ПОСТИГНАТ РАБОТЕН ДОГОВОР ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

ГОСПОДИНОТ ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ ЗА "НОВИ ЛИСТ" - РИЈЕКА

 

Пред извесно време, во Хрватска гостуваше претседателот на СДСМ Зоран Заев и имаше разговори со тогашниот активен претседател на СДП, господинот Зоран Милановиќ. Нивните разговори не беа баш толку актуелни за политичкиот живот во Хрватска, но и по активностите кои СДСМ и Зоран Заев ги вршеше низ Македонија уништувајќи ги белезите на македонскиот идентитет и нанесувајќи му на својата партија, на Македонија и на македонскиот народ понижувачки навреди и уривање на националниот углед и престиж во меѓународни размери, не доби очекувани ракоплескања.

Деновиве престојуваше уште еден претставник на македонската политичка опозиција и огорчен противник на владеачката ВМРО и лично на нејзиниот претседател Никола Груевски, професорот за меѓународно право, Љубомир Фрчкоски. 

Претставен од новинарот Денис Ромац како "татко на македонската независност и опозициска икона", гоподинот Фрчкоски во своето поопширно интервју зборуваше за "Национализамот како агресивна и лена политичка филозофија втемелена врз (архаични) застарени вредности, стравот, затворање во себе си ... како и на   лажните фантазии и  сеќавања на минатото и на нацијата".

Сума сумарлук, господинот Фрчкоски, како и господинот Зоран Заев пред него, секогаш бараше, па и овој пат, раме на кое би се изнаплакал за "сторените неправди од ненародниот режим" во Македонија. Покрај многуте критики на лошата состојба во земјата, како резултат на погрешната и ненародна политика на ВМРО, посебно даде свое видување  на проблемот за името на Македонија, како пречка за евроатлантските интеграции на земјата,  просперитетот на македонското стопанство и животниот стандард на македонските граѓани.

Разводнувајќи ги последиците кои би произлегле од менувањето на името на државата и влегувајќи во контрадикции од едно во друго прашање, професорот Фрчкоски сепак неможеше да го избегне најважниот елемент во односите со Грција и нејзините ставови спрема присвојувањето на македонската историја, спрема окупацијата на најголемиот дел од македонската историско - етничка територија, третманот на македонскиот народ преостанат на таа македонска територија......

Ево во што е замката во која сам си се вовлече, кога се работи за одбраната на националните интереси од самоволието и агресивноста на другите:

"И погледајте сега што работи Орбан заради неуспехот на референдумот; најавува измена на Уставот, како би го легализирал неуспехот на референдумот. Збор е во исмевање на унгарската демокрација. Мислам да би било добро, ЕУ да се постави пооштро смпрема Унгарија, во одбрана на европските вредности. (а кои се тие европски вредности над интересите на неговата држава ?)  Тука се работи за неслагањето во врска со бегалската криза и примањето на одреден број бегалци, спрема одредените европски квоти.

Понатака, тој вели вака: "Зошто ЕУ не би ја ставила Унгарија на мраз?" и продолжува :" Моето политичко искуство зборува, дека во ваква ситуација тврдата реакција е поарна од попустливоста и сталното бегање пред налетот на неправдата".

Е, сега да го прашаме "таткото на македонската независност и творецот на македонскиот Устав..." зошто вака не се поставува спрема Грција и Бугарија ?Зошто ги искривува фактите на владеачката гарнитура со кои се служи кога им се спротивставува на неправдата и злосторствата на соседите спрема македонскиот народ во Македонија и во деловите окупирани од нив? Или можеби смета дека македонскиот народ е дрво без корен, па треба секој да му врши нужда во неговото двориште?

Но, ајде да видиме и нешто исто така важно од редицата негови мудрости изречени на штета на својата сопствена држава и на својот сопствен народ, при тоа бранејќи ги оргиите на "шарената револуција" и на СДСМ, како нејзин предводник.

Ево што изјави господинот и таткото на македонската независност Љубомир Фрчкоски, за хрватската јавност:

 

КОГА ЌЕ СЕ РЕШИ СПОРОТ СО ГРЦИЈА ОКОЛУ ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА?

- Ќе се реши, али не', се' дури е на власт сегашнава политичка гарнитура. Всушност, функционирањето на оваа власт се темели врз стварање на тензии со другите. Нивната цел е да се држат  Македонците во постојана напнатост, нервоза и страв: ни се закануваат Грците со истребување  и уништување на нашиот идентитет, па Бугарите кои ни го оспоруваат нашиот јазичен идентитет и конечно Албанците  со нивниот концепт за Голема Албанија. Со оваа закана и параноја се храни целокупната десна опција која се претставува како единствена политичка сила која не брани од оваа урота "сите против нас". Тука е, наравно, уште и внатрешниот непријател во лицето на либералите и "соросоидите", кои се уште полоши од надворешните непријатели.

Заради сето тоа, владателите можат да глумат некои разговори и лажирање на желба за решавање на ова прашање, но нивната политика нема да се измени, бидејќи оваа гарнитура не сака самата да си го  извлече тепихот под своите ноsе.  

Како резултат на нивната параноја, нашите односи  со соседите сега се полоши од  пред 15 години. Таквата политика го урна нашиот углед во Европа. Пред 10 години 80% Европјани мислеа дека сме во апсурден спор со Грција и дека сме биле ние во право, а сега не е така, и тоа само заради нашиот премиер, кој е идеален избор за Грците.

Меѓутоа, работниот договор околу името на Македонија е постигнат и тоа во рамката на една германско - американска група. Со тој договор Македонија во името ќр добие додаток "горна"  или  "северна", што не го доведува нашиот идентитет во прашање, бидејќи јазикот, кој е битен за нашиот идентитет, останува македонски, а не постанува "северномакедонски" или "горномакедонски".

Само е прашање, колку  и' одговара едно вакво решение на проблемот на денешната владеачка гарнитура?

- Мислам дека таа гарнитура, кога ќе биде спроведено ова решение, ќе биде во опозиција и тоа не ќе биде повеќе важно!?

 

Ете, вака завршува господинот Фрчковски, убедувајќи  го македонскиот народ дека е тоа најдобриот начин за опстанок и што е најважно, се' е во духот на "европските вредности".

Е па народе мој, на 11 декември 2016 година гласајте за СДСМ, Зорана Заева, Љубомира Фрчкоски, Добрила Шеќеринска но не да ја водат Македонија, туку да си одат во земјата на мајмуните, каде и припаѓаат.

 

********************

Ваш Сотир Гроздановски

21 октомври 2016

 

Kind regards: 21 октомври 2016

Sotir Grozdanovski бр. 34