МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ - 359 год. п.н.е.

СЕПАК НЕ СМЕ ДРВО БЕЗ КОРЕН!

Македонско девојче

 

  

   

 

 

 

МАКЕДОНИЈА ВО СТАРИОТ СВЕТ 

(ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА)

 

  ИСТОРИСКО-ГЕОГРАФСКИТЕ ГРАНИЦИ НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

(НАЈСТАРИТЕ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА)

 

Избрал и подготвил: Сотир Гроздановски

 

 

Дел - 1

 ПРВИТЕ ЗАПИСИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ЕПОТ НА ХОМЕР, ИЛИЈАДА, ВО КОЈ СЕ ПЕЕ ЗА  "КРИВОЛАКИТЕ ПАЈОНЦИ"  ОД  "ШИРОКИОТ АКСИЈ"  И ЗА  НАЈСТАРИТЕ ТОПОНИМИ ПИЕРИЈА И ЕМАТИЈА ( ЕМАТХОС).

 

   Името Ематија е потиснато од името Македонија, чие постаро име било Макета и Македон, забележано кај поетот Хесиод, кој во Теогонија го определува Македон како син на Зевс и на Тија. Етимологијата на името Македонија, најверојатно, потекнува од супстратниот слој на изумрените балкански јазици од индоевропско потекло.

   Според географските карактеристики, античка Македонија го опфаќала североисточниот дел на Балканскиот Полуостров; античките автори ја опишуваат како планинска земја со голем број реки, богати полиња, шуми, езера и рудни богатства. Скоро сите македонски реки Вардар, Струма се влеваат во Егејското Море. По долините на реките има голем број езера: Болбе, Лудија, Костурско Езеро, Мало и Големо Преспанско Езеро и Лихнидско Езеро. Плодните полиња овозможувале развој на земјоделството, градинарството и лозарството; надалеку биле познати смоквите, лозјата и маслинките. Богатството од густи шуми во Македонија и' овозможувало на Македонија да стане главен извозник на најквалитетно дрво и смола за изградба на кораби на Медитеранот. Рудните богатства придонесувале за брзо економско јакнење на државата; наоѓалишта на злато и сребро имало источно од Аксиос, во близина на Стримон на планината Пангеј, кај езерото Прасијада и кај местото Датон. Сето ова овозможувало Македонија да стекне стопанска независност.

  Географската, етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ ја исцртувале планината Олимп, реката Пенеј (Пенеијос, Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движела до планината Пинд - тромеѓа помеѓу Македонија , Епир и Тесалија; западната граница продолжувала по планините од Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат), се' до планината Скард (Шар Планина) - тромеѓа меѓу Македонија, Илирија и Дарданија; северната граница се спуштала по падините на планината Јакупица, поминувала меѓу денешните градови Скопје и Велес и по реката Пчиња излегувала на Осоговските Планини, се' до планината Рила; на исток границата одела од планината Пирин до устието на реката Нест (денешна Места) во Егејско Море.

  Јадрото на македонската држава од каде се ширеле државните граници, според Херодот, била областа Лудија (помеѓу реките Лудија и Аксиј). Античките автори приморска Македонија ја нарекуваат Долна Македонија, а внатрешниот планински дел - Горна Македонија. Долна Македонија го опфаќала централниот дел на Македонија и се простирала меѓу реките Халијакмон  (Бистрица) и Аксиј  (Вардар),  како и по долните текови на Стримон и Нест, со областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида и Еордаја. Горна Македонија го опфаќала внатрешниот дел, претежно планински предели со областите: Тимфаја, Параваја, Елимеја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика. Македонските владатели ги споиле овие области во единствена македонска држава.

    Оваа поделба ги претставува географско-етничките и историските содржини на територијата на античка Македонија, но воедно ја претставува и политичката граница на античката македонска држава. Кај античките автори, историографи, географи, логографи, биографи, со векови се посочува на овие географско-топографски и историско-етнички определби, кои стануваат дел од античката држава Македонија.

 

Продолжува

=================================== 

 

 

 

БЕШЕ СИ БИЛА.....

Професор Ангелина Маркус

.....ПРИКАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА МАЈКА

 

     Тајната на создавањето на човекот трае. Се вели дека се родил. Го родила мајка. Врвот на совршенството, човечкото суштество, раководено од природен инстикт да знае да дише и да цица. Се' друго се стекнува, се учи, се усовршува. Мајката го пренесува искуството на потомството. Мајката Божица, прамајка, природата, Ева од рајот и секоја мајка ја носи тајната на животот. Не можеме да кажеме кога точно започнала животот на човекот. Разни митолошки и ритуални докази ја зголемуваат хипотетичноста. Со една биолошка нога стои во животинското царство а со другата чекори во свесната зона на уметничко и научно творештво. Се покорува на законите на природата и свесно интервенира создавајќи нови сфаќања за себе и светот од земјата до космосот. Некои појави милион години не се променуваат, на пример раѓањето и улогата на мајката.

    На тлото на Македонија под земја останале разни докази за животот на луѓето со кои се побива претпоставката за дивите луѓе што скитале наметнати со кожи, со долги коси и стапови во раце. Неолитските ископини на куќи, огништата, орадија и стотици глинени статуи на жени ни раскажуваат поубава прикаска за култ кон Мајката што раѓа. Тоа се неолитски дами на Големата Мајка од Македонија, Божица на домот и родот и господар на животот. Жена извајана од глина седната на покрив со нацртано сонце, накитена со бисери, белегзии, прстени, плетенки и патец насред над челото како израз на симетрија и равнотежа на материјалното и духовното од основа го менува сфаќањето на жената како диво животно. Во Музејот на Македонија има постојана изложба на галерија на тие женски ликови наоружани со убавина, моќни владатели на домот,  на фамилијата и продолжувањето на животот со раѓање. Тоа се истите жени во мермерни статуи на Музите, Богинките, Артемида, Тиха, Афродита, Хера ... коишто чувале вечна стража со убавина на Големата Мајка пред храмовите, палатите и театрите низ Македонија, во сите царски градови. Така ги ископуваме наредени во колони и ги споредуваме со сегашните живи мајки и некогашни славни лица на жени од Македонија. Тоа се Царици и Богородици што раѓале Божествени Македонци.

   Евридика го родила Филип II, Олимпија - Александра, Лета - Аполона. Тетида - Ахила. Роксана - Тесалоника, Клеопатра родила пет деца, Мајката Божја - Марија, Царицата - Елена, Теодора - Ана- Комнен,  Евросима. Султана мајка на Гоце Делчев, Мајките на Комитите, Преродбениците, Партизаните, Бранителите.... на народ што го одржува култот на Големата Мајка како култ на раѓање за долгиот опстанок на човекот и човештвото.

   Мајката раѓа и затоа толку се почитува во Македонија, во безброј светилишта, од почетокот на светот до денеска.

Проф. Ангелина Маркус

============================

Ристо Стефов

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ 18

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски и уредил: Сотир Гроздановски

 

     На 13 март 1946 година  во леринскиот суд беа судени и осудени на затвор во траење од 10 до 15 години десетмина  од селото Петораци. Осудените македонци беа  обвинети за припадност во забранета социјалистичка организација.  Меѓу осудените беа следните: Битко Мијалев, Лазо Дамјанов, Насо Жинзов и Васил Попов. Исто така, уште други 18 мина од селото Сетина од истиот лерински суд беа осудени на затворска казна во траење од 8 до 10 години за други не дефинирани криминални дела. Обвинителот на овие луѓе беше учителот Милтиадис Дулукас, кој беше присатен во судницата.

Насилствата на грчката власт во овие времиња видно се зголемија во одност на поранешните периоди. Ограничувања немаше ниту за смртните казни против припадниците на левичарските политички партии помеѓу 1945 и 1950те години. Ваквите однесувања ги надминаа насилствата и злосторствата на грчките власти од поранешните, но и времињата после нив.

Интересно е да се нагласи поволното однесување  спрема  соработниците со германските окупатори и криминалците, осудени на смрт, во споредба со припадниците на левичарските организаци и македонците, особено после изборите од 1946 година.

И дури британците и грците продолжија да зборуваат за споменатите избори во Грција договорени од Сталин и Черчил, националистите и шовинистите го продолжија теророт над цивилното население со неконтролирано апсење. До времето договорено да се одржат закажаните избори, за 31 март 1946 година, скоро сите припадници на отпорот или нестанаа или беа уапсени под криви обвиненија за некои кривично измислени дела.

Теророт и насилствата се засилија пред почетокот на изборите и го достигнаа својот врв на ден два пред самите избори, што го испровоцираа дури и изборниот кандидата Софулис да ја отпушти душата и да каже : "Не е можно да се одржат ниту делумни избори под овие околности". Не само што луѓето беа тероризирани и оневозможени да гласаат за кандидат кои тие  го сакаат, туку имаше толку не регуларности, за кои грчките власти. не  преземаа никакви поправни мерки.      Интересно, дури британскиот полковник Шеперд беше споменат во весникот "Нова Демократија" од 8 декември 1947 како вели : "За време на изборите  грчки офицер гледал британски офицер за на карјот да собере храброст и да му се обрати. Гледате како нашите власти се способни да створат поволни услови  за 100% да гласаат за ројалистите? Дури и ако не гласаат 100% , па и 95% нека бидат, тие што не гласаа, да речеме 5% кои гласаа подруго, ние ги сметаме за предавници и непријатели на власта со што си ствараат причина да бидат земени на одговорност. Дообјасна грчкиот офицер".

Изборите од 31 март 1946 година испаднаа тотално  невредни за спомен, не само што беа спроведени со присила и терор  од десничарскиот режим, туку и самиот процес беше не регуларен и против словото на изборниот закон. Во повеќето европски земји, како на пример во Франција или Италија заради последиците од војната населението се смали, ама не во Грција. И покрај 1/2 милијун мртви како последица на гладот и војната, во Грција, спрема бројот кои излегоа на изборите и гласаа во 1946 година, се покажа огромен пораст на населението. Многу повеќе од оној во 1936 година. На пример, 1,753,000 гласачи учествуваа на изборите во 1936 година а 2,200,000 на изборите од 1946 година ( гласањето во Грција беше обавезно ). Над нив, уште 250,000 гласачи сметани за демократи, беа намерно избрисани од гласачките списоци и немаа можност да гласаат.

Се сеќавате дека Народно Ослободителниот Фронт беше организиран на 23 април 1945 под контрола на Тито и Лазар Колишевски и беше испратен во Грција  есента истата година. Изборите во Грција беа закажани за 31 март 1946 година. Ако е тоа така, тогаш што ги натера двајцата југословенски лидери да го испратат НОФ во Грција, односно во Македонија под грчка окупација да започнат нова рунда на борбени деиствија пред закажаните избори, освен ако имаа некои предходни подруги сознанија? Изборите беа клучни за престанок на воените дејствија и давање можност на народот сам да одлучи што понатака и како  да се решат проблемите, кои беа повод за граѓанската војна?

 

 

Лазар Колишевски
1914 - 2000 Св. Николе

ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ И НЕГОВАТА УЛОГА ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА НА ГРЦИЈА

 

Одма после договорот на двете комунистички партии, КПЈ и КПГ, што треба да се направи во врска со продолжувањето на Граѓанската војна во Македонија под грчка окупација, Лазар Колишевски, Секретарот на ЦК на КПМ  го повика Одборот на НОФ предводен од неговиот лидер  Паскал Митревски на краток договор, за да му го рече следното: "Одете таму долу (во Македонија под грчка окупација). од сега за вас е одговорна КПГ, во која требате да имате доверба. Нејзината политика спрема македонското прашање е чиста. Било кое прашање да се појави, ќе се решава од раководството на КПГ. Бидете внимателни и избегавајте секое недоразбирање , отцепување... Ќе работите под директивите на нејзиното раководство. Ќе се борите за зацврстување на единството со грчкиот народ борејќи се против било каков шовинизам, сепаратизам и против локализирани тенденции".

Исто така дозволете ми да ве потсетам на зборовите на Раковски: "...За време на состанокот со Колишевски кога се подготвувавме за посета на егејска Македонија со цел да ги поставиме целите на револуцијата, Колишевски, во неговиот првокласно циничен говор ни го рече следното:...'Дека ние македонците сме талентиран народ со очигледна интернационална и револуционерна ориентација со смисла на такт и стратегија', на што Тито му рекол: 'Сега се вашите пет минути. Докажите се!' ...."

Изборите во Грција беа закажани за 31 март 1946, НОФ веќе беше испратен во Егејска Македонија есента 1945 година да го започни конфликтот.

Одма после   31 март 1946 година, откако беше видливо дека изборите во Грција беа ниту демократски а ниту фер, многу Македонци групирани во помали единици одново се вооружаа и тргнаа на своите борбени одредишта по планините Кајмакчалан, Пајак и Вичо, не само да се спасат самите себе си, туку да се борат за безбедноста на своите семејства и своите села.

Повеќе вооружани единици водеа успешни битки во неколку села, вклучувајќи ги Луковиц во Воденско и Саракиново во Леринско. Илјадници Македонци беа подготвени за борба за слобода во окупирана Македонија, а уште повеќе од составот на грчката армија за да им се придружат на партизанските единици.

Првите борци кои покажаа спремност да ги напуштат редовите на грчката армија и да преминат во партизанските воени единици беа од армиската единица стационирана во селото Пондокерсија, Кукушко. Слични желби изразија група воиници од 5та дивизија стационирана во Кожани.

Чим веста за дезертерства допрела до ушите на одговорните во армијата на Грција, стапиле во деиства воените судови, па така настрадаа 14 воиници и еден офицер. Беа одма стрелани како пример за другите. Доживотна робија добија други 22 воиници, а други 23 заслужија помали казни. Сите горе споменати воиници беа обвинети за соработка со Партизаните.

За почетокот на граѓанската војна во Грција се смета дека започнала на 03 декември 1944 година со крвавата пресметка на полицијата со демонстрантите во Атина, во која многу од нив ги изгубиле своите животи. Но за сигурно повеќе би одговарал 31 март 1946 година, денот на изборите, денот кога наместо гласање, многу Партизани одново се вооружаа и се побунија против грчкиот режим.

Побуната самата за себе постана манифестација како удар на грчката десница која започна во селото Литохорион, лоцирано во Тесалија источно од планината Олимпус,  јужно од Катерини. Наскоро следел и вториот напад и така  сето тоа прерасна во отворена војна, зафаќајќи ја не само Грција, туку и егејска Македонија.

Во еден не вообичаен преокрет на настаните, Национално Ослободителната Армија на Грција, која помалку од година дена пред да ги сврти своите топови кон македонските борци, сега реорганизирана како Демократска армија на Грција, ги испружи рацете во знак на пријателство. Изгледа дека се' беше заборавено и опростено кога поранешното раководство на Национално ослободителната армија на Грција ги замоле македонците за помош. Овој пат грчките комунисти излегоа со понуда за "еднакви права", " признавање"  дури и можност за "обединување со Република Македонија".

Многу Партизани од егејскиот дел на Македонија кои ја преминаа границата и влегоа во Република Македонија година пред тоа,  добија шанса да се вратат дома. При својот повраток тие се организираа како нова организација со име Национално Ослободителен Фронт (НОФ).

Македонците одамна беа запознати со поговорката: "Не му верувај на Грците и кога ти носат подароци" и знаеа дека грчките ветувања се пре добри да би биле вистинити. Меѓутоа секогаш постој мала нада дека е можно овој пат да се случи некое чудо и да се остварат и македонските желби и исчекувања. Па покрај се' друго и нивните семејства и домови се  во Македонија. Имаат ли некои други опции за избор?

Тие се вратија назад во својата татковина, бидејќи беа осамени и желни да бидат со своите семејства. Покрај тоа секој Македонец роден во Македонија, дури и во некој осамен дел  од неа, го познава чувството да биде со своите таму каде се родил и одраснал. Чувството да се врати назад каде е сигурен; во својата домовина!

И така, семето посадено од порано почна да клие. Македонците беа измамени и фрлени во граѓанската војна на Грција незнаејќи ништо, а можеби се сомневаа малку од неизвесноста во која западнаа. Но, до каде ќе ги одвлече оваа поплава?  До нивното истребување! Заправо баш така, како што им го скроиле британците, но и русите!

Од како конфликтот започна, повеќе за тоа можете да најдете во моите книги, книгите на Стојан Кочов а исто така и во книгите на Петре Новковски кои ги преведов од македонски на енглески, Македонија окупирана од Грците почна драматично да го губи своето население. 

Ќе ви предочам една идеа како драматично беше намалувањето на населението.  Моето село Ошчима во 1936 година броеше 600 жители. Во 1949 се намали до 60. Тоа не беше мал губиток. Беше огромен, од кој никогаш не се опорави.

До времето кога го напуштив моето родно село, Ошчима, во  1966, таму живееа помалку од десет луѓе. Останаа само три семејства. Во 2015 година, остана само уште едно семејство. Целото село постана жална урнатина.

Многу народ беше загинал за време на граѓанската војна, од грчките бомбардирања или злосторствата на грчките фашистички банди. Мнозинството побегна преку граница во Албанија; теран од грчката армија надвор од нивната татковина.

Ваквата слика беше типична за сите села во Леринско, Костурско и Воденско. Поплава од народ заврши во камповите зад границата на Албанија. Никој не го посакуваше таквиот завршеток. Ги напуштија своите домови како би ги сочувале своите животи од грчките бомбардирања, со надеж да се вратат назад кога сето тоа ќе престане и ќе се смири земјата, но и луѓето во неа. Таков им беше планот. Така им беше речено.

{"Фронтот е пробиен! Фронтот е пробиен!" се слушаа гласови од секаде, сееќи страв кај народот. Стравот се гледаше на секое лице затекнато во тој невиден каос и ужас. Беше време да се бега негде каде би ги склониле главите. 

Известувачи на коњи на секаде викаат и ги опоменуваат луѓето за новата ситуација на фронтот и им наредуваат  да бегаат каде знаат и како умеат, при тоа покажувајќи им ги можните правци каде најсигурно би се склониле од опасностите кои ги исчекуваат, до колку останат во своите села и во своите домови. Грчката армија доваѓа, бегајте, бегаите! Од секаде се слушаа страшни гласови. Бегаите Грците доваѓаат, ќе ве истепаат, ќе ви ги силуваат децата, жените, ќерките. Ќе ви ги запалат куќите а вас ќе ве обесат на дрвата и ќе ве запалат. Бегаите одма и сега!

Коњаниците кои имаа наредба да сеат страв меѓу луѓето преминаа преку Превал и на раскрсницата се раздвоија така, да еден се упати кон Буковик, Л'к и Дреново а другите го фатија патот за Герман.

Преспани собираа се' што можеа пред силната гужва која им се приближуваше и ги полнеа вреќите  со што ќе стигнеа. Жените викаа, колнејќи го и небото и Господа за несреќата што ги снајде ни криви ни должни. Се слушаа детски викања и плач барајќи си ги маиките и татковците си негде во гужвата која застрашуваше. Луѓето кои го поминаа Перово, тесен премин каде водата прелева помеѓу две езера и го фатија патот према Винени можеа да видат црни чадови и пламен зад себе. Можеа да ги видат истите коњаници кои ги тераа да бегаат од своите села и куќи како им ги палат полињата со жито. Пламенот го голта скоро созреаното жито од кое леб се правеше....

Дебелите слоеви чад, плод од паљбите на силните топови и експлозиите на безброините гранати што ги покрија планините и долините, под силата на ветровите постепено го разоткриваа синото небо. Летното сонце одново почна да ја загрева земјата и издробените камени стени што лежеа на секаде наоколу. Тишина завладеа на секаде, брдата изгледаа безживотни. Непријателот го контролира просторот со двогледи од своите склоништа. Се контролира секој грм, секој камен. И најмал шум или покрет  ги разбудува што туку  заспаните топови и одново загрмуваат и  ја продолжуваат агонијата што туку се смирила кај избезумените луѓе.

Топовите ечат одново на секаде и палат се' каде ќе стигнат нивните гранати. Августовските денови се долги, жешки и тешко подносливи. Уморните и здрвени лица на борците како да се залепени за дната на плитките ровови. Воздухот беше врел, а земјата гореше. Подофицерот ја понови наредбата: "Ниту еден едини чекор назад. Држете ја позицијата до последен од нас !"

И најмал покушај да се промени позицијата беше платен со по нечија смрт. Немаше ниту 300 метра до шумата зад нив. Ох, како би сме биле посигурни таму, се слушаа некои мрморења од рововите. Гробната тишина помеѓу повремените грмотници на бесните непријателски топови ги излудуваше борците. Земјата под нив беше скувана од сонцето што печеше одозгора, но и изгорена од гранатите кои не бираа каде ќе паднат и кого ќе го отфрлат далеку од неговото привремено склониште.

Ги кршеа камењата со своите истапени секирчиња и ја фрлаа земјата заедно со искршените камчиња со своите голи раце. Нивните раце без никаква заштита, крвавеа. Телата изгорени од жешките сончеви зраци и безбројните меури полни со жолтикава течност, им ја одземаа снагатa.}

( Петре Наковски )

Грчките власти им ја затворија границата зад нив и не им дозволуваа да се вратат назад, ниту на жените ниту на децата. На ниту еден Македонец не му беше дозволено да се врати назад во своето село и неговиот дом и тоа трае до денешен ден. Децата бегалци, кои беа евакуирани во 1948 година и ден денешен немаат право на повраток во нивната родна татковина Македонија. Поплава од бегалци и борци беа сместени во кампови во Албанија. Ќе биделе таму, се' дури несе најдело место за нивно стално пребивалиште.

Русија одлучи да ги прими борците. Повеќето цивили беа сместени во Полска. Децата бегалци кои беа од порано евакуирани од боиштата во Грција беа сместени во Југославија, Романија, Чехословачка, Полска и Унгарија и нешто што преостанало во Бугарија и некои други земји.

СОГОВОРНИКОТ - Никој не останал во Албанија?

РИСТО - Па некои останаа и во Албанија, меѓутоа, многу мал број. Албанија и Германија примија многу малку бегалци.

СОГОВОРНИКОТ - Германија, велите? Ох мислевте источна Германија ?

РИСТО - Источна Германија прими мал број од децата бегалци. Повеќето отидоа во Југославија, Романија, Чехословачка, Полска и Унгарија. Овие деца ја напуштија егејска Македонија во 1948 година. Прво беа сместени во Југославија, а после беа разместени во другите земји како што споменавме погоре. На децата никој не им рекол дека ќе бидат разделени, што беше неопростиво.

СОГОВОРНИКОТ - А зошто беше потребно да ги раздвојуваат?

РИСТО - Па заради нивното школување. Секоја од државите која примала деца барала такви какви им одговарале  спрема условите  со кои располагале за да им  обезбедат  понатамошен развој. Па така во Југославија останаа најмладите.

Кога ројалистите и републиканските грчки власти во борбените дејствија ја вклучија авијацијата и тешката артилерија, идејата за евакуација на децата ја добила подршката и на ГКП, па така се родила и програмата за "спас на децата". Пред да биде ставена во функција оваа програма, ја добила подршката и од Македонскиот Национално Ослободителен Фронт, Црвениот Крст и потоа Женскиот Антифашистички Фронт. Земјите домаќини кои сакаа да примат одреден број македонски деца беа информирани,  контактирани и им беше објаснeта работата на програмата за "спас на децата". 

Околиските и селските организации исто така беа информирани и замолени да се вклучат во евентуалните евакуации на децата.

Кога  грчките владини авторитети сознаа  за програмата "спас за децата" и тие набрзина измислија своја, под името "pedomazoma" или "собирање на децата" програма. На грчката армија и' било наредено, откако ќе ги заземеле македонските села, да ги евакуираат децата и насилно, ако било потребно. Откако ќе ги собереа во некои кампови, наводно ги пренесувале на грчкото острово Лерос.Таму биле уписивани во црковни училишта и би биле под покровителство на грчката кралица Фредерика.

После завршувањето на граѓанската војна во Грција ( 1951 / 1952 ), некои  од децата биле вратени назад во нивните домови во Македонија . Повеќето деца, особено оние чии родители биле убиени во војната или избегале од земјата од разни причини, постанувале деца сирачиња и биле ставени под покровителство на државата до нивна полналетност. Сите деца кои  останале на Лерос, биле комплетно хеленизирани и за нив никој ништо не слушнал и за нивната судбина.

Кампот Лерос бил одново реактивиран после 1952 година, овај пат за децата  од програмата "спас за децата" ,  вратени од Источно Европскиот Блок кои се декларирале дека се Грци и така добиле право на повраток. По интервенција на Црвениот Крст, некои од нив биле вратени во нивните села и семејни домови. Но за нивна несреќа, грчките власти одново ги зеле назад и ги сместиле на Лерос се' до есента 1959 година, кога биле ослободени. Под притисок на селските заедници, организаторите на програмата  "спас за децата" го забрзале процесот на евакуацијата со цел да ги спречат  "Бурандарите", погрден прекар за грчките воиници и полицаици, да земаат повеќе деца.

Евакуацијата во организација на Партизаните била извршувана стриктно на доброволна база. Било до волјата на родителите и старателите да одлучат дали се сложуваат децата да се евакуираат или не. Ниту едно дете не било евакуирано насилно без согласност на родителите, меѓутоа стравот и небезбедноста секогаш се покажувале ка средство за ецакуациска мотивација.

  • МАЈКА

    Побелени коси насобрано чело
    на крајот негде
    во моето село
    замислена, стара
    скукалена рака
    за чедо писмо
    да напише сака.

    Зар може во писмото
    да искаже целата тага
    на слика старост
    лицето без радост
    самотија пуста
    занемена уста
    чека враќање
    за последно испраќање.

  • ПЕЧАЛ

    Нема ли живот, нема ли
    љубов за живот голема,
    љубов за живот човечна
    у вија гради аргатски ?

    Нема ли срце, нема ли
    срце - на срце срцето,
    срце - -ширини широко
    срце - -длабини длабоко
    цел свет да збере, па да е завија гради малечко ?

    Нема ли бел ден,нема ли,
    ден да е на аргатите
    ден сонце вишен високо
    ден море ширен широко
    сонце да запре, да стои
    и времето зачудено:

    Срцето пука обрачи
    и плиска знаме алово,
    срцето што се отвора
    и шири ширно широко
    целиот свет да загрне!

    Кочо Рацин

Kind regards : 10 јануари 2017

Sotir Grozdanovski 45