ДЕЛ ДЕСЕТТИ

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

  

 

ДЕЛ ДЕСЕТТИ

20 октомври 2016

Пишува : Ристо Стефов

Преводи на македонски и уредува : Сотир Гроздановски

 

 

ВОВЕД

Во деветтото продолжение на нашиов  серијал, во главно, зборувавме за креирањето на грчката, српската и бугарската национална држава, потоа за делата на славјаснките просветители Св. Кирил и Методиј, двата Македонци од Солун,  за македонскиот јазик, како мајка на сите славјански писани јазици.... 

 

Македонско девојче

 

Завршетокот пак  не запозна, на кусо, со користењето на парите кои ги оставаме за стари денови, кога ќе ни требаат најповеќе, но и за предноста на златото над другите платежни средства. Важна беше оваа констатација затоа, што неговата вредност е универзална и не зависи од стопанската положба на земјата и на власта која националните платежни средства ги пласира преку своите банки. 

Но што е најважно, семејството и бројот на неговите членови остана за секогаш најважна инвестиција од се' друго.

Па, ајде да видиме што ни донесува овој, десеттиот дел.

 

ДЕЛ ДЕСЕТТИ

 

РИСТО -  Луѓето тогаш не знаеа што се инвестиции, а пак и тие кои знаеа нешто за нив, не им веруваа на банките или на институциите. Нивните инвестиции беа нивните деца. Што повеќе деца имаа, тоа побезбедни се чувствуваа. Старите луѓе беа, во тие времиња, чувари на нашите традиции и сите животни сознанија, кои пак со задоволство ги пренесуваа на нивните деца. Старите луѓе беа и чувари и учители на децата. Тие имаа и време и трпеливост  да го пренесуваат нивното знаење и животни искуства на  начин, за кои тие сметаа да е најдобар за нив . Без училишта, без книги. Само бабите и дедовците.

Во тогашните семејства, секој член си  имаше своја задача.  Жената беше одговорна за се' во куќата: кување, плетење на облеки, спремање на храната за зимница, и т.н.т. со други зборови, после жетвата и собирање на зеленчукот, овошјето ... женската работа баш тогаш почнуваше во полн ек. Скоро ништо не се купуваше. Се разбира, ако некои имаа  пари, си купуваа и други нешта кои дома не ги произведуваа: Маслинки, маслинов зејтинг ... Жените правеа се', од палта, пантолони, фустани, кошули, капи .. и тоа се' од домашна волна; oд почетокот до крајот. Мажите работеа околу лозјата, нивите, ливадите, дрвата за горење, околу животните...

Низ овие примери на активностите кои беа карактеристични за селските домаќинства се гледа, зошто машките деца имаа некоја "предност",во однос на женските. Кога ќе се оженеа, ќе донесеа уште две раце повеќе за помош на своите мајки. Во обратни случаеви, семејството губело две или повеќе раце кои и' помагале на мајките во домашните работи.  Жените биле "посреќни" кога би имале повеќе синови, зошто повеќе синови, повеќе невести и повеќе раце за помош во семеините работи, а пак мажите, повеќе помош во полските и другите тешки работи, надвор од куќата.

СОГОВОРНИКОТ - Па така испаѓа дека со ќерките како да било изгубено  времето вложено во нивниот одгој, бидејќи кога би стасале за помош на семејството, тие оделе во друга куќа.  ( смеа ).

RISTO - Ја, така изгледало, но тоа не значи дека родителите ги сакале повеќе машките деца од женските. Тоа е природно да ги сакаш своите деца подеднакво, биле тие машки или женски. Сите ни се мили и драги. Тоа било од како постој светов и веков, што велат старите. Тогаш, но и денес постој традиција кога и зетовите можат да ги наследуваат своите дедовци, односно татковците на своите жени, ако се преселат во женината семејна куќа и постанат "дома зетови". Тоа се практикувало во случаеви кога женското дете било единче и со нејзиното мажење семејството би останало без машки раце за продолжување на лозата. Со постанување "дома зет", се преземало за своје и семејното име на жената .

Категоријава "дома зет" особено се користела во случаеви кога некое сиромашно семејство имало повеќе машки деца, па гледало излез од сиромаштијата, се разбира, ако невестата  била од богато семејство. 

СОГОВОРНИКОТ - Ми изгледа дека целата таа работа била начин да се преживее.

РИСТО - Па, тоа беше дел од традициите со кои се одржувал и континуитетот на семејствата. Инаку традицијата беше таа сила, која ги движеше општествата. 

СОГОВОРНИКОТ - Тоа беше вашиот свет. Едноставен свет...знаеа ли   тогаш луѓето  за свет подруг од нивниот? - на пример за понапреден свет со современи методи за комуникација, како новини, радиа или слично?

РИСТО - Ох, да! Имавме луѓе кои патуваа. Одеа надвор од своите села и работеа во други места на Отоманската Империја и надвор од неа. Дури и во Америка. Ние велевме одеа на "печалба", да заработаат пари и да се вратат да си купат парче земја или да си направат куќа, дури и да си ги омажат ќерките или оженат синовите. Тогаш таквите луѓе се викаа "печалбари". За разлика од тогаш, денес луѓето одат надвор во туѓи земји да бараат поарна работа и дури да останат таму со своите семеиства и за подолги времиња.

Како се зголемувале семејствата, а немале доволно земја да се прехранат, некои од машките оделе да работаат и надвор од своите имоти. И такви случаеви имало, но не така масовно. Ако оделе, пак се враќале дома и инвестирале, односно си купувале повеќе земја или си правеле куќи и сл. Тоа не било како денес, кога повеќето од нас работаат за некој друг. Во тие времиња работењето за некој друг било понижувачко за мажите. Но и за жените, исто така.

Со текот на времињата,  луѓето се осмелуваа да одат и преку мориња да работаат. Тоа бил случајот со Америка, како ја викале едноставно. Но одеа и во други земји. Па така, покрај што работеа и печалеа пари, нашите луѓе и учеа многу работи што пред тоа не  знаеле да постоат. Тие, кои се   враќаа дома во своите села, зборуваа за бродови, возови и за многу други нови технолошки достигнувања, до тогаш непознати за нив, а уште повеќе за оние кои останаа дома да ја работаат својата замја. Јас имам слушнато, дури и од избеганите од Граѓанската војна во Грција, за бродови или кораби што ги виделе за прв пат во животот. Па така, да, луѓето и ако беа неписмени, за сигурно беа запознати со нешта што постоеле и надвор од нивниот мал свет.

Селскиот живот бил тежок, но сепак луѓето  не биле зависни од никого за да би преживееле. Произведувале сами скоро се' што им било потребно.

Пред многу векови луѓето, особено тек оженетите, оделе в планина и чистеле парче шума за да си направат кров над главите и малку повеќе, за обработување, за живот. Животниот простор тогаш изгледал како денес во Канада: - една или две семејни куќи опколени со фарми  покрај некоја река или поток. За несреќа, во тие времиња такви осамени куќи и фарми биле изложени на напади од арамии. Па затоа, да би биле посигурни, се здружувале во села, населби ...

И како селата се ширеле, луѓето оделе и граделе нови. Нивната големина зависела од можностите да ги задоволуваат потребите на неговите жители. Со оддалечувањето од нивните имоти, селаните одлучувале дека е време да се гради ново село, поблиску до нивните ново прибавени ниви, лозја , ливади и ...

Градењето на нови села зависело и од водата за наводнување. Со појавата на новата механизација се подобрувале и условите за обработување на селските имоти, па и честите новоградби на села постанувале непотребни. 

За несреќа, ваквата ситуација во Македонија споро се менувала, бидејќи Отоманите не биле заинтересирани за воведување на механизација во земјоделството, но и во другите гранки на стопанството. И така, Македонците стоеле во место 400 години, дури светот околу нив се развивал и одел напред.

Се' до 19 век Отоманската Империја назадуваше во сите сегменти на стопанството и дневниот живот на граѓаните, па да би се приближила до развиениот свет, требаше да направи многу и длабоки реформи, за што им требал голем капитал, а него нигде на хоризонтот. Тоа значеше, дека рачното произведство на македонскиот работник требаше да се натпреварува со  производите на развиениот свет, правени со машини, кои на Македонците не им беа достапни.

 

Ова се македонските трактори за времето на Отоманската Империја со кои им конкуриравме на Западот.

И така, дури европските фармери своите земјоделски работи ги изведуваа со машинерија, а производите ги доставуваа на пазар со камиони и други превозни средства, Македонците се' уште ораа со волови и своите производи ги носеа на пазар со магариња. Во Македонија немаше трактори, немаше камиони и други  механизирани стедства,  а ниту  патишта. Ете како се живееше во тие времиња. 

И кога би Отоманската власт одлучила да позајми пари од странските банки, како би се извлекла од феудалната положба во Империјата, на христијанските селани не би им било поарно. Товарот на кредитите пак  би паднал на нивните плеќи, преку новите даноци.  

Селаните кои имале своја земја биле толку оптоварени, да морале додатно и во недели да работаат кај некои други, како би спечалиле пари за заостанатите даноци. А да би добиле такви работи, прибегнувале и до поткуп на работодавците. Како и тоа не било доста, власта прибегнала, во 1889 година, кон нов личен порез од седум шилинзи годишно за секое машко новороденче, што и така високото селско опорезување, постанало уште по неподносливо. Овај порез бил смален кога детето стасало до  15 годишна возраст и почнало само да привредува.

Нешто од собраните порези власта ги користела за помагање на мали производни погони, повеќето од нив во сопственост на странци. За разлика од странците, кои биле помагани од државните власти, македонските селани биле принудувани да си ги продаваат имотите, како би ги покривале порезните обврски.

Безвластието во Империјата се ширело, што придонесувало до неподносливоста на животот во селата. Турската администрација била во безредие толку многу, што не била кадра да ги исплатува снабдувачите на Армијата, кои пак престанувале да ја снабдуваат војската со храна и други потребни средства. Како би се одбраниле од  арамиите и другите напаственици, селаните формирале одбранбени групи, кои биле набргу расформирани од властите. Тоа значело, дека власта вршела присила и со такви средства, како би ги зголемила своите приходи.

При крајот на 1890 година,  Македонците кои имале своја земја дошле во уште полоша ситуација. Бидејќи порезите им биле превисоки, а злосторствата на разбојничките банди зачестени, не биле во можност да ги обработуваат своите имоти. Тие кои работеле за беговите (земјопоседниците), биле во немилост на своите господари, без право на притужби.  Судовите биле против Македонците и без надворешна интервенција, немало никаков начин за одбрана од тиранијата на власта.

И покрај што земјата била плодна, од страна на властите немало никаква помош или поттик за нејзина обработка. Земјоделието постанало  терет, правејќи го селскиот живот на македонскиот селанец  безнадежен. Многу од нив ги напуштале своите семејства и оделе на печалба во странските земји, но повеќето се враќале и посиромашни, од кога ќе ги плателе сите патни  и други трошоци. 

Во тие времиња се стварале и големи македонски иселенички заедници во странските градови, Софија, Парис, Лондон, како резултат на мигрантските движења. Покрај оние кои барале работа, многу млади Македонци патувале во странство и да се стекнат со високи образованија. Па така, до крајот на 1890 години, над 100,000 Македонци работеле и студирале надвор од Македонија.

Со текот на времето,  луѓето оделе на работа се' подалеку и подалеку од своите домови. Дури и мојот вујко Васил и дедо ми Ристо отишле надвор од нашето село да бараат работа. Тие постанале добри градежни работници. Дедо ми постанал специјалист за градење куќи. Од луѓе кој го познавале сознав, дека тој бил одличен градител и на оџаци. Тој знаел и добро да ги варосува и со разни шари да ги украсува внатрешните куќни простории. Особено гостинските соби.

СОГОВОРНИКОТ - Нешто како sиден сликар?

РИСТО - Баш така! Едни од неговите најзапажени работи биле направени во Преспа. Сознав и тоа, дека секој преспанец го знаел дедо ми.

Нашите селани патувале на секаде. Во Америка, Канада, барајќи работа. Тие не бирале каква е , само да се заработи нешто. Бидејќи домашните Американци не сакале да се зафатат со тешки и опасни работи, нашите луѓе не седеле со скрстени раце: се зафаќале за се' што ќе им се понудеше.  Австралија исто така имала доста работни места за нашите луѓе. Отварале млинови и волнена индустрија и им требале "дагоси", како ги викале нашите луѓе кои пристанувале на секоја работа.

 

Калдрма

Исто така, нашите луѓе се вработувале  и во Торонто. На секаде каде би нашле прилика да заработаат нешто за себе, но и за своите семејства. Работеле во изградбата на инфраструктурата на градот. Граделе улици покриени со камени коцки и плочи, кои кај нас се викаат калдрми. Тоа е тешка работа за сиромасите кои немаат друг избор, дојдени од Отоманската Империја. Но.....

Исто така се вработувале и  во фабриките на места опасни  по нивното здравје, но со намера да спечалат нешто пари, да се вратат назад во своите села  и така да си го подобрат животот свој и на своите семејства. Многу од нив никогаш не се вратиле дома. Умреле од разни болести или несреќни случаеви.  Дедо ми работел и во фабрики за штавење кожи. Од отровите со кои се преработувале кожите, го изгубил мирисот и окусот. Исто така работел и на поставување калдрми по улиците.

СОГОВОРНИКОТ - Како најдувале работа? Некој им помагал во тоа?

РИСТО - Обично од збор на збор од своите познати. Биле скоро сите неписмени и незнаеле да си ги исполнат потребните патни документи или потребните хартии кога барале работа. Биле зависни од некои од нив кои знаеле да пишуваат и читаат.

Па кој знаел да чита и пишува во селото?

Селскиот поп или учителот, наравно! Се спомнуваш кога реков порано дека попот и учителот работеа за странските цркви во Македонија? Ете и од нив добивавме шлаканици.  Бидејќи тие работеа за странските цркви, односно за грчките, сите наши луѓе ги запишуваа со грчки имиња и како Грци под графата "раса" , и така натака. Во тие времиња се користеа со зборот "раса" за означување на националноста, со што ни нанесуваа уште повеќе неправди.

Спрема тоа што ми рече татко ми, во тие времиња црквата во нашето село припаѓала на бугарската Егзархија и ако би барале доказ за она што зборував до сега, за нашите луѓе што дошле во Америка, погледајтеги ги нивните имиња. Сите завршуваат со "ОФФ" ("off").

Попот секогаш пазел да им даде име кое звучело како бугарско. Бидејќи луѓето биле не писмени, незнаеле како ги запишал попот на нивните патни документи. И така тие луѓе отишле в Америка, спечалиле нешто пари и потоа набрзо се вратиле дома. 

Подоцна, нашата црква во Ошчима беше управувана од грчката црква, па тие исти луѓе кои порано беа запишани како Бугари, сега наеднаш постанаа Грци. Овааа пракса со давање разни имиња, бугарски или грчки, не се применувала само за оние кои оделе в Америка, ами и за оние кои оделе на работа во "Анадол", почесто викана Анатолиа, во Мала Азија.

СОГОВОРНИКОТ - Да! Јас имав пра дедо кој отиде во Анатолиа. Тој заправо беше роден таму.

РИСТО - Да! Со ваквата пракса, одење и идење, се продолжи и после неуспешното Илинденско востание од 1903 година. Секој знае, дека кога ќе ја изгубиш војната, не е важно дали е твојата цел праведна или не, ја плаќаш цената или ќе умреш. Ние имавме многу луѓе кои работеа надвор од Македонија, односно надвор од Отоманската Империја, за време на краткотрајното востание, со што положбата на Македонците се влоши уште повеќе.  Многу луѓе кои беа надвор, не сакаа да се вратат дома. Повеќето од нив беа млади луѓе од 20 години кога отидоа и дури се средија работите беа веќе 25. Да се вратат назад дома беше доцна за нив да осниваат семејства, па се одлучија да останат таму каде  веќе се навикнаа. Во Америка, Австралија или некои други земји од соседството. Тоа уште повеќе ја расипа демографската слика во Македонија. Уште повеќе ни се смали бројот на македонското население.

Уште нешто е вредно да се спомене, а што се одрази негативно врз демографската слика. Од разни причини нашите луѓе си ги менуваа своите имиња со странски, па така се губеа во средината на населението во земјите во кои се вселуваа, барајќи работа. Па така, многу станаа тоа што никогаш не би го направиле да се навоѓале во околности во кои не би биле приморани тоа да го направат.  Некои постанаа Англичани, други Грци или Бугари, а некои, најхрабрите, си останале тоа што од секогаш биле; Македонци.

Со внатрешното распаѓање на Отоманската Империја и положбата во Македонија продолжила да се влошува. Со приближувањето на 1875 гоина, Отоманите ја почувствуваа кризата во земјата  како резултат на големата задолженост спрема странските инвеститори, од 200 милиони фунти, и 12 милиони фунти годишен интерес. Само интересот   изнесувал половина од годишниот приход на државата.

Последиците од некои земјоделски неуспеси, во 1874 година, трошоците за армијата но и светската економска депресија, ја довеле Отоманската власт во положба да не може да го плаќа ниту интересот на кредитите. Со тоа дојде до  самата граница на банкротот. Но  да би ја сочувала стабилноста во Империјата и да ги исплаќа редовно своите долгови спрена надворешните финасиери, големите европски сили во 1875 година одлучиле да ја превземат контролата над Отоманските приходи. Таа улога ја превзела Интернационалната агенција  под името "Администрација за Отоманскиот јавен долг". Како би продолжило  кредитирањето пак на Отоманските државни потреби, Султанот морал да им ја одстапи контролата на државните приходи на странските финансиери. Па така, контролата над државниот буџет и внатрешната политика падна во рацете на странците. Агентите на контролата биле луѓе од групата на богатите капиталисти, кои биле заинтересирани само за профитот и  за ништо друго. Ваквата ситуација не била во интерес ниту на Македонците, бидејќи со смалувањето на државната територија, заради  осамостојувањето на Бугарија и другите територии кои добивале неовисност,   приходите видно се смалувале. Тоа во главно, била и причината, покрај другото, што товарот паднал и на македонските плеќи.

Заради алчноста  за профит и доминација над Балканот, големите европски сили кренаа раце од македонскиот народ. Отоманите за западот беа златна кокошка.  Тоа беше едната причина...

Другата причина беше што Франција и Англија во 1878 планираа со Хеленизмот да ги асимилираат  Македонците, а нивната земја да им ја дадат на Грција.

Македонците на западните  сили нема никогаш  да му го заборават игнорирањето  на луѓето, заради нивниот профит.  Знам дека оваа констатција е наивна, но морав да ја споменам. 

Дозволете ми да додам, дека дури Отоманите ја давеа Македонија со своите неправди, Грците со својот Хеленизам и Бугарите со своите лаги, во 1881 година грчката армија ја анексира Тесалија, а пак во 1885 бугарската армија, со помош на Русија, ја анексира источна Румелија.

Периферното распаѓање на Отоманската Империја допринесе зајакнување на нејзиното езгро, со што најголема жртва постана Македонија.  Арамилакот, палењето на селата и убивањето на невиното цивилно население ги постигна своите граници на толеранцијата. На Отоманите и нивните  албански сојузници не им беше гајле кого и колу Македонци убиваат и оставаат други без имот и без кров над главата. Ако некој Отоман или Албанец бил убиен, турската војска му се осветувала на Македонците од првото село до кое би стигнале. На илјади жени, мажи и деца биле убивани,  а да не ги споменуваме и масовните силовања на македонските млади девојки. Куќите ги палеле без ред и план, луѓето им служеле како глинени гулаби за  одстрел, дури бегале од  запалените куќи. Болните и немоќни луѓе останувале внатре  да изгорат во ужасни маки и викање за помош. И така, во недоглед можиме да набројуваме злосторства кои се вршеле над недолжното население во Македонија.

А сега, пред да продолжиме со инвазиите, окупациите распарчувањето на Македонија, дозволете ми да да истакнам неколку важни настани.

Многу Македонци загинаа после востанието од 1903 година. Браилсфорд, како што споменав и порано, во својата книга "Македонија, нејзините раси и нивната иднина" како и Дакин во неговата книга "Грчките борби во Македонија 1897-1913", кои ги користев како извори за моите книги, како и многу други автори, се разбира, не снабдеваат со многу статистички податоци за грчките и бугарските цивилни жртви во Македонија.

 

Продолжува

ОД КУЛТУРНАТА АРХИВА НА БАБАМ - БИТОЛА

Хотел Босна

ДЕВЕТ ГОЛЕМИ ЗНАМЕНИТОСТИ КОИ

БИТОЛЧАНИ ГИ НЕМААТ ПОВЕЌЕ

 

1. Хотел "Босна"

Хотелот Босна е граден во 19 и почетокот на 20 век и е дело на големиот Керим Паша. Хотелот бил познат по својот црвен салон, пердињата и килимите. Негови газди биле некои непознати луѓе од с. Маловиште, па после браќата Перо и Ташку Чомо, Никифор Јефтиќ и Горчу Куртовски. Босна изгорела 1936 година во пожар и во 50 те години од 20 век бил потполно срушен за потребите на големите народни плоштади.

Хотелот Босна бил лоциран на самиот Широк Сокак, кај кружните клупи, пред Домот на Културата. 

Ески Џамија

2. Ески џамија

Ески џамија во Битола ја подигна Сингур Чауш Беј, во 1435 година и беше првата и најстарата џамија на Баалканот. Во 1956 година беше урната со динамит од тогашните власти.  Таа беше позната како Сингур Чауш џамија, па Ескин џамија и Атик или Солак џамија. Нејзината локација беше кај сегашните згради на ул. Иван Милутиновиќ, откаршија Јавор Стоковната.

Камен Мост

3. Камен мост

До пред четириесетина години, камениот мост во Битола беше голема знаменитост и убавина за битолчани со својот стар стил на градба и како единствен таков, последен останат во градот. Го красеше градот до 70те години од 20 век, а нестана пред очите на битолчани со покривањето на  коритото на реката Курделец и нејзиното асфалтирање.

Пекмез Пазар

4. Пекмез пазар

Пекмез Пазар се навоѓал помеѓу Саат Кулата и Јени Џамијата. Тој бил составен од дуќани градени во половината на 16 век од Мехмед Ефенди-кадија, чии сопственик и бил, заедно со Јени џамијата. Во него се продавал мед, пекмез, слатки и други благи работи. Во 50 години од 20 век со динамит бил уништен заедно со бугарската полициска станица, за потребите на градскиот плоштад.

Црвена и Бела касарна

5. Црвена и Бела касарна

Овие касарни биле изградени во 1837 односно 1844 година, на местото од сегашниот градски парк со шеталиштетото и дел од новата касарна. Црвената касарна (К'рма к'шла), била грандиозен објек во кој можело да се сместат осум батаљони војска. Била градена од крушевчанецот Стојан Везенков, кој за добро изведената работа, во 1845 година бил одликуван со сабја од султанот и бил назначен за званичен турски архитект. Во нив биле стационирани околу 30,000 војници, а била потполно уништена во Првата и Втората Светска бојна. 

Народен театар Битола

6. Стар театар

Стариот народен театар во Битола беше на местото пред сегашниот Дом на Културата, на плоштадот Гоце Делчев. Првобитното решение беше , наводно, темелно реновирање и во негово продолжение да следи Домот на Културата, кое никогаш не се примени. Бил изграден од Абдул Керим Паша на почетокот  на 20 век на место од стари Турски гробишта и покрај големите негодувања на локалното турско население. Беше срушен во 1980 година.

Еврејска синагога (Аврата)

7. Еврејска синагога (Аврата)

"Ил кал дила хавра", некогашна еврејска синагога, една од деветте синагоги кои преживеале во Битола. Бил репрезентативен објект, кој преживувал до пред дваесетина години. Бил срушен при крајот на 80 те години од 20 век. Сега во близината на Безистенот се навоѓаат адвокатски канцеларии, познати како Аврати во Битола.

Реката Курделец

8. Реката Курделец

Реката Курделец или Курделес извира од Баба планина. Денеска на нејзиното старо корито се наоѓа улицата Солунска, според некој податоци тое е направено во 70 те години од 20 век. Била спој на две реки. Понекогаш знаела и "многу да збесни" и да ги однеси дрвените мовчиња кои биле десетина на број.

Името доаѓа од Курт - дере на турски, што значи Волчји Поток. Уште во Турско, за време на големите и студени зими во Битола, волците од Пелистер во потрага по храна, слегувале по неа долу во градот.

Во последно време, поради повеќето геризи и сливови во неа од страна на канализациите на битолските куќи се ширела неподнослива ареа, за што денес мислиме, дека се' би било уредено како што треба и Битола би имала уште една убавина, која ќе носеше свежина со неа.

Лустерот во офицерски

9. Грандиозниот лустер во офицерски

Грандиозниот лустер во офицерскиот дом Битола беше донесен во далечната 1972 година и составен од делови на два лустера. Беше сместен на првиот кат, во свечената сала. Бил тежок 700 кг. до еден тон, а бил направен од стакло, кристал и од месинг. Лустерот имал 176 светилки и давал впечаток на галаксија. Оставен сам на милост и немилост, бил уништен во Август 2016 година.

 

 

Реката Курделец во Битола, со камениот мост

Ваш Сотир Гроздановски
20 октомври 2016

Kind regards: 20 октомври 2016

Sotir Grozdanovski br. 33