ЕДНИ ОД МНОГУТЕ УБАВИ МАКЕДОНКИ ВО ПРЕСРЕТ НА ДЕКЕМВРИСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ, МАКЕДОНСКИ ИЗБОРИ

ШТО СЕГА? ЕДНИТЕ ЗАВРШИЈА ДРУГИТЕ СЕ ПРЕД НАС

Доналд Џон Трумп
45.Претседател на САД

Американските претседателски избори завршија, инаугурацијата претстој, новoизбраниот претседател  ќе ја превземи должноста од  стариот на вообичаен начин и форма,  како што од секогаш и бил обичај, од Џорџ Вашингтон, до Доналд Трамп.

Има  немири и протести и  ќе ги  биде се', дури има повеќе од две страни во натпреварот, зошто секој губиток боли. Има и солзи и пцовки од едната страна, но насмевки и радост од другата страна. И тоа е дел од животот и се поновува од почетокот до крајот на нашето постоење.

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Џон Трамп (Donald John Trump) е роден во Њу Јорк на 14 јуни, 1946 година и е познат пословен човек, политичар - републиканец од 1987 - 1999, 2009 - 2011, 2012 до денес. Но, интересно е да се спомене, Доналд Трамп  пред 1987, 2001 - 2009 бил демократ. Па така, новоизбраниот претседател има доста политички искуства и како Републиканец и како Демократ. Nа 20 јануари, 2017 година ќе ја преземе претседателската должност на најсилната и најбогатата држава на светот, САД, а понатака ќе видиме што ќе му донесе на светот со своите се' уште не испробани ветувања за време на предизборната кампања против Хилари Клинтон.

Доналд Трамп во 1968 година дипломира на економскиот факултет при Универзитетот на Пенсилваниа, а веќе 1971 ја презема контролата над татковата фирма за некретнини и граѓевина, (Fred Trump's real estate and construction).

Што се однесув до неговиот семеен статус, три пати има стапено во брак и тоа со Ивана Зелничкова 1977 до 1991, потоа со Марла Меплес (Marla Maples) 1993 - 1999 и на крајот со Меланиа Кнаусс 2005. Има пет деца : Доналд, Иванка, Ериц, Тифани и Барон.

Неговото богатство во октомври 2016 година е проценето на $ 3.7 милијарди. 

 

Барак Хусеин Обама
44. Председник на САД

БАРАК ХУСЕИН ОБАМА (Barack Hussein Obama) е роден на 04 август, 1961 година во Хонолулу, Хаваи, САД, демократ и претседател на САД през два мандата од 20 јануари, 2009 до 20 јануари 2017, кога му ја предава должноста на новоизбраниот претседател Доналд Џон Трумп.

Претседателот Барак Обама е долгогодишен политичар во демократската партија, поранешен сенатор од  сојузната  држава Илиноис, добитник на Нобеловата награда за мир во 2009 за залагање против нуклеарното оружје во светот. Тој е првиот афро-американски претседател во историјата на Соединетите држави на Америка, а во својот мандат прв афро-американски сенатор и петти во историјата на Америка.

Мајката на Обама била бела Американка а татко му Кенијац и како такви се сретнале на хавајскиот универзитет и потоа стапиле во брак. Нивниот брак не траел долгу, па кога Барак навршил две години, родителите му се раставиле. Татко му се вратил во Kенија и се вработил во министерството за граѓевинарство. Дел од своето детство Барак го спровел со мајка си  во Индонезија, но на Хаваи се враќа да го заврши средното училиште и потоа да се запише на политилошкиот факултет на Колумбија Универзитетот каде студиите ги завршува на време и потоа специјализира надворешнополитички односи. По завршувањето на овие студии, завршува и правни факултет на Харвард Универзитетот, исто така на време.

После завршувањето на образованието, работи како адвокат за граѓанско право во Чикаго, па потоа и како предавач по уставно право на правниот факултет исто така во Чикаго. Во 1995 година ја објавува својата автобиографија, која постанува една од најпродаваните книги во САД. Оженет е со Мишел, со која има две ќерки: Малија Анна (Malia Ann)  и Саша ( Sasha ).

Како и во секоја друга земја во светот, изборите и во Соединетите Американски Држави се специјален и важен политички настан, кој през изборната кампања заземаат драматични мигови, често пати испреплетени со непријатни настани. Но на крајот, сепак добиваат цивилизирано лице пред американската јавност и си честитаат на успесите, како да  пред тоа било се' само уште една претстава, во кои има победници и губитници.

Меѓутоа, последиците од изборите се секогаш проблематични, неизвесни  и различни; -  зависaт од погледите на играчите, во натпреварот, спрема проблемите со кои се соочува светот околу нив, желбите и потребите на обичните луѓе врз чии плеќи почива заедницата во кои живеат, но и од светската заедница на народите и нивните стопански и безбедносни интереси. 

Деновиве се слушаат гласови за стравот кој се шири меѓу подржувачите на оваа или онаа политичка опција или која страна би била поарна од другата. Се разбира, секоја страна е добра, до колку на чело на државното кормило стој трезен и искусен кормилар. Би рекле морнарите кои искусиле секое време и невреме.

Се слушаат гласини и се разбира од нив треба и да се учи, а искуствата внимателно   да се применуват, зошто од довчерашниот непријател, тешко е да се очекува искрено пријателство. 

Рековме во насловот во ова мое вонредно јавување дека едните избори завршија, следните, македонските, се пред нас. Правилата се исти и вреднувањето на кандидатите кои се кандидираат да влезат во националното Собрание на Република Македонија треба да се темели врз нивниот стручен квалитет, лојалноста спрема македонската држава, неизините институции и неизините граѓани. 

Затоа, нека парламентарните избори на 11 декември 2016 година  бидат огледало на зрелоста на нашиот народ да има своја национална држава и да знае со неа да управува во полза на сите неизини граѓани. Огледало на зрелоста дека е кадар да се чува себе си, личниот и општо народниот имот од секакви злосторства на "шарени револуции" и надворешно инсталирани и финасирани против владини организации како досега. Но и дека е столб  на редот, мирот и националната безбедност во својата држава.

НЕКА БИДЕ ПО МЕРКА НА НАРОДОТ!

 

 Ваш Сотир Гроздановски

12 ноември, 2016 година

 

НЕКА СЕКОГАШ БИДЕ ВАКА

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Марко К. Цепенков

ДВАЈЦАТА ВЕРНИ ПРИЈАТЕЛИ ОД КОИ ЕДНИОТ НАБОЖЕН, ДРУГИОТ БЕЗБОЖЕН

 

Си беа двајца верни пријатели што в уста си плукаа ошто се многу милуаа. Еднио бил многу набожен а па другио многу безбожен. Немало ден што да не го покани набожнио пријатело си да поверува во Бога и во Риста.

- Слушај вамо, побратиме - му рекол безбожнио - секи ден кај ме каниш за да го веруам Бога, значи да веруам тоа што го нема.Слушај сега јас  нешто што ќе ти кажам: ти ме кандисуаш да веруам во Бога и во Риста за да се спасам и да влезам во рај, а пак ако умрам во безбожието, ќе сум влегол во вечна мука. За последен пат ќе ти речам: ако можиш да ми го кажиш рајо и вечна мука, да го видам со очи,  на часо ќе го поверуам и Бога и Риста и јас ќе бидам прв проповедник за Бога и за Риста. А пак ако не можиш тоа нешто да ми го докажиш, те молам, немој да ми се тоариш за тоа нешто, чунки не е чаре да веруам тоа нешто што не можам да го видам. Да ако сакаш да живееме као што сме живеале досега како браќа, за напред нема да ме насилуаш да веруам тоа што го нема.

Откоа го ислуша набожнио, му рече:

- Побратиме, треба да знаиш оти се' што има име на веков го има, чунки не можи да му се даи име на тоа што го нема. Има Бог и му се дало името Господ Бог. А пак за да го видиш рајо и вечна, не је нужда, чунки ти не си ја видел Америка и друзи држави и пак веруаш. Ете како не е нужда и да го видиш рајо и вечна и после да поверуаш. При сето тоа јас ќе му се молам на Бога да ти исполни желанието и да поверуаш. Чунки на Бога се му е возможно што не је возможно на чоека.

Откако си дадоа и зедоа тие зборои, двајцата пријатели се разделија и си отидоа по работата. Уверен  бидејќи набожнио на збороите од Риста: "Сакајте, да ви се даде", падна на колена пред Бога и му се моли три дни и три ноќи, со пос и молитва, во тајно Бог му даде на јаве. Му дошол на сон ангел Божји и му рекол:

- Чоече Божи, Господ ти послуша молитвата и ќе ти исполни желанието. В недела рано да го земиш твојо пријател и да отиде на филајн планина и отаде ќе го видите рајо и вечната мука.

Видуајќи тој сон, набожнио отишол кај безбожнио пријател со голема радос и вера, го зел пријателот и го однесол на уречената планина. Седнале под една убава сенка, до еден извор, и си полегнале да преспијат. Во истото време му дошол ангелот и му ји зел душите и ји повел  по себе, та и однесол да го види безбожникот рајо и вечната.

- Еј чоече, ти што не веруаш оти има рај и вечна, ела сеа да видиш и да поверуаш и да бидиш верен, а не да си неверник.

Кога се приближиле до портата од вечна мука и поглеале внатре, што да видат? - Една темна магла, а низ маглата се пуштаа огнени јазици; и кој и удри една страшна миризба од ќуќур во нос. Пламените јазици и огнени талази излегуа од едно огнено езеро. Во тое езеро имало луѓе што се мачеле: гореле и не изгоруале. Плачеле и пискале, што му грло течело и си колнеле саато што се родиле и што грешиле, та да дојдат на тоа место. Коа виде безбожнико, од страо морници му оделе по снагата и ја прашаше тие луѓе што биле во вечна за кој 'и донесол во вечната мака.

- Сами ние сме дојдени, пријателе, во вечнава мака, сами, чунки бевме безверници и безверници. Сами, сами, пријателе!

Тогај го праша безбожнико ангело:

- Молим те, ангеле, ако не ми кажиш во вечнава дали има Бугари?

- Има, има.

- Ами Грци?

- Сума има!

- Ами Власи има?

- Има, има и Власи!

- Ами Еиѓупци, Ерменци, има и од нив?

- Има!

- Ами Ингилизи, Вренци, Немци, Маџари, Пруси и Руси Има?

- Има и од нив и од сите милети има, колку да ми сакаш!

- Ами од кој народ немат?

- Само рисјани нема, пријателе, којшто го веруат Риста и одат по заповедите негои. Ете, таквие луѓе немат, калан-кусури од сите имат, има колку да ми сакаш - му рекол ангелот.

'И зеде ангелот откај вечната мака и ји однесе кај рајските порти. Коа погледнаа од портата во рајо, виде една убаина внатре што око чоечко не видело и уо чоечко што не чуло.  Сите луѓе што биле во рајо во бело биле облечени и со зелени венци накитени му биле глаите. Едно благоухание што излегуало од рајо, што тажноина да му падне на чоека!

- Ами во рајов, ангеле, има Бугари? - гопраша безбожнико. - И од друзите народности што има во вечна, али има?

- Во рајов, пријателе, нема никаква народнос - му рече ангелот на безбожнико.

- Ами што има?

- Има само и само рисјани што исполнуале заповедите Божи.

- Молим те, ангеле, пушти не' да си влезиме во рај и така си не' донесол до овде!

- Тука духом се влегуа - му рече ангелот - а не телом.

На тоа згора му ји однесе душите во снагите и коа се разбудија, си го прикажаа тое нешто што го видоа и си отидоа во градо и на часо беше се крстил безбожнико и стана Ристов проповедник наместо безбожник и безверник.

Блажен е оној чоек кого вразумуваш, Господи, и закон си го учиш. (псалм 94 страна 12)

 

Марко К. Цепенков

Kind regards: 12 ноември 2016

Sotir Grozdanovski br.38