ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА И ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

 

 

ДЕЛ ПЕТТИ

07 септември, 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски: Сотир Гроздановски

 ***********************

 

Дојдовме и до петото продолжение на нашите Анализи и ќе продолжиме и понатака, се' дури не ги исполниме желбите и иинтересот на странските, но и на нашите луѓе. Желбите и интересот да ја сознаат правата македонска историска вистина  криена, фалсификувана и крадена од сите во светот. Да ја сознаат и затоа, зошто  има и такви, кои се' уште не се подготвени да го проголтаат срамот за своите злодела спрема македонскиот народ и храбро да ја прифатат, како факт.  

Криена, фалсификувана, крадена и негирана затоа, што  и ние самите немавме смелост, знаење, но и способни стручни кадрови од областа на антиката. А можеби и од многу други околности кои не попречуваа да ја ископаме нашата сопствена историја и да почнеме со неа да живееме како сo вистински дел од самите себе си: - Како Македонци!

Последните настани во Македонија, кога отворено се удри по нашата комплетна национална историја ни покажаа, но и на целиот цивилизиран свет, дека имаме проблем и  внатре во нашата срцевина и тоа од тие, кои би требало да се првата одбранбена линија на македонскиот културен, историски и национален идентитет.

Е, тоа е што боли! Боли затоа, што од потта на обичниот македонски човек  прават живеачка, а како благодарност, му го продаваат минатото, сегашностa и иднината без трошка  грижа на совеста.

Му го валкаат лицето и душата и се' уште не умираат од срам, барајќи при тоа уште повеќе "правда, слобода, власт и демократија" од својата сопствена земја која ги храни, лекува и прима во своите пазуви кога ќе престанат да и' го  загадуваат, дури,  и воздухот.

Но не се сите такви, како тие што ги нагрдија спомениците, зградите на културните, историските и државните институции; затоа што, ѓомти,  ја "нагрдувале" естетиката на "нивниот град и просторот во кои тие живееле." Зарем е тоа причина да се уништува се' што една генерација направила, а што на  втората не и' е  по ќефот, зошто немале ист вкус и поглед за убавината и вредностите на нашето минато и неговите вредности? Или  причината е во сосема други и скриени намери, поврзани со туѓи интереси, врз нашиот национален идентитет?

Прашањето беше; дали се сите такви кави се оние првите кои живеат од парите на нашите непријатели и веќе познати историски душмани , сега претворени во  "демократски лисици", од "волци" во минатото?

Да, има и добри, не да нема, но што ќе ти се такви "добри" воспитувачи на младите поколенија, кога немаат смелост да се исправат пред лошите  и да им речат:  - "доста ни е бре браќа вашето хулиганство меѓу нас! - ако не вие добра Македонија, одете таму  каде припаѓате со вашите ќенеф и болни умови и визии погрешно наменети за нејзината иднина и иднината на народот македонски!" 

Е, тоа го очекува македонскиот човек од својата интелигенција, а не тони скапоцена фарба истурена низ плоштадите, улиците и по фасадите на скапоцените згради, како и недолично и простачко однесување спрема својата, македонската, полиција без која државата постанува џунгла, во која нашле засолниште и современите човеколики мајмуни.

Ако веќе барате демократија, таа се бара со избори и почитување на државата и нејзините институции. Слобода? - ја имате и премногу и затоа дури и полицијата не ве ѓиба, знаејќи дека имате право на демонстрации, но вие сакате со своето брутално насилство да го заплашите македонскиот народ за да ви падне на колена и заедно со вашите надворешни наредбодавци да си ја руши, така скапо извоената слободна Македонија. 

Престанете тоа да го правите, зошто би можеле да пожалите. Но после е.... нема к....!

 

А сега да кажеме нешто и за минатото, четврто продолжение и после да тргнеме понатака.

Во главно беше збор за Цариградската Патријаршија и воопшто  нејзината работа и организација во услови на тотална контрола од Исламот и самиот Султан. Била категоризирана како бизнис и ставена на бурза како и сите компании. Си имала своја цена и се продавала и купувала. Патријархот не зависел од желбите на црковните великодостоиници, туку од куповната моќ на некој кој сака да си ја купи, но и со тоа да и' стане на чело. На тој начин биле поставени Епархиите, дури и црквите. Кој имал пари, можел да си формира црква и да си биде поп. Од ваквиот бизнис, најмногу ќар имал Султанот и тие околу него.

Второ. Проблемот околу грчкиот јазик беше застапен во голема мера: негово прочистување од странски зборови и дотерување, како би бил што поблиску до старогрчкиот, но без фајде, си останал таков каков си бил : - копиле! 

А сега да видиме што ќе научиме од денешново продолжение и неговата содржина, кое започнува со крајот на четвртиот дел.

 Сотир Гроздановски

 

 

ДЕЛ ПЕТТИ

07 септември, 2016

 *********

покрај сите проби на "пјуристите" (прочистувачите) да го исчистат вештачкиот  грчки јазик  и денес, се' уште имаме јазик кои содржи зборови од минатото, од една потполно туѓа ера: - турски и други странски зборови попат прифатени. Па  како и нивниот современ "лажен" грчки идентитет, така можи слободно да се рече дека Грците заслужуваат да имаат  "лажен" и искрпен јазик со кој се гордеат и го сметаат за свој.

Грците не се срамат да го критикуваат македонскиот јазик и да го нарекуваат непостоечки и некаква мешавина од србски и бугарски, а дали си го погледнале некогаш својот? Мислам дека не, зошто да го сториле тоа, сигурно не би се осмелиле да ги критикуваат јазиците на другите народи.

Коине јазикот не бил мајчин јазик на Грците. Тој се предавал во училиштата. Коине бил древен јазик, кои се користел на широко на Балканот и на Левант како јазик во трговијата. Тој се користел и во богослужбите кај Византиската црква.

Од како Патријаршијата била продана на некој кој дал најмногу, Православието постанало бизнис во Отоманската Империја. Некое време откако Патријаршијата била воспоставена, на нејзино  инсистирање, Македонската Црква, Охридската Архиепископија, поточно,  била забранета. Со други зборови, на инсистирање од Патријархот во Константинопол, во 1767 година Султанот ја укинал Македонската Црква со декрет. После тоа, македонските цркви се преполнале со попови кои  зборувале и проповедале на Коине јазикот, кој обичниот македонски човек не го разбирал. И згора на тоа, сите собрани пари од верниците биле испратени во Константинопол кај Патријаршијата, а за неговото трошење одлучувал Патријархот. Тоа бил како некој додатен порез.

СОГОВОРНИКОТ - Па така, два пореза биле собирани, еден од Црквата а другиот од Отоманите?

РИСТО - Точно! Црквата собирала еден вид порез од верниците, а Отоманите си го собрале својот. Ако случајно би останал должен  на Црквата или закаснил со плаќањето, тогаш таа би посегнала за твојот имот. Секое село имало како би се рекло, "Вакавска стока" ( црковна стока) или добровлно за душа на покојникот после неговата смрт подарена на црквата или отета, ако се останело должен,  како припадник на Црквата. 

Многу луѓе останале без имот, бидејќи биле неписмени и не ги разбирале договорите со Црквата. Луѓето кои немале доста своја земја за издржавање на своите семејства, се упуштале во наем на вакавска земја за одредено  времетраење. Ако  закаснеле со плаќање на закупнината, би можеле да загубат уште повеќе од својата земја.

Многу од Славјано говорното  население (Македонците), како ги викале, се жалеле за своите проблеми и не праведното однесување  и неразбирање на Патријаршијата, за што тие верувале дека се работело намерно. Од ваквите меѓуодноси имала ќар само црквата, што за нив било очигледно.

Па какво добро,  заправо, им правела црквата,  на македонскиот народ во општо? Ништо добро! Озгора на тоа, богослужбите ги вршела на јазик кој тие него разбирале.

Овој нечесен однос спрема македонските селани во рацете на Патријаршијата и нејзините владари, за кој Отоманските авторитети не береле гајле, на Руската Црква и' дала прилика и причина да интервенира на Балканот, од името на Православната Црква, наравно. Едина добра работа која произлегла од оваа акција била, воведувањето на славјанскиот јазик во богослужбите за славјанските верници.

Да ја направиме долгата прикаска куса, тоа беше начинот со кој Егзархиската Црква (Бугарската) влегла во игра. Во 1875 славјанската говорна Егзархиска Црква била основана и инсталирана внатре во Отоманската Империја. Едината разлика помеѓу црквите на Патријаршијата и црквите на Егзархијата, надвор од нивните администрации, биле јазикот и молитвите. Патријаршистите се служеле со Коине , или "грчкиот" како западњаците сакале да се нарекува, а пак Егзархистите, славјанскиот јазик. 

И како што Грција, од како постанала национална држава во 1828 година, ги присвои црквите на Патријаршијата и јазикот Коине,   Бугарија исто така, откакао и таа постанала национална држава во 1878 година,  ги прогласи црквите на Егзархијата и славјанскиот јазик за свои. И така, после тоа, Егзархиската Црква постанала синоним за Бугарската , а Македонците останале без своја Црква и без  избор, осем да ги посетуваат туѓите цркви, за долги времиња.

Подоцна дојде времето и Србија да се приклучи кон циркусот на Грците и Бугарите. Од тоа што се случувало во Македонија  и фактот што им се дозволил на странските цркви да се позиционираат внатре во Отоманската Македонија, без опирање на Отоманските авторитети и благослов на големите европски сили постана јасно,  дека  на Македонија нема да и' се даде прилика да постане независна национална држава, туку постана очигледна намерата на Грција, Бугарија и Србија да ја поделат помеѓу себе. Со дозвола и благонаклоност на западните сили, подоцна тоа се и реализирало.

Се сеќавате, исламските канони не дозволувале никакви политички партии внатре во , нивните граници на влијание, туку само верски. Па откако  Грција отвори, внатре во Македонија, цркви на Патријаршијата, неофицијално се разбира, зошто тие се' уште им припаѓале на Патријаршијата во Константинопол, Бугарија и Србија, но и во незнатна мера и Румунија, почнале да градат свои цркви внатре во Македонија.

СОГОВОРНИКОТ - Со скриени намери?

РИСТО - Да, со скриени намери! На површината и од внатре изгледале како да овие цркви на народот му давале верски услуги, меѓутоа некој би се запрашал : - "Зошто овие верски услуги се даваат во странски цркви на странски јазици?" Не се ли Македонците способни да си обезбедат такви услуги сами за себе си?

Тоа беше очигледно, дека овие странски сили имаат некои други и скриени намери. Али какви? Имаше образовани Македонци кои виделе и порано вакви примери и кои верувале дека црквите биле таму заради асимилација на македонскиот народ во Грци, Срби или Бугари.

Се разбира, овие идеи од многу не биле прифатени како можни, особено од селани кои велеле како на пример , "Јас ќе бидам Грк, како што коњот ќе постани магаре", или "Ти неможиш овца да претвориш во коза, ма што и да направиш". Да, странските цркви биле таму баш да прават тоа во што селаните не верувале: - да ги асимилираат Македонците, но на крајот во што?

Најголемиот број Македонци ги отфрлиле таквите можности како безсмислица. Меѓутоа, трите играчи на тлото на Македонија требале да му потврдат на западните големи играчи дека тие се тука да му помогнат на "своите малцинства" и да ги ослободат од јаремот на Отоманите, но и со крајна цел ослободената македонска територија да ја припојат кон нивните држави, нарекувајќи ја акцијата ослободувачка, а не окупаторска.

Припојувањето требало да биде "безболно" и легално. Грците веќе се утврдиле во Македонија преку црквите на Патријаршијата во Константинопол, која се раководела преку друг управен орган, но не преку грчката црква во Атина. Меѓутоа, двете овие цркви следеле исти цели и интереси и ако спрема надворешните белези изгледале како да се една црква, така наречена " Грчка Православна Црква".

Целта на овие три спротивставени сили во Македонија (Грција, Бугарија и Србија) била да припојат што можат повеќе од македонската територија кон своите национални држави, и тоа да го направат секој до границите на раздвојувањето. Сето тоа требало  да го направат прифатливо, легално и да трае. Али прво  требало да потврдат дека тоа се' било  "ослободување", што би значело, дека тие ја "ослободувале" македонската територија, бидејќи таму живел дел од "нивниот народ".

Но за нивна несреќа, таму немало Грци, Срби, ниту Бугари кои живееле во Македонија, што преставувало голем проблем за нив. И затоа тие требале да "креираат" народ низ асимилација. Грција, Србија и Бугарија требале да му покажат на светот дека тие територии биле нивни, зошто таму живееле Грци, Срби и Бугари, а не Македонци.

Македонците и вистинските стопани на Македонија, затоа, требало да нестанат без трага. Јас незнам дали е направен некој формален договор меѓу трите држави, но некако во времето тие одлучиле формално и потполно да го негираат постоењето на Македонците.

Овие три странци во Македонија му рекле на народот во Македонија, дека не би могле да бидат Македонци, ако немаат своја црква.

Соочени со перспектива да останат без своја црква, македонскиот народ покушал  во 1891 година, меѓутоа, без успех. На препорака од Патријархот , Султанот го одбил македонското барање. 

 

{ 04 декември, 1891 година -

Теодосиус, Метрополитан Скопски, до Папата Лео XIII.

- Долу потписаниот Метрополитан Скопски, Теодосиус по Господовата милост, поглавар на Скопската Епархија, го испраќам ова барање од моето и имињата на сите православни верници од Македонија, со кое Ве замолуваме, Ваша Висост да не прифатите под крилото на Римската католичка Црква.. Нашата желба извира од историското право на Православниот Македонски народ да биде ослободен од јурисдикцијата на странските цркви : Бугарската Егзархија и Константинополската Патријаршија- ...  Границите на Архиепископијата треба да се поклопуваат со сегашните граници на Македонија... "Archivio della Potenza - Marzo 1892/93, Somm.XV. f. 132-141." }

Изгледало, дека без своја македонска црква македонскиот народ не би можел да има своја држава, а без своја македонска држава неможат да бидат Македонци.

Па така, македонските верници во Христос, пошто немаат своја црква, мораат да ги посетуваат странските цркви за молитва.

Така наречената грчка црква била веќе во Македонија и работела во составот на црквите на Патријашијата во Константинопол. Бугарската црква влегла во Македонија негде околу 1878 година, ама за кусо време собрала повеќе Македонци од грчката црква. Ова се случило, бидејќи богослужбите се служеле на бугарски јазик, близок на верниците.

Дури и тие кои ги посетувале грчките цркви многу брзо се свртиле кон бугарската црква, а подоцна и кон србската. Црквите биле сите слични или исти; тие биле сите христијански и православни, само се разликувале по јазикот на богослужбите.

Стално се граделе нови цркви по нараџби на Патријархот или Егзархот. Македонскиот народ во ова време не бил свестен, дека поврзаноста со една од црквите, ќе му ја одреди и националноста. А тие кои го знаеле тоа, не верувале, дека тоа и ќе се случи.

И сега, гледајќи назад во времето, сите три спротиставени сили имале свој народ во Македонија, производејќи демографска статистика, скоро на дневна база, колку Грци, Срби или Бугари живеат во Македонија, спрема  црквата на која му припаѓаат.

Да, демографските статистики биле врзани врз религијата, а не врз националноста или етничката припадност.  Ниту една статистика не покажувала Македонци кои живеат во Македонија, дури и големите европски сили, кои биле  согласни да ја прифатат идеата, дека Македонците не постојат. 

Зошто било тоа така? Па затоа што Македонците не постоеле или затоа што Македонците не се вклопувале во нивните идни планови?

Сите овие работи беа чисто испакувани. Затоа што Отоманските авторитети ја признавале религијата како едини авторитет внатре во нивната империја. Се' морало да се одвива во согласност со религијата.

Но надвор од Отоманската Империја, нарочито на Запад, разграничувањето помеѓу луѓето било во согласност со нивната националност, а не верата.

Ова, изгледа ги реши сите проблеми за спротивните сили, но и за големите сили.

И од кога македонската црква била забранета од Султанот во 1767 година и заменета со така наречената "Грчка црква", Македонците кои ги посетувале "грчките цркви", биле сметани за Грци.

И ако можам да додам, ова било исто така вистинито и за Грците во современа Грција и не само во Македонија. Грција има многу етнички групи кои живеат во земјата. Грција имала многу етнички групи и пред да постани национална држава за прв пат во 1828 година. Едини услов за нив да бидат Грци било да се Православни Христијани и да зборуваат грчки. Природно, тие кои не знаеле грчки, како на пример Власите, Албанците, Македонците, Турците православни христијани и т.н.т. ги натерале да го научат грчкиот јазик во спонсорираните училишта од државата. Грчкиот јазик не треба да им е мајчин јазик, за да би биле сметани за Грци.

Ова било вистина и во Македонија, се' дури на бугарската црква, а подоцна и на србската не им беше дозволено да функционираат внатре во Отоманската Империја. Србите ја видоа приликата  дека и тие, исто така имаат шанса да грабнат нешто од македонската територија, ако ја заиграат оваа религиска игра, па затоа и  побрзаа да изградат свои цркви, внатре во Македонија.

Сега имаме србски, бугарски и грчки цркви кои работаат внатре во Македонија и се натпреваруваат кои повеќе од истите верници ќе грабни повеќе. И пак, бидејќи Македонците го разбираат повеќе бугарскиот од другите два јазика, бугарската црква однела победа.

Бугарската црква изгледа ги привлекла повеќе Македонците, од другите две. И, како оделе работите, грчката и србската црква биле губитници, а  бугарската црква била "фаворит".

Гледајќи ја ваквата ситуација, било очигледно дека Бугарија постанува повлијателна во Македонија и дека за Србија и Грција  неостанува ништо. За да не би се влошила нивната положба во Македонија,  требало да се направи нешто: - Луѓето биле туркани едни против други, поткупувани да преминат во другите цркви, грчките или србските. Спротивните сили дури почнале да убиваат свештеници. Ако на пример некој бугарски свештеник бил добар во својата работа, бил елиминиран..ликвидиран.

СОГОВОРНИКОТ - И обратно?

РИСТО - И обратно. Бугарите не биле подруги од другите. Само трагедијата била во тоа, што повеќето свештеници, регрутирани од другите страни, биле Македонци.

Кога мирно наговарање не било повеќе ефикасно, спротивните страни организирале оружани банди, платени да ликвидираат свештеници, тероризираат верници и примораваат да ги сменат црквите. Најлошото било терање на луѓето да си ја променат верата.

СОГОВОРНИКОТ - Оружаните банди се викаја "комити" или нешто инаку, така?

РИСТО - Да, тие се викаа така на бугарски, а на грчки "Андарти". Тие беа странски платеници и оперирале во Македонија.

СОГОВОРНИКОТ - Тие беа насилници, исто така. Нели?

РИСТО- Да, беа насилници и тоа платени, гангстери. Некои од нив беа дури и Македонци како например Коте од Рула, кој убивал луѓе за злато. Каравангелис, грчки владика од Костур, заправо го плаќал Котета да убива луѓе и да му ги носи главите нему, како доказ дека работата била завршена.

Му платиш и тие прават што сакаат. Уби го оној свештеник или некој други, истепај оној и т.н.т.

Македонија постанала безвласна и Отоманите изгледа не бере гајле заради тоа. Па така, дури Македонците ги врвеле овие страшни времиња, трите спротивставени балкански сили продолжиле да печатат демографски статистики.. кои постојано се менувале со притисоците кои се вршеле врз Македонците да си ги менуваат црквите во кои се молеле на Бога.

Па така поминало време, дури припадноста во Македонија постанала синоним за националноста, како доказ за печатење на демографската статистика.

Сега, кога веќе овие три ѓаволски балкански "сили" ја увериле светската надворешна јавност дека во Македонија заправо живеат Грци, Бугари и Срби, Македонија би можела да се подели спрема зацртаните линии. Тоа била теоријата. Но во реалноста, не било така едноставно како изгледало, бидејќи секое село на секое парче од Македонија било прикажано да има од сите три , така наречени: Грци, Бугари или Срби. кои живеат во него.

Па така, се поставило прашањето : како да се подели Македонија спрема националната припадност? Исто така, што ќе се случи со другите етнички групи кои живеат во Македонија како на пример Албанците, Власите, Евреите, етц. ?

Сето тоа изгледа постана неважно, кога добро подготвените планови за поделба пропаднаа во вода, со инвазијата на Македонија и била окупирана во 1912 година.

 

Продолжува

 

ПРОФЕСОРОТ НЕСТОР ОГИНАР ПРОТИВ "КУКАВИЧКОТО ГНЕЗДО НА ВМРО - ДПМНЕ"

Проф. Нестор Огинар

Деновиве заприметив  еден и ако вулгарен, но сепак интересен текст, за кој помислив дека ќе биде интересен за читателите на "Македонски Збор". Текстот не е баш од некого кој би требало да се игнорира како не важен и без некои опасни пораки кои би поминале како детска грипа со малку или никакви последици по македонските интереси, или безбедноста на македонскиот народ и македонската држава.

Зборот е за една личност, која после подолго одсуствовање од социјалните комуникациски мрежи, одново ни се појави на политичката сцена како "спасител" на Македонија и "реформатор" на политичкиот систем во Македонија: - уважениот ни професор од Њу Јорк, Нестор Огинaр.

Овој пат тој бил загрижен заради "криминалните" состојби во ВМРО - ДПМНЕ, па од името на "американската диаспора", ги повикува чесните и лојални членови на оваа најголема владеачка политичка партија во Македонија да свикаат вонреден конгрес за да ја "реформираме" партијата, како самиот се изразува и го исфрлиме  "нејзиното раководство" на улица, "каде би се сретнало со народот, кои гo мрaзи, да неможи повеќе да ги гледа пред очи."

Па господине професоре, никој не ви го спори вашето барање и вашата "докажана" грижа за Македонија, ама  и 'ако е тоа од вас, сепак е премногу  за да се  прожвака без предходно да се земат антибиотици и Alka - Seltzer.

Па зарем мислите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го елиминирате од политичката сцена на Македонија со ликвидирањето на  Никола Груевски, Саша Мијалков, Мартин Протуѓер, Трајко Вељановски, Владо Поповски, Илија Димовски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска и редица други истакнати политички лидери кои сепак и покрај грешките кои во нивната работа ги направиле, допринеле во општиот развој на македонската држава многу повеќе од сите други политички партии заедно. Згора на тоа, во неповолни надворешни и внатрешни прилики, го сочувале идентитетот на Македонија и на македонскиот народ. Па на таков начин да го донесете  СДСМ на власт па дури и без избори,што беше случај еднаш или два пати?

Се разбира дека тоа не би требала да биде моја грижа, ама ете така ми склизна зборот! Опростете ми !  Ве молам!

Како и самите потенцирате во својот текст на ИНФО, "само таков зафат би можел да ја спаси Партијата од самоуништување!" На таква Партија велите, треба да и' "истуриш пепел!" И така продолжувате во истиот стил да сеете мудрости:

"Ејгиди мори Партијо, каде ти се војводите, комитите, револуционерите? .... стана Султан Партија. Стана гнездо на кукавички јајца снесени баш во тој кокошарник што го исчистивме во далечните деведесети години ( со Љупчо Георгиевски и неговиот МПО во Dearborn Michigan ? ) на едно минато време кога идеите  беа  посилни од парите ( навистина и вие верувате во тоа ? ), кога народот не се плашеше од постоечкиот режим ( го повикувате ли македонскиот народ на воружени бунт,за да се испотепа,професоре? Или на Избори ? ), кога имаше вистинска доверба, вистинско единство, вистинска Вера, Надеж, Љубов и во Партијата и помеѓу македонскиот народ во Државата, која сите заедно ја градевме ( или крадевте? ). Денес народот мора да речи што сака, како сака и со кого сака да гради поарна иднина! Време е за длабоко морално и мудро размислување и делување!" Амин, професоре! Ова во моето Буково го викаат: - Фалиме усто оти ќе те раскинам!

Та ако го сменат слоганот на "шарената револуција и нејзините истакнати мајмуни", Никола Груевски, заедно со владата на Република Македонија    кои вие така непристојно  ги нарекувате "криминалци и луѓе кои ја уништиле Македонија," Македонија ќе се вивне в' облаци со вашите  СДСМ - овци кои  ја украдија и потполно  осиромашија Македонија за време на незаконската приватизација,  фрлајќи на улица над  250.000, до тогаш вработени македонски граѓани, без никаква перспектива за вработување? 

Господине професоре! Вашето политичко еволуирање од анархист, борец кој покуша да го сруши целиот политички систем во Македонија и ставање себе си на чело на некоја "народна" се македонска не партиска заедница  без избори,  или некои избори ама во ваша корист, е чудесна работа. Сега се задоволувате само со реформирање на најјаката и најнародната македонска партија и сменување на нејзиното цело раководство? Па што мислите, кој би требало да ја води таа народна партија? Но и државата Македонија ? Ако мислите дека се сите криминалци,  што не верувам во еден таков државен систем дека нема и такви, тогаш зошто не протестирате против неефикасноста на Специјалното Јавно Обвинителство кое е во потполна контрола на СДСМ? Ако тоа што вие тврдите е вистина, а СОЈ не покренува мерки а   троши над 4,000,000 евра годишно народни пари, треба да се растури , парите потрошени а работата не завршена да се вратат назад во државниот буџет, а криминалците и преварантите да се земат на одговорност.

Јас знам, ако вие не знаете, господине професоре: - на идните избори, народот сам ќе си одлучи на кого ќе му ја довери власта во Македонија. Македонскиот народ е интелигентен, трпелив, но и претпазлив во своите одлуки од кои му зависи безбедноста и на државата но и безбедноста на неговите семејства. Не му се потребни надворешни советодавци, па ниту некои како што  сте вие или јас, на пример.  

А вам би  ви советувал, почитувани професоре, "оставите се ќорава посла", што би рекле нашите мудри србски комшии и  зафатете се со некоја друга  покорисна работа за себе и за Македонија. За оваа не ве бива. Ич!

Овие работи со кои одат во ќор сокак луѓето кои се и премногу негативно експонирани во непријателските и штетни  работи како учесници во злосторничката  "шарена револуција" и другите платенички и непријателски, ко бајаги хуманитарни организаци под контрола на надворешните непријатели на Македонија, когаш тогаш ќе си ја платат направената штета! Ништо не останало изедено неплатено: И тоа со камати! Тоа од секогаш било  правило и така ќе си остани, се' дури има луѓе на дуњава!

И за вас гоподо кои се криете зад плеќите на СДСМ и неизините денешни изроди и предавници, важат истите правила.  Затоа и вие остаите се "ќорава посла" и сите заедно прегрупираите се во заедничка општомакедонска сила во одбрана на татковина, а не против неа во полза на некои краткотрајни и себични интереси на вашите, на очиглед ненародно ориентирани индивидуалци, кои се  пребогати да би останале во истата кал, во која сега ве туркаат.

Успехот на политичарите се мери по успехот на заедницата, во која треба да си го најдат и тие  интересот и задоволството, а не во сечењето на гранката, на која седат!

Сотир Гроздановски 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Марко К. Цепенков

ГОСПОД ДРЖИ ЕДЕН БОГАТАШ

ВО ЕДНА БУКА ТРИ ДЕНА

 

Во некое време станала една голема суша и што бериќет беше - изгоре! Пропискало мало и големо, најпоќе сиромасите, чунки страшна скапија се сторила: ока жито  - ока стребро!

Немајќи пари сиромасите, пројадоа трици, со гоецки лепешки измешани. Трева јаделе како што јаделе коњите и друзите гоеда, арно ама и тревата се свршила. Немајќи сиромасите за да јадат, фатиле да си умираат од глад. Видувајќи богатите оти умираат сиромасите, му се нажалило . И во еден неделен ден, беше кажал едно слово владиката црква за да даат богатите една голема сума пари за да се донеси жито од некое далечно место кај што било многу ефтино. На свршуање словото, владиката и' поканил сите богаташи поручек да одат на митрополија за секој  да 'и пиши колку ќе му коптица од срце. Првиот богаташ што бил во градо бил првиот скржав и слушајќи словото од владиката и бидејќи тој требало да пиши најмногу пари за сиромасите, се сторил као да не чул и дојдуајчи си дома, си јавнал коњо и без да се кажи на жената си, си отишол на чивлик за да не се најди дома  и да не оди на митрополија за да пиши пари.

Чивлиго му бил до една планина. Си остаил коњо и си зел пушката на рамо и си отишол  в планина, ѓоа на лов, со ниет ако дојдат да го побараат за на митрополија, да не го најдат. Одејќи низ планината, се одалечил колку еден саат од селото. Милос на Бога, беше заповедал да заврни еден силен дож, као низ ракав да тура, тики богатиот  беше видел пред него една голема бука, празна во средето и се пикнал внатре, малце со мака, за да се запази од дождо. коа врнело, коа турало - цел ден и са ноќ! Еле, утрото беше престанал дождот.

И се благодарил богатио оти престанал дождот и почнал да излегуа низ вратата од кај што беше влегол, арно ами Госпо беше ја стеснал вратата од буката и не можел богатио да излезит. дека тој бил скржав и не јапропуштал парата од рака, тики и буката се сторила скржаа као него и не го пуштала да си излези од неа. Секако беше  се обишол да излезит од кај што беше влегол, арно ама буката не го пуштала.

- Леле, јас сиромав - рекол сам со себе - овде ќе умрам, гладен и жеден. Као нема никој чоек од мајка роден да помине овде, да да го натерам да ја пресече букава и да излезам. Ами ако сака многу пари, чунки ме знаат оти сум богат? Ете, и тоа е лошо, да бев је кажал на жената оти ќе одам на чивлик, можеше да дојди и да ме побара, арно ама не знаи кај сум, тики кај ќе оди и кај ќе ме бара, ами сеа што чаре ќе се праи? - Леле јас сиромав, ќе си умрам, ни виден, ни чуен, лисици и орлите ќе ми ја јадат снагата и гробнина не ќе ми се најди. Као на мнозина богати што му се напраиле споменици, за мене ќе нема.

Така цели три дни и три ноќи што се тагуа и плака, око на око не кладе дури беше се сетил оти Госпо го кладе апсаана задека беше се откажал да појди на митрополија и не сакал да пиши милостиња за сиромасите.

- Господи, Господи, прости ме, Господи, за сите греои што сум напраил и пушти ме од оваа апсаана! 

На таа молба се обиде за да излезе од буката. Буката малце као да беше се  поотлабаила и се зарадуа, та пак фати да му се моли на Бога и за дека избегал од дома да не дава пари за сиромасите.

- Господи, прости ме за овој најголем грав што сторив и избегав да недаам пари за сиромасите! Пушти ме, Боже, да си одам жив дома и ќе пишам пари за сиромасите колку што пишале сите чорбаџии!

Молејќи се од се' срце скржаио чорбаџија на Бога, му се отворило срцето за да не и' жали парите и од коа се домолил, кренал очите на небеси и едно се обидел на вратата за да излези, полесно излегол од што коа влегол.

Кога се видел надвор од апсааната, паднал на коленици и со горшти солзи се молел на Бога и го славил за милоста што сторил на него и рекол:

- Наказуј ме Боже, ама на смртта не предавај ме!

Сиотишол на чивлик и се најал и се напил и си отишол дома и од дома на митрополија, та пишал двојно пари од што беше таксал. Од тој ден веќе не беше се откажал да прави добриње на сиромасите да дури умрел.

И по смртта негоа еве и до ден денеска кај се прикажуа и довека нема да се заборај неговото име.

(Блажени милостивите; зашто тија помиловани ќе бидат! - Евангелие од Матеја, гл. 5, стр. 7.)

 

Ваш Сотир Гроздановски

07 септември, 2016

 

 

Kind regards : 07 септември 2016

Sotir Grozdanovski br.27