БАБА ЛАЖИ АМА ТРАПОТ НЕ ЛАЖИ 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗАСЛУЖУВААТ ЛИ АЛБАНЦИТЕ ПРЕКУ ЛЕБОТ И ПОГАЧА?

 

 

09 мај 2020

Подготвувајќи се за колумнава,  прелистав  многу текстови поврзани со "проблемите" на Албанците во Република Македонија, но и во скоро сите балкански земји, вклучувајќи ги и далечните САД, за кои тие се врзани како дете за мајчин папок. Врзани, цврсто верувајќи дека ако никој друг, барем тие ќе ги штитат од секакви зла, дури и од Коронавирусот.

Меѓутоа, денес има малку  пријатели без  посебни интереси. Затоа и најблискиот сосед со кој се гледаме преку плотот и по некогаш фрламе јајца едни на други е поарен, од онај далечниот, кој секогаш  доаѓа последен, кога ни е најпотребен. 

Деновиве што поминаа, беа бурни со многу анализи за се и сешто, а најповеќе за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Доколку не се предадете, велат тие, нема да ги почувствувате "благодетите" што ги пружа Европската Унија и НАТО. Меѓутоа, по се' изгледа дека разумот и изгубеното достоинство кај некои од нашите највисоки владари  на некој начин проработи, што ги возбуди, пак, и разгневи некои албански политичари, кои без размислување  одма реагираа со контра напад, заканувајќи им се, притоа, со нивните за'рѓани анџари. Ево, накратко, зашто се работи, пред да одиме понатака и со некои други работи, интересни да се знаат.

По повод  изјавата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, дека ќе се одрекнел од евроатлантските интеграции до колку македонскиот јазик не го признаеле за едини официјален јазик во Северна Македонија,  Зиадин Села, лидер на Албанската Алијанса му испрати подолго писмо, во кое покрај другото изразе незадоволство со загриженоста на Македонците  само за својот јазик, не водејќи сметка дека во државата имало два официјални јазици:  Македонскиот и Албанскиот (!?)

Покрај реченото, Села особено ја нагласи лошата положба на Албанците во Македонија и секојдневното губење на нивните национални вредности, како втор народ во државата, и урушување на нивниот национален идентиет.

На оваа тема може многу да се дискутира, а јас ќе пробам да споменам само нешто што мислам дека е важно: правата на националните малцинства и нивните обврски спрема државата, домаќин! Па во тој контекст, нема да биде премногу ако речеме збор два за начинот на решавање на  малцинските права во САД, а се надевам дека процедурата е иста и во другите демократски и цивилизиран општества во светот.

Па, познато е дека животот е еден и како ќе си го суредиш, таков и ќе ти биде. Се' зависи од нашето однесување спрема законите на земјата која под било кои околности ни пружила засолниште, безбедност и можност за создавање и одгајање семејства во благосостојба. Негде побрзо, а негде поспоро, зависи од целта која сме си ја поставиле пред себе,  зошто слободата и благосостојбата се  заслужуваат, а не подаруваат.

Исто така важно е да се спомене, дека  за заедничките потреби на населението се грижи Државата, а за сите други специфични потреби на етничките групи и заедници грижата е нивна. И секогаш во согласност со позитивните правни прописи и воспоставените пракси. 

Ама секогаш и на прво место е лојалноста, почитувањето на редот и мирот,   познавање на заедничкиот официјален јазик, англискиот, и почитување на законите, без кои нема стабилност и кохезивност на Нацијата и соживот меѓу етничките заедници.  Секое отстапување или непочитување на редот и мирот во земјата,  носи и консеквенции: затвор,  одземање на привилегиите кое државјанството  ни ги овозможува, до депортирање надвор од земјата како неподобни и штетни по безбедноста на сограѓаните, кои го делат истиот животен простор.

Заедничкиот јазик е секогаш јазикот на мнозинството или државнотворниот народ, без кои нема работа, напредок во државни и корпоративни позиции и поарен живот. Војската и полицијата не се исклучени. И тие  воспоставени правила на цивилизирано однесување се задолжителни, а малцинските за нивна внатрешна употреба. И што е најважно, никој не му се обраќа на претседателот на САД за помош дека го болел забот и дека неговите малцински права му биле повредени. И тоа добро го знаат сите и така се однесуваат. 

Се, се, ама, никој ниту помислува да им се закани на Америка со војна или отцепување на делови каде се групирани, како што е случај во Република Македонија, во која албанското национално малцинство ги ужива сите меѓународно загарантирани човекови права и многу, многу повеќе од тоа, и сепак, нивните апетити за дел од Македонија не стивнуваат.

Никој нема право покрај лебот да бара и погача, затоа што со своите изборни гласови му помогнал на некој да ја преземе власта во Македонија, како во случајот со велепредавникот Зоран Заев од Муртино. Но, и со сите други  пред него, на кои македонскиот народ не им дал доверба да владеат со Република Македонија, па затоа посегнале по спасители како Зиадин Села, Али Ахмети и многу други лигуши без посебни вредности, ама затоа до гуша исполнети со омраза спрема своите македонски сограѓани.

И не е само тоа што би требало да не загрижува и да не држи будни. Секогаш по некој забеган Албански историчар, како впрочем и грчки или  бугарски, бегаат од вистинската светска историја и присвојуваат туѓа, а затоа не обвинуваат нас. Зошто? Па затоа што немаат своја! Ретко кој краде и туѓо минато, бидејќи нивното во очите на светските учени луѓе не изгледа атрактивно, туку минорно! 

Ево еден пример со Албанците и древната Илирија. Биле наследници на Илирите, и затоа им припаѓало се' што останало од нив, вклучувајќи ја Македонија на Филип и Александар Трети Македонски, плус самоиловото царство кое достигло до Задар во денешна Хрватска. Меѓутоа како  за нас Македонците, така и за Хрватите тие се детски желби кои никој на светот не ги зема сериозно.

Па и покрај сета  неоснована бахатост и алчност на едно најмладо население  донесено од азиските простори како платеници, по некои историски податоци од Александар Трети Македонски за борба со Римјаните и потоа постепено населувани на западната страна од Балканскиот полуостров, Македонците  не се толку загрижени, бидејќи писаните историски документи докажуваат, кој беше газда на сите овие балкански и пошироки простори во тие времиња, кога Албанците беа само воени хорди како и Бугарите, натрапници и случајни минувачи.

Македонците од памтивек си живееле во Македонија со истото автохтоно македонско име, а сите други кои претендираат на балканскиот простор, па и Албанците, се само најобични дојденци и случајни минувачи, без генетска врска  со Илирите, а најмалку со Македонците.

Е, сега да се вратиме малку наназад кај нашиот Зиадин Села, "автохтон" Илир, кој има смелост да порекнува се' друго, освен себе и своите албански собраќа. Зошто? Па едноставо затоа ако сака да остане таму каде е'  мора да тресе лаги и невистини, како би ја покренал својата и вредноста на своите терористи, дури и повисоко  од оние на Денко Малески, со длабоки и искривени желби како би ја импресионирал околината во која живее и која го храни.

Кога зборуваме за АВТОХТОНОСТ, мораме да  објасниме што тој термин, заправо, значи пред да одиме понатака. Под автохтон народ се подразбира население кое се наоѓало на извесна територија пред таа да е колонизирана од новодојденци. За прастановници се сметаат и Маорите на Нов Зеланд, па Абориџините во Австралија, меѓу другите.

Неодамна во Њујорк под покровителство на ОН за првпат се одржа светска конференција на автохтоните народи. Таму не беа присатни албанските преставници, бидејќи и самите знаат дека таму не им е местото. Што значи: на лагите куси им се ноsете, и точка! 

Ето тоа се желбите и на Грците и на Бугарите преточени во историски фалсификати, зошто нивните истории се лажни и  вода не држат, кога ќе дојдат до вистински меѓународен научен тест.

Го споменавме делот од писмото на Зиадин Села  до претседателот на Северна Македонија, но недоволно за да ја дооткриме неговата дрскост и примитивност. Па затоа ќе додадеме уште нешто, за јавноста која се уште не го познава, овој албански "херој", да види со каков политичар и човек имаме работа.

"Сепак, тоа што не можам да се согласам со вас е кога велите дека Северна Македонија треба да се откаже од интеграцијата во Европската унија, доколку Република Бугарија го услови започнувањето на преговорите за членство на земјата во ЕУ со барањето македонскиот јазик во официјалните документи на ЕУ да биде наведен како "официјален јазик на Република Северна Македонија". Вели Села и продолжува уште поагресивно, како да му се обраќа на својот албански наредбодавец Еди Рама: 

"Не, господине Претседател, граѓаните на оваа земја никогаш нема да се согласат со откажувањето од ЕУ. Постојат многу причини за тоа, вклучувајќи ги и нивните три децении "жртвувања" и напори и немање друга алтернатива, но пред се' затоа што интеграцијата во ЕУ е директно поврзана со вториот приоритет што вие го издвојувате како државен интерес, интеграцијата во цивилизацијата и западните институции, што започна со членството на земјата во НАТО и ќе биде завршено само кога ќе станеме земја членка на ЕУ.

Изгледа, бугарското условување во однос на преквалификацијата на македонскиот јазик со право влијаеше на врвот на хиерархијата на вашите потреби и потребите на македонските граѓани. Затоа изјавивте дека 'кога прв пат ја прочитав, се вратив на таа формулација два или три пати. Не можев да верувам дека во 21 век, некој може да оспори нечиј јазик таков каков што со децении го кодира и практикува'. И уште нешто, што е надвор од секое цивилизирано однесување на претставник на едно национално малцинство кое брои едвај  15% од вкупното население во Република Македонија. Мешање во државната и внатрешната политика на Република Македонија, во улога на претставник на граѓаните на Северна Македонија.

Ако оваа бројка од 15% мислите дека не е точна, излезете еднаш на попис да се преброиме и тогаш ќе зборуваме за вашите специјални права и награди дека како Албанци кои кренаа рака  против Македонците и државата македонска во 2001 година,  заслужувате повеќе од сите други лојални малцинства во Македонија.  Но, и тоа помина, ама недовербата, спомените и лузните останаа за секогаш. 

Ние ќе стоиме покрај вас за да ја известиме официјалната Софија дека има два официјална јазика во Северна Македонија и дека нивното кодифицирање и регулирање е наша внатрешна работа, а не ваша". Вели Села самоуверено!

И на крајот  Селините мудрости и закани  кои го потсетуваат претседателот на Северна Македонија дека државата не е само на Македонците, туку и на Албанците, треба да се сфатат сериозно, затоа што тие така сакаат да биде, во секој случај!

Браво Зиадине, ќе биде така, како што велиш и како што сакаат твоите собраќа  вака или  така! Па пробајте, тоа е ваше право! Можеби овај пат ќе ви успее да ја окупирате и цела Македонија до Солун и Олимп!

За секогаш Ваш, Сотир!

 

Нова Македонија 8 мај 2020

ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА ОДБЕЛЕЖАН ВО ПРИЛЕП

 

Со полагање цвеќиња на Могилата на непобедените, претставници на Амбасадата на Руската федерација во земјава, од општина Прилеп и од Сојузот на македонско-руското друштво за пријателство и соработка на Македонија, во услови на коронавирус, денес го одбележаа 9 мај-Денот на победата. Притоа им беше оддадена почит на загинатите, кои своите животи ги дале за големата победа од пред 75 години.

На Могилата на непобедените, каде се посмртните останки на загинатите партизани, почиваат и останките на рускиот војник Петрович Кириков Иван, кој бил дел од руската чета во баталјонот "Мирче Ацев", кој загинал во борбите кај Плетвар.

Во Прилеп години наназад се одбележува овој датум со пригодна програма. Според истражувањата, руската чета броела од 30 до 40 војници во баталјонот "Мирче Ацев" кои под раководство на командирот-Иван В-Барсјуков, се бореле против фашистите во борбите во велешко, прилепско-битолскиот регион. Неколку руски војници загинале и тоа во демирхисарско, во Здуње, а Петрович кај Плетвар. (Ка.М.)

 

МОЖЕ ЛИ КОМИСИЈАТА ДА ЈА СМЕНИ НАУКАТА?

 

(Пробен балон на Денко Малески)

 Со неодамнешните изјави на актуелниот советник за надворешна политика на претседателот, прв министер за надворешни работи на Република Македонија, Денко Малески, веројатно по барање на надлежните, излете како пробен балон за да се види како ќе биде примено она што Бугарија го бара на хартија за продолжувањето на преговорите за прием на Македонија во ЕУ:

Го жртвуваше својот авторитет пред македонската јавност, делумно и поради непознавањето на фактите, но секако и поради својата еквилибристика по која и досега и' е познат на јавноста.

Станува збор за Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија и последиците од него. И кога се случуваше тој Договор беше јасно, а имаше и укажувања дека Договорот и става тежок товар на Комисијата од научни работници, кои и од едната и од другата страна требаше да се прават "на удрени" и да голтнат нешто што не може да се голтне, а беше наталожено со години.

Независно од тоа поради какви било "виши" интереси, очигледно беше дека Комисијата нема да успее или ако успее, тоа нема да биде без последици. Грешка е и на тие научници што прифатија да бидат членови на една таква комисија. И тие требаше да ја знаат целта поради која се поставени таму.

Но, најнапред нешто и за нејзиниот состав или поточно за самата претседателска функција. Од бугарската страна Комисијата ја води дипломатот Ангел Димитров, поранешен амбасадор во Република Македонија и во Република Србија кому историјата не му е главна туку споредна струка. Откако отиде во пензија по долгогодишната дипломатска служба си најде свое "ухлебие" и можност за подобрување на сопствениот дипломатски рејтинг и продолжено влијание, веројатно сметајќи дека "вистината" е целосно на бугарска страна, па лесно ќе се отстранат очекуваните недоразбирања.

Од македонската страна Комисијата ја води Драги Ѓорѓиев, директор на ИНИ, долгогодишен соработник на Агенцијата за разузнување и дописен член на МАНУ. Неговите предлагачи за дописен член на МАНУ, редовни членови на МАНУ, беа двајцата починати академици, "врвни" научници и докажани соработници на тајните служби, кои го знаеја тоа, а од него, како директор на ИНИ очекуваа да им врати со некои кадровски отстапки. Како дописен член на МАНУ и како директор на ИНИ, за претседател на споменатата Комисија, сега веќе очекувано го препорача академското звање, но пред се, неговата блискост со актуелната власт, а не некои особени достигнувања во науката. Вакво минато на претседателите и целата Комисија ја направи без кредибилитет. Нејзините членови од двете страни, со актуелните претседатели, меѓусебе не се прифатија како експерти во историската наука туку со потценување како соработници на тајните служби, како поданици на владеачките гарнитури во двете земји, а не како научни авторитети.

Освен тоа јасно беше дека секој од нив мора да настапува од позициите на актуелната власт, а не од експертските позиции во сопствената наука, па колку што мене ми е познато, недоразбирањата беа чести. И она што беше договорено и прифатено беше направено без волја, со сила на притисоците од надвор и приликите во самата Комисија.

Министрите за надворешни работи на двете земји требаше да знаат дека Комисијата, која, за последниве педесет години е четврта или петта по ред, може да ја доживее истата судбина како и претходните. Бугарија се надеваше дека ќе ги исправи историските "неправди" од Балканските војни, од Првата и од Втората светска војна и "неправдите" од АСНОМ, кое за бугарската страна, "се конституирало на антибугарска основа", или, како што го обвинуваат Тито со неговото комунистичко аминување.

Не ретко од обичните луѓе во Бугарија можеше да се слушне задоволство, со искажување, дека "со Заев како премиер успеавме да си ја повратиме Македонија".

Но, да се навратиме малку на клучните историски настани во последниве сто години. Уште за време на Првата балканска војна во 1912 година, која се случи поради Македонија, бугарската држава, со ветувањата на големите сили беше ориентирана кој југоисток. "Македонските чукари" воопшто не ја интересираа. На бугарскиот цар Фердинанд во Бугарија му се подготвуваше седло со кое, на бел коњ, на чело на бугарската армија, требаше да влезе во Истанбул како победник. Добро ама, дволичноста и лицемерноста на големите сили не го дозволи тоа.

Обидот на генералот Савов, со нападот на Србија да ги  освои веќе освоените територии од нејзина страна на југ по долината на Вардар ја предизвикаја Втората балканска војна и како епилог од истата со Букурешкиот мировен договор 1913 година Бугарија доби најмала територија од сојузниците во војната. Тој епилог и таа "неправда" беше примена како трагедија за Бугарија. И во Првата и Втората светска војна Бугарија се обиде да ја исправи таа "неправда", со армии влегуваше во Македонија, како окупатор, со што го навлече гневот на македонското население. На обичното население не може да му се објасни зошто бугарските "браќа" не напаѓаат и не поробуваат кога не сметаат за Бугари?

Армиите ја напуштаа Македонија, поразени, но омразата кон Бугарите како окупатор не е избришана и до денес. Во историографска, но и во политичка смисла, секоја од балканските држави си ја задржа својата "вистина" и за балканските и за светските војни. Затоа, Бугарија, повикувајќи се на таа своја вистина, никогаш не го призна постоењето на македонската нација, јазикот и историјата. Бугарија прва ја призна Република Македонија по распадот на СФРЈ во 1991 година, но никогаш и нацијата и јазикот и историјата. Тоа, и тогаш будеше сомнеж за бугарските искрени намери. Од 1945 година наваму во функција на градење на добрососедски односи, кои редовно се одвиваа "топло-ладно" лидерите на распаднатата СФРЈ Тито и на НРБ Тодор Живков неколкупати констатираа дека поради нерешеното македонско прашање не се развиваат доволно добро економските односи на двете соседни држави. 

Двајцата најдоа решение, на двапати, да се формираат комисии од историчари, кои требаше да предложат форми за соработка во научната и образовната дејност. Како што се формираа, така и премолчано не покажаа никаков резултат. Тито и Живков дојдоа до заклучок дека е најдобро историчарите да се остават и да не им се меша политиката и партијата во нивната работа, а да се развиваат економските односи.

Заедничка комисија формираа и владите на Љупчо Георгиевски и Иван Костов и владата во мандатот на Бранко Црвенковски. Последнава барем објави заеднички усогласена оригинална историска документација, од архивски извори, која и денес постои и се користи во училиштата.

Без оглед на неуспешните епизоди со комисиите, соработка меѓу историчарите од Р. Бугарија и од Р.Македонија, по 1991 година, имаше и таа не беше за потценување. Иако, главно, историчарите си остануваа на своите позиции, имаше и почит и пријателство. Науката се базираше на изворите, но немаше такви непријателства кои ги донесе Договорот за добрососедство и пријателство од Димитров и Захариева. Треба да се напомене дека понекогаш од двете страни се јавуваше и по некое суетно однесување, кое не ја загрозуваше соработката и јакнеењето на пријателството меѓу народите. Ќе посочиме еден пример:

Во 2000 година Институтот за национална историја објави научен труд, "Македонски историски речник", во кој беа вградени дотогаш познатите научни достигнувања. При неговото подготвување зазедовме став да се настојува во формулациите да и ги приближиме на објективната научна мисла и во двете земји како придонес кон градењето на потребното добрососедство. Над 40 автори и редакцијата од седум автори на колективни седници ги разгледувааа и ги усвоија двете илјади одредници. Но, по обичај, во Р. Македонија, по инерција во односите кон Бугарија, ова издание беше дочекано "на нож". На некои им заличи на "пробугарско". Прво МАНУ, особено академик Блаже Ристоски, за подготовката на неговата Македонска енциклопедија во два тома, која веднаш по објавувањето поради неквалитет беше одма забранета и повлечена, отиде и подалеку па дури и забрани ова издание како "пробугарско" да се користи и како извор што беше своевиден нонсенс во науката(!) Некои дури напишаа дека со македонски пари Институтот направил "бугарски" историски речник. Тогаш професорот Атанас Вангелов ја предводеше кампањата преку "Утрински весник", иако денес и тој од сенка упатува некои поуки за грешки во актуелниот миг.

Дека ова издание не беше во функција на бугарската кауза како што бевме обвинувани, доволно зборува следнава одредница за Гоце Делчев, во моментов најспорната историска личност:

"Делчев, Георги-Гоце, (Кукуш, 4 февруари 1872 - с. Баница, Серско, 4 мај 1903), апостол и организатор на македонското револуционерно ослободително движење од крајот на 19 и во почетокот на 20 век, учител, војвода, најзначаен раководител на ВМРО, главен инспектор на четите на организацијата и на револуционерните окрузи..." (Ова е дефиницијата на одредницата, а понатмау се изнесуват фотографски податоци за Г. Делчев -стр. 150-151).

Од бугарска страна не беше демонстрирано некое незадоволство или некоја почувствителна реакција, ниту за оваа, ниту за некои од другите содржини (Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски, Мисирков и др.) туку напротив, беше оценувано како чекор напред во македонската историографија.

Чуден е односот на двајцата министри на министерства за надворешни работи, особено на ноншалантниот Никола Димитров, кој не може да излезе од оваа каша. Видливо е дека тие не ги познавале доволно проблемите во историографијата и сакале да трасираат пат кој никој нема да го прифати. Можеби на некој му било јасно дека Комисијата од споменатите причини нема да постигне научна согласност за многу прашања и ќе претставува добар повод за блокирање на евроинтеграциите. Повеќе за верување е дека има одредени намери да се бара нешто невозможно и упатување на некој друг да го решава Гордиевиот јазол, а такви се најдоа како во примерот со Грција.

Очигледно дека таков договор и таква Комисија во градењето на довербата меѓу двете држави воопшто не биле потребни. Тој ја разбранува јавноста и наместо пријателство создаде нови непријателства. Солуцијата беше да се препушти слобода на творештвото, како на Запад. Кој вели дека Франција и Германија или Германија и Британија имаат договор за еднакво толкување на минатото? Својата историја секоја земја си ја толкува на свој начин. Затоа е тоа слобода на творештвото. Тој што чита нека верува или не верува во она што е напишано. И во религијата сите не веруваат подеднакво. 

Но уште еднаш се покажа дека Балканот не е Запад!

д-р Новица Вељановски 

Ставре Џигов

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ СЕ БРИШЕ СО ЕДЕН КЛИК НА "ЊУЈОРК ТАЈМС"

 

 

08 мај 2020

Професоре, за да не заглавам во жив песок, во пропаганда на 19 и 20 век, против македонското битисување, ќе споменам некои настани, книги и списанија што и' се достапни на јавноста. Зошто паднавте во "пајаковата мрежа" на политичката пропаганда на тие времиња? А може уште некој како вас да се појави и тоа да ни го направи за српското и грчкото време на минатотот!

На 4 септември 1999 година во Торонто, Канада, во хотелот "Хилтон" се одржа 77-та конвенција на МПО. Претседател на МПО, Крис Иванов, прилепчанец, Македонец.

Премиерот Љупчо Георгиевски ја предводеше македонската делегација. За што се говореше, како бевме примени од македонската емиграција поопширно е пренесено, напишано на страниците на илустрираната ревија за иселениците "Македонија", број 559 и број 560, од октомври 1999 година. На конвенцијата бев во својство на претседател на советот при Министерството за иселеништво. Тоа го имам објавено во книгата "Четврта емигрантска Македонија", издадена од "Аз-буки", Скопје, во 2007 година. По завршувањето на конвенцијата, заминав во седиштето на МПО во градот Форт Вејн, држава Индијана. Ѓорѓи (Џорџ) Лебамов ме покани да видам каде почна МПО и печатењето на весникот "Македонска трибуна".

Се сретнав со неговиот брат, адвокатот Иван Лебамов, кој едно време беше градоначалник на градот Форт Вејн. Со него зборувавме како да воспоставиме нормални односи и како да се одбраниме од антимакедонската пропаганда. Пропганда од сите тајни политички центри на Балканот, а и "вгнездени" во нашата татковина Македонија. За да бидат појасни "македонските работи" и да ги разграничиме од валканата пропаганда, да го споменам Уставот на Сојузот на македонските политички организации во САД и во Канада, издаден во градот Индијанополис, држава Индијана, во 1928 година.

Од уставот ја цитирам основната цел зададена за "секој полнолетен Македонец": "Македонските емигранти во САД и во Канада, без разлика на народноста, верата, полот и политичкото убедување, создавајќи за потребата за здружена организирана дејност за ослободување на татковината Македонија, создадоа политичко-културна организација да се бори и да работи на легален начин, за издигнување на Македонија во една независна република во нејзините географски и економски граници, која најревносно ќе ги гарантира демократските, социјалните и економските права и слободи, задолженијата и привилегиите на сите свои граѓани. Според членот 4 од Уставот, член на МПО може да биде 'секој полнолетен Македонец' којшто ја споделува целта со организацијата".

Обемна книга "Македонски алманах" издана во градот Индијанополис, држава Индијана, февруари 1940 година. Предговорот од ЦК на Македонската политичка организација на САД, Канада и Австралија.

Последна реченица од предговорот гласи: "Како во минатото, така и во иднината, нашата достојна емиграција ќе жртвува средства за заштита на светата македонска кауза во средината на просветените американски средини!"

Професоре, ценети читатели, ова што го спомнав е преземено од оригиналот, без намера да се извитопери содржината на текстот или, пак, да се пречкрта некој збор, некоја реченица. Пред македонската јавност да споменам уште нешто. Бев предмет на опсервација на бугарските тајни служби. Но тие штоме следеа (В.П.) кај нивните шефови реферирале дека сум "тврдокорен Македонец што не може да се преобрати во Бугарин"! За мене неоспорно, секогаш кога сум одел кај моите роднини Македонци и пријатели Бугари и во службена посета како државен обвинител на Република Македонија, сум бил примен срдечно и со искрена почит од највисоките бугарски државници.

Имав средба со наши врвни македонски разузнувачи (Т.Ш., Д.Н., И.Б....) од југословенската агентура и ми раскажуваа како оперативно ја "неутрализирале" македонската емиграција во странство, во одбрана на југословенството. Македонија претставува греж/јазол на Балканот што разумно треба да го отплеткаме во интерес на македонскиот народ и добрососедство со другите народи. Но не на штета, со промена на нашето историско и уставно име Република Македонија и со анатемисување на македонската нација. Сакате верувајте на пишаното или не, професоре, бивши министре, тоа е ваше право и право на ценетите читатели. Се надевам, во некоја пригода, пак ќе се видиме на патеката на надежта, на брегот на Вардар.

https://www.novamakedonija.com.mk

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 КОЧО РАЦИН

 ДА БИДЕШ ЧОВЕК

Да бидеш човек, да имаш топла крв
Да мислиш со ум и создаваш со рака
Па да си нечие нешто.
Низ сиот живот ден и ноќ
Болно да венееш покрај челичната машина!
Да сонуваш за среќа
И да ја создаваш за друг
А самиот да си среќен-никогаш.
Да можеш се'
Со грч во болка да создаваш
Па да си ништо пак.
Да си ги продадеш крвта, мускулите и умот
И да живееш-со животот на добиток!
Да бидеш милион,
Милион бледи лица и стиснати шаки,
И да си мртов предмет:
Да бидеш лопата и дикел
Да копаш
Патишта рамни
Некому за рај!
А за себе да коваш метален оков
На срамот и на бедата!..
О, да се плукне, да се плукне гадот валкан!
Да се отвори устата, да се ископаат очите
И ноќите ослепен
Од стихијата на зелениот Јад!..
**********
Кочо Рацин

 

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 285, 10 мај 2020

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA