АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ТРИНАЕСТТИ

Марк Барнс и Доналд Трамп

НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ  ДОНАЛД ТРАМП НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ИГРА СО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

С оединетите  Американски Држави   со новиот претседател Доналд Трамп ќе продолжат да го градат патот на добрата соработка со Македонија, вели господинот Марк Барнс, советник на новоизбраниот претседател.

Во интервјуто за програмата "Гласот на народот", овој духовен советник на новоизбраниот претседател на САД Доналд трамп истакна, дека никој не смее да го смени уставното име и идентитетот на Република Македонија.

- Прашањето  за смена на името на вашата земја,  е нечуено во светската историја. Никој не смее тоа да го направи. Вие сте Македонци и такви ќе си останете да живеете и да се именувате со тоа име. Рече Барнс.

Тоа што го прават Грците е не чесно, додава господинот Марк Барнс. Тие    на Демократската партија и' донираат големи пари, како би ја постигнале, со нивна помош, својата цел: смена на вашето уставно име Македонија. Но тоа нема да оди така лесно.

Бидете сигурни и тоа ви го гарантирам, дека смена на името на Република Македонија нема да се толерира од страна на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Било од чија страна таква иницијатива да дојде, одговорот ќе биде НЕ!

Во понатамошните разговори  господинот Марк Барнс изрази увереност, дека Партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер одново од македонскиот народ ќе добијат мандат за формирање на нова Влада. Ново избраниот  претседател Доналд Трам е запознат со досегашната успешна работа на господинот Никола Груевски и затоа му ја дава својата доверба уверен, дека и во иднина Македонија ќе ја води во права насока, на општо задоволство на граѓаните.

На прашањето за странските инвестиции во Македонија, специфично за двете американски компании "Џонсон Контролс" и "Џонсон Мети", како и за 5-то место во светот во извештајот на "Дуинг бизнис", Барнс е со став дека Груевски се залага за стопански развој на државата и  се надева, дека ќе продолжи во таа насока да го води македонскиот народ, до поарна иднина.

Во поглед на односите со руската федерација господинот Барнс ја потврди определбата на новиот претседател Доналд Трамп за подобрување и воспоставување рамнотежа во светот, како прв негов приоритет, покрај средување на домашните проблеми, истакнати во предизборната кампања.

Претседателскиот советник Барнс понатака рече дека Доналд Трамп не влезе во изборната кампања за претседател на САД заради некои лични придобивки, туку затоа што ја сака Америка и сака да придонесе во нејзиниот просперитет, но и во  подобрувањето на односите во светот, кои почнаа да одат се' повеќе во насока, за која верувавме дека ја оставивме во историјата на минатото.

 

Сотир Гроздановски

 

(Текстот е направен врз текстот на КУРИР,

а е преземен од "Македонска нација".)

 

===========================================

Љупчо Георгиев и неговиот бугарски пасош.

 

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

 

 

ЗБОР ДВА ЗА ДВАНАЕСЕТТИОТ ДЕЛ ОД НАШИОВ СЕРИЈАЛ

 

 

Како и секогаш кога го започнуваме новото продолжение на анализите за историските настани во Егејска Македонија, така и сега ве запознаваме, на кусо, со содржината на предходното  како  поврзница, заедно со неговите пораки. Па ево што рековме во делот дванаесет, за неговите пораки и неговата цел:

.....ние не смееме повеќе да веруваме во лагите и кривотворбите на историјата со кои нашите и така инфериорни и злонамерни соседи ја дезинформираат домашната, но и светската  јавност. Не смееме,  исто така, повеќе да ги толерираме  и сите домашни квази експерти за  македонската историја од типот на Љупчо Георгиевски, Љубомир Фрчковски и многу други отворени слуги на 

Проф. Љубомир Фрчковски

бугарските и грчките фашизоидни политики. Не смееме да им дозволуваме  од внатре да го нагризуваат македонското ткиво и од надвор да фрлаат со кал и камење на својот народ и на својата држава. Не смееме во името на   демократијата  да им дозволуваме  и понатака да бидат во можност  младите генерации по македонските образовни институции да ги претвораат во  слуги на душманите за пари и лажни ветувања за поарен живот, надвор од нивната земја. Да им не дозволиме да ги претворат во потрошна роба преку разни "шарени револуции, "хумани" не владини, не партиски организации и други терористички групи и потоа да бидат отфрлени на сметлиште како предавници, без иднина.

 

Професорка Ангелина Маркус

Намерата и на професорката Ангелина Маркус беше несомнено насочена кон времето кога мораме да почнеме самите да размислуваме за себе и да си ги осознаваме нашите корени кои се многу подлабоки од било чии во нашето соседство и подалеку.

Треба да докажеме дека постоиме и дека нашиот придонес во христијанизирањето и цивилизирањето на источна Европа е извонредно голем за некој да би го минимализирал и негирал. Дека македонскиот јазик, стариот славјански црковен јазик, беше тој, кој беше во широка употреба во богослужбите на нивните цркви, заедно со македонските свештеници, како производ на првиот Универзитет на Балканот и Европа, сместен на подрачјето на македонскиот Охрид.

Да, се' е ова добро набројано и смислено како би требало да биде за да ја потврдиме и нашата историја и нашата богата култура и нашите големи придонеси кон цивилизиацијата и ширењето на христијанството кај сите славјански и не славјански народи во минатото. Но што ако сега во овие времиња кога таа поранешна цивилизација и култура ни овозможија поголеми можности и физички и интелектуални да бидеме поарни и по културни и по образовани, а сепак се однесуваме спротивно од однесувањето на нашите претци? Кога дозволуваме поедини членови на нашето општество, особено од делот кој се смета за носител на напредокот и чувањето на богатствата оставени од минатите генерации? Што со дел од нашата универзитетска "елита" која е предводник, "авангарда" , на злото и уништувањето како дело на "демократијата", "високиот степен" на цивилизациските европски и светски вредности?

Одговорот е сосема логичен: само народот е тој кој ќе го даде, но на културен, демократски и одлучен начин на 11 декември 2016 година. На вонредните и долгооспоруваните избори. 

И на крајот ви го поставивме логичното прашање: - Знаете ли дека и во црквите во Романија богослуженијата се изводеа на старо славјанскиот црковен јазик, односно на стариот македонски јазик ?

 

Сотир Гроздановски

 

====================================

 

Ристо Стефов

АНАЛИЗА НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА 

 

 ДЕЛ ТРИНАЕСЕТТИ

20 ноември, 2016

Пишува : Ристо Стефов

Превод на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

 

СОГОВОРНИКОТ - Не е ли Романија католичка земја?

РИСТО - Несум сигурен колку католици има во Романија, меѓутоа, пред укинувањето на повеќе разни патријаршии во Отоманската Империја меѓу кои  и Охридската Архиепископија и нивното заменување со истамбулската Патријаршија, во романските цркви  се  користел старославјанскиот јазик.

Романиа постанала протекторат на западот многу подоцна, во 19 - от век, одма откако  Русија почнала да се меша  во нејзините внатрешни работи. Пред тоа, Романија била претежно православно христијанска земја.

СОГОВОРНИКОТ - Но ајде да се вратиме во времето пред распарчувањето на Македонија во 1913 година. Што се случило тогаш?

РИСТО - Од како Грците се зацврстија во Македонија, тие му рекоа на македонскиот народ дека сега ова е Грција и дека тие се сега Грци. Но, до колку не се согласуваат со тоа, можат да си земат се' што можат да понесат со себе и нека  одма ја напуштат земјата. Повеќето го направија баш тоа, нарочито оние кои беа поврзани со бугарската православна црква ; тие си ги собраа најпотребните работи и ја напуштија Грција.

Како што спомнав и порано, Муслиманите беа истерани веќе исто како и Македонците кои инсистираа дека се Македонци, Срби или Бугари. А пак оние кои инзистираа на тоа и премногу, го добија јажето околу вратот и беа обесени на блиските дрва.

Нешто подоцна, Грците извршија замена на населението со Бугарија и така се решија од Македонците кои одбија да бидат Грци и доселија во Македонија разни народи од Бугарија и од Кавказ, кои изјавија дека се Грци.

Грците немаа проблем со тоа да населат било кој народ во веќе испразнетите места во егејскиот дел на Македонија, кои пристанаа да бидат "Елинизирани" и ја прифатија дефиницијата дека се Грци. И ако прашате која била таа дефиниција? Само фрлете око на грчкиот Устав од 1820 и ќе ви биде се' јасно.

Таму се вели: - Било кој православен хрисјанин можи да биде Грк, до колку ја прифаќа грчката филозофија ( да добие грчко име, да биде крстен во грчка црква и да не работи против грчките интереси ) и да пристани да го научи грчкиот јазик.

На овај начин луѓе од Ерменија, дури и од Русија, изјавуваа дека се Грци. Се' што требаа да изјават  и со потписи од два сведока  да потврдат беше дека нивните баби биле гркињи и  потоа да се заколнат. И така одма постануваа Грци. 

Меѓутоа, дозволете ми да дообјаснам дека со тоа што постануваа Грци, не мислам на да постанат "граѓани на Грција", туку постануваа  Грци по националност. Јас незнам дали и денес се применуваат тие правила, но во минатото неможеше да си грчки граѓанин, а да му припаѓаш на некое национално малцинство во Грција. Грција тврдеше дека во грчката држава не живеат национални малцинства, само 2% муслимани, но не како национално малцинство, туку само како верска група. И згора на тоа, муслимани, како дел од грчката нација.

Но пополека, како да излегуваме пак надвор од темата со која се зафативме дека ќе зборуваме.

И како што реков и порано, откако беше извршена инвазија врз Македонија, окупирана и потоа распарчена, Првата светска војна започна, со што во Македонија се' друго застана на мртва точка до крајот на војната. Одма после тоа, грчкиот апетит за туѓи територии се зголеми, нарочито спрема Турција.

Во раните 1920-те години Грција се одлучи да ја спроведе својата налудничава идеа за стварање на "Голема Грција" со крадење  на туѓи територии, како во 1912 и 1913 година за време на балканските воини,  51% од македонската територија, со помош на големите европски и светски сили. Сега, таа се одлучи на уште поналудничав потез: ја нападна Турција, со цел да зграби уште повеќе територија.

Меѓутоа, овој пат Грција го немаше истиот изговор како и порано дека оди во ослободувачка војна во полза на Македонците, односно во ослободување на христијанското население под муслиманска власт. Отиде во освојувачка војна, што заврши со нејзина катастрофа во Мала Азија. И овој пат голем број Македонци загинаа во оваа освојувачка војна, зошто тие беа регрутирани од веќе окупираните македонски подрачја во поранешните балкански воини.

Како што ни е познато, Грците и овој пат си ја докажаа својата нечовечност: - одбија да им помогнат на македонските семејства чии хранители загинаа за грчките интереси и нивната традиционална алчност, за се' што е туѓо.

Се сеќавам како дете, во моето село Ошчима, на прикаските кои старите воиници од тие времиња  седејќи на своите чардаци ги раскажуваа, секој по нешто од нивните спомени. Се сеќаваа на битките кога ги терале Турците пред себе дури до Анкара викајќи: - два Турци на секој бајунет, што им зело шеесет дена за околу 70 км, но и како сето тоа го изгубиле во бегањето назад за еден ден.

Јас тогаш не разбирав зошто тие зборуваат, меѓутоа зборуваа за грчките битки во Мала Азија. Откако подготвиле голема војска во Мала Азија, извеле и голема офанзива против турската армија во март 1921 година и до крајот на летото Грците стигнале до реката Сакариа, на околу 60 км од Анкара.

До почетокот на есента, Грците биле истерани назад до половина пат помеѓу Смирна и Анкара, со што го запреле  грчкото напредување. Тогаш се покажала целата грчка беда и кукавичлук:  - во март 1922 одлучиле да  се обратат  до Париската Конференција   за помош, очекувајќи компромисно решение и спас од тотален пораз. Компромисната одлука била повлекување на грчката армија и ставање на христијанското население под заштита на Лигата на народите.

 

Мустафа Кемал Ататурк, 1881 - 1938

Предвидувајќи ја својата победа над Грците, Мустафа Кемал Ататурк инсистирал на потполно и безусловно повлекување на грчката армија, потез тешко прифатлив за Грците. Се' уште очекувајќи помош и пристојност од Британците, во јули 1922 година Грците безуспешно покушале да испослуваат дозвола за влез во Цари Град (Истанбул).

Турција покренала голема офанзива против грчките воени сили на 26 август 1922 година (црн ден за Грција и нејзината налудничава Мегали идеа) близу Афионкарахисар и  ги натера Грците во панично бегање назад кон Смирна. На 08 септември грчката армија беше евакуирана и следниот ден турската армија ја нападна Смирна. Најлошото следеше вечерта на 09-ти септември, кога започнаа убиствата и грабежот, заедно со масовното масакрирање на христијанското население. Над 30,000 христијани, повеќето Ерменци, нестанаа таа ноќ. Како резултат на овие насилства, 250,000 луѓе побегнаа према морскиот брег, барајќи спас. 

Мало азијската авантура беше завршена, заедно со "Мегали идеата" за Голема Грција. Како резултат на ова катастрофално грчко фијаско, над 1,000.000 турски христијани биле иселени и населени во Македонија, со што драстично ја измениле  демографската слика,  заедно со моралот на македонскиот народ.

Повеќето од  македонската младина  регрутирана за малоазиската грчка авантура загина во битките против турските воени сили, а да грчките власти воопшто не ги споменаа во ни еден извештај, ниту на нивните семејства им дадоа некоја помош за да преживеат. Тоа го оправдуваа со зборовите: - "Тие беа Бугари".

Било чест да умреш за својата татковина, ми беше речено. Тогаш, неби било "по чесно" да умриш за нечија туќа земја ? Како Грција  им се оддолжи на оние за кои би се рекло дека треба да им е чест да умрат за Грција? Ги оставија вдовиците и  децата на погинатите во сиромаштија! Ете така Грција ги третираше своите најзаслужни граѓани!

Со договорот во Лујзијана од јули 1923 година, грчко - турската војна се заврши. Грците и Турците потписаа спогодба за размена на населението, врз база на верска припадност, како замена за националност.(Page. 120, Richard Clogg, A Short History of Modern Greece.)

За време на меѓусебната размена на населението, во 1920-те години, Грција прими над 1,000.000 турски христијани од Мала Азија,  околу 1/5 од своето севкупно население  и ги населе најповеќе во Македонија. Овие луѓе исто така насилно постанаа Грци.

За полагање право на  припадност кон грчката античка генетика, било потребно да се биде во Македонија осумдесет години. Така грчките власти ги уверувале азијските новодојденци. Потоа, стекнувале право на сопственост на земјата и нејзиното наследство, зошто тие постанувале и вистински наследници на древните Македонци, а не  на домородното население кое го заменувале.

Дозволете ми да им го речам  ова на современиве Грци кои се удираат во градите со некој патриотски жар и веруваат во честноста на Грција: "Вашата грчка држава не се издигна над обманата и лагите; таа ве лажи и вас, нејзиниот народ....таа лаже да го увери светот дека Грците и само Грците се сопственици на македонската земја и нејзиното наследство.  И не забораваите: Ова е се' направено на сметка на правите Македонци кои живееа на таа земја  стотина генерации. Ова не ве прави патриоти или домољуби...Ова ве прави арамии..."

Пред 1913 и пред грчко - турската војна, македонскиот народ беше мнозинство со Албанците, Власите, турските христијани и други како национални малцинства. Откако Грција ја окупира  теритоијата на Егејска Македонија ја исчисти  од не грчкото население; го асимилира секого кого можеше, ги истера сите кои не се согласуваа со нејзините принципи и ги позатвори или ликвидира сите, кои им правеа проблеми.

Али тие кои останаа во Македонија беа  мнозинство и покрај грчката окупација на земјата, се' дури Грција не насели 600.000 турски христијански доиденци и колонисти спрема договорот во Луизијана. И како што реков порано, Грција  со демографската статистика за своето население испадна дека е 98% национално чиста со само 2% Грци Муслимани, што значи вкупно 100%.

Јас би истакнал уште една нелогичност во оваа цела валкана работа на грчката држава. Ако беа истерани сите муслимани од територијата на Македонија, а сега признава 2% муслиманско малцинство  во Тракија, не ве изненадува на некој начин, оваа игра? Зошто?

Јас мислам и верувам, дека Грција го направи тоа со цел да го заштити постоењето на Патријаршијата во Истанбул и христијанското население околу неа. Грција направи една спогодба со Турција дека ќе го сочува муслиманското население во Тракија, ако Турција го сочува христијанското население во Истанбул. Грција се надеваше дека бројот на христијанското население во Истанбул ќе се зголемува и дека  еден ден ќе постани мнозинство во градот на Босфорот. Но Грција се излага во своите проценки. Се случи обратно: муслиманското население во Тракија се зголемува, а христијанското во Истанбул се намалува.

Дали знаете дека Грција не им дозволува на муслиманите во Тракија да купуваат нови куќи и други врсти имот, дури и трактори? И до колку излезат да ја посетат Турција не им дозволуваат повраток назад во Тракија? Да! така е денес во Грција. Ова го видов во еден документарец прикажан на нивната телевизија но и го слушнав од еден Грк, активист во организацијата за човекови права.

И така, после се' што им беше направено, има уште многу Македонци во Егејска Македонија. Тоа им постана јасно за време на Втората светска војна.

Но пред да дојдеме до Втората светска војна, би сакал да нагласам дека одма после грчко-турската војна, во светот се променаа многу работи. Македонија беше поделена и ВМРО имаше проблем со своето делување во три различни држави, кои не го признаваа македонскиот национален идентитет. Комунизмот имаше свои подем и со руското прифаќање на Социјализмот,  и новите влијанија се засилија. Неможно да се прилагоди на новите светски појави, ВМРО се подели. Би рекле се подели по идеолошка линија. Земјите и народите подеднакво  се одлучија за комунизам и фашизам и на тој начин светот се подели на два дела, односно се поларизира.

Македонскиот народ беше вклештен в средина на настаните и проба да преживее на некој начин. Социјалистите ја препознаа македонската неодлучност те како би го добиле македонскиот народ на своја страна, им ветија  дека ќе им ги признаат сите права како Македонци. На Фашистичкиот дел на Грција, специјално од како Метаксас дојде на власт, таквата состојба во Грција не му се свиѓаше, па го засилија притисокот врз македонскиот народ.

СОГОВОРНИКОТ - Метаксас беше фашист, нели?

РИСТО - Да, беше фашист!

СОГОВОРНИКОТ - Со фашистичка идеологија?

РИСТО - Наравно. Метаксас би му се придружил на Германија да имаше прилика. Тој знаеше дека Грција е англиски протекторат, па сега знаете зошто не смееше тоа да го направи, а да ги избегне сите последици од таквата одлука.

 

Jоанис Метаксас 12.IV.1871- 29.I.1941

Било како било, јас сепак би посочил дека Метаксас и неговите фашистички истомисленици беа заколнети непријатели на македонскиот народ и би избрисале се што ги потсетува на македонско, вклучувајќи го и јазикот кој Македонците го зборуваа јавно и приватно. Тој бил единствениот јазик што го зборувале Македонците во тие времиња.

Покрај изгледите за некои основни човекови права за македонскиот народ во грчката држава во раните 1920-ти години, тие можности се изгаснаа со грчкото зацврстување во Македонија и со примената на   расистичко асимилаторската политика. И како тоа да не им беше доволно, на 18 декември 1936 година грчката власт издаде правен акт за прогон на секакви "активности против државната безбедност". Со овој акт во сила, илјадници Македонци беа уапсени, затворени и протерани надвор од нивната татковина.

Меѓу другите работи, Метаксас на 07 септември 1938 година по силата на правниот акт 2366, го стави македонскиот јазик надвор од законот и му забрани на народот да го зборуваат под закана со големи  парични казни и затвор.

Во 1938 година австралискиот автор Берт Биртлес ( Bert Birtles ) во својата книга "Exiles in the Aegean" напиша, "во името на  хеленизацијата' овај народ (Македонците) беше константно обвинуван и затворан за најфантастични причини. Начинот на Метаксас во зацврстувањето на правиот националистички дух меѓу нив се состоеше во промена на сите имиња на местата во кои живееа Македонците, со грчки и со забрана на нивниот македонски јазик. За секој и најмал отпор во спроведувањето на овие фашистички мерки, кој претставувал опасност по безбедноста на државата, селаните биле протерувани од нивните живеалишта без икакво судење." ( Page 112, John Shea, Macedonia and Greece The Strugle to Define a New Balkan Nation).

Често пати се чудиме на ваквите постапки, бидејќи се невообичаени и сосема бизарни и застрашувачки, но сепак тоа беше стварност. Луѓето беа казнувани и затварани дури и кога на својот мајчин, македонски, јазик им се обраќале и на своите домашни животни.

Следењето на невини луѓе се вршело дури и до нивните семејни куќи. Полицаиците стоеле под прозорците и прислушкувале на каков јазик се зборува меѓу себно или со своите роднини и пријатели. Тоа бил начинот со кои Грците се служеле,  и сега се' уште се служат, против Македонците во нивната сопствена окупирана  земја.

Режимот на Метаксас заплашен од спрегата на Славизмот и Комунизмот, иницирал политика на засилена асимилација. Ваквата политика применувана од неспособни и кусогледи цивилни службеници ги спротивстави дури и славофоните од грчката средина. Грција покажа  дека не е подготвена да им обезбеди национална заштита ниту на луѓето со бугарска свест (Македонците). Со германската окупација на Грција   во 1941 година и влегувањето на Бугарите во источна Македонија и Тракија, насобраната горчина и незадоволството ја постигнаа својата кулминација". ( Kofos. "Nationalism and Communism in Macedonia". Page 255). Јас не се согласувам со Кофос за многу работи, но  ова негово стојалиште го прифаќам како свое. 

После пораката  дека секој ќе биде физички казнет или натеран да пије рицинусов зејтин за поновени прекршоци, стравот  се воспоставил и ги присилил луѓето да се смират и молчат. Се покажало дека е поарно да се гледа долу или на другата страна кога би сретнал на улица  некој кого го познаваш, зошто не се знае кој те слуша. Молчењето се покажало дека е по пожелно од зборувањето, со некој со кој се познаваш целиот свој живот, на наметнатиот и омразен грчки јазик.

"Во минатото,   народната песна служеше за зачувување на    македонскиот начин на живеење.  Песната беше средство преку која се изразуваа чувствата за радост и тага, но и сите други културни пориви. Со забранувањето на македонскиот јазик во северна Грција, престанаа и народните песни". ( Kita Sapurma & Pandora Petrovska. "Children of the Bird Goddess". Pollitecon Publications, 1977. Page 163 ).

СОГОВОРНИКОТ - Значи Метаксас беше тој кој ја воведе политиката на асимилација. Нели?

РИСТО - Можеш тоа и така да  го сватиш, меѓутоа таа политика на асимилација почна многу порано од времето на Метаксас. Уште во 1875 година беше сигурно дека на Македонија нема да и' се дозволи да постани национална држава и дека ќе биде разделена меѓу балканските народи. Метаксас само ги забрза асимилациските процеси, пред комунистите да успеат да и' направат штета на фашистичка Грција.

За Македонците асимилацијата не беше нешто толку застрашувачка, колку што беше начинот, на кои тој ја започна грчката "обнова".

Изразувајќи се метафорички, да би изградил нова зграда врз темелите на една стара, прво би требало да ја срушиш старата зграда и тек после да ја започнеш новата. Да би се ослободил од непотребните во внатрешноста на Грција, вклучувајќи ги комунистите и националните малцинства, Метаксас започна со кампања против се' што не му се допаѓа и се' што мрази. Потоа, ги вработи Грците да ги завршат неговите планови. Прво ги оцрни комунистите, Славјаните и секоја друга етничка група.  Почна со убедување на своите истомисленици дека "вистинските" Грцит биле супериорни, поинтелигенти и од Господ дадени на Грција како подарок, управо како и Хитлер  што и' направи на Германија. Другиот народ е не само безкористен, туку би требало да се истреби, зошто е штетен за Грција.

Ваквото однесување произведе голема омраза и нетрпеливост кај грчкиот народ, што трае до ден денешен.

Фашистите внатре во Грција не беа никогаш победени или отстранети од власта; тие се живи и денес. Само да погледаме како се однесуваат  и денес спрема иселеништвото на секаде каде што има колонии со Македонци.  Па како се однесуваат  спрема Република Македонија; Тоа ни докажува со каква држава и со каков народ имаме работа, во нашето соседство.

За несреќа, ако погледнеме наназад во ретроспектива, ниту комунистите не беа ништо поарни. Македонскиот народ никогаш не знаеше каде се со грчките комунисти. Прво ги признаија Македонците со идентитетот, но како "Славо - Македонци", а потоа одбија да им ги признаат правата, освен ако направат тоа што ќе им се нареди: да се борат со Фашистите и да ги победат.

 

Продолжува

 

Ваш Сотир Гроздановски

20 ноември, 2016 година

 

 

========================================

 

Проф. Ангелина Маркус

 

ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОН И МАКЕДОНЦИТЕ

 

ПРИКАЗНА ЗА БОГОТ МАКЕДОН

 

Д  ревните народи живеат со легендите за луѓето, боговите и природните   сили. Има ли народ на светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон? Тоа се само Македонците, државата Македонија, царот на светот Александар Мкедонски, имињата Македонка, Дона-Донка во песните.

Од каде ни е името на богот, народот, државата ? Се знае. Од древнина, од самото постоење на буквата "Е" пред Аполоновите светилишта, од "МА" - Големата Мајка - Македонија, славена со неолитски артефакти, статуи, фрески слики од Македонки низ историјата. Ако Големата Мајка толку се почитува низ Македонија, можеби по неа го добивме името, ако и таа не го родила Македон, трајно да ни стане родоначелник, патрон, заштитник именик. Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон и Скит е самиот врховен бог Зевс што од небото ги sиркал најубавите жени и со нив оставил бројно потомство на богови и божества, што се здале во заштита на Македонија, по примерот на Македон. Богот по своето име ја нарекол земјата Македонија. Таа традиција ја презеле македонските цареви и по свое име ги нарекувале градовите како Филипи, Александрии, Константинопол, Јустинијана, Марков град, Самоилова трврдина, Аполонии, Хераклеи, до Гоце Делчев, Сандански и други. Само Македон го дал името за цела Македонија, за сите Македонци и сите градови со царски имиња.

Постојат и други толкувања за нашето име. Тоа било од низини, од дно меѓу планините и пак се поврзува со името Маке-дон, Посеј-дон, Тихи-дон, како дно на земјата, морето и реките. Други мислат, од изгледот на Македонците, високи, стројни, здрави луѓе како храстови од планините и полињата.

Во секој случај Македон го дал. своето име на Македонците и ја одредил сличноста на боговите со кралевите и со луѓето. Македон ни се претставува како стар, мудар бог кој што бдее над Македонија од височините на црквите.

Ликот на Александар се претставува како Аполон; млад, светол, убав, моќен и лиричен. Филип личи на Херакло, тој е воин, херој, жесток борец во одбрана на Македонија. Такви се и многубројните македонски цареви слични по изглед, симболи  и оружје јавнати на коњи како Александар, Самоил, Марко Крале, Делјан и Ангелите во небеските одреди на фреските низ Македонија. Тоа духот на Македон се појавува како всаден боговечен дух и кај обичните луѓе што го слават на пролет како Ксантика - празник на цвеќето, мартинките, победите. Богот Македон се вљубил во Ксантика и ја барал меѓу расцутените дрвја и цвеќиња што се претворале во плодородие а народот се веселел со пеење, пиење, со црвено-белата боја и летните зраци на сонцето што останале на знамињата и везењето до денешни дни.

Во спомен на Македон, Македонците носат имиња и презимиња. Не е случајно што Жан Митрев своето Це Де го нарече "Биди свој ... биди Македон" или името "Македон" - фирма за бетон на Ниче низ која се изразува цврстината на Македонците верни на богот Македон.

 Ангела Маркус

Kind regards: 20 ноември 2016

Sotir Grozdanovski br. 39