот и тука ги поминал следните години во промовирање на отпорот спрема Отоманската Империја. Особено во Косово.  Петер Богдани учествувал заедно со други 6000 албански борци во составот на австриските воени сили во Приштина и Призрен. Постој уште еден поголем непријател со кои се сретнале во тоа време - чумата.

Петер Богдани така болен се вратил во Приштина, и наскоро, во  декември 1689 година изнемоштен починал. Десет години подоцна,  неговиот внук Ѓорѓи  ја известил јавноста дека посмртните останки на неговиот чичко биле ексхумирани и фрлени на кучињата да ја довршат работата на природата, на среде плоштадот во Приштина. 

Така завршила историската мисија на еден од најголемите фигури за почетокот на албанската култура, на писателот и филозофот Петер Богдани, често нарекуван како татко на добрите Албанци.

Неговото капитално дело CUNEUS PROPHETARUM е отпечатено на латиница во Италија, со додавање на истите ликови и на кирилица.

 

Преземено од "Македонска Нација" и делумно 

поправено и дополнето од Сотир Гроздановски.

ЗА ПРЕДАВСТВАТА НА СДСМ ВО ПОЛЗА НА АЛБАНЦИТЕ И РАЗНЕБИТУВАЊЕТО НА СВОЈАТА СОПСТВЕНА ЗЕМЈА

КОМЕНТАР НЕ Е ПОТРЕБЕН!

Ристо Стефов

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ 17

Пишува : Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

 

 

     Постоат многубројни документи во нашата историја како и се' уште сеќавања кај преживеаните очевидци, сведоци, за настаните од граѓанската војна во Грција како војна плански иницирана со цел Македонците да се истераат од Грција, баш на начин како што Британците и сакаа. Верувам дека десетте точки од нашето шеснаесетто продолжение ќе бидат доволни да ја потврдат мојата теорија, заедно со однесувањето на играчите во војната, инаку во спротивно, таа би била бесмислена.

Имајќи ги на ум тие десет точки, го продолжуваме нашето раскажување и понатака, докажувајќи ја горчливата вистина за нашата судбина, делумно самопредизвикана со добронамерно претпоставување дека сите луѓе што нешто кажуваат, ја потврдуваат вистината и дека треба без резерви да им се верува.

Одма после германската окупација на Грција, власта се предаде, а војската која војуваше против италијанската армија на албанскиот фронт капитулира. Повеќето од нив беа Македонци, оставени без храна и муниција и во потполн неред незнаејќи дали и понатака да ги држат воените положаи или да се предадат. Германците ги затекнаа изгладнети и напуштени и откако ги разоружаа, им дозволија  да се врата во своите домови.

Некое време после окупацијата на Грција, Македонија беше ставена под контрола на Германците, Италијаните и Бугарите. Костурската околија била под Италијанска, но тамошните Македонци и понатака биле изложени на грчките фашистички злосторства и понижувања. Затоа, некои македонски села побарале заштита од Италијаните. Меѓутоа, наместо тие да ги бранат, им дале оружје за самите да се бранат од злосторниците. Имајќи средства за одбрана, Македонците многу успешно излегувале на крај со бандите-злосторнички и ги држеле надвор од нивните населени места.

Во отсуство на Грците, Костурчани, но и многу други села во Македонија почувствувале нова слобода за прв пат во нивните животи, после многу години. За разлика од Грците, кои ги тероризирале на секој начин, Италијаните биле многу по чувствителни спрема Македонците. Нив не им сметал македонскиот јазик, народните песни и национални обичаи. Македонскиот јазик се зборувал на секаде без страв, дури и богослуженијата по македонските цркви се одржувале на македонски јазик. Тоа било големо олеснување.

Соговорникот - Тоа се случувало за време окупацијата?

Ристо - Да! За време на окупацијата. Костурските селски вооружени групи успешно се справувале со непријателските грчки банди. Во случај на поголеми опасности се здружувале и така постанале значителна одбранбена сила во својата околија.

Оваа појава на самосвест и патриотски занес  дојде до израз на 5ти март 1943 година, кога со дозвола на окупациската управа група од 48 претставници од повеќе околни села формира 'Македонски Комитет' за одбрана на својата, Костурска, околија со над 50 до 60 селски населби  од насилствата на грчките националистичко-фашистички групи. Се' друго речено за овој Комитет е само измислена и злонамерна лага.

Бугарија, како сојузничка на Италија, имала пристап во внатрешните работи на оваа македонска околија и како таква, имала можност и за злоупотреба на тие овласти. Таа ја ширела својата државна пропаганда не само со уверување на Македонците да ги подржуваат бугарските интереси, туку и да ја убедува светската јавност дека вооружените групи за одбрана од грчките злосторници заправво биле "бугарски" а не македонски. За жал, некои од костурските групи навистина ја прифатиле нечесната традиционална игра на Бугарите и им се придружиле во ширењето лаги во интерес на бугарската држава. На овај начин, тие им нанеле големи штети на својот народ, зголемувајќи им ги и така големите проблеми. За несреќа и Бугарите и Грците ги злоупотребувале овие настани со цел да ги оцрнат и криво да ги прикажат целите на Костурските одбранбени групи, прикажувајќи ги како криминално-фашистички.

Во врска со овие настани се' уште некои луѓе ми пишуваат, тврдејќи дека овие групи навистина биле "лоши Бугари". Меѓутоа, фактот што ме уверува во неточноста на нивните погрешни уверувања се состој во тоа, што тие ниту биле Бугари, а најмалку Фашисти, со  исклучок на оние неколку кои ја прифатија бугарската игра и постанаа лажни и навистина "лоши Бугари". Понатака, што зборуваа македонски а не бугарски, дозволуваа учење на македонскиот јазик и го користеа  во богослуженијата во македонските цркви. Што е најважно, оперираа под заклетва дека го бранат македонскиот народ и македонските национални интереси, а не бугарските.

Вистината се состоела и во Гоцевата филозофија и света идеа дека ако треба да се умре, да се умре за Македонија. Истата таа идеа била вградена и во организирањето на македонската армија, одбивајќи да бидат слуги на Грците или на Комунистите (Интернационалисти). И баш тие беа причините, што беа оцрнувани и на крајот уништени.

 

 

КОСТУР - ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Погубување на етнички Македонци од грчки војник.

"На било кој начин или форма, Историјата ќе ја забележи борбата и вечните желби на секој македонски востаник:  да се сочува националниот идентитет и да си го вратиме нашиот мајчин македонски јазик во секојдневна употреба, семејствата да си ги обезбедиме од разни насилства и злосторства, никој да не ни ги отима имотите  и на крајот, да си ги одбраниме и сочуваме наследствата од нашите претци. Во овој концепт влегуваат и целите на Костурските одбранбени групи, кои се состоат во:

Прво - востаниците, како законити синови на оваа земја да го вратат Костурскиот дијалект од македонскиот јазик, кој со закон на Грција беше забранет да се зборува и на него да се комуницира.

Второ - востаниците да ги отворат македонските цркви и богослужбите да се изведуваат на македонски јазик, заедно со адетите, крштевките,  венчавките и погребенијата.

Трето - локалната полиција да ги именува луѓето со нивните национални имиња и на македонски јазик". ( Стојан Кочов )

Костурските востаници веруваа во истерување на Грците надвор од Македонија и формирање на единствена и самостојна Македонија. Е, па ако им била таква целта, зошто би се бореле за интересите на Бугарија?

Баш некако околу исто време кога Русија ја започна својата голема офанзива за чистење од германските воени сили, почна покретот на отпорот и на Балканот за терање на окупаторските сили од нашите простори. Овај покрет на отпорот беше организиран од вистинските комунисти кои веруваа во идеите на Комунизмот. Македонците не заостанаа зад другите во овие ослободителни процеси, па така никнаа покрети на отпорот скоро на секаде по територијата на Егејска Македонија, вклучувајќи ги Костурските, Леринските, Воденските.... подрачја.

Но како и секогаш, за жал, на место да формираат заеднички македонски фронт , Македонците беа вовлечени во заедничка борба со Грците за  наскоро да ја изгубат и контролата над формациите кои самите ги формираа.

Национално ослободителниот фронт на Грција, (EAM) беше формиран на 27 септември 1941 година без и еден македонски предзнак. Неговата цел му беше да го истера германскиот, заедно со бугарскиот и италијанскиот окупатро, да го воспостави единството на Грција и ја обезбеди самостојноста на Кипар, Додеканес и Северен Епир, без спомен на Македонците како учесници во операциите.

После формирањето на НОФ на Грција, во чии состав влезе и КПГ, беше испратен апел до целото грчко население да му се спротивстави на Фашизмот. После тоа на заедничката средба со ЦК на КПГ покрена акција за формирање армија на отпорот. Оваа нова грчка армија именувана кака ЕЛАС, беше креирана на 15 февруари 1942 година со појавата на нејзината прва формација. Првиот одред на ЕЛАС креиран на македонската окупирана територија беше стациониран во Костур на 7 декември 1942 и во него беа вклучени 10 Македонци, 7 Грци и 2 Власи.

Како и во секоја армија, така и во оваа војниците земаа свечена заклетва дека ќе се борат за некои свети работи кои во ЕЛАС беа следните :

"Се заколнувам дека ќе се борам до последна капка од мојата крв за потполно ослободување, стабилност и самостојност на Грција. Ќе се борам да го сочувам единството на грчкиот народ и воспоставата на редот и основните човекови права... со дисциплинирано извршување на моите должности и обврски. Ќе ги следам сите заповеди и напатствија на моите претпоставени и ќе избегнувам секакви искушенија кои би ме претвориле во предавник на грчкиот народ". И понатака, пак ни спомен на македонскиот народ.

Откако сојузниците ги надвладееа окупаторите и германската армија почна да се повлекува, вооружените групи, како оние за кои зборувавме во Костурската околија, постанаа проблем за Грција. Народноослободителниот фронт (EAM) и КПГ сакаа да ги ликвидираат.

Грците можеа да ја користат својата армија во разоружувањето на Кострурските групи, меѓутоа тие тоа него направија. Комунистичката партија на Грција одлучи да формира македонски формации од нив, па затоа и воспостави потесни контакти за разговори. 

"Раководствата на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС загрижени за ситуацијата во окупирана Македонија, особено во Костурско, Леринско и Воденско, одлучија да формираат одделна македонска организација, СНОФ (Славо-македонски национално ослободителен фронт). СНОФ во Костурско и Леринско бил формиран на 20 октомври 1943, а за Воденската околија малку подоцна. Луѓето кои го формираа СНОФ беа Грци и му припаѓаа на КПГ од околискиот комитет за Западна Македонија и тоа: Христос Калфас - Андреас, Андонис Андонопулос-Периклис, секретарот на околискиот комитет на КПГ за Костурско и Танасис Карцунис, секретар за Кожани". (Погледаите ја книгата  "Ѓорѓи Р. Пејков  1915-1991" од Стојан Кочов, Скопје 1995 за повеќе информации).

Да се запрашаме за  едно од поважните прашања : Зошто Грците инзистираа на префиксот "СЛАВО" ? Имаше ли некои други Македонци во Грција, па да се дистанцираат од нив? Зошто Грците беа толку загрижени па мораа да го кријат нашиот идентитет, ако не од некој страв да не си ги бараме нашите национални права, така нечесно одземени за време на насилната окупација на нашата древна татковина Македонија? Заправо, кои беа тие "Славо-Македонците"

Правото на СНОФ да регрутира било само кратко време, за после тоа борците да подпаднат под командата на ЕЛАС. На 16 септември 1944 година сите воени формации на Славо-македонската Национално Ослободителна Армија - СНОВ, беа разоружани.

Историски е факт дека раководствата на КПГ и ЕАМ се' до април 1944 година го користеа СНОФ за свои политички и воени цели, првенствено со активностите против организираните и вооружени групи. Потоа, во почетокот на мај 1944 година КПГ го расформира СНОФ и СНОВ (негов воени дел), правдајќи се дека им смета на КПГ во разговорите со грчките власти во егзил и другите коалициски партнери закажани да се сретнат во средината на мај 1944 година.

КПГ не се погрижа да ги објасни причините за ваквите потези и кој, заправо, има проблеми со македонските воени сили, кога тие во воените судири се бореле против заедничките непријатели во окупираната Македонија. КПГ ниту им се спротивстави на грчките и британските претставници застапени во разговорите во врска со расформирањето на СНОФ и СНОВ.

И така, шест месеци откако беше формиран од странци и други личности, СНОФ беше напуштен, одново од истите фактори кои учествуваа во неговото оснивање, не водејќи сметка за докажаните успеси во заедничките акции како дел на силите на КПГ.

Се докажа, дека Грците имаат на секаде во политичкиот и воениот спектар проблеми со Македонците и се плашеа од СНОФ и другите вооружени групи во Костурско. И така, после сите валкани работи извршени од припадниците на СНОФ и СНОВ, КПГ најде оправдание да им ги сврти плеќите на Македонците. И уште полошо од тоа. На СНОФ и неговите борци им беше соопштено, дека сите вооружени одбранбени групи во Костурско биле "Бугарски Фашисти", кои се бореле за интересите на Бугарија. Погрешно информирани, македонските партизани беа упатени во борба против својот народ и единицте кои им служеле на Костурчани да се одбранат од грчките злосторнички банди. Со други зборови, СНОФ беше испратен да го лимвидира својот сопствен народ, без да е свестен дека Грците организирано и намерно тоа го прават. Тоа беше уште една грешка од пристанокот да се стават под команда на Грците, своите непријатели.

Македонците мораат да се научат еднаш за секогаш во своето однесување со своите довчерашни непријатели, но и со своите домашни предавници, да ги гледаат само своите интереси и да не дозволат да бидат на лесен начин надмудрени, излагани   и на крајот ликвидирани. Затоа Историјата ја викаат "мајка на науката" која  се поновува во подруги времиња и во подруги форми, но секогаш превртлива и непредвидива.

Македонците мораат да научат дека слепото верување  во се' што не советуваат странците може да биде фатално и опасно по националните интереси, особено кога се работи за одбранбените сили на земјата. Мора да научи дека светот околу нас е изграден врз лаги и насилства и дека никој не се грижи за доброто на другите, туку само за своите интереси.

На кусо, Македонците беа повеќе пати излагани и ставени под контрола на Грците и разоружани. И пред расформирањето на СНОФ, односите со КПГ бе затегнати, но сепак Македонците подлегнуваа под нивните замаскирани лаги дека тие се грижат за нивно добро и дека може да им се верува. И покрај силните ветувања за соработка со СНОФ, таа никогаш не се реализира. ЕЛАС секогаш имаше скриени намери.

Со положајот на Македонците во Грција биле незадоволни многу македонски лидери. Меѓу нив беше и Гоце, македонски командант на батаљон во составот на СНОВ, военото крило на СНОФ. Незадоволствата ги постигнаа своите кулминации во октомври 1944 година, кога командантот Гоце се соочи со единиците на ЕЛАС готови да го нападнат. Тогаш, наместо да влезе во отворен судир со надмоќните единици на ЕЛАС, во кој беа и повеќе македонски формации кои им се придружија од порано, Гоце со својот батаљон од 800 борци Македонци, ја премина границата со Југославија и влезе на територијата на Република Македонија. Така ја избегна катастрофата наменета за неговите борци, а со која сметаа командантите на ЕЛАС.

Соговорникот - Колку борци броел батаљонот во тие времиња?

РИСТО - Па нешто околу 600 борци, плус минус!

Прво Грците сакаа или да ги расформираат македонските батаљони, или да ги префрлат на југ, далеку од Македонија. Меѓутоа, Гоце одбил да се случи такво нешто. Тој им рекол на Грците дека неговите борци се сите Македонци и сакаат да останат во Македонија за да ги бранат своите семејства и македонскиот народ. Неговите борци беа сите доброволци кои му се придружиле за да ја бранат Македонија а не Грција.

Соговорникот - Како стрико ти ?

Ристо - Баш така! Како стрико ми! Во почетокот стрико ми беше полицаец во македонските сили, но подоцна им се придружувал на разни младински групи.

Бил подготвен секогаш да се бори...За еднаквост. Македонците беа храбри борци. Пожртвовани и патриоти. Си ја сакаа својата Татковина и беа секогаш спремни да се борат и да погинат за Македонија. Една маана имаа: беа и премногу вљубени во својата земја, па затоа и беа често манипулирани од Грците. Од нивната длабока патриотска љубов Грците се плашеа и денес се' уште  се плашат, па затоа секогаш измислуваат како да ја насочат таа македонска љубов против нив. Прво, измислија дека одбранбените македонски групи биле "Бугарски групи и работаат во полза на Бугарија", па после им ветуваа политичка и воена соработка и на крајот им ветија човекови права и еднаквост....

Сето тоа беше плански скроено како би го "иступиле сечилото на македонската сабја". Грчките комунисти им ветиле дури и полна самостојност. Ниту едно од тие ветувања не било исполнето. Беа само едни од многуте грчки лаги. Беа ли уверливи ? Некој би рекол! Па во тие времиња се' беше уверливо и се' по некоја инерција беше и можно да се оствари. Ето, македонскиот народ од другата страна на македонската граница, кој беше под окупација на Србија, си ја извојува својата слобода и самостојноста како држава Република Македонија, во составот на југословенската Федерација. Си ги оствари сите свои човекови и национални права. Па да, и лагите беа за верување! Тотално обесправен и понижен, македонскиот народ веруваше дека е и тоа можно. Можно е и тие да извојуваат своја самостојност, човекови и национални права. Зошто да не? Потребата да веруваат и во неможноста да се оствари желбата за нешто што човека го прави среќен, секогаш го замаглува умот и тогаш не е можно да се видат знаците на манипулациите кои ви ги подготвил непријателот.

Со такви желби и сонови во тие времиња живеа Македонците и затоа беа ранливи. Им веруваа на вешто подготвените лаги на Грците, направени да изгледа се' можно и остварливо, до одредена поинта, кога непријателот влегува на сцената и ја прекунава лажната игра со својата сабја.

Но тоа не беше ништо ново. За време на Илинденското востание во 1903 година на македонскиот народ му се случуваше истото со бугарските пропаганди кои ги тераа да влезат во нерамноправна борба со Османлиите и така да претрпат страшни порази и големи материјални и човекови загуби. Сето тоа подготвено со цел, откако  Турците и Македонците ќе искрварат, да влезат меѓу нив  и ја постигнат својата цел: анексија на Македонија кон Бугарија. 

Но, ајде да се вратиме кон завршетокот на нашата прекината прикаска.

Мигот за темелни промени во курсот кој го следеше Грција во тие времиња беше договорот помеѓу Сталин и Черчил, со кој Грција останува да се врти во орбитот на западниот свет, поточно под контрола на Британија како нејзин протекторат и со забрана на социјалистички систем во земјата. Но бидејќи јавното мнение во Грција беше во спротивност со нивниот договор, односно 80% за социјалистички поредок во Грција, Сталин доскочи во помош и предложи национални избори, па нека народот за тоа нека сам си одлучи. Со што се сложил и Черчил. 

И така била прифатена одлуката на двата светски лидери, но под одредени услови а тие биле: сите вооружени групи во земјата да се расформираат, вклучувајќи го и ЕЛАС, армија под контрола на КПГ. Но исто така и македонските воени формации и другите организации да престанат со своите активности и да се елиминираат. Тоа беше барањето на Черчил.

Со ваквиот однос на силите во Грција, десничарските политички партии на Британија и Грција не беа сигурни дека ќе ги добијата националните избори, па затоа одма ги започнаа своите подготовки за елиминирање на опозицијата.

Со приближувањето на денот на изборите, драматично се заоштруваше и теророт над македонскиот народ. На 5ти март 1946 година националната гарда на Грција уапси група од 10 Македонци во с.Неред, Беа приведени и без трунка докази беа обвинети за припаѓање на некои субверзивни и непријателски групи и организации. Слични такви настани се случуваа и во селата Неокази, Попожани, Борешница и Секулево.

 

Продолжува

 

Kind regards : 01 јануари 2017

Sotir Grozdanovski - 44

БОЖИЌНА ТРПЕЗА

 

 НЕКА НИ СЕ СРЕЌНИ И ЧЕСТИТИ БОЖИЌНИТЕ И НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

 

ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВО ДО ВАШИТЕ СЕМЕЈСТВА

Аница и Сотир