МАКЕДОНИЈА НЕ Е ГРЧКА

МАКЕДОНИЈА НЕ Е ГРЧКА

Сотир Гроздановски

Постоат многу места во светските центри каде се чуваат податоци  за развојот и  пропаста на цивилизациите, заедно со нивните творци. Постоат и податоци кои од време на време се ставаат на увид на јавноста, или само на лица, од полињата на науките. Едни од нив се и историчарите, кои ги откриваат и најдлабоките таини на човештвото,  скриени во визбите на библиотеките со ограничено времетрање на тајност. Од време на време, спрема образовните способности на истражувачите,  се појавуваат податоци за настани од  особена важност за народите, кои од посебни политички причини ретко излегуваат на виделина.

Неодамна, од турските архиви, односно од архивите на Отоманската Империја излегоа на виделина документи со важна содржина за Македонија, македонскиот народ и настаните од петвековното владеење на Отоманите на балканските простори, па и во Македонија.

Се работи за книгата која излезе во Турција од два генерали, под наслов : "Македонија не е грчка".

За текстов кој следи, му благодариме на нашиот поранешен соработник од Канада, почитуваниот свештеник на Македонската Православна Црква Митко Попоски.

Вредноста на неговата содржина, за нас Македонците, е од огромно значење; на правдата и вистината, сепак, макар и на мала врата, им се отвораат  можности да бидат  достојно застапени во односите меѓу големите и моќни светски играчи  и народите, со помала моќ. 

Големите светски сили, како "природни" заштитници на правдата, вистината и мирот во светот, кој сите заедно го делиме, во многу случаеви од свои лични причини и интереси, овие цивилизациски достигнувања ги обезвреднуваат;  од едните, послабите, крадат на другите им даваат, без срам и намус и без никаков предизвик од "меѓународната заедница".

Игнорирајќи ги правилата дури и на Робин Худ, народниот јунак од Шервудската Шума.

Непочитувајќи ги историските факти и сите достапни документи, кои секојдневно излегуваат на виделина, како печурки после дожд, тие упорно стојат на грешките кои нивните претци свесно или не свено ги направиле и со тоа светската историја ја осиромашуваат и ја прават не веродостојна и лажна категорија на науката.

Меѓу таквите "немоќни" народи е македонскиот. Нему му е одземено правото на самопределување, идентитет, а со тоа одземени сите цивилизациски придонеси во развојот на човештвото, во полза на Грција.

Апсурдно и недостојно, игнорирајќи ги дури и времињата кога Грција не постоеше како држава со такво име и кога со одбојност спрема македонската моќ,  македонската држава и народот македоски се служеше со недолични квалификации,  нарекувајќи ги: барбари а не Грци. 

Ете затоа, овој текст објавен во македонските и турските медии во јуни 2016 година го сметаме за достоен да биде пренесен и од нас, во  "Македонски Збор".

Па, да видиме зошто се работи, а после да донесеме секој засебе свој заклучок, но и да научиме  повеќе од она што го знаевме до сега.

******************

ТУРСКИ АРХИВИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Архивите на Турција, како наследничка на Отоманската Империја, располагаат со преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. 

Кај нас тие датотеки, речиси, воопшто и не се истражуваат. Не располагавме ниту создававме кадар кој знае турски, воопшто пак да чита турски со арапско писмо, пред воведувањето на латиницата.

Во 1993 година, помошникот началник на Генералштабот на Турција, генерал Курмај Башканлиги, заедно со генералот Ердоган Ознал во Анкара ја издадоа книгата под наслов "Македонија не е грчка".

Во оваа книга на 81 страница авторите претставуваат дел од османлинските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската Империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живееле во Македонија и колкав  бил бројот на жителите, поодделно за секој од нив.

Авторите на книгата "Македонија не е грчка" зборуваат и за геноцидот врз Македонците од 1913 - 1918 гоина, кој го сметаат за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејскиот дел на Македонија, под Грција денес.

Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, присилно протерани во Бугарија.

Протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар  10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесери 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигеи 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итнт. Вкупно : 89.008 Македонци.

Според податоци , само во периодот од 1913 до 1928 година од Македонија биле присилно истерани 89.008 Македонци во Бугарија, а на нивно место биле доселени Египќани, Евреи и Власи. По ова може слободно да се каже, дека Македонците го имале во овој временски период доживеано првиот егзодус.

Во нивното протерување била применета сила, а околу 8.000 Македонци биле стрелани затоа, што се спротивставиле на прогонството.

Спротив турските архиви, Македонија во периодот од 1513 година па се' до 1928 година се простирала на територија од 69.000 км2 или поточно 34.000 км2 Егејскиот дел на Македонија, 27.000 км2 Вардарскиот дел на Македонија и 8.000 км2 Пиринскиот дел на Македонија.

 

Ваш Сотир Гроздановски

21 септември, 2016

 

 

 

Цариград

Kind regards: 21септември 2016

Sotir Grozdanovski br.30