АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
ДЕЛ ЕДИНАЕСЕТТИ

Беломорка Македонка

 

 

 

БЕЛАТА ЖЕНА ОД БЕЛАТА ЗЕМЈА

Ружа Спасовска

 

Ме прашуваш од каде сум?!

Што ми лицето било бело,

што ми косата била руса,

та и очите мои сини.

 

Ме прашуваш од кај ми е потеклото,

Од кај ми се корените -

дал од земја некоја северна

или од далечна Русија?

 

Што те чуди мојто лице бело?

Па јас сум си од земја бела!

Што те чудат мојте очи

што синеат како Белото Море,

а од сонцето милувани косите руси.

 

Што те чуди снагата ми бела,

на Бела земја пораснала,

од Белдар вода пиела,

во Белото Море се капела,

на градите бел крст носела.

 

Низ Бела Земја, Белдар река тече,

од Бела Планина извира

во Белото ни Море се влива,

Од Белата Планина па до Белото Море,

на секој камен бел крст има.

 

Кога мојта баба блажена била

на тешка преселба не тргнала

на огништа останала

прабаба ми ја родила;

Родот нејзин се' уште трае,

не се чуди што бела сум јас

 и внуките мои ти се доказ.

 

Роднините мои на север тргнале

нови земји населиле,

словото го понеле

и Словени ги нарекле.

Писменост рашириле

и царства оснивале,

на поклонение во Бела Земја се враќале

и од тука благослови земале.

 

Поздрави ги моите бели роднини

во земји Дар-дадени

и оние

зад Карпатите преселени.

Поздрави ги и кажи им

за гените наши Македонски

Раскажи им за

Деца храбри од Бела земја

и кажи им да не заборават

од каде потекнуваат - 

Од МАКЕДОНИЈА

МАЈКА ГОСПОЃА НА ЗЕМЈАТА!

 

Ние народ на Небесниот Господар сме,

деца на Големата Небесна Мајка

со духот Божји Македон

од земја

МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА НА СВЕТОТ Е!

*************************************

Преземено од "МАКЕДОНСКА НАЦИЈА", Среда, 13 октомври 2016.

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

 

 

 

Бегалци

Македонски селани

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО НАШИОТ ИСТОРИСКИ СЕРИЈАЛ

Ристо Стефов

 

ДЕЛ ЕДИНАЕСЕТТИ

01 ноември 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превод на македонски и уредник: Сотир Гроздановски

 

Во тие времиња, осим високите достоинственици од грчката и бугарската црква или оние од грчките власти, кои повеќето живееа во големите градови, немаше грчки или бугарски граѓани  по македонските села. Ги немаше дури ниту меѓу умрените . Сите насилно погрчени кои постанале верници во грчките православни цркви, беа Македонци. Исто така, сите кои беа со лаги наговорени да бидат верници на бугарската православна црква беа Македонци. Сите шпиуни  убиени од македонските револуционерни групи, исто така беа Македонци. Грчките шпиуни кои работеа против луѓето кои одеа во егзархиските цркви (бугарските)  беа Македонци, како и шпиуните кои работеа против луѓето кои беа заколнети верници во грчките цркви, беа Македонци. Свештениците кои служеа по грчките цркви, повеќето од нив, беа Македонци, како и учителите во училиштата платени од грчката Патријаршија беа Македонци. Таков беше случајот  и со бугарските цркви и нивните свештеници, како и со нивните учители. И тие беа Македонци. Дури и обичните доушници и разбојници на Патријаршијата и Егзархијата беа Македонци. Во тие времиња.

Но сепак, и покрај фактичката состојба, секој убиен Македонец од Османлиите, Албанците, Грците или Бугарите, беше прогласен за убиен Грк или Бугарин.

Бидејќи во македонските села не живеа Грци или Бугари , неможеше да постојат ниту грчки, а ниту бугарски жртви. Но, немаше очи тоа да го видат, ниту уши да слушнат!

 

 

Македончиња - жртви на воините

Браилсфорд

Ниту познатиот англиски новинар и известувач Браилсфорд, ниту пак историчарот  Дакин и многу други немаа веродостоини податоци, со кои би ја  докажале правата вистина за настаните во Македонија. Сите информации за нивните книги  доваѓале  од "политички исправни" и филтрирани извори. Извори контролирани од Западните Големи Сили, кои ги застапувале грчките  ставови и позиции. Непостоеле извори за информации, кои би ги застапувале македонските интереси и македонските позиции, зошто Македонците својот национален идентитет одамна го изгубиле и фактички постанале Бугари, Грци или Срби. 

Македонците биле нечовечки експлоатирани од Османлиите и од Европеиците и згора на тоа, биле  презирани до колку приговарале. Биле насилно Хеленизирани, а потоа критиковани што не се однесувале како Хелени.  Биле казнувани од Бугарите зошто го прифаќале Хеленизмот, за потоа да бидат насилно бугаризирани. Тие кои биле бугаризирани, биле злоставувани и потоа убивани од Грците, зошто ја изневериле дадената заклетва на верност кон нив. Ваквата положба го дочекала 20 тиот век, но тоа бил само почеток....

За време на Првата Балканска војна, 1912 година, кога Грците, Србите и Бугарите извршија инвазија врз Македонија, биле дочекани како христијански браќа, верувајќи, дека тие се тука да ги ослободат од Османлиите. Ево што им било речено на Македонците:

"Браќа, вашите маки и страдања ги трогнаа срцата на вашите блиски. Затоа тие, инспирирани од светата должност  и  братските симпатии, доидоа да ви помогнат и да ве ослободат од Османлиското ропство. Како награда за нивните жртви, тие не бараат ништо, освен да го воспостават мирот и редот во земјата, во која сме се родиле. Излезете и дочекаите ги храбрите борци на слободата. Покриите го патот пред нивните ноsе со цвеќиња и слава и бидете великодушни спрема довчерашните ваши господари. Како прави Христијани, немоите да им враќате зло за зло. Нека долго живее Слободата! Да живее армијата на ослободителите!"

Многу Македонци им се придружиле на странските армии и заедно со нив се бореле да ги истераат Османлиите надвор од Македонија. Кога завршиле битките, многу Македонци биле затворени од истите тие армии со кои се бореле против Турските воени сили, а да не знаеле зошто. Кога ја дознале вистината, било веќе доцна.

Откако ги истераа Османлиите, странските армии одбија да се повлечат од Македонија. Сега им беше јасно на македонскиот народ, за што зборуваа неговите лидери, цело време.

Потоа, во 1913 година,  странските армии го свртија оружјето  спротив самите себе си,  за поголеми парчиња од македонската земја. Потоа,  се свртија заедно против Македонците.  На пример, ако некоја позиција била чувана од Бугарите, а потоа Грците би ја презеле, грчката армија ги казнувала Македонците зошто не се бореле против Бугарите или зошто и' помагале.  Бугарите и Србите го правеле истото.

Пред да бидат испратени во Македонија,  да ја "ослободат", на воиниците им било речено дека во Македонија ќе најдат свои луѓе и затоа биле испратени таму  за да ги ослободат   од страшните Османлии и од големите и лоши Бугари. Им било речено, дека Грците ви се пријатели и сите други ви се непријатели.

Но, кога грчката армија влегла во Македонија,  таму не нашла Грци. Само по некои Македонец, кои зборувал грчки. Тоа била причината, зошто ги отпочнале масовните убиства на невооружените старци, жени и деца, не штедејќи никого.

Со други зборови, странските армии вршеле геноцид врз македонскиот народ, зошто биле   погрешно информирани од нивните надредени. Таквото однесување го привлекло и вниманието  на надворешниот свет.

СОГОВОРНИКОТ - Која година беше тоа?

РИСТО - 1913. Извештајот беше објавен 1914.

СОГОВОРНИКОТ - Го имаш тој Извештај?

РИСТО - Да! Имам копија од него!

СОГОВОРНИКОТ - Може ли да се добие копија од тој Извештај на Интернет?

РИСТО - Да! Може!  Оригиналниот Извештај нестанал, но кога почна новиот балкански конфликт, со распаѓањето на Југославија,  некој се сетил да го препечати.

СОГОВОРНИКОТ - Добро, Ви благодарам! Ќе погледам!

РИСТО - Со почнувањето на балканските воини 1912 и 1913 година, Карнеги фондацијата за меѓународен мир формира истражна комисија и ја испрати  во Македонија да ги испита околностите околу неконтролираните и масовни убиства . Комисијата била составена од седум истакнати членови од Соединетите Американски Држави, Англија, Франција, Германија, Австро-Унгарија и Русија. Меѓу нив бил и почитуваниот новинар Браилсфорд, автор на книгата "Македонија нејзините раси и нивната иднина". Комисијата била испратена од Париз на  о2 август 1913, пред завршетокот   на Втората балканска војна, а се вратила назад во Париз на 28 септември, скоро  осум недели подоцна. Игнорирајќи ги  неслагањата на грчките власти, Комисијата стигнала на време, како би имала прилика да се сретне со очевидци или учесници во воените настани,  дури сеќавањата им се се' уште свежи. Резултатите од работата на Комисија биле сортирани и средени и во 1914 година биле објавени. 

Во својата изјава од 22 февруари 1914 година, актуелниот директор на Карнеги Институтот, Николас Муреј Батлер истакнал:

"Околностите кои доведоа до балканските воини 1912 и 1913 година, заправо придонесоа  цивилизираниот свет да се позабави со нив. Контрадикторните извештаи кои  се занимаваа со причините за пред почетокот и за време на воените деиствија , заедно со постојаните и често пати неверодостоини соопштенија,  поткрепувани со специфични и детални изјави за кршењето на воените закони од страната на  спротивставените страни, предизвикаа потреба за една непристрана и исцрпна расправа за целата оваа ратна епизода, од современата историја. Потребата за една  објективна истрага од независен авторитет би  била важна за информирање на јавноста како и утврдување, впрочем, што е или што би могло да биде вклучено во една меѓународна војна, водена во современи околности. Кога би  можеле човековиот гнев  да го запреме за кус временски период од расната нетрпеливост и националното величање и го насочиме кон размислување за личните и националните штети од воините и страшните трауми кои современите војувања носат со себе, еден чекор, макар и колку мал да е, би не довел до замена на насилствата со правдата, во средување на нашите маѓународни разлики и недоразбирања.

Со оваа цел и намера, оделението за врски и образование на Карнеги фондот за меѓународен мир формира во јули 1913 година меѓународна комисија со задача да ги простудира недавните балкански воини и да ги посети  местата на битките и териториите кои биле девастирани. Претседателската улога на Комисијата му беше доверена на Барон д'Естурнелс де Констант, Сенатор од Франција, кој ја претставуваше својата земја на Првата и Втората Конференција во Хаг 1899 и 1907 година и кој како Претседател Олеснувач за меѓународно помирување работел долго и ефикасно,  помирувајќи и зближувајќи  многу народи со предходно лоши или никакви меѓусебни односи. Со Барон д'Естурнелс де Констант соработувале луѓе ценети и угледни, претставници на разни народи и националности кои имале особини важни за оваа работа, внесувајќи во неа, при тоа, големи искуства." (George F. Kennan. "The Other Balkan Wars" A Carnegie Endowment Inquiry in Retrospect with a New Introduction and Reflections on the Present Conflict. Washington, DC: Carnegie Endowment For International Peace, 1993).

И како што реков и порано,  спрема Извештајот на Карнеги,  не биле само Македонците изманипулирани. И воиниците на армиите кои извршиле инвазија на Македонија биле излагани, исто така. "Србскиот војник исто како и грчкиот, бил убедуван дека во Македонија ќе се сретни со свои сонародници, луѓе кој го зборуваат нивниот јазик и кои ќе го поздрават со "живео" или "зито" нивното доваѓање. Но, тој нашол подруги луѓе од себе, кои викаа "урааа"! Па така тие  погрешно се разбирале или не се разбирале воопшто. Теоријата со кој тој војник растел дека Македонија е Србија или Грција, во овие случаеви испаднала неточна и лажна; но уверувањата дека Македонија мора да биде сега или подоцна србска или грчка, се' уште била жива. Без сомнение, нивната желба останала, Македонија да биде тоа што била за времето на Цар Душан Силни или за време на Византиските Императори. Само бугарските пропагандисти биле тие кои им всадиле уверувања, дека се Македонците Бугари. Затоа нив треба да се истераат од Македонија и таа пак ќе биде србска или грчка."

Во секој случај би било вредно да се земе Извештајот и да се прочита, нарочито сведочењата на очевидците, статистичките податоци за убиените, како и писмата на грчките воиници испратени до нивните семеиства во кои ги признаваат и опишуваат страшните злочини на кои тие биле натерани да ги извршуваат. Книгата е напишана  и авторизирана од George F. Kennan и е насловена "The Other Balkan Wars" А 1913 Carnegie Endowment Inquiry in Retrospect with a New Introduction and Reflections on the Present Conflict. Washington DC: Carnegie Endowment For International Peace, 1993.

Втората Балканска војна била за освојување територии и освета. Во неа имало победници и губитници. Губитниците се осветувале со убивање на не военото население и плачкосување, опожарување на селата,  силовања и тнт.

Во наведената книга, меѓу другото, ќе најдете и упатства :

"Заборави дека твоите непријатели се луѓе и така ќе ги третираш како инсекти". (P 95)

"Кога ќе имаш работа со варвари, мораш да се однесуваш и ти како варварин". (P 95 изрека на еден грчки офицер.)

Спрема Извештајот на Карнеги, Грците биле први кои ја започнале агресијата врз Македонија, со нападот на Кукуш на 04 јули 1913 година. Како одговор, Бугарите го нападнале Демир-Хисар на 07 јули, Серес на 11 јули и Доксато на 13 јули 1913 година.

На 12 јули, спрема Извештајот на Карнеги, Кралот Константин испратил телеграма до претставниците на Грција во европските престолници со следната содржина;

 

ТЕЛЕГРАМ НА КРАЛОТ КОНСТАНТИН

12 јули 1913.

Генералот на шестата дивизија ме информира, дека бугарските воиници под команда на   еден капетан на џандармеријата собрал во дворот на училиштето во Демир-Хисар над 100 угледни градски луѓе, владиката и два свештиника и сите ги стрелал. Главниот штаб наредил ексхумирање на жртвите и утврдување на починетото злосторство. Понатака, бугарските воиници нападнале млади девоики и ги  убивале тие кои им се спротивставувале. Протестираите, во мое име, кај претставниците на Силите и кај целиот цивилизиран свет  и нагласите им, дека и против моето длабоко жалење, се чувствувам обврзан да им одговорам на исти начин и им внесам страв за тоа што го направија, но и да не се осмелат да ги поноват истите или други слични злосторства. Бугарите ги надминаа сите страшни однесувања направени од нивните варварски хорди во минатото, па така потврдија и сега, дека немаат право да се третираат како  цивилизирани луѓе.

(Потписан) КОНСТАНТИН, Крал.(Стр. 300)

 

Исповедите кои ќе ги прочитате се или од очевидци на настаните, или учесници во настаните кои Грците ги направиле во Кукуш.

 

СВЕДОШТВА НА ОТЕЦОТ

ЈОСИФ РАДАНОВ ОД КУКУШ

 

На 02 јули тој кој можел да види од Кукуш, дека околните села беа запалени , Саламанли едно меѓу нив, би видел  дека и полињата со веќе зрелата ченка зад грчките позиции гореле незапирливо. Грците ги бомбардираа, намерно, селаните кои уште во раните утра одеа в'поле на работа . Исто така, грчката артилерија жестоко ги бомбардираше и бегалците од соседните села кои беа на пат до брдото Кара-Бунар, околу еден и нешто повеќе километри оддалечени.

Следниот ден, 03 јули 1913 година, борбите се приближија до градот, али Бугарите се' уште ги држеа своите позиции.Околу пладне, Грците почнаа да го бомбардираат Кукуш. Но, кога јас си  отидов, се' уште не се приметуваше запалена куќа во градот.

 

СВЕДОШТВА НА ОТЕЦОТ

ЖАН ЧИКИТЧЕВ

 

На 03 јули 1913 година по пладне, заедно, Отецот Мајкл и јас, побаравме засолниште  во детскиот центар на нашите чесни сестри.  Меѓутоа, грчката артилерија го продолжи своето тешко бомбардирање и така, центарот и болницата беа на нивната мета. Повеќе гранати паднаа во непосредна близина, за кои мислев дека е некоја грешка, но гранатирањето продолжи намерно и неколку куќи веќе гореа. Околу 40 гранати беа испалени. Гледајќи ја лошата положба во која се најдовме, одлучив да најдам некое посигурно засолниште; им се придружив на бегалците. Идната ноќ изгледаше како да целото поле беше во силен пламен.

 

ЗАБЕЛЕШКА: - двајцата очевидци беа свештеници на Католичката Унијатска Црква.           (стр. 300)

 

ГОСПОДИНОТ  С. (Изгледа неговото име не е забележано), католик, од селото Тодораки близу Кукуш изјави дека на 06 јули 1913 година грчки командант дошол пратен од 30 воиници и 8 наоружани Турци. Бил протеран и оставен на сонце без храна и без вода од утрото во 7 часот до 3 после пладне. Неговата куќа била ограбена заедно со 200 франци и сите лични предмети. Од како го ослободиле, сознал дека и другите селани биле ограбени. Двајца биле тепани, а 12 биле одведени во Солунскиот затвор. Жените не биле малтретирани. (стр.301).

 

 ПЕТАР ШАПОВ, од ЗАРОВО близу 

ЛАНГАЗА, овчар

Ги водел своите овци и кози на пат за Демир Хисар, кога грчката коњица ги пресрела бегалците и почнале со сабјите лево и десно да ги масакрираат. Му зеле 600 кози во негова  сопственост и на неговите два брата. Еден  коњаник го ранил брата му, кој подоцна починал на бугарската граница. Бугарската армија била далеку од овие настани околу половина час, пешачење. 

(стр.301).

 

МАТЕ, жена на ПЕТРО од Богородица, 

близу Лангаза.

Видов грчки коњаници кога влегоа во нашето село. Побегнав, но во мојата паника и страв, го поведов  моето тригодишно дете, а го оставив другото, старо 18 месеци, зад мене. Кога погледнав назад, селото беше во пламен.  (стр.301)

 

ЕЛИСАВА, жена на Георги од Зарово, 

близу Лангаза.

Сите побегнавме, кога почнаа гранати да паѓаат на нашето село. Стигнавме живи во Дамир - Хисар. Малку подоцна слушнав викање, дека грчката коњаница доваѓа. Паника на секаде од страв; децата паѓаа на земја, а тие со коњите газеа преку нив. Јас спасив едно, а другото неможев да го понесам со мене. Мојот маж успеа да поведе со себе две, но од тогаш до денес, ништо не сознав што се случило со нив. (стр.301)

 

СОГОВОРНИКОТ - Али тие кои ги правеа злосторствата над народот не бе сите Грци. Имаше и Бугари кои правеа исто така злосторства над така наречените "Бугари" или "Грци". Taka?

RISTO - Да! Бугарите и Србите исто така правеа зулуми и масакри над Македонците. Вие требате да го прочитате Извештајот, бидејќи тоа е невероватно што му правеа на нашиот народ. Ево овде имам писмо од кое се гледа што му правеа на луѓето, сите завојувани страни за време на Балканските воини, во Македонија:

 

 

РОДОПИ, 01 јули 1913 година.

Оваа војна беше грозна. Ги горевме сите села напуштени од Бугарите. Тие ги гореа грчките села, а ние бугарските. Тие масакрира, ние масакриравме све што ќе ни паднеше в раце, од оваа непоштена раса. Пушките Малинхерки ја вршеа својата работа. Од 1200 заробеници што ги заробивме кај Нигрита, само 40 останаа в затвор. Секаде каде стигнавме, не оставивме никого  жив.

 

 

Примете ги моите топли поздрави

заедно со братти и неговата сопруга,

СПИЛИОТОПУЛОС ФИЛИПОС

********************************

 

 

 

Продолжува 

  

 

 

 

 

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Книга на народната мудрост

 

 

НЕВЕСТАТА ШТО МУ ПОДАРИЛА

НА СВОЕТО МОМЧЕ

ПОЛОВИНА ОД СВОЈОТ ЖИВОТ

 

Имало еден чоек и една жена, - маж и жена, - им умирали децата. Најпосле им се родило едно машко дете и на треќата вечер ќе го донесе господ еден стар чоек, - го стемнало у селото и немало кај да ноќева, - та отишол у куќата на човекот шчо му се родило дете. Му вика:

- Ќе ме пушчиш  ли да ноќевам вечерва у вас? 

И домаќинот му рекол:

- Добре си ми дошол! Имам треќа вечер - господ те донел.

Останал ноќта тува. Откако вечерале ноќта, - сите легнале, испозаспале. Само старецот не спал, чекал да ги чуе наречниците, шчо ќе му наречат на детето. Едно време дошле они. Првата рекла:

- Ајде и ова нека им умре.

Втората рекла :

- Нека поживее, нека му се порадујат татко му и мајка му!

Треќата рекла :

- Ја шчо ќе речам, моето ќе биде! Нека расте, нека порасне двајсе и две години, да стаса за женење, никаде мома да не најде, да најде преку вода. Кога ќе се врати назад, да се удави у водата и невестата да ја вратат назад.

Свети Илија - он ти бил старецот, - сето го ислушал. Утредента, коа си ќинисуал да си оди, им нарачуе на мајка му и на татко му на детето:

- Кога ќе го жените, мене да ме викнете. Да се качите на тој рид и да викнете: дедо Илија, дедо Илија! - и јас ќе дојдам.

Расло детето, пораснало дваесет и две години, нашле мома преку вода. Таман ги испратиле сватовите, им текнало за "дедо Илија". Бргу пратиле по него да го викнат и он дошол, ги втасал сватовите.

Отишле таму, ја зеле невестата. На враќање свети Илија одил покрај момчето и го крепил од едната страна. Така ја поминале реката. Туку кога дошле на крајот на водата, еден коњ прснал вода со опашката, му влегла у устата на момчето една капка, го удавила.  Оттука свети Илија оди право кај господа да го моли.

- Аман, господи, - му вика: овака, овака се стори една работа. Не му даваш  ли сега на момчето душа?

Господ му рекол:

- Ја душа давам, ама дни не давам. Иди, прашај ги татка му и мајка му на момчето, ако  му дадат од нијните.

Бргу - бргу дотрчал свети Илија кај што била свадбата и ги праша татка му и мајка му на момчето, дали ќе му одделат од своите дни. Они не давале!

Оди свети Илија кај господа и му кажуе:

- Господи, господи! не даваат од дните ни татко му ни мајка му.

- Иди, прашај ја невестата и ја прашал.

- Колку години имам да живејам? - прашала невестата.

И свети Илија и' кажал. Тогај косата на невестата им покривала лицето. И она си фанала со обете раце косата, ја разделила наполу и рекла:

- Половината дни мои нека бидат, половината - негови.

После оживело момчето.

Оттогај останало жените да си прават патец на главата.

**********************************************************************

 

Ваш Сотир Гроздановски

01 ноември 2016

 

 

Kind regards: 01 ноември 2016

Sotir Grozdanovski br. 36