Питу Гули и неговата чета

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

 

 

ДЕЛ ЧЕТВРТИ

01 септември, 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски : Сотир Гроздановски

 **************************

ВОВЕД

"Родиме мајко сиромав ама со к'смет и фрлиме в'трње ", вели народната поговорка! Има и подруги, ама  ете ја избрав оваа - ми изгледаше  како повеќе да ни прилега нам, на Македонците, зошто како да ни отиде наопаку, не роди мајка ем сиромаси, ем без к'смет и не намести на пат за да му сметаме на секому. И од тогаш па до ден денешен маките не не' напуштаат, како што ни збори и нашата  песна: - "Со маки си ме родила, со маки јас ќе си умрам. Маките да ми ги напишиш, одозгора на гробот мој". Ете, баш така.

На нашите маки почетокот му е од многу далечни времиња,  од после смртта на нашиот голем и од сите посакуван крал Александар III Македонски. И за чудо, се' уште не сме научиле зошто постојано ни се враќаат.Не да немаме ум или сме неписмени, па да речи човек дека не сме кадри да прочитаме нешто, или негде, за да сознаеме, туку поарно ние да спиеме, од ошто да се разбудиме и да видиме со кој сме и каде сме и што треба да сториме, за да ни биде поарно денес од вчера.

Штом туку ќе се качиме до половина пат на, да речеме, Пелистер и ќе се почувствуваме слободни како птици, сити и безбедни, ќе ни се јави некој мудрец, ќе ни најди некој како  Заев, кој пак лесно ќе не наговори, ѓоамти како наш човек, повеќето од нас да се вратиме назад, зошто нагоре било  потешко од надолу. Па и зошто да одиме нагоре, кога се' што ни требало тој ќе ни даде, ете така, зошто многу не сака. Само да го слушаме што ќе ни зборува и тоа е се'. Ете, тоа е што се' уште не сме го научиле и што треба да го промениме. 

Зарем ни требаат "не владини организации", "граѓански друштва", "шарени револуции" и мајмуни по улици со канти  бои да ни покажуваат како се оди во "прогрес и демократија"? Ни требаат ли покрај сите државни институции уште и надворешни платеници да ни ја матат водата по наредба на разни темни вампири доидени од минатите и познати времиња?

Ни требаат ли пак туѓинци   да не  учат   како се води државата за која пет пари не даваат ниту денес ниту кога Македонците самите си ја ствараа? Пет пари не давале колку деца, старци, жени... ќе изгинат од нивните напалм бомби, за што' помалку да не има, а денес ни ги купуваат луѓето, за да не докусурат за секогаш?

Ги учат недоветните, во кои македонскиот народ веруваше, самите да си ја  разнебитуваат државата, институциите, но и да го плукаат и туркаат  по улици, без никој да ги попречи.

Па, се плашат од оние кои седнати на околните ридои и  гледајќи си  сеир ликуваат,  што и денес најдуваат маимуни, за да им ги извршуваат нивните гнасни работи. Ќе речи некој поголем мудрец!

Народот измислил нешто и за тоа, ама кој го слуша и почитува? Тој вели : - "Со кој си, таков си" или "ако се фатиш со ѓаволот на оро", ќе играш како тој ќе ти свири.

Последиците од ваквите однесувања се чувствуваат на секој чекор зошто по се изгледа, немаме кој да ги суреди причините. Па затоа секогаш мораме одново да ја пишуваме и дополнуваме македонската историја со крвта на најхрабрите и месото нивно расфрлено по ридовите и планините македонски.

И дури едни гинат, други се богатат работејќи како слуѓи за туѓи интереси и на очиглед на "безбедносните органи" на државата, ги уриваат и нагрдуваат институциите без кои нема безбедност на народот и стабилност во земјата. 

Сакаме ли да ни се поноват времињата за кои зборуваме во текстовите кои ви ги донесуваме во "Македонски Збор"? Сакаме ли одново да се бориме за тој македонски збор, за слобода, за своја Црква ...? Да се бориме и одново гинеме за автономија, но сега во некоја од соседните државички, како во времето на Отоманската Империја? Да им ја вратиме Република Македонија пак на некој друг, како за времето на Отоманската Империја  и ги поганиме коските  на нашите претци кои се вградиле самите себе си во неа, за  ние  да живееме како луѓе, а не како стока и робови?

Е, тоа неби требало така лесно да помине. Затоа, сиктер на сите кои не си ја сакаат Македонија и бараат преку лебот и погача, без работа.

Mожи ли Македонецот да го стори тоа без да губи повеќе од што ќе добие? Се' е можно, ако на време си ја исчисти косата  не само од вошките, туку и од гнидите!

 

 

Знамето на Крушевската чета

ЗБОР ДВА ЗА ДЕЛОТ ТРИ

А сега, да речеме збор два за минатиот текст под броj три, како поврзница со ово,ј  број четири.

Делот три, во главно содржеше настани од македонските борби за автономна Македонија, во главно, внатре во Отоманската Империја. Зборувавме за почетокот на подготовките, за крвавите борби и бисерот на востанието од 1903 година Крушевската Република, нејзиниот славен десет дневен живот, белезите кои останаа зад неа  вечно да траат, жртвите кои македонскиот народ ги поднесе, но и искуствата кои денес не се паметат веќе. Освен пишаното во пожолтените страници на македонската понова историја, заедно со избледените слики на јунаците чии споменици денес со "демократијата", "шарената револуција" и невладините "граѓански" организации се уништуваат и премачкуваат со боите на демоните и "прогресот", до не препознавање.

"И до кога така мои  вистински  Македонци, верни синови на Македонија! Уште колку долго ќе ја гледате така да пропаѓа, нашата Македонија?"

Сотир Гроздановски 

 

 

ДЕЛ ЧЕТВРИ

01 септември, 2016

 ********

Патријаршијата била обновена во Истанбул или во градот на царевите, како често нашите го викале во Македонија. Важно е да споменеме, дека престолнината на Христијанството бил Константинопол, не сум сигурен дали градот од секогаш се викал така, од кога Константин го изградил, али Македонците, колку јас знам секогаш го викале "Цари Град". Ако ја паметиме нашата историја, истиот Константин бил првиот император на Источното Римско Царство кој го признал Христијанството и го прогласил за официјална религија во Источното Римско Царство, исто споменувано и како Византиска Империја. Па да заклучиме, родниот град или престолнината на Христијанството е Цари Град, (Константинопол подоцна преименуван во Истанбул од Отоманите) а не  Рим, како неточно верувааат некој  и денес. 

СОГОВОРНИКОТ - Да , да, тоа го знам, но речете ни нешто повеќе за улогата на црквата во Македонија.

РИСТО - Од како било одлучено да се обнови Патријаршијата во Константинопол, родното место и престолнината на Православието, Отоманските власти им дозволиле на православните христијани да имаат и свој црковен владар, Патријарх, кој би бил избран од  Султанот, но и нему потчинет. Со други зборови, Патријаршијата и Христијанството, заедно со Патријархот би биле  контролирани од Исламот и Султанот, и да би постоеле, морало да се сложуваат со сите услови поставени од нив. Па и ако би биле и спротивни на Христијанските канони и вредности.

И згора на тоа, изборот на Патријархот не би  зависел од  волјата на христијанските црковни достојанственици или неговите заслуги. Што било чудно и невообичаено, Патријаршијата би била ставена на бурза од страна на Султанот и продавана на најдобриот понудувач. На оној, кој давал најмногу пари. Тоа значело, Патријаршијата би била третирана како роба, и имала своја цена на пазарот .. да биде купена или продадена, по вољата на Султанот.

Исто така Епархиите би биле третирани како и Патријаршијата .. како роба на пазар и би биле купувани и продавани за пари. Тоа важело и за нивните поглавари,  владиците. Секој можел да си купи Епархија и да биде Владика. Ова важело и за црквите и поповите. Секој можел да си купи црква и да биде поп. Од како ќе се извршела купопродажбата, Христијанството се третирало како бизнис, фарма или дуќан, каде се продавала верата за пари.

Христијанските православни цркви однадвор  личеле  и функционирале како византинските цркви. Тие се служеле дури и со таканаречениот " грчки јазик" во богослужбите. Би рекол со "така наречениот грчки јазик", бидејќи тој бил јазик на Византиската Црква, нешто како древниот македонски Коине јазик.   Негде во раните 1830 те години, откако Грција за прв пат во нејзината историја постанала држава, за грчкиот народ се користела подруга форма од Коине јазикот.

Ево што  сум напишал  порано за грчкиот јазик:

{Има многу што да се каже за  така наречениот "грчки јазик" од пред 3000 години и неговата еволуција до јазикот кој се зборува денес во Грција. Но, е' ли јазикот кој денес се зборува во Грција навистина "грчки јазик"? - било што тоа и да значи, или мешавина на разни други јазици?

Имам две причини зошто го велам ова баш сега. Едната е да ги потсетам Грците дека и 'ако тие го викаат својот јазик "грчки", тврдејќи дека е тој јазикот на "старите Грци", тој сепак не е. Втората причина  лежи во трикот, дека оваа игра можат да ја играат само двајца. Грците ми велат, дека нема такво нешто како македонски јазик. Тоа што јас го викам македонски јазик, всушност бил мешавина од србски, бугарски, грчки и албански јазик, со уште некои странски зборови, додадени по негде. И дури овие исти Грци тврдат дека немало такво нешто како македонски јазик, во исто време се фалат дека зборувале старогрчки јазик.

Па, ајде да ја испробаме нивната теорија .. подготвени за авантура?

Прво и најважно, јазикот кој денешните Грците го зборуваат не е нивни мајчин  јазик. Кога денешната современа Грција  за прв пат во 1829 година постанала држава, мнозинството од така наречените први Грци зборувале Арванитика , односно албански, влашки, турски, славјански и т н.т. Така наречениот "грчки јазик" кој го зборуваат денес, го научија во училиштата.

Па уште еднаш, така наречениот "грчки јазик" кој денес го зборуваат современите Грци беше јазик, кој го учеа во училиштата. За разлика од грчкиот јазик, македонскиот јазик, викајте го како сакате, е природен јазик кој Македонците го учат од нивните мајки. И затоа се вика мајчин јазик.

Македонскиот е забранет јазик во Грција, па така, Македонците не можеа да го учат  во училиштата. Единствено место каде можеа да го учат беа нивните семејства, од мајките и роднините. Од како Грција нелегално ги присвои македонските територии во 1913 година, Македонците немаа никаков пристап кон Србија, Бугарија или Албанија, па тогаш, како е можно во својот јазик да имаат нешто од нивните јазици?

Сега, ако се вратиме назад во времето, ќе откриеме и тоа, дека македонскиот народ зборуваше македонски јазик дури многу порано од кога на светската сцена се појавија и Србија и Бугарија, па и Албанија. Србскиот, бугарскиот или албанскиот литературен јазик непостоеа како такви, се' до 19от век, кога тие постанаа "национални држави".

Ако современиот грчки јазик е истиот јазик со кои зборуваа древните Грци, тогаш, зошто беше потребно да го "прочистуваат", процес кој заправо беше неуспешен?

Современиот грчки јазик воопшто не е ист со така наречениот "антички грчки јазик", кој го зборувале Атињаните пред нешто повеќе од 2500 години. Па така, денешниот грчки јазик е уште еден "балкански јазик", полн со секојдневни и страни зборови кои грчката држава ги позаимила од Византиската Црква и од други странски јазици, вклучувајќи го и турскиот. Многу современи Грци денес не го знаат ова, а уште помалку за историјата на својот сопствен јазик. Тоа е причината што упорно тврдат, дека тоj е "чист грчки".

Ево неколку зборови од античкиот и некои од современиот грчки јазик :

 

Ипос - алого = коњ

Хигор - неро = вода

Онос - гаидури = магаре

Оикос - спити = kuća

Oдос - дромос = пат

Ихтис - псари = риба

Оинос - краси = вино

Офталмос - мати = око

Ега - Гида = коза

Ерифи - Кацики = јаре

Оис - проватон = овца

Ишоирос - гуруни = свиња, прасе

Кион - скилос = куче

Мис - пондики = глушец

Орнита - кота = кокошка

Оон - авго = јајце

Артос - псоми = леб

Рис - мити = нос

Наус - плион = брод

 

Од овие неколку компаративни зборови би требало на секого да му биде јасно, дека "древниот грчки јазик" и "денешниот грчки јазик" немаат ништо заедничко. Тие не само што не се исти, туку не се ниту слични! Баш во тоа е и причината што грчките власти пробаа да го исчистат својот јазик! Ох да! Има "антички зборови" во современиот грчки јазик како на пример "одос" = пат, но само заради чистењето на јазикот од страната на  "пјуристите"= чистачите од 1776, кое конечно, грчките власти го прекинале во 1974 година.

Втората причина зошто ја споменав недоследноста во така наречениот "грчки јазик" беше заради прашањето на еден мој читател кој сакаше да види повеќе докази за она што го зборувам, ама не од македонски извори, зошто би можеле нашите грчки противници да ги отфрлат како "пропаганда од Скопјаните". Па ево без многу врева и додатни докази за формирањето на грчкиот јазик како искрпен јазик, и тоа не од македонски автори;

1."За почеток на расправиите околу современиот грчки јазик може прецизно да се утврди 1776 година, кога Вулгарис, во предговорот на својата логика тврдел дека некој да би студирал Филозофија, било нужно да го знае древниот грчки јазик, додавајќи, дека 'безвредните мали книги кои промовираат вулгарен јазик требало би да се исфрлат одма од сцената'. Под 'вулгарен јазик' тој мислел на било која варианта на современиот грчки јазик, наспроти древниот грчки јазик". ("Јазикот и националниот идентитет во Грција од 1766 до 1976" од Peter Mackridge, page 83 ).

Е сега, кој бил тој карактер Вулгарис? Ево што вели Петар Макриџ:

"Китромилидес го опишува Вулгарис како 'татко на грчката просветеност' и прв признат лидер на просветеноста во југо-источна Европа. Вулгарис студирал во Падова и бил учител 20 години во Јанина, Кожани, Атронитска Академија и Константинопол." ("Language and National Identity in Greece 1766 - 1976", by Peter Mackridge, page 84).

"Вулгарис и' се претставил 1771 година на руската царица како 'Славо - Бугарин' по потекло, Грк по раѓање и Русин по наклоност. Било очигледно, дека неговата намера била да добие доверба кај царицата со тврдењето дека чим ги сакал нејзините поданици, бил од славјанско потекло; не се знае колку сериозно тој го сватил сето ова, ама по неговиот прекар, изгледа како да има бугарско потекло.

Горното било  дел од еден не публикуван ракопис на Баталден ( 1982: 22 ), кој ја потврдува иронијата, дека Катерина не била Рускиња, туку Германка по род. Благодарен и' сум на Елка Бакалова што ме информира дека 'Слаавјано-Бугарин' значело дека некој се разликувал од "Турчин пра-Бугарин". ( "Language and Identity in Greece 1766 - 1976", by Peter Mackridge, page 85 ).

2. "Народната култура за Кораес не докажувала дека луѓето секогаш тежеле да ги откријат своите древни вредности, туку да откријат докази за своите потенцијали ( и потреби ) за интензивно доосознавање. Затоа можеби, личното искуство  од раното му детство, во кое редица среќни околности му овозможиле да се стекне со некое образование ( Clogg 1976: 121-124 ) го поттикнале неговото размислување, дека Хеленските вредности би можеле да се постигнат, до колку постојат вродени работни навики и добра воља. Затоа  Западна Европа не  била едноставно историска околност земена, во овој случај за пример, туку како факт, дека била складиште на грчката наука за време на вековното владеење на Отоманската Империја - време, кога самите Грци безсрамно се здобиле со "Турска патина", која сега треба по секоја цена да се истружи   и заборави.

Денес Кораес е особено познат  по неговата важна роља во развојот на катаревуза, нео- класична форма  на грчкиот современ јазик кој, на некој чуден начин и во светлото на неговите револуционерни принципи, постана тесно поврзан со политичката десница и странските интереси, кои ги претставува. ( Sotiropoulos 1977 ).

Катаревуза од секогаш била нешто како  културен апел до Западот за признавање. Еден апел, со кој  се докажува дека  денешните обични Грци, без сомнение,  зборувале нивни јазик  и при тоа, не помалку чист од Хеленскиот. Таква чистота, природно, би барала да се исфрлат сите зборови, очигледно од турско потекло. Неодамнешното објаснување на коментаторот за оваа деориентализација на современиот грчки јазик како "корисна " (Babiniotis 1979: 4 ) покажува колку успешен бил Кораес во воспоставување на еден морален кодекс, еднаков за сите идни лингвистички деиности.

Развојот на Катаревуза бил дел од широкиот Кораесов поглед на Хеленската регенерација. Културата имала предност пред физичкото  потекло за одредување на грчкоста во негово време. Образованите луѓе на Балканот себе си се нарекувале Хелени; таквите чувства и сваќања биле вградени и кај румунската принцеза Дора д'Истриа, на пример,  и биле вистински и многу силни. Дури изгледало дека јазикот понекогаш бил скоро како опијум, доволен да ги направи луѓето да веруваат дека, од секогаш биле Грци. Во 1802 свештеникот Даниел од Москополис издал четворојазичен речник, во кој ги потсетувал  "сите кои  зборуваат странски јазик да бидат радосни, зошто тој ги подготвува да постанат Грци"( Спомнат во Clogg 1973: 20 ). Ваквото однесување значајно се променило подоцна, со стварањето на новата грчка држава, кога поголем значај му бил даден на потеклото од древните Грци." ( "Ours Once More Folklore, Ideology, and the making of Modern Greece", by Michael Herzfeld, pages 17 and 18 ).

3. "Богатите Грци, кои повеќето од нив богатството го спечалиле во странство, својот локал патриотизам го манифестирале во потполност на начин, карактеристичен   за Грците. Со  овој начин на солидарност, тие оснивале фондови за училишта, библиотеки и стипендии во своите локални населби. Постоеле и други по практични мотиви, за развој на грчката трговска империја,  креирале и голема потреба за бројни и писмени Грци, со знаење на странски јазици.

Вакви училишта постоеле и за време на отоманското владеење, и ако со подруги карактеристики, како на пример Патријашиска Академија во Константинопол, во која Грците се концентрирале на дозволеното  образование, односно  основно знаење на пишување и читање. Во 18 и раниот 19 век, меѓутоа, голем број на напредни академии биле или основани или обновени. Покрај разни кнежевски академии, на Џеиси и Букурешт, важни училишта биле подигнати на островот Чиос, во Смирна ( Евангелиско училиште 1733, и Филолошка гимназија 1808 ) и Ајвалик.  Во овие напредни училишта се инсистирало на грчката класика, заедно со проба да се воведе основно знаење од математиката и природните науки. Повеќето од учителите студирале во странските  западно европски универзитети, нарочито во Италија, а многу од нивните дипломирани студенти исто така студирале во странство, благодарејќи им на трговците и нивните фондови за образование.

Грчки книги  биле печатени во голем број, во главно во Венеција, во 16 и 17 век. Меѓутоа, во 18 век производството на книги за грчките читатели се зголемило драматично. За време на првите 25 години од векот, само над 100 такви книги биле печатени, а за време на последните 25 години преку 700, а пак нешто повеќе од 1300 наслови биле печатени през првите две  децении од 19 век. Тоа биле мали едиции, и ако по некогаш се печателе и до неколку илјади примероци.Значаен показател на интелектуалната клима во Грција, можеби, по зголемување и на бројот на ваквите  печатени книги, била промената на нивниот содржај.

И се' дури до почетокот на 18 век овие книги биле во голема мера со религиозна содржина, веќе во годините пред 1821 тие постануваат световни, кога броини преводи од западни научници и филозови, вклучувајќи ги Locke, Voltaire, Montesquieu, Beccaria i Rousseau биле печатени. Некои Грци, како на пример Евгениос Вулгарис и самите печателе научни филозофски расправи, па така ги правеле филозофските дела, како на Кант, по пристапни. Но в'сушност, "Новата - Хеленска просветленос" била заправо копија а не оригинал, благодарејќи им на нејзините промотори кои, над се', сакале на своите сонародници да им ги приближат научните достигнувања на западните учени луѓе, филозофи и .... па како резултат на тоа, наскоро   делата на западните учени луѓе почнале и во нивните оригинални изданија да се појавуваат во Грција и тоа, скоро одма по нивното печатење и без превод на грчки јазик.

Вредно е да се спомене и фактот, дека секуларизацијата (преминот од верска во световна состојба) на грчката култура придонелa кон освестување и реоткривање на нивното минато и сваќање дека им припаѓаат на едно славно културно наследство кое било универзално почитувано од образованите средини на западна Европа. За време на поранешните векови интересот за древната Грција бил мал, се до 50 те години пред грчката револуција, кога грчката интелигенција почнала да го изучува класичното грчко минато со посебно внимание и љубов.  Изучувањето на грчкиот јазик во училиштата и академиите добило нов и поважен значај, нови изданија од класиците биле печатени па Грците виделе во воините меѓу Грција и Персија аналогии со нивната сегашна ситуација. Некои Грци почнале да ги крстат своите деца со имиња на антички личноси наместо со имиња на светци од Православната Црква. Ова реоткривање на минатото, кај грчката интелигенција побудило самопочитување и гордост, особина по Бeнџамин од Лезвосовото право во 1820 "дека не се ниту старите, ниту сегашните Грци  предмет на природните закони".

Еден несреќен излез од оваа занесеност со грчкото класично наследство била неслогата околу грчкиот јазик. Некои велат, дека, ако  Грците вистински би требале да постанат наследници на своето големо наследство, тогаш  би требале да го прекинат денешниот негов развој и да се вратат на стариот чист Атички јазик  ослободен од турски, славјански и талијански додавки. Други пак велат дека би требало говорниот демотски јазик да биде темел за пишаниот јазик. Уште некои други пак, имаат свој предлог и велат дека би требало да се исчисти демотскиот без одење во краиности со архаизирање (чистење од застарените зборови). 'Јазичното прашање' сепак останало нерешено и се'    до денешен ден му го попречува патот на грчкиот културен развој.

Важно е да се нагласи, дека интелектуалната елита која го карактеризирала грчкиот свет во седумдесетте или нешто  пред да почне грчката револуција за независност, била малкубројна интелигенција и претежно западњачки образована. Многу, можеби повеќето од нив, живееле надвор од Отоманската Империја. Сето тоа му  прешло преку главите на мнозинството, повеќето неписмен грчки народ, заглавен во учениот свет, главно  Византиски. Само пророштвата, народните песни, прикаските за Александар Велики и популарните романси, како на пример Еротокритос, како со лепило ја држеле заедно народната  култура.

Опсесијата со грчкото древно минато не била широко споделена. Кога некој би го споредил јунаштвото на арамиски водач со она на Ахила, би се прашале 'а кој е тој Ахил'? Пушката Ахилова убива многу луѓе? 

Да би конкурирала на поплавата од атеистички  и други со либерални содржини книги, достапни на грчкото население во Империјата, Патријаршијата во Константинопол 1798 година отворила своја печатницаа и почнала да печати книги со прифатлива содржина за народот и за Црквата, под своја контрола. Ако   голем дел од грчката популација била незаинтересирана и рамнодушна со таквиот восхит,  хиерархијата на Православната Црква им се спротивставувала, сепак, новата интелигенција би станала на страната на грчкиот национален покрет". ( "Куса историја на современа Грција", од Ричард Клог, Второ издание, стр. 36 до 39 ).

4. "Грчкиот јазик бил сврстен, до неодамна, по стандардното двогласие, помеѓу говорниот секојдешен ( Демотик ) и новокомпановиот ново-класичен грчки јазик ( катаревуза ), кој претендирал да се врати назад кон класичниот идиом, но заправо бил поблизук до византискиот грчки, и кој бил претставен за официјален јазик во грчката држава во 1830те и останал легален како таков до 1974". ("Dream Nation", by Stathis Gourgouris, page 89)

 

Продолжува

 

ОД МАКЕДОНСКОТО

НАРОДНО ТВОРЕШТВО 

 

Преданија и легенди

 

КАЛЕТО ИСАР НАД ТЕТОВО

 

Калето Исар е близу над Тетоо и јет вземи пропаднато. Пред да дојдат Турците во Тетоо, калето било згора над земјата и едно тргнале Турците за Тетоо и си пропаднало во земјата, незнам колку адамбој длабоко, со сите убаиње, што имало внатре во калето, со сето безбројно азно, што имало тогај. Пропаднувањето било едно, за да не влезат во него Турците и бидејќи изгинале сите тетоисќи јунаци. Само останале некои плочи големи, осгора на местото, кај што било калето и на плочите имало многу нишани од тогашните јунаци. Имало стапалќи од Марко Кралета во камено, кај што стапил некоаш и му пропаднала ногата сосема ти скорен. И друзи нишани имало. Само една дупка има на местото од калето, што му служи како баџа, за виделина да му одело внатре.

Стари тетовчани прикажуаат, оти калето Исар имало азно небројано; арно ама секој се бојал да влезе внатре, чунќи веруваат, оти имало стопан, што го варди внатре азното.

Пред дваесетина години некој тетовчанец варел ракија. Имало крај него и некој пријатели, што си пијеле од раќијата, што текла од казано. Бидејќи гумно му било на раќијата, еден од гостите се изнапил јако а друзите не биле како него. На тоа згора му текнало на посвесните за да го натераат напијенијо да влези во дупката од калето Исар и да види, што има внатре. Кандисал напијенијо и го врзале со неколку ортоми, та го  пуштиле внатре. Коа слегол внатре и се' видел во едно длабоко место и чудно, веднаш отрезнал и се освестил. Прошетал вамо - тамо низ калето, што да види, брате мило! тије одаи, која од која поубаи по напраата, со тије таќми, кралски работи; миндерите и столојте биле послани со морао кадифе, а во одаите и по чардаците биле послани се'со зелено кадифе. Сето било толку убао, што да ти е грев со рака да фатиш. Шетајќи низ одаите, дошол до една врата голема, железна и ја подтурна со рака; та се отворила; коа погледнал внатре, зрако од очите му се зел од светлината на алт'ните, што имало тамо. Тоа место било, кај што било азното. Ќи знај колку тоари алт'ни имало тамо, со камили да и креваш, не се докренуале.

- Ха, беше си рекол чоекот во себе си, еве сега дури го погодив, ја чекај да влезам внатре и да си наполнам пазуите и џебовите со алт'ни.

Едно слегол во вратата во азното и што да види, братенце мило, наместо алт'ни еден голем смок, завиткан колак, колку едно гумно. Глаата и опашката му биле клаени едно врз друго во среде колако. Одвртел очи смоко како од некој страшен див бијол. Една остра коса имал смоко на глаата, како некоа свинска  кострушина, толку долга му била, што дури по сета снага била растурена. Коа го виде чоекот толку страшен смоко, беше се омајал и се здрви на местото. -

- Туф, бре ѓиди, си рекол сам во себе си, - јас со прво видов овде алт'ни, сега наместо алт'ни гледам страшен смок, каква работа ќе биди ова и јас не знам.

На тоа згора беше почнал нога за нога да се враќа назад и излегол однатре. Штом излегол однатре и пак смоко станал алт'ни. - Е, зар овие алт'ни сет наречени за да не се даваат засега на чоека. Тргнал да си оди и вратата од страв не ја затворил, арно ама сама беше се затворила. Змавнал ортомата, за да го истегнат надвор и откоа излегол надвор, ова нешто го прикажал на својте другари и од збор на збор еве кај се прикажуа од тетовчани и од друзи до ден денеска.

 

ДРЕНОСКИОТ И ПОДЛОШКИОТ МАНАСТИР

 

Кога се праиле тиа два манастира, се ставиле двата стопана и се прашале, еден други: "Како, како, пријателе, му рекол дреноскио, дали го напраи манастирот барем здрав за да траит до век?"- "Ех,го направив со Господ напред, туку за толку здрав и јакне ке го напраив. Ами ти како, пријателе, го напраивте вие барем троа поарен од мојов?"

- Еј море, пријателе, што манастир јас сумти напраил, сам св. Илија да слези и неможи да го турнит.

Зер беше го чул, сполај му на св. Илија, оти се пофалил прааачот на манастирот и за чудење беше, та згрготело еднашка силно, што да можи и беше го удрило ровјата прао преку стреде и од тогај така стоит манастирот расцепен прао преку стреде.

       

Ваш Сотир Гроздановски

01 септември, 2016

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОЛОШКИОТ МАНАСТИР - ТЕТОВО

Kind regards: 01 септември 2016

Sotir Grozdanovski. бр.26