КАКО ДО НОВА ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Маја Коцијанчиќ

 

 

МАЈА КОЦИЈАНЧИЌ ТРЕБА ДА ОБЈАСНИ ВРЗ КОЈ  ДЕЛ ОД УСТАВОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ЛИДЕР ЗА ФОРМИРАЊЕ НА "ШТО Е МОЖНО ПОШИРОКА ВЛАДА"

**********************************************************

Македонија нема време за чекање, но портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчиќ треба да објасни врз основа на кој дел од Уставот на Република Македонија, ЕУ очекува Претседателот  Иванов да определи лидер за формирање на "што е можно поширока Влада", како што пред некои ден објави ЕУ преку Коцијанчиќ. За да нема недоразбирање и дилеми кај македонската јавност пожелно е одговорот на ЕУ, исто така да биде објавен.

Секоја држава, особено источно европските земји, има потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за ккои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство како што е двотретинско кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони. Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Дури и во таква ситуација, некои од нив понекогаш преку разговори и дебата со опозицијата во парламентот успеваат заеднички да изгласаат закони за чие прифаќање треба поголемо мнозинство во парламентот отколку тоа што го има владеачката коалиција. Такви случаи имаше многупати и во Македонија, кога владеачката гарнитура успеваше за некои реформски закони да обезбеди подршка во парламентот од опозицијата, што говори дека и без двотретинско мнозинство може да се прават реформи.

Оттука, би сакале да прашаме дали ЕУ има воспоставена пракса при секое формирање на Влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, Јавно да повикува на создавање на "што е можно поширока Влада", или тоа е само исклучок за Македонија?

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

***********************************************

Стефан Влахов Мицов

КОЛУМНА НА СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ

НОВИ ИЗБОРИ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА

 

Во последните 25 години нашиот Устав личи на пачарва. Да не зборуваме за Законите. Во Велика Британија, на пример, не се менуваат закони дури по неколку векови, а за корекција на Уставот никој не размислува, ни во сон. Во Македонија, Уставот е преплавен со амандмани, глупости и контраверзи.

Независно од тоа, за изборот на Влада членот 90 е дециден:

"Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува Програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници".

Тука завршува текстот за изборот, а следниот член 91 е за ингеренциите на избраната Влада. Со други зборови, ако мандатарот не направи Влада, мора да се распишат нови избори, затоа што Уставот не трпи интерпретации во смисла да се бира нов мандатар, или пак, да се одложува рокот за избор на Влада. Затоа, секој обид за интерпретации и дополнувања на Уставот, е негово грубо кршење.

За да не се продлабочи кризата, претседателот на државата не смее да подлегне на никакви притисоци, со цел да се избере друг мандатар, туку мора веднаш да се оди на нови избори.

Единствено позитивно во Македонија, од 11 декември 2016 до денес, е смелоста на ВМРО-ДПМНЕ храбро да му се спротистави на западно-албанското сценарио да преку албанската платформа Македонија  се разгради и уништи. И ако сето тоа дојде со задоцнување, во последната минута пред Апокалипсата за македонската држава и македонскиот народ.

Но, сепак тоа го направи, со што за прв пат таа Партија го одржа својот даден збор ( од 17 декември 2016 година) во однос на македонските интереси. Од тука натаму, мора да се оди само напред, колку и да чини тоа.

Изборите од 11 декември 2016 година мора да и' бидат поука за ВМРО-ДПМНЕ, како не треба да се прави кампања.

Кога бараш од македонскиот народ целосна подршка, мора да образложиш што ќе правиш, до колку ја добиеш, кратко, јасно, конкретно со 20 - 30 реченици, а не со програма од 500 страници, каде што се губи поентата. Македонија е окружена од непријатели. Затоа мора јасно да се одлучи чија волја ќе се исполнува: волјата на македонскиот народ или на странскиот фактор. Неможи да се балансира меѓу едното и другото. Да се седи на две столици. Кога од некого бараш се', мораш и да  му  дадеш се'. Додворувањето на странските фактори ни го донесе Рамковниот договор, територијалната поделба, Пржинскиот договор. Македонскиот народ беше против тие договори на политичарите, како и против давањето на македонското небо на НАТО за војната против Србија. Против 150.000 државјанства на Албанци, против признавањето на Косово. Политичарите ги донесоа тие одлуки против волјата на народот, а божем се колнат во него и бараат подршка.

Времето разделно веќе дојде: или ќе бидеш докрај со народот или си против него.

Опозицијата одамна одлучи да биде против македонскиот народ и против македонска Македонија. Сега е редот на ВМРО-ДПМНЕ.

Да бидеш со македонскиот народ значи:

ПРВО - ако ветиш нешто треба и да го оствариш, што значи, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави коалиција со ниту една партија до колку го добие апсолутното мнозинство во Собранието или пак, може да коалицира само со партии, кои се против менување на унитарниот карактер на државата, двојазичноста, кантонизацијата, против менувањето на македонското име и Устав.

ВТОРО - да ветиш и да го оствариш ветеното дека сите непријатели на македонскиот народ и на македонската држава ќе бидат уапсени, дадени на суд, пратени во затвор, а нивниот имот конфискуван.

ТРЕТО - ќе бидат забранети сите Соросови и останати невладини организации во Македонија кои добиваат пари за уривање на државата и ќе им бидат конфискувани нивните ресурси.

ЧЕТВРТО - ќе им биде забрането на сите странски фактори да се мешаат во македонската политика - да се почне од ЕУ и НАТО, па да се стигне до странските амбасадори.

ПЕТТО - ќе бидат дадени на суд и ќе бидат пратени во затвор сите криминалци во изминатите години, независно од партиската, етничката и религиозната припадност.

ШЕСТО - итно да се спроведе попис на населението, а резултатот од тој попис ќе се дефинира како закониски однос на државата спрема малцинствата.

СЕДМО - во однос на странските инвестиции државата ќе бара цврсти гаранции како за бројот отворени работни места, така и за рокот на вработување, траењето на работниот ден и соодносот на платите.

ОСМО - за сите важни одлуки во надворешната и внатрешната политика македонските граѓани ќе одлучуваат на Референдум.

ДЕВЕТТО - агитацијата за новите избори може да се води под мотото: "Да ја вратиме Македонија на македонскиот колосек".

Дел од овие предлози ги промовирав пред изборите на 11 декември 2016 година, меѓутив во нив имаше уште еден: "Пратениците во Собранието да земаат плати колку што е просечната плата во Македонија, а не три пати повеќе како досега".

Пратеникот не е три пати позаслужен и попаметен од "обичниот" граѓанин и затоа нема повеќе да им дозволиме поитрување и поигрување на политичарите со нас.

МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА! - ИЛИ ЌЕ БИДЕТЕ ВО СМЕТОТ НА ИСТОРИЈАТА!

 

Стефан Влахов Мицов

**************************

Љубомир Фрчковски

 

 

МАКЕДОНСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ, ПРОФЕСОРИ, ДИПЛОМАТИ ПОДГОТВУВААТ ПИСМО ЗА ПОДРШКА НА АМБАСАДОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

******************

Македонските активисти на Џорџ Сорос, составени од левичарски новинари, професори и други извршители  замешани во програмите на странските фактори во насилната смена на власта во Македонија и разградување на државата, сите на  платниот список на Сорос и УСАИД, активно работаат на заедничкото писмо со кое му даваат подршка на американскиот амбасадор во Скопје, господинот Џес Бејли, против кој во американскиот Конгрес е покрената расправа за неговото мешање во внатрешните работи на Македонија. Се вели во јавувањето на Мина.мк од Вашингтон.

Причината  за оваа загриженост на така наречениот "крем на македонската интелектуална елита" е едноставна: до колку амбасадорот Бејли биде сменет и повлечен од Македонија, нивните финансови извори и додатни средства за лесен живот би престанале да постоат.

Професорот Љубомир Фрчковски, Јовановски, Најчевска, Геровски, Фановска и Милчин, челници во Соросовото отворено општество, подготвуваат  заедничко писмо до американскиот Конгрес за да ја подржат одбраната на својот ментор и соработник во нивните напори да ја преземат контролата над македонската држава и македонскиот народ во своја полза, а против македонските национални интереси.

Да ја одбранат  работата на амбасадорот Бејли во Македонија и покрај многуте факти и докази дека бил и се' уште e предводник во дестабилизирањето на земјата, користејќи ги парите на американските граѓани за помош на поранешните "комунисти" во македонската држава и крајните и деструктивни левичари, кои со своите насилни „шарени" револуции, демонстрации и деструкции на државните имоти и институции, го загрозуваат мирниот соживот на граѓаните и нивната безбедност. Но и тоа не им е доста, згора на тоа, тие активно се мешаат во изборните процеси на Македонија.

Луѓето кои стојат зад писмото во поткрепа на работата на амбасадорот Бејли добиваат од Сорос преку УСАИД од 5,000 до 14,000 евра месечнa награда. Тие ите како зависат од наградите за својата работа во разградувањето и продавањето на својата сопствена држава, како би нивниот живот постанал се' по комфорен.

Ова ли се лидерите на опозицијата кои сакаат да ја водат Македонија во "нови победи"? Шеќеринска и Заев со своите следбеници од СДСМ. Браво дечки!

Ова е и дело на господинот Бејли и неговата љубов за Македонија и македонскиот народ.

Мирјана Најчевска - "Земјанката":"Јас не сум Македонка туку Земјанка. Време е ние Земјаните да го дигнеме гласот против сите патриоти и патриотчиња, знамепоклоници и идолообожавачи".

Во Мина.мк понатака се вели, дека американскиот Конгрес ја започнал расправата за работата на американскиот амбасадор Џес Бејли во врска со неговите злоупотреби на финансиските средства од фондовите на УСАИД за финансирање НВО на Сорос во последните две години со над 5,000.000 долари и што одобрил уште други 9,000.000 долари за финансирање на Отвореното општество на Сорос, за наредните неколку години.

Не е на одмет да се споменат и настаните кои денес се догаѓаат на тлото на САД, а  не одамна имавме прилика да ги доживееме и ние во Македонија, кои им причинија огромни финансови и материјални штети на македонскиот народ и македонската држава, за што амбасадорот Бејли беше информиран. Информиран, но и активно учествуваше во нивното поттикнување и одобрување. И не само тоа, туку организаторите на овие деструктивни актвности беа редовни гости  во амбасадата во Скопје. Таму, каде се конзултираа со господинот Бејли за сите чекори во нанесување што поголеми штети и притисоци врз редовно и легално избраната, од македонскиот народ, влада на Македонија, да ја напушти власта во нивна полза.

Амбасадорот Бејли беше и се' уште е инволвиран во контролата на македонските медии и нивно цензурирање, во вршење притисок на правосудниот систем на Македонија да им се риклонува на СДСМ и неговите подржувачи без обзир на фактите кои пред нив биле приложени ит.н.т.

Господинот Бејли со своето однесување, како официјален претставник на пријателските Соединети Американски Држави, ја изневери довербата кај македонскиот народ дека во него имаат вистински пријател и вистински претставник на демократска земја од каде доваѓа. Тој се претстави и делуваше как фактор на недоверба во вистинските намери на американската држава и затоа во очите на македонските граѓани за секогаш ќе остани како пример на не добредојден гостин и како човек што учествува во рушење на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД, градени во последните 20 тина години, од самостојноста на македонската држава.

 

Сотир Гроздановски

****************************

 

Ристо Стефов

 АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

*********************

ДЕЛ 21

Пишува: Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

 

Го продолжуваме разговорот на Ристо Стефов со неговиот согоговрник и воедно ги информираме нашите читатели, кои подоцна се вклучија во работата на "Македонски Збор", дека другите продолженија можат да ги најдат во нашата Архива со влез преку "MENU" горе во десниот ќош.

*********************

Сотир

 

СОГОВОРНИКОТ : - А сега, Ристо, би Ве прашал нешто за образованието кое беше организирано во слободните партизански територии на север од земјата. Имаше ли македонски училишта?

РИСТО : - Ох, мислите за училиштата во Преспа и околните делови? На слободната територија?

СОГОВОРНИКОТ : Да! Бидејјќи слушнав дека имало и училишта на некои ослободени подрачја.

РИСТО : - Овој пат навистина можам да речам и нешто позитивно што КПГ го направи за Македонците во тие времиња: Дозволата да се отворат македонски училишта на територијата која партизаните ја контролираа, а  Центар за оспособување на училишен кадар на македонски јазик беше отворен во с. Герман, во подрачјето на Преспа, во Декември 1947 година. Целта на овој Центар беше, во главно, да оспособи доволен број учители и учителки, кои би ја воделе наставната програма за Mакедончињата на  јазик кои тие го разбираа и дома го зборуваа : нивниот македонски јазик.

И ако оваа образовна акција траеше само неколку месеци и опфати подрачја околу Вичо и Кајмакчалан, резултатите беа добри. Беа отворени 87 македонски училишта по околните селски населби, кои ги посетуваа над 10, 000 ученици.

Сигурно мислевте на училиштата за време на Граѓанската војна во Грција. Нели?

СОГОВОРНИКОТ : Да! Но и за време на Втората светска војна, за време на италијанската окупација...

РИСТО : Па, колку сум јас информиран,  на Tалијаните нему било важно што прават Mакедонците, се' дури тие не се мешале во нивните работи... Талијаните  и така  набргу ја напуштиле Грција, па затоа нема нешто толку значајно да се рече за настаните дури тие имале некоја важност за нашите луѓе, барем колку  јас знам.

СОГОВОРНИКОТ: Меѓутоа, тие беа  сепак задоволни со тоа што Mакедонците се школуваат на својот јазик.

RISTO : Како што споменав и порано, Tалијаните не беа многу загрижени што им се случува на Mакедонците се' дури не се мешале во нивните работи, а Mакедонците пак беа среќни што им се пружила прилика да се школуваат на својот, македонскиот, јазик. Грците беа тие кои не беа среќни. Македонците знаеа дека се окупирани и се понашаа соодветно на законите на државата. Беа виделе многу окупации, па и за оваа мислеле дека како што дошла, така и ќе си отиде од нивните дворишта. Меѓутоа, не знаеле што ќе им донесе иднината. Грците, дури и во местата во кои биле малцинство, не биле задоволни со таквите околности; Mакедонците да зборуваат на својот јазик, како и да учат да пишуваат и да читаат на македонски.

СОГОВОРНИКОТ : Слушнав уште една работа дека  и Маркос се криел во пештери, како и Захаријадис. Имам информации дека е пронајдена пештерата на Захаријадис  на која пишувало: "Оваа е пештерата на Захариадис" a негде подолу во планината, била и војната болница. Па за сето ова би сакал да сознам нешто повеќе.

РИСТО : Па да Ви кажам најискрено, незнам баш многу детали, али ево за тоа што напишал Петре Наковски, кој ги посетил тие места, па ево вака: 

{Возбудени од убавите пеизажи на природата, одлучивме да одиме и да го посетиме Нивице. Селото е сместено  на езерскиот каменасти брег зараснет со прекрасни дабови дрва. Се' уште се зборува дека Нивичани во минатото преживувале од риболов на мали рибчиња Цирони - налик на Сардини или Инчуни. Ги ловеле и им ги продавале на селаните од подалечните села од Леринско и Костурско. За жал, никој не се збогатил на овај начин, па така во денешни денови за да излезат од сиромаштијата, се бават со туризам.  Со заеднички сили, селаните изградиле хотел со ресторант, во кој на гостите им ги сервираат своите познати локални храни, во кои како специјалитет е вклучен Преспанскиот крап. За престој на гостите, ги преуредуваат или доградуваат  и своите семеини домови. За време на нашиот престој во ова прекрасно македонско село, Нивице, заедно со езерото, сретнавме гости од цела Грција.

Меѓутоа, нашиот престој во Нивице не беше само заради овие природни убавини, хотелот, ресторантот, езерото и вкусните езерски крапови. Доидовме да се потсетиме на значаините настани од времето на Граѓанската војна на Грција, во селската црква Света Недела (Голема Богородица).

Тука, на 25 март 1949 година се одржа Вториот Конгрес на Народно ослободителниот фронт  (НОФ) ,  на кој беше донесена одлуката за повик до македонскиот народ  масовно да се вклучи во Граѓанската војна на Грција. Се случи тоа баш тука, кога од страна на Комунистичката Партија на Грција им беше повеќе пати речено и нагласено дека ќе им дозволат на македонскиот народ да креира своја македонска република по урнекот на Република Македонија во југословенската федерација. Меѓутоа, под услов, кој беше замка. За тоа да се случи, секој Македонец способен да носи и ракува со оружје треба да се вклучи во воините операции. Паролата беше : "All to arms - eveyithing for victory" (сите со оружје - се' до победата).

Захаријадис, Генералниот секретар на ГКП во тоа време беше многу популарен. Имаше многу пофални пароли за него како  "величенствениот", мудриот и најпочитуваниот син од Македонија за потоа, после некое време, никој не сакаше да верува дека тој навистина го заслужува тој наслов "великан", зошто беше голем лажливец и хохштаплер. Меѓутоа, многу водачи од НОФ заедно со сите кои служеа под нив му веруваа и затоа многу настрадаа и загинаа; бидејќи слепо му верувааа! Сега вистината излезе на видело и се' е  познато!!! Целата нација настрада. Постарите го знаат тоа и се сеќаваат на тие времиња.. меѓутоа, младите не сакаа да веруваат, но  се надеваме дека сега научија многу од своите сопствени заблуди и грешки.

Тргнавме по ретко користениот кривудав и каменит пат, сега покриен со трева, до Вродерон, кој спрема старите географски карти се викаше Граждено по македонски. Одејќи така, стигнавме до местото каде што некогаш беше селото Пикос, познато како Орово по македонски, од кое сега неостанаа многу траги. Од целото некогашно  село можи да се примети само зградата на некогашната црква скриена под сенката на еден висок даб. Посетувајќи го селото Граждено, посакавме да ја посетиме големата пештера во која се навоѓаше партизанската војна болница, за време на војната. Тука се лекуваа ранетите партизани, после бомбардирањето на куќите во селата Нивитци, Орово и Граждено. Во Граждено очекувавме да видиме само урнатини и празен простор, меѓутоа на наше изненадување, најдовме новоизградени куќи и деца кои трчаа по улиците... али јазикот на кои тие зборуваа беше албански. Претпоставуваме дека властите го населиле селото со земеделци, доселеници и бегалци од Албанија. Со нас зборуваа на грчки, а меѓусебе на албански. Ни рекоа дека поарно си се разбираат  на албански , одошто на грчки јазик. 

Откако ја посетивме пештерата, поранешната партизанска болница, која се' уште има некои останати дрвени кревети сложени во редови по три, се упативме кон селото Пили, или Винени, како се викаше по македонски. Винени беше првото македонско село кое прими доселеници од Мала Азија, после катастрофата која се деси во Грчко-турската војна. Македонците овие доселеници ги виаат Маџири. Овие луѓе се разликуваат од Македонците не само по говорот, ами и по изгледот. Маџирите имаа црни коси, кошчати лица, коси очи и орлови носеви. Самите себе си се викаа Понтии, што би се рекло како поранешни жители  од зад бреговите на Црното Море. За време на војната, повеќето од нив побегнаа во Лерин и тамо останаа. Нивните напуштени куќи ги зазеде така наречената Демократска привремена власт на Грција, втемелена  во Декември 1947 година во Асамати, Преспанско, Република Македонија. Пред влезот во селото Асамати, стој даска закована на еден даб со натпис : "Пештерата на Захаријадис".

До пештерата на  Генералниот секретар на централниот комитет на КПГ Захаријадис води угорен пат до нејзиниот влез, означен со широко распространа церада под сенката на едно дабово дрво од каде  скршнува во лево. Таму е сместен уште еден дрвен натпис ист како и првиот и потоа после десет чекори напред се гледаат две споени  камени стени. Над стените се наоѓа скршено дабово дрво со своите корени вклештени во пукнатините на камењата. Под ниско обесените гранки, спрема запад, се навоѓа грда, црна застрашувачка, дупка : тоа е влезот на пештерата.

Ја запалив мојата батериска светилка и внимателно стапнав на првата скала  од камен исклесана. Останаа уште две три други кои ме водеа наудолу во пештерата. После последната, се најдов во потполна темнина...Пред многу време, оваа дупка сугурно била склониште за некоја мечка, а после неа, за време на Граѓанската војна во Грција, еден мозок слезе да живее во неа. Кога мозокот дојде овде да се скраси и да живее не беше пештера, туку  комфорна колиба беше. Подот беше покриен со штици покриени со рачно изработен килим, се верува дека бил подарок од Тито, подарен за времето на пријателските денови со него. На левата страна стоеше канцелариска маса со телефон и радио станица. На десната страна беше сместена долга маса покриена со црвена покривка и столици посложени по височина за неговите блиски соработници кога ќе доваѓаа на заеднички состаноци. На sидот висеше портретот на Сталин во боја, личен подарок од Сталина. Исто така имаше и апарат за електрична расвета и греење.

Ова беше местото каде  "мозокот" од  едната страна на војната живееше и каде  политичките и воените одлуки се донесуваа. Одлуките да се нападне Воден, Негуш и Лерин. Ова е местото каде  грчката авијација не истресе ниту една едина бомба. Винени и пештерата на Захаријадис беа двете места врз кои грчките владини воени сили не исфрлија ниту едина бомба. Во тие времиња само неколку од неговите најблиски соработници го знаеа патот и смееа да дојдат до пештерата. Денес, за разлика, многу луѓе доваѓаат да ја посетат.

Пештерата, која некогаш била мечкино скривалиште, пребивалиште на шишмишите, пајаците и седиште на мракот и несреќате, сега е туристичка атракција...}

(Петре Наковски, "On the road of time" / "По патот на времето") 

E, ако и со овие објаснувања не сме доволно информирани и ако сакаме да добиеме повеќе податоци за нас самите, тоа нема да го добиеме од Грците. Не, зошто нивната перспектива е створена од нивна гледна точка, со која си ги бранат нивните интереси, а на наша штета. И 'ако, ние, домородното население, македонскиот народ, во нашата земја од најдалечните древни времиња сме жртви на тие воини со кои ни беше загрозено физичкото постоење, се' уште Грците, нашите окупатори, не сметаат како "злосторници, кои сакаат да им ја одземат нивната земја". Тие напросто не ги гледаат работите на начин како ги гледаме ние, чија земја е оттуѓена со помош на така наречената Меѓународна заедница и подарена на грчката држава, за да ги чува нивните интереси од Русија.

СОГОВОРНИКОТ : Точно така би се чувствувал  и јас, во ваква една ситуација.

РИСТО : Во потрага по податоци за моите текстови и книги се служев и со творби од грчки автори.

Пред некое време, кога ја пишував мојата книга "Македонија и Грција"  го цитирав Колиопулос (Koliopoulos, John S. "Plundered Loyalties" ; Axis Occupation and Civil Strife in Greek West Macedonia, 1941-1949. London: C.Hurst & Co., 1999). Тој е млад автор, кои сакаше да пишува нешто повеќе за Граѓанската војна. Посетил разни села, но никој не сакал да разговара со него.  Тоа негово искуство го пренесе во Предговорот на својата книга  "Украдената лојалност",  спомената погоре.

Од неговата книга презедов сегмент кои се однесува на ситуацијата во Македонија, но од грчка гледна точка.

"Во Еордеа, каде голема група  бегалци беше населена на имотите напуштени од Муслиманите, властите настојуваа да заштедат нешто земја, специјално околу Славо-говорните села, како на пример Емпорион и Команос. Исполнувајќи ги своите програми, во селото Кариочори, во истата околија, на повеќе од 200 семејства им доделија  земја од која  пред нив преживуваа половина муслимански семејства. Околу 3.25 хектари по семејство било доделено, од кои само 1/3 било плодно; исто како и после десет години, кога 122 семејства  барале  од државните власти да ги преселат на некое друго место, по можност во полињата на Централна Македонија, како би можеле да преживеат. Треба да се спомене и фактот дека од после 1913 година наваму, од како ново створената држава Албанија заживеа, како на капалка, но постојано беа населувани албански семејства, заедно со нивните роднини во и околу Костур и Кожани. Ваквата врста населувања скоро незапажено  од грчките авторитети си течеше, за разлика од бегалците од европска и азиска Турција, што постана и дел од официјалната државна политика. Незамисливо би било, кога овие движења би биле обратни. Неколку стотини семејства, избегани од Анатолија , биле населени во простори чувани од српски заштитнички  групи за да ги зајакнеле нивните заедници против арамиите на нивните овчарски пасишта, кои изненадно доваѓале од планината Часија ( ? ). Бегалци биле населувани, дури, и на север околу и меѓу Славо Македонците со надеж, дека ќе успееле да ги "хеленизираат" во поглед на јазикот, а помалку во  поглед на нивните чувства.

Меѓутоа, потребата од растеретување на главните пристанишни градови од неколку стотина илјади несреќни и сиромашни бегалци, побргу што е можно, властите немале време за избор на попогодни луѓе кои би се адаптирале на соживот со домородците во кратко време. Така да скоро половината од доселениците во Флорина (Лерин), зборувале  турски и малку грчки. Многу Понтијци зборувале турски, Кавказијанците зборувале на некоја грчка варијанта неразбирлива за повеќето Грко-говорните, да речеме за Славо Македонците, кои се очекувало од нив да бидат јазично хеленизирани. Хорди од сиромаси заминале на север да се вградат во земјата веќе заседната од староседелците Македонци или оние кои сметаат да е нивна. Доиденците со себе донесоа самоувереност како некои кои ја преживееле големата катастрофа во борбите со Турците, но исто така подржка од властите на Грција кои упорно сакале да ја зацврстат својата владавина над територијата која ја освоија на начин, како и противниците од другата страна на границата што покушаваат да ја зацрстат својата земја во поглед на јазикот, културата и националната државност од другите групи. Приливот на бегалци во селата каде немало доволно земја за сите креира атмосфера на нетолеранција и тензии. Се почувствува голем притисок врз Славо Македонците со намера да ги напуштаат своите домови и по цена  дури и во полоши животни услови  да  не живеат покрај новодојденците, кои  не ги поднесувале, како свои соседи. Тие кои одлучиле да останат на своите имоти и на своите огништа го чинеле од посебни причини, како и на секаде каде селаните остануваат под секоја цена да живеат покрај недобродошли соседи и под непријателски владари.

Како резултат на вакви неприродни и непожелни населби, стари нетрпеливости и омрази, уште од Грчко-Бугарските конфликти од почетокот на векот, за кои веќе зборувавме, несносливите односи во мешаните села и градови само се зголемуваа. Еден од главните причини за ваквите лоши меѓучовечки односи е борбата за земја. Земјоделското  домородно население од грчкото и славјанското говорно подрачје се против  доделба на нивната обработлива земја на Муслиманските новодојденци во нивното соседство. Културните разлики меѓу двете овие заедници и новодојденците го зголемува јазот меѓу нив и го прави се' поширок и се' не помирлив. Покрај сите овие заеднички пречки кои го прават соживотот невозможен е и идеологијата на администраторите од јужна Грција со која сакаат да ја смалат јазичната разлика во предност на грчкиот јазик, што уште повеќе ги заострува односите со Славо Македонците, до експлозија.

Многу села, особено мешаните, закарани заради земјата, се исцрпуваат на секој начин со скапите судски процеси. Требаше повеќе од десет години да поминат за да се исцртаат границите на ливадите и пасиштата за домашната стока, а пак работата околу обработливата земја се заврши дури после Втората светска војна. Одговорните службеници во комисиите за преселување на новодојденците и самите потекнуваат од нивната средина или пак имаат интереси од меѓусебните односи, па затоа се очекува да се на нивна страна  во недоразбирањата со  домородното население, во поглед на поделбата на земјата меѓу нив."( John S. Koliopoulos, "Plundered Loyalties". Page 42-43).

А сека следи дел од неговата книга која се бави со односите меѓу Македонците и Комунистите през 1930 година, и во овај случај, од аголот на грчката страна:

"Во Декември 1929 година околискиот гувернер на Флорина (Лерин) изјави дека при посетата на Славо Македонските села Ано Хидруза, Спика и Кариај се сретнал не само со незадоволства од   општинското опорезување , туку и со длабоки "антидржавни чувства". Тој забележал такво однесувањеи и кај други пет домородни села околу Преспанското Езеро, чии жители протестирале против новите порези на рибниот улов. Ваквото непријателско однесување очигледно се чувствувало и кај  жителите во селата Микролимни, Агиос, Ахилеос, Бронтерон, Калитеа и Пиксос, но и кај комунистите  во Славо Македонските населби во 1930 те години, како одговор на недомократските законски мерки, особено во времето на десничарот Јоанис Метаксас (1936-1941). Покрај забраната на  јазикот на Славо Македонците да се користи во јавниот, но и во приватниот живот, овај диктатор уапсил и депортирал непознат број комунистички кадар од овие краеви, од кои многу од нив биле од средината на Славо Македонците. Џандарите, администраторите и општинските службеници, во нивните желби да му се додворат на  својот наредбодавец, биле подготвени да ги пречекорат овластувањата  и да се судруваат со комунистите и со другите граѓани кои изразувале  "анти-државни" чувства. Се одело дури толку далеку, да им барале потполна лојалност спрема грчката држава и на овчарите, како услов за закуп на пасишта за нивните стада. И не само тоа, туку Џандарите и селските кметови требало да се  и уверени  дека овчарите се "длабоко побожни луѓе и  вистински патриоти". Ниту Славо Македонците ниту пак новодојденците се сметале како такви: луѓе од доверба.

Во тие времиња, претставник на државните службеници во тој регион бил Маниотскиот џандармериски службеник, Периандрос Пулакос. Тој, како заповедник на џандармериската станица во Амигдала, во околијата на Еордеа  се прославил како стриктен и безмилостив извршител  на законот и  чувар на "редот и мирот", зошто од диктаторот Метаксас добивал и пригодни признанија и пофалби. Истиот тој, Пулакос, во Декември 1938 година во придружба на селскиот водач на Националната младинска организација (EON) или (Ethniki Organozis Neon) а по наредба од околискиот гувернер во Кожани, уапсил жител на селото кој бил виден во селската меана за време кога се очекувало сите да бидат на црковна богослужба. Потоа во Март 1939 година истиот тој џандар,  Периандрос Пулакос, одново во придружба на младинскиот водач и претседателот на селото Коила уапсил жител на селото зошто ја отворил меаната, која исто така му служела и како берберница, на денот на независноста (25 март), за да обричи неколку селски жители. Неколку соселани под заклетва дале изјави, дека од денешното и од некои други такви однесувања во минатото биле уверени, дека тие биле комунистички симпатизери. По неколку месеци Пулакос уапсил и Славо Македонец од селото Ермакиа заедно со уште еден член од неговото семејство и ги држел притворени  подолго од што било дозволено, како би извлекол некое признание кое го барал од нив. Причината била во тоа, што Славо Македонецот заедно со уште некој друг соселанец го истепале  селскиот поле-чуварот (полјак), доселеник, кои ги фатил  во крадењето грозје од некое  селско лозје.

Да не беше војната и окупацијата, во првата половина на 1940 та година,  нехуманите постапки применувани во трансформирањето на регионот, како  го описавме порано, веројатно би успеале. Меѓутоа, тие настани ставија крај на асимилаторските процеси  кои требаше да доведат до стварање на хомогено едно - национално општество,  наместо да се продлабучуваат постоејќите поделби". (John S. Koliopoulos, "Plundered Loyalties". Pages 44-46).

"Првите интимни чувства ни предскажуваа што ни доваѓа и тоа многу пред силите на Оската да не окупираат; уште пред почетокот на зимата од 1940/41 година, кога Грција беше во војна со Талијаните, народот беше загрижен  од однесувањето на Славо Македонците : ќе се борат ли и тие заедно со нас, Грците? Големо мноsинство од нив се вклучија во заедничката борба против Талијаните и се бореа похрабро од многу јужни Грци, зошто војната се водеше недалеку од нивните домови и нивните семејства. Во Октомври, локалните воени единици беа првите кои ги одбија талијанските нападачи и први кои влегоа во Албанија во Ноември...

Многу Славо Македонци беа депортирани за време на воените деиствија од безбедносни причини. Тие беа повеќето комунисти, или луѓе на кои властите не им веруваа  слободно да се шетаат близу  зоната на  воените операции". (John S. Koliopoulos. "Plundered Loyalties". Page 50).

"Современите партизански погледи додадоа уште едно, нивно, видување во тогашните настани. 'Нетрпеливоста помеѓу нашите единици и грчките Антарти во регионот на Костур и Лерин, (Темпо и Орце напишаа во еден од нивните извештаи доставен до Генерал Штабот (GHQ) во Август 1944 година), беа резултат на грчките Андарти, кога влегоа во регионот и почнаа да ги присилуваат Македонците да им се придружат во нивните единици. Македонците, спрема  изјавите на нивните старешини, беа подготвени да се борат против Германците, но чекаа да се формираат нивни единици за да се пријават. Грците тоа не го дозволија { формирање на македонски единици} и почнаа да го малтретираат македонското население. Резултатот беше, масовно бегање во насока кон Манастир (Битола) каде ги чекаше Михајлов да ги вклучи во неговите единици за да се борат против Грците. Соочени со ваквата ситуација, нашите политички комесари им дозволија на дезертерите да си формираат свои единици на подрачјето Лерин - Битола, после договорот со Радосављевиќ.  Некои од нашите политички комесари почнаа да се занимаваат со идеата за приклучувањето на Македонците во редовите на грчката армија, бидејќи и така сите заедно се бориме против истиот непријател: фашистичкиот окупатор. Од тогаш Македонците масовно му пристапија на грчката армија, а Грците го засилија притисокот врз нив. Командирот на Андартите издаде наредба за конфискација на имотите на  оние кои ни се приклучија во грчката армија што предизвика хаос и незадоволство кај Македонците. Во разговорите на Радосављевиќ со еден член од ККЕ (KPG) Македонското Биро рече дека изборот на Македонците прво беше да се борат на страната на Германците, а после на нашата страна {југословенската}. Изгледаше, генерално, дека Грците  немаа ништо против тоа. Нашиот претставник инсистираше Грците да дозволат формирање на Македонски  Костурско-Лерински батаљон, но тие не го дозволија тоа. Ние сме уверени дека Грците ќе најдат начин да формираaт таков батаљон. Ако тоа не го направат, ние самите ќе го формираме, но во тој случај ќе се судриме со Грците." (John s. Koliopoulos, "Plundered Loyalties" Pages 127-128).

 

Продолжува

********************************

Александар III Македонски

 ВО ПОТРАГА ПО ГРОБНИЦАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ 

 *********

 

АМФИПОЛИС - МЕТА НА АРХЕОЛОЗИТЕ

(Репортажа на Нејшанал Географик)

Преземена од: OFF. NET. MK

 

 

 

 

 

И ако, речиси, со сигурност се знае дека Александар е закопан во Египет, сепак, трагањето по  неговата гробница се врши на повеќе места, по македонската земја.

******************* 

И како што археолозите копаат се' подлабоко во гробницата  во близината на Сер, за која сметаат дека е на македонскиот цар Александар III Македонски  , така се' повеќе се развива приказната за семејната драма и кралските сплетки, се вели во репортажата на американскиот респектабилен магазин : National Geographic

 

Според начинот на кој е изработена, сомнежот е дека гробницата е на некој важен и близок човек на Александар - мајка му, една од неговите сопруги, некој од неговите омилени генерали, или другарот од детството Хефестион...

За вовед во оваа репортажа од Амфиполис, National Geographic почнува со Филип II ("Во тоа време Македонија е скромно планинско кралство, северно од античка Грција, ама Филип има големи соништа") и неговиот подем и успех во трансформирањето на македонската армија од група неорганизирани борци во воена машина, како и подоцнежното освојување на грчките градови држави.

Тогашните македонски кралеви по обичај имале повеќе сопруги, најчесто заради запечатување на политички сојузи со моќните соседи. Мајката на Александар, Олимпија, била ќерка на кралот на Молосијците (народ кој живеел на територијата на денешна Албанија)  кој тврдел дека има потекло од грчкиот херој Ахил. Таа е една од многуте сопруги на Филип II, меѓутоа, таа неуморно работи на тоа да го стави својот син на македонскиот трон. Дел од историчарите веруваат дека таа го има отруено и постариот полубрат на Александра, по што тој имал ограничена ментална способност.

Одреден период нејзините интриги успеваат. Филип го гледа младиот Александар како свој наследник, давајќи му првокласно образование и тоа лично од Аристотел. Во исто време, тој го поттикнува неговиот развој како воин.

Наспроти нив, македонските благородници од дворот на Филип го сметаат Александар за половина странец и можно не легитимен син. Во времето кога Александар е во тинејџерски години и Филип почнува да се сомнева во тоа. Тој зема нова жена, овој пат Македонка и за време на една забава дозволува јавно да се доведе во прашање легитимноста на Александар. Потоа Филип го вади својот меч кон Александар, што  се смета за смртна навреда.

"Филип подоцна се обидува да ги смири работите, ама веќе има создадено опасен непријател. Што точно се случува подоцна, се' уште е тема на дебата, и ако фактите се добро познати. Во 336 година Филип прави богата  јавна свадба за една од неговите ќерки и за гости ги кани членовите на соседните кралски куќи.

Како дел од прославата, Филип планира одржување јавни игри во арената, носејќи бел плашт на своите раменици. На едната страна до него е Александар, на другата е неговиот нов зет. Филип им одмавнува на своите телохранители да се тргнат на страна и како што стој во центарот на арената, толпата почнува да оди кон него и да извикува во знак на негова подршка.

Ова е последната работа што тој ќе ја чуе. Убиецот излегува од толпата и го боди Филипа до смрт, додека гостите гледаат со неверување. Во претстојната збрка, убиецот, маж по име Павзаниј (според одредени записи тој му бил телохранител на Филип) бега од арената кон местото на кое се чуваат коњите кои го чекале. Таман да избега, Павзаниј се сопнува и паѓа и тројца телохранители на Филип го прободуваат со копја до смрт". Taкa се вели во приказната, за убиството на Филип II Македонски.

Околу атентатот на Филип има повеќе теории. Според едната Павзаниј го убива Филипа заради љубомора, бидејќи некое време двајцата се љубовници, се додека Филип не го заменил за друг помлад љубовник. (Според некои сведоштва, Филип дозволувал други сексуално да го злоставуваат Павзаниј).

Сепак, посериозната теорија на заговор е дека целото убиство било однапред испланирано и Павзаниј бил изманипулиран од Олимпија и Александар за да го убие кралот. И мајката и синот биле сериозно навредени од Филипа, а освен ова се плашеле дека новата македонска невеста може ќе му роди нови синови на кралот кои повеќе би биле прифатени од македонските благородници како можни наследници.

Со смртта на Филип, Александар треба да го убеди македонскиот двор дека заслужува да биде крал. Тој организира скап погреб за својот татко, кремирајќи го неговото тело на огромна погребна клада и градејќи масовна гробница на периферијата на Ајга, на околу 160 километри од Амфиполис. "Пред очите на македонската аристократија, Александар го закопува својот татко како херој од приказната на Хомер."

Меѓу останатите работи што ги става на гробницата, на влезната врата младиот крал бара уметниците да нацртаат сцена во која Александар и неговиот татко му се приближуваат на лав. Ова е важен момент затоа што во тоа време само членовите на кралското семејство смееле да ловат лавови, со што "Александар искажува почит кон својот татко, меѓутоа си дава чест и себе си... Ова е непогрешна порака дека од сега Александар е главен."

И покрај ова, Александар и понатаму не е сигурен во својата власт, заради што наредува убиство на својот роднина Аминта и на еден од младите штитеници на Филип. Во исто време Олимпија ја врши истата работа меѓу жените во кралското семејство. Наводно таа ја натерала новата македонска невеста на Филип да изврши самоубиство.

По ова, Александар треба да ја убеди армијата и генералите дека е водач како татко му, заради што започнува походи против бунтовниците на Балканот, ја уништува Теба и на возраст од 21 година ја има под контрола цела Македонија и Грција. Тогаш трга во поход на Персија.

Во сите свои освојувања, од Египет па до Индија, Александар до себе го има Хефестион, другар му од детство и љубовник. Кога во 324 година п.н.е. Хефестион умира од мистериозна болест, Александар речиси пропаѓа од тага. (Според Плутарх, по смртта Александар го распнува докторот на Хефестион и масакрира цело племе за да понуди жртва за духот на Хефестион.)

Александар умира на возраст од 33 години, додека е се уште на истокот планирајќи да ја освои Арабија. По ова, сите негови генерали, благородници и членови на семејството започнуваат борба меѓу себе.

Олимпија е убиена од суровиот македонски благородник Касандра, кој прво ја зема нејзе за заложник кога ја освојува Ајга, а потоа ја погубува. Потоа во 311та година п.н.е. тој во Амфиполис ги погубува своите ривали, Роксана, најважната сопруга на Александар и неговиот постхуман син Александар IV-ти- Касандар владее како македонски крал се' до својата смрт во 297-та година п.н.е.

"Денешните археолози се уверени дека базирано врз историските настани Александар е закопан некаде во Египет, нај веројатно во градот што го носи неговото име, Александрија. Има истражувачите допрва  да ги најдат гробниците на Олимпија, Роксана, Хефестион и голем број од неговите генерали. Можеби археолошките тимови кои ја откопуваат мистериозната гробница во Амфиполис ќе ги најдат остатоците на некој од нив."

********************************************************

 

Професор Ангелина Маркус

БЕШЕ СИ БИЛА....

 

...ПРИКАЗНА ЗА ХЕРАКЛЕЈА

********************************

Во Македонија од секогаш постоел обичај имињата на градовите да ги носат имињата на царевите и хероите кои ги граделе. Така по Филип II се викале Филипи, по Александар - Александрии, Хераклеи. Тие и до денес се неизбришливи траги за историјата на Македонците.

Беше си бил јунакот Херакло, предок на македонските цареви - Хераклиди. Оружјето на Херакло бил лакот и стрелата и стапот кој сам го изработил, со јазли на местата од гранките спирално бележени. Тој симбол си нашол место во ковањето на македонските монети до средниот век, кога владеела македонската династија во Византија, иако такво име во древните споменици нема, кога се' било македонско. Херакло со голи раце го убил Немејскиот лав и си ја префрлил лавјата кожа преку рамото како знак на моќ. Македонските цареви-Хераклиди се гордееле и ги употребувале истите симболи, за да се потсетат на надчовечките подвизи со кои ја избориле славата за Македонија.

ХЕРАКЛЕ

Херакло е славен и почитуван заради неговите заштитнички борби од сите неправди и зла. Уште како дете во крошната ги задавил двете змии со силата на инстиктот на бебешките раце. Се редат херојства се' поголеми едни од други. Ги исекол главите на Хидрата. Го убил вепарот што пустошел по полињата. Ги совладал птиците со железни канџи, ги исчистил Евгеевите пондили. Го совладал критскиот бик. Го добил Хиполитивиот појас од Амазонките, ги обрал Хесперидините златни јаболка. Го придржал небескиот свод вместо Атлас. Го спасил окованиот Прометеј на Спила и уште многу такви познати дела.

Хераклитската приказна за Македонците е уште поважна. Тие во спомен на Херакло ги изградиле градовите Хераклеи во Сицилија, Тракија, Понт и Линкестида во Битола. Филип II ги градел Хераклеите како култни македонски места со долга традиција и карактеристика на царски македонски градови. Во близина на Хераклеја има уште градови како што е Алкомена именувана со име на мајката на Херакло. Ако Филип се идентификувал со Херакле, тогаш со Алкомена треба да се идентификува Евридика, мајката на Филип - Линкетската принцеза со која се оженил Аминта III, таткото на Филип II Македонски.

Во Хераклеја се откопани храмови, патеки од камен и столбови од мермер, театар со сцена за оркестар, со мозаици и статуи какви што имало и во сите македонски градови од тоа време. Секој град во своето име крие дел од животот на царевите и хероите. Затоа било обичај така да се именуваат македонските градови, за навек да не' потсетуваат и да ни ја кажуваат приказната за царевите на Македонците. Во Битола го има сето тоа.

Легендата за Херакло продолжила во јунаштвото на Марко Крале и многуте Ангели по фреските низ македонските цркви, кои се борат со злото за да го заштитат народот.

 

Професор Ангелина Маркус

Kind regards: 05 февруари 2017

Sotir Grozdanovski број 49

ВИДЕО ЗАПИСИ

ВИДЕО ЗАПИС ДЕЛ - 01