ДЕЛ СЕДМИ - WILLIAM GLADSTONE

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

 

ДЕЛ СЕДМИ

21 септември, 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски и уредува: Сотир Гроздановски

 

Е  ве, го оставивме зад нас и шестиот дел од нашиов историски серијал со надеж, дека се здобивме со повеќе сознанија за нашата историја, за самите себе си, но и за времињата што останаа зад нас, со своите белези. 

За времињата кои   оставија не избришливи спомени на луѓето кои, давајќи ги своите животи, ни овозможија   да живееме во своја, не само автономна, ами самостојна македонска држава, Република Македонија. 

Страдањата низ кои  тие генерации на  македонскиот народ поминале, се немерливи. Многу од нив  никогаш не се вратиле во своите домови кои ги оставиле зад себе; останале само нивните безживотни тела негде по македонските ридови, брда и планини како аманет за идните македонски генерации, да ја продолжат борбата и  ја довршат работата која тие ја започнале. Да ја завршат работата, а идеите за слободна и независна Македонија да ги подкренат на повисоко рамниште ;  новата македнска република да ја замени старата, Крушевската, која ќе трае толку долго, колку  заслужуваме да ја имаме. 

Заради својата геополитичка положба на Балканот, Македонија од секогаш им пречела на големите европски сили слободно да се шетаат по балканските простори и прават се' што сакаат, а притоа од никој да не бидат попречени. Нивните патишта до богатствата на  средноисточните и афрички земји водат и сега низ балканските земји, а нарочито низ Македонија, како крстосница север југ или исток запад.

Потребите за излез на топлите медитерански води биле од секогаш привлечни и од животна важност за Русите, а пречка за европските сили.

Македонската земја била секогаш пречка за слободно и безплатно шеткање горе долу, па затоа била на метата на едните и другите и требала да ја снема од таму од каде природата ја сместила. Ниту верата, ниту силата, ниту доброто ниту лошото не и' биле пријатели и секогаш требала и треба самата за себе да се грижи по секоја цена. Па затоа секогаш се прашуваме: како да се преживее под вакви околности?

Само со слога и љубов во куќата, вера во своите внатрешни сили, со поглед и надвор од комшиските дворови кон светот, кој ги нема истите погледи на нас како алчните соседи од блиското и малку подалечното опкружување и со памет во главите на оние, кои ги бираме да не водат. Ете така ќе можиме да преживееме и ние и нашите наследници.

Туѓото сонце не е потопло од македонското, лебот не е повкусен од лебот на нашите мајки и градски фурнаџии, тревата македонска не е полоша од тревата на комшиите и парите на странците со кои не поткупуваат не се повредни од оние кои сами си ги заработуваме.

Македонците префрлиле многу премрежија преку своите глави и покрај сите надворешни и внатрешни пречки и неправди, секогаш останале на своите ноsе. Многу битки и со посилни од нас сме ги добиле, кога сме биле сложни и во збиени борбени редови. Тогаш нема место за гнидите и предавниците, а ниту места за непосакувани странски "стратешки" партнери, како оние од делот шест, и седум кои велеа: "Испукајте ги првите  куршуми и кога ќе видиме да ве нема повеќе, ќе ви доидеме на помош. Да ве дозакопаме, за секогаш".

А сега, добро читање до делот осум, за седум осум дена.

 

Сотир Гроздановски

  ДЕЛ СЕДМИ

21 септември, 2016

Останати без своите водачи, скоро сите изгинати во Илинденското Востание од 1903 година, Македонците ги изгубиле и сите надежи, дури и своите способности за самоодбрана,

Гледајќи ја немоќта на македонскиот народ да се одбрани сам од големата турска воена надмоќ, Грците, Бугарите и Србите на свој начин ликувале над неговата судбина, надевајќи се, дека нивните планови сепак ќе им донесат плодови, од македонската градина. 

Нивните пропаганди ја следеле македонската немоќ "храбрејќи" ги   со зборовите: "Браќа Христијани, не берете гајле, ние сме тука да ви помогнеме".

А, каде беа сите тие кога македонскиот народ се бореше за својата слобода, а специјално Бугарите, кои му ветија, уверувајќи го дека ќе бидат секогаш тука, кога ќе му затребаат? Многу рафали Македонците испукале, многу македонски револуционери загинале, но нигде не виделе бугарски војник на бојното поле  кога паѓале, да им помогне. 

Кога еднаш, Македонците ќе научат да не веруваат во празни зборови? Ма било од каде или од кого доваѓаат?

Времето од 1903 до 1913 година било  очајно тешко за македонскиот народ. Една цела  мизерна декада под Отоманско робство. Меѓутоа, доваѓале уште полоши и потешки времиња.

Од како Македонците не успеале да се ослободат, Грците, Србите и Бугарите ги започнале своите подготовки за инвазија на Македонија и да ги истераат Отоманите надвор од неа. Сами поединечно тие не би могле да ја завршат таа работа, па затоа Русија со неизините совети им скокнала во помош. Верувам дека ги наговорила да се здружат во некаков сојуз, која подоцна се нарекла нешто како Балканска Лига. И така, во 1912 година ги истерале Отоманите од Македонија и ја окупирале македонската територија.

СОГОВОРНИКОТ -  И така, македонските револуционери одлучиле пошто самите неможат да се ослободат од Отоманите, да се надеваат дека Бугарите ќе им помогнат  ... мислејќи....не така?

РИСТО - Не! Тоа не е вистина. Врвните македонски лидери на ВМРО, вклучувајќи го и Јане Сандански кои го преживеал Илинденското Востание и подоцна се борел против Бугарите, добро ги знаеле бугарските планови за анексија на Македонија кон бугарската држава. Сандански мислел исто како и Гоце Делчев, дека најпаметно би било Македонија да се избори за автономија во составот на Отоманската Империја. Делчев и Сандански добро ги знаеле намерите и на големите европски сили. Тие ги мешале работите во Македонија преку Грците, Србите и Бугарите и дека , евентуално ќе биде проголтана од сите или од една од овие три балкански новостворени национални држави.

Делчев видел што направила Русија со Санстефанскиот уговор, кога и' ја поклонила Македонија на Бугарија. Тој исто така видел што направија западните европски сили со Берлинскиот уговор во 1878 година, кога наместо на Македонија да и' обезбедат автономија, тие ја вратиле назад во Отоманската Империја, без икакви клаузули за безбедноста на македонскиот народ од евентуални освети и додатни злосторства, затоа што зеле отворено вооружено учество на страната на Русија, во руско - турската војна. Па така, ако икој би ја спасил Македонија од присвојувања и припојувања кон било чија теритоија, од папетите на големите европски сили, била Отоманската Империја. Но, Македонија требала прво да ја добие својата автономија, а после се'  по ред.

Како што споменав и порано, Бугарија не сакала Македонија да се здобие со автономија и така да постане протекторат на Отоманите. Тоа бил прецизниот план и на врховистите, па затоа го иницирале Илинденското Востание да започне предвреме и така да не успее.

Не смееме да се залажуваме со грчките и бугарските пропаганди дека "некако" ВМРО и' верувал на Бугарија оти ќе ја "ослободела" Македонија и ќе креирала независна македонска држава.

Бугарија ја сакала Македонија за себе. ВМРО сакал независна македонска држава за македонскиот народ,  а не за Бугарија. Гоце Делчев верувал во тоа, ама откако Македонија ќе добие своја автономија под покровителство на Отоманската Империја.

Имало Македонци кои верувале, дека се' може да се постигне само, со помош на Бугарија, како едини спасител. Треба да се  свати и фактот, дека бугарската пропаганда делувала многу уверлива за некого. Бугарите не велеле "ние тука не сме да ја окупираме вашата татковина, а вас да ве претвориме во Бугари", ама не и "браќа Македонци...." туку "браќа христијани, тука сме да ви помогнеме..."

Ние не смееме да заборавиме, исто така, дека и Бугарите биле под турско ропство до 1878 година и заради таа причина, некои Македонци верувале, дека Бугарите имале вистински сочувства со нив и затоа сакале  да им  помогнат.

Но исто така бил факт, дека ВМРО бил инфициран од Македонци кои работеле во полза на бугарските интереси. Со знаење или без. Тие биле исто така уверени, дека Бугарија би можела да им помогни, ако затреба.

Но не би требало да заборавиме и дека Бугарија им ветила, дека би станала на  нивната страна бо борбата за слобода. Се' што би требало Македонците да направат е,  да го започнат Востанието.

"Само испукаите еден куршум и бугарската армија ќе дојде и ќе ве спаси", била пораката која ја добивале од Бугарија.

И зошто македонскиот народ не би ја прифатил таквата бугарска порака кога им висел животот на конец, а друга порака не мало од никого друг од комшилукот?

И, Македонците испукале  премногу куршуми, ама нигде бугарски војник да се појави на видикот подготвен да се втурне во нивна помош. Па така, бугарската намера била само да ги турне Македонците во отворена војна со Турците и кога тие ќе се уништат меѓусебно, да стапат внатре и да ја окупираат Македонија само за себе.

Но на крајот, сепак Бугарите немале смелост да извршат инвазија. Рускиот Цар ги опоменал дека би имало последици од европските големи сили до колку тие го направат тоа: да извршат инвазија на Македонија. Тој ги подсетил на, што се случило во Берлин 1878 година... Исто така ги подсетил ,дека овој пат Русија нема да биде таму, за да ги спаси.

Бугарите и понатака си продолжувале да даваат лажни ветувања.

Англиските воени сили биле веќе во Егејско Море, гледајќи кога ќе престанат востаничките судири и случајно Бугарите да не им се придружат со своите планови за инвазија на Македонија.

Десет години после, истите тие големи европски сили, вклучувајќи ги и Англичаните, ги овластиле Бугарите, Грците и Србите да извршат инвазија врз Македонија, да ја окупират и поделат.

Подоцна пронајдовме одлука за "како да се подели Македонија", со која се овластувал рускиот Цар тоа да го изврши.

Најповеќе ме изненади фактот, што за поделбата на Македонија бил овластен баш рускиот Цар, кој инаку бил недоверлив кон Бугарите.

И, што на крајот Царот одлучил? Одлучил ли да ја подели Македонија по "националните линии", како се планирало? Не! Кога го прашале "како треба да ја поделиме Македонија", рускиот Цар одговорил: "никој незнае како да ја подели Македонија. Одете и истераите ги Отоманите надвор од неа и таму каде вашите војски ќе застанат, повлечете ги цртите на поделбата".

Ете така се се' случило, од прилика, дури Австроунгарија не одлучила да не и' дозволат на Србија да излезе на Јадранско Море.

И што било после тоа?

Па Ѓаволот  ги отворил  вратите на пеколот и започнала втората балканска војна.

Тогаш Италија и Австроунгарија барале да се креира албанска држава на територијата која Србија ја окупирала. Србија не била среќна со таквата одлука, да ја изгуби стекнатата земја, па ја прашала Бугарија да и' отстапи повеќе земја, зошто во тоа време Бугарија окупирала најголем дел од македонската територија.

Бугарија ја игнорирала Србија, ама Србија не била толку силна самата да и'  се спротивстави на Бугарија, па се договорила со Грција заедно да ја завршат таа работа. Направиле таен сојуз како да ја нападнат Бугарија, ама Бугарија сознала за нивната завера, па  пред тие да ја нападнат, таа сама ги нападнала двете сојузнички, Грција и Србија и покушала да ги истера надвор од Македонија.

Румунија видела што се случува, па  од север ја нападнала Бугарија со цел да си ја поврати изгубената територија. Гледајќи што се случува на теренот и Отоманите, кои пред малку време ја изгубиле Македонија, ја нападнале Бугарија од исток, како би и тие зеле назад нешто од Македонија.

Да не би се претворило сето ова во светска војна, големите европски сили одлучиле да се замешаат и тие. Како што споменав порано, втората балканска војна завршила со потпишување на Букурешкиот договор во 1913 година, со кој  било одлучено Македонија да се подели спрема позициите кои ги зазеле завоеваните армии.

Па така, после окупацијата на нивната земја, македонскиот народ се сретнал со уште полошо злосторство: Македонија ја поделиле на три дела. И како исто така споменав порано, на Грција и' дале 51%, на Србија 39% и на Бугарија 10%. Пошто Бугарија не била задоволна со ваквата поделба, секогаш кога би се појавил некој конфликт, би пробала да  грабни нешто повеќе македонска земја.

Згора на сето ова зло направено  спрема Македонија и македонскиот народ, овие нови три окупатори се подготвувале, мирно или насилно ако треба, да ги асимилираат Македонците и од нив да направат Грци, Бугари и Срби, секој на своето подарено парче македонска земја.

Од како втората балканска војна завршила во 1913 година, Грците административно ја презеле македонската територија и ги информирале Македонците дека ова е сега Грција. Креирале војна администрација и со парлементарно одобрување, ја поместиле границата на север, до каде е и  денес. Потоа, испратиле одма министри, судии, граничари, полицаици и т.н.т. И на крајот, од како воспоставиле разни административни служби, ја започнале асимилацијата на земјата, заедно со македонскиот народ.

СОГОВОРНИКОТ - Можам ли да се вратам малку назад? Во селото Раби бил некој споменик на некој по име Баскавиевус. Од моите истражувања сознав, дека тој незнаел да зборува грчки но  војувал со Капетанот Куртас. Татко ви ми ја покажа сликата. Знаете нешто повеќе за него?

РИСТО - Право да ви кажам, незнам за тоа име, ама како што реков и порано, тие платени хулигани кои работеле за владиката Каравангелис од Костур и некои други црковни луѓе, биле локални Македонци, заедно со малку така наречени увезени Грци од Крит. Тие биле тешки криминалци и пробисвети кои би направиле се' и  за секого, за пари. Правење херои од такви злосторници, не му служи на чест на Грција.

Природно, Грција има потреба да му покажи на светот дека имало херои кои војувале на нивна страна за своите идеали. Но македонскиот народ знае кои биле тие "херои" и какви злосторници биле. Секое општество има такви sверови кои во тешки времиња се појавуваат на видело и работаат, дури, и против интересите на својот сопствен народ.

Каравангелис ги собрал таквите расипани не луѓе за да ги присилува Македонците да постанат Грци или ќе им се случи нешто што неби сакале да им се случи. Тие безсрамно ги силовале македонските жени и вршеле тешки кражби по македонските домови. Тоа го правеле за да ги застрашат луѓето и да ги направат лесен плен на грчката власт.

Грција, Србија и Бугарија за своите нечесни и валкани работи изнајмувале вакви разбоиници, од средината на македонскиот народ, како би избегнале обвинувања дека се бават со   криминални активности во Империјата. 

Подоцна Грците за вакви валкани работи регрутирале Критани зошто биле многу по расипани и опасни луѓе но и по доверливи злосторници за таквите работи.

Грција, Србија и Бугарија неможеле да си дозволат замешаност во такви срамни  и нечесни деиности, а ниту би сакале да ги вовлечат  и своите армии... па организирале вооружени банди и ги испраќале во средината на  народот, каде  за пари извршувале и најтешки злосторства. 

Ете, на таков начин тие воспоставиле Куртасови банди, како  ги нарековте и вие, и други слични злосторнички групи. Агентите биле добри во изнаоѓање на такви луѓе кои за пари би направиле се' што обичен чесен човек неби можел ниту да замисли дека постоат. Меѓутоа, тие не биле нивни наредбодавци. Затоа им ги доверувале на владиците, како Каравангелис да им даваат задачи и да ги плаќаат за извршените работи.

СОГОВОРНИКОТ - Куртас бил прави етнички Грк?

РИСТО - Јас навистина незнам да ли бил етнички Грк, али можам да ви речам, дека не бил "етнички Грк" бидејќи, како споменав порано, немало "етнички Грци". 

Грција  не признавала збор "етнички", бидејќи тврдела дека "етничност" во Грција не постоела. Јас немислам на малцинства. Мислам на самата смисол етничност. Знаете ли зошто? Бидејќи, како што и објаснив порано, целиот народ во Грција, луѓето кои живеат во нејзините внатрешни граници денес, за разлика од  турските Христијани заедно со другите колонисти доселени во Грција од Мала Азија во 1920 те години,  не биле Грци. 

Кога Грција би признала да постои етничка припадност, тогаш морала да признае дека е и  самата повеќе етничка држава. Но тоа би било контрадикторно со декларацијата дека Грција е населена само со чисти Грци и ништо друго. Грција била "хомогена еднонационална држава".

Јас веќе објаснив дека Грција е вештачка творевина, која постана национална држава по прв пат во 1820те години. Најголеми етнички групи кои живееле на територијата каде е стационирана Грција денес, пред да ја именуваат како Грција, биле етничките Албанци, Власите, Македонците и Турците. Со други зборови, оригинални народи кои живееле во регионот сега наречен Грција, биле Албанците, Власите, Македонците, Турците и разни други помали  етнички групи.

Најголема од овие етнички групи била албанската група која зборувала албански. Власите, денес најлојални Грци, биле втора по големина етничка група. Тие живееле во најголем број во Тесалија и зборувале влашки, еден од латинските јазици. Или поточно речено, латински јазик. Целиот Пелопонез бил населен со Славјаноговорно население кое било или оригинално во тоа подрачје, или доселено таму од Источното Римско Царство или Византинската Империја, што е едно те исто : Римско царство.

За време креирањето на Грција, нејзината престолнина била Нафлион. Историјата ни кажува, дека за првото заседание на грчкиот Парламент бил избран преведувач, бидејќи мнозинството членови на Парламентот не зборувале грчки, односно еден јазик.

Атина во тие времиња била едно поголемо село, населена со Албанци, околу 5000 од нив. Дури и јазикот на новокреираната грчка држава бил албанскиот. Да! Албански а не грчки јазик. Ова е грчката права историја, а не денешната која е вештачка и се изучува во грчките училишта.

Да поедноставиме. Грција е современа креација испилена од урнатините на Отоманската Империја.Грција беше вештачки створена од западните хелено љубци, заразени со таканаречената "Античка Грција", уште една грчка група, која не постој,  како што овие новите Грци је претставуваат. Но,   оваа прикаска нека остане за некое друго време. 

Модерна Грција за да би била призната како наследничка на древната или Античка Грција, требала да воспостави врска  со неа, на некој начин. Во тоа и' прискочиле на помош германските историчари, кои ја креариле вештачки грчката историја  погрчувајќи ја и  македонската историја и култура, како би можеле да  ги остварат своите криминални цели, за што ќе зборуваме поопширно во друга прилика.

Ваквата вештачка творба, една митска Грција, со измислена и лажна историја послужила како непрекинат континуитет на новата со старата Грчка држава, давајќи и' при тоа веродостојност на  Европа , а на светот доказ, дека денешната модерна   цивилизација има свои корени во Европа, а не негде другде.

После креирањето на Грција, првиот владар и' бил кралот Ото, син на баварскиот крал Едвард I, 17 годишно момче, испратено во Грција заедно со германска администрација и преку 3000 разни воени и цивилни службеници.

Зошто во Грција бил испратен странец и странска администрација да раководи со новокреираната држава? Зарем Грција била неспособна да владее самата со себе или да најде луѓе меѓу себе? Или Ото бил испратен во Грција за да ја среди на начин како Германците сакаа  Грција да биде?

Знаеме дека татко му на Ото, кралот на Бавариа, германска покраина, бил голем Филелен (вљубеник во Хеленизмот), а Ото бил дете, зависен од татко му и неговите совети. Тој бил таму, во Грција, да ја створи и организира Грција како што изгледа и денес, една вештачка грчка држава и да им служи на западните европски големи сили, а не на интересите на народот кои живеел во Грција. И од тогаш па до денес, Грција остана протекторат на големите европски сили. Зошто? Да би ја заштитиле? Од кого? Од самата себе?

Да, да ја заштитат од самата себе! Народот кои живее во Грција не бил никогаш прашан кои се и што се и каква држава сакаат  за себе. Било им е речено дека тие се Грци и ништо повеќе. Им кажале дека се Грци, наследници на древните Грци и се' друго треба да заборават, вклучувајќи го и нивниот вистински идентитет.

Сето ова им било всадено во нив и нивните умови и така ги претвориле во тешки националисти, фанатици со омраза спрема странците (xenophobes), одбивајќи да се сретнат со вистината, дури и со своето минато.

Денес Грците страствено презираат луѓе кои живеат во Грција и не се прокламираат за Грци, ами за припадници на некоја етничка група, специјално македонската.

Грците одбиваат да признаат дека таква етничка група воопшто постој во Грција, па спрема сите кои би се изјасниле дека им припаѓаат на македоската етничка група, се однесуваат непријателски и дискриминаторски. 

Луѓето биле протерувани, тепани, казнувани, затворани и дури убивани зошто се претставувале како Македонци.

Од како Грците ставија рака на Македонија, ги избришаа сите напишани белези на македонски јазик, вклучувајќи ги и топонимите, имињата на луѓето, македонските натписи дури и имињата на македонските светци на иконите во црквите и имињата на гробовите.

Одкако Грците се средија како држава и воспоставија контрола над народот во просторот на внатрешните граници, испечатија демографска статистика. Пред 1926 демографско - статистичката листа сведочи дека современата Грција е населена со 98% чисто грчко население и 2% Грци муслимани.

Прво, да се биде Муслиман, не е етничка група, тоа е религија. Па така, првиот впечаток кој некој би го стекнал за таа демогравско - статистича листа на населението  би бил, дека е базирана врз  религијата. Али како тоа може да биде така? Можда им се прикрила некоа грешка па го испуштиле зборот "Хрисјанин" помеѓу "чист" и "Грци?" Тие  не рекоа точно дека "Грција е населена со 98% чисти Хрисјани Грци и 2% Грци Муслимани?"

Па спрема реченото, што можиме да заклучиме дека тие мислеле да ни кажат?  Дека Грција е населена со 100% чисти Грци, од кои биле 98% Хрисјани и 2% Грци Муслимани?

Или пак можиме да заклучиме, дека Грција е населена со 98% чисти "етнички" Грци и 2%  "етнички" Грци кои случајно биле Муслимани?

Зошто Грциве самите себе си  прават недоразбирања и конфузии?

Продолжува

Победничко и славно Крушево, понос на Македонија.

Соборна црква во Скопје

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

ИСТОРИЈА

 ТЕОРИИ ЗА НАСТАНОКОТ НА 

ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

Поновата теорија за настанокот на Охридската Архиепископија тврди дека таа е идентична со поранешната Архиепископија на Јустинијан Прима која била основана од Јустинијан Први во 535 година, во неговото родно место. Оваа теорија се задржала доста долго време, поточно се' до укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 година.

Во 13 тиот век се појавила  една сосема нова теорија за името и правната положба на Охридската Архиепископија, според која Архиепископијата е исто што и некогашната Архиепископија на Јустинијана Прима, па затоа и привилегиите издадени од цар Јустинијан во 11 и 131 новела на Архиепископијата на Јустинијана Прима важат и за Охридската Архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската Архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела. Според Цахарие, оваа теорија ја измислил некој клирик од Охридската Архиепископија .

Х. Гелцер изнел свое мислење, според него, таа се појавила некаде во средината на 12 век, во времето  на охридскиот архиепископ Јован Комнин. До таков заклучок дошол бидејќи Јован е прв од охридските Архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима. Веќе 1157 година постој негов потпис.

Б. Прочиќ истакнува, дека се наоѓа и еден податок во кој се зборува за новата теорија, во која се вели, дека по освојувањето на Охридското царство во 1018 година царот Василиј Втори Охридската Архиепископија ја утврдил како афтокефална, бидејќи од уредбите, т.е. од 11 и 131 новела на цар Јустинијан Први дознал дека Охридската Архиепископија е исто што и Архиепископијата на Јустинијан Прима. Иако поновата теорија била измислена да се прикаже високото византиско потекло на Охридската Архиепископија сепак нејзините архиепископи никако не сакале да се подложат по јурисдикција на вселенскиот патријарх во Цариград, туку жестоко ја бранеле афтокефалноста на Архиепископијата. Покрај тоа, тие нагласувале дека Охридската Архиепископија ја издигнал на степен самостојна и независна црква Јустинијан Први и тоа од римскиот папа, под чија јурисдикција била се' до 535 година.

 ЦРКОВНИ ПОЧЕТОЦИ

За време на владеењето на царот Јустинијан Први (527-565), кој потекнувал од местото Тауресиум (денешен Таор), близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијан Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот метрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на архиепископијата Јустинијана Прима. Останати познати архиепископи се Бененат, Павле, Јован Први, Леон и последниот Јован Девети, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот собор во Цариград.

Црковна традиција наметната од Јустинијана Прима ја наследува Свети Климент, како прв словенски епископ воопшто во светот. Според пишаните документи од средновековна Македонија, т.е. житија, средновековните Македонци како духовни лидери ги спомнуваат деволските (охридските) епископи, а цариградскиот или преславскиот патријарх никогаш не се споменати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека Македонија имала црковна автономија во тој временски период.

Потоа, таа црковна традиција ја наследуваат епископите на македонските склавинии односно кнежевства. Познато е дека секое македонско средновековно кнежевство, склавинија, имала свој епископ. Забележано е дека дури на Цариградскиот сецрковен собор 879, заедно со лидерите на сите помесни цркви, рамноправно учествувале и епископите на македонските кнежевства, но во пишаните документи е задржано само името на Епископ Петар од Драговитија, кнежевството на Драговитите.

 

БУГАРСКА УПРАВА

Во 9 век, делови на Македонија потпаѓаат под бугарска власт. Тогаш за да ја признае бугарската црква, римскиот папа му наредил во 866 на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат архиепископ на Бугарија. Целото папско правило гласи: "Episkopos gentium singularum scire convenit, quis intereos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amlius praeter eius conscientiam gerant etc." Бидејќи северна и централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ од македонско потекло. Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на 9 век. Инаку, македонските склавинии кои биле под Византија, како на пример Драговитија, си ги задржале своите епископи. Како последица на тоа, Бугарија ја спровела наредбата. Кон крајот на 9 век, бугарскиот цар Борис Први ја одвојува Македонија како посебна единица со свои епископи кои не биле ни бугарски ни цариградски и за управник на македонската автономна област го назначува Свети Климент.

Рускиот славист Туницкиј според краткото житије на Св. Климент и Џуканжовиот список тврди дека македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може да ја определи. Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии, каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија.

Наследниците на Св. Климент, духовни и граѓански управители на македонските автономви области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик", каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи, од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот народ". Сето ова доведува до заклучок дека македонското население било одделено од бугарскто и останатото околно население.

 ОХРИДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

Цар Самуил ја издигнува светиклиментовата црква на ниво на патријаршија, најверојатно во 996 година. За прв патријарх бил назначен Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Свети Ахил на Голем Град. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребен бил благослов од центрите на христијанството, тогаш Цариград или Рим. Цариград не ја признал Самоиловата држава, па затоа тоа го направил папата Григур Петти во година која не е точно утврдена (најверојатно 999 година). Според бугарската историјографија, Самуил ја зграбил круната од Рим. Но, бугарската историјографија Рим го преведува со Византија, иако Рома значи Рим, а Византија се викала Ромеја.

Македонската држава добила македонска црква , што довело до создавање на две посебни патријаршии, македонска и бугарска. Македонскиот патријарх во 998 е Герман, а на бугарскиот патријаршки преславски трон седи г.г. Глигориј. Под јурисдикција на Охридската Патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, Захумје, Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија, па патријархот г.г. Глигориј се упокојува во 1016 година како "митрополит Бугарски" Православен календар на БПЦ и како таков се слави од Бугарската Православна Црква. По укинувањето на Преславската Патријаршија, Охридската Патријаршија својата јурисдикција ја распростила врз сите освоени теритоии на средновековната македонска држава, меѓу кои Малта и Сицилија.

По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј Втори ја инкорпорира Македонија во Византијаската империја, ги срушил световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува  тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија, па се до Срем. Охридската Патријаршија не ја уништува, туку и' го намалува рангот на Автокефална Охридска Архиепископија и дијацезата и' ја намалува само на териториите  од византиската тема Бугарија. Така, Охридската Архиепископија станува главна црковна организација на "цела тема Бугарија", односно на Македонија, Албанија , Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

1.5  XII и  XIII ВЕК

Охридската Архиепископија, како рамноправен член на православната заедница на црквите, главно се раководела од два ерархиски принципи: свештенослужителскиот (ординис) и свештеноуправниот (јурисдикционис). Првиот принцип претставувал основна догма за нејзината структура и живот и бил носител на црковната власт. Извршните треби биле полноважни, без оглед дали се извршени од достоини или недостоини свештенослужители. Обратно, функциите и решенијата на свештеноуправата можеле да трпат измени, во зависност од условите во кои се донесени.

Врховно управно тело во Архиепископијата бил Светиот Архиерејски Синод, на чело со неговиот претседател. Во нормални услови, Синодот обично заседавал еднаш годишно. Го свикувал и определувал место на неговото одржување, претседателот, односно архиепископот. 

Теофилакт уште од болничка постела праќал писма и вршел подготовки за одржување на синодски седници во Преспа. Не е точно познато колку архиереи го сочинувале Синодот, но по се изгледа, нивниот број не бил постојан. И. Снегаров смета дека сочинувале оние архиереи, кои можеле да пристигнат кај архиепископот, бидејќи патувањето било тешко. 

Кога не постоела можност да се свика Светиот Архиерески Собор, Синодот бирал и архиереи за испразнетите епархии. Не е сосема јасно дали членовите на Синодот ги потпишувале синодските акти. Од сочуваните синодски акти од времето на Хоматијан, ниту на еден не се наоѓаат потписи на членовите на Синодот. 

Само Синодот можел да лиши од свештенодејство, и ако одлуката ја спроведувал архиепископот. Членовите на Синодот го сочинувале и црковниот суд при Архиепископијата. Синодот се титулирал со "Свети". 

Светиот Архиерејски Собор го сочинувале  сите архиереи во Архиепископијата. Всушност тој бил највисокиот управен форум, меѓутоа бидејќи пристигнувањето и присуството на сите архиереи било мошне тешко изводливо, прерогативите преминувале на Синодот. И во Синодот и во Соборот претседавал архиепископот. Тој ја претставувал Архиепискоијата пред световните власти и пред останатите цркви во светот, со што бил чувар на нејзината автокефалност. Архиепископот поседувал оловен печат со кој ги потпечатувал сите соборни акти. Правата на епископ ги имал само во својата епархија и во стравопигијалните манастири. Се титулирал со "свјатејши" или "блажњејши". 

Диецезата на Архиепископијата била поделана на епархии, со кои управувале епископи. Епископите во својата епархија ракополагале свештеници и монаси, односно тие и ги поставувале и сменувале. Епископите неможеле да ракополагаат свештеници за туѓа епархија. Таква дејност, без дозвола на епархискиот епископ, немал право да врши дури ни архиепископот. 

Епископот управувал со сите цркви и манастири во својата епархија. Единствено харистикијата ги нарушувала правата на епископите и игумените во управувањето со манастирските имоти. Епископите морале да бидат безбрачни. За епископ можел да биде избран и свештеник, но само откако ќе добиел согласност од сопругата за разделба, или пак ако и таа стапела во манастир. 

Епископите се титулирале со "чесњејши" и "всесвјаштени". Епископот во својата епархија се поставувал за постојано, а секаквото преместување се сметало за незаконско. Меѓутоа во праксата доаѓало до преместувања. 

Епархиите се делеле на протојерства. Нешто ново во овој период претставува воведувањето на протојереите во должност директно од архиепископот и тоа со специјални грамоти. Протојерствата се деле на парохии, во кои работеле свештеници и ѓакони. Обично, епископот го придружувал протоѓакон, кој бил прв меѓу другите ѓакони.

Во едно писмо од Хоматијан дознаваме, дека како пречка за свештенички чин се сметале: незаконороденост, душевната ненормалност и второбрачноста. Истотака, во свештенички чин немал право да стапи и кандидат кој по смртта на свршеницата ќе се оженел со друга. Но, ако умрената свршеница била малолетна, тогаш кандидатот можел да биде ракоположен.

Посебно внимание привлекува црковното судство.Познати се Архиепископот  и епархиските духовни судови. Најмногу се разгледувале црковни, бракоразводни и дисциплински дела, а потоа и спорови за наследство, сопственост и др. Во граѓанските дела пресудите имале арбитражен карактер. Од преписката на Теофилакт добиваме донекаде вистинска слика до кои граници феудалците се ползувале со судскиот имунитет. Се разбира, дека апсолутен административен, финансиски и судски имунитет на феудалците, па и на Архиепископијата од централната власт, не може да се зборува.

Од изложеното произлегува, дека Охридската Архиепископија во својата управна структура, во соодветност со останатите православни цркви, ги поседувала сите управни тела и органи кои активно функционирале и ги обавувале своите должности, а тоа сведочи, дека била самостојна автокефална црква, со достоен авторитет и постојана соработка со останатите автокефални цркви.  

 1.6  XII - XVII ВЕК И УКИНУВАЊЕ

По обновувањето на Бугарското царство во 1185 година, од Охридската Архиепископија се издвоиле епископиите од Бугарија, формирајќи ја Трновската Патријаршија. За време на владењето на Добромир Хрс и кнежевството на Стрез од 1185 па се до 1214 година,  тие имале потполна подршка од Охридската Архиепископија. Во 1218 година покрај Трновската Патријаршија, се издвоила и Рашката Епископија, така што се формирала Српската Архиепископија.

Од 1230 до 1280 година Охридската Архиепископија изгубила голем дел од својата територија, која подоцна повторно ги повратила. За време на овој период Охридската Архиепископија ја зачувала својата автокефалност и угледност. Архиепископот Никола, во 1346 година, учествувал на прогласувањето на српскиот архиепископ за патријарх и крунисување на Душан за цар.

Со паѓањето на Охрид и Македонија под османлиска власт, Трновската и Пеќката Патријаршија биле укинати, додека Охридската Архиепископија продолжила да постој. Во тој период одиграла голема улога во зачувувањето на христијанството и била духовна поткрепа за македонскиот народ. Манастирите и црквите биле образовни центри, каде се негувале македонската писменост и култура, македонската варијанта на црковно словенскиот јазик од кој подоцна се развива македонскиот народен говор.

Охридската Архиепископија истовремено од византискиот цар добивала дозвола за проширување на своите граници. Кон неа биле приклучени Софиската и Видинската епархија. До обновувањето на Пеќката Патријаршија во 1557, во рамките на Охридската Архиепископија влегувале делови од српската црква и делови од италијанските православни епархии.

Со освојувањата на Османлиите на Балканот, автокефалноста на Охридската Архиепископија била нарушена. Таа постојано  била потиснувана од страна на Цариградската Патријаршија. Во 15 век црквата Св. Софија во Охрид (тогашното седиште на Охридската Архиепископија), била претворена во џамија. Архиепископското седиште било префрлено во Климентовиот манастир Св. Пантелејмон, но по нејзиното претворање во џамија, седиштето на Охридската Архиепископија било преместено во Св. Богородица Перивлепта. Многу други цркви во Македонија биле претворени во џамии во тој период.

Во следниот период односите се' повеќе се заострувале. Цариградската Патријаршија постојано вршела притисок врз Охридската Архиепископија настојувајќи да ја има целосната контрола над неа. Со поставувањето на Цариградски Партијарх во Костурската, Струмичката и други македонски епархии, односите уште повеќе се заостриле. На охридскиот престол бил поставен прогрчки архиепископ. По неговото протерување на престолот дошол митрополитот Арсениј. Со разни интриги, Цариградската Патријаршија извршила голем притисок врз Охридската Архиепископија, па таа во 1767 година на 16 јануари, била укината. Митрополитот Арсениј бил принуден да потпише "доброволна" оставка.

 ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име. Под јуриздикција на Охридската Архиепископија била Пеќката Патријаршија, која за секојја своја одлука и решение требала да добие амин од Охридската Архиепископија, како постара и подостојна црква. До 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија и подредената на неа Пеќка црква е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители македонски предели.

Првиот српско-црногорски печатор од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски. Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.

Во "тримесникот", печатен и напишан во Скадар, во 16 век од извесен г. Стефан стој: "ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д. во пределите македонски, во родниот град Скадар...."

И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, со центар во Софија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков "от пределех македонских" Јаков "от  македоние". 

Јаков од Софија на својот "Псалтир" кој го испечатил во 16 век, напишал за себе: "Аз Јаков од пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син....И аште кому која потреба, в'схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна."

Jakov od "ustendil (денешна Бугарија) во 1566 година во поговорот на печатен псалтир запишал:"Изидох от Македоние, отч'ства моето и в'нидих взападних странах близ Рим, в град Венетиа и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от'чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго {Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.}, от места нарицаема Камена Река".

 БУГАРСКИ СТАВОВИ

Во Република Бугарија (и во некои небугарски извори) преовладува мислењето дека Охридската Архиепископија е историска компонета на Бугарската Православна црква. Ваквите размислувања најдуваат поткрепа во некои средновековни и денешни извори.

Бугарските историчари тврдат, дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа, што нејзината надлежност била за "цела Бугарија"; но, под "цела Бугарија" се подразбирало целата военоадминистративна област на Византија односно темата Бугарија, која не ја опфаќала денешна Бугарија, туку Македонија и Србија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простирала во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десет отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј Втори, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, делови од БиХ , Албанија и Црна Гора, чистословенските области на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија. Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е наводно словенскиот народ од Србија, Македонија, Црна Гора и денешен Срем.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРЕДАНИЈА И ЛЕГЕНДИ

 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

 

ПРЕДАНИЈА ЗА ОХРИДСКОТО И 

ПЕЛИСТЕРСКОТО ЕЗЕРО

И МАРКОВАТА СТЕРНА

 

Местото кај што е денеска Орицкото езеро, во старо време било поле со најубави ливаѓе.

Близу до градо Орид имало едно изворче, многу длабоко и напраено како бунар со капак одозгора, да се заклопува како некоа кутија, што да нема влакно откај да излези, нити да влези внатре. Градо Орид бил како неко село, и бидејќи немало во градо ниту чешма ни па  бунар, си леале вода од изворчето орицќите жени; секоа жена, што ќе залеала вода од изворчето, требало убао да го затвори капако. Не оти за да стои чис изворо, ами еден насиет, што му бил остаен на жените и на мажите од дедо, предедо, да го затвораат изворот, оти, ако не го затвораат ќе избрзни водата и ќе му го удаи сето поле, може би и селото. Знаејќи оричани тој стар насиет, со голем мукает го отворале капако и го затворале изворот, чунќи сите верувале, оти, ако го остаат отворен капако, ќе избрзни водата, и за вистина тоа и нашло. 

"Од што се страшиш и се плашиш, тоа ќе те најди," што рекле стари, да тоа и нашло и комшиите, наши оричани. Се нашла една глупа невеста, што си залеала една вечер вода и од мрза, али од будалаштина незина не го затворила изворот со капакот. Штом се нашол изворот со отворен капак, и се изврел изворот од устината надвор, та си текол целата ноќ и се исполнило сето поле: станало цело блато. Кога се обзорило, отишле жени да си леат вода и што да видат - сето поле се удаило од водата од изворчето, и не могле веќе да се приберат да си залеат од изворчето вода, ами си залеале од крај. 

Бараа, тражиа, која беше таа жена што го остај изворчето отворено, и ја нашле која невеста била, ама што да је напраат, олди бити, тоа веќе се стори и неможело да се отстори. Од ден на ден растела водата , растела, дури се сторило цело езеро, како што го гледаме и денеска, што е најголемо езеро.

Ете како знаеле старите оричанци, оти требало да се затнуа изворчето, за да не изври и потопи полето. Како ангел да беше му кажуал на старите, што му забрануеле на младите да го затињаат изворчето, за да не и удаи некоаш.

Ете како се праи голем јанг'н од една искра, кога не се чинат луѓето мукает.

Зер само орицќите старци знаат за езерото? Ами битолсќите старци, зер не знаат да прикажуат за езерцето, што е на планината Пелистер, оти ќе дојди саатот, што ќе се пушти, и Битола ќе ја удаи со семати поле. Сите битолчани тое нешто го знаат и, коа да си го наумат во некој муабет, косата им се накрева од страв, за коа ќе се пушти езерцето од Пелистер.

Ама мојте стари зер не се плашат од стерна, што ја праил Марко Крале под Маркој кули и што ја затнал водата со не знам колку арари со бубаќ и коани со бруќе, колку еден аршин големи, та ја затнал водата, и го куртулисал прилепското поле да не стани како Орицкото езеро? При се' што е здраво затната стерна, пак народот во Прилеп се бои да не нешто се пушти стерна и се удаи градо со полето.

+++++++++++++++++++++

 

Ваш Сотир Гроздановски

21 септември, 2016 година

 

 

 

Kind regards: 21 септември 2016

Sotir Grozdanovski br. 29