АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И НЕШТО ПОВЕЌЕ
ДЕЛ ДВАНАЕСЕТТИ

Браќата Миладиновци

ЗА ПОЕЗИЈАТА ШТО  ЖИВОТ ЗНАЧИ  

 

Заедно со честа која ни се пружи да се дружиме со нашата поетеса Лидија Дочовска Павловска и нејзинoто творештво,ќе речеме збор два и за фестивалот "Струшките вечери на поезијата" кој секоја година, во август месец, се одржува во  Струга; нашиот бисер балкански.

Половина вековното постоење на оваа манифестација, можеме со право да речеме, значи многу за нашата замја.  Таа, сакале ли некои или не, ја потврдува вистината за нас и за вредностите кои Македонците ги негуваат во себе. За вредностите кои зрачат мир и љубов од искона, до денешни дни. Зрачат вистина за нашиот корен длабоко вграден во цивилизациската ризница на човештвото, а пак со гранките, насочени далеку кон иднината, желби за  мир и соживот.

Прекрасната Струга, за која песниците велат дека на дуњава нема како неа друга, сместена на питомите брегови и заплискувана од брановите на Охридското Езеро и бистрите води на Дрим, како да е створена да биде место за одмор на поетите. Доваѓаат од сите  ќошиња на светов со своите песни, секоја година одново,  да се сретнат и да ја истурат целата убавина на љубовта насобрана во нивните души и срца, во градот на македонските песници, браќата Миладиновци.

"Досегашната стандарнизирана форма на 'Струшките вечери на поезијата' ќе доживее некои иновации и дополнувања со нови  содржини и збогатувања на македонскиот културен простор, кои ќе им овозможат на учесниците да бидат посеопфатно претставени во рамките на фестивалот",  спрема зборовите на Мите Стефовски, нејзиниот директор, изречени по повод подготовките за неговото 55-то издание. 

 

Margaret Atwood (Маргарет Етвуд)

"Со новиот концепт се започнува уште оваа година и тоа со поетски портрети во кои 10-минутните читања на сите поети им овозможува на публиката да види презентација на разновидни поетики, кои меѓу себе се во некаков дијалог. А пак во рамките на новата содржина наречена 'Поетско кафе', во попладневните часови, ќе има книжевни дебати по одредени теми и поетско читање".

"Завршетокот ќе биде во Скопје со поетското читање, матинето во Матка и поетскиот митинг кај Камениот мост на Вардар, со што на 29 август официјално ќе заврши овогодишното издание на "Струшките вечери на поезијата", рече директорот Стефоски.

И така бидна.

Овогодишната лауреатка на наградата "Златен венец" е канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка и  есеистка, Маргарет Етвуд.

И кој знае? Можеби до година, или некоја по неа, и нашата Преспана ќе дојде на ред да  си ги одмери своите сили, од Бога дарувани, со светските гиганти на поезијата. Можеби, зошто да не? 

 

Сотир Гроздановски

 

 

СТРУГА

"СОЛЗИТЕ НА ПРЕСПАНА И ДЕН-ДЕНЕС ЈА НАПОЈУВААТ ПРЕСПАНСКАТА ДУША СО МНОГУ ЉУБОВ И ТОПЛИНА"

Од писателката Лидија Дочовска Павловска

 

Поетскиот првенец на авторката Лидија Дочовска Павловска "Солзите на Преспана" со самиот наслов кој ја овековечува приказната за настанувањето на Преспанското Езеро, преку ликот на  убавата Преспана, најдобро покажува дека изникна уште еден нов роднокрвен поет во плејадата на многубројните преспански поети и писатели, кои пишувајќи за својата родна Преспа, ја внесоа преспанската литература во македонските дијагонали и кај нашата дијаспора. Токму поради големата љубов кон своето родно место, авторката Лидија Дочовска Павловска оваа своја книга - првенец ја насловува со името Преспана, која постој како легенда за настанувањето на името Преспа.

Книгата почнува со песната "Солзите на Преспана", како прва песна, и завршува со истоимениот наслов, како втора песна, со која се заокружува  нејзината целина.

"Солзите на Преспана" содржат два аспекти: еден е автобиографски а други патриотски, односно постој спој меѓу автобиографски и патриотски елементи, во што е и нејзината големина.

Од првата песна "Солзите на Преспана", со која авторката Дочовска Павловска ја започнува својата поетска приказна, може да се почувствува дека солзите на Преспана и ден - денес  ја напојуваат преспанската душа со многу љубов и топлина. Всушност, првата песна "Солзите на Преспана" ја доловува пред читателите нескротливата природа на преспанскиот човек и неговото силно родољубље, поради кои, саможртвата е потврда дека животот нема вредност, ако од саможртвувањето ( во случајов со Преспана) зависи честа, гордоста и непокорливоста на еден цврст и хомоген народ, каков е преспанскиот, чиј што достоен претставник за вечни времиња ќе биде убавата и храбра Преспана. Токму затоа, авторката Лидија сака да се напој со бистрата езерска вода во која се влеани солзите на Преспана, за како што вели таа : " душа да освежам, памет да избистрам, тело да исчистам и со бистри очи да прогледам". Таа дури посакува да води монолог со Преспана, да и' подаде рака и да ја избави од езерското дно.  Воедно, поетесата гори од желба да и' ги избрише солзите на Преспана и да и' рече: "Доста се солзи ... Преспана".

Преку ова метафоричко опејување, Лидија Дочовска Павловска го возвишува преспанското историско минато исполнето со страдања и силен непокор, со многу пролеани солзи и крв по преспанските плодни почви, од кои се роди нов живот  и блесна уште посветла иднина, но солзите на Преспана секогаш ќе останат синоним за солзите на преспанскиот човек по неговите изгубени синови и ќерки, од чии жртви се роди слободата и новото преспанско, македонско сонце.

Со оглед на тоа што, со многу љубов во срцето,  со силна моќ на нејзиното перо, со нејзиното исконско родољубие, преку "Солзите на Преспана", авторката Лидија Дочовска Павловска се навраќа на нејзините преспански корени, родот и минатото со голема искреност и почит, можеме да ја наречеме, нашата Преспана.

Ние како читатели, од длабочините на нашите души можеме да извикнеме : "Ти благодариме, наша поетесо, што ни ја дарува Преспана, која е олицетворение на твоето битие".

Навистина, да се воздигне митот за Преспана на пиедесталот на реалната димензија, значи да се пуштат повторни корени, кои, овој пат ќе достигнат уште подлабоко во роднокрајната грутка, за никогаш повторно да не бидат откорнати. Ете, тоа е основната порака на книгата "Солзите на Преспанa" од нашата Лидија : враќање кон изворното постоење.

Едно е сигурно! Во саможртвата на Преспана за честа и гордоста на својот народ ќе ја препознаете нескротливата и до болка трогателна македонштина на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и уште многу други македонски културни дејци, вклучувајќи ја тука и авторката Лидија Дочовска Павловска, која како зрел и оформен поет може рамо до рамо да застане до ваквите звучни имиња, на македонската поезија.

Нашата поетеса Дочовска Павловска истовремено е и голем човекољубец. Во нејзината книга "Солзите на Преспана" таа вели дека целта на нејзиниот живот е - да се биде човек, што исклучително силно соодветствува со девизата на големиот Максим Горки: "Човек - колку гордо звучи". Во таа насока, во својата песна "Лотосов сон" авторката Дочовска Павловска ќе рече: "Љубовта го љуби човекот, а човекот е победник на своето денес".

Лидија Дочовска Павловска сосема е свесна дека е во расчекор со времето и токму затоа во својата песна "Расчекор" очајнички се обидува да го победи времето и да стане и надвременска и безвременска. Голема е нејзината желба да се врати во времето на херојството на Преспана и како што вели во "Расчекор": "Дојди, те канам гостин да ми бидеш, да го запознаеш моето време, за да го пронајдеш расчекорот што постој меѓу нас, тогаш ќе бидеш моето ЈАС, а јас твоето ТИ".

Значи нашата Преспана, поетесата Дочовска Павловска сака да го надмине расчекорот со митската Преспана и да го спои минатото со сегашноста, за да потсети дека нашата Преспа има не само свои митски, туку и свои современи, модерни херои, кои ја градат и иднината на Преспа и Македонија.

Она што е особено духовно и возвишено во ова поетска книга е длабоката религиозна нишка што е блажено исткаена во песната "Молитва". Со оваа песна поетесата Дочовска Павловска ја изразува својата љубов и верба во Бога, кој единствено може да ни подари мир, љубов и спокој, нам, на неговите поданици кои го слават Името негово и во неговата сила ја пронаоѓаат својата утеха и душевен мир. Во оваа песна поетесата ја велича безгрешноста на Бога, барајќи прошка од него преку стиховите: "И прости ми ...Прости ми...сепак, јас сум само човек".

До читателот сигурно ќе допре и песната "Водениот човек", веројатно  напишана во мигови кога надвор паѓале дождовни капки а поетесата Лидија сеуште размислувала како да ја извлече Преспана од дното на езерото и да ја внесе во својата душа, за да не биде осамена, за да биде ослободена од секојдневното трчање по животот и барем во самотните мигови, да биде составувач на бајка, во која и  самата ќе се пронајде во ликот на измислената самовила, Преспана.

И сега, доаѓаме до една од највпечатливите песни, тоа е песната "Битие" во која нашата поетеса ни го дарува своето битие, за да го осознаеме подобро нејзиниот внатрешен свет, нејзината животна филозофија и ја предочува минливоста на денешницата, гордејќи се со фактот што своето битие, како што таа го прима во себе од Преспана, утре ќе им го пренесе на новите генерации преспанци, кои ќе ги носат двете Преспани во своите срца и ќе им се поклонуваат со длабока почит: и на онаа митската и на онаа денешната, поетската Преспана.

Растргната помеѓу минатото и сегашноста, поетесата конечно и апсолутно се идентификува со Преспана, која ја чувствува како своја близначка во песната "Не чекај да  те канам". 

Таа доживува длабока метаморфоза, на тој начин што духот на Преспана е духот нејзин, солзите на Преспана се нејзините солзи и таа не може а да не каже: "Зарем не знаеш колку си ми потребна, твоето постоење живее во мене", а потоа продолжува со стиховите во кои копнее по безсмртноста: "без тебе сум смртна, непостоечка, без тебе сум личие како санта мраз". Затоа дојди ... не чекај да те канам, две сенки на една сме, на едно платно насликани, една, осамено дрво во рамница, друга, издадено цвеќе во пустина".

Од овие стихови може да се согледа дека поетесата Лидија има магична моќ да ја ослободи заробената  Преспана длабоко во себе и во еден поетски миг да се спојат во едно - во ликот на преспанската жена.

Потрагата по самата себе, по своето вистинито ЈАС, по своето сопствено битие, поетесата Дочовска Павловска , ја продолжува во својата песна "Точка ли сум или белина". Овде авторката си го  поставува она егзистенцијално и есенцијално прашање, што многу често секој човек си го поставува самиот себе си:"...А јас, која ли сум јас, во бел лист хартија твоја, точка ли сум или белина..." И одново се пронаоѓа себе си во Преспана, во своите преспански и македонски корени, задоена со водите на Преспанското Езеро, опиена од мирисот на преспанските цветови, дишејќи го чистиот воздух на преспанските шуми, чекорејќи по патеките на своие славни претци, гордеејќи се со слободата и самостојноста на нашата Македонија, ете, тоа е таа, нашата авторка Лидија Дочовска Павловска, таа нашата Преспа, нашиот Ресен, нашата Македонија, опеани во песните зачнати во нејзината нежно исткаена преспанска и македонска душа.

Лидија, својот  немирен и  нескротлив истражувачки дух одново ни го посочува, овој пат во песната "Филигран", во која го продолжува своето постојано трагање и немир, ја истакнува потребата за мир и спокој, за заборав на годините на имање и немање, за барање на смисла во безсмислата и оттука произлегува дека потрагата по своето битие трае додека постој човекот.

И од оваа песна пак проникнува симболот на љубовта и верата - неповторливата Преспана, чии што солзи капат на дланките на поетесата и од нив се создаваат сјајни бисери нанижани околу вратот на нашата авторка. Затоа, на крајот од оваа песна, Дочовска Павловска упатува молба:"Биди ми вечност, а јас.. твој филигран".

Песната "Преспанска елегија" од поетската книга  "Солзите на Преспана" на авторката Лидија Дочовска Павловска, се чини дека по својот поетски облик е една од најтрогателните и најчувствителните песни, која може да расплаче дури и скаменето срце. Да, бидејќи е полно со силен патриотизам, со длабока болка за страдањето на Преспа низ многу бури, ветрови и векови, но и гордоста што низ сите тие премрежија Преспанецот, Македонецот поминал горд и непокорен, со високо крената глава и со вечна слава и слободарско сонце кое не грее сите нас во оваа наша китим земја - Македонија. Во оваа песна, Лидија ги опејува и преспанските традиционални обичаи, велејќи : "Дар, со јаболков плод да ти дарувам, зашто, среќа со здравје од љубов бидува...".

Нашата авторка и денес го гледа во Преспа она што нашата Преспана го гледала пред многу години и векови: сонце, јаболка, дрочин, преспански бранови и sвездени неба". Нашата Дочовска Павловска од срце ја љуби својата родна колевка, својата Преспа и затоа, на крајот од песната "Преспанска елегија" целосно не импресионира со својот исконски патриотизам, велејќи: "Знам, јас знам, вечноста моја во Преспа бидува".

Навистина   мајсторски  својата поетска книга "Солзите на Преспана", авторката ја заокружува со втората песна според која оваа книга го носи својот наслов. Но, во втората песна "Солзите на Преспана", за разлика од првата во која беше опеано историското минато на Преспа, во втората истоимена песна авторката пее за сегашноста и иднината на   Ресен и Преспа истакнувајќи го тоа во стиховите : "Со Преспана да се збогувам, во ново време, порти да отворам". Лидија дава посебно силна завршница на оваа песна со последниот стих: "Гледај напред, Преспана!"

На крајот,  тажните солзи на Преспана стануваат солзи радосници, што живееме под ова преспанско sвездано небо, што не заплискуваат преспанските бранови и што не грее топлото преспанско слободарско сонце.

И се чини, дека поетесата Дочовска Павловска од длабочината на својата душа крикнува: "Преспо те сакаме, Преспо од срце не те делиме. Биди ни вечна, биди наша гордост и иднина".

Рецензент: Офелија Богоевска

Ресен, 12.о8.2016 година

 

Стелиос Папатемелис

 

 

СТЕЛИОС ПАПАТЕМЕЛИС

МАКЕДОНЕЦ ПОГОЛЕМ ГРК ОД ГРЦИТЕ

 

Како и секој друг, така и нашиот народ,  македонскиот ,  не е имун од предавници, шпијуни, петоколонаши и многу други такви и слични изгубеници во времето и просторот, кои од разни пориви им причинувале и се' уште им причинуваат на нашите луѓе многу болки, понижувања, навреди и други зла, како материјални, физички, така и душевни.

 Ги изнедрил, им створил идентитет, им помогнал да се воздигнат до височини кои не ги заслужуваат и наеднаш се одментале и постанале срам за себе и за својот народ и татковината своја.

Причините за таквиот синдром се сомневам дека некој со сигурност ги знае. Некој би рекол дека се состојат во материјалниот статус, други би рекле во третманот на општеството од кои потекнуваат, трети во нешто друго .... Меѓутоа, кога сите тие елементи на едно нормално, но и повеќе од нормално живеење се задоволени, па сепак му ги вртат плеќите на народот и на својата сопствена татковина и работаат против неизините национални интереси, мора причините да се многу подлабоки. Јас би рекол, дека тие се навоѓаат во нивниот ментален склоп и искривената перцепција за елементарните цивилизациски и лични вредности: - чувства за лојалност и љубов кон своето јато.

Таквите вертикално стоечки суштества, обичниот човек по ништо друго не  ги препознава, ниту по изгледот, ниту по зборовите кои од нивните погани усти излегуваат и го загадуваат воздухот потребен на сите нас, ниту пак по влечкањето на нивните ноsе по земјата што не држи, храни и на крајот не спаструва во нејзините пазуви, кога ќе престанеме да дишиме;  ќе ги  препознае само по злото во нивните дела и по тежината која се мери  со времетраењето, интензитетот и последиците кои ги оставаат зад себе, за секогаш.

Еден од таквите македонски изроди во егејскиот дел на Македонија бил и Стелиос Папатемелис (Stelios Papatemelis).

Стелиос Папатемелис потекнувал од претци наречени како гркомани-фанатици, кои учествувале во борбите против македонските интереси уште, дури, и пред балканските воини од 1912 и 1913 година, во областа Суха (Sochos). Нивните злосторства биле добро документувани. Стелиос бил внук на попот Темелко од селото Каљари, правник по заниммање и долгогодишен грчки политичар, пратеник во грчкиот Парламент и министер во владата на ПАСОК во 80 и 90 тите години од минатиот век. Бил голем противник името Македонија да го користат "скопјаните", како погрдно ги нарекувал своите сонародници - Македонците. Тој бил поборник за пишување на вероисповеста во личните карти на граѓаните во Грција. 

Стелиос Папатемелис за неговата "патриотска и православна" дејност, од националистичкиот архиепископ Христодулос бил одликуван  со највисоко црковно признание. 

Но, да кажеме уште нешто за овај македонски изродник и родомразец и зошто заслужува наш заеднички, македонски презир.

СТЕЛИОС ПАПАТЕМЕЛИС  бил роден во Солун во Јануари 1938 година. Студирал право на солунскиот универзитет "АРИСТОТЕЛ", а во неговата политичка кариера скокал од една партија во друга, за да на крајот, во 2009 година, заедно со професорот Костас Зурариас формира заедничка партија под името "Панхеленски македонски фронт".

Oвај "Панхеленски македонски фронт" била  коалиција на негови истомисленици и екстремисти. Во неговиот состав имало место и за грчко-македонската екстремна емиграција, наследничка на античко-византиската "грчка" Македонија, како самите себе си се претставувале. Нивните политички уверувања биле да немаат ништо заедничко со Македонците од соседната Република Македонија, зошто тие биле Македонци, ама не како нив, зошто тие биле "Славјани".

Стелиос Папатемелис заземал разни политички функции во грчката држава, па и заменик министер за Македонија и Тракија.

Господинот Папатемелис во своите чести јавни настапи и комуникации со јавноста не бирал зборови кога  зборувал за Македонците и Република Македонија. Тоа го направил и во интервјуото пренесено од ТВ СОНЦЕ за судбината на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија, кои тој ги нарекува Скопјани - бегалци или Македонци, ама не како него.

Се разбира, исто така, како што и ние несме како него.

СТЕЛИОС ПАПАТЕМЕЛИС уште во почетокот вели: "Тие бегалци кои одбија да се изјаснат како Македонци од видот на Скопје, треба срдечно да бидат примени во Грција. А мислам дека повеќето од нив веќе се примени", вели тој. "Но има некои од нив од посебни причини не се изјаснуваат дека не се од видот на Скопје и не веруваат во такви 'смешни работи'. Таквите бегалци кои не ја прифаќаат теоријата на македонизмот од видот на Скопје, би можела грчката држава да ги пронајди и да поминат низ 'решетото'. Државата има и такви служби за проверка. Јас мислам дека ги има малку кои се' уште се заразени од таквите верувања заедно со нивните семејства. Познато ни е дека сите анти грчки протести кои се случиле надвор од Грција биле во Скопје или во нивната дијаспора ширум светот и тоа од таквите, а не од обичните Славјани во Скопје. Нивната моќ е мала, мислам на деиците на анти-грчките настани".

"Се спомнувам на непријатните настани за време посетата на претседателот Сарsетакис во 1988 година на Скопје, а јас го придружував како министер за Македонија и Тракија. Тие неугодности ги направија баш личности за кои веќе зборувавме. Е сега, ако се вратат таквите, постој едно 'ако' ... Знаете, во 1982 година  Андреас Папандреу донесе еден закон според кој им го овозможи враќањето на сите бегалци од времето на граѓанската војна во Грција без никакви услови, освен еден, да се Грци по род. Тие и ако се Грци по род, од некои причини се трансформираа во нешто друго. Односно заминаа како Грци, а сакаат да се вратат  како 'Славјани', назад во Грција ".

"Не', се изјаснуваат како Македонци", - го исправува водителот на разговорот. 

"Да, ама од видот на Глигоров, Црвенковски, Трајковски..."

"Во секој случај, се изјаснуваат како Македонци".

"Да! Но сепак постоат разлики меѓу нас. Се поставува прашањето, која земја на светот увезува малцинства очигледно и  со докажано непријателство кон неа?  Што би значело за Грција враќањето на, барем, 100.000, мислам на бегалците и на нивните потомци? Што би значело за структурата на населението во леринско, костурско, воденско? Какви обврски државата би имала во поглед на имотите? Некогаш тие имаа  и имоти во овие краеви, но заради нивните непријателски однесувања за време на окупацијата и граѓанската војна, го изгубија државјанството, заедно со  имотите".

Господинот Папатемелис после овие расистичо-фашистички мудрости, го продолжува разговорот и вели : -

"Јоргос Папандреу во поглед на повратокот на бегалците од 'грчка'   Македонија се повикува на некои хуманитарни причини, односно заради долгогодишната раздвоеност на многу семејства. Јас сметам, дека тоа е недозволиво и претставува голема грешка и неодговорен однос спрема сигурноста на државата. Сметам дека такви потези се глупави и наивни. Тој би им дозволил влез во Грција на луѓе со докажани непријателски активности против грчката држава во тие далечни времиња. Која држава би дозволила влез на такви луѓе? Ни една! Имам сретнато членови на некои семејства од леринските села разделени пред многу години. Исто така имам сретнато и еден голем патриот од леринско, а неговиот брат бил најголем противник на Грција меѓу граѓаните каде што живее во Скопје. Покрај сето ова што го зборуваме, јас би додал уште нешто што оди во прилог против предлозите на Јоргос Папандреу. Кога би им се дозволил слободен влез , да речеме, на 100.000 скопјани во леринско, костурско и воденско, освен другите прашања кои Папандреу ги смета за правни прашања во писмените одговори кои се' уште не  се решени, но неговите служби  сепак работаат на нив, се прашувам; - и да се одлучи да им се вратат некои неподвижни имоти на таквите повратници, скопјани, државата можи да одлучи и подруго, а тоа е да им ги остави тие имоти на семеиствата кои ги поседуваат повеќе од 50 години, а ним да им даде паричен надомест со право да си купат други имоти. Но, дали доселениците ќе се задоволат со таквите правни и хумани одлуки? Ќе  останат само на тоа? Одма чим доидат, ќе бараат човекови права, училишта, книги за децата, ќе започнат разни пропаганди против државата ..."

"Ќе побараат признавање на национални малцински права...."!

"Да! Точно така! Со таквите побарувања, да речеме признавање на нивните национални права, ние ги враќаме назад 'скопјаните'..."

"Што е со историското право во Теспротија - округ во Епир" ? - прашува водителот.

"Да! Околу Чамите! Албанија си ги чека своите пет минути! За тоа се зборува во албанскиот парламент и во комисијата за надвоорешни работи, со што се мешаат во државниот суверенитет на Грција. Исто така се појавува и трето прашање поврзано со муслиманите кои потекнуваат од Тракија а се навоѓаат во странските земји. И тие го изгубија грчкото државјанство заради непријателски активности против грчката држава, а сега го поставуваат прашањето за поврат во Тракија. Се создаваат големи проблеми по безбедноста на нашата држава".

И така, со овие зборови и голема загриженост за грчката држава  го завршува разговорот господинот Папатемелис уверен, дека само со терор, етничко чистење на националните малцинства и крадење на нивниот имот, ќе можи Грција да се спаси од распаѓање на делови од кои е составена, со помош на западните големи сили. 

Познато е, дека арамијата никогаш не спие мирно. Совеста го јаде од внатре и секогаш очекува некој на сред полноќ да му тропне на врата. Да му тропне на врата, да му го прекине немирниот сон и да му ги прочита sверствата сторени врз телата и душите на протераните Македонци од нивните вековни огништа. Да му ги прочита желбите за поврат во нивните домови во кои доиденци се греат на нивните огништа. За да си ги наплатат побарувањата за украдените имоти, преголеми за државата која тоне, во сопствениот амбис.

 

Сотир Гроздановски

 

ПРОДОЛЖЕНИЕ НА АНАЛИЗИТЕ ЗА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

Во минатото продолжение на нашиов историски серијал зборувавме повеќе за балканските воини од 1912 и 1913 година. Во овие воини, главните учесници беа Грција, Бугарија и Србија, се разбира со учество и на македонскиот народ, сразмерно на нивните политички и црковни влијанија . Нивната заедничка   цел им била   Македонија да ја ослободат од Османлиската Империја и  нејзиното присуство на европскиот континент да го сведат на минимум. Меѓутоа испадна сосема подруго од нивните ветувањата,   дека доваѓаат во Македонија со чесни и пријателски намери за да го ослободат братскиот и христијански македонски народ од турското ропство и од владеењето на Исламот во неа.

И првата и втората балканска војна, впрочем , беа со намера да ја ослободат Македонија од Османлиите и Исламот и  да ја поделат македонската територија меѓу себе. 

Првата војна  се водеше  со заеднички сили на  трите соседи, заедно, против Османлиите и делење на македонската територија меѓу себе спрема позициите кои ги зазедоа нивните армии, а втората балканска војна од 1913 година  беше војна меѓу Грција и Србија против Бугарија, за прераспределба на веќе поделената македонска територија.

И во едната и во другата балканска војна страдаше македонскиот народ, зошто наивно им веруваше на своите христијански соседи дека доваѓаат во Македонија со чесни намери. Им веруваше дека навистина  ќе му помогнат  во остварување на вековниот сон за негова национална држава, како што и тие си го остварија  со помош на големите европски сили и Русија, порано. 

Па ајде да видиме до каде ќе стигнеме со следниов, дванаестти дел, кој пак ни го подготви нашиот соработник од Торонто, Ристо Стефов.

 

Сотир Гроздановски

 

 

 

Ристо Стефов

ДЕЛ ДВАНАЕСЕТТИ

10 ноември 2016

Пишува: Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

Минатиот пат зборувавме за злосторствата на Грците, Србите и Бугарите над македонскиот народ за време на балканските воини 1912 и 1913 година и за Извештајот на Карнеги комисијата, објавен 1914 година. Тој Извештај би одиграл голема улога во разјаснување на геноцидните постапки на завојуваните страни во балканските воини, да во некој случај истата таа година мировните процеси не беа прекинати со отпочнување на првата светска војна и извештајот за извршените злосторства не беше архивиран негде во мрачните  комори на меѓународната заедница.

За постоењето на таков еден важен документ во кој се зборува за злосторствата над македонскиот народ од страна на воиските кои требаа да го заштитуваат цивилното население  за време на балканските воини  а не да бидат нивни злосторници сознав од еден случаен соговорник во 1993 година, за време на растурањето на СФР Југославија.

Разгледувајќи ја копијата на интернет, се згрозував од неговата содржина.

СОГОВОРНИКОТ - Како реагираа Грците? Го игнорираа ли содржајот на Извештајот?

РИСТО - И ако Грците и другите завојувани страни не се сложуваа со намерите на Карнеги комисијата да истражува што се случувало за време на воените деиствија за време на балканските воини, немаа никакви шанси да ја попречат нејзината работа. Комисијата беше овластена од меѓународната заедница. Нивните негирања и тврдења дека не се догодило ништо не вообичаено што било вредно да се истражува, не влијаеле врз нејзината работа.

СОГОВОРНИКОТ -  До колку истите злосторства ги вршеле Бугарите и Србите како и Грците, зошто не ги споменувате во вашите текстови? Зошто само Грците ги споменувате?

РИСТО - Моето студирање на предметот за кои зборуваме е ограничено само на Грците и нивните злосторства. Со Грците денес имаме големи проблеми, кои не се состоат само во нивното непризнавање на нашиот национален идентитет, туку тие покушаваат да не истребат во потполност од човековата цивилизација заедно со нашата историја. Затоа не сакам да отворам повеќе фронтови одеднаш, за сега. Денес ние со Србија немаме некои навистина големи и отворени недоразбирања. Но до колку излезат некои не премостиви препреки и проблеми во нашиот соживот како блиски соседи, тогаш ќе го отвориме и тоа прашање. Али да ги отвориме горливите проблеми кои ги имаме и со Грција и Бугарија во исто време...? Мислам дека би  бил премногу амбициозен потфат. Со Грција јас знам до каде можам да одам, зошто сум од тие краеви. Исто така, морам да ви речам дека Бугарите се итри и никогаш незнаете каде стоите со нив. Тоа беше и проблемот на ВМРО со нив во минатото.

Беше лесно да ги препознаете Грците, зошто одбиваа да зборуваат македонски. Па така, со таквите далечни разлики помеѓу Грците и Македонците, знаете со кого имате работа. Меѓутоа, бидејќи Бугарите се претвараат дека ви се пријатели, изненада можете да добиете нож в'плеќи. Бугарите беа првите кои викаа: УРАА за Македонија, но во исто време одбиваат да ви го признаат идентитетот и македонскиот јазик, секогаш инзистирајќи дека  тие  се бугарски.

СОГОВОРНИКОТ - Ве молам, Ристо, објаснете ми ги разликите  на двата јазика и колку блиски се еден со друг?

РИСТО _ Тоа е сосема едноставно. После креирањето на бугарската држава во 1878 година и после Сан Стефанската спогодба, Бугарите постанаа фасцинирани и алчни да ја поседуваат Македонија по секоја цена. Па така, пробаа на секој начин да им докажат на Македонците, дека и тие се Бугари. 

Но дозволете ми да ви го освежам сеќавањето. Современата Бугарија била создавана врз претпоставките дека нејзиниот народ бил бугарски и потомци на Турко Татарите кои дошле на Балканот од зад реката Волга и зборувале татарски јазик, неразбирлив за Македонците. Па како такви, неможеле да ја докажат својата теза за еднаквоста на Македонците со Бугарите.  За да ги уверат Македонците дека тие се навистина Бугари, бугарската држава се одлучила да го прифати славјанскиот диалект (но не турскиот јазик) за стандарден јазик на народот.

Тоа бил јужно славјанскиот дијалект кои бил многу близук до диалектите кои се зборувале во Македонија. Македонскиот јазик е стар јазик со многу дијалекти, над 25, па така Бугарите избрале еден од домородните  кои се зборувал на нивната територија и го прифатиле како општо народен и подоцна го нарекле како бугарски. Тоа го направиле смислено, зошто фрлиле око на Македонија, но и со тоа сакале да им докажат на Македонците дека и тие се Бугари. Тоа го прават и ден денешен. Затоа упорно настојуваат да му докажат на својот народ, на македонскиот народ и на целиот свет, дека Бугарите и Македонците се ист народ, "две држави - еден народ". Интересно, Бугарите и ден  денешен ја поновуваат истата прикаска како вистина.

Бугарите избраа за свои јазик славјански дијалект  со кој се служеле Тракијците. Нужно е да се спомене, дека народот во Тракија се служи со славјански дијалект кои е многу сличен со македонските дијалекти. Но како и Грците, Бугарите зеле не само славјански дијалект и го нарекле бугарски, туку отишле и подалеку од тоа, што почнале да ја присвојуваат и македонската историја и македонската култура. Што значи, целото македонско историско  и културно наследствво.

Денес отидоа најдалеку што можи да се толерира во цивилизираниот свет, а тоа е дека Македонците зборуваат на бугарски дијалект, па затоа нивниот јазик е бугарски.

Ако е тоа така, тогаш Македонците требале да го прифатат таканаречениот бугарски дијалект спрема бугарските турко-татарски племиња кои се населиле во Бугарија. Нели?

Па ако одиме во безплодна полемика со самоуверените Бугари, треба да го поставиме и прашањето за јазикот на Македонците пред да дојдат Бугарите на Балканот. Зошто е бугарскиот јазик славјански јазик а не турско-татарски јазик?

Денес дури и нашата лажна историја ни докажува дека таканаречените македонски "Славјани" дошле на Балканот многу порано од Бугарите. Па така, што сака некој да докаже со искривување уште повеќе на историјата?

Јас би рекол со сигурност дека Бугарите зборуваат на еден од  дијалектите на македонскиот јазик, а не обратно. Јас понатака би рекол,  дека мнозинството во Бугарија било домородно население кое зборувало славјански, веројатно под влијанието на македонскиот јазик. И ако сакаме уште подлабоко да полемизираме со Бугарите,  јас би рекол дека Турко-Татарите биле асимилирани од Славјаните и нестанале пред многу векови како такви.

Па така, спрема моето размислување, бугарскиот идентитет со корени во Турко-Татарскиот е исто така лажен, како и грчкиот идентитет поврзан со идентитетот на античките Грци, кои нестанале пред повеќе илјади години. И така, без увреди кон народите од Азија, Турко-Татарите беа азијски народ со коси очи.  Колку такви луѓе можат да се видат денес во Бугарија? Не многу! И то само во северните делови на Бугарија.

Добро е познато, дека Македонците имале големо влијание врз цела Источна Европа од Медитеранот на југ, до Сибир на север.

Беше убав летен ден, кога ја посетив професорката Ангелина Маркус од Скопје, Македонија, за време на нејзиниот престој во Торонто, Канада. Ја посетив и поразговарав за се' што ме интересираше и се' уште ме интересира, а особено за македонската историја. Разговаравме и за  она што беше некогаш предавано во македонските училишта и за она , што од посебни причини никогаш не беше споменувано и останало како недоречена вистина.

Разговаравме и за нејзиното извинување за време на нејзината пензионерска прослава за сите лаги со кои ги осиромашуваше своите студенти, зошто им пренесуваше невистини за важни настани од историјата на македонскиот народ.

За време на нашиот разговор, ја запрашав професорката Маркус дали е тоа вистина. Дали им понуде на своите студенти извинување? Таа се насмевна и рече: да!  Потоа ја запрашав за какви лаги беше зборот. Разговарајќи, така слободна од товарот кои досега го носеше на своите рамена, ми изнакажа многу нешта за кои јас небев подготвен. Мислев дека оваа жена не е токму. Али како разговорот течеше понатака, сватив, дека заправо јас бев еден од нив ...Професорката Маркус беше многу  испред моето време.

Една работа која за сигурно не интересира и е важна за сите нас во овој миг, беа прашањата која таа ми ги постави: "Речете ми," ми се обрати професорката, "што е причината народите во Есточна Европа, од Медитеранот до Сибир да имаат имиња, топоними и јазик со многу сличности меѓу себе...? Мислите ли дека сето тоа е проста случајност?

Исто така речете ми, додаде, "која е причината што сите тие славјано говорни народи се' до Сибир бараа свештеници и учители од Македонија за време на 9-от, 10-от и 11-от век од н.е., кога Христијанството се ширеше на Север? Знаете ли дека првиот Универзитет во Европа е отворен во Охрид, Македонија, низ кои поминаа илјадници свештеници кои потоа беа испратени на секаде низ  Источна Европа да го шират Христијанството кај сите славјано говорни народи заедно со зборот Господов"?

Таа не ми одговори зошто, туку само ми рече, запрашајте се самите себе си ова: "Зошто англиските иселеници на американскиот и австралискиот континент бараа од Англија да им испрати учители...? Кога ќе го најдете одговорот на ова прашање, ќе го најдете одговорот и за прашањето со Славјаните од Медитеранот до Сибир, смешкајќи се загонетно.

"Беше ли тоа дека сите тие беа деца на Англија и дека нивната пра татковина била Англија заедно со јазикот кои го зборуваат и во новите земји?" Ја прашав осмелен! Професорката Маркус  си го гибна  носот и се насмеа!

Се разбира! Скоро сите колонисти во Америка и во Австралија, многу години пред да ги организираат своите нови заедници, беа неписмени и затоа им требаа учени луѓе за нивните училишта и свештеници за нивните цркви. И каде ќе ги најдат сите тие луѓе потребни за развојот на нивниот нов живот, кои го зборуваат нивниот англиски јазик, ако не во Англија?  

Но во нашиов случај, Бугарите ги оспоруваат дури и овие факти разбирливи за секого со здрав ум и разум.

Очигледно би било за секого да разбере, дека оригиналните учители од Солун, браќата Кирил и Методиј, биле Македонци и дека креирањето на Глаголицата и Кирилицата биле нивно дело, како и на Климент и Наум Од Охрид, кои е исто така во Македонија.

Несреќата лежи во болните желби на Грците и на Бугарите со кои настојуваат да ги присвојат творците на славјанските азбуки тврдејќи дека тие биле Грци  за Грците и Бугари за Бугарите, со што целата смешна прикаска ја прават трагична.

Ете така, денес имаме на едната страна новокреирана држава со името "Грција" која никогаш не постоела, уште помалку како некоја Империја, и која полага право над Коине јазикот и над целата така - наречена "Античка Грција" и над македонското историско и културно наследство, а од друга страна уште една новостворена држава "Бугарија" створена врз корените на Турко-Татарската Империја која полага право на стариот црковен славјански јазик, кој е чист македонски јазик, и уште на целото средновековно и современо македонско историско и културно наследство.

И сега, каде сме тука ние Македонците? Очигледно, ние за нив непостоиме!

Ако денес го прашаме било кој Грк , секој од нив ќе ви одговори дека знае да чита на древниот грчки јазик. Да! Вистина е. Па што ако знае?

Ќе ви рече дека знае да чита на старогрчки бидејќи тој е дел од неговиот или нејзиното наследство и дека не само бидејќи што се чувствува-ла поврзана со античките Грци, туку тие биле директни нивни наследници.

Јас можам да го речам истото, бидејќи знам да читам и пишуван на англиски, но дали тоа ме поврзува со Англија и ме прави наследник на старите Англичани?

Дури и ако им го објасните ова на Гркот, тие и тогаш имаа потешкотии да ја сватат суштината на проблемот. Тие неможат да сватат дека "грчкиот" јазик кој го зборуваат не е нивни мајчин јазик, зошто го научиле на училиште по директиви на власта во новостворената држава "Грција", компонована и именувана од Германците после револуцијата за самостојност од Османлиската Империја, во 1821 година, односно во 1832 година.

Исто така и Бугарите го прават истото. Тие го научиле тракијскиот јазик, кој е многу близок до македонскиот, но тоа не ги прави Македонци, Бугари или Тракијци.

Сигурно не! Тие се тоа што се! Јас немам проблем со тоа, се' дури не се мешаат во нашиот национален, македонски идентитет и не полагаат право на македонската историја и културното наследство, кое е само наше и на никого друг. 

СОГОВОРНИКОТ - Каков е тракискиот јазик?

РИСТО - Колку ми е познато, народот кој живее во дел од Тракија сега во составот на Бугарија зборува славјански јазик. Јас точно незнам како би го нарекол со друго име освен тоа што е: дијалект од јужно славјанскиот јазик!

А пак што е со Србите? Каква е прикаската со нив? Србите се друга прикаска. Дали тие познато дека и после двесто години од постоењето на нивната држава се' уште  има Срби кои зборуваат на славјански дијалекти? Некои од нив можам да ги разберам и ако сум од јужниот дел на Македонија. Меѓутоа, неможам да им го разберам премногу нивниот србски книжевен јазик. Тој е потполно различен од дијалектите кои јас ги познавам.

Па како бил креиран србскиот книжевен јазик?

Јас навистина незнам! Но ајде да одиме уште погоре на север кон Русија. Нема збор за едноетничко население во Русија затоа што зборуваат еден јазик. За сигурно во таа огромна земја има повеќе етнички народи, вклучувајќи ги домородците Инуити. И покрај сите тие различности меѓу нив, сите зборуваат ист јазик, Руски. Зошто? Затоа што Русија го презеде славјанскиот јазик за сите становници на Русија. Зошто? Под македонското влијание. Бидејќи Македонците им го пренесоа на Русите  Православното Христијанството на македонски јазик. На стариот славјански црковен јазик или стариот македонски јазик.

Македонскиот народ во голема мера имаше влијание на Русите за време на транзицијата во православието, кое се случи пред не така долг временски период. Можеби не подолго од 1000 години. Во богослужбите, Русите се служеа со стариот славјански црковен јазик, или стариот македонски јазик. Македонските свештеници им го пренесоа Христијанството на Русите и заедно со него и македонскиот јазик. Тоа го научив од професорката Ангелина Маркус Меѓутоа, тоа не е се'. Старите Руси биле славоговорни народ, а стара Русија била регија која денес се вика Украина.

Кога во една прилика го прашав еден морнарички офицер тука во базата Борден, кој заправо го учеше англискиот јазик, за етимологијата на зборот "Украина", незнаеше да ми одговори, но одеднаш и набрзина рече дека Украина била "центарот на светот". Но потоа пак го прашав, но овој пат му реков  "U" а после "Кraina" , офицерот одговори "at" "the end". Тој го препозна "U" да значи "AT" (НА) a "KRAINA" или "КРАЈ"  како "END" и така дојдовме до  зборот НА КРАЈ (AT END).

Баш така, на крајот од светот (AT THE END OF THE WORLD); затоа, што древните Македонци го викаа тој дел од светот така, а ние денес Украина. И знаете ли зошто? Затоа што тоа место каде ги испраќале своите затвореници го викале како место на крај на светот. 

За разлика од Македонците,  кои ги испраќале во Украина, Англичаните ги испраќале во Австралија.

Украинскиот офицер се изнасмеа . Вистина ли е тоа? Па мојата професорка Маркус мисли така! А како поинаку  на некого би му ги објаснил    сличностите на имињата на луѓето, или на местата , служејќи се со Македонскиот и Украинскиот јазик?

Како би проверил дали Украинските офицери, со кои постанав веќе и пријател, разбираат нешто повеќе од нашите дијалекти кои се зборуваат и во мојот крај во егејскиот дел на Македонија, специфично во крајот од каде јас потекнувам - Ошчима, им изнесов некои римувани зборови и реченици и ги прашав дали нешто разбираат од сето тоа. Резултатот испадна фасцинантен. Одговорот беше дека разбираат околу 50%  од зборовите, вклучувајќи го и зборот "САЛО" (свинска маст). Се запрашав: како е тоа можно, ако овие луѓе кои никогаш не студирале во Македонија и никогаш не слушнале за Лерин и Костур и дијалектите кои се во употреба во овие краеви да разбираат 50% од нив и нивното значење?

Во секој случај, мојата првотна констатација дека професорката Ангелина Маркус е своја врсна занесењакиња, погрешна!  Затоа би сакал од оваа временска дистанса да објаснам дека мислев така, бидејќи неизините идеи ми изгледаа, при нашата средба во Торонто , и пререволуционерни и не разбирливи за мене, но јас во секој случај имав и имам високо мислење  за неа. Нејзиниот сопруг беше руски дипломат со пристап на многу доверливи документи и други информациски извори за неа достапни, а за многу од нас не, па затоа и не е чудно што таа знае многу повеќе за она што ние можиме само да претпоставуваме.

Нашата лажна современа историја со сила не убедува дека Славјаните дошле на Балканот од Север. Од зад Карпатите. Меѓутоа, здравиот разум се сомнева во тоа. Прво, немало начин тие сиромаси и неподготвени луѓе да заминат на така долг пат, по некои мерења и над 1500 км преку карпатските планини до Романија и понатака до Балканот за да ја нападнат Византиската Империја и за така кусо време комплетно да го истребат домородното население од нивните вековни домови, да им го променат јазикот во секое нивно катче во Македонија, да им се населат во нивните градови и села на секаде околу нив, дури и во планините, да развијат така силна цивилизација со која би направиле темелити промени во Источна Европа... и сето тоа во 300 или 400 години? За мене тоа е не замисливо, а камо ли остварливо.

Ако Ангелина Маркус е во право, македонскиот народ е домороден во Македонија и од секогаш си го зборувал својот домороден јазик и имал корење во пра-историскиот Скитски јазик. Меѓутоа, нека сето ова до сега речено биде доста за сега, зошто излегуваме од денешната тема на разговор, за која ќе разговараме друг пат.

Мојата цел беше да докажеме, дека македонскиот народ не само да постој, туку извонредно многу придонесе во христијанизирањето и цивилизирањето на Источна Европа. Македонскиот јазик, стариот славјански црковен јазик, беше користен во широки размери при христијанизирањето на Источна Европа и дека Македонците треба тоа да го знаат и да бидат поносни на себе, било кога и било каде и со било кого се сретнат. 

Ние не смееме повеќе да веруваме во лагите на нашите инфериорни и злонамерни соседи и нивните кривотворби на историјата, дека Македонците не постоат!

Намерата и на професорката Ангелина Маркус беше насочена кон времето кога мораме да почнеме да мислиме самите за себе и самите да си ги осознаваме нашите корења, кои се многу по длабоки од било чии во нашето соседство и подалеку.

И на крајот, за сега, да ли вие познато дека богослужбите и во црквите на Романија се изводеа на старо славјански црковен јазик, односно на стариот македонски јазик?

 

Продолжува

 

Ваш Сотир Гроздановски

10 ноември, 2016

 

 

Kind regards: 10 ноември 2016

Sotir Grozdanovski br. 37