ДЕЛ ВТОР
17 август, 2016

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

 

 

ДЕЛ ВТОР

17 август, 2016

Пишува : Ристо Стефов,

Превел на македонски : Сотир Гроздановски

+++++++++++++++++++

 

ВОВЕД 

Во првиот дел од кусата серија на "Анализите за историските настани во егејскиот дел на Македонија" зборувавме за периодот од праисторијата, па преку појавата на Национализмот за времето на Отоманската Империја и нејзиното распаѓање, до стварањето на националните балкански државички и за прв пат нивното заградување со физички граници меѓу нив, како некој "дар" од западноевропските големи сили, а кои од 4 до 19 век не постоеле на овие простори.

Со ваквата новостворена положба на Балканот, намерно се комплицирала и положбата на македонскиот народ. Од разни политички причини и посебни интереси на западноевропските големи сили и Русија, како втора по големина европска и славјанска сила, територијата на македонската земја била предодредена за поделба помеѓу, веќе створените балкански национални државички : Србија, Бугарија и Грција.

Причината за една ваква нечесна политичка игра, меѓу актерите во растурањето на Отоманската Империја и нејзината замена со мали национални и славјанско нехомогени државички, се криела во плановите за стварање етничка бариера помеѓу Западот и Истокот и чување на Медитеранот надвор од влијанието на Русите, како претенденти на се' славјанското единство, под  нивна доминација.

Проектот на Западните европски големи сили успеал делумно, со вештачко зголемување на грчката територија на штета на Македонија и на македонскиот народ и со тоа, стварање силна опозиција на руските накани да ја делат доминацијата над Медитеранот, заедно со западните "партнери".

Да би до крај успеала оваа игра со помош на зголемувањето на грчката поранешна минорна територијална големина на сметка на Македонија, потребни биле постојани усилби за да се докажи оправданоста на направените потези во полза на новокомпоновата грчка "Франкенштајнска", до тогаш непостоечка држава Грција: потполно бришење на Македонија и на Македонците од списокот на народите во светот.

Се започнало со слоганите : "Древните Македонци се Грци", "Македонија е грчка" и "Македонија не постој", што е своја врсна и ноторна лага, без историска поткрепа. Обична кривотворина, за што историските факти докажуваат спротивно.

Затоа, вториот дел го започнуваме од таму, каде застанавме со првиот.

 Сотир Гроздановски

 

ДЕЛ ВТОР

17 август, 2016

Продолжувајќи го разговорот со својот соговорник, господинот Ристо Стефов понатака вели :

Али што ќе правиме со живите Македонци, кои знаеле кои биле и  сакаат да си останат Македонци? Или, како ќе го објасниме постоењето на славјанскиот јазик кои тие го зборувале?

Благодарејќи му на "генијалноста и изврсноста" на западниот ум, македонскиот проблем за Грција бил решен со неколку ревизии на Историјата.

ПРВАТА РЕВИЗИЈА на историските факти била "Славјанската миграција".

Историскиот  модел од 19 век не учи, дека броини  племиња навалиле на Балканот,  меѓу нив  и "славјански", кои се населиле во Македонија и така ги "истребиле" сите древни Македонци. Па, спрема  толкувања на настаните, денешните Македонци се нивни наследници. Славјани!

No, дури и да се случиле такви миграции, Славјаните во тие времиња не биле воинствени, туку безопасни земјоделци во потрага на земја која би ја обработувале и имале плодови за своите семеиства. 

Спрема историските податоци, Славјаните не биле освајачи или арамии. Биле сретни да  се населат и  во шумско - мочварни подрачја, па дури и на подрачја не баш најдобри за земјоделство. Славјаните, чија преокупација била земјоделството, не ги напуштале своите населени места и краеви така лесно, освен во извонредно неповолни и опасни ситуации. Не постоеле доволно оправдани причини  за напуштање на  вековните огништа и преминување на опасниот Дунав, освен, ако некој ги истерал со сила. 

Славјаните не го преминувале силниот и стравотен Дунав без некои големи потреби, предизвикани од некои, на пример  агресивни варварски племиња. Затоа, надоваѓањето   на Готите, Хуните, Аварите и т.н.т., ги присилиле домородните славјаноговорни племиња да побегнат на Југ и да побараат сигурно засолниште. Огромен број славјански  емигранти забележани од историјата, заправо биле вистински бран на бегалци од подрачјата на реката Дунав. Дел од археолошките наоди на нивните населби, кој ги извршил професорот Курта  (Curta), се доказ,  кои ги потврдуваат моите тези.

"Има доста податоци кои ни дозволуваат да се тргниме од мигрантскиот модел кој доминираше над Славјанската археологија. Тоа    е потребно пред се'  затоа, што достапните податоци било за кој  и да е сегашен модел, не одговараат за изучување на праисториската емиграција. Постана се' поочигледно, дека помасивни мигрантски појави изведени низ разни еколошки или културолошки граници би требале пообемно планирање од страна на емигрантите и несомнено би оставиле поголеми и забележителни архелошки белези. Понатака, архелошките податоци не се поклопуваат со било којa подолгa миграторска појава".( Page 307, Florina Curta, The Making of the Slav's History and Archeology of the Lower Danube Region c. 500-700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001).

Па така, ако Славјаните не биле со ништо поттикнати да емигрираат, спрема истражувањата на професорот Курта, тогаш што ги мотивирало да ги напуштат своите вековни огништа и да тргнат во непотребни и опасни пустоловини на југ, кон Балканот. Да барааат преку лебот погача? Малку вероватно!

Најлогично и највероватно објаснување би било, земајќи ги во предвид тогашните политички околности, дека Славјаните биле воени бегалци, приморани да бегаат пред поагресивните Готи, Хуни и Авари.

Но постоеле и други научници и историчари, вклучувајќи го и германскиот истакнат историчар   Фолмераер (Falmerayer) кои верувале  дека на Славјаните Номади, кои се селеле  од место до место не им било дозволено да се населуваат во Македонија, па биле  терани од Византиската армија на југ и запад. Ова може да се објасни и со фактот, дека, само во еден случај северно од Скопје и нигде повеќе во Македонија не е најдено ниту едно гробно место, но,  најдени се многу на запад и југ, од географските граници на Македонија. Исто така постојат непотврдени  мислења, дека оригиналните Славјани кои успеале да се пробијат од северот на дунавскиот базен не зборувале "славјански јазик", и ако некои мислат подруго. Тие го научиле тој јазик од староседелците, на јужното дунавско подрачје.

ВТОРАТА РЕВИЗИЈА е поврзана со креирањето на бугарската "национална држава". Креирањето на Бугарија исто така било подруго условувано од креирањето на Грција и Србија: - Неовозможување на секакво преобединување во поголема држава.

А што со Македонија? За неа било предодредено да нестане од светската сцена потполно и за секогаш.

Ако Македонците биле Славјани, спрема ревидираниот историски модел, тогаш тие, во некоја идна прилика, би можеле да креираат славјанска држава само за себе или да се обединат со некоја друга славјанска држава. Но ако пак би ги елиминирале потполно, тогаш тие би нестанале за секогаш, како закана.

Па така, во однос на Македонија и нејзиното древно наследство се одлучило да се постапува подруго: се' што не е грчко, да биде бугарско и обратно, што не било бугарско, да биде  грчко. Се' што било античко или древно македонско до 6 век н.е. пред т.н. славјанска инвазија, било грчко и све македонско после 6  до 19век било приписано на Бугарија.

Креирањето на Бугарија во 19 век било "одговор" со кое би се покривале сите прашања поврзани со постоењето на било што со Mакедонците надвор од "хеленскиот модел".

Исто така, да би се дало право на Бугарите да формираат "национална држава", бил услов да немаат име поврзано со  другите балкански  држави. Односно не балканско име и не балкански идентитет. Името Бугарија било изведено од реката Волга, лоцирана во денешна Русија. Тоа е областа, од каде дошле Бугарите. Ние учевме, исто така, дека оригиналните Бугари, претците на денешните Бугари биле турски Татари кои го окупирале северниот дел од денешна Бугарија и таму се настаниле, но со тек на времето, биле асимилирани од славјанските племиња, кои живееле таму.

Спрема ревидираниот историски модел од 19 век, Бугарите не биле прави Славјани или чисти турски Татари, туку измешани од двете компоненти, таман, да прават различна форма  од балканските Славјани. Но пошто Бугарите биле дел Славјани, тие би по таа основа би можеле да присвојат дел од македонското наследство од после 6 век. Ама пак со дел турски Татари кои дошле на Балканот околу истото време со Славјаните или можеби подоцна, Бугарите ништо не би можеле да присвојуваат  од древното македонско наследство или било што, што било македонско од пред 6 век од н.е.

Веќе појаснав дека пред креирањето на "националните држави" на Балканот, како резултат на  Отоманската Империја во распаѓање, народите кои живееле заедно во таа голема Империја имале заедничко минато, заедничка историја. Но после од како овие квази државички биле креирани, нови истории биле напишани за нив, како некој темел за градење понатака. За секоја државичка бил креиран и посебен мит, со кои се прокламирала и еднонационалност и хомогеност. Нација  од еден народ, бо која немало место за разноврсност.

Грција, за пример, прокламира еднонационалност. Грчка и ништо друго, игнорирајќи го фактот, при тоа, што пред 19 век, грчки идентитет воопшто и непостоел. Народот од кои била формирана новата држава го чинеле  Албанци, Македонци, Власи, Турци, Роми и уште неколку други помали малцински групи, сите со свои сопствени идентитети.

Заблудите или непознавање на историските факти не се среќаваат само кај Грците. Тие се појавуваат со ист интензитет и кај Бугарите и кај Албанците и кај Србите и тоа преставува свое врсна трагедија за добрососедските односи на Балканот, но и за меѓучовечките, на лична разина. Што била и целта на нивните креатори.

Грците, Бугарите и Албанците на пример, сите полагаат право на Александар III Македонски и сите од ред велат тој е наш, што во времето негово такво нешто не постоело. Можеби затоа, што тие во тоа време непостоеа во форма која ја добија од западноевропските големи сили. Што тие сите од ред, изгледа, не ги знаат причините за тој "феномен". И тоа е во некој смисол во ред. Но затоа пак не е во ред тоа, што го присвојуваат и инсистираат дека тој бил само Грк, Албанец, Бугарин или Србин, и ако во многу помала мера како Србин.

Александар бил крал на сите народи кои живееле на Балканот во негово време, што го прави  далечен предок и на денешните  Грци, Бугари и Албанци. Александар бил наш заеднички крал, но во исто време тој се идентификувал со македонскиот народ, што го прави Македонец. Тој може бил крал на сите, ама Александар бил само Македонец.

Исто така денес имаме Грци кои тврдат дека "Славјаните" (Македонците) им ја "краделе" грчката Историја ... дека "Славјаните" им го присвојувале "нивниот" Александар Велики ... имаме и Бугари кои се жалат од истите причини. Имаме Бугари кој ги присвојуваат Македонските Солунчани, браќата Кирил и Методиј велејќи дека тие биле Бугари, ама "Југословените" ( Македонците од Република Македонија ) им ги крадат.

Овие Грци и Бугари, за жал, забораваат или намерно незнаат, дека тие историски личности постоеле пред него нивните "национални државички" биле креирани од ништо и дека Александар и светите Кирил и Методиј им припаѓаат на сите наследници на балканските народи, кои некогаш биле нивни поданици или ученици и живееле заедно во неговата македонска држава. Тие не се само Грци или Бугари.

Светите Кирил и Методиј им дале придонес на сите Славјаноговорни европски народи во нивниот образовен и културен развој, но сепак, не треба да се заборава дека тие биле од Солун, македонски град и дека биле Македонци.

Па, како е можно, тогаш, Македонците да крадат нешто што е итекако заедничко на сите, вклучувајќи ги и Македонците ?

Ево вам и еден очигледен и едноставен пример. Кога би тврдел дека мојот пра или прапра дедо бил мој и само мој, сигурно би грешел. Тој не е мој и само мој, туку на сите нас кои потекнуваме од него, до денес. И тоа е вистината. Се' друго би било лага и не чесно да се спомене, а камо ли да се рече јавно како некоја "вистина". За едино нешто можам да тврдам дека е мое и само мое: - што сум го створил после моето раѓање.

Ние сите мораме да го прифатиме фактот, дека пред да се креираат балканските национални државички, балканската историја била заедничка за сите народи и им припаѓала на сите во безграничниот Балкан, еднакво. Ово е начинот, како би требало да ја сватиме историјата во 19век.

Ако сакаме да бидеме чесни во овие настани, треба да го прифатиме фактот, дека балканските народи пред формирањето на нивните национални државички, во 19 век, имаа заедничка Историја и никој не би требало, но и нема право да присвојува ексклузивно за себе настани или личности, а на штета на  другите.

Ние исто така мораме да го прифатиме фактот, дека балканската територија им припаѓа на сите народи на Балканот подеднакво. Имаме, на несреќа, случаеви и на илјади примери, Македонците да се на недоличен и не човечки начин исфрлани од своите домови и населби, брутално ликвидирани и иселувани само затоа што сакаа да бидат тоа што од секогаш биле : Македонци. Да бидат Македонци, а не Грци, Бугари, Срби или во последно време дури и Албанци.

На прашањето : кој има право на "древното наследство" ? Сите балкански народи, јас би рекол! За несреќа, не на начин како историјата е напишана. Балканската историја е искривена и пренапишана на начин, секој народ во својата новокомпонирана национална државичка да се чувствува како други околу него да не постој и како на овие простори од памти век бил сам и едини "господар на своето тело". Со други зборови, нивната историја е пренапишана и  изменета, како би минатото одговарало,  на денешницата.

Ваквата ситуација е причината за недобрососедските односи, денес актуелни помеѓу некои народи, кои Балканот  го прават  како "буре со барут" не очекивано да експлодира, нo вградено во " националните држави" за време на нивното стварање во 19век од нивните "доброчинители", од кои и денес неможат глава да кренат .

Меѓусебните обвинувања за крадење на  територии, "нивни" истории, "нивни" историски личности се само  симптоми на погрешно сватените замки   од историските   митови кои се пренесуваат како историја, специјално написана за секоја балканска национална држава, поодделно, при нејзиното стварање.

Како што споменав и порано, ваквото однесување не е случајно. Тоа е дел од плановите за  спречавање на националните балкански држави од одново соединување во голема заедничка држава и барање поврат на нивното древно наследство. Да се биде мал и немоќен во средина опколен со "ратоборни комшии", животот не е лесен ниту удобен. Во такви случаеви потребна ти е туѓа помош. Е, тука е вашиот створител да ви "помогни" и така да ве држи овисен од неговата моќ, ко бааѓи ве спасува од онај, на кој исто така му е створител и го држи за гуша.

Ете така Балканот беше наместен од Западните Европски Сили после дезинтеграцијата на Отоманската Империја и така остана до денешни дни, 200 години после.

Грција има посебно "рачно" изработена историја, само за Грците. Тука непостој простор за било кој друг. Дури ни за староседелците на македонската територија која големите сили им ја подарија при нивното стварање и одредување на правилата на валканата игра за тогаш и за секогаш. Да, им ја поделија како да е тоа нивна дедовина или бабина земја. Бугарите направија исто таква работа со Пиринска Македонија и Македонците во неа, како староседелци.

И Грција и Бугарија добија големи делови од македонската територија во 1913 година, но нивните истории ни за малку не се променија, за да го покажат тоа: екстра туѓ народ заедно со туѓа земја. Нивните истории останаа исти, непроменети. Ниту Грците, ниту пак Бугарите бе натерани да го признаат тоа и да ги прикажат туѓите луѓе како такви и им ги осигураат правата како на делови на други народи надвор од нивните матични држави. Во овој случај Република Македонија. Причината за тоа, па затоа што како строго еднонационални држави, немаат место ниту толеранција за никого друг, освен за "себе".

Спрема тоа, кога денес Грците велат дека "Македонците не постоат" и дека "Македонија е грчка", тие дословно Македонскиот народ го игнорираат како непостоечки. Но не само во Грција, туку воопшто во целиот свет, како би ја потврдиле пред светската јавност својата фиктивна и измислена Историја.

Македонците, меѓутоа, постоат и секогаш ќе бидат тука, на овој свет. Тука живееле со генерации рамо до рамо со луѓето кои денес самите себе си се викаат Грци и не пристануваат да бидат игнорирани и отфрлени како "стари крпи", асимилирани или протерани. 

За несреќа, тоа се случувало, од грчка страна, од времињата кога ги добила македонските територии и дел од македонскиот народ.

Ако би ме прашале кој временски период е најважен за македонскиот народ на начин како национализмот ја дефинирал нацијата, јас би рекол 19 век. Тоа беше времето кога национализмот му беше претставен на Балканот. Никој неможи да зборува за национализам, пред што е измислен и применет.

Француската револуција (1789) го роди национализмот. Важно е да се спомене, дека почетокот на 19 век донесе економски промени во Европа, а Балканот постанал крајната граница за ширење на капитализмот. Во 1800  година европските политички, еконимски и воени институции почнале забрзано да се менуваат. Западните влади и извозните компании по барање на своите производители почнаа со интензивно ширење на балканскиот пазар. Со својата агресивност ја парализираа балканската индустрија, пред него што таа доби прилика да се развие и да почни да се токми со конкурентите од Европа. Како резултат, почна да заостанува и да причинува националистички немири и востанија.

По раѓањето на Грција, за прв пат во 1832 година, не се знаеше за нејзиниот национален карактер. Да го цитирам Давид Холден, "грчката национална држава беше продукт на западно политичката интервенција - 'голема и погрешна идеа', како еднаш ја нарекол Арнолд Тојнби, "специјален западен национализам", посаден во мултинационалните традиции на источниот свет.

Како што и порано објаснивме, македонската историја како историја на модерна нација, започна кога современите Македонци ја започнаа својата борба за независност. Започна, кога македонскиот народ ја разбра дефиницијата на нацијата и се прогласи самиот себе си за нација. За нација, специфично македонска.

За разлика од Грција и Бугарија, чии "нации" беа креирани после креирањето на нивните "држави", македонскиот народ себе се сметаше за нација, посебна и одвоена од вештачки створените на Грците и Бугарите, долго пред него тие добија свои "држави".

И пак за разлика од Грците, кои никогаш пред тоа немале држава и Бугарите кои имале привремена држава но која им припаѓала на Татарско Турските племиња, Македонците имале име, држава и Империја, врз чии темели ја граделе својата државност и националност.

Првата задача на македонскиот народ била ослободување на целиот Балкан од Отоманската Империја и враќање на старата Источна Империја под Христијанска управа. Но од како малите национални државички почнаа да се појавуваат на Балканот, како Србија, Грција, Бугарија, Македонија се сврте кон себе си и кон стварање на своја независна македонска држава со мултиетнички, мултикултурен и мултирелигиозен карактер. Докази за тоа има доста и можат да се најдат во разни македонски прокламации и манифести.

Ево и малку Историја, од која може тоа  и да  се види:

{На 17 април 1880 година власта на Отоманската Империја ги информрала големите сили дека предвидените реформи биле подготвени и чекаат да бидат разгледани и одобрени. Многу македонски интелектуалци не биле задоволни, бидејќи реформите ги негирале нивните барања, вклучувајќи го и признавањето на македонскиот јазик. Во мај месец 1880 година околу 200 истакнати Македонци потписале и испратиле до Европската Комисија барање со кое изразувале незадоволство од Отоманските Амандмани, бидејќи покрај другите работи, Отоманите одбиле да го признаат македонскиот јазик. За несреќа, нивните писани притужби и жалби одново биле одбиени, па затоа македонска делегација предводена од Каранџулов побарала средба со Лордот Фитцморис, англиски претставник во Европската Комисија. И ако Лордот Фитцморис лично ги примил и ги слушнал нивните предлози и желби, Комисијата одново ги игнорирала македонските барања.

Незадоволни со начинот на кои реформите во Отоманската Империја се изведувале, секогаш на штета на македонските интереси, а особено со понашањето на Големите сили, македонските претставници се одлучиле да се свртат кон себе си и да бараат решенија за своите проблеми како самите знаеле и умееле.

Бројни истакнати македонски водачи, вклучувајќи го Леонидас Вулгарис од Берово, попот Костадин Буфски и над повеќе од 30 други, се собрале и одржале Национален Собир од 21 мај до 02 јуни, 1880 година во Гремен, околија Острово (Егејскиот дел на Македонија). Помеѓу другото, се расправало за положбата во Македонија по Берлинскиот Конгрес. За ова прашање Конгресот одлучил, Македонија да се врати назад во составот на Империјата, и тоа се' заради пропагандите и неслагањата на комшиите, особено на Грција, Србија и Бугарија, кои лажно го прикажувале составот на населението во Македонија.

Берлинскиот Конгрес одлучил вака, верувајќи, дека еднаш кога овие комшиски приговарања ќе се смират, македонскиот народ ќе има поарни шанси да се обедини зад македонските национални цели и да си креира Автономна македонска држава, внатре во Империјата, или да си формира своја независна национална македонска држава.

Македонскиот собир исто така одлучил да ги потсети Отоманските власти на членот 23 и 62 од Одлуката во Берлин, кој се односи на полтитчките и верските права на македонскиот народ. Ако овие права не се почитуваат, тогаш, Македонците немаат други избор туку да се вооружат и борат  под слоганот "Македонија на Македонците за обновување на Древната Македонија". (Ванче Стојчев, "Војна Академија, Скопје 2004, стр. 252).

Националното Собрание завршило со формирање на Извршен Совет одговорен за извршување на политичките одлуки на Македонската привремена влада, "Единство", која би ги претставувала сите етнички групи кои живееле на македонската територија. За Претседател на привремената Македонска влада бил избран Васил Симов, а Стефо Николов за претседател на Националното Собрание. Поп Костадин Буфски и Леонидас Вулгарис биле задолжени за организирање на Македонската Армија.

Одлуките донесени од Собранието биле испратени до претставниците на Големите Сили во Солун, кои во почетокот ги игнорирале, но после ги прифатиле како "Македонски начин" за решавање на проблемите.

На 23 март, 1881 година, Привремената македонска влада го потврдила Манифестот и им го испратила на разни дипломатски мисии во Империјата.

Ево како започнува Манифестот:

"Македонци, нашата мила татковина Македонија еднаш беше најславна земја во светот. Македонскиот народ ја цивилизира Азија и човечкиот род со својата победничка Фаланга, поставувајќи ги темелите на воената уметност, а Аристотел образованието и просветата. За несреќа, еднш така славна и моќна, Македонија денес е на работ на пропаста, зошто правевме грешки и го заборавивме нашето минато. Странците сакаат да ни ја земат земјата, да ни ја уништат националноста, светлина, која нема никогаш да згасне.

Македонија постана сиромашна вдовица напуштена од синовите и не го вие повеќе славното знаме кое еднаш триумфално се вееше над главите на македонските војници. Денес Македонија е сведена на географски регион, како некој да покушава да ја згасне нејзината слава и да ја испрати во заборав и неповрат.

Непријателите на македонија и' го копаат гробот и покушаваат да ја уништат со испраќање Австро - Унгарски војници како замена за оние кои се веќе тука. Замена на едни со други душмани, само побргу ќе ја уништат Македонија. Македонија не ќе можи да се опорави и нашата нација ќе нестани.

"Ваквата положба е критична за Македонија и значи живот или смрт". (Ванче Стојчев, "Војна историја на македонија", Војна Академија, Скопје 2004. стр. 253).

Сваќајќи дека Македонија постанала  играчка на Големите европски сили, Привремената власт на Македонија ги повика сите Македонци, без разлика на вера и етничка припадност да се обединат и борат за Слобода и креирање на независна македонска држава.

 

Продолжува

 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Марко К. ЦЕПЕНКОВ

ЕДНО ПЕТЛЕ И ЕДНО ЈАРИЧЕ

Едно петле и едно јариче отишле во планина да збираат лешници. Се качило петлето на една леска за да збират лешници. Си збирало и си јадело, а јаричето туку се облизувало за да каснит некој лешник. Арно ама петлето лакомо, бидејќум, неќело да му врлит лешник.
- А, бре брате, оти не ми врлаш некој лешник за да си окршам и да каснам - му рекло јаричето - ами и јас сум душа, брате?
- Е, на ти мори на, да те видам, јади де! - му рекло петлето и му врлило еден лешник, та за пакос ја удрил јаричката прао во око, та и' го ослепил.
Даде вик и плач сиорота јаричка. Слегло петлето долу да видит што и' се стори на јаричката и се закарале, тики ошле до кадија за да се судат- Аман, кади ефенди, ти се молам, да судиш петлето оти ми го извади окото со еден лешник.
Заошто, бре петле, му го извади окото од јаричето? - праша кадијата.
-Ами оти лешникот ми искина гаќите? - рекло петлето.
Го викнаа лешникот.
- Оти, бре лешник, му и' искина на петлето гаќите? - му рекол кадијата.
- Ами оти ми изеде козата шумата мене? - рекол лешникот.
Ја викнаа козата.
- Оти, мори козо, му изеде шумата на лешникот? - му рекол кадијата.
- Оти не ме пасеше козарот арно - рекла козата.
Го викнаа козарот.
- Оти, бре козар, не си ја пасил козата арно?
- Оти не ме рани стопанката арно - рекол козарот.
Ја викнаа стопанката.
- Оти ти, мори, не си ранила козарот арно?
- Оти ми го изеде кучката квасот.
Ја викнаа кучката.
- Оти, мори кучко, му изеде квасот? - му рече кадијата.
- Заошто бев гладна - рекла кучката и се свршила давијата.
Си остана јаричката со едно око.

 

Ваш Сотир Гроздановски 

17 август, 2016 

 

 

 

 

Kind regards: 17 август 2016

Sotir Grozdanovski. бр.23