Споменик на А. Ден. Дулард во Охрид, Македонија

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

ДЕЛ ОСМИ

01 октомври 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски : Сотир Гроздановски

 

 

"Ние сме секогаш со вас и кога ќе не затребате, ќе ви помогнеме, браќа христијани, само треба да ги испукате првите неколку куршуми и да го започнете Востанието". Му велеле Бугарите на македонските револуционери, како би ги вовлекле во крвав конфликт, со надмоќниот непријател, за да се искрварат еден со друг, а потоа тие да влезат во Македонија, да ја окупираат македонската територија и потоа да ја анексираат кон бугарската држава.

"Браќа христијани"! Тоа ли е нашето име?

Волкот влакното го менува, ама табиетот никогаш. 

Меѓутоа, нивните довчерашни сојузници , Грците и Србите, сознале за нивните накани и превзеле превентивни мерки:  се нашле сите во меѓусебни војни судири и така ја започнале втората балканска војна и конечно, во 1913 година со Букурешкиот договор, Македонија ја распарчаа меѓу себе, се разбира, со помош на нивните дародавци од тогашната меѓународна заедница.

Поделбата била извршена спрема положаите на завојуваните воиски на довчерашните партнери  од првата балканска војна, а сега два "волка" спрема еден, на штета на Бугарија.

Зборувавме и за Санстефанскиот договор со кој Русија им ја поклонила Македонија на Бугарите, но на крајот сепак завршила назад во составот на Отоманската Империја.

Ете, во главно, во седмиот дел од нашиов историски серијал разговаравме за конечната поделба на Македонија во 1913 година со Букурешкиот договор  и за заблудите и наивноста на Македонците дека, соседите ќе им донесат слобода, ако им се придружат во борбите за истерување на Отоманите, од Македонија.

По се' изгледа, дека се  повторува старото сценарио на нашите "докажани пријатели и стратешки партнери" и денес.   Како  хиени, во бранови се нафрлуваат на последната  "коска" која им преостана на стариот Балкан, но и од силната македонска држава од која и денес, после толку векови, стравот не ги остава да спијат мирно.

Завршетокот се фокусираше на консолидацијата на добиените делови од Македонија и асимилиација на македонскиот народ, сега  под нивна управа. 

Освен со Анализите на историските настани, како и секогаш, имавме и посебни прилози: Теории за настанокот на Охридската Архиепископија, но и нешто од Македонското народно твоештво.

Па да продолжиме со осмиот дел и да видиме што не чека напред.

 

Сотир Гроздановски

Ричард Клог, англиски историчар - роден 1939 год.

ДЕЛ ОСМИ

01 октомври 2016

 

"Грчкото население почнало брзо да се зголемува во периодот помеѓу 1907 и 1928 година. Од 2,600,000 во 1907 до 6,200,000 во 1928 година. Но и во егејскиот дел на Македонија, на пример, после 1912 година  грчкиот елемен  достигнал дури 43% од населението. А пак со доселувањето на така наречените бегалци, во 1926 година грчкиот елемент се зголемил до 89%." ( Стр.121, Ричард Клог, Кратка историја на современа Грција).

Чудно но вистинито, и покрај оваа нова демографска  слика на Грција од 89%, Грција и понатаka си останала "чиста и едно национална". Што би се рекло, "зборувај усто како ќе ти речам, оти ќе те раскинам."

И така, ваквата ситуација продолжила низ сите 1920 ти години и покрај фактот, што во Грција влегле и се населиле преку 1,ооо.ооо турски христијани колонисти и доселеници, од Мала Азија.

Ние, Македонците, знаевме дека овој силен број на различен народ  од надвор доведен во Македонија, нив над 600.000 души, дека не се Грци. Тоа го сознавме, дека постанаа наши соседи и си го зборуваа нивниот мајчин јазик: турски а не грчки!

Од овој факт произлегува и прашањето: каде се тие силни Грци во Македонија за кои Грција тврди дека се "чисти" Грци?

Како би биле праведни кон вистината, одлучив да погледам подлабоко во цела оваа  грчка лакрдија. Почнав од моите родители. Реков, дека Грција тврди 89% од населението кое живее внатре во границите на Грција се Грци. Јас ги знам сите доселени во моето село дека не се Грци и сите тоа го потврдуваат, па се прашувам: каде се Грците кои ни се претставени како Грци? Нив ги нема во нашето село!

Такви "чисти" Грци нема во нашето село. Ги нема нити во соседните села, а ниту во крајот на Македонија во кој јас живеев.

Во местата каде сите луѓе се познаваат меѓу себе, никој не потврдува дека некој од нив е Грк. Гледаат во трговците, овчарите, фурнаџиите, занаетчиите и т.н.т. размислувајќи кој од нив би можел да биде Грк. Но испаѓа дека трговецот бил Влав, овчарот бил исто така Влав, фурнаџијата бил Евреин и граѓевинците  биле Албанци и, гледај чудо невидено, ниту еден Грк.

Меѓутоа, кога ги погледнаа другите луѓе меѓу себе, за кои претпоставуваа дека може би има некој Грк меѓу нив, на пример  полициски високи чиновници, некои меѓу просветните работници, доселениците, колонистите...доваѓаа до заклучок, дека се сите дојденци во Македонија од краевите јужно од Олимп и од Мала Азија. Со други зборови, сите се дојденци во Македонија и не бевме во можност да ја утврдиме нивната национална припадност.

Па затоа јас заклучив, дека таму нема "Грци" сродни со сиромашните Македонци и со потекло  од Македонија. И како што споменав и порано, новодоиденците, турските христијани и колонистите од Мала Азија, кои беа населени во некои од македонските села, не беа исто така Грци.

Некој би се зачудил и би се прашал самиот себе си: што се случува овде? Каде се Грците? Мора да има Грци негде јужно! Во Грција?!

Да ја направиме долгата прикаска куса, одлучив да погледнам во грчката историја малку подлабоко, ама не од грчки извори.

После гледање во над 150 историски наслови, написани од автори како на пример David Holden, Fallmerayer, Edward Blaquiere, William St. Clair, T.J.Winifrith, J. McKeen Cattell , Lucy M.J.Garnett, James Bourchier, La Pouge, Schultz, Rennell, Rodd,, Michael Herzfeld, Clogg, Nigel Wilson, G. Droysen ( човекот за кој се мисли дека е таткото на Хеленизмот), Thomas Keightley, G. Bowersock, Nicholas G. L. Hammond, Keith R. Legg, Richard Gleason Greene, William Z.Ripley, Colin Wells, Alexandra Halkias, Charles Eliot, G.P.Gooch, Rennell Rodd, G.A. Henty, Balasz Trencsenyi, Michal Kopecek, F.W. Walbank, Peter Green, Neni Panourgia, Vamik Volkan, Karakasidou, да споменам само некои... неможев да најдам "етнички Грци" во Грција.

 

Николас Г.Л. Хамонд 1907-2001

{Изненадувачки, дури и Nicholas G. L. Hammond, еден од најголемите хелено историчари и автор признал, дека современите Грци не се тоа зошто се претставуваат да се . Nicholas G. L. Hammond во својата книга " Migrations and Invasions in Greece and Adjacent Areas" на стр. 57 пишува: "СЕ случи сето тоа во  периодот  од 1206 до 1260, со масовната преселба на  емигранти  од западните краеви. Таа преселба во 14 век се претвори во поплава  од платеници, пљачкаши и номади. Мнозинството од нив беа албанофони, а другите им се приклучија на покретот. Без обsир на нивниот јазик, тие биле препознаени од грчки и латински автори како "Албанои", "Албанитаи" или "Албаненсес". Причината за ваквото колективно именување бил фактот, што сите тие  влегле во Византискиот свет од простор кој Византијците го познавале како "Албанон". Па така, Власите кои говореле на Малакасии и кои извршиле инвазија на Тесалија во 1334 година биле препознаени како "Албанои" од Кантакузенус во 1474,  исто така како и албанофоните 'Албаненсиум генс', кој извршиле инвазија врз Тесалија во 1325.}

Сите овие автори потврдија дека Грците биле современа креација од сиров материјал кои постоел во земјата на Отоманите, сега наречена Грција. Никогаш не постоела Грција и никогаш немало Грци...се' дури не биле креирани за прв пат во првата половина на 19 век. Па ако е така, од каде сега  толку "етнички Грци?"

Уште еднаш да поновиме, дека од горе наведените причини, ниту  Куртас не би можел да биде "етнички Грк".

Во стварањето на овие "чисти Грци", важна улога имала грчката православна црква и нејзините свештеници. Ние ќе  споменеме еден од нив, кој се истакнал во многу што, од што човек може само да се грози. Тоа бил, владиката Костурски, Германос Каравангелис.

Владиката Каравангелис не работел за Атина. Тој работел за Патријаршијата во Истанбул, али соработувал со Атина. Од таму доваѓале парите со кои ги плаќал своите џелати кои ги користел за извршување на многу грозоморни злосторства, во ширењето на   "Хеленизмот" во Македонија.

Каравангелис го мразел ВМРО повеќе од Отоманите, бидејќи лидерите на ВМРО го следеле и му ги оневозможувале плановите со кои го ширел  Хеленизмот во Македонија. Таа била и причината,  зошто  ги плаќал, со злато, споменатите разбоиници и криминалци за да ги ликвидираат лидерите на ВМРО.

Еден од неговите жртви во нашиот крај бил и Лазо Поп Трајков, кој бил убиен од превртливиот и алчен за пари Коте Христов  од с. Рула. Парите биле посилни од лојалноста спрема неговите пријатели. 

Лазо Поп Трајков бил портир на Котевата свадба и човек кој на Котета му го спасил животот дури два пати. Но, Поп Трајков бил исто така и на црната листа на Каравангелис, кој можел да го поткупи секого, за своите злосторнички цели. Па така, после некои пресметки со Отоманите во Мариово, се прочуло дека Лазо Поп Трајков бил ранет во главата и дека се скривал некаде. Коте го пронајдол кај Туртска Полена во Ошчима и после долг разговор, се поздравиле и се раздвоиле. Што зборувале, само тие знаеле.

На патот кон Желево, Коте се сретнал со некој од своите соработници и му дал задача да го убие Лазо Поп Трајков и да му ја донесе неговата глава, како доказ, дека ја извршил задачата. Потоа, Коте му ја однесол главата на Каравангелис и ја зел наградата. Лазовото обезглавено тело, спрема зборовите на татко ми, било погребано зад олтарорт на црквата Св. Никола во Ошчима.

Злосторствата на Каравангелис дошле до својот  најсрамотен чин со извршениот масакар во селото Загоричани. Одбивајќи да му подклекнат на Хеленизмот, Загоричани, по директна наредба на Каравангелис, беа измасакрирани до последениот човек, вклучувајќи ги  и неродените деца, внатре во мајчините утроби. Очевидците сведочеле за пронајдените  тела на бремени жени со распорени абдомени. Оние кои успеале некако да побегнат од селото, одбиле да ги покопаат мртвите тела, па така тие стоеле надвор четири дена, се' додека европските конзули од Битола  не стигнале  да се уверат во sверствата кои Каравангелис ги направил во ова македонско село. И што направиле овие европски конзули? Ништо!

Луѓето од околните села го познавале Котета од Рула. Тој бил еден голем идиот, глупан, одлична фигура која била лесно да се користи против неговиот сопствен, македонски народ за пари. Денес Коте е грчки херој. Зошто и да не биде? Им помогна на Грците да ја погрчат Македонија.

Неговиот споменик денес му го краси  селото Рула. Поставен на влезот  во Рула, ги потсетува Македонците на неговите услуги кои им помогнаа на Грците да го поробат неговиот сопствен народ и да им покажат на странците дека имало и "херои кои се бореле" за своите идеали.

За оние кој него знаеле, Коте е грчки херој, а споменикот е таму да го докажи тоа. Има и такви идиоти кои го почитуваат Котета како голема личност, не знаејќи ништо за неговите злосторства. Ако им речеш нешто за тоа, ќе ти се смеат в лице и ќе ти речат: "ти си идиот!"

Во тие времиња, Коте ор Рула бил обичен лажливец, арамија и насилник, кој уживал да ги понижува послабите од себе; жените и децата.  Некои го викале Ајдук. Али тој не бил Ајдук. Тој бил обичен ленчуга, простак и идиот, кој би направил се' за пари, вклучувајќи и убивање на своите пријатели.

Некој од  лидерите на ВМРО мислеле да го регрутираат во нивните револуционерни редови, но наскоро увиделе, дека борба за национални цели не е за него... таму нема заработувачка...нема злато, нема пари...  Па така, одлучил да работи против македонските национални интереси. И гледај што постигнал! Постана грчки херој и доби свој споменик.

Но јас неби зборувал повеќе за него. Ми се гади и не заслужува внимание кое некои, кој него знаат добро, му посветуваат.

Го спомнав зборот Ајдук. Што е заправо Ајдук? Ајдуците биле првите револуционери во Македонија. Во очите на Отоманите тие биле злосторници и криминалци, но тие се бореле за да преживеат. Да, вистина е! Бегале и се криеле во планините, како би избегале од ригорозните турски казни. Не работеле и живееле од она што би го украле. Ги напаѓале богатите патници, специјално Отоманските трговци. Се групирале по неколу души заради сигурност и добро вооружени се бореле против државните авторитети. Биле гонети од власта, но знаеле како да им се спротивстават и да преживеат. Ајдуците биле сезонски борци кои знаеле како да преживеат, но исто така биле и одлични револуционери. Тие не биле сите криминалци. Повеќето од нив   биле  чесни луѓе, кои биле погрешно осудувани и затварани за криминални дела кои не ги сториле. Пошто немале избор и прилика да ја докажат својата невиност, бегале и постанувале ајдуци и разбоиници.

 

 

Сребра Апостолова-Ушлинова

За време на подготовките за Илинденското востание, ајдуците биле меѓу првите доброволци, зошто сакале Отоманите да нестанат од Македонија што побргу. Биле најдобрите тренери на младите револуционери, зошто биле искусни во воините судири со Отоманската војска. Ги учеле како да војуваат, но и како да преживеат. 

Во нивните редови имало и жени. Некои од женските ајдуци достигнувале и до високи положаи во своите групи. Легендарната Румена била една од нив. Румена имала и своја чета исто како и Костадинка и Сребра Апостолова. Сребра била од Леринско, од каде и јас доаѓам.

Џ.Н.Брејлсфорд, англиски новинар 1873-1958

А сега да се вратиме кај платените убијци. Биле три или четири такви групи кои оперирале во Костурско и Леринско. Овие групи биле предводени од Каравангелис, грчи владика од Костур. Тој бил вистински монструм и треба да кажеме нешто повеќе за него.

Ево што има да ни каже Х.Н. Брејлсфорд на стр. 209 и 210 од неговата книга "Македонија: нејзините раси и нивните иднини" :

Владиката костурски Германос Каравангелис 1866-1935

{Карактерот на костурскиот владика Германос Каравангелис бил одвратен , но во исто време и фасцинантен. Немало крај на неговите изненадувања. Се сеќавам на нашата прва средба. Разговорот го започнавме на грчки, но после неколку минути се сетивме дека заедно бевме на германскиот универзитет и човекот кој сметав дека е Византиец, по својата надворешност се однесуваше како Берлинец. Инаку образованието кај грчките владици е реткост. Никогаш не сум сретнал некој меѓу нив да се служи со  странски јазик, освен нивниот, грчкиот.

Неговиот пријатен изглед пленуваше. Па затоа и се запрашав самиот себе си: Може ли овај да биде таков фанатик кои би ги тероризирал бугарските (македонските) селани и со сила   терал во својата црква? Можел ли да биде толку не цивилизиран и злобен па да ги тера "своите верници" на насилство: да го истераат од градот    расколничкиот бугарски владика? 

За време од пет минути, мојот угледен соговорник ми се  претстави како филозоф,  а за десет минути потоа, како слободен мислител и со свој поглед на психологијата. Потоа го прочита својот  Lotze  и на крајот ја критикувавме етиката на Wundt. И тоа се' во просторија, во која на видно место на sидот над мојата глава висеше страшна слика  со одсечена човечка глава, на која се гледаше отстрел од куршум на вилицата и трагови од крв. Фрлајќи поглед на таа грозоморна фотографија, се сетив на прикаската за убиениот Бугарски (Македонски) лидер. (Тоа беше главата на Лазар Поп Трајков).

 

Лазо Поп Трајков роден с. Д'мбени 1877 убиен с. Трново 1903 год.

Лазар Поп Трајков бил убиен од  злосторничката група во служба на владиката Германос Каравангелис, кога тешко ранет, покушал да најде засолниште. Инаку, овој познат македонски револуционер, костурски војвода и поет бил роден во селото Д'мбени, Костурско на 10 јуни 1877, а загинал во селото Трново, Костурско на 11 октомври 1903 година. Завршил гимназија во Солун 1898 година, ги организирал првите револуционерни комитети во Костурско, а во Илинденското востание бил член на Костурското горско началство. Автор е на поемата "Локвата и Вињари".

Прикаската продолжила да се шири  и понатака да  раскажува  како убијците го носеле  крвавиот трофеј до палатата,   како владиката Каравангелис го фотографирал и ја платил наградата со 50 турски лири.

И така, дури грозоморната фотографија висеше на sидот над мојата глава, некако го завршивме и разговорот за моралот , филозофијата ...}

Ете и тоа го доживеавте Брејлсфорде!

Верувам дека Брејлсфорд беше некој новинар во Македонија за време на Каравангелис... или можеби некој англиски шпијун. Јас незнам, али тој многу пати се шалеше околу сето ова. Меѓутоа имам проблем со неговото упорно именување на Македонците како Бугари. Тоа сум го приметил и кај многу други автори и не само кај Брејлсфорда. Тој зборува за Власи, Албанци, но  не и за Македонци.

Не е ли тоа една врста завера со која ги прикрива фактите за стварното постоење на Македонците во Македонија, окупирана од Грција? Да, тоа е вистина, но не е вината до авторите, туку до уредниците и издавачите на нивните дела. 

Како го знам тоа? 

Мојот пријател, трипати доктор на науки, сакаше да напиши книга за нас, Македонците, за да ја исприповеда нашата прикаска на начин, како што тој ја знае, и како ја сознал од својот народ. Многу навреден и со тажен глас ми рече 80 годишниот професор; "Сакам да оставам зад себе, пред да умрам, за идните генерации нешто вистинито, а не ѓубре кое во денешни времиња се ствара, но не ми дозволуваат. Секогаш кога ќе напишам нешто, моите уредници ми велат дека тоа не смеам да го напишам и го менуваат.. ми ги разводнуваат моите дела. Универзитетот не ми ги печати книгите, ако не направам така како што тие ќе ми речат. Јас неможам да ја кажам прикаската како  Македонец, ама немаат ништо против, ако речам дека сум Грк! Можам да пишувам што сакам, ако се  претставам во книгата како Грк, но тоа е прениско за мене."

Да, јас сум цврсто уверен дека не е само Грција и Бугарија кои несакаат Македонците да постоат; има многу други како нив. Многу моќни луѓе кои стоат зад Грците и Бугарите.

Сега, кога сме кај терминот завера, уште еден проблем ми смета со името "овошна салата" за Македонија, кој е француски производ. Тие ја викаат Македонија така, бидејќи не се во состојба да ги проучат етничките групи кој живеат во неа. Тоа е тешка задача за Французите да пронајдат кој е кој во Македонија! Прашањето е: зошто е тоа така?

 

А. Ден Дулард 1901 - 1994, патописец

Можеби македонскиот народ самиот за себе незнае кои е и што е ? Ако е тоа така, тогаш речете ми: како А. Ден Дулард, еден Низоземец добро знае кои се Македонците, а никој други тоа не го знае ?

Да, Дулард беше стварна личност. Тоа го докажува неговиот споменик во Охрид, на два три чекори од Охридското Езеро. Јас лично го видов и исто така имам читано негови дела. 

Разликата помеѓу Дулард и другите патници и автори е што Дулард отиде во Македонија сам и не најавен, но и без заштита.

Изгледаиќи како човек кој ја бара својата среќа, тој се измешал со обичните Македонци во нивните ресторанти, кафани, коноби и семеини куќи. Кога луѓето го запознале подобро и сватиле дека тој не дошол за да им нанесе некое зло,  му ги отвориле своите души  и  му изнакажале секакви работи, вклучувајќи и кои се, што се и што сакаат.

Другите патописци ја посетувале Македонија на подруг начин: барале и добивале одобрение од Отоманските власти и биле заштитени со ескорт, специјално избран за нив од властите. Требам ли да кажам уште нешто и зошто?

Секој кој живеел под слични околности, како оние сиромашни Македонци кои биле понижувани и обезправеувани дневно, би ви рекол да не ја отворате устата премногу пред странците,   оти би можеле да се вратат и да ве убијат. Па затоа, кога страни патници би ги прашале "што се", многу Македонци би рекле: "ние сме христијани, сиромашни и неуки луѓе и не знаеме кои сме и што сме..." И ете ти го: што си рекол, тоа си и добил. Денес има многу напишани книги со такви содржини и народни признанија кои не опишуваат како животни кои самите себе си се игнорираме и понижуваме..и така благодарејќи им на Французите, ние станавме "овошна салата."

Што мислите да би се случило кога Македонците би рекле: "Ние сме Македонци и си ја сакаме нашата слобода.. сакаме да ги истераме Отоманските воиски од нашата земја и сакаме да имаме наша, македонска национална држава..."? Мислите ли дека би го виделе сонцето,  утредента?

Овие патници би требале да бидат тотални идиоти и да незнаат зошто дошле во Македонија. Или да се правеле налудничави, како да не слушаат што зборуваат овие робови, во својата сопствена земја.

Јас незнам што уште би ви рекол!

Али тоа што овие луѓе го пишувале во своите книги, му нанесувало огромни штети не само на Македонскиот народ и на нивните цели, за кои се бореле и гинеле, туку и стварале погрешна слика, во светски размери, за состојбата во Македонија. Дека Македонци не постоеле во оваа земја или дека се премногу глупи, па не знаеле ни кои се ни што се,  со што им давале дозвола на непријателите да прават се' што сакаат со нив, при тоа  на никој, да не му одговараат.

Ви благодариме Францијо!

Кога размислувам за ова, стомакот ми се врти наопаку. Зарем странциве се навистина толку зли и бездушни? Просто човек да не верува колку неправеден  и неодговорен  спрема нас Македонците  постана светов. Може ли некој да го разбере таквото однесување и причините за тоа? Зошто во Македонија има Грци, Албанци, Власи, Срби и Бугари, а да нема Македонци?

Ниту Грците, ниту Србите а ниту Бугарите него прават сето ова на своја рака, некој стој зад нив и ги влечка конците,  а тие се само обични марионети!

Дозволете ми да повторам  дека Балканот уште од времињата на Филип Втори Македонски не знаел за државни граници, па се' до 19 век, кога Европските големи сили одлучиле да ја уништат Отоманската Империја и од овие простори да направат мали национални државички, со кои би управувале како што сакаат, до ден денешен.

Промените не доваѓаат самите од себе.  Луѓето тоа го прават од некои причини. Ослабената Отоманска Империја се сруши под притисокот на Европските големи сили и се распарча на мали делови. Зошто?

Можеби го направиле тоа дека се плашеле од голема христијанска замја која би била закана за нивните  христијански држави, внатре               во европскиот континент?

Згора на тоа, зошто беа потребни драстични промени. Зошто не си остана  светот таков каков што си беше со векови - повеќе национален, повеќе културен, повеќе религиозен, заправо, каков народите си го сакале?!

Да, вистина е дека народите на Балканот се бореле за замена  на муслиманската власт со христијанска. Тоа било за што се бореле, а не за нешто страно како на пример "Елинизмот" за кој никогаш пред тоа не слушнале, се', дури Големите европски сили не им го наметнале, како рак рана во здраво тело.

 

Продолжува 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Кочо Рацин

ТУТУНОБЕРАЧИ

 

Ноќ. Топла августовска, јужна ноќ. И расипно, раскошно sвездено небо. Тишина. Мрак провиден како пајажина.

Долу на падината глуво стенкаат уморените води на Вардар, кои како да го мијат страдалничкиот умор на градот што спие. Воздухот е густо заситен со аромата на на утринската свежина. Жедно го дишат градите. Тоа е најслаткото време од сонот,  најслаткиот починок на уморните работници.

Наеднаш - петли. Ја забележиле на далечниот исток  зорницата и со крик ја поздравуваат. Не, мора да се стане. Мора да се прекине сонот: тутунот може да се бере само пред сонце.. Штом ќе го опалат првите сончеви зраци, тој се спурува, станува мовлив.

Разбудете се  морни тутуноберачи и тутуноберачки! Оттргнете се од вашиот најсладок сон и разлејтесе по широките полиња на Повардарјето.  Тоа најслаткото мора да помине на тутунот: само така тој добива својата фина арома.

Тапи чекори. Пригушени довикнувања. Шепот.

- Ленко!

- Наске!

- Маре!

Се будат уморните берачи. Кој знае, легнале синојќа во девет, а сега во еден часот по полноќта мораат пак да станат.  Ги оплакнуваат малку со вода сонливите очи. Очите пак се затвораат. Да се спие! Но не: се мора. Напред.

Собираат малку работи: појадок? - кога ќе ја свршат бербата! Го натоваруваат сето тоа во кошови, на дремливото магаре.

- Диии, бре!

И малечките групички тутуноберачи незабележано се губат од глувиот град и се растураат по ритчестите полиња.

Низ пајажинистиот мрак јасно се распознават нивите засадени со тутун. Тоа се мали црни квадратчиња во полето. Тутунот е засаден во прави редови. Малата и нежна тутунска билка кокетно израснала во висина на едно метро. Горе на врвот цвета. А од цветот до коренот темнозелени лепезести листови, пресвиткани малку надолу при јазичестиот врв. Се берат прво долните листови. Тие први дозреваат. Но тутунот од нив е со најслаб квалитет. Најдобар е оној од листовите под цветот. И вероватно, тој тутун никогаш нема да го окусат неговите берачи. Може, само - качак.

Тутунот е доцна билка. Тропска билка која живее само неколку месеци: од јуни, па до половината на септември. Се бере обично од почетокот на август и веднаш се нанижува на конец и се остава да се суши. Мачна е таа работаЧ лист по лист бери, лист по лист суши и после вади го од низите и по  неколку пати мазни го, дотерувај, класифицирај по сорти. Секое ливче поминува по неколку пати низ рацете. Мораш да го мазниш како некое галенче. Мораш да мислиш само на него. Затоа селанецот што ора, жнее и врши, малку одгледува тутун. Осем оние на кои тоа им е единствена работа.

Тутун сади понајмногу осиромашеното градско население.

Мајстор Диме беше некогаш прочуен велешки кондураџија. Мајстор Диме беше гордост на кондураџискиот занает. Муштериите му се восхитуваа: - Ашколсум бе мајстор Диме! Правиш за мерак кондури!

Па сепак денеска мајстор Диме е само осиромашен граѓанин, слегол човекот од коњ на магаре го затворил кондураџискиот дуќан и се "вратил" ккај мајката земја: неговите мајсторски раце го берат  зеленото тутунско лисје и го нижат во низи, наместо и натаму да им прават на граѓаните кондури. Тој е сега "тутунџија". Тој сади, бере и суши тутун.  Чесно, по сите монополски прописи. 

 

 

БЕЛИ МУГРИ

 

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

 

На кантар студен со туч го мерат

а можат ли да го измерат,

нашиов тутун - нашава мака

нашава солена пот!

 

Од темни зори на утрини летни

до никоја доба на вечери зимни

тој гладно пие снагата наша

и потта и крвта и снагата ни.

Жолт - жолти прави лицата бледи

и жолта гостинка у градите носи.

 

По утрини росни, по мугрите пресни,

наведени ничкум по полињата родни

зачмаени ние го береме,

Лист по лист кини

лист по лист нижи

лист по лист милно, таговно реди

и на долга низа од капки пот

и надеж со клетва и зелена јад,

со корав поглед на очите матни

по кревките лисја жолтозлатни

прикаска горка на живот клет

нанижи безгласна а така јасна.

 

Та незнаеш ли?

 

Денот ли дојде тој да се мери -

мерка му нема, а вградите длаби

без да се запре, без дно да најде

не тага а клетва, и в очите матни

и не сакајќи сама се дига

фуријата.

 

Кантарот носи лисјето златно

а вгради луто далгите беснат

на жолтата мака - на жолтиот тутун

на жолтата пот на раците ни!

 

 

ЛЕНКА

 

"Билјана платно белеше..."

 

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на налони отиде

тутун да реди в монопол -

лицето и' се измени

веѓи паднаја надолу

и усти свија кораво.

 

Не беше Ленка родена

за тија пусти тутуни!

Тутуни - жолти отрови

за гради - китки розови.

 

Прва година помина

грутка в срцето и' легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.

 

И ноќе кога месечко

гроб и' со свила виеше

ветерчок тихо над неа

жална и' тага рееше:

"Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше даровна..."

 

Ваш Сотир Гроздановски

01 октомври 2016

 

 

Kind regards: 01 октомври 2016

Sotir Grozdanovski br.31