ЦРИКВЕНИЦА, ХРВАТСКА

ЈУБИЛЕЈНА РИБАРСКА НЕДЕЛА ВО ЦРИКВЕНИЦА

Пишува:
Сотир Гроздановски

Традициите се дел од народот и неговата култура, па затоа и траат толку долго, колку  и  народот кој ги негува, дополнува и сака како самиот себе си.

Но како и секогаш, ајде да видиме нешто повеќе од она што денес го знаеме. Да видиме, каде е почетокот на местото за кое се врзани споменатите традиции и како народот со своите традиции дотуркал до ова што сега се вика Цриквеница, но и зошто нејзиното име денес значи многу, во хрватскиот туризам.

 

АД ТУРЕС - КОД ТОР - КОТОР - ЦРИКВЕНИЦА

Римска тврдина АД ТУРЕС

Во почетокот било брдо а на него тврдина AD TURESS. Тврдина во кои живееле римски воиници и го чувале Римското Царство од броините надворешни непријатели. Него чувале локалното население, туку присвоените имоти заедно со долното и горното природно богатство, од кое се богателе и затоа добро живееле. Името Турес го добила по црквените камбанарии, кои на талијански така се викале, а на хрватски многу подоцна, Код тор, што би значело Код торња, а пак на македонски, обична камбанарија.

Страшна несреќа се случила во 1776 година, кога во големиот пожар населбата Котор до темел изгорела, а Жупникот ( свештеникот ) со дел од црквениот имот се засолнил  во Павлинскиот манастир, сега веќе во Цриквеница, град со повеќе цркви, по кои  си го добил и своето име. Жителите на Котор дошле долу и се скрасиле на морскиот брег и таму си отпочнале нов живот во нови услови и со нови животни планови и желби. Меѓутоа, сепак од сите нив, назад во уништениот Котор се вратиле неколку семејства.

Денес од стариот Котор останаа само урнатини и името, кое највероватно подоцнежните хрватски иселеници во Бока Которска му го дале на својата населба, а сега прекрасниот град Котор.

Цриквеница во минатите времиња служела како морско пристаниште за трговска размена на луѓе и роба за околните и не приморски места : Брибир, Грижане, Трибаљ  и некои други, уште помали населби.

Денешна Цриквеница е дел од приморските бисери на кварнерскиот залив заедно со  Ријека,  престолнината на Приморско - Горанската Жупанија, една од петте во Хрватска.

Од Риека е оддалечена нешто околу 35 км и сместена на чувената Јадранска магистрала која го поврзува северниот приморски дел со јужниот и Дубровник, како крајна туристичка дестинација и најскап, хрватски бисер.

Во составот на цриквеничката околина влегуваат : Јадраново, Драмаљ, Селце, а граничи со Краљевица, Брибир (Винодолска општина) и градот Нови Винодолски, уште еден бисер приморски, само  10 км подолу.

Спрема пописот од 2011 година, становништвото на Цриквеница износи над 11,000 жители, од тоа само градското население изнесува над 7,000.

Историјата на Цриквеница е тесно поврзана со историјата на плодната Винодолска котлина, родно место на сите околни населби створени со текот на времето и историсските настани прво како бродски и трговски пристаништа, а после и како рибарски населби и градчиња, а сега и големи туристички центри, на крај на светов познати.

Сан Марино, Нови Винодолски

Нови Винодолски

Наследник на старите рибари

Хотел "Каштел" Цриквеница

Вечерна гледка на Цриквеница

Споменик на Рибарот, Автор Звонко Цар

ПЕЕСЕТТА ЈУБИЛАРНА ЦРИКВЕНИЧКА РИБАРСКА ФЕШТА

27 АВГУСТ - 03 СЕПТЕМВРИ 2016

Како и сите пред оваа, така и годинашнава Рибарска Фешта ќе трае цела недела. Се одржува при крајот на туристичката сезона  како за благодарност на сите годинашни  странски и домашни гости, но  и како покана за идни посети.

И оваа целонеделна културно - традициска манифестација обилува со програма за секого, содржајно  богата и интересна, како впрочем и во претходните години. Започна уште во претпладневните саботни часови на 27 август 2016 година со детската работилница : "Кој ќе ја  фати пеесеттата рибичка"? Па така со ред како следи:

11:00 - Едриличарска регата на Рибарската недела,

18:00 - Гастро програма - Фешта од дагњи (црни шкољки),

20:00 - Каравана "Рибарска недела" - безплатна бродска панорамска вожња,

21:00 - Свечено отворање на 50та Рибарска Недела - ревијална програма "Пеесе години ни е тек" - настап на групата "Грeјс", гости на вечерта Јосо Буторац и Славко Иванчиќ,

24:00 - Огномет, за добра ноќ и довидување утредента, 

28 август 2016 - Недела

18:00 - Гастрономска програма -  Фешта со туна,

19:00 - Отворање на изложбата "Рибарска недела" со дела на учесниците на ликовната колонија "Цриквенички колорити".

20:00 - "Втор фестивал на чакавскиот збор".

29 август 2016 - Понеделник

18:00 - Гастрономска програма - Фешта од бранцини (квалитетна морска риба)

20:00 - Забавна програма, настапува групата "Кламаруша",

30 август 2016 - Вторник

18:00 - Гастрономска програма - Фешта со плава риба,

20:00 - Забавна програма со настап на групата "Мистрал",

31 август 2016 - Среда

15:00 - 50то јубиларно рибарење со гостите со учество на Трио "Цриквеница", мало пристаниште "Подворска",

18:00 - Гастрономска програма, фешта со лигњи,

20:00 - Прогласување на најдобрите  гости - риболовци и забавна програма со учество на Матко Јелавиќ,

01 септември 2016 - Четврток

17:00 - Једрење со гостите,

18:00 - Приморска ноќ со групата "Арија",

18:00 - Гастро програма - фешта со шкампи.

02 септември 2016 - Петок

17:30 - Традиционална гастро вечер - кување бродет (гулаш од риби) во котлиња,

21:00 - Забавна програма со настап на клапата "Контра".

03 септември 2016 - Сабота

19:00 - Куварски вештини со гостинот кувар Драган Висковиќ,

20:30 - Културно - забавна програма "На рибарската недела за роденден",

21:30 - Забавна програма со настап на Петар Грашо и групата "Инсула". 

 

 

шкампи

Морски плодови

Е па сега, ако ве наведе патот, драги мои во Цриквеница или можеби во некое друго место на хрватското приморје, оваа или некоја од следните години и ако  се сретнете со некој наш заскитан од пред многу години барајќи среќа, далеку од родниот крај,  верувајте дека и во него ќе најдете, дури и   денес, нешто заедничко, исконско што вечно  тлее:  - Т'га за Југ!

До тогаш, добро читање!

 

Ваш Сотир Гроздановски

29 август 2016

 

 

Kind regards: 29 август 2016

Sotir Grozdanovski br.25

Нови Винодолски