КАЛАИЏИИ
ДЕЛ 15 - АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски

ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ !

11 ДЕКЕМВРИ  2016  ЌЕ ДАДЕ ОДГОВОР !

ЗАТОА СИТЕ НА ИЗБОРИ !

 

Уште неколку дена и предвремените избори  највероватно ќе ни го донесат победникот и со тоа смирување на ситуацијата во Македонија:  отпочнување на некој поарен живот и помирни односи меѓу луѓето. Било би време и оптимизмот да нарасте, без кој никоа река не не турка. Верувам дека повеќето од граѓаните на Република Македонија го делат мојот личен оптимизам во поарно утре. Сити од разните турбуленции  и заканувања со федерализација на ова последно слободно парче од македонската земја, време е да се свртиме кон самите себе си и сите заедно да и' погледнеме во очи на иднината, која не е баш така црна. Иднината, која може да биде уште поарна  не само за еден дел од населението, туку за многу повеќе од тоа. Со тргање теписи под сопствените ноsе и со секоедневно   формирање на политички партии и дробење на изборното тело на фракции кои не дозволуваат да се формира солидна влада, неможе да се оди напред. 

Тешките времиња низ кои поранешните македонски генерации поминаа не ни се потребни и ние да ги повторуваме. Денес, кога имаме и премногу високо образовани кадрови од сите профили потребни на нашето општество , проблемите би требало да ги нема:  само ако успееме  алчноста да ја сведеме на подносливи размери и да ја рзвиваме демократијата без криви совети од надворешните заговорници, ма било кои и од која страна да доваѓаат.

Изборите се правото демократско средство за мирен и просперитетен живот и соживот. Стопанските програми и покажаните успеси во работата би требало да бидат мерило во одлучувањето кој треба да ја води државата во насока на прогрес, мир и добра вработеност на граѓаните. "Шарените револуции" и деструкциите на народниот имот не смеат  да добијат право на граѓанство и како средства на тероризам кон својот сопствен народ, треба  да бидат санкционирани во духот на позитивните закони на државата. 

На заговорниците за не излегување на овие и на сите други избори им советувам да него чинат тоа, зошто самите си пукаат во сопствените петици. Ово не е туѓа земја во која  дошле емигранти да заработаат нешто и да се вратат назад.  Македонија е наша заедничка и едина земја на светот која заслужува да и' избереме прави луѓе за прави работи. Само  на оние кои не си ја сакаат својата  татковина не им е гајле кој ги води, сметајќи го својот чин за демократско право на непослушност кој ќе им ги реши дневните потешкотии во животот, а при тоа несвесни дека со тоа само си креираат дополнителни проблеми, давајќи им можност на вистинските непријатели на Македонија, да дојдат до кормилото на државата.

Затоа, ако сакаме луѓе за кои мислиме дека го заслужуваат нашиот глас   да ја водат Македонија во права насока и во интерес на сите граѓани во неа, покажете ја својата љубов и на 11 декември 2016 година бидете во своите изборни места и гласаите за  оние, кои ја извлечкаа земјата од амбисот кој и' го приредија лидерите на СДСМ од типот на Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, професорите Калајџиев, Љубомир Фрчковски, Ирина Стеријовска, Мирјана Најчевска и многу други слични на нив.

Ништо не е совршено во животот и нема никогаш ниту да биде, меѓутоа гледајќи во самите себе си и во нашите несовршености, треба да имаме смелост да избереме макар за влакно поарни и поискусни од нас кои ќе ја оправдаат нашата доверба со делата кои досега ги оствариле но и со програмите кои ни ги понудуваат за иднината што стои пред сите нас, полна со неизвесности и непредвидливи настани.

 

Ваш Сотир Гроздановски

ГИ САКАМЕ ЛИ ЧИНИТЕЛИТЕ НА ОВИЕ ЗЛОСТОРСТВА ДА НИ ЈА ВОДАТ МАКЕДОНИЈА ? САМО АКО НИ ГО ЗЕЛ ГОСПОД УМОТ И РАЗУМОТ!

ШИРОК СОКАК - БИТОЛА

Ристо Стефов

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

  ДЕЛ 15

Пишува: Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

10  декември 2016

 

 

ДВОЛИЧНОСТА НА СТАЛИН ВО ЈАЛТА

 Руските позиции во целата оваа ситуација беа чисти: Сталин сакаше да се вмеша во интересите на капиталистичкиот свет и покрај постигнатите заеднички договори со западните сили, во кој и самиот учествуваше  и се согласи дека: Грција, заедно со Егејска Македонија остануваат под влијание на Англија и Америка. Ова беше во согласност со спогодбата договорена во Јалта дека, во Грција нема да се воспоставува социјалистичко општество. Оваа спогодба, заправо ја негираше потребата за така наречената Граѓанска војна во Грција. Па така, ако веќе војната беше иницирана со цел да се спречи социјалистички политички систем во Грција, во тој случај останува само уште една опција: Интернализација на проблемот, победа и отстранување на комунистичките сили во Грција и спроведување легално етничко чистење на македонското население во Егејска Македонија, окупирана од грчката држава, и доселување колонисти од Мала Азија, од народот наречени како "доиденци" или "Prosfigi". Ама се поставува прашањето : Како? Само со поттикнување на Македонците да се спротивстават со оружје и да започнат војна.

ВАЛКАНАТА УЛОГА НА НИКОС ЗАХАРИЈАДИС

2. Никос Захаријадис кој , бајаги, ја започнал грчката граѓанска војна, беше германски затвореник. Беше ослободен од Британците и со авион испратен во Атина, со цел да го преземе водството на комунистичката партија на Грција. Е сега прашаите се и самите: која беше причината што Британците  го ослободија поранешниот генерален секретар на комунистичката партија на Грција и пак да го постават на истата позиција, кога и така Грција беше под контрола на таа партија ? Имаше ли тој  британски потег воопшто смисла? Да! Имаше ите како: да ја ослабат комунистичката партија, а не да ја стабилизираат и оснажат! Целта на Британците беше, со поставувањето на Захаријадис за врвен водач на комунистичкото движење на  Грција, да се контролира целата сплеткана ситуација во Грција, што на крајот и се случи.

3. Кога веќе комунистичката партија на Грција ја имаше во своите раце контролата над Грција, зошто беше потребен некој си договор во Варкиза, со кој им ја предадоа власта на својот омразен непријател, грчката влада во Атина, контролирана од Британците?

Овај договор во Варкиза беше склопен на 12 февруари 1945 година, со кој се бараше сите партизани и другите вооружени групи да се демобилизираат и разоружаат. Британците, уште еднаш им потврдија на грчката влада во Атина пријателство со давање полна политичка  и војна подржка, ветувајќи и' дека се подготвени да влезат и самите во војна, како би ја спречиле партизанската победа. Најголемите губитници со договорот во Варкиза беа Македонците. Одма по потпишувањето на оваа спогодба, сите антимакедонски закони се вратија назад во употреба, со што македонскиот народ изгуби се' што имаше добиено за време на германската окупација и уште повеќе: правото да формираат своја национална држава, спрена принципите во Атланската Повелба. Грчката комунистичка партија не направи ништо  да ги заштити македонските права во разговорите со Британците. Тоа не беше само предавство и чин на неблагодарност спрема жртвите кои Македонците ги поднесоа,  војувајќи во нејзините редови, туку беа оставени на милост и немилост во рацете на  се' поагресивните грчки фашисти.

4. Зошто НОФ на Македонија креиран во Југославија и испратен во Егејска  Македонија да изврши подготовки за новиот конфликт одма после крајот на втората светска војна беше прекинат пред да почни грчката граѓанска војна ?

Македонските борци од редовите на ЕЛАС, кои уште со време ја напуштија окупираната македонска територија, Егејска Македонија, и се префрлија во Југославија, беа ставени под команда на КПЈ и КПМ. Од нив, на 23 април 1945 година,  беше формиран Народниот Ослободителен Фронт на Македонија и испратен во Грција да изврши подготовки за новиот конфликт: Грчката граѓанска војна.

 

КАКВА БЕШЕ УЛОГАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

Тоа значи, дека грчката граѓанска војна беше предвидена пред таа да започне. Се претпоставува, дека Југославија знаеше за тоа и  дека и самата беше дел од сета таа процедура. Врвните југословенски лидери мора да го знаеа тоа. Но како е тоа можно? Ја предвидоа иднината? Можно е само едно: ако и самата беше замешана во заедничкото сценарио против македонскиот народ и неговото етничко чистење од Грција. И какво изненадување. Класифицираниот документ за кој зборував порано беше датиран со датумот 11 декември 1945 година што докажува, дека на дипломатско рамниште, овај план веќе беше активен уште во 1945 година, кога беше формиран НОФМ. Тоа докажува, дека Британците во никој случај не беа во состојба да се решат од Македонците во Грција без активна помош на Југославија. Фактот што Југославија го формира Народноослободителниот Фронт на Македонија да ја започни новата, така наречена граѓанска војна во Грција, го докажува сето тоа.

НОФ на Македонија беше креиран на 23 април 1945 година, пред грчката граѓанска војна да започне. Таа војна не започна официјално до 31 март 1946 година, се' до одлуката на  Вториот Пленум на грчката комунистичка партија одржан на 12 фебруари 1946. Тоа не се случи само така, туку беше се' испланирано.

После втората светска војна, војната во Грција беше нов тест за македонскиот народ зошто имаше двојна цел: една да го истера македонското население и затоа беше лоцирана внатре во Егејска Македонија и втора, да ги ликвидира комунистите, кои по се' изгледа беа погрешно информирани и сакаа да остварат социјалистичко општество во Грција, внатре во својата држава, која заправо беше британски протекторат.

5. После неуспехот на НОФ на Македонија да го мотивира македонскиот народ одново да се вооружа и да се врати по планините, грчките власти го засилија така наречениот "бел терор" и започнаа со злосторствата врз населението до незамисливи размери.

Втората светска војна заврши, зошто беше потребно  одново  малтретирање и злоставување на народот ?  Поголемиот дел од населението едва дочека да заврши тоа крвопролевање и да се врати кон мирот и обновување на своите животи и урнатини околу себе. Беа гладни за мир. Исто така и македонскиот народ беше гладен за мир. Имаа доста воини. Во главно тоа беше причината што Македонците не беа мотивирани одново да се вооружаат и да тргнат во уште една војна со, непознат крај. Но откако НОФ не успеа да ги мотивира Македонците одново да се кренат и да ја продолжат својата борба за слобода и своја држава, грчките реакционерски сили стапија на грчката сцена и ги обновија тактиките на тероризам од времето на Метаксас. Тоа ги натера луѓето или да станат во своја одбрана или да побегнат преку граница, што и беше  во нивните давнешни планови.

{"Идеата беше, да се изпровоцира македонскиот народ и да крене оружје против Грција, 'па така Грција немала друг избор, туку да се одбрани од агресорот, кој сакал да отцепи парче од нејзината теритоија' ! Југославија, да  би задржала добри односи со Западот, природно, го подготвила теренот  со  индоктринирање  и креирање  на  НОФ и АФЖ ( Антифашистички Фронт на Жените ) со цел да се започне оружана побуна во Македонија. Македонскиот народ во прво време одби да учествува во такво сценарио, меѓутоа "белиот терор" инициран од грчката десница, фашистите, и нивните злосторства врз цивилното македонско население и нивните имоти, беше доволна мотивација за Македонците што ги натера да побегнат во блиските планини Вичо и Грамос, да се вооружат и тренираат како да се одбранат од се честите и масовни грчки зулуми и убиства. Тој беше почетокот на војната. Тоа беше војна, која беше погубна по Македонците; требала да биде идеолошка војна како би ги замешала и надворешните фактори како Британија и Америка; војна, во која Грција би била некоја жртва која се брани да си ја заштити својата државна територија од агресорот. Ово би требало да постане легален геноцид, бидејќи овие, "Славјаниве", се подготвени да отцепат парче од грчката територија! На Македонците им било речено дека требаат оружје за да се одбранат, но чим почнаа вистинските битки, им било речено дека се борат за 'обединување на својата Македонија' и на крајот, од како Југославија се одрекла од нив им било речено дека се борат за човекови права да бидат рамноправни со Грците. И најпосле, кога војната се разгорела им било речено, дека се борат за своите животи; 'да се борат или да умрат'...."} ( Стојан Кочов ).

Во тие времиња, немаше Македонец или Македонка која  изјавуваше, јавно, дека  се бори само за обединување на Македонија, туку  многу Македонци беа убедувани, дека тоа е можно и да се оствари! И зошто тие веруваа во тоа ? Бидејќи архитектот на оваа војна, низ НОФ и АФЖ  пласираше такви лажни и примамливи информации!

И уште еднаш да повториме, дека немаше никаква причина за оваа, така наречена граѓанска војна во Грција, бидејќи  веќе беше одлучено од големите сили дека Македонија и понатака останува во составот на Грција. Но највероватната причина беше и таа има смисла,  да се уништи комунистичката партија како зло за Грција и во едно да се решат од македонскиот народ во Егејска Македонија, како потенцијална опасност по безбедноста на Грција.

6. За време на граѓанската војна во Грција: ( a ) македонскиот народ беше убедуван дека се бори за обединување на Македонија и да се здобијат со човекови права, и покрај фактот дека тој  веќе  беше  оштетен со губењето на понудените права по линија на принципите од Атлантската Повелба, ( б ) грчкиот народ беше уверуван дека партизаните се заправо "Славјански бандити" и со помош на "комунистите" покушаа да отцепат парче од грчката територија и да ја предадат на Титова Југославија, и ( c ) надворешниот свет беше уверуван дека ова е граѓанска војна на Грци против Грци. 

 

ВО ЗАПАДНАТА ИСТОРИЈА НЕ СЕ СПОМЕНУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ.....

Во западната историја нема ниту еден збор за граѓанската војна во Грција и завојуваните страни, ниту пак за причините, а уште помалку каде беа Македонците во таа прикаска за војната помеѓу Грците со Грците. Зошто се потребни три различни прикаски за една те иста војна?

Британците и Американците беа надгледувачи и архитекти на оваа војна; неможеа да му соопштат на светот кој војуваше во граѓанската војна на Грција и зошто таа војна се водеше? Спрема класифицираните документи од тие времиња, а јас ги имам на стотини, Британците заедно со Американците знаеа точно што се случува во Егејска Македонија и кој војува со кого. Зошто воопшто  војната ја викаат како грчка граѓанска војна? Само за да ја заташкаат вистината ?!

И покрај тоа што Македонците беа, пропорционално, поголемиот фактор во војната, не беа никогаш спомнати. Зошто ? За да се заташкаат злосторствата извршени врз македонскиот народ ? Да го сокријат, од светската јавост, извршениот геноцид  во нивно присуство ?

{"Што заправо македонскиот народ во Македонија, окупирана од Грција, памети за грчката граѓанска војна и како сето тоа го толкуваат? Со многу од нив сум зборувал. Ми велеа дека добро се   сеќаваат што правеле во настаните кои се случувале околу нив. Тоа беа тешки мигови, кои ќе ги паметат до крајот на нивните животи. Човековиот живот немаше голема вредност во тие времиња. Никој не се грижеше за ништо друго, освен да преживее, некако, од ден до ден. Како некој огромен бран да ги погодил и ги однел негде со себе, во морските далечини. Во нивната борба за живот, ги слушале гласовите  што доваѓале одозгора и правеле што мислеле дека им заповедуваат да прават ! Ги паметат тие времиња како ера на брутална пропаганда со деструктивни цели, барајќи се' повеќе од нивната крв.... После завршетокот на крвавата војна, преживувале страшни мори и стравови од насилствата на грчката држава, во вид на освета, небарајќи место каде се навоѓале; во Грција или во некоја туѓа странска земја во кои побарале засолниште. Стравот од грчките агенти кои биле на секаде по светот ги држел во неприроден молк да не зборуваат јавно за страшните злосторства што ги преживувале за времето на војната во Грција. Да не зборуваат за геноцидот што го преживееле, за заборавениот геноцид, за нерегистрираниот геноцид во меѓународните институции и меѓународната заедница во општо, за слободниот геноцид извршен над нив, над македонскиот народ од Егејска Македонија. Да не зборуваат за извршителите на злосторствата под заштита на грчката држава, Британија, Америка и....."}  (Стојан Кочов ).

7. Така наречената грчка граѓанска војна беше контролирана војна, концентрирана на територијата на Егејска Македонија и на подрачјата каде Македонците беа во мнозинство. Била контролирана од Грците, Британците и Американците.

Не би било претерано ако би се рекло дека од 25,000 борци мобилизирани во редовите на ДАГ ( Демократска армија на Грција ), 50% беа Македонци,  од кои повеќето биле насилно мобилизирани.

Тоа значи 50%  од населението на Грција од 6 милијуни  и македонското население од 300.000 Македонци другите 50%. Па така му излегува дека грчкото население учествуваше во оваа војна со  0,21% , а македонското население со над 4.17%. Или со други зборови, до крајот на граѓанската војна Грците учествувале со 18 - 20 илјади борци, а Македонците со над 15 - 20 илјади. Грчкиот режим во оваа војна учествуваше со над 300.000 војници од сите родови во грчката армија, вооружени со најсовремено оружје од тоа време.

Да не заборавиме исто така дека на 01 март 1947 година Претседателот на САД  Хари Труман ја објави  одлуката позната како "Труманова Доктрина " за ангажирање на САД во Грција. Па така, врз таа негова Одлука, на Грција и' беше одобрен кредит и најмодерно оружје за грчката армија.  Покрај тоа, Вансовата флота на американскиот генерал за против-герилско војување на  Грција и' беше ставена на располагање. ( Тодор Чепреганов, 1977 стр.178).

"....Одма после прокламирањето на "Трумановата Доктрина", во Грција беа воспоставени информативни сервиси на ФБИ и ОСС агенти. Исто така, во Грција беше испратена и посебна војна мисија. На барање од владата на Грција, претставници на САД почнаа да доваѓаат во Грција со цел да и' помогнат во воспоставување и зацврстување на нејзиниот суверенитет како нација. Тие беа таму не наоружани  и со намера да помогнат во расподелбата на стигнатите воени материјали и да ги подучуваат надлежните органи во  нивното користење.  Меѓутоа, одма после пристигнувањето во Грција, овие инструктори ја презедоа одговорноста во сите сегменти на армијата, морнарицата и воздухополството, како и над организацијата и раководењето со воените операции, предвидени за борба со побунетите ...."

Спрема бројот на македонските  борци во редовите на ДАГ и на ГКП (демократската армија на Грција и комунистичката партија на Грција ), недостигот и слабиот квалитет на раководниот кадар, организациската тактика, бројот на владините сили те локацијата на која се водеше војната, се' уште некој мисли дека граѓанската војна во Грција беше таква каква е прикажана како војна на Грци со Грци ?

Исто така, спрема бројот на Македонците вклучени во војната, немислите ли дека македонските борци заслужуваа свои воени лидери ? Зошто на Македонците не им беше дозволено да ги водат своите борци во битките и на политичкото поле ? Зошто секој покрет на овој конфликт беше стриктно воден од Грците на обете страни и под  Британска и Американска  контрола исто така на двете страни? Зошто на Македонците не им беше дозволено слободно да се борат за нивните национални интереси? Зошто требаја да бидат строго контролирани од Грците на сите страни ? Целиот раководен кадар и на ДАГ и на КПГ беше грчки. Сите одлуки во воените операции беа донесувани од Грците во ДАГ и КПГ и потоа водени од Грци. Грците одлучуваа за составот на борбените единици и кои единици каде да бидат стационирани. Грчките лидери одлучуваа колку Македонци би можеле да носат оружје; кој и колку би можеле да влезат во редовите на ДАГ и т.н.т. Со други зборови, грчките лидери ги контролираа воените операции со држење на  Македонските борци под стална контрола. Зошто ?

Па затоа, што оваа војна беше "контролирана војна" и специјално дизајнирана Македонците да изгубат и да бидат протерани надвор од нивните домови и  од нивната татковина Македонија, нарочито.

Уште нешто...

"Познато е многу добро дека во 1947 година ДАГ не ги разреши проблемите во снабдевавањето со воен материјал, но и со вооружувањето на своите борци со потребни оружја и муниција. Исто така останува да се разјасни зошто Захаријадис му даде наредба на генералот Маркос да го зголеми бројот на борците во ДАГ до 60,000. а пак Јоанидис на Маркос оружје само за 4500 борци. Исто така е добро познато дека Маркос во 1947 година одби илјадници  македонски доброволци кои се пријавија да се борат во редовите на ДАГ."

(Погледај: "Стратегијата на ДАГ проблеми со раководните тактики," Г. Малтезос Џумеркиотис, стр. 354.)

Се поставува прашањето: "Ако ова не беше контролирана војна, тогаш зошто Генерал Маркос спроведе нелегална мобилизација само во Македонија, мобилизирајќи млади и стари  и на тој начин правејќи пустош во македонското население ?"

8. Говорејќи за грчките лидери, ајде да видиме кои беа највисоките грчки лидери кои ги водеа Македонците и грчките партизани. Кои беа највисоките лидери кои ја водеа Комунистичката партија на Грција и Демократската армија на Грција ?

Двата највисоки лидери беа Никос Захаријадис кого го споменавме и порано и Генерал Маркос Вафиадис. Тие беа лидери на политичкото и военото крило на едната страна во граѓанската војна на Грција. Двајцата беа колонисти од Мала Азија и населени во Македонија во 1920 те.

НИКОС ЗАХАРИАДИС бил роден на 27 април 1903 во Едирне, Источна Тракија. Татко му бил вработен како чиновник во "Разим", француска тутунска компанија во Константинопол, денешен Истанбул. Од 1911 до 1912 Никос Захаријадис живеел и бил ученик во училиштето во "Ибин Паико", населба во Скопје, каде неговиот татко бил претставник на компанијата "Разим". Во 1913 година се преселува во Солун. Од 1922 - 1923 бил вработен како морепловец, работа која го довела до Советскиот Сојуз каде постанува член на Комунистичката Партија на СССР. Во 1924 со размената на населенијата помеѓу Турција и Грција, Захариадисовото семејство се преселило во Грција. Во истата та година го посетил Комунистичкиот универзитет на Источно европските народи во КUTVE  или КУИЕН во Москва. Никос Захариадис бил лидер на грчкото комунистичко движење и генерални секретар на КПГ ( Комунистичката партија на Грција ) od 1936 - 1956. Захариадис ја водел Партијата како секта и имал потполна доверба во Сталин и неговата Комунистичка Партија, за која сметал дека е безгрешна. Захариадис извршил самоубиство во 1973 година, за време издржување на затворската казна во Сургун, Сибир.

ГЕНЕРАЛ МАРКОС ВАФИАДИС бил роден во селото Тоси близу Анкара во Мала Азија и бил сместен како колонист во Егејска македонија во 1922. Бил човек кој ние повеќе пати го сретнуваме низ нашата историја и кој и сам незнам  зошто го сметаме  како една врста "голема легенда". кога е добро познат по неговата изјава во магазинот "Епикера" за нас Македонците, кога се вратил во Атина. Маркос, најдобро што може да се каже,  беше обичен човек. Тој не беше Генерал а најмалку голем Генерал кој водел армија со 50% Македонци во нејзините редови. Маркос исто така не е ниту Грк... тој беше се' друго, како и Захариадис, само не Грк.

После завршетокот на граѓанската војна, Маркос се вратил во Грција и бил пречекан на атинскиот аеродром со добродошлица од новинарите. Бил поздравен како шеф на Генерал Штабот на вооружените сили на Грција кои се бореле во граѓанската војна. Тогаш, некој новинар на неделникот "Епикера" го прашал за "страдањата", дали се исплатило сето тоа. Маркос, да би ставил уште повеќе сол на  нашите рани,  одговорил: "Задоволство беше што Славо-Македонците беа истерани надвор од северниот дел на Грција и дека Македонија сепак остана грчка." (Погледнете ја "Нова Македонија" од 25 февруари 1992 година).

Така рече Маркос Вафиадис, главниот виновник кои го водеше ДАГ за време граѓанската војна во Грција и кој придонесе  кон катастрофата во која многу невини луѓе ги изгубија своите животи. Маркос беше колонист од Мала Азија доведен во Егејска Македонија. Неговата улога во војната беше да ја предводи Демократската армија на Грција - ДАГ, во својство на Генерал и како што и самиот рече, "војувал за да ја заштити Грција со истерувањето на Македонците надвор од нивната татковина"...

Таква беше нашата судбина како би турските христијански доселеници добиле повеќе од нашата земја, а пак Грција да живее славно верувајќи дека Егејска Македонија е населена со "чисти Грци  и Грци по гени".....И покрај тоа што никој од нив не е Грк.....Но тоа сепак за Грците не е важно.

Тоа што е за Грците важно е фактот да има помалку Македонци  денес  во Грција !!

"И ете како тој колонистички пес беше подготвен да го реши македонското национално прашање, а пак ние, македонската армија му дозволивме да не води во нашата смрт."

( Стојан Кочов партизан, под водството на Маркос ).

 

Продолжува

 

 

 

 

 

 

 

 

ОД УБАВОТО МАРИОВО

Александар и Букефалд

ПОСЛЕДНИТЕ ВОЗДИШКИ НА СУБСАХАРЦИТЕ

Балканот е се' уште заложник на мракот од минатото. Голем дел од неговите државни ентитети живеат под страв од македонското постоење и македонското воздигнување. Впрочем, така и ги поминаа вековите наназад. Опседнати од македонизмот, настојуваа трајно да го избришат македонскиот дух, не само од пишаните хартии, туку и од душите и умот на секој оној кој се чувствува Македонец. Дека не успеаа во злобните намери е евидентно, но тоа и што натаму продолжуваат тенденциозно да го градат својот хистеричен и шизофреничен однос спрема Македонија и Македонците е предмет на длабока психолошко-трауматолошка анализа. Доказите за постоењето на македонштината во нас и нашите претци растат секој ден. Несоборливи се наодите кои вистинските патриоти му ги презентираат на светот.

ПАЃА МОЌТА НА ГРЧКАТА ДРЖАВА, СЕ КИНЕ ПРЕВЕЗОТ СТАВЕН ВРЗ ЛАЖНОТО ЛИЦЕ НА АТИНА

Се' сторија, се' направија, само за да му покажат на светот некакви квази докази и фалсификати дека на Балканот нема повеќе Македонци. Во ниту еден дел од светската историја, не постој досега запис дека цел еден народ изумрел и го снемало од земјените простори.

Првите археолошки истражувања во егејскиот дел на Македонија од страна на Грција беа направени пред триесетина години. Дотогаш местата само ги евидентираа. Грчките археолози кога го  пронајдоа сонцето во Филиповата гробница напишаа дека станува збор за стара и типична македонска култура, високоразвиена и афтохтона. Потоа, Грците почнаа да ги извитоперуваат наодите. Дека Грција нема факти во обидот да ја обезличи македонската древност, говорат и стотиците други археолошки наоѓалишта на целата територија на етничка Македонија. Во сите од нив има белези и автентични остатоци од античко време. Тоа се населби и градови што ги подигнувале луѓето и војниците на Алексанндар Македонски.

А, дека не сме само ние Македонците тие што зборуваме кои сме, што сме и од каде сме, говорат и следниве изјави, размислувања и ставови искажани токму од Грци. Голем дел од нив уште во древното минато знаеле и зборувале за различноста меѓу Македонците и Грците во секоја смисла на зборот ( етничка, јазична, културолошка, традиционална и сл.) Но, има дел и од денешните Грци кои размислуваат поинаку од крутите шовинистички политички структури во Атина. Тие ги повикуваат конзервативните струи да го прифатат постоењето на македонската нација на македонската територија која по ништо не е грчка, туку автентично македонска.

"Мора да сфатиме дека Македонци постојат и надвор од Грција. Грчките Македонци ќе сфатат дека кон крајот на 19 век се оформи нова нација, нов етникум во земјата позната како Македонија, а тој едноставно не е грчки етникум. Верувам дека Македонците без никаков друг атрибут со тек на времето ќе бидат сфатени, но грчките Македонци кои сметаат дека се Грци треба да сторат напор, како и меѓународните фактори. Мислам дека многу други наоди и многу малцинства треба да формираат сојуз и да ги научат Грците што значи да се биде малцинство и колкаво богатство е соживотот со малцинствата."

 

Григорис Валијанатос, поранешен советник

на лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу.

 

"Хелените се перчат пред Македонците како полубогови среде диви sверови"

Плутарх, грчки историчар и филозоф.

 

"Тие љубеле да се нарекуваат Македонци, што и всушност и биле".

Павсаниј, древен грчки писател.

 

Проф. Ангелина Маркус

Проф.,  АНГЕЛИНА МАРКУС

 

НАУКАТА И МАКЕДОНСКИТЕ ДРЕВНИ ШКОЛИ

 

Нема да тргнеме од славните имиња на Македонците кои тргнале во описменување на православниот свет пред илјада години. Тгнале и го оставиле Кирилското писмо од Охрид до Сибир и од Балтикот до Јапонија.

На тие непрегледни простори, на една петина од земјината топка милиони луѓе се служат со македонското писмо. Цели тајфи на репрезентативни луѓе ја шират просветата. Македонците ништо не прават сами. До нив се браќата, близнаците, роднините, народот, фалангата. Ако еден изостане другите продолжуваат и го оживуваат вечното наследство. Така е од предисторијата. Човек до човек, се' пославни еден од друг, прави космополити.

Во Неолитит, во печатите од Говрлево и писмото во Осинчани, Васил Иљов и Вангел Божиновски ги препознаа и ги прочитаа македонските букви и зборови стари 6 илјади години. На еден печат со еден збор "Sирнал", се откриваат многу податоци. Во тоа време во Македонија имало држава, трговија, царина и оверена контрола со печат за движење преку граница. Во другиот печат ја прочитале следната содржина:

"И целиот ум и' го зеде учителот". Заклучокот е дека пред 6000 години во Македонија имало писмо, школи, ученици, учители, кога никаде во светот немало образование на генерациите. Свештениците, кралевите, учителите, филозофите, апостолите, Кириловите ученици отсекогаш го одржувале просветниот систем за систематско изучување на знаења од сите области и посебно учењата од филозофијата и медицината. Сите македонски кралеви и цареви во својата држава организирале филозофски школи, медицински, воени школи и тренинзи во спортовите за настапи на Олимписките натпревари. Таква организација постоела во секој македонски град по светот во градовите по име Александрии, Филипи, Антиохи, Хераклиди. Тие градови и по две и три илјади години ги носат истите македонски имиња, истите градби истите царски симболи и украси.

Искандер, Кабул, Кандахар и Аполонија, Пела, Теба. Таму се ширела филозофијата, медицината, писмото, драмите, уметноста со големо влијание. Така, на пример, низ цела Европа во замоци, собранија, театри се вградени македонски сонца и штитови, но најчесто македонскиот цвет и палмета. Науките со македонскиот ум најдобро се прифатени.

Во IV в. пред Хр. кога филозофијата и медицината биле на највисоко ниво, да наброиме некои од тогашните филозофски школи:

- ПИТАГОРЕЈСКА ШКОЛА од островот Сам заврши на Сицилија,

- МИЛЕТСКА ШКОЛА во Јонското крајбрежје и островите,

- ЕЛЕЈСКА ШКОЛА Ксенафон, Парменид, Зенон завршиле како Питагорејците на Сицилија и Емпедокле на Етна,

- ХЕРАКЛИТ, ДЕМОКРИТ, АНАКСАГОРА ОД ЕФЕС, АБДЕРА И АКРАГАНТ и ако без школи за своето учење делувале со своите системи врз сите други филозофски школи,

- СТОИЧКА ШКОЛА продолжува и во Рим,

- ЕПИКУРЕЈСКАТА ШКОЛА  под влијание на Демокрит во Рим ја развива Лукрецие Кар,

- СОФИСТИТЕ делувале насекаде.

Сократовата дијалошка етичка метода врши влијание на Еврипид и Ескил за драмското творештво. Сократ и Фидие се убиени во Атина и како пследни жртви го означуваат падот на културната компилација во град - државичката.

ПЛАТОН се крие зад делата на Сократ и Софистите.

АРИСТОТЕЛОВИОТ ЛИЦИУМ организиран како филозофска и воена школа низ македонските градови претставува врвен дострел во образованието. Тоа е најголемата институција во огледна форма што извршила влијание врз светскиот образовен систем.

Гимназионат во почетокот создаден за школување на една генерација врсници, поточно за кралските другари на Александар, прераснува во школа за кадри потребни за целата држава, од сите профили. И пред Аристотел моделот за подготвување на борците од разни племиња е сличен во описот што го дал Хомер. Кралот раководи со светилиштето, со боините и со народот. Него го подготвува тим од учители за да стане водач на еднакво школувани аристократски синови, што и' припаѓаат на традицијата на совршенството во Македонија.

Аристотел имал среќа да се роди во богато аристократско семејство што било во служба на македонските кралеви. Со генерации Аристотеловите претци: прадедо му, дедо му и татко му биле царски лекари. И самиот Аристотел се родил, живеел и работел богато обезбеден за истражувачките потфати од самиот цар Филип II, а подоцна и од Александар. Царските лекари имаат долга традиција во македонските престолнини од Пердика па до Клеопатра VII и Јустинијан.

Царскиот лекар во Македонија бил енциклопедист. Целокупното научно сознание му било на показ. Тоа било предуслов Александар да биде тоа што беше и Аристотел да ја моделира целокупната научна мисла за иднината преку Александрија. Царските архитекти ја изградија Александрија, а царските филозофи и' дадоа душа за да се сместат Аристотеловите дела и методи за одржување на македонското мисловно научно богатство.

Аристотел, роден во времето на владеењето на Аминта, кога татко му Никола бил царски лекар во Пела, растел заедно со Филип II и како негов врсник може да се смета за кралски другар. Олинт, градот на мајка му и Стагира, градот на татко му биле доста несигурни, често ограбувани од атинските морнари-пирати. Идниот научен гениј не можел да се школува таму, сам, кога родителите му живееле во царските дворови. Тоа значи, дека и Аристотел имал царски другари како Ахил или царските другари на Александар, на кој учител им бил Аристотел.

Школувањето на Аристотел било по богатите царски библиотеки низ Македонија и знаењата од природата и медицината од таткото му, пренесувани од најрана возраст од колено на колено. Во негово време филозофите имале царско потекло. Хераклит, Демокрит, Емпедокле, Питагора, Хипокрит и многу други на монетите и статуите ги гледаме со царска лента преку глава како кај Филип II и другите цареви до Персеј и боговите: Аполон, Асклепие, Артемида, Орфеј, Херакле. Тоа ни зборува дека Аристотел бил во друштво не само со царевите и филозофите туку и со боговите што многу значеле за Македонија.

Првото запознавање со филозофијата и природните науки не му биле прегледни. Формирал тим од 40 ученици и почнал систематизација на науките, таткото на сите науки. Во сите учебници, уште на првата страница, оддадено му е заслуженото признание дека ја формирал историјата, логиката, филозофијата, етиката, естетиката, физиката, биологијата, метеорологијата итнт. Во тоа имал голема подршка не само од Аминта туку и од Александар II, Пердика III, Филип II, и особено од Александар III. Сите македонски владатели за време на неговиот живот, во секој град, граделе библиотеки и школи, лаборатории, паркови за непречено одвивање на научните истражувања, препишување и распростирање на научните дела. Македонците не работаат сами. Им помагаат семејствата, другарите, учениците и од почитта кон царевите и боговите - тие го почнале првото подучување на народот.

Аристотел бил одличен организатор. Другари му биле генералите на Филип. Војска од ученици го средувала научниот материјал под негово раководство. Научната систематизација повлекла и синтеза. Да се види кое со што е сродно, што му предходи на тоа што е на повисоко ниво и се' да го пронајде своето место и во природата и во општеството. На прво место ја става логиката како наука за мислењето и методологијата.

ОРГАНОН - системот на сите природни науки под заедничко име: природа или физика, ги подредува според заедничките закони. Интересен податок е дека и математиката ја определува како природна наука, бројките ги изразувале предметите.

Медицината спаѓа во списите Физика. На Фармацијата и' посветил големо внимание да го оправда Асклепиевиот знак со змијата што Македонците им го дале на сите аптеки во светот. Аристотел го задолжил Теофраст својот ученик и наследник на Аристотеловата школа да собере се' што е познато во фармацијата во посебни списи, се' за билките, рецептите, лековите. Благодарение на тоа  Аристотеловите дела долго биле учебници во Александрија. На тие дела неколку стотини години се школувале сите лекари во Римската империја, се правеле прирачници за лекување во арапскиот свет и во оригинал ги сочувале Аристотеловите дела. Тие се користеле и за Библијата и за Коранот. Се прошириле и до Рим и до Шпанија, преку ренесансата ни се вратиле нам, денеска, пак да ги проучуваме како да се сега пишувани. Општочовечките вредности во тие дела секогаш се интересни за било кое подрачје од пишуваното. Стилот, дијалошката форма збиената мисловност ја дава македонската карактеристика на пишување и тогаш и сега. Во иста форма се и драмските текстови и сегашните комјутерски текстови. Коинциденција на компјутерскиот јазик и Аристотелската логика ги затекна експертите во незнаење за Македонија и нејзините древни школи што постојано се актуелизираат.

АРИСТОТЕЛ пред се' е филозоф. Ги собрал, ги подредил и ги објаснил сите филозофии во еден систем по сродност на темите. Едните имаат космолошка проблематика, другите антрополошка. Аристотел се надоврзал на постоечкото и создал потполн систем објаснувајќи ги законите во светот како целина, во природата, општеството,  човекот и мислењето.

Аристотеловата школа може да се смета како прототип на сите видови школи низ Македонија, вклучувајќи ги школите од Неолитот. Првата куќа што ја изградил човекот и допрела до нас, ни ги претставува космичките закони вградени во неа како знаење на неолитскиот човек. Тој принцип на градење присутен е до денес низ Македонија. Се почитува јужната сончева страна како олтарите во црквите и староградските куќи. Во куќите и палатите каде што живееле и живеат македонските семејства е исто.

Во Македонија како што живееле семејствата на боговите, семејствата на музите, семејствата на Асклепио, Аристотел и Хипократ, семејствата на царевите и семејствата на народот, така живееле тајфите, учениците по школите и борците во фалангата. Тоа е македонскиот народ, што со таков начин на живеење, ја презема духовноста низ генерации, ја негува и ја пренесува од колено на колено, од дедо на внук, од древни времиња до сега и во иднина. Еј, Македонецу жив и здрав, те препознаваме по земјата до sвездите. Никој ништо не ти може. И кога си сам со тебе се сите.

Древната филозофија и древната медицина во основа ја имаат космичката традиција. Мораме да ја покажеме и сличноста на Аристотел и. Хипократ и принципите, стилот и методот на нивните две школи. Нивната научна поставеност е како царски школи, во истите градови и со истите македонски луѓе. Не е воопшто случајно што Хипократ тргнува во медицината од филозофските толкувања на четирите елементи како и Аристотел. Истите луѓе им биле соработници и пријатели.

Филозофите до Аристотел, како основно битие, суштина на светот, ги земаат четирите елементи : земјата, водата, воздухот и оганот. Од нив ги изведуваат постоењето и структурата на светот како материјализам. На пример Демокрит вели дека светот е материја и простор. Просторот е само услов за постоење и движење на атомот. Атомот е во структура и на космосот и на човекот и на душата. Атомот на душата со најпрефинета форма е неуништив како секоја материја во основата на целокупната разновидност на светот. За Хераклит, оган е вечен принцип на промени на се' постоечко.

За Протагора и другите софисти "човекот е мера за се'".

За Сократ моралните вредности на човекот се најважни. Аристотел ги евидентирал различните филозофски толкувања за светот и човекот и ништо не отфрлил од предходниците освен идеализмот на Платон. Аристотел се надоврзал на толкувањето за четирите елементи во претходната филозофија и додаде петти елемент нарекувајќи го етер. Етерот овозможува динамика, движење на се' постоечко. Движењето како усовршување, како развој во се' посложна форма на козмичката материја до живата природа и во тоа ги согледува единството на духовното и материјалното. Го согледува човекот што се раѓа, живее и мисли.

Филозофскиот систем на Аристотел е целосен, комплетен, како што е и македонската држава, изразена преку неговата филозофија. Не постотј проблем, на кој што Аристотел му пришол, а да него претворил во тема и не му дал задоволувачко решение. Систематизацијата му овозможила синтеза. Големиот систем во Аристотеловата филозофија е услов за огромниот општествен напредок на македонската држава со сите  функции, во било која сфера на живеење.

Вака изгледа тој систем:

ОНТОЛОГИЈА - битие, суштина постоење на материјата.

ГНОСОЛОГИЈА - рационално спознавање, логика, душа.

ДВИЖЕЊЕ - материјата се усовршува од ентелехија до форма.

АНТРОПОЛОГИЈА - човекот, материјално, физиолошко и мисловно битие.

СОЦИОЛОГИЈА - општество уредено со закон, држава власт.

ПОЛИТИКА - човекот како општествено битие.

ЕТИЧКИ И ЕСТЕТСКИ НОРМИ - како теоретско научни и практични дострели на уметноста и моралот на луѓето.

Од една страна, давајќи одговор на сите филозофски проблеми во систем, Аристотел одговорил на потребата на филозофијата да се смета за мајка на науките. Од друга страна, со класифицирање на науките го осамостоил нивниот натамошен опстанок. Сите науки се поврзани и обусловени меѓу себе и филозофијата како општото и посебното, така и теоретското и практичното. Аристотел го подигна превезот на мистериите и направи науката на посветените да биде достапна за сите. Аристотел како царски другар, како царски филозоф, како царски лекар кулминира со филозофскиот систем и со диференцирање на науките. Со тоа овозможи развој на науките и медицината со иста таква поделба и гранки какви што се во современиот свет. Аристотеловото учење за филозофијата како најопшт закон за природата, општеството, човекот и мислењето ни го потврдува единството на светот во целина, низ кое се потврдува македонското битие. Тоа е филозофија врз која е граден системот на македонската држава со сите функции за да тргне во поход на обединување на целиот свет за слободно и среќно живеење на човештвото. Логото е наука и медицина. Науката открива, осознава, а медицината поправа, лекува.

Логиката не е само наука за вистинитото мислење. Таа е прва наука на Аристотел, орган  за мислење. Тоа е зборот "Логос" со значење закон, збор, поим, оган, наука. Логија е завршен слог на сите науки. Зоологија, Психологија, Биологија, Космологија, Антропологија, Етнологија, Театрологија, физиологија, Фармакологија; сите науки што го добиле името од Аристотел се споменуваат во македонскиот славен IV в. пред Христа, век на врвни постигнувања на сите подрачја во науките и општественото живеење. Логиката.

Аристотеловата филозофија во потполност соодветствува на македонското општество. Аристотеловата наука ни ја покажува иманентноста како поврзаност на разноврстниот свет. Тоа е појмовно и терминолошко чистење. Тоа е умот што го обогати македонскиот дух. Од филозофијата навлезе во библиотеките, во сите Александрии што Македонци ги изградија по светот. Оттаму Аристотел го сретнуваме како извор во Христијанството и Исламот.  Во целиот среден век се препрочитува во манастирите низ Европа и ги крши копјата со Еретизмот и Инквизицијата за конечно да блесне во Ренесансата и Романтизмот, подеднакво воодушевувајќи ги древните луѓе и народи. Низ сите тие милениуми Медицината и фармацијата се верен придружник на филозофијата и науката. Медицината научно напредува но се' уште ги применува принципите во лековите и лекувањето што им било познато на древните Македонци.

 

 

НИКОЛА БАДЕВ И НЕГОВАТА ПЕСНА

Kind regards / 10 декември 2016

Sotir Grozdanovski br. 41