САМО МАКЕДОНЦИТЕ СЕ' И ЌЕ БИДАТ ВЕЧНИ
ДЕЛ 14 ОД АНАЛИЗИТЕ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ....

11 ДЕКЕМВРИ 2016 - ДЕН ЗА КОНЕЧНА ОДЛУКА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Шеќеринска и Заев ги бојадисуваат државните згради, барајќи "Слобода" и "Правда"

 К  онечно, по се' изгледа,  ќе имаме фер и праведни предвремени парламентарни избори, а со тоа и стабилна власт во Македонија. Велам вака, но сепак со некоја вознемиреност во душата, зошто има уште време  некој од борачите за власт да се предомисли, па да побегне  од  страв за да не "победи", како впрочем и многу пати пред тоа. Но нема друго чаре, туку да се стрпиме и да го пречекаме 11 декември 2016 со раширени раце и надеж, дека се' ќе се заврши на општо задоволство на победниците, а на  губитниците, за жал, им посакуваме поарна среќа во некоја друга  прилика и во некоја друга иднина.

Предизборните кампањи веќе започнаа и сите на македонските граѓани им ветуваат убав живот, вработување, слобода, правда, големи плати и пензии ... Но некои, како се гледа од нивните досегашни рекорди, несметано уривање на институциите на власта, плукање по минатото и неговите симболи, фрлање  кал од сите страни и по секого, како дел од "европските културни вредности и цивилизациски норми",   идентификување на македонската држава  како "ќенеф" и тоа не од било кој, туку од делот на универзитетската "елита" која си ја заборави својата света должност и ја прифати улогата на терористите и уличните хулигани, па  потоа влез во НАТО и ЕУ и за сето тоа  око да не им трепне од згрозувањето на народот. Згрозување на народот од кои очекуваат доверба за да го водат во нови "победи", до обезличување.

 

САКАМЕ ЛИ ОВИЕ НЕДОВЕТНИ ЧУДОВИШТА ДА НИ ЈА ВАЛКААТ МАКЕДОНИЈА?

САКАМЕ ЛИ ВАКВИ "УМЕТНИЧКИ ДЕЛА" KAKO ПОДАРОК ОД "ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА" НА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ? НИ НА СОН!

БЕЗ КОМЕНТАР!

Во горе наведеното му дозволувам на секого да се пронајде самиот себе си спрема своите заслуги за својот народ соодветно на  должностите кои ги заземал во било која форма и на било кое работно место, во македонската држава. 

Бидејќи главниот натпревар за државното кормило се води помеѓу двајцата ривали Зоран Заев, лидер на СДСМ и Никола Груевски, лидер на владејачката ВМРО - ДПМНЕ, овој пат ќе му посветиме внимание на нивните изјави и ветувања. Каква ја замислуваат Македонија да постани за време на нивните владеења, откако ќе ја преземат власта под своја контрола.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се најмасовни политички партии во Република Македонија. Тие се најодговорни за стабилноста на државата, нејзината безбедност и судбината на македонските граѓани. Од нивните внатрешни и надворешни политики зависи достоинството на народот и  неговото понатамошно историско опстојување, заедно со  националниот идентитет, негуван со столетија на истиот простор, како и денес.

Но, интересите на соседните новостворени држави од поранешните балкански делови на Отоманската Империја таа состојба сакаат да ја променат и македонскиот народ да нестане, заедно со неговото библиско име Македонци. Што понатака и како да ги преживееме и овие премрежиња, заедно со обновените стари закани? Се поставува најважното прашање !

Од досегашните искуства со СДСМ и нивните лидери, можеме да очекуваме само  разочарувања и потези на самоуништување или напросто предавства за лични интереси. 

ВМРО-ДПМНЕ, барем досега, се покажа доследен на  желбите на македонскиот народ за самостојност и чување на историските наследства. Ги издржа силните притисоци  на Грција за промена на името и идентитетот, потоа  на Европа па и на Америка. Издржа повеќе албански терористички акции за отцепување на македонски територии и една отворена војна во 2001 година, организирана од надвор и со подршка на пријатели со непријателски намери.

Ја подигна Македонија на повисоко рамниште од она кое СДСМ го остави: - Опустошена со криминалната приватизација, а народот без работа оставен сам да се снаоѓа во дивиот капитализам, кои руши се' пред себе за профит. Последиците се' уште се чувствуваат, зошто изгубеното тешко се надоместува.

Во досегашните предизборни говори се чувствува напнатост, недоверба, препукувања меѓу себе и окривувања за криминал, неспособност и предавства на македонските национални иинереси. Вистината е некаде на средина, зошто никој политичар сам не се окривува. Затоа постоат институции, кои треба да си ја вршат својата работа. Без тоа нема солидно  и правно уредена држава. Нема ни демократија и ако во демократијата се корените на криминалот и корупцијата.

Да го поткрепиме веќе реченото, ќе се послужиме со текстовите на некои наши новинари од "Нова Македонија", сметајќи дека ќе можат да ни бидат корисни во овие предизборни денови кога одлучуваме на кого ќе му го дадеме нашиот глас, заедно со нашата судбина и судбината на нашата, македонска држава. 

Па да тргнеме прво со мудрите изјави на Зоран Заев и неговите Божиќни ветувања и богати подароци.

 

Сотир Гроздановски

 

 

 

 

ВАЖНИ НАСТАНИ

Кога ќе доидеме на власт, Живи луѓе ќе јадиме!
Зоран Заев

 

 

Заев: ГРУЕВСКИ ТЕ ВИКАМ НА ДУЕЛ

 

 Н ие имаме план за животот во Македонија, план со кој ќе живеат сите граѓани. Ова е буквар по кој ќе работи Владата по 11 декември за да го врати животот на сите во нашата мала, Република Македонија. Одговорот од овој плоштад во Прилеп, да се слее во гласачките кутии на 11 декември - ова, меѓу другото го рече на неодемнешниот митинг во Прилеп, Заев директно му се обрати на  Никола Груевски, барајќи дуел со него.

-Го започнуваме нашиот митинг во револуционерен град. Во Прилеп. Победуваме! Никола Груевски те повикувам на дуел. Да прифатиш дуел за да те прашам за тоа што не беше чесно да го објавам со "Вистината за Македонија". 

Да те прашам, а не да се криеш. Десет години владееш, како не ти е срам да бегаш од дуел. Зборуваш за демократија и транспарентност. Прифати дуел за да можеш да ме прашаш, а ама и јас и народот да те прашаме. Нема да прифати Груевски, ќе продолжи да бега но тоа нема да не спречи. Сите здружени сплотени ќе го запреме. Ќе го запреме режимот!- порача Заев пред прилепчани.

На митингот во Прилеп Зоран Заев потенцираше пет клучни прашања:

- Платите ќе се зголемат; просечната ќе изнесува 500 евра. Ќе се зголемат субвенциите за тутунот. Шеесет денари ќе има за третата класа, 70 за втората и 80 за првата. Ќе го стимулираме квалитетот за да се живее. Домашните фирми со 140,ооо.ооо евра ќе ги стимулираме за отворање на нови работни места. Сакаме да се врати достоинството. На секој граѓанин ќе му вратиме по 15% од ДДВ назад и ќе има правда. Секој  кој крадел ќе одговара. Законот ќе важи еднакво за сите, за враќање на животот во Македонија - посочи Заев.

На прилепчани им се обратија и кандидатите за пратеници во 4 изборна единица Хари Локвенец и Кети Смилеска кои рекоа дека Прилеп ќе порача: Доста е! Тие побараа да гласаат за живот во Македонија. Воедно на митингот беа промовирани носителите на изборните листи во шест изборни единици.

Ка.М.

 

Позајмено од "Нова Македонија"

22 ноември 2016

ТЕ МОЛАМ ЗОРАНЕ НЕ НЕ ФАРБАЈ!

Ураа! Му ја плакавме мајката на Собранието!

 

ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ "ПОТКУП" ПРОТИВ ЗОРАН ЗАЕВ

 

О дложено е рочиштето за случајот "Поткуп" кое беше најавено за денеска, според официјални извори од судот во Скопје.

Според информациите, претставничката на адвокатот Филип Медарски, кој го претставува Зоран Заев, се појавила во судот за да извести дека адвокатот има здравствени проблеми. Додека другиот адвокат Ване Андреевски го информирал обвинетиот дека не бил во можност да пристигне.

По одложувањето, утврдени се два нови термини за рочиште и тоа на 2 и 20 декември.

Во случајот обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Согласно покренатото обвинение, градоначалникот на општината Струмица од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев барал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, кое бизнисменот Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Лидерот на СДСМ, пак, тврди дека бил свесен дека бизнисменот се обидува да го намести поради што поднесе кривична пријава против него.

Судењето за случајот "Поткуп" почна на 25 јануари годинава, но рочиштата досега повеќепати беа одложувани од различни причини. Предходното рочиште за случајот требаше да се одржи на 22 септември, но се одложи и беше презакажано за денеска бидејќи Заев беше на службено патување во Тирана, Албанија, на седница на Парламентарниот совет на Европската Унија.

 

Преземено од "Нова Македонија"

22 ноември 2016

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ВО ОХРИД ЗА СВОИТЕ ДОСЕГАШНИ ДОСТИГАЊА И ПЛАНОВИТЕ ЗА ИДНИНА

Груевски: СДСМ стана симбол на деструкцијата

Со  обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски завршува вечерашниот митинг во Охрид. Симпатизерите го поздравија Груевски со скандирање, силно ракоплескање, палење на факели. 

 - Несакајќи да се соочи со резултатите, нашиот противник тргна со спроведување на цел, со сценарио на воспоставување на нова држава. Дива населба, бомби, шатори, се' е сценарио на опозицијата која стана симбол на деструкција.

СДСМ ќе се увери дека ќе изгуби кога се потпира на други сили а не на народот. Не може да се наметнуваат решенија спротивни на државните интереси. Нема доверба без реална, остварлива програма. Само граѓаните одлучуваат за иднината, а не некој од страна.

Од СДСМ не слушнавме ни една мерка, додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на проекти и на мерки за подобар живот, за државата да продолжи да напредува и да се развива - рече Груевски.

Најави до крајот на 2020 година намалување на стапките на невработеност од сегашните 24 на 17 %, отворање нови 70,000 работни места, зголемување на платите во јавниот сектор и пензиите за најмалку 10 до 20%, зголемување на социјалната помош за 50%, постепен раст на минималната плата до 14,000 денари, почеток на изградбата на три нови автопатни делници, како и продолжување на постојаните инвестиции во здравството, образованието, културата, спортот.

Како особено важни и уникатни тој ги посочи проектите за рурални развоини зони и рестартирање на капацитетите жртви на транзицијата.

- Секој оној кој ќе отвори каква било градба за бизнис во селата или градовите со население под 10,000 жители, ќе ги има истите и подобри услови отколку во технолошко-индустриските зони, ослободување од персонален данок десет години, ослободување од царини и данок на опрема, ослободување од придонес за 50% за период од десет години. Таква шанса не е дадена во ниту една држава во светот - рече Груевски, најавувајќи слични повластици и за сите субјекти што ќе рестартираат некои од компаниите што пропаднале во транзицијата.

Кандидатите кои се обратија вечерва на плоштадот во Охрид го повикаа народот да излезе на 11 декември и да даде подршка за коалицијата "За подобра Македонија".

- Имаме избор помеѓу подобро и деструктивно. Изборот не е само партиски и политички. Ова е избор за луѓе кои знаат да ја водат државата, да отворат работни места. Затоа да ја потврдиме победата од 2014 година со 200.000 гласови повеќе. 

Државата Македонија се грижи еднакво за сите. Работиме заедно за да одиме напред. ВМРО-ДПМНЕ успеа да отвори работни места и да ја намали невработеноста. Тоа е наша цел и иднината. Довербата на луѓето е скапа. Тоа што го ветуваме е реално. Приоритет е Македонија да биде стабилна за сите граѓани - кажа Антонио Милошоски, кој најави повеќе проекти во повеќе градови.

При обраќањето, кандидатите најавија победа со 63 и повеќе пратеници.

Митинзи и средби со граѓаните за време на кампањата ќе имаат во речиси сите градови. Кампањата ја завршуваат со митинзи во Крушево и во Прилеп.

 

М.Ж.

 

Преземено од "Нова Македонија"

22 ноември 2016

 

НЕКА БИДЕ ПО МЕРКА НА НАРОДОТ!

Коневски: Заев во Швајцарија ги откри крајните мотиви за кризата

Ивица Коневски

ВМРО - ДПМНЕ смета дека лидерот на СДСМ Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија ги открил крајните мотиви на двегодишната криза во која што ја втурна Република Македонија.

Како што истакна на денешната прес-конференција Ивица Коневски, претседател на градскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, неговите две основни цели кој јавно ги обзнани се редефинирање на државата, менување на уставниот поредок и уривање на позициите на Република Македонија во споровите што ги има со соседите, вклучувајќи го и прашањето за името.

- Аболицираниот Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија отворено ја обвини Република Македонија дека кај нас бил проблемот што се обидуваме да си го сочуваме уставното име и националниот идентитет. 

Срамотно и недостојно за политичар кој е лидер на партија. Ја обвини Македонската православна црква дека кај неа е проблемот што е оспорена од Српската православна црква. Ја обвини Македонија дека кај нас е проблемот што не ни се признава јазикот и народот и што нашите малцинства во соседните земји не ги уживаат истите права, рече Коневски.

Пред албанската дијаспора Заев кажа, додаде тој, дека рамката на Охридскиот договор не била доволна, ветувајќи и' на албанската дијаспора дека тој ќе го менува Уставот, ќе го официјализира албанскиот јазик и ќе ја федерализира Македонија.

- На ваквата антидржавна политика и на ваквото пазарење со највисоките национални интереси мора да се стави крај. Мора конечно да се стави крај на кризата и Македонија да тргне напред.

ВМРО - ДПМНЕ и народот на Република Македонија нема да му дозволат на аболицираниот криминалец Зоран Заев да ги оствари своите планови, рече Коневски.

 

"Нова Македонија"

19 ноември, 2016 година

 

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА 

Ристо Стефов

  ДЕЛ 14

01 декември 2016

Пишува : Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

 Г рчките комунисти го презедоа водството во Грција за време на фашистичката окупација од нацистичка Германија, со голема помош на Македонците. Победија во војната и успеа да ги истераат, надвор од Македонија, Германците, Талијаните и Бугарите.

И после сето тоа, човек би очекувал дека македонскиот народ заслужува барем признание и некои основни човекови права. Но тоа не се случи! Македонскиот народ беше замешан уште во една туѓа војна. Во грчката граѓанска војна, која скоро ги истреби од нивната исконска татковина. Оваа војна беше итро замислена. Но сепак, јас би сакал да изнесам неколку мисли за македонскиот народ и што му се случило за времето на втората светска војна, пред да се вратам на грчката граѓанска војна.

Учеството на македонскиот народ во втората светска војна не беше заради "комунистичката идеологија", ниту пак заради сојузништвото или обврските спрема големите сили. Беше едноставно уште една етапа од  борбата за ослободување од долгото робство и остварување на желбите за слобода, обединување и самостојност. Македоскиот придонес во борбата против Фашизмот не е само подцетен , туку и недоволно разбран од историчарите.

Уште еднаш би истакнал, дека македонскиот народ за време на втората светска војна се стави на страната на демократските сили и се бореше заедно со нив против Фашизмот за ослободување на државите во кои тој живееше. Македонскиот народ, како и другите народи на Балканот, се бореше за ослободување на нивните татковини и така им помогна да добијат свое место во светот. Тоа не смее да се игнорира но треба да се признае и да биде забележано во аналите на светската историја.

 

МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНКИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Веста за учеството на македонскиот народ во партизанскиот покрет во егејскиот дел на Македонија под грчка окупација се прошири низ светот како нескротлив оган. Луѓето излегоа надвор од своите домови и почнаа слободно да зборуваат на својот мајчин македонски јазик, да си ги пеат своите македонски народни песни, да пишуваат песни и прози ... Партизаните отворија и македонски училишта и почнаа децата да ги подучуваат да пеат партизански патриотски песни, да рецитираат поеми, ја учат македонската историја, служејќи се со својот локален македонски диалект. Младите генерации за прв пат видоа пишани  зборови на својот сакан свети македонски јазик. Чувството дека се слободни,  Македонците     ги исполни со радост и национална гордост.  Партизаните беа на секаде добродоидени, а особено во нивните села како "наши деца и девоики". 

Ваквата народна еуфорија и радост ги уплаши Грците, нарочито џандарите и шпиуните скриени во македонските редови. За кусо време сите тие постанаа безопасни за македонските луѓе, што се почувствува како некое олеснување од тежкиот товар на плеќите.

На Германците и Талијаните не им беше гајле за македонските работи се' дури немаше проблеми за нив. Македонските интереси за активностите на партизаните  беа големи. Постојано се пријавуваа да им се придружат како доброволци, свесни дека се борат и за нивните права и слобода.

Младински организации се формираа за регрутирање нови борци, да се грижат за своите соселани и во случај на потреби, да ги бранат од несакани гости. Многу од нив беа регрутирани и тренирани во борбени вештини за граѓанска одбрана и цивилни служби.

Но чим војната заврши, македонскиот народ одново беше излаган. Сталин и Черчил одлучија да ја препуштат Грција под Британска контрола и ако Грција беше во тоа време во рацете на комунистите.

Од како Англија ја воспостави својата контрола над Грција, одма нареди разоружување на партизаните заедно со Македонците како активен дел од нив. Не беше тешко да се свати дека Черчил сакаше Грција да ја оттргне од рацете на комунистите, туку беше тешко да се свати, дека тој сакаше да  се ослободи од  Македонците  во Егејска Македонија.

Би рекол, дека Грција во тие времиња, идеолошки, беше 80% за момунизмот. Групите кои организираа отпор против Германците, Талијаните и Бугарите беа сите комунисти, како и оружаните единици на ЕЛАС ( Грчка армија на отпорот), меѓу кои беа и македонските борци. 

СОГОВОРНИКОТ - Охрабрени од Советскиот Сојуз ...?

РИСТО - Па можеби... Како што споменав и порано, македонскиот народ се бореше за да се ослободи ... верувајќи да, ако им помогни на Грците да се ослободат од окупаторите на Грција, ќе биде и за него нешто корисно. Најмалку барем национално признавање. Беше глупо и опасно да им се верува на Грците дека ќе го признаат македонскиот народ како Македонци. Но кога ги видоа волците облечени во овчји кожи погрешно ги сватија дека се овци, но гадно се излагаа : Грците не беа овци!

СОГОВОРНИКОТ - Македонците помислија дека пошто  Грците  ја прифатија комунистичката филозофија ја прифатија и филозофијата на правичност дека сите имаат право на самоопределување?

РИСТО - Баш така! Кога времето дојде да се расправа за "македонското прашање", комунистите и таканаречените напредни Грци се изјаснија дека "Македонците се национално малцинство во Грција и ќе добијат  еднакви права како едни од народите во демократска Грција".

Меѓутоа, постоеше исто така и Атлантска Повелба која нудеше и самоопределување на секого кој се бори на страната  на Сојузниците против Фашизмот, меѓу кои беше и македонскиот народ од Егејска Македонија. ЕЛАС беше дел од сојузничките сили во Каиро. Англичаните формираа центар за грчки активности во Каиро каде грчката армија, морнарицата и авијацијата оперираше во составот на Британската команда. Повеќето од силите на ЕЛАС беа Македонци.

Спрема петте принципи на Атлантската Повелба, сите народи кои се борат за ослободување на својата земја од фашистичките окупатори имаат право да се изборат за својата слобода и да креираат свои држави. Македонците зедоа оружје враце спрема истите тие правила и принципи за да  се ослободат, подготвени да изгинат до еден, за да ја постигнат баш таа прокламирана цел. Но и покрај исполнувањето на сите услови од Атлантската Повелба за самоопределување, одлучни да се борат против окупаторите на својата земја Македонија, при тоа разоружувајќи ги фашистичките воени сили внатре во Грција, македонските партизани не добија признание, а уште по малку некоја задоволштина.

Никој неможи да го оспори фактот дека Македонците беа тие кои ги разоружаа и растурија така наречените фашистички контрабанди, исто како што никој неможи да го оспори и фактот дека  пропорцијално, повеќе Македонци од Грци се бореа за истерување на окупаторите, надвор од Грција. И сепак, Македонците не добија никакво признание или награда: дури и во историјата не се спомнати, што е во најмала рака срамота за западната цивилизација и нивните  таканаречени демократски вредности.

СОГОВОРНИКОТ - Кој го направи сето тоа? Грчките комунисти ?

РИСТО - Да! Грчките комунист го направија сето тоа! Атлантската Повелба им понуди на македонскиот народ нејзина држава, надвор од составот на грчката држава, но никој во Грција не сакаше да ја види Македонија надвор од Грција. Никој во Грција не беше подготвен да се изјасни, бил комунист или не, " јас ќе и' помогнам на Македонија да се осамостој.."

СОГОВОРНИКОТ - Да се осамостој, да оди ...Македонија ? До колку те разбрав ?

РИСТО - Па така, ако ниту еден Грк не беше подготвен да  ја види Македонија   независна , најмалку што требаа да направат е Федерација, во која би Македонија била составен дел. Исто како и во Југославија.

СОГОВОРНИКОТ - Што имавме Федерација со Македонци на Север и ...

РИСТО - Не, имавме Југословенска федерација со шест републики и две Покраини и Грчка федерација со две републики : Грција и Македонија. На тој начин би биле решени многу проблеми со кои денес се соочуваме.

За жал, Грците имаат наследено голем страв всаден уште од времето на Метаксас, по мое мислење, дека на некој начин "Славјаните" ќе им ја "украдат" така важната Македонија и затоа не можи да им се верува. И така, од тогаш тргнаа работите да одат наопаку по Македонците во Македонија, окупирана од Грците.

И дури македонскиот народ кој живееше под окупација на Србите ги доби сите човекови права ветувани  со Атлантската Повелба, Македонците во Грција не само што не ги добија,  туку ги изгубија  своите домови и постанаа бегалци и светски скитници.

А сега, пред да продолжиме да разговараме за страдањата на македонскиот народ, би сакал да дадам објаснување  за причините кои доведоа до таквите настани и кои стоеа зад нив тогаш и денес. Ќе изнесам и официјални документи, со кои ќе ги поткрепам моите тврдења.

Дозволете ми да бидам отворен и да го кажам следното:

Верувам дека граѓанската војна во Грција не беше граѓанска војна на Грција. Таа беше специјално подготвена војна против македонскиот народ во Егејска Македонија, за да го истераат од неговата сопствена земја  еднаш и за секогаш!

Секако дека е ова за не верување, нели?

Па  за не верување е исто така дека во германските гасни комори нестанаа милијуни Евреи и други народи, дека во Јапан  не беа фрлени две атомски бомби на цивилното населени во градовите Хирошима и Нагасаки во 1945 година, скоро на ден два пред да заврши Втората Светска војна? Меѓутоа, тие геноцидни операции  вистински се случија. Па тогаш, зошто би било за не верување тоа што се случи со нас, Македонците, во нашата сопствена земја и дека граѓанската војна во Грција беше испланирана за да се исчисти Егејска Македонија од нас, кога и тоа се случи? 

Веруваме ли дека ние Македонците сме за нив специјален народ?

Само да ја погледнеме нашата историја и ќе се увериме за каков специјален народ западот не смета. Во последното столетие над нас се извршени повеќе геноцидни завери. Тоа не беа таини операции. Беа нескриено подготвувани против нас и нашиот опстанок на сопствената ни земја. И да никој за нив не знаеше? Тие геноцидни операции беа изведувани пред очите на целиот свет  и никој  од големите сили не презеде ништо да ни помогни. Зошто?

Сите тие непријателски акции беа намерно изведувани со цел да не избркаат од сопствената ни национална територија во Грција. Тоа што не попречува да ја видиме вистината је нашата неспособност да согледаме дека има луѓе околу нас кои не ни се пријатели и во дадена прилика сакаат да ни нашкодат.

Со генерации сме биле програмирани да веруваме дека сите луѓе се добри и дека никој не ни мисли зло...Дури и кога сме во ситуација да бидеме и очевидци на злодела веруваме, дека тоа "нема нам да ни го направат, бидејќи ни се пријатели..." Нашиот систем на вредности не спречава да ја согледаме вистината така долго, се' дури не не турни в'ќоше. И тогаш, постануваме жртви, без можност за одбрана.

Веќе споменав, порано, дека Британците сакаа да ја разоружаат ЕЛАС, во чии состав беа и многу македонски борци. Што мислите, зошто сакаа да ја разоружаат и со тоа да ги исфрлат Македонците од неа? Затоа, што планираа да ја исчистат и Македонија од нив, а тие беа добро наоружани и подготвени за секоја евентуалност. Во ваквото сценарио долго и јас не верував, се' дури со откривање на веќе декласифицирани  официјални документи на британската влада, од тие времиња, не ја сознав вистината. Затоа, во целост ги приложувам тие документи како доказ за она што го зборувам:

 

 

Антони Еден
1879-1977

{БАЛКАНСКИ ДРЖАВИ ИЗВЕШТАЈ  1 -  

11 декември 1944

г-дин Липер до г-дин Еден ( Mr. Leeper to Mr. Eden )

Атина, 24 ноември 1944

 

Господине,

!. Чест мие да Ви го испратам следниов коментар на  Извештајот поднесен од Департментот за истраги од  26 август 1944 во врска со Македонија.

2. Двете важни македонски прашања  кои ги загрижуваат Грците се: а) грчките односи со Славјаните,  застапени од Србитја и Бугарија, за кои се верува дека за скоро време двете ќе подпаднат под силно руско влијание и дека ќе ги добијат руските симпатии за нивните аспирации  ; b) прашањето со остатокот од бугарофоното малцинство во западна Македонија.

3. Горниот проблем во главно се односи на србскиот и бугарскиот излез на Егејското Море, предмет дискутиран во параграфот 35 - 40 и 41 - 43 од Извештајот. Дефинитивно, нема збор за давање на славјанските сили било кој дел од северниот егејски брег, кој во 1940 и така беше населен со занемарлив број од славјанско население. Од друга страна пак, овдешната стратегиска положба на Грција, дури и со  турска помош, е слаба во споредба со  славјанскиот свет, па така  во нејзин интерес постанува нужно, да постигне некој договор со своите северни соседи. Едино можно решение, и ако тешко  во пракса да се постигне во ваквата ситуација би било , спрема параграфот 51, да се оди на системот со слободни зони. 

Солунската слободна зона за Србија не е проблем, ама за Бугарија во Кавала, па дури и во околината на Александрополис би била невозможна за некое подолго време. Причината за ваквото становиште е резултат од насилничкото и непримерено однесување на Бугарите од 1941 година на ваму.

Заправо давање слободни трговински зони во северните пристаништа би било корисно за сите страни во тој регион на северна Грција и заради задоволувањето на бугарските економски потреби, кои за сега претставуваат и политички проблем и проширување на аспирациите према југот. Со ревитализирањето на пристаништата и со зголемување на трговинските размени се створуваат услови и за обновување на природните меѓусебни односи на народите, од двете страни.

4. Проблемот со бугарофоните од Западна Македонија, кои е на кусо спомнат во параграфот 7 од Извештајот, исто така останува сериозно и важно прашање, и покрај неговите ограничени димензии. Ова малцинство сместено на просторот од Лерин и Костур преку Сиатиста до полињата на Јанина, се покажа  не лојално за време на војната. Задоволувајќи податоци не се достапни, меѓутоа изгледа дека спрема  настаните за време на окупацијата незадоволното малцинство мора да е знатно поголемо од тоа за кое не известуваат Грците со пописот на населението. Сигурно е дека грчките власти, соочени со ппроблемот, го смалија нивниот број и дури почнаа самите себе да се уверуваат, дека и не постој.

Врз претпоставките ( 1 ) дека политиката на владата на неговото Височанство треба Грција да ја третира како најважна балканска држава во поглед на британските интереси и да ги подржува оние елементи во Грција кои се лојални на Британија и ( 2 ) дека Грција не сака да биде членка во Балканска федерација во која би се нашла во средина со големо мнозинство на славјанско население,  изгледа дека поарно е за Грција  да нема воопшто славјанско малцинство. Исто така, отцепување на делот со славјанско население од Западна Македонија и додавање кон славјанската федерација е не возможно од практични причини и економски би било катастрофално за Грција. Понатака, тешко би било, но мора да се пронајде решение за околу 120,000 македонски славјани на север од грчката граница од 1941.

5. Копии од овај извештај му испратив на Министерот во Касерта, на г-динот Хјустон-Босвол во Софија и на г-динот Брод во Бари.

 

Р.А. Липер

 

Би сакал да ви го свртам вниманието кон делот бр. 4 од Извештајот, особено на реченицата: "следејќи понатака, ма колку да е тешко, мора да се најде решение за околу 120,000 славјански Македонци, северно од грчката граница од 1941". Ова беше шокантно за мене, зошто пред тоа верував дека Грците беа тие кои ни прават проблеми на своја рака. После сето ова, почнав да ги гледам работите во подруго светло.

Се поставува прашањето: Зошто Британците планираа да се решат од присуството на Македонците во Грција?

Па и за тоа беше разговор во горниот коментар  под број 2. Вратете се назад и  ќе го најдете одговорот. Британците по секоја цена нема да си дозволат Грција, како нивен протекторат, да подпадне под руско влијание , дури и со потполно истребување на Македонците.

Сега се покажува и продолжената причина зошто ги жртвуваат Македонците, само да не ги видат Русите во Медитеранот , зоната на нивните интереси.

Е сега, кога утврдивме кои стоеше зад идеата да се исчисти македонското население од Егејска Македонија под грчка окупација, останува да утврдиме како планираа тоа и да го остварат.

Прво, сета таа злосторничка операција требаше да се изведе на убав и легален начин за двете учеснички: Британија и Грција и второ, требаше да се направи од чиста потреба. Македонците треба да се иселат доброволно. Но како? Се разбира, никој неможи да ги натера сите 120.000 Македонци да си ги напуштат своите куќи и имоти и да одат во некоја друга земја, а тоа никој да не го примети.

Еден начин тоа да се изведе на прифатлив, "господски", легален и на начин од чиста потреба беше ако може македонскиот народ да се наговори или да се испровоцира да земе оружје и да стане против грчките власти со цел да се ослободи себе и својата земја. Во овој случај Грција би имала прилика да ја прифати борбата и да го одбрани  интегритетот на својата држава.

Таа врста на контролирана војна, за која Грција беше уверена дека ќе ја добие, до колку ќе се води на територија каде Македонците живеат, ќе произведе поплава од  воени бегалци, кои потоа ќе избегаат од своите населени места надвор од грчките граници, како би си ги сочувале своите животи. Во тој случај се' што Грција треба да направи е да ги затвори границите, забрани нивно враќање назад во нивните живеалишта и со тоа се реши од нив за секогаш и проблемот е решен!

Не е ли тоа  начинот како го изведоа егзодусот на Македонците во 1949 година?

Но се поставува прашањето, како можиме тоа да го докажеме? Гледајќи во ретроспектива, како можиме да бидеме сигурни дека тоа можда не се догодило сосема случајно?

Како би докажале дека таа војна беше злосторничка, треба да ги истражиме и анализираме сите елементи на нејзиниот почеток, па се' до нејзиниот крај. Треба да погледаме во сите можни докази и етапи на нејзиниот развој кои евентуално ја подржуваат поставената теорија. Но прво да погледнеме некои критички елементи, врз кои се темелат моите аргументи.

1. Таканаречената граѓанска војна беше непотребна.  Големите сили, Русија и Британија веќе одлучија дека Грција останува под Британско покровителство цела, заедно со Македонија во нејзиниот состав. Пошто супер силата Русија се сложила со тоа и беше дел од таа спогодба, кој друг би ги подржал грчките комунисти  да ја задржат власта во Грција? Ништо не би се могло без активната и заедничка подршка на големите светски и европски сили.

Комунистите во Грција би требале да го знаат тоа, во што јас верувам. Во најмала рака, најодговорните водачи на комунистичката партија на Грција. Но по се изгледа,  преземањето на власта во Грција, не беше нивната крајна цел.

 

Продолжува 

КУЛТУРА - ЛИТЕРАТУРА - УМЕТНОСТ

Лидија Дочовска Павловска, поетеса

 

 

ЉУБОВТА НА КОСАРА И ВЛАДИМИР

ДЕЛ ОД ПРЕСПАНСКАТА ИСТОРИЈА

 

С овремената преспанска и македонска поетеса Лидија Дочовска Павловска и со својата втора поетска книга "Така љубеше Косара" докажа дека е вистински родољуб поет, вљубеник во Преспа, во нејзината историја и култура и дека постој за да ги оживува митовите и вистинските историски настани што се случиле на преспанското поднебје за да им даде една нова, безвременска поетска димензија.

Така, во втората поетска книга "Така љубеше Косара", авторката Лидија обработува една оригинална, но за жал, малку подзаборавена тема од историјата на Преспа - големата љубов меѓу принцезата Косара, ќерката на кралот Самоил и дукљанскиот кнез Владимир, љубов која се родила во преспанските зандани, се крунисала со брак, но завршила трагично со смртта на кнезот Владимир и замонашувањето на принцезата Косара, која остатокот од животот го поминала во молитва и бескрајна тага по саканиот човек. 

И токму оваа љубов, која што има илјадагодишна историја , поетесата Дочовска Павловска во денешново современо доба на живеење, ја возвишува, ја поставува на пиедестал и со огромен поетски жар ја опејува во поемата "Така љубеше Косара", во истоимената поетска книга.

Не залудно се рекло, дека животот без љубов е како дрво без корен. Љубовта е покренувачка сила, смисолот на нашето постоење, љубовта е универзална категорија, не познава никакви граници, го познава само звукот на љубовните струни и силните татнежи на срцето. Или, како што вели светиот апостол Павле : "И сила да имам и планини да можам да поместам, ако љубов немам, ништо несум јас".

Љубовта го храни нашето духовно битие, љубовта знае да простува, љубовта се' победува. И токму таква, романтична и во исто време длабоко трагична е љубовта на Косара и Владимир. Љубов која изникнала на преспанското тло и се воздигнала до небото преку стиховите на поемата "Така љубеше Косара" на нашата Преспана, авторката Лидија Дочовска Павловска.

Но, во својата поема "Така љубеше Косара", авторката Лидија поставува едно многу загадочно прашање кое нас, читателите, би требало да не натера на размислување: "Зарем љубовта не е вистинска зандана и поголема од синџирот на оковот на одземената просторност под небото"?

Овие Лидиини стихови потсетуваат на она што го пее францускиот поет Жак Превер во својата песна "За тебе, љубов моја", велејќи: "Отидов на пазарот на робови да купам окови, тешки окови, за тебе, љубов моја".

Гледано од илјадагодишна перспектива, сосема очекувано е во тоа време да се биде роб на љубовта, но на онаа вистинската, романтичната љубов, каква што постоела помеѓу Косара и Владимир: вечна и неуништлива, неминлива и неменлива. Горди сме како преспани што нашата Преспана, поетесата Лидија Дочовска Павловска не потсети дека токму една таква љубов навистина постоела на преспанското поднебје и ние сега, по илјада години читаме за таа и таква љубов, жедно впивајќи ги во себе стиховите на поемата "Така љубеше Косара" од истоимената поетска книга на Лидија Дочовска Павловска.

"Зарем љубовта не е бран што далгува низ душата" ? Прашува авторката во својата поема, потсетувајќи не дека љубовта на Косара и Владимир се бранувала крај преспанските далги и со тоа испишувала еден значаен дел од нашата богата, преспанска историја. Постоат дури и некои сознанија од македонски и црногорски историчари искажани на еден од многубројните црногорски симпозиуми, дека гробот на принцезата Косара се наоѓа во преспанската населба Крани. Токму од тука, потекнува идејата секое лето во Крани да се одржуваат поетски вечери посветени на љубовта меѓу Косара и Владимир и до колку тоа би се остварило, зарем не би било најлогично тие вечери да почнуваат и да завршуваат со поемата "Така љубеше Косара" од истоимената книга на Лидија Дочовска Павловска ?

И повторно паѓа в' очи кај читателот уште едно суштинско, авторско прашање во оваа поема: "Зарем вечните љубови имаат време на траење кое се мери на песочниот часовник на животот и зарем болката згаснува со смртта, со студениот камен на надгробната плоча"?  И понатаму во текстот авторката Дочовска Павловска, мајсторски стихувано, ни долува колкава е болката на Косара по загубата на саканиот Владимир, кој на нечесен начин од злокобникот Владислав е намамен да дојде во Преспа за да му биде отсечена главата. Тој заминува во вечноста, а принцезата Косара на молитвено тихување во темните манастирки ќелии.

Ваквата одлика е препознатлива кај преспанската жена низ преспанската историја - да умее да љуби еден човек, верно и страстно, до крајот на својот живот, дури и ако саканиот физички не е присутен, љубовта постој одовде до вечноста. Ова го има и во стиховите на големиот Виктор Иго: Љубовта е чувствителна како капка роса. А болката е силна и жилава, затоа пушти ја љубовта полна со болка, да тече низ вените твои". 

Авторката Дочовска Павловска и оваа поема "Така љубеше Косара" ја завршува со патриотската љубов кон родната Преспа, упатувајќи молитва за спокој "Биди со мене Преспо, не оставај ме сама ни на соне, ни на јаве", за понатаму да испрати силна порака: "Разбуди ме Преспо, да го видам жарот од срцето твое што гори". А најсилната поента е содржана во завршните стихови на поемата "Така љубеше Косара": "Не е важно од каде сум, кога знаеш каде патувам и благодарна сум на Бога што те умилостиви и ми те даде".

Со ова, авторката Дочовска Павловска стихувано раскажувајќи ни за големата љубов на Косара и Владимир не прави да бидеме среќни што нашата Преспа била пред илјада години каква е сега и таква ќе биде во иднина - колевка на љубовта, Божји дар, топло катче во кое секој секогаш може да се засолни кога е уморен, болен, или му е потребна љубов. Од тука и се наметнува прашањето: дали царот Самоил кога ја избрал Преспа за своја престолнина го видел истото она што ние го гледаме денес: "сонце, вода и изобилство месечев сјај"?

Родољубивоста и силниот патриотски вознес, поврзан со љубовта и нејзиното значење за воскресението на душата посебно доаѓа до израз и во втората поема "Преспана и Владимир" во која абторката Лидија митската љубов ни ја предава во сегашноста на еден шекспировски начин што и дава посебен белег на оваа поема. Всушност, поемата "Преспана и Владимир" на еден метафоричен начин преку Преспана ( олицетворение на преспанската жена во минатото и денес ) и Владимир - старословенско име изградено од два збора Владеј со мир, укажува на верноста на преспанската жена, која безвременски и безусловно, кога еднаш ќе го избере владателот на своето срце, тој избраник останува за секогаш да биде нејзината единствена љубов, љубовта на нејзиниот живот. Со тоа ја опејува преспанската традиција на чесност и верност, на непишани морални кодекси, што провејувале низ преспанската историја.

Денес преспанската жена навистина е современа, го следи чекорот на времето, но во своето срце и сега и секогаш ќе ја носи романтичноста на љубовта која што во себе ја имале нејзините претходнички, Преспана и Косара.

Поетската книга "Така љубеше Косара" содржи и неколку лирски песни, од кои една е препеана и на хрватски јазик и истите според Дочовска Павловска имаат за цел да прикажат дека улогата на човечкото суштество е да го направи животот совршено логичен, а на нештата и појавите да им ја врати свежината на боите и вкусот, со тоа правејќи го животот поосмислен и поинтересен.

Од овој лирски опус, некако посебно се издвојува песната "Ме викаше Дулчинеја" во која авторката Лидија ни прави уште едно ново поетско освежување, внесувајќи го донкихотското пеење, како да сака да ни каже дека треба да живееме со полн здив, да го користиме секој момент од животот, бидејќи нашето денешно модерно егзистирање навистина многу наликува на донкихотското вечно трчање по ветерниците на животот.

И затоа, преку оваа песна авторката ни дава утеха да не се разочаруваме во љубовта, бидејќи понекогаш таа може да биде не стварна, не возвратена, донкихотска, но сепак, да се радуваме што за миг сме почувствувале дека љубиме. Тоа е најважното нешто во животот на секој човек - душата да му биде исполнета со љубов, макар и невозвратена и тоа подобро, отколку душа празна како пуст остров.

Поетесата Лидија Дочовска Павловска ни укажува во својата песна "Кога не знаеш да сакаш", зошто за жал постојат и такви луѓе кои не умеат да сакаат од страв, едноставно се плашат да не бидат повредени, па така вешто ја избегнуваат љубовта. Тоа, на сликовит начин авторката Дочовска Павловска го опејува во следните стихови од оваа песна: "а ти се плашиш од сивиот превез под небото, кибритното искрење на облаците, од жешката болка на громот во срцето".

Поезијата се раѓа од болката, но нашата авторка Лидија покрај тоа што е патриот, во големи димензии, таа сепак е и силен оптимист кој верува дека по дождот доаѓа и сонцето, Ова на многу впечатлив начин го опејува во песната "Утре е нов ден", давајќи им надеж на безнадежните, утеха на несреќните, љубов на заборавените, упатувајќи длабока порака : "Затоа допри до небесниот свод и развиори ги мислите како орелски крилја, вдиши ги мугрите што следат, затоа што, утре...утре е нов ден".

На крај, како читатели би сакала уште еднаш топло да ви ја препорачам втората поетска книга "Така љубеше Косара" од  современата преспанска и македонска поетеса Лидија Дочовска Павловска, внимателно да ја прочитате и сигурна сум, дека исто како и јас, штом ќе ја затворите книгата, длабоко ќе издишете од духовна среќа што ја имаме нашата ПРЕСПАНА, нашата Лидија, која ја воздигна Преспа до небото, бидејќи Преспа тоа го заслужува, а нас не направи да сме патриоти, да сме горди и среќни што сме стамени Преспанци и Македонци.

Офелија Богоевска, рецензент

Преспанско Езеро

....Беше си била Македонија

Ангелина Маркус

 

 

ПРИКАЗНА ЗА КОЗМИЧКА МАКЕДОНИЈА

 

К  ога светот се создал во космички размери, кога се создале планетите, галаксиите. сонцето, била создадена земјата со се' живо и постоечко. Планините, вулканите, океаните и сите земни убавини во раскошната природа, се распрострале низ полињата на Македонија. Ја здогледале Боговите и позавиделе на убавината па решиле таа да биде божествената земја за нив. Ја избрале македонската планина Олимп за своја татковина, да уживаат сите Богови, окружени со сите убавини околу реките, езерата, морињата, блеснати во сончевина. А луѓето умни, убави, надарени, божествени, набргу се здружиле со Боговите и во разни светилишта заедно се веселеле и славеле. Од таму е, од Боговите, македонското потекло и од таму се имињата на реките, планините и градовите со имиња на Боговите. Заедно живееле Боговите, божествата, боголиките херои, цареви и сите Македонци. Зевс, Аполон, Херакле, Македон, Музите и Македонсците ја одржувале козмичката енергија преку сонцето. Царевите ги нарекувале божји синови на сонцето што дава живот и убавина. Затоа Македонците си го зеле сонцето за знаме до ден денешен. Го сретнуваме како симбол на орадијата, штитот, куполите на црквите, накитот, на секаде како потпис на македонскиот народ, слава и храброст на сончевите зраци. Кога на Олимп се ковал златниот меч, зрачел од сонце, таков Македон им го дал на Македонците.

По македонските ливади полни со цвеќе музите играле оро со венци на главата, како што и сега играат македонските невести. Божествени ора и песни, божествени луѓе со божествен животи убавина, биле Македонците. Тие се' преземале од Боговите, учеле од нив и ги славеле во  Аполоновите светилишта со истата светост. Од таму е Македонија света библиска земја во центарот на светот, со помош на сите светци. Музите го подучувале народот и го надарувале. Така музата Уранија ги научила Македонците да ги следат козмичките промени, движењето на сонцето и промените на природата на Замјата со што се правел прецизен календар за земјоделието.

Со таа цел пред 4000 години Македонците во Кокино ја изградиле астрономската опсерваторија. Со тоа останале блиски и со Боговите и со козмичките движења, Македонците граделе без број  култни светилишта за да ја направат Македонија најубавата земја на целата планета.

...БЕШЕ СИ БИЛА МАКЕДОНИЈА, ОСТАНАЛА И ЌЕ  БИДЕ ТАКВА - БОЖЕСТВЕНА !

 

/////

**********************************************

/////

 

 

Ваш  Сотир Гроздановски

01 декември 2016

 

Kind regards: 01 декември 2016

Sotir Grozdanovski бр. 40