ДЕЛ ШЕСТИ

ОД МАКЕДОНСКАТА ИСЕЛЕНИЧКА ПОЕЗИЈА

 

Даница Мачковска

Даница Мачковска е родена 1949 година во Буково, Битола, Македонија и е една од многуте истакнати македонски поетеси во САД. Таа е сопруга, мајка на два сина, ќерка и повеќе внучиња и сепак најдува слободно време да поразговара со нејзината стара љубов : Поезијата.

Основното образование, Даница, го завршила во нејзиното родно Буково, а средното во гимназијата "Браќа Миладиновци", Битола, каде биле и нејзините почетоци во поезијата.
Во Вишата Педагошка школа во Битола, пак, Даница се стекнува со професионалната титула - наставник по македонски јазик и литература.

По завршувањето на студиите, таа заминува за Детроит, Мичиген, каде со нејзиното големо семејство живее и денес.

И покрај семејните обврски, Даница Мачковска најдува време и за по некоја стихотворба да извлече од внатрешнината на душата и да ни ја подари како благодарност, што ќе ја прочитаме и проследиме до нашите пријатели и блиски, љубители на поезијата.

Даница Мачковска објавува, по некогаш трудови во САД, Канада, но и во нејзината родна Македонија, која секогаш ја чува да не постане потполн "туѓинец, да него загине најсладкиот сон и најмеката постела, во која тоне".

 

ЗА МОЈАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА

 

Ти си сон најсладок што сонам

Ти си постела најмека што тонам

Ти си песна најпеана моја

Македонија, убавино твоја.

 

Те напуштив во најубавата младост

Без тебе ја изгубив мојата радост

Ти остана скриена тајна

Земјо моја Sвездо сјајна.

 

Туѓинец станав, се изгубив себе

Нигде во светот не те најдов тебе

Гордо те носам во срцето мое

Се колнам, ќе го чувам Македонијо

името твое.

+++++++++++

 

МОЕТО СЕЛО

 

Колку си ми мило

Кога од ридот те гледам село мое,

Ех, да можам да те гушнам в' гради

да те впијам.

 

В' туѓина со мене да бидеш

во сонот да  ми идеш

Додека те напуштам

со поглед те љубам

свесна сум оти жално

те губам.

 

Со мислите длабоко во тебе тонам

се колнам во далечина пуста  вечно ќе те

сонам.

*************************************************

 

 

 

 

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

 

 

ДЕЛ ШЕСТИ

14 септември, 2016

Пишува : Ристо Стефов

Превел на македонски: Сотир Гроздановски

++++++++++++++++ 

 

И маме премногу "политичари" внатре, но и надвор од Македонија, кои се грижат за се' и сешто што се случува во земјата. Некои и' мислат добро, а многу од нив,  кога би можеле, би ја удавиле во капка вода или би ја продале за неколку драхми или евра. Многу од овие, последниве, како "угледни" граѓани и "вљубени" во Македонија си се шетаат по улиците на градовите и селата, си формираат свои политички партии и "легално" работаат против интересите на македонскиот народ и неговата држава.

Работаат здружено со надворешни и домашни платеници на  уништување народен имот по свој избор, нагрдување споменици на Македонци кои ги вградиле своите животи во темелите на Македонија од древни времиња до денешни и никој не им можи ништо!? Има ли некој одговор на ова прашање над прашањата? Има ли нешто скриено од македонскиот народ, та што се остава државата на милост и немилост на хулигани и волјата на некои си "фантомски"  непријатели со кои управуваат диполоматските претставници на некои "големи и влијателни држави?"

И ако правите непријатели би требало да се бараат секогаш и прво во сопствените редови, сепак, тие не се сами и немаат толку средства со кои би ја уништувале материјалната моќ на Македонија. Зад нив стојат средствата на нашите надворешни непријатели и тоа не од вчера, туку од многу поодамна. Али во секој случај, извршителот на злоделата е домашен малодушник и злосторник. Се случи, случајно или намерно подметнат, да е цела една македонска политичка партија, која ја љуби власта повеќе од Македонија, нашата татковина.

Се случи да е СДСМ тој злосторник и предавник на македонските национални и државни интереси, кои и покрај сите злодела , материјални штети и срамоти кои им ги нанесе на македонскиот народ и македонската држава, се усудува да ја бара довербата на македонските граѓани за да ја водела Македонија во "права" насока без име и без идентитет. Зошто, кога ќе дојдела на власт, покрај што ќе јаделе живи луѓе, ситуацијата со проблемот помеѓу Грција и Македонија ќе ја променеле со влез во Европската Унија и НАТО.Или поарно речено, за влез во ЕУ и НАТО.

Очигледно, денешното раководство на оваа македонска политичка партија има погрешни идеи за патот по кој народот во Македонија сака да се движи, па си зема за право кое не му го дал народот  до сега, а ниту ќе му го даде некогаш во иднина.

Некој би требало ваквите налудничави идеи  на тесното раководство на СДСМ предводено од најистакнатите им лидери Заев и Шеќеринска да им ги истера од нивните глави што побргу, тоа поарно и за нив и за целата партија.

Најбезболниот рез би бил смена на овие неодговорни и тотално избегани од стварноста личности. Со хулиганство не се добива довербата на народот, туку со работа и подобрување на животните услови на граѓаните и вработување на неодредено време, како гаранција за нивната иднина, но и денешнина.

Од како ќе ја завршат таа работа,   тие кои веруваат во чесните идеи на Социјал Демократијата и заштитата на обезправените и невработените врз  чии плеќи лежи државата, да се фатат за одговорна и не така лесна работа: да си изберат одговорно раководство, кое ќе биде кадро на избори да ја добие довербата на народот и потоа да ја поведат  Македонија на пат, кој го заслужува. Трет пат не постој пред да си ја завршат домашната работа. Се' друго е лук и вода и лажење на македонските граѓани, со прикаски за деца.

Не е зло што сме незадоволни и бараме поарни услови за живот во својата сопствена земја. Што бараме слобода, правда и рамноправност со демократски средства.   Зло е, кога се користат  средства смислени и финасирани од надворешни непријателски сили со кои се уништува   политичкиот и државниот поредок  во земјата заедно со воспоставените институции, без кои сме сите лесен плен на волците кои ги изеле трите дела на Македонија и сега го сакаат и четвртиот, Република Македонија. 

Чудо едно од времиња и невремиња. До кога така, можеби нема да видиме и доживееме, но Македонија и тоа ќе го префрли преку глава, како и пред сите минати невремиња.

Сметавме и денес сметаме, дека без добро познавање на своето минато, секогаш ќе скитаме и ќе бидеме како дрво без корен. Ќе бараме нешто што веќе имаме, ама незнаеме дали е наше или туѓо, па затоа лесно им веруваме на оние кои си написале "поубави" прикаски и створиле митови во кои и ние почнавме да веруваме и да живееме со нив.

Република Македонија, како и она што ни е земено во минатото од истите причини  ќе биде пак македонско, кога националната свест  ќе се разбуди, умовите проработаат и очите прогледаат. Само тогаш можиме да бидеме единствени и вредни да си го браниме тоа што е наше.

Ќе биде наше кога ќе сватиме, дека тоа што треба да не поврзува е само  Македонија, се' друго е споредно, но и важно, затоа што некогаш бевме делови, од кои постанавме големи и така пак треба да биде, ако сакаме светот да не почитува, а ние да сме горди со самите себе си.

Како и секогаш кога започнуваме новопродолжение од нашиов серијал, така и сега се враќаме на предходното, за да се потсетиме до каде сме стигнале и каде одиме.

Во петиот дел беше прашањето за грчкиот јазик, но и појаснување за македонскиот, како мајчин и кој се учи од мајки ни и затоа се вика мајчин јазик, за разлика од грчкиот, кој е вештачки и Грците го научиле во нивните училишта.

Грци како Грци, или од незнаење или од поганост, секогаш се во "право" и ако незнаат што е право, а што е криво. Го негираат македонскиот јазик нарекувајќи го непостоечки, а не си го гледаат својот каков им е.

Не е лесно да се излезе на крај со лагите, кривотворбите на историјата, присвојување на нашата, македонската, асимилацијата на македонскиот народ од Грците, Србите и Бугарите и правење Грци, Срби и Бугари таму, каде што никогаш не живееле. Не е лесно да се биде од сите страни сардисан, а од внатре продаден. Не знаеш кој ти е брат, ниту кој ти е комшија. А пак да се остане горд и непобеден, но ранлив.

За да се докаже и оправда припојувањето на големи делови од македонската територија кон балканските новостворени држави, требаше да им се докаже на странските кројачи на светот, дека во Македонија не живеаат Македонци, ами само делови од грчкиот, србскиот и бугарскиот народ.

Со појавата на нивните цркви на македонската почва и асимилацијата на македонскиот народ спрема црковната определба,  македонското живо тело се делеше, но и нестануваше од списоците на статистичката евиденција на населението во Македонија.

Македонците нестануваа по верска основа, во Отоманската Империја,  а  кога се ствараа националните балкански држави, од црковна припадност, се претворуваа во национална припадност. И така Македонците ги немаше нигде како Македонци, па затоа неможеа да имаат ни своја македонска национална држава, ниту своја македонска црква. Мудро, нели? Да! 

Е, кога и тоа се заврши, македонската територија беше готова за поделба, зошто секој од овие наши "добри" комшии, си имаше своја држава, свој народ национално определен, а и дел на македонската територија со народот кој веќе спрема припадноста кон нивната црква постанал српски, грчки или бугарски. Но што беше најважно, имаа и свои пријатели, а и поволни геополитички положај потребен на западните европски сили. Ето и друга причина, во помош на горната.

Добро, ама како да се напрај тоа и покрај одобрувањето од страна на "големите?"

Pлановите се едно, а стварноста на теренот не била баш погодна за такво едноставно, легално и трајно делење. Па комшиите си се покарале, зошто како ќе го делиш едно село, со ист народ со три имиња и им припаѓа на три поробувачи: Бугари, Грци и Срби, а згора на тоа постоат и разни други малцинства, кои не спаѓале никаде. 

Наскоро почнале подготовки за братска поделба, ама не со тапани и зурли, ами со пушки и топови и тркалање на многу глави, од сите страни, по ридовите и рамнините на македонската земја. 

Во следново продолжение, шесто по ред, настаните лека полека, ќе се развиваат и работите заедно со причините за положбата на нашиот народ ќе ни постануваат по јасни и по разбирливи.

Затоа ќе бидеме трпеливи и пополека ќе го надоградуваме нашето знаење за самите себе си; од каде сме дошле и каде сакаме да бидеме во светската историја на народите и нивните цивилизациски достигнувања. Да ја најдиме вистината. Вистината искривувана и кроена по мерка на нашите непријатели и на  нашите соседи. Но не на начин како некој други ќе ни рече, туку така, каква што ние ќе ја откриеме. Таква, каква е навистина: - без крадење и присвојување.

"Туѓо не сакаме, ама нашето не го даваме." Еднаш. во едно друго време рече еден светски познат лидер. 

Само, ако знаеме како!

Нека "Македонски Збор" ни биде алатка во таа насока. барем сега, кога имаме можности и изворни материјали, но и наши луѓе кои можат и сакаат да ги прелистуваат старите и пожолтени листови на историјата, до неодамна непристапни за луѓе како нас: Лаици!

Патот до вистината е долг и трновит, но ако не се изоди, сонот ќе си остане само сон, а вистината ќе си остане таму, каде е и денес.

 

Сотир Гроздановски

 

ДЕЛ ШЕСТИ

14 септември, 2016

 ++++++

 

Откако Отоманите биле истерани, со македонска помош, многу од македонскиот народ поверувале дека тоа било ослободување. Му било речено, дека странските армии се внатре во Македонија како ослободители и тие поверувале. Меѓутоа, откако дознале дека е сето тоа лага, било предоцна за било што да се направи. Тие останале како неповикани гости и почнале да се однесуваат како газди во туѓа куќа. Дури тогаш Македонците сватиле дека се излагани и дека ова било окупација, а не ослободување.

И откако целата ова валкана работа со ослободување-окупирање паднала во вода,  трите окупациски сили почнале да војуваат меѓу себе. Грците и Србите против Бугарите, за повеќе македонска теритоприја.

Да, вистина е дека големите европски сили влегле во Македонија, ама   не за поделба на Македонија по таканаречените "национални линии", туку да ги спречат понатамошните деиствија кон таа насока.

Сега веќе изгледало дека на никој нему било гајле за македонскиот народ или за "националните" линии. Македонската територија била со посредништво на европските сили поделена спрема линиите на фронтот. Што значело, до каде стигнале завојуваните воиски, до таму е нивно. 

Букурешкиот договор од 1913 година, со кој запрраво завршила  втората балканска војна, бил за делење на македонската територија. Во него немало ништо за судбината на народот, религијата, националностa или "националните линии." Многу луѓе не разбираат, дека во 1913 година Македонија била со посредништво не големите европски сили распарчена. 

Луѓето мислат, специјално Грците, дека балканските воини се воделе за ослободување на македонските христијани, кои биле Грци, Бугари и Срби , спрема принципите кои си ги поставиле во договор со Отоманите, користејќи ги своите цркви за асимилација и однародување на Македонците и од нив правење Грци, Срби или Бугари. Па затоа не останале Македонци кои би побарале дел од својата сопствена земја за своја национална држава или да имаат своја национална црква.

Во стварност, букурешкиот договор од 1913 година бил кулминација на се' што се случувало од 1878 до 1913 година, што значело, распарчување на Македонија, а не спасување на христијаните во Македонија од Исламот. Па така, со букурешкиот договор од 1913 година се завршило,  кој и колку ќе добие од македонската територија.

Планот за елиминирање на македонскиот идентитет и делење на Македонија бил подготвуван далеку пред 1878 за времето на руско-турската војна, кога Бугарија добила автономија, а Македонија му била вратена назад на Султанот.

И Македонија можела да добие автономија во 1878, ама не добила! Зошто?

Фактот што Македонија му била вратена назад на Отоманите, без никаква гаранција дека нема ништо лошо на македонскиот народ да му се случи, особено на оние кои со оружје станале за да се ослободат од Турците, ни зборува, дека големите сили немале намера да и' помогнат на Македонија во случај на евентуална потреба или опасност. Се' што тие знаеле било, дека  Отоманите ќе им се осветат на македонското население, ама тие не презеле ништо, тоа да не се случи. Зошто?

Пораката пренесена до Македонците била јасна, дека никој не бил заинтересиран за нивното преживување и дека никој нема да им помогни. Едноставно, "вие сте препуштени на самите себе си". Тоа трае до ден денешен. И покрај сето тоа што Македонците го знаат, преземаат ли некои заштитни мерки за себе од сето ова што им се случува? Зошто слепо веруваат дека сега европските сили се подруги од тогаш кога Македонија ги требаше најповеќе, а беше оставена на цедило сама да се снајдува како знае? Неможи ли сега да се грижи за себе кога веќе има своја национална држава, со свои институци и многу поголема поткрепа од вистинската меѓународна заедница, а не само од неколку лажни пријатели?

Кога Русија со Санстефанскиот договор од 1878 година ја креирала голема Бугарија, Бугарите збеснале по Македонија и  през времињата што поминале, правеле се' да си го остварат тој нереален и лажен сон. Се' до ден денешен. И заради сето тоа, Бугарите постанаа најголемата опасност за Македонците.

Порано ме прашавте што станало со македонскиот народ после 1878 година, одкако на Бугарија и' се дала автономија, а Македонија била вратена назад на Отоманите. Па покрај тоа што на Отоманите им било дозволено да ги казнат Македонците што зеле учество во руско-турската војна од 1878 година, на Грците, Бугарите и подоцна на Србите им дале сигнал дека сега Македонија е зрела за делење.

За несреќа, македонскиот народ него знаел ова, па затоа за свој непријател ја сметале само Отоманската Империја. Неможел се' уште да свати дека пропагандите кои се ширеле надвор од страната на Грција, Бугарија и Србија се вистински, дека тие Македонците не ги признавале како Македонци ами како Грци, Бугари и Срби и дека се толку сериозни и опасни по неговиот суверенитет.

Македонците сметале дека нивната иднина би била сигурна, само ако  се решат од Отоманите во Македонија. Многу Македонци одбиле да веруваат дека надворешните сили работаат против нивните интереси и дека од сите, Бугарите биле нивните најлоши непријатели.

Некој, како Гоце Делчев, верувале дека Македонија има иднина како автономна покраина внатре во составот на Отоманската Империја. Тоа го знаеле Бугарите и презеле се' за такво сценарио да не се оствари.

Бугарија би сакала да ја има Македонија, но  не би можела тоа да го оствари самата против Отоманската Империја. Па така, и пред да се здружи со Грците и Србите, во нивните различни сојузи и партнерства, работела на дигање нереди и востанија внатре во Македонија со цел да ги ослаби и Македонците, но и Отоманите и после да ја заврши работата сама.

За да го направи тоа, морала да испровоцира војна, ама сепак, Македонците не би смееле да бидат победници. Секогаш кога Македонците би напредувале, Бугарите би ги удриле по глава.

Бугарите се инфилтрирале во македонските ослободителни организации и така биле во можност да знаат се' што се подготвува во Македонија. Тие знаеле кои им се раководителите, каде и како работеле. Имало многу македонски емигранти во Бугарија, во Софија, па не било тешко да регрутираат свои соработници и да ги постават по македонските револуционерни организации со одредени задачи во нивна полза. Заправо, во надворешните или врховистичките "македонски" револуционерни организации повеќето такви регрути, Македонци, си го нашле своето место.

СОГОВОРНИКОТ - И тие биле стационирани во Софија?

РИСТО - Да, тие биле стационирани во Софија! Повеќето од нив биле воени офицери од бугарската армија. Преправајќи се дека работаат за Македонија и нејзините интереси, овие врховистички организации заправо работеле за бугарските интереси и биле одговорни за прераниот почеток на Илинденското Востание од 1903 година, кога македонскиот народ не беше добро подготвен за таква воена акција со Турската Армија.

Па така, секогаш кога Македонците би направиле чекор напред, Бугарите би нашле начин да ги попречат во тоа. На крајот го предизвикале и Илинденското Востание да започне предвреме,  со што ги десетковале македонските воени сили и ја довеле Македонија до инвазија, окупација и распарчување од Грците, Бугарите и Србите.

Невероватно и чудно,  покрај големата алчност да се има цела Македонија за себе, на крајот Бугарија доби само 10% од македонската територија на спротив 51% за Грција и 39% за Србија.

Англичаните биле добро информирани за состоибите во Македонија и дури македонските села гореле, како светли sвезди на небото , тие сето тоа го гледале седејќи си комотно на своите бродови стационирани во Егејското Море гледајќи и чекајќи си ги своите пет минути.

Заправо што  чекале?

Очигледно не чекале да им помогнат на Македонците! Тие немале доволно снаги да ги попречат Отоманските воиски кои немилице ги палеле куќите и имотите на македонските селани како одмазда за нивното учество во руско-турската војна од 1878 година. Тие вероватно чекале да ја попречат бугарската инвазија врз Македонија.

Верувам дека Бугарите сакале со прераното почнување на Илинденското Востание негов неуспех. Но за да успеат нивните погани и зли намери, тие прво требале да ја преземат контролата над него, од рацете на македонските револуционери. Но за да би го направиле тоа, требало да ги елиминираат врвните негови водачи. А како би го направиле тоа?

Како ви споменав порано, Бугарите веќе ги знаеле кои се врвните македонски водачи и каде се навоѓаат. Па така, тие само требале да ги предадат на Отоманските власти.

Со други зборови, Бугарите им ги дале списоците на Отоманите со нивните имиња за да ги уапсат и откога ќе го направеле тоа, испраќале свои врховисти во Македонија да го почнат востанието. Скоро сите главни водачи биле уапсени и затворени, освен Гоце Делчев. Тој навистина бил добар во избегнување на такви ситуации. Но Даме Груев и другите водачи не биле со таква среќа. Сите завршиле в' затвор.

Од како македонските револуционери биле предадени на Турците и затворени, врховистите ги зазеле нивните положаи и прогласиле, на своја рака, дека востанието е потребно да почни побргу,  одошто подоцна.

Одма од како македонските водачи биле затворени, во февруари 1903 година, врховистите стигнале во Македонија и ги убедувале околиските револуционерни водачи да го започнат востанието и ако тие им велеле дека не се готови за тоа.

Гоце Делчев, врховен командант на македонските револуционерни сили на Македонија бил против таквата одлука и бил одлучен да го одложи прераниот датум. За несреќа, тој бил убиен од Турците, на пат да присуствува на состанокот.

Со намера да го докажам моето тврдење дека Бугарите биле вмешани во заверата околу почнувањето на војната во Македонија, јас би поставил неколку прашања:

1. Како дошло до истовременото фаќање и апсење на скоро сите македонски револуционерни водачи ?

2. Зошто во нивно отсуство било покренато  толку масовно востание?

3. Зошто било покренато по наредба на врховистите, специјално кога народот не бил подготвен за општо востание?

4. Зошто Гоце Делчев, врховниот командант на востаничките сили на Македонија бил игнориран и заобиколен во овие важни настани и

5. Како било можно Отоманите да не успеат сите години кои Гоце Делчев ги поминал организирајќи го македонскиот народ за востание да го фатат и затворат, а го нашле и го отепале на пат за состанок за да го спречи раното дигање на Востанието?

Овие прашања имаат свој редослед! Бугарите креирале врховистичка организација... зошто? Веќе имаше Македонска револуционерна организација која делуваше добро...Бугарите им ги предале македонските револуционери на Отоманите.. зошто?

Нешто над што би требало добро да се замислиме !

СОГОВОРНИКОТ - Дали вашиот прадедо, Филип, зел учество во Илинденското востание?

РИСТО - Да! Мојот прадедо Филип зеде активно учество во Илинденското востание....Јас незнам многу за неговата улога во него, али татко ми ми разкажа за еден настан кога тој бил распореден на Превол, на врвот од планината со поглед на Преспа. Прадедо ми Филип му ја раскажал приказката за настанот кога бил наоружан со пушка и еден фишек. Неговата задача била да го надгледува движењето на Отоманската армија и ако армијата тргне спрена Преспа да го испука тој едини фишек како знак за готовост, зошто Турците доваѓале спрема нив кон Преспа.

СОГОВОРНИКОТ - Планината Превол е кај Ошчима, вашето село?

РИСТО - Да! Превол се граничи со моето село Ошчима и Преспа, на нејзиниот врв. Тој ден, револуционерите имале состанок во Преспа. Филип, мојот прадедо, бил оставен на врвот од планината да го гледа доваѓањето на Турците кон него.

СОГОВОРНИКОТ - Со други зборови, тој бил посматрач или набљудувач?

РИСТО - Да! Бил набљудувач .  Се срамам што незнам нешто повеќе за прадедо ми и неговата улога како учесник во Илинденското Востание. Татко ми ми рече дека прадедо ми бил како жива енциклопедија. Полн со знаења. Но за несреќа, неговите внуци нему посветија повеќе внимание. Татко ми се чувствува исто така посрамен што не сознал повеќе за него и за неговиот живот.

СОГОВОРНИКОТ - Ве молам продолжете со вашето раскажување. Ме интересираат уште многу работи од вашата историја.

РИСТО - И така, македонската револуционерна организација без своите раководители и по советите на врховистите ги отпочна подготовките за предвременото востание.

СОГОВОРНИКОТ - Тоа значи, дека во тие судбоносни времиња за македонскиот народ, Бугарите ги влечеле конците на востанието?

РИСТО - Да! За несреќа, но и за срамота. Бугарите ја играле главната улога, бидејќи стоеја зад врховистите. Тие ги уверија македонските револуционери дека Бугарија била подготвена да им помогни дури и ако треба ќе и' објавела војна  на Отоманската Империја. Македонците би требало само да го "испукаат првиот рафал".

Отоманите во тие времиња биле свесни дека нешто се подготвува и почнале да одат од село во село барајќи оружје. Намерата на Турците била да ги обезхрабри  и деморализира луѓето, да ги казни за она што намераваат да чинат и да ги спречи од тоа што намераваат да чинат. Овие мерки придонеле Македонците да побрзаат со подготовките за војна со Отоманите.

Македонците требало да се одлучат: "Да чекаат и да бидат тепани како риби во буре или да се дигнат и да се борат одма и сега."

Малку подоцна македонските раководители биле амнестирани и пуштени од затвор. Амнестијата дошла како резултат на надворешен притисок, во главно од западните европски сили. Западот "бил сит" од начинот како Отоманите ги третирал Христијаните во нивната Империја и ги притискал да ги испразни  затворите. Тие послушале и ги отвориле  и ги ослободиле сите затвореници. Но Гоце Делчев веќе бил мртов и надвор од големата слика и никој него заменил. Во меѓувреме, подготовките за востанието и понатака оделе напред.

После ослободувањето од затвор, Даме груев го зазел раководното место на Гоце Делчев и командата над македонските револуционерни сили. За несреќа, зошто бил околу шест месеци в затвор, заостанувал со сознанијата за текот на настаните.

Даме Груев го повикал Конгресот да се состане, кој бил за несреќа под потполна контрола на врховистите и тие надгласале. Биле за предвремено востание, како и пред тоа. Во исто време било одлучено востанието да почне на 2ри август 1903 година. Овој ден бил верски празник - Свети Илија, ден за славење а не за војување. Отоманите не би очекувале немири за време на христијански празник, па затоа денот бил идеален за почеток на Илинденското Востание.

Најнесреќната околност околу востанието била, меѓудругото, не што Отоманите ќе биле изненадени туку што македонскиот народ не бил подготвен за ваков еден настан но и за настанатите последици од воините деиствија, после него. Тие имале борци готови за војна, ама немале доволно оружје и муниција. Требало да се купи од некаде и од некого.

Бугарите им го продале на Македонците  своето старо оружје, но без муниција. Грците одбиле да им продадат било какво оружје. Во Атина имало некој кој производел оружје, па некои Македонци кои зборувале грчки требало со лаги да добијат нешто. Но и дури после од како се купи, било тешко да се пренесе во Македонија. Отоманите биле опрезни и ги држеле очите отворени.

Па така и ако Македонците не можеле да најдат оружје и муниција, Груев одлучил да го почне востанието. Македонците биле осудени ако го почнат и ако него почнат, па така одлучиле да одат напред, па било што да биде. Отоманите оделе од село во село и барале оружје. Па така селата би биле уништени било како,  со или без востание.

Такви биле околностите во кои Илинденското Востание започнало на 2ри август 1903 година, па затоа и завршило во страшен хаос и урнатини и со многу жртви, на наша страна.

И Русите и Англичаните си гледале сеир од своите бродови во Егејското Море и ништо не презеле да го запрат оганот кои ги уништувал македонските села заедно со старците , жените и децата.

Востаничките битки  траеле околу 12 дена. Дел од костурската околија, Клисура и Невеска биле ослободени за подолго време, но градот Крушево, како што споменавме и порано, успеал со молничави и извонредно успешни  акции да ги разбие силите на крушевскиот гарнизон и да го ослободи Крушево. Потоа воспоставил народна власт и ја прогласил Крушевската Република, бисерот на Илинденското востание.

СОГОВОРНИКОТ - Каде се наоѓа Крушево?

РИСТО - Крушево се навоѓа во внатрешноста на Република Македонија. Вкупното траење на Востанието траеше околу три месеци. Револуцијата била завршена за три месеци. Тоа ни докажува колку неподготвен бил македонскиот народ за таков еден воен потфат. 

Губитокот на револуционерните водачи, кои се грижеле за нив и ги заштитувале од турските зулуми, било најболното и ненадокнадиво зло што му се сличило на македонскиот народ за време на Востанието. Повеќето водачи биле убиени, а останале само мал број кои ја презеле грижата за нив.

Македонскиот народ бил страшно погоден и раселен на секаде.  Повеќето села биле изгорени и имотот уништен до темели. Бил уплашен, особено од Отоманските освети и бил подложен на се', само да преживее.

 

 

Продолжува

 

 

Ваш Сотир Гроздановски

 

14 септември, 2016 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Kind regards: 14 септември 2016

Sotir Grozdanovski. br.28