МАКЕДОНИЈА ПАК ПОБЕДИ

 

ПОЗДРАВЕН ГОВОР НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

 

     11 декември беше денот на победата, денот на кој по десетти пат по ред ВМРО - ДПМНЕ ја доби довербата од мнозинството ма македонскиот народ да ја води Македонската држава во поарна иднина. Во иднина поарна од онаа, која ја наследи од СДСМ, пред десет години.

Овој пат беше прашањето да се биде или  не. Беше свое врстен Референдум за опстојот на македонската држава таква, каква му одговара на македонскиот народ и на мнозинството граѓани од националните малцинства. Да  биде унитарна држава како што се сите балкански држави, а не Федерација на Македонци и едно малцинство, Албанците. Да има државен јазик на целата своја територија, без забрана на малцинствата да си се служат со своите јазици, баш како што е и кај нашиот стратешки партнер САД, кој ние урнек, барем за некои кои потполно се опираат на него, за да опстанат.

По повод изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата за подобра Македонија, на 12 декември вечерта, претседателот на најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО - ДПМНЕ господинот Никола Груевски одржа поздравен говор, со цел да ја обзнани победата на својата партија и да им се заблагодари на гласачите, симпатизерите и подржувачите во овие и сите поранешни изборни победи.

Видно возбуден и среќен што сепак и после многу неизвесности и одложувања на предвремениве избори, конечно успешно завршија во полза на неговата Партија и на задоволство на мнозинството од народот македонски. 

 

Господинот Никола Груевски го започна својот поздравен говор со :

ДОБРОВЕЧЕР ЗА ПОБЕДНИЧКАТА КОАЛИЦИЈА!

ДОБРОВЕЧЕР ЗА МАКЕДОНИЈА! И продолжи :

 

Драги пријатели, почитувани присутни!

На почетокот дозволете ми да им честитам на сите граѓани   за успешно спроведените избори во Република Македонија. Македонија повторно имаше фер, демократски, слободни и кредибилни избори на кои граѓаните слободно и на демократски начин гласаа и го кажаа своето мислење.

Дозволете ми да се заблагодарам, најпрво, на сите граѓани кои излегоа и гласаа и што придонесоа во мирна и демократска атмосфера Македонија да постигне успех и на овие избори. Честитки за сите граѓани кои гласаа на овие избори.

Дозволете ми посебно да се заблагодарам на оние граѓани кои ја дадоа подршката на ВМРО - ДПМНЕ и на коалицијата за подобра Македонија, а која спрема резултатите од 88,61 % обработени гласови е подршка од 434,о51 глас за ВМРО - ДПМНЕ наспроти 415, 258 за СДСМ, со што нашата Партија постана победник на овие избори во Република Македонија. Денес навистина  победи ВМРО - ДПМНЕ, но заедно со него победник е и Република Македонија. 

Драги пријатели! Ова е десетта изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат мнозинството граѓани во Република Македонија гласаа и   го подржаа ВМРО и Коалицијата за подобра Македонија. Не подржаа заедно со  нашата Програма, нашата визија, тимската работа и начинот на кој ние работиме. Благодариме за подршката.

Благодарни им сме на сите гласачи во оние општини каде што победивме, но исто така сме им благодарни и на гласачите во општините каде не победивме, зошто без нивните гласови, оваа денешна изборна победа нема да се оствареше. 

Благодарни им сме и на сите наши членови, како и на членовите на сите партии од коалицијата за подобра Македонија. Благодарни им сме и на Унијата "Млади Сили" и Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарност и на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, на сите наши коалициски партнери и нивните активисти. Морам да признам, дека сум задоволен и со нашата победа   во четвртата изборна единица со разлика од 7476 гласа во полза на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

Треба да нагласам и тоа, дека после успешните избори следувааат процеси за формирање коалиции, па процес на формирање на влада на Република Македонија. Кризата мора да заврши и Македонија да продолжи да оди напред. Тоа ќе биде нашата приоритетна задача во наредните денови и недели дури кризата не исчезни од нашата земја и мирот не добие заслужено граѓанство.

Драги пријатели, користејќи ја оваа прилика, сакам да испратам порака до македонските граѓани дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија секогаш ќе бидат со вас, со граѓаните на Република Македонија и секогаш ќе работаат за државните и националните интереси. Без обзир на околностите во кои ќе бидеме доведени, тоа го велевме и пред изборите и сега после завршетокот на изборите, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остани на линијата на државните и националните интереси на Република Македонија и во полза на нашите граѓани. Вие секогаш можете да сметате на нашата подршка.

Почитувани присутни, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучително тежок противник, затоа што тоа не беше само СДСМ. Вие тоа многу добро го знаете. Затоа оваа победа има една посебна важност и посебна тежина, особено ако се погледне наназад во последните две и пол години и на се' она што сме го преживееле како Партија и како Коалиција, заедно со Република Македонија. Затоа уште еднаш сакам да нагласам, дека оваа изборна победа за нас има посебна важност и тежина.

Драги мои пријатели, дозволете ми да искоментирам уште неколку работи. Она што е веќе видливо од пребројаните 88% гласови, бројот на гласови за ВМРО.ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија е во рамките на константна подршка која ја имаме со години. Овај пат поголеми изненадувања имавме кај албанскиот електорат. За разлика од првичните избори,  очигледно е дека   на овие избори СДСМ доби значителна подршка од албанскиот електорат во Република Македонија. Но со анализите  на овој феномен ќе се позабавиме во наредните денови и секако од тие анализи ќе извлечеме заклучоци, поуки и во секој случај какви пораки ни испратија граѓаните на Република Македонија.

За сега толку и Ви благодарам многу ! Им благодарам, уште еднаш, на сите кои не подржаа во оваа победа, во оваа десетта по ред изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, но секако и победа на Република Македонија.

Уште еднаш Ви благодарам на присуството и да сте живи и здрави!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Коалицијата за подобра Македонија!

Да живее Република Македонија!

 

Сотир Гроздановски 

 

 

Kind regards / 13 декември 2016

Sotir Grozdanovski # 42