СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ. МАКЕДОНЦИ ОД СОЛУН
ДЕЛ ДЕВЕТТИ

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА И ДРУГИ ИНТЕРЕСНИ РАБОТИ

Аднан Џафероски

 

СДСМ - ЧАДОР НА БОРЦИТЕ ПРОТИВ

"ФАШИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА"

 

Шарената револуција на опозициската политичка партија на Македонија, очигледно потона во својата сопствена срамота. "Успесите" на нејзините борци за "слобода, правда и демократија" се' уште се видливи низ Македонија. Грдите графити на демоните од планетата на  "мајмуните", оштетените обележја на македонските борци за слобода и независност од сите времиња и историски епохи и т.н.т., уште долго ќе ни служат како туристичка атракција, но за сигурно  ќе ни обезбедат и "високо" место на европската листа на глупостите, благодарејќи му на дел од македонскиот народ, кој си дозволи да ги води болен човек, со страшни накани и планови за иднината нивна, но и на Македонија, како заедничка и едина татковина на сите нас. 

Спомените на Ирена Стеријовска,  самонаречена антифашисткиња, која  го "разубави" мостот над Вардар и ги понижи македонските полицајци како да се странци, а не наши луѓе кои се грижат за безбедноста на Македонија и на сите неизини граѓани,  за долго Македонците ќе ги "чуваат" во своите срца. Ќе ги чуваат како траен спомен на една глупост, што само најнизок платеник на надворешните македонски непријатели може да си ја дозволи. 

Спомените на професорката Мирјана Најчевска, за која Македонија е "ќенеф држава",  неизбришливо ќе останат во македонската историја како за една  недоветна и  вистинска ќенеф професорка.  

Уранија Пировска,   навистина не знае која и' е должноста како извршен директор на Хелшинскиот комитет за човекови права. За тоа, пак, што отворено крена рака на сопствената држава и својот народ, треба да се срами и слободно, заедно, со професорката Најчевска,  да си  замине во нивната "ќенеф" држава, надвор од Македонија (до колку се' уште  не се заминати). 

И покрај сите недела на горе наброените "патриоти" и борци против "не народната", но сепак народна власт во Македонија, нивниот "чадор", "државотворниот" СДСМ се' уште прета и цврсто верува, дека на 11 декември 2016 година, на идните (конечно?) парламентари избори,  ќе ја преземел власта во Република Македонија и еднаш за "секогаш" ќе ја врател слободата и демократијата во Македонија, но и драстично ќе им ги зголемеле платите на професорите.

Зошто баш само на професорите? 

Ашколсум бре ефенди Зоран Заев, нека ви биде со среќа македонската круна.

И јас Ви посакувам среќен и добер пат, негде на некој остров во Егејското Море. После "успешните" избори, кои толку пати ги избегнавте од страв да не ги "добиете" , тоа би била заслужена награда.

Се разбира, ако македонските граѓани ги заборават сите "добрини " кои им ги приредивте во овие неколку години од како ѓаволот ве ставил на чело на СДСМ. 

 А што е со јадењето  живи луѓе од како ќе ја преземете власта?

Кога сме веќе тука до самофалењето на овие луѓе од СДСМ, да речеме неколку зборови и за тоа.

На постарите луѓе, кои се' уште ги паметат тие изминати времиња и по доброто и по лошото, не им паѓа на памет да ги изедначуваат двете македонски партии, ВМРО и СДСМ.

Првата, КПМ, а после СКМ, беше партија која ги удри темелите на првата вистинска македонска национална држава, после многу векови. Овозможи да се обнови македонската православна црква, установа која ја сочува македонската нација и кога немавме своја држава. Го кодира македонскиот книжевен јазик, кој нестануваше под теретот на странските пропаганди. Ја обнови македонската инфраструктура и изгради нешто повеќе спрема можностите заедно со постоечката индустрија и нешто повеќе. Го воспостави образовниот систем, здравствениот, одбранбениот систем,  како и уште многу други важни работи од витален значај за македонскиот народ и малцинствата во неа. Но и вработи огромен број на луѓе и им го поправи животниот стандард, како никогаш пред тоа.

Се разбира, зборуваме за времето кога живеевме во составот на заедничката држава со другите народи на Балканот, но сепак, како Република Македонија.

Тие беа , во главно, придобивките од  времињата, кои несмеат да се обезвреднуваат, зошто  илјадници Македонци за сето тоа ги положија своите животи: - на овај или онај начин!

Е, сега. Оваа "наслледничка" партија придонесе во отцепувањето од заедничката држава СФРЈ и стварањето на самостојната и независна македонска држава. Изврши измени во Уставот на Република Македонија, со кои се одрекна од правото да се грижи за Македонците во соседните држави. Го промена државното знаме. Уставното име Република Македонија го замени со така наречената привремена референца ФИРОМ, која се продолжи до ден денешен и нема изгледи да се укине во догледно време.Изврши криминална приватизација на народниот имот и за мали пари или никакви, го распродаде меѓу своите следбеници и со тоа развласти над 250,000, до тогаш активно вработени граѓани на Македонија, заедно со нивните семејства и створи мала група богаташи и тајкуни од поранешни "комунисти и заштитници на работничката класа" на Македонија, како и редица други работи со кои на македонскиот народ му ја ограничи слободата, правдата и што е најважно, иднината да си останат Македонци.

Но, бидејќи за сето тоа беа казнети, но половично, од опозиција, се претворија во непријатели и предавници на својот сопствен народ. Очајни што во секој изборен циклус се губитници од ВМРО, станаа на чело на "шарената револуција", но и на сите други странски платеници и отворени соработници со непријателите на македонската држава и на македонскиот народ.

СДСМ, за сите неправди, невработеноста, сиромаштијата и кој знае уште што, ја криви владеачката "фашистичка" гарнитура, нарекувајќи ја криминална, не народна и т.н.т. 

Имаат ли овие луѓе било какво право да зборуваат за некаков фашизам во Македонија, денес,  кога е на власт ВМРО? Никако!

Да бидеме искрени, многу  членови и од ВМРО имаат исто така големи апетити и сакаат преку ноќ да постанат, како оние  од "наследничката" СДСМ, но за нив и сите други останати грабежливци, треба да се погрижат државните институции.

Заради такви, кои секогаш ќе ги има и на секаде, не ја прави ВМРО криминална, ненародна или фашистичка.  Но со уништувањето на тие исти институции, СДСМ, заправо ги брани криминалците и самите себе си, на крај краевите.

ВМРО мораше многу работи од темел да ги менува, како би створиле какви такви услови за поарен живот на народот после нивното развластување со плачкосувањето на народниот имот, стваран од крајот на Втората светска војна, до 1990 тите години.

Најглавното во целата оваа прикаска на СДСМ се состој во задржувањето на незаконски стеченото богатсво преку разводнувањето и обезличувањето на македонската држва и продавањето на македонскиот национален идентитет.

Фашизамот ги збогати денешните тајкуни и тој е нивна творба, а не на ВМРО. Барем не во целост!

И на крајот, неколку зборови и за господинот Аднан Џафероски, борецот против "фашизмот во Македонија" и еден од најекспонираните членови на СДСМ.

Со дневните и лажни напади врз ВМРО за наводниот растечки фашизам и негрижа за обичниот човек, со што е преполна неговата Facebook страница, тој се обидува да ги убеди неинформираните македонски граѓани, дека со нивното доваѓање на власт, благосостојбата на народот преку ноќ ќе скокне изнад крововите на нивните куќи.  

Животниот стандард на граѓаните би се подигнал и повеќе од крововите на нивните куќи тогаш, кога ќе има пристојно платени работни места за секого кој бара работа. А тоа би се случило, кога би им се вратиле фабриките на тие кои ги правеле со својата рака и пот, а што не е можно , бидејќи нив ги нема повеќе. Ги распродадоа тие кои ги зедоа за џабе или ги урнаа до темели, за некои други непродуктивни намени.

Па така, прикаските на господинот Аднан Џафероски и неговите истомисленици од СДСМ имаат свој многу подлабок смисол: со ножеви и оган, како што и самата негова Facebook страница ни најавува, да ги ликвидираат сите "неверни" и "непослушни" ВМРО-вци, или да им насадат орлови на главите, да ја   федерализираат Македонија, да си резервираат некои делови од    македонската територија за посебни потреби на нивните  сојузници, обавезна двојазичност, продавање на македонскиот идентитет, што докажуваат честите средби на лидерите на СДСМ со нивните грчки пријатели и барање статус кво за пописот на становништвото во Македонија.

Ете тоа би бил патот, за сега,   од нивниот дневен ред, по кој слободата и демократијата би "стигнала" во Македонија, кога ќе дојдат на власт. 

Ако пак сега ги   погледнеме биографиите и имињата  на главните актери кои претендираат на "македонскиот престол" со идните декемвриски парламентарни избори, лесно ќе ни се покажат и нивните лица, па тогаш ќе ни биде многу појасно кој е кој во СДСМ и што ќе се случи со нивното доваѓање на власт во Македонија.

Затоа, со менување на победничкиот коњ во средината на трката со друг, кој во минатото несе покажал успешен, е исто, како да си пукаме во сопствените петици.

Сотир Гроздановски

Сотир Гроздановски

ДЕЛ ДЕВЕТТИ

10 октомври 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски: Сотир Гроздановски

 

 

 

Овие, денешниве Грци, кои мислат дека се наследници на древните Грци, би требало подобро да се запознаат со вистинската цел на борбите  кои ги воделе нивните прадедовци. Тие се бореле за своја христијанска држава, како замена за Османлиската, муслиманска Империја. Се бореле и гинеле спротивставувајќи му се и на Хеленизмот.

Но сепак на крајот, христијаните кои знаеле кои се, што се и што сакале, ја изгубиле битката: им било речено да го прифатат новиот идентитет како продукт на прогресот и да бидат среќни, зошто  за нив тоа било  најдобро.

Со времето, многу луѓе го прифатиле новиот и лажен идентитет, па така победници испаднале, реформистите. Но за несреќа, лажниот идентитет ги поларизирал луѓето и ги направил недоверливи меѓу себе.

Ваквата положба, пак, била во полза на европските големи сили зошто тие знаеле, дека овие новостворени држави не само што им се лојални, туку вакви разединети и мали, немаат шанса да се обединат и одново да си го бараат тоа што го изгубиле и што било нивно.

Грците биле креирани со верба, дека се наследници на древните Грци и нивната славна култура, врз која целиот цивилизиран западен свет ја изградил, својата култура. Меѓутоа, никогаш не ја сознале правата вистина,  дека тој стар грчки народ нестанал од како бил поразен од Македонците кај местото Керонеа, на 2ри август 338 година пред Христа (BC).

Зарем небил тоа грчкиот филозоф Ликургус кој рекол, дека "со смртта на Керонеа, била погребена и слободата на Грција?"

Па после ги имаме и Србите кои биле креирани во лицето на народот со името Сорби, а дошле од краевите на денешна Германија. А што ќе речеме за Бугарите? - не беа креирани во лицето на бугаротурските Татари кои дошле на Балканот од зад реката Волва како елитни борци и се населиле во денешна северна Бугарија?

Албанците се исто така странци на Балканот, бидејќи и тие дошле од некаде во Азија, денешен Азербејџан, една древна земја со името Албанија.

И да не ги заборавиме Македонците, народ, кој креирал една од најголемите Империи за каква светот до тогаш не слушнал, ниту пак видел. Империја, која го споила истокот со западот...Хмм.. и денес тие "непостојат!"  

Така постојано брбори Грција,  гласноговорник на големите сили, .

Но за некое чудо, Македонците се тука,  постоат и ги откриваат сите валкани работи од минатото, до скоро непристапни за нашите учени луѓе.  Открива документи скриени од вистината, која денес извира од секое ќоше на светските историски архиви, до вчера недостапни за македонските умови.

Спрема нашата модерна историја, под покровителство на големите европски и светски сили, секоја  држава на Балканот,  има свое страно потекло. Изгледа, дека Балканот бил празна не покосена ливада, кога сите овие луѓе дошле. Не сретнале никого да се шетка околу? И зошто им е толку важно на земјите како на пример Франција, Англија и Германија Македонците да не постоат?

Важно прашање, не ли?

Пред да одиме понатака, би рекол нешто за македонскиот јазик дека постоел со илјади години. Постоел дури многу пред стариот црковнославјански   јазик да биде кодиран  од Кирил и Методиј во 9 век.

Македонскиот јазик е мајка на сите писани славјански јазици. Зошто? Затоа што  пред тоа  не постоеле писани славјански јазици.

Потребата да се пренесе господовиот збор на христовите следбеници на јазикот кои го разбирале, довел до друга потреба:   да се створи писан јазик  разбирлив за истите  христови следбеници. Па така, во случајот со славоговорното население, македонскиот јазик бил прв писан јазик, кој ја извршил таа света должност.

Имало толку многу псалми или божји пораки да им се пренесат на следбениците, но немало алат,  па се поставувало прашањето: можат ли свештениците во своите умови да  ги поспремат,  да ги сочуваат и усмено да ги пренесуваат? Затоа се родила идеата за писмо, кое ќе послужи за тие цели. Писмо, кое ќе го разбираат и со кое како нужен алат да ги читаат божјите пораки на лесен начин и во време, кое ќе им преостани од секојдневната работа.

Решението за тој проблем е најдено во креирањето на Глаголицата, а подоцна и Кирилицата, иницирани од македонските браќа Кирил и Методиј од Солун и подоцна модифицирани и подобрени од Климент и Наум Охридски.

Македонскиот јазик бил разбирлив не само за Македонците, туку и за сите славјаноговорни луѓе и на Балканот и во источна Европа. Писаниот јазик креиран од Св. Кирил, Методиј, Климент и Наум Охридски постанал познат во светот, како "старославјански - црковен јазик".

Наместо да го викаат "старо македонски", со име кое му припаѓа, Западот одлучил да го вика "старославјански - црковен јазик", што ни говори за долговечната, не толку пријателска, политика спрема македонскиот род и култура.

Македонската Охридска Архиепископија , која била тогаш призната од императорот на Источното римско царство за еднаква, по ранг, со таа од Цари Град (Истанбул), постанала духовен центар од каде Кирилицата, односно "старо македонсккиот јазик" и источно православната вера се проширила преку Србија, Бугарија дури до стара Русија.

Старославјанскиот, односно старо македонскиот - црковен јазик   постанал духовен јазик за голем дел од славјаноговорните народи и трет интернационален јазик во Европа. И оттогаш, македонскиот јазик функционирал без некои сериозни предизвици како главен книжевен, црковен и секојдневен говорен јазик во Македонија. И затоа, македонскиот стандарден јазик је директен наследник од старославјанскиот црковен,  кој  пак заправо е старо македонски јазик.

Наспротив така-наречениот грчки јазик, нарочито Катаревуза, кои бил мртов повеќе од две илјади години, македонскиот јазик има континуитет повеќе илјади години.

Спрема Димитрија Чуповски, македонски родољуб и автор, македонскиот јазик врз кој се поставени темелите на старославјанскиот црковен јазик, не престана да постој повеќе од 1000 години и да се користи во сите славјански верски светилишта. Славјанската книжевност е втемелена врз старославјанскот црковен, кој е пак  втемелен во македонскиот јазик и тоа не само за креирање на писаниот јазик и за ширење на Христијанството, туку и во уметноста, архитектурата и литературата.

Ние мораме да сватиме и никогаш да не заборавиме, дека Македонија постанала обновен центар на славо - византиската култура, а пак нејзиниот главен град Охрид, постанал метропола за ширење на Христијанството кај славјанските народи. Литературното богатство кое се насобрало, вклучувајќи и некои оригинални творби, го хранело и одржувало  верското и интелектуалното живеење низ средновековието. (Чуповски, "Македонија и Македонците".)

 

 

 

Хиерономус Гериссер1547 - 159о

Прв учен човек, западњак,  кој го забележал и споменал старославјанскиот црковен јазик едноставно како "Македонски", бил германскиот хуманист Хиерономус Мегисер во неговото творештво од 1603. Спрема него, еден псалм бил преведен на 21 јазик. Еден од тие јазици бил означен како "Македонски". И уште еднаш спрема западни извори,  неколку текстови слични на македонскиот говорен јазик биле познати пред 1790.  Еден важен историски податок е и малиот речник на Костурскиот дијалект од 16 век, во кој е поместена народна песна од тие краеви на Македонија.(Стојан Ристески, Создавањето на современиот македонски литературен јазик, Скопје, Студентски збор, 1988, стр.96.)

Но многу бргу откако се појави првиот писан Славјански јазик, Македонија падна под контрола на странски империи кои се служеа со странски официјални јазици и кои повеќе или помалку го разводнија творечкиот дух на македонскиот народ и писаната форма на неговиот јазик. Ова, наравно, продолжи се' до грчката окупација на најголемиот дел од македонската територија, 51%, во 1912 година и кога Грција го забрани македонскиот јазик на целата територија од Егејска Македонија.

Грците тврдат дека Македонците не постоат. Па ако тие не постоат, тогаш и македонскиот јазик не постој. Па ако е тоа така, македонскиот јазик да не постој, тогаш како е можно со толку документи кои секој ден излегуваат од светските архиви и докажуваат спротивно, тоа да е вистина? Како е тоа можно, кога сме и ние самите вистински и жив документ да постоиме и не' има на секаде по светот со сите наши белези и живи докази? Нешто мора да е нестварно околу нас. Или сме ние, Македонците нестварни или со Грците не е нешто во ред. 

Како што реков и порано, проблемот доваѓа од мало и убаво пакетче. Прво, Грците велат дека Македонците не постоат, после го променија мислењето и велат дека Македонците не биле Македонци, туку Славјани, кои дошле на Балканот во 6 век на н.е. (AD) и тоа негде од зад карпатските планини или мочуришта. Но како да се објасни проблемот со оригиналните Македонци? Каде отидоа тие? Или можеби сите изумреле од старост?

Ајде да речеме нека е сето тоа така, дека дошле во 6 век, па не е ли доста време поминало од тогаш, од како дошле и се населиле во Македонија па да стекнат некое право да се викаат Македонци?

Ајде да речеме и вака: пошто немало граници во тие времиња, дошле во Македонија, не отишле во Грција и 'ако ништо Славјаните не ги спречавало да се прошетаат да видат што има и таму, но сите си останале во Македонија. Ги истепале сите домородни луѓе до еден и сепак, не отишле во Грција! Зошто? Зошто, се сретнале со некоја невидлива граница или нешто од што се уплашиле?

Ова се обични глупости и измислотини на "големите сили" само да не држат во слепило и да се вртиме околу себе,  да ги држат Грците внатре, а нас Македонците надвор. Вистината лежи одма до нас и на секаде околу нас а таа е: Големите европски сили одлучиле да ја растурат Османлиската Империја на мали и слаби државички со кои би многу лесно управувале и ги држеле околу себе со синџири врзани да не бегаат и да си го бараат она што од секогаш било нивно. Да не бегаат од своите сегашни газди, но и да се чувствуваат како подстанари во своите сопствени куќи, во своите сопствени земји. Ете тоа е правата вистина!

Треба ли да зборуваме и за нашето најблиску минато? Можеби друг пат!

Треба ли да зборуваме за нашата сегашност и за шарените револуции и за мајмуните од планетата на мајмуните? Зборувавме и доста ние фарбање!

Македонија беше жртвувана за да се остварат две работи. Прво, никогаш повеќе да не кренат глава и второ, младите и скорородени државички ( Грција, Србија, Бугарија и Албанија ) кои добија парчиња од македонската земја на поклон да им останат верни на дарителите, зошто што им дале вчера, би можеле да им го земат  денес. Европските сили кои ги створиле вчера, можат лесно и да ги растурат кога ќе посакаат. ( веќе го прават тоа денес. с.г. )

 

Димитрис Литоксу

Пополека се оддалечивме од нашата главна цел, па ајде да се вратиме кај Каравангелис и на времето после неуспешното Илинденско Востание од 1903 година.

Кога Востанието завршило, Македонија останала во урнатини и во неред. Повеќето од лидерите загинале во борбите со Османлиската војска, па така многу малку останале кои би му се спротивставиле на sверот во црна мантија, владиката Германос Каравангелис од Костур и неговите платеници од редовите на македонскиот народ, со чија помош сакал да ја "цивилизира некултурната маса" и од нив да направи "Хеленски" странци.

СОГОВОРНИКОТ - Има ли некој кој напишал нешто за злоделата на владиката Каравангелис?

РИСТО - Ох да! Дури и Грците имаат напишано за неговите злодела. Конзулите од Битола  ги документирале неговите злосторства. Исто така неговите дела биле документирани и од Димитрис Литоксу во неговата книга "Грчката антимакедонска борба" дел 1 во поглавјето 9.

Не е тешко да се потврдат злосторствата на Каравангелиса во Загоричани. Кога светот сознал за тоа, тој побегнал во Австрија. Одтаму никогаш повеќе не се вратил во Грција. Но затоа пак ја написал својата автобиографија, во која се фалел како ги ликвидирал луѓето. Грција ги објавувала неговите достигања во полза на грчките интереси, но кога сознале за неговите фалења во неговата автобиографија и на други места и каков одsив постигнал во светот, пробале да се дистанцираат од него. Но за несреќа, копии од неговите пишувања останале, така да срамот кој и' го нанел на државата неможи да се избриши и ќе остане за секогаш.

 

Павлос Мелас со поштанска картичка на која пишува како ги уништувал "Бугарите" - Македонците.

Уште едно име би требал да споменам, Павлос Мелас.   Тој бил познат грчки бандит, кој бил убиен во селото Статица, во Леринско, на 14 октомври 1904.  Подоцна,  селото било  преименовано во негова чест.

Ето какви се Грците: фрлаат сол на нашите рани. Неговото семејство било од Франција, но биле албански слуги во Грција. Неговиот татко бил градоначалник во Атина.  Богатството и положајот на неговото семејство зависело од  нивните грчки господари, па затоа не е никакво чудо што биле хеленистички фанатици.

Знаете ли дека Павлос Мелас еднаш и' написал писмо на својата жена и и' рекол да учи "Македоника" (Македонски), бидејќи жените во Македонија, не зборуваат грчки? Важно е да се спомене овде тоа што го рекол "Македонски" а не бугарски, српски или славјански.

"Ова авторот го нарекува 'враќање од патот на митот кон патот на историјата', Димитрис Литоксу извлекува заклучок од првостепените грчки извори, конзуларни извештаи, приватни писма и дневници, со цел најважните хероиски прикаски на грчките антимакедонски борци да ги преврти наглавачки. Трагичната слика на националистичката икона, Павлос Мелас, која се појави - - еден млад човек од привилегирано семејство, растрган од  изолацијата и физичките напори со терористичките акции во една страна земја, не грчка, и на крајот убиен од негов човек - - за скромното човеково расудување романтичарските идеали и пренагласениот шовинизима претставува очекувана опомена и подеднаква опасност, како за злосторникот, така и за жртвата. Оваа книга е јасно сведоштво за важноста на непристрасноста во истражувањето на архивите, заради запазување на чувствителноста во критичкото размислување." (Професор Кеит Браун, Ватсон Институт, Браун Универзитет ).

Било како било, Павлос Мелас загина од своие луѓе, за пари. Така изјавиле очевидците на убиството во селото Статица. Мелас бил ист како и луѓето кои ги водел и кои му испукале куршуми вплеќи: бандити и убијци. Тој не умрел славно борејќи се со Отоманите, како сме информирани за да веруваме, туку загинал во арамиска акција по злато во некоја од селските куќи, за кое се верувало дека било скриено.

Кога Мелас излегол од куќа без злато, неговите другари не му поверувале, мислејќи  дека го скрил негде, за после да си го земе за себе. Па така го убиле. Оваа прикаска е една од прикаските,  каква била прикажана.

Важно е да се спомене фактот, дека за несреќа, ние Македонците не запишуваме важни работи и настани, туку се ослонуваме на усмена историја, која се заборава, особено кога постој меѓу генерациски прекин, како на пример воини и слични големи настани. Ваквите лоши навики не се добри за еден народ, бидејќи ако ја изгубиш својата историја, ги губиш своите корени. Тогаш е тешко да излезеш на крај со онај, кој ќе ти насади лажен  идентитет.

Ова е тоа што се случило со современите Грци, но и што се случува, исто така и со нас Македонците. Неопростиво е кога ќе слушнеш Македонец не само  да се прикажува за Грк, туку и да се чувствува дека е Грк, особено, кога неговите претци се бореле и гинеле во избегнувањето на сопствената асимилација и однародување од било кој во минатото. Тоа е навистина за жалење.

СОГОВОРНИКОТ - Да! Баш е тоа што се случува!

РИСТО -  Тоа беше голем проблем за нас, бидејќи имавме неколку воини една по друга и си го изгубивме нашиот континуитет, но и нашите традиции.  Традициите ни беа нашите  животни патокази. Тие не водеа дневно: од сезона во сезона и од година во година. Традициите ни овозможуваа и да го пренесуваме нашето знаење од генерација на генерација. Не беше лесно ни ако си бил самодоволен селанец и овисен од своите родители да те учат кога и што да правиш. Кога и како да ораш, да садиш, да ги береш плодовите од својата работа. Но ако немаш родители околу тебе да те учат што да правиш, или роднини или пак луѓе од твојата врста, од каде ќе го добиеш знаењето кое ти е потребно за нормален секојдневен живот? А да не говориме за историјата на својот сопствен народ?

 

Ристо Стефов : rstefov@hotmail.com

Дури и во времето кога и јас  живеев во нашето село и бевме самодоволни селани произведувавме се' што ни беше потребно, освен сол. Но купувавме  други производи, бидејќи имавме пари, како на пример маслинки, маслинов зејтинг  и нешто друго што не производувавме сами. Ние знаевме како да преработуваме  и чуваме, практично се' што ни требаше за да преживееме и тоа знаење преминуваше од генерација на генерација.

СОГОВОРНИКОТ - Ова се што ми го кажувате може да се најде во вашата книга?

РИСТО - Да! И многу повеќе. Јас написав све што работевме во кругот на нашето семејство, но и во селото за време на работите за секое годишно доба. Најповеќе што сум запаметил го документував во мојата книга "ОШЧИМА", монографија за моето село, во кое сум роден.

СОГОВОРНИКОТ - Речете ми за традициите околу златното паре, ве молам, бидејќи се сеќавам кога бев во Грција, имав три златни парички кое ги добив од баба ми и дедо ми, дури  беа уште живи.

РИСТО - Таа традиција е стара и оди до древните Македонци, по пат и тоа да го споменеме. Меѓутоа, јас навистина многу за тоа незнам.

СОГОВОРНИКОТ - Овие златни париња се француски ...1913, 19...

РИСТО - Па во тие времиња се уште се употребувале златни пари. Се викале "Наполеони", бидејќи, можеби, биле наполеонски пари. Баш ми е жал што незнам многу за нив освен, освен тоа, дека нашите луѓе ги викаа "наполеони".

Било како било, и ако било злато, ако не се јадело, никаква полза од него. Старите луѓе биле практични и мудри и зависеле од своите две раце за да преживеат.  Тие виделе пари како идат и како си одат, добиваат на вредност, губат вредност. Не им верувале многу. Златото, впрочем, има универзална вредност и може да се замени за други нешта. Можиш да си купиш материјал за градење куќа, на пример, или да платиш некој друг да ти ја изгради. Дедо ми Ристо отиде во Канада и таму работеше со години да спечали доста, за да си направи куќа. Сета печалба ја донесол дома во злато и после во Грција ја заменил за грчки пари. Но кога власта капитулирала за време на Првата светска војна, све изгубил. Е сега можиш да разбереш, зошто луѓето немаат доверба во парите, ниту во власта која ги издава.

ОШЧИМА село во Егејскиот дел на Македонија

КОДОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Кодот на св. Кирил и Методиј

 

ГЛАГОЛИЦАТА И

ФРАНЦУСКИТЕ КРАЛЕВИ

 

Да не беа светите браќа, кој знае со кое писмо ќе го пишувавме овој текст. Но, најстарата позната славјанска азбука која тие ја создале, не е кирилицата, туку глаголицата. Токму на ова писмо напишано е Евангелието од Ремс, богат илустриран ракопис со древно словенско потекло, врз кој се заколнувале француските кралеви.

Евангелието се состој од 47 двострани листови, од кои 16 се напишани на кирилица, а 31 на глаголица. Во оригинал, тоа било богато украсено со злато, скапоцени камења и реликвии.

Неговото потекло не е сигурно. Постариот дел е веројатно напишан со калиграфија на островот Крк или во некој манастир во Чешка, Украина или Русија. Прв пат бил забележан во втората половина на 14 век, во времето на Шарл IV, кој го подарил на тогаш основан манастир во Прага, каде литургијата се држела на словенски, а чија црква била посветена на светите Кирил и Методиј, Св. Војтех, Св. Прокопиј и Св. Јероним. Последниот, во француското говорно подрачје познат како Св. Жером, бил црковен отец, филозоф и лингвист роден во Стридон, на граница помеѓу римските провинции на Далмација и Панонија, кој ги превел житијата од старогрчки на словенски.

Трагата на Евангелието му се губи во Чешка во времето на Хусиските војни, а по некое време се појавило во Истанбул, каде се чувале и други преводи од Св. Јероним. Во 1574  го купил Шарл ,  Кардинал на Лорен, од патријархот на Константинопол, а потоа бил дониран во Катедралата Ремс, каде бил вршен обредот на крунисување на француските кралеви. Врз него заклетва положиле Анри III, како и Луј XIV.

Но зошто токму овој ракопис на глаголица бил сметан за толку важен, а некој од бројните други преписи на библиските текстови со латинично писмо, што би било пологичен избор за земји како Франција, која никогаш не ја користела ниту глаголицата ниту кирилицата? Една од причините која вообичаено се наведува е дека ракописот бил сметан за соодветен едноставно затоа, што изгледал убаво и затоа што него гопревел Св.Јероним - Жером, ценет светец во католицизмот. Но некои други теории велат дека во облиците на буквите на глаголицата се отсликува една цела филозофија на разбирање на космосот и светот, која од неа прави повеќе кодиран систем, отколку обична азбука. Токму таа негова мистичност направила Евангелието од Ремс да биде светата книга, врз која положувале рака идните владатели.

Можеби би требало да размислиме, наместо латиница во преписките преку интернет и СМС да користиме глаголица. Таа не само што има повеќе знаци преку кои може човек да се изрази ( 41 ), туку графички делува многу "кул" Тоа очигледно го забележале и француските кралеви.

Пренесено од:  off.net. mk 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Мечка

 

МЕЧКАТА ШТО И' ЈАЛА МРАВИТЕ

 

Една мечка беше му се настрвила на мравите да и' јадит и ништо живо не и' остаала да излезат на бело видело за да си соберат јадало. Откако видоа многу зорт мравите, се собраа и сториле еден мезлич за како да се избават од лошата мечка. Една рекла вака, друга рекла инаку, најпосле сите дошле во еден збор за да ископаат  една голема дупка длабока, а озгора да остаат колку два прста земја, што да не се познаат оти ет долу шупливо и да се наредат озгора на тоа место троа мрави за колку да ја подлажат.

И вистина така сторија. Мечката барајќум секаде мрави, одвај тамо беше и' видела и со трчаница ошла да и' јадит. Едно стапила на место и пљум внатре паднала. Опнала, опнала за да излезит, не се можило, чунки била дупката баеги длабока. Ја закачиле мравите од секаде и ја умртвиле, та ја изеле како леб и сол.

 

************************************

 

 

Тета Лија

ВОЛКО, ЛИСИЦАТА И КАМИЛАТА

 

Волко и лисицата се здружиле за да ловат лов по планина. Шетале, шетале и ништо не могле да најдат за да улоат.

Слегле од планината в поле. Одејќум по пат, нашле една зобница со леб полна. Ватил волко да јади и лисицата му го грабна лебо од уста.

- Што ми го грабаш, мори лисо, од уста лебо? - му рече волко.

- Како што ти го грабам, бре волчко, лели сме ортаци (другари), што да најдеме брацки да си го делиме - му рече лиса.

Вати волко и го раздели лебо: троа му даде на лисицата, а повеќето си го остај за него. Се налути лиса и го кошна лебо од пред неа.

-Бре, да зер толку малце ќе ми дааш ти мене? - му рече налутена лиса.

Се закараа лисицата и волкот, не можат да се спогодат. На тоа згора ето ти една камила му дошла.

-Ја стојте, стојте, да видам јас што се карате. - му рекла камилата. Откога виде камилата оти волко делеше неправо и даде помош за да го дели таа лебо, ама и незе да и' даат дел. Го зеде лисицата лебо, та го дели на сите  тројца по токмо. Виде камилата оти и' лисицата непрао го дели, го грабна таа да го дели.

-Нито волко - рекла камилата - го дели лебо прао, нити пак ти, кумо лисо; ја чекај да го кренам угоре, да што ќе падни, тоа грабнете си.

Го лапна сио леб в уста и ја крена глаата наугоре на долгио врат и вати да си го јади лебо. Волко и лисицата останаа бели во очите. Камилата јади си, тија подголтнуј си и по некоја трошка, што ќе му паднеше од камилата од уста волко и лисицата ја збираа и на неа се тепаа. Бре рипаа, бре скокаа, за да и'  откинат некое парче леб од устата на камилата; арно ама вратот од камилата је беше долг колку едена топола.

- Ете така,

еден печали, а друг ќе јади - рекла лисицата.

 

********************************************

 

 

Тројцата арамии

ТРОЈЦАТА АРАМИИ ШТО СЕ ИСТЕПАА

ПОМЕЃУ СЕБЕ ЗА ПАРИ

 

Се здружиле тројца арамии и тргнале да пленуаат по патиштата. Сиромав, богат, тие не гледале, секого пленуале и до една пара му и' земале, само и само пари да спечалат и да си одат зимата дома, та да јадат и д пијат и ќеф да тераат.

Целото лето што пленуале и на есен седнале да и' бројат од кај што беа и' закопале. 'И бројале и излегле шестотини лири, демек му паѓало по двесто лири на глава да си делат. Пред да и' делат, секој во себе си помислил за сам да и' има сите шестотини лири и секој си кроел план како да напраи да 'и вчепка парите сите тој.

- Е, сега, браќа - рекол првио - еве по двесте лири ни паѓа да си делиме, еве и олку пари артирисуваат; овие пари јас велам да и' изеиме, кој ќе појди в град, да купи едно јагне печено, леб, ракија, вино и нешто за мезе, да се изнаручаме јако и после парите да си 'и делиме и да си ојме.

- Многу арно - рекол вторио - дајте ми 'и парите, јас ќе одам и ќе накупуам од се' што треба да се изнаручаме.

Му 'и дале парите и отишол в град, та накупил од се' што ќе му текни, купил за неколку пари отруачка и ја турил во виното, чунки тој вино не пиел, та премислил да 'и отруја другарите и тоа да 'и земи сите пари. А пак двајцата другари премислија еден  есап, за тие да го земат негојио дел и му ватиле пусија на пато, та го отепале и си го зеле ручеко и се изнајале, се изнапиле вино и, не би час, двата се отруле и си умреле.

Ете пуста злоба до крај 'и донесе, што не можит да ќердосаат сите тројца арам пари. На амино си поминал еден многу сиромашец дрвар тамо и, видуајќи 'и парите, си и' зел и си отишол дома, та си 'и преранил пет девојчиња што 'и имал и си 'и омажил на најбогати куќи и тој си живеал царцки дури бил жив.

Ете кому му било речено, да си 'и има тие пари што 'и собрале клетите арамии во едно цело лето и не и ќердосале.

 

 

Ваш Сотир Гроздановски

 

10 октомври 2016

 

 

 

Kind regards: 10 октомври 2016

Sotir Grozdanovski br. 32