ПРЕКРАСНИОТ ЛЕРИН МАКЕДОНСКИ
АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
ДЕЛ 16 - 20 ДЕКЕМВРИ 2016

ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

ИЗГОРЕНИ НА ГРАМОС, ВИЧО И......

  ОД НАПАЛМ БОМБИТЕ НА НАШИТЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ 

   

    Овај број го посветуваме на Македонците од се' уште окупираниот егејски дел на Македонија изгинати по планините и рамнините на нашата земја за време на така-наречената Граѓанска војна во Грција од 1946 до 1949 година, бранејќи ги своите вековни огништа од  грчките Монархо-Фашисти, но и нивните активни помагачи, така-наречените наши стратешки партнери, кои и денес активно, преку домашните предавници во Република Македонија работаат на  нашето докрајчување , но .... затоа потоа!

Стравот од оживувањето на, сега за сега,  приспавнатата моќ на македонскиот народ, им ги смрзнува коските не само на Грците, туку и на нивните ментори. Стравот од Херонеја и мечот на Филип и Александр Македонски се' уште не им дава спокој и ги тера во бес, кои не се во состојба да го контролираат.

Со домашните предавници, Македонецот секогаш излегувал  победник и ако крвав, но никогаш на колена. После секоја битка, излегувал по висок и по мудер. Заедно со повампирените душмани, ќе ги снема и домашните изроди, зошто не им се потребни на Македонија. Уличните хулигани, криминалниците сокриени по политичките партии, "шарените" револуции, надрите професори и лажните архитекти  кои проповедаат уништување на спомениците на македонските градители и бранители од сите времиња зад нас, ќе ги покрие прашината на времето, само историјата ќе ги споменува како штеточини на природата уништени за секогаш, со современи пестициди.

Се' што сега можиме да речеме е: - Ви благодариме браќа и сестри, Македонци, што и вие,   вградувајќи ги  своите млади животи во темелите  на се' македонскиот татковински олтар, уште повеќе го оснаживте повеќе  милениумскиот корен на светата македонска лоза следејќи ги сите борци зад вас, како пример за нас и оние кои доваѓаат да ја бранат, после нас.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА!

 

Сотир Гроздановски

МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНКИ

Ристо Стефов

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 

ДЕЛ - 16

Пишува : Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

 

 

     За време на вториот Конгрес на Народно ослободителниот фронт од 25 март 1949 година, недолго пред да го ликвидираат ДАГ (Демократската армија на Грција), Захаријадис рече: "Вие Македонците имате право на одвојување и припојување кон  една Балканска Федерација ....."

Меѓутоа, ево што препорачал Сталин, највероватно почитувајќи ги  заедничките одлуки   донесени во Јалта помеѓу него и Черчил и во Москва од  05 до 20 октомври 1944 година за време на делењето на интересните сфери на Балканот. Позицијата на Сталин била дека СССР бил против одлуката на Захаријадис за креирање на "Обединета и независна македонска држава во составот на една балканска федерација", донесена на  Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција.

Сталиновото неслагање со оваа одлука на Захаријадис било потврдено со коресподенцијата помеѓу раководството на СССР и советскиот амбасадор во Атина, Чернишов.

Но, вредно е да видиме што рекол  Никос Захаријадис на шестиот Пленум на Комунистичката партија на Грција: "... треба отворено да кажеме  дека, да ни беше позната улогата на провокаторот Тито во 1946 година, Комунистичката партија на Грција немаше да  ја донесе Резолуцијата за земање оружје и влегување во отворена  војна. Би ја модифицирале за некое друго време и со подруги методи на борба..." ( Погледнете во : " I trihroni epope tu DAG, 1946 - 1949", стр.422.)

Захаријадис со ова не само што ја пренесе својата вина на Тито, туку го идентификува Тито како еден од виновниците за војната катастрофа по Македонците од Егејска Македонија.

"Требаше да престанеме да веруваме и да го респектираме Захаријадовиот Тестамент,  познат како 'Комунистичко ветување' за  'Обединета Македонија', што заправо беше лукавост за да не вовлечат во комунистичкиот лагер за да не збришат до последен Македонец! Грција ја разбра намерата на Захаријадис! Како тоа не го разбраа Македонците? Зошто ги следеа звуците на комунистичките тапани и не тераа да го респектираме некого, кој отворено не тераше во самоубиство?" ( Стојан Кочов )

Сега доваѓаме до критичното прашање кое си го поставувам на самиот себе си : Зошто два турски христијани, Никос Захаријадис и генерал Маркос Вафиадис, доселени во Македонија, а окупирана од Грција, на кои им беше доделена безправно конфискована македонска земја за да живеат на неа сакаат да му помогнат на македонскиот народ за да се ослободи од грчката окупација?  Па тие беа едни  од турските христијани, така наречени лојални и прави Грци, кои ја окупираа и живееа на македонската конфискувана земја. Што би им се случило до колку Македонија би се ослободила од нивната окупација? Не би биле истерани надвор од Македонија? Па спрема тоа, зошто би требале да веруваме дека ќе им помагаат на Македонците, а не да им одмагаат? Во овој случај, кого би тебале да кривиме што дозволивме да не водат нашите непријатели, тие, кои не истераа од нашата татковина?

Во ваквото сценарио само еден правилен и логичен заклучок би бил, а тој е дека овие турски христијански колонисти во нашата замја не' водеа во потполно самоуништување  со цел да добијат повеќе од нашите имоти. И тоа навистина ни се случи...Македонскиот народ беше истеран надвор од Македонија за време на  таканаречената  Граѓанската војна во Грција и заменет со колонисти, како Захаријадис и Вафиадис.

9. Битката за Лерин од 12 февруари 1949 година беше една од  најкрвавите  битки во така-наречената Граѓанска војна во Грција. Таа  беше непотребна, бидејќи партизаните и така  ја губеа војната. Меѓутоа, Захаријадис инзистираше на заземање на Лерин, бидејќи спрема неговите тврдења, ако партизаните го заземеле  градот би  биле сватени сериозно од надворешниот свет. Па така,  желбата му беше и исполнета.

Расположивите сили за оваа битка беа следните: во составот на ДАГ беа бригадите 13, 14, 103 и 107. Потоа  официрското војно училиште, еден рударски батаљон и еден батаљон за извлекување на ранетите борци. Вкупно, околу 5354 борци на располагање.

Силите на грчката влада сместени во Лерин броеа околу 4000 војници. После осмочасовната борба, ДАГ имал 334 мртви, 1500 тешко ранети и 119 нестанати борци.

Али ова не е целата прикаска за нашата трагедија. Многу од партизаните кои се бореа во оваа битка беа од околината на Лерин, без некое воено исксутво, сите Македонци, машки и женски, многу од нив сам ги интервјуирав за моите книги.

Накусо, ево една од тие прикаски:

"Нејзината последна воена мисија беше,  напад на Лерин. После неколку неделен престој во Караџово, им било речено да се подготват за борба на некое неодредено време и на непозната локација. Кога стигнале на Бигла, виделе артилерија и митралези насочени кон Лерин, а тие, се' уште не биле запознати со времето на нападот. Се надевале дека нападот ќе биде изненадувачки и изведен за време на ноќта. Но, кога наредбата за напад била дадена, било веќе утро, така да првите редови веќе биле видливи и изложени на непријателското оружје што го бранеле Лерин. Наскоро, кралската одбрана стапила во дејство со сите сили на располагање и без застој. Партизаните и пред да стапат во борба, морале да се повлечат назад. Тие, како Лефа кои биле како помош на нападачките редови биле опколени. Имале само два избора или да се предадат и да се соочат со последиците или да бегаат пред распуканите митралески гнезда, кои сееле смрт. Најхрабрите одлучиле да бегаат и сите изгинале. Повеќето биле  уплашени да бегаат пред смртта која ги чекала, па затоа се одлучиле да чекаат  помош од своите соборци кои би ги извлекле од обрачот во кој се нашле, но тие  никогаш не стигнале. До крајот на битката, 600 до 700 млади македонски момчиња и девојчиња  изгинале од митралеските куршуми, решетајќи ги нивните млади тела, за  наскоро потоа да  бидат сите фрлени во заедничка гробница. Меѓу нив била и пријателката на Лефа, младата Тена Боглевска од Ошчима, со која се загрлила и си посакале среќа, пред да заминат секоја со својата група. Трена работела на спротивната страна од Лефа. Таа била веќе мртва во нејзината најрана младост од грчките куршуми. Лефа жали за својата другарка, до ден денешен.

Битката беше кратка. Траеше неколку саати.  

Во училиштето пак во друштво на двајца нивни машки офицери, триесет партизанки ја исчекуваа својата судбина. Лефа ги отстрани своите партизански симболи со надеж дека ќе и' се усреќи  да се спаси од Грците, кои ги опколувале. Наскоро стигнале и тие, следени од еден стар Генерал, кој одејќи од девојка до девојка  и галејки ги по главите шаптел тифко, " се спасивте што се предадовте ". Сите очекувале да се случи најлошото, меѓутоа ништо лошо не им се случило. После заробувањето, секоја жена била изспреана со пестицид против гнидите и вошките и одведени во леринскиот затвор. После шест дена, Лефа била одведена во Кожани, голем затвор кои личел на град со безборј шатори. Таму одлежа три месеци  дневно испитувана и злоставувана, постојано одговарајќи на исти прашања. Лефа истрајно одговарала дека била насилно регрутирана од партизаните и се држела до тоа. Благодарна му била на својот брат Насо, кој често ја посетувал и и' го правел животот, малку по поднослив. 

Благодарејќи и' на УНРА, Лефа добила нешто нова облека, што било  како некој неочекуван подарок. За време на  престојот во затворот,  семејството работело на  нејзините исленички документи за Канада. Со животните податоците и учеството во граѓанската војна на страната на ДАГ, за неа немало иднина во Грција. Нејзиниот татко дошол во Канада во 1947 година. Сакал да и' обезбеди поарна иднина на својата ќерка, подалеку од конфликтот во Грција. Во Канада, Лефа дошла на 15 август 1949 година. Наскоро по тоа се вработила во сервис за перење веш, каде спровела две години". ( Стефов/ Ошчима, 2003. ) 

И до ден денешен нема гробници за нашите борци  или некои знаци каде би се изразиле сочувства за нивните жртви дадени за слободата на Лерин и Македонија,  за разлика од борците на владината армија. Трага нема за нашите луѓе било каде, во или околу Лерин, бидејќи беа фрлени во заеднички ровови и таму оставени и заборавени и од луѓето и од времето. Сите заедно и мртвите и тешко ранетите, но се' уште живи, во една и заедничка гробница без никакви знакови каде  семејствата би се изнаплакале, над нивната судбина.

Се разбира, ова не е целата прикаска за нашата трагедија; тие кои беа погребани, беа погребани на секаде  каде загинаа, повеќето од нив без видливи знаци за распознавање. Многу ги остававме таму каде што загинаа, природата да се погрижи за нивните раскинати тела...бегајќи да ги сочуваме нашите загрозени животи...Што е најтрагично околу целата оваа ситуација, ние бевме жртви на нечие планирање со цел да направат од нас виновници за   оваа крвава и непотребна војна, така-наречена "граѓанска војна" помеѓу Грци и Грци.

Овај проблем изгледа повеќе комплициран од што, заправо, е ... ако ги отвориме нашите очи, ги оставиме нашите суеверја и недоверби настрана и за трен погледнеме во нив, ќе ја доживееме вистината. Не е потребно во сето тоа да гледаме, како историчари, рефлексија на фактите, бидејќи историјата е напишана од  победниците кои сакаат да го променат минатото, како би се вклопило со сегашноста; историјата е напишана од оние кои ги окривуваат другите за она што се случило, меѓутоа, ние треба да ги гледаме работите точно така како се случиле и да се запрашаме "зашто нештото се случило на начин, како се случило? "

Прво, ние не бевме подготвени или способни како народ да бараме правда со помош на сабја и оган. Меѓутоа, ние го сторивме и тоа на свој начин...Следејќи го патот на странците...Второ, нас не водеа грчки генерали, како на пример генерал Маркос чии интерес не  беше ние да победиме во битките и да ја добиеме војната. Со други зборови, Грците кои не водеа имаа многу повеќе да добијат ако ние изгубиме во војната и ако не истераат надвор од нашите домови, одошто да добиеме и останиме во нашата татковина.  Ако ги погледнеме работите од подруг агол, односно ако Грците, како што велат, сакаа да победиме во граѓанската војна, тогаш требаа да ни дозволат да имаме свои генерали за водачи а не Грци. Заправо зошто немавме наши генерали, Македонци? Зошто би требале да бараме дозвола од Грците да имаме наши генерали? Затоа, како што реков и порано, ние не бевме подготвени или способни како народ да бараме самите правда со оган и сабја! И затоа, ние не само што бевме зависни од странци да не водат, туку им верувавме на нивните лаги се' дури не беше предоцкан да сватиме дека се жртвуваме за туѓи интереси.

И крајниот резултат? Многу од борците кои ја биеа битката за Лерин беа млади луѓе од околните села на градот. Умреа скоро за ништо. Ги регрутираа и им рекоа дека борбата ќе трае кратко, па затоа не треба да се подготвуваат. И потоа, беа оставени надвор цела ноќ да се смрзнуваат; не им беше дозволено да палат оган. До сабајлето, беа смрзнати и деморализирани за борба. Повеќето од нив беа млади  девојки од 17 до 19 години. Земјата беше покривена со снег и  беа видливи од Грците чим кренаа во напад на нивните предни борбени линии. До крајот на битката, снегот беше бојадисан во црвено...

10. Еден од најнечесните и уништувачки настани во оваа така-наречена граѓанска војна во Грција, кој ме наведе да верувам дека е договорена војна е фактот, дека немаше договор за предаја и излезна стратегија за партизаните и за бегалците, освен да ја напуштат земјата. Непостоеше план "Б" ниту "што после ако ја загубиме војната". Секогаш се претпоставуваше дека партизаните ќе ја добијат војната и кој мисли подруго, тој е предавник и кукавица. Дури и кога партизаните ја изгубија војната, Захаријадис се осмели да ги натера борците во Албанија за да се прегрупираат; војната не е уште завршена...и дека ќе победат. Слушаиќи ги неговите заповеди сите борци ги напуштија своите борбени позиции и преминаа во Албанија, верувајќи му дека од кога ќе се регрупираат, ќе се вратат и ќе ја продолжат борбата.

Многу македонски борци се' уште му веруваа на Захаријадис кога им рече дека ДАГ ќе победи, наскоро! Престанаа да му веруваат откако тој почна да ги окривува лидерите на НОФ за губењето на војната, дека се предавници и Титови агенти и најпосле, откако ги осуде и протера надвор за секогаш да живеат по камповите на Сибир.. Во почетокот Захаријадис сакаше лидерите на Народно ослободителниот фронт ( НОФ ) да ги ликвидира, но бидејќи тие беа на албанска територија, албанските авторитети не би му дозволиле тоа да го прави.

Македонскиот народ, вклучувајќи го мнозинството раководители на Народно ослободителниот фронт беа комплетно изненадени со ненадејното менување на настаните , како и неправилното обвинување за губењето на војната, со која не раководеле. Тие биле свесни за своите должности, меѓу кои и мотивирањето на македонскиот народ да се борат; односно да го извршуваат она што им било заповедано од грчките лидери, особено од Захаријадис; и тие го правеле точно тоа, што им било заповедано. И покрај сето тоа, беа обвинети за губење на војната; особено откако Захаријадис постојано им зборуваше и ги убедуваше дека победуваме?! До колку тие не им верувале на Грците, тогаш за сигурно им верувале на југословените, кои пред кусо време им биле доверени на комунистичката партија на Грција и им наредиле да ги следат упатствата и наредбите на ГКП, зошто тие се "грижат за вашите интереси"? За сигурно југословените не би ги вовлекле во такви неугодности и неточни обвинувања.. во најмала рака, не намерно?

Па да и не! Меѓутоа вистина е дека на ДАГ му наредија да се склони во Албанија, надвор од границите на Грција и никогаш не им дозволиле да се вратат,  да ја  продолжат борбата и да извојуваат победа, како што им беше ветено. Чим борците, заедно со цивилното македонско население ја напушти грчката територија, како последица од воените деиствија, Грците ги затвориле границите, па така и партизаните ги довеле во недоумие и збунетост, незнаејќи што да прават, чудејќи се при тоа што се случува....

 

Евдокија Фотева - Вера
род. с. Д'мбени 1926
поч. 2011 Скопје.

Ево што рекла Вера Фотева, лидер на АФЖ ( Антифашистички фронт на жените ) за новонастанатат воена ситуација:

"Од 10ти до 15ти август 1949 година, Монархофашистите започнаа со агресивниот и ужасен напад против ДАГ, подржуван од американската авијација, која безмилосно рушеше се' под себе на земјата македонска. Македонскиот поет Ацо Шопов  во својата поема "Грамос" нај сликовито ја прикажа ситуацијата велејќи "ниту птица неможи да лета во Вичо од пеколот створен од гранати и бомби". Истата ситуација објективно ја прикажа и грчкиот историчар Георгиос Маргаритис, професор при Универзитетот на Крит, во два тома. За свои извор на податоци, професорот Маргаритис се послужил со искажувањата на еден познат анти-Фашист. Информациите прикажани во неговите книги беа најдобрите примери на страшните гледки од тие немили настани од времето на граѓанската војна во Грција кои ги прочитав, како и за причините зошто ДАГ ја напушти Вичо и се повлече од Грамос, оставајќи го населението без заштита и во бегство за да го заштитат голиот живот.

На 10ти август 1949 година американските авиони извршиле 130 борбени летови бомбардирајќи ги единиците на ДАГ и колоните бегалци, користејќи ги летилиците од типот "Дакота" и "Спитфаер"  (пљувачи на оган). Во наредните неколку денови овие американски авиони ги ивршиле истите бомбардирања, штитејќи ги Монархо-Фашистичките пешадиски единици и артилеријата. Не остана ниту една четворна нога земја не бомбардирана на планината Вичо, на Лисец, планината Малимади и во Преспа по должината на албанската и југословенската граница. Целата ерија беше бомбардирана со воздушни бомби, гранати, напалм бомби и ракети те чистена со митралези од ниско летејќи авиони. Ова ја потврдува положбата во која се навоѓаше ДАГ и во каква огнена тава неговите борци беа ставени да се пржат и да горат. Тоа беше непремостива количина на притисак и страв за борците кои не само што се бореа да ги извлекуваат ранетите, при тоа грижејќи се и за долгите колони бегалци, туку и за своите голи животи. После овие жестоки американско - монархо - фашистички напади, ДАГ беше нападнат и на Грамос уште по жестоко и по страшно. Тоа бе а  околностите, креирани под водство и сестрана странска интервенција, "Демократските борци за слобода" од Грамос да го спуштат "последното борбено знаме".

ДАГ  беше конечно победен од Монархо-Фашистите на планината Грамос на 30 август 1949 со помош на англо-американската коалиција. Откако падна Вичо во рацете на непријателот, Никос Захаријадис, Генерален секретар на Централниот Комитет на  Комунистичката партија на Грција, рекол: "Грамос ќе биде гроб на Монархо-Фашистите." Меѓутоа, тоа не се случи. ДАГ претрпе броини губитци, но сепак не се предаде, туку побегна во Албанија ко бајаги да се "прегрупира". Што докажа, дека зборовите и "желбите" на Захаријадис не се остварија. Да останеја, Грамос би бил гроб на ДАГ. 

После сменувањето на Генералот Маркос Вафиадис од неговата командна должност и напуштањето на докажаната војна стратегија на така-наречениот "Врховен војно-правен комитет", Захаријадис заедно со својот Политбиро работеа на инсталирање на нов "воен стратег", кој немал никакво воено искуство.  Единиците на ДАГ од Грамос и од други места се повлекоа на албанска територија.

Главниот виновник за неуспехот на ДАГ, природно, беше Никос Захаријадис, Генерален секретар на Централниот комитет на КПГ и неговиот Политбиро. Меѓутоа, тие не се обвинети како такви. Наместо да покажат со прстот кон правиот виновник, Захаријадис и неговата клика, покажуваа со прстите кон Македонците, специјално кон раководството на Народно Ослободителниот Фронт, АФЖ - ето и привремената демократска влада на Грција. Во Бурли, град во Албанија, Захаријадис организира лажен политички суд, сличен на оние кои ги организираше Информбирото. Тој имаше последен збор.

На 2-ри октомври 1949 година, кампиравме во една мала маслинова плантажа покрај една рекичка крај Елбасан. На врвот од брдото беше сместена бела и прекрасна зграда,  преадаптирана во болница, во која беа сместени ранетите и болните борци на ДАГ. Таа беше водена од болничарки и доктори , сите членови на ДАГ. Внатре беа заедно сместени и Грци и Македонци и нивните негователи, луѓе, кои заедно војуваа рамо до рамо за исти цели, кои заедно страдаа и се веселеа во одредени прилики. Сите Анти-Фашисти, обединети како еден народ и со една заедничка цел.

Од порано, 2-ри октомври беше прогласен за Интернационален ден на мирот во чест на Интернационалниот Конгрес одржан на 20-ти април 1949 година во Праг, Парис и Токио. На него беа присутни делегати и од Грција, во чии состав беа и претставници од разни македонски организации. Ние, претставниците на НОФ, АФЖ, ДАГ, министри од привремената влада на Грција и членови на Централниот комитет на КПГ се подготвувавме за тој специјален ден со пригодна програма проследена со свечани говори од истакнати раководни кадри, вклучувајќи и некои од македонската страна.

И пред почетокот на прославата, многу борци и граѓани почнаа да го полнат болничкото двориште. Околу 8 часот, со џип пристигна еден офицер од Главниот Штаб на ДАГ, кој јас не го препознав. Чим излезе од џипот, одма се упати кон местото каде што стоевме: Михаил Малиов, Ураниа Јурукова, Ташко Хаџијанов, Горан Петричевски, мојот се' уште невенчан сопруг Минчо Фотев и јас, Вера Фотева. Офицерот ме познаваше и чим дојде поблизу до мене, ме ослови со : "Другарке Вера, писмово (ми врачи плав плик) е за вас од другарот Бардзотас, сака да се сретне со вас кај него."  Василис Бардзотас беше политички комесар на Генералниот колегиј на ДАГ и член на потесниот состав на Политбирото на КПГ. Набрзина го отворив плавиот плик и го извадив писмото со следниот текст:"Другарке Вера, вие, Минчо, Ураниа и Хаџијанов, чим го добиете ова писмо, одма влезете во џипот и дојдете во Бурели", потпис, "Василис Бардзотас". Читајќи го писмото, се скочанив, како да ме удри рофја. Погледнав во моите другари околу наоколу, исполнета со страшни чувства дека нешто големо се подготвува. Чувствував некоја непријатност  која ми се вртеше во последно време во мојата глава.

Моите пријатели и другари погледнаа во мене некако чудно, чувствувајќи потреба да им кажам што пишува во писмото. Минчо постана нестрплив и ми го грабна писмото од раце. Во тој миг најдов храброст да изговорам неколку зборови и реков: "Ние четворицата: Минчо, Ураниа, Хаџијанов и јас сме повикани одма со џипов што пристигна да тргнеме за Бурели и да се јавиме во Генерал Штабот на ДАГ". Настана молк. Веста беше сомнителна и во некоја рака застрашувачка за секого од нас. Останавме без збор за некое време. Група граѓани, мажи и жени кои дојдоа со единиците на ДАГ од слободната територија, со кои кампуваме на веќе реченото место се собраа околу нас и со виден страв и загриженост прашуваа што се случува.

Му рековме на нашиот пријател Гого Петрушевски, прекален борец на НОФ, дека "сме сигурни во нивните намери што сакаат. Сакаат да не уапсат. Ако можиш, бегај одма, бидејќи и ти ќе ја доживееш нашата судбина". Исто така му реков и на неколку мои соселани, на моите тетки и на мојот братучед дека сум сигурна оти ќе не уапсат. Вакви закани против врвните раководители во НОФ веќе се "ширеа" наоколу подолго време и сега најдоа за згодно за да го скријат главниот виновник за неуспесите на ДАГ. Покрај заканите за наше ликвидирање, спрема некои провокатори, ние бевме и останавме верни на народот кој го организиравме, се боревме заедно, умиравме заедно и се веселевме со нив.}

Вера беше една од најверните следбеници на Захаријадис, вистински верувајќи дека ќе победиме во војната, исто така како во што ги уверуваше и Захаријадис.

****************************************

 

"Љубовта е свето нешто. Од љубовта и за љубовта се' се прави. По возвишена од љубовта единствено е татковината. Без слободна татковина, љубовта не може да дојде до нејзиниот вистински израз"

Евдокија Фотева - Вера, Партизанка

 

Продолжува

 

 

АНСАМБАЛОТ "КОСТУРЧАНКИ"

ШВАЈЦАРСКИ ГЕНЕТСКИ ИНСТИТУТ "ИГЕНЕА" ПОТВРДУВА ДЕКА

 

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ДИРЕКТНИ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ !

 

      Наместо за сопственото потекло и историја, грчките државјани на сајтот на "ИГЕНЕА" прашуваат за потеклото на, како што не нарекуваат, "Славомакедонците", на што од признатиот швајцарски институт им одговараат: "Тие се Македонци, а не Славомакедонци, како што вие ги нарекувате од политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, многу помал дел имаат словенско потекло". За Грците, истражувањето на "ИГЕНЕА" покажало дека 31% од нив имаат келтски корени, 32% делат хеленско, македонско, па дури и арапско потекло, 12% германско и словенско, а 11% од Грците водата потекло од Илирите.

Денешните Македонци се директни потомци на античките и на Александар Македонски. Грците прашуваат - швајцарскиот институт им одговори. Истражувањето на институтот "ИГЕНЕА", кој се бави со генетски истражувања на европските народи и важи за еден од водечките во ДНК анализите, потврдува дека најголемиот дел од денешните Македонци, или 30%, се потомци на античките. Помал дел влечат корени и од Теутите ( 20% ) и Хелените ( 15% ), 15% имаат словенски гени, а во помала мера, наши претци се и Илирите ( 10% ), Хуните ( 5% ) и Феничаните ( 5% ).

Истражувајќи го потеклото на народите на Балканот, научниците од "Игенеа" дошле до следните резултати: Просечниот Србин е мешавина од Словените ( 30% ), Илирите ( 21% ),Теутите ( 18% ), а помал процент водат потекло и од Келтите ( 14% ), Феничаните ( 9% ), Хелените ( 6% ), па дури и 2 % од Викинзите.

Босанците, Албанците и Хрватите најмногу влечат корени од Илирите. Словенците од Теутите и Илирите, а мал дел имаат и еврејско и вандалско потекло.

Генерално, сите балкански народи имаат одреден дел словенско потекло, но само кај Македонците доминираат корените од Античка Македонија и мал дел од Грците влечат античко потекло. Другите балкански народи воопшто немаат вакви корени.

Споредувајќи ги S-хромозомите,  "ИГЕНЕА" дошла до сознанија дека во Македонија е најприсутна групата 12 а, која што велат, потекнува од Балканот, а денеска, покрај во Македонија, често може да се најде и во Хрватска и во Босна. Ова е ретка лоза, која што е забележана и во Западна Европа, вклучувајќи ги и Британските острови. 

Втората најприсутна група е Е1б1б, која што потекнува од Источна Африка, а во денешно време е најприсутна кај народите во Европа, особено на Медитеранот и на Балканот.

"ИГЕНЕА" е водечка истражувачка институција во генетските истражувања. Во своите анализи, швајцарскиот институт, покрај генетски, користи и историски, археолошки и антрополошки извори.

 

 

БЕЗ КОМЕНТАР

ОД БАБА МИ ПЕСНА ЗА ДВЕ ЛИРИ

Kind regards - 20 декември 2016

Sotir Grozdanovski - 43