ДЕЛ ТРЕТИ

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

 

ДЕЛ ТРЕТИ

25 август, 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски: Сотир Гроздановски

***************************

ВОВЕД 

Македонската национална мисија во овие разбранети времиња кои ни се закануваат со разнебитување и на ова мало преостанато македонско парче земја, е света. Света е, зошто "се бориме да ги собереме, во една вреќа, сите перја кои еднаш ги разнесол ветерот". ( Сулејман еф. Реџепи, Поглавар на Исламската Верска Заедница во Македонија :  "Тишината e најгласниот звук" ).

Важноста на овие материјали кои ви ги донесуваме секој 7 - 8 дена е затоа голема.  Само со изворни сознанија за нашето минато, од праисторијата до ден денеш, ќе можиме да ги расчистиме загадените патишта што не водат кон вистината за Македонија и нејзиното место во светската историја.   Многу лаги и невистини се истуриле по светските библиотеки и разни "научни" семинари и конгреси. Многу лаги и невистини, но со малку научни  одговори од страна на македонската академска елита.

Не е ли време таа да се исчисти од самата себе си и да се  зафати со попаметни работи од фарбање и уништување  на историските и културните симболи на македонскиот народ? Не е ли време да се престани со  понижување на македонските национални и државни институции и одење на рака на познатите и вистински душмани на нашиот народ? Не е ли време, кога сме веќе дошле до тоа тереџе, да ги примениме вистинските демократски принципи за преземање водство над националните и животните потреби на наородот, а не применување на примитивни, нецивилизирани, и најмалку демократски методи? Има ли сила во Македонија да се справи со уличните хулигани и надворешните платеници, но и со национално се' уште неосвестените  членови на македонската академска колонија, кои од внатре на образовниот систем на Република Македонија го трујат цветот на нашата иднина : - нашата младина?

Верувам дека има!  Има: македонскиот народ. Има уште многу кои си ја сакаат својата држава, своите институци, без кои нема стабилност, и на крајот, самите себе си! Има сила, ама ни треба внатрешно национално единство, кога се работи за иднината на сите нас, било во која партија да припаѓаме, било и каде да сме.

Само народот е тој кои можи да одлучи и да пресече и без уништување сами себе си. Само народот можи да ги истреби провокаторите на братоубиството и водителите кон уривање на сето она што го створиле нашите претци заедно со нас, нивните наследници. Само народот, расподелен по стотина мали партиички кои ги сокриваат и чесните и не чесните синови и ќерки на оваа иста македонска земја. Само народот и никој други......

Ни треба ли "демократија" која се бори против ДЕМОКРАТИЈАТА И ВОЛЈАТА НА МНОЗИНСКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД?  НЕ!  АПСОЛУТНО, НЕ!

Ако  фигури како Заев, Шеќеринска, Шелегов, професорот Калајџиев, професорката Најчевска, "другарката" Стеријовска и уште некои поистакнати мајмуни од планетата на мајмуните мислат подруго, ги лажат истите како себе, но најповеќе самите себе си.

A сега, поврзано со горе реченота, ајде да видиме за што разговаравме во минатиот број од АНАЛИЗИТЕ и да одиме понатака, до третиот дел.

Во вториот дел од "Анализите на историските настани во егејскиот дел на Македонија" зборувавме за креирањето на балканските национални држави: Грција, Бугарија и Србија, за ревидирањето на Историјата да би го прилагодиле минатото на сегашноста, за пишувањето на историите на овие балкански државички пред нивното креирање од делови на  Отоманското царство, неистините за славјанските миграции на балканските простори и "истребувањето" на древните Македонци, но и за причините кои ги поттикнаа меѓусоседскитe нетрпеливости, специјално помеѓу Грција и Македонија, те Македонија и Бугарија.

Покрај сето тоа од погоре, беше збор и за проблемите со власта на Отоманската Империја заради непризнавањето на македонскиот јазик, како и проблемите со амандманите  на македонската привремена влада со кои, покрај другото, се зборува за политичките и верските слободи на македонскиот народ.

Едни од поважните прашања кои ги расправавме во минатиот број се и присвојувањето на најистакнатите македонски војни, политички и верскокултурни деици, како на пр. Александар Македонски, Св. браќа Кирил и Методиј (од Бугарите) и т.н.т. Но сепак, најважното прашање беше одобрувањето на Манифестот и запознавање на сите дипломатски претставници во Империјата, со неговата содржина.

Затоа овој дел, трет по ред, го започнуваме со крајот на вториот дел и ви посакуваме добро читање и размислување за настаните кои поминаа и оние, кои не чекаат во понатамошната борба за конечно ослободување на македонскиот народ од неправдите на грчката и бугарската држава. Ослободување од двата не цивилизирана и алчна соседа, но и од разни домашни предавници,  невладини организации и шарени револуции, сите вработени и до гуша извалкани од истите поранешни креатори на денешните балкански државички,  денес закарани што не можи повеќе да биде и во секој миг готови да се  удават, во својата сопствена крв. Да се ослободиме и да не дозволиме распарчување и на ова, последно свето македонско место, со нивна помош.

Сотир Гроздановски

 

ДЕЛ ТРЕТ

25 август, 2016

++++++

 

"Македонци, верни синови на Македонија! Уште колку долго  мирно ќе гледаме како се распаѓа нашата татковина"?

Македонија ве вика и ви испраќа порака: "Вие, мои верни чеда, наследници на Аристотел и Александар III Македонски, вие што крварите со македонска крв, не дозволете ми да умрам, помогнете ми! Каква тажна гледка ќе  биде за вас, мои вистински Македонци, ако постанете сведоци на мојот покој. Направете се' што можете, дигнете го моето знаме високо и извикнете гласно 'ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА'! Бидете храбри, мои чеда од разните етнички групи и исфрлете ги надвор убијците кои во своите погани раце го држат знамето на неединството и ве делат.

Обединете  се под знамето на Македонија, подигнете го високо и напишете на него, сите заедно: Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија! Нека го слушнат гласот на татковината; За Слобода, најдрагоцено наследство на нациите. Изречете ги овие зборови од името на слободољубивиот народ, кои ќе ви ракоплеска. Разбудете ги нивните господски срца да побрзаат и да ви помогнат во вашата света борба за Слобода, која беше отсатна од нашата мила татковина многу векови. Македонци, секогаш мислете на нашето потекло и не се предавајте". (Ванче Стојчев, "Воена историја на македонија". Војна Академија. Скопје, 2004. стр.253).

Манифестот бил потписан од Претседателот  Васил Симон, Секретарот Никола Трајков и три други членови на привремената влада на Македонија, Петро Јованов, Коста Буфски и Христе Горгов. Потписите биле потврдени со два владини печати и на 11 април, 1881 година, Манифестот бил испратен во Ќустендил, каде бил направен превод на Француски и Руски и испратен до повеќе дипломатски претставништва во Константинопол.

За време на работата на привремената влада на Македонија во Гремен, друга македонска организација била формирана во источна Македонија, со името Македонска Лига. Нејзината задача била да ги обедини сите иселени Македонци по соседските земји, нарочито најголемата група во Бугарија. После формирањето на Македонската Лига и утврдувањето на нејзиното седиште во Пиринска Македонија, Лигата го иницирала пишувањето на Уставот, со кој ги одредиле насоките и структурата на идната власт во Македонија. Уставот бил поделен на 15 поглавја и 103 членови. Првото поглавје му било посветено на македонската територија во составот на Отоманската Империја и нејзините граници, која се состоела од Солун, Битола и Скопје Санџак - Вилаети, територија, која токму  се  поклопувала со историската географска територија, на Македонија.

Уставот, покрај другото, ги идентификувал етничките групи кои живееле во Македонија. Покрај нив, тој ги утврдувал разните министерства нужни за раководење со администрацијата, поделбата на власта во извршните тела на Владата и регулирање на безбедноста, вклучувајќи ја Армијата и Полицијата.

Структурата на македонската власт била организирана врз добивање на широка автономија во границите на Отоманската Империја. Подготвувајќи го Уставот, Македонците сметаа на автономна Македонија базирана врз членот 23 од Одлуката на Берлинскиот Конгрес, нагласувајќи го исклучиво македонскиот национален идентитет, одвоен од идентитетите на другите балкански држави.

Членот 99 одредувал користење на војна сила од страна на македонската ослободителна армија, во случај властите на Империјата или европските големи сили не се сложувале со барањето на  автономна македонска држава во границите на Империјата.

На работи во надлежност на македонската Армија, Начелникот на генерал штабот одговорен за пишување на делот на Уставот за безбедноста додал одвоено поглавје со кое се регулирало функционирањето на Армијата. Ова поглавје, кое се викало Војни инструкции се состоело од 246 членови, поделено на два дела. Првиот дел ги регулирал структурата и организацијата на македонската Армија, а вториот дел, пак, тактиката потребна во случај ослободувањето на Македонија да постане нужно. Вториот дел бил вграден за во случај ако Отоманската власт или големите европски сили одбијат формирање автономна македонска држава,  македонскиот народ својата автономија да си ја избори, со својата македонска Армија.

Уставот создаден од македонската Лига, како придонес во создавањето на македонската Власт и воиничката организација бил доста прецизен и сестран правен документ, особено делот кои се односел на македонската Армија. За повеќе информации  треба да се погледне Поглавијето 14 од книгата на Ванче Стојчев, "Војната историја на Македонија".

После организирањето на генерал штабот, македонската Лига започнала да испраќа разни извештаи. На 23 јуни, 1880 испратила писмо со копија од македонскиот Устав до шест министри на големите сили при Европската Комисија, барајќи нивно одобрување. Неочекувајќи одговор, генерал штабот отидол и подалеку. Креирал Манифест повикувајќи го македонскиот народ да организира заедничко народно востание. Меѓу потписниците на Манифестот биле Иљо Малешевски, Васил Дијамандиев и осум други водачи.

Меѓу другите работи, Манифестот го истакнувал и следното : "Членот 23 од Берлинската Одлука беше последната надеж за нашата Слобода и таа надеж сега е загубена. Време е за нас  да си ја земеме судбината во свои раце и со востание, да  си ги решиме  вековните сметки со нашите поробувачи. Ве повикуваме сите, обединети под македонското знаме во борба за слобода и независност. Само обединети  ќе бидеме посилни, за да си ја повратиме својата татковина, за себе".

Mанифестот исто така го опоменувал македонскиот народ да биде предпазлив на присуството од опортунисти во своите редови, кои работаат секогаш за туѓи интереси и накани.

Манифестот завршувал со слоганот "СМРТ ИЛИ СЛОБОДА" и "ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!"

И покрај што Манифестот бил испратен на далеку и на широко и повикот на востание бил гласен и јасен, народот неможел да се одлучи, зошто власта на Отоманите сознала за македонските подготовки и преземала мерки за жесток одговор.( Ристо Стефов, "Македонската борба за Независност").

Како е видливо од горниот Манифест, македонскиот народ во 1880 те години точно знаел кој е и што сака. Дури и многу пред да има своја држава. Меѓутоа, гвропските големи сили изгледа не сакале тој да има  држава, се', дури во 1944 година самиот не си ја створил својата Република Македонија.

Македонскиот народ во раните 1800 те години имал голема надеж, дека откако Србија и Грција се ослободиле од Отоманите, ќе му помогнат во неговата борба и тој да се ослободи. Многу Македонци зеле учество во борбата за нивно ослободување. И на грчка и на српска страна, надевајќи се, дека и тие ќе го сторат истото, кога ќе дојди нивното време. Македонците зеле активно учество и во Руско - Отоманската војна од 1875 година со цел заедно да ги истераат Отоманите надвор од Бугарија и Македонија, меѓутоа, западните европски големи сили интервенирале и кога и' дале автономија на Бугарија и скоро независност, Македонија била вратена назад под власта на Турците, а подоцна дури и распарчена помеѓу Грција, Србија и Бугарија.

Баш откако на Бугарија и' беше дадена автономија, македонскиот народ увидел дека нема што добро да очекува од соседите, па се одлучил сам да си ја земе судбината во своите раце и да се подготви за востание на своја рака. Првиот чекор бил формирање на национална револуционерна организација.

На 23 октомври, 1893 година во Солун двајца учители, Дамјан Груев и Антон Димитров заедно со Петар Поп Арсов, поранешен едитор на весникот ЛОЗА и Христо Татарчев, доктор, се сретнале на неформален состанок во  книжарата на  Иван Николов, сместена во неговата куќа. Се состанале да се поразговараат за лошата состојба на македонскиот народ и што може дасе  направи.

Наскоро бил формиран комитет во кој повеќе Македонци зеле учество, па така, на 9ти февруари, 1894 година се одржал и вториот состанок, од кои се родила организацијата под името : ВМРО или Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.

 

Гоце Делчев
1872 - 1903

Придружувајќи им се на масовните народни собири, Гоце Делчев, човекот од визија и наречен татко   и душа на востанието, бил избран да ја води македонската ослободителна револуција.

Веќе во 1896 година ВМРО било толку моќно, да делувал како држава во држава, одземајќи некои административни  овласти од Отоманите, предводејќи разни боикоти против властите и дури обезбедувајќи заштита на селските македонски подрачја од насилствата и пропагандите на грчките и бугарските банди.

Со текот на времето, ВМРО било кадро да навлегува и во економските, образовните, па дури и правните сектори на Отоманската држава.

ВМРО демонстрирало способности да ја организира  македонската територија во седум револуционерни региони : Солунски, Серски, Струмички, Штипски, Скопски, Битолски и Едренски (Дарданелски). Но тој покажал и некои слабости. Имајќи ги за сојузници сиромашните селани, бидејќи големите европски сили не покажале интерес да му помогнат на македонскиот народ во нивните основни животни потреби, ВМРО ги исцрпило своите можности и завлегло во финансиски потешкотии.

Немајќи доста пари за купување оружје, водството дошло до закључок, дека  востанието ќе биде долготрајно и исцрпувачко.

Делчев знаел што ќе се случи, ама прерано бил ликвидиран од Турците, на 4 ма,ј 1903 година во Баница, пред да успее да ги реализира своите планови. Во одсуство на Гоце Делчев, Даме Груев го презел водството во организирањето и подготовките за почетокот на Востанието.

Кога времето дошло и плановите биле готови, воините стратегии подготвени, оружје, медицински, прехрамбени и други потребштини почнале да се складиштат. Четите биле организирани и се започнало со нивното извежбување, во воините вештини.

На 26 јули, 1903 година од македонскиот генерал штаб  големите европски сили, преку англискиот помочник на конзулот во Битола, биле информирани дека востанието започнува. Па така, на 28 јули, 1903 година ВМРО преку курири на конји, испратил пораки до сите под региони вест со порака: "НЕКА ВОСТАНИЕТО ПОЧНЕ".

Истиот ден, македонскиот револуционерен генерал штаб го информирал и Отоманскиот директор на железниците за настаните кои се во тек, како би пронашол други патни средства за патниците и така спречил непотребни жртви.

Следејќи ги наредбите на Даме Груев од Смилево, селските борбени чети на заедничката востаничка сила на Македонците изгледала вака: Смилево и Ѓавато 650, Крушевската околија 400, Кичевската 350, Битолската 250 Охридската 880, Ресенската 450, Демир-Хисарската 420, Преспанската 300, Костурската 700 и Леринската 450 . Вкупно 4850 вооружени борци.

Четите под команда на способните војводи, како Даме Груев, Васил Чакаларов, Петар Поп Арсов, Питу Гули и други, добро се покажале во првите неколку недели пред Турците да донесат, на терен, маса свои  свежи вооружени и истренирани воиници. Во овие почетни настани се вклучиле и локалните селани, давајќи им на востаниците морална и друга подршка. Дури и многу луѓе од подалечните места, во кои се' уште немало воени деиствија, им се придружиле, заедно да им се спротивстават на многубројните турски воиници.

Се' на се', македонските востаници имале добра воља и храброст, но немале доста пушки и куршуми за сите Турци, кои ги опколувале од сите страни.

Со ширењето на битките низ западна Македонија, востаничките чети исврлувале од строј се' повеќе турски гарнизони. Уништувале мостови, железнички пруги и комуникациски центри, заробиле многу отомански поседи (чифлиsи) и за кратко, ослободиле некои реони околу Кичево, Демир-Хисар, Костур, Лерин, Клисура и Невеска.

Самите градови Костур и Лерин, не биле ослободени. Најуспешни биле битките за Крушево, под водство на Никола Карев. Под налетот на неговите чети, набрзо бил ликвидиран тамошниот турски гарнизон. Македонците брзу ги зазеле важните центри како на пр. поштата, градската општина и локалната полициска станица и така го прогласиле Крушево, за слободен град.

Верни на своите демократски уверувања, лидерите на ослободителните сили го конституирале Крушевското Собрание со шеесет делегирани претставници, по дваесет од секоја етничка комуна: Македонската, Влашката и Албанската народност. Со  Крушевскиот Манифест биле  признати сите етнички малцинства за еднакви партнери во борбата, а Крушево го прогласиле за повеќенационален македонски град.

Собранието избрало Извршен одбор од шест делегати, по два од секоја национална средина, кој ја  претставувал привремената власт. Власта избрала финациска, судска и полицисла заштита на граѓаните.

{ "Во Крушево под зраците на привремената слобода, братството и еднаквоста, националната омраза нестана, мирот и хармониата се вратија. През единаесет цели денови, Крушево живееше како права самостојна држава и ако мала, натопена со крв и покриена со човечко месо, таа идеа  ги покрена Македонците да се борат против тиранијата, се' до Илинденското востание" } ( Стр.193, Васил Богов, Македонско откритие, Историски документи . Модерна Политичка Идеологија).

"Крушевската Република", за несреќа, траеше само две недели али беше славна Република, која секогаш ќе ги потсетува Македонците на вечната борба за независност и жед за Слобода. Ослободувањето на Крушево кај младите македонски генерации  во наследство остави траен печат и сеќавање на неповратниот 'од кон   самоопределувањето.

Почетните успеси на побуната биле изненадувачки за отоманите, специјално затоа, што нивните воени сили биле супериорни и премногу броини од македонските. Македонските чети, меѓутоа, биле флексибилни и многу по подвижни во борбените акции и им биле рамноправни на Турците со нивната воља за борба. Отоманите, за несреќа, оделе во војна за да го задушат востанието и ништо повеќе. И затоа ставиле на располагање 167,000 пешадија, 3,700 коњица и 440  артилериски парчиња оружје. ( сите топови ).

Само Крушево било опколено со 20,000 турски војници со 18 топови против не повеќе од 1,200 опколени востаници. Битката да го преземат Крушево почнала на 12 август со викотниците на Македонците, "Слобода или Смрт" (liberty or death ) против убиствената Отоманска топовска грмотина. Питу Гули и неговите борци се бореле со достинство и храброст. Им нанеле одлучен отпор на Отоманското напредување, но не му биле рамни на Генерал Бахтиар Паша. Бахтиар бил искусен војни ветеран, кој го покрил целиот терен со топовска паљба и така ги надвладеал македонските малубројни чети и тоа неспоредиво послабо вооружени. Крајот бил опклоен со Отомански војници и топовите го покривале со оган секое востаничко засолниште и секој борбен положај, без икаков отвор за излез или добивање било каква помош од надвор.

Чим паднало Крушево, еден по еден ВМРО вски положај се предавал и така малку по малку, десет неделното востание се згаснало. После овој турски масакар, Бахтиар Паша дозволил убиства, плачкосување и силовање во Крушево цели три дена.Градот бил потполно уништен со 117 граѓани убиени, 150 жени силовани и 159 куќи изгоерени до темел.

За време на Илинденското востание, спрема Мајкал Радин, 4,694 граѓани биле убиени, 3,122 жени силовани, 12,440 куќи изгорени, 201 село испустени, 75,835 луѓе останале без кров над главите и околу 30,000 ја напуштиле земјата за секогаш, како бегалци. ( Стр.105, "ВМРО и Македонското прашање" ).

Покрај злосторствата причинети врз обичните граѓани на Македонија, најголем губиток се почувствувал со нестанокот на голем број изврсни водачи на ВМРО.

За време на 1903 година, Крсте Петков Мисирков од Пела, еден од најпознатите имиња во историјата на македонската култура и оснивач на македонскиот литературен јазик и на ортографијата, ја издал својата книга "За македонските работи", во која ги зацртал принципите за стандардизација на македонскиот литературен јазик.

Во 1908 година во Македонија одново се родила надежта за некоја поарна иднина, со почетокот на Младотурската Револуција. Младотурското движење било водено од Младотурскиот Комитет, кој имал за цел да го реформира остатокот од Отоманската Империја, со политички и социјални реформи во Македонија. Многу Македонци, вклучувајќи го и Јане Сандански ги подржавале младотурските идеали. Македонската револуционерна организација, преку Јане Сандански и ново формираната Национална Федерална Партија, зела активно учество во младотурското движење со цел, да ја остварат автономијата за Македонија. 

Но за несреќа, движењето било неуспешно и така се отворил патот за распарчување Македонија, меѓу соседните балкански држави.

Во врска со примената на реформите во Отоманската Империја, имало многу надворешни притисоци, па и од Русија. Се работело за реформи во полето на религијата за Христијаните. Па, како православна земја и самата, Русија презела одговорност за Христијаните на Балканот и за нивните слободи.

Како муслиманска Империја, пред младотурското револуционерно движење, отоманската власт не дозволувала никакво друго политичко или етничко организирање на својата територија, освен религиско. Тоа било според муслиманскиот закон. Едино што власта признавала, била религијата. Спрема верувањата на отоманите, Коранот содржел се' што народот требал во животот. Ако си бил граѓанин на Империјата и Муслиман, должен си да го почитуваш законот на Исламот, а тоа бил  Коранот. Меѓутоа, ако си бол граѓанин на Империјата но ниси муслиман, тогаш си должен да го почитуваш законот на твојата вера.

Голем број Христијани кои живееле на територијата на Отоманската Империја создале потреба за некое тело кое би се грижело за нив. Па така, ја обновиле Патријаршијата, која впрочем, со векови била тука и ги задоволувала верските потреби на Христијаните.

 

Продолжува

 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Кочо Солев Рацин
1908 - 1943

 

КОЧО СОЛЕВ РАЦИН

Кочо Солев Рацин е еден од нај истакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и во општо. Најпознат е по својата збирка "Бели Мугри", поради која се смета за основоположник на современата македонска литература, но Рацин беше многу повеќе од само наш најдобар поет помеѓу двете светски војни - неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент не соодветува на реалноста.

Покрај тоа што се занимаваше со поезија, Рацин има напишано и прозни и теоретски трудови. Неговите написи за Богомилите, за Хегел и за Феминизмот претставуаваат ремек дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена. Тој целосно беше над карактеристичниот "комунистички стил на теоритизирање" препознатлив преку тирадите со безбројни етикетирања и апотези на лидерите, нешто што во Македонија и многу подоцна беше вистинска реткост. Во иста насока е и следниов став на Блаже Конески: "Во Рацин имаме нај издигнат народен интелектуалец од неговото време, нај културен наш човек. Тоа што го рекол и како кажал Рацин за Богомилите не можеше да го постигне тогаш ни еден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник - грнчар со упорно само образование се издигна така високо".

 

СЕЛСКА МАКА

Покрај ниви, покрај лаки,

покрај снискине брегови,

вода тече - вода влече,

селски солзи, селски маки

селски таги и јадови.

 

Извор вода извираше

плодно поле наливаше -

плодно поле род народи.

 

Ноќе чума ли одеше

плод од поле ли береше -

амбар селски пуст остана!

 

Сонце светло ми светеше

гора ми се зеленеше -

в гора пиле песна пее.

 

Камен ли му в гради легна

стија ли го в коси стегна -

срце селско - векот тажно!

 

Кој ја сипе, кој ја роси

таја слана што покоси

по нивјето пшениците

по лозјето гроздовите?

Та се житце не зелени

та се грозје не румени,

та од пуста селакса мака

аир нема дур до века?

 

 

Ваш Сотир Гроздановски  

25 август 2016

 

 

 

 

Kind regards : 25 август 2016

Sotir Grozdanovski. бр.24