ДЕЛ ПРВ
13 август, 2016

АНАЛИЗИ НА ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Сотир Гроздановски

ДЕЛ ПРВИ

13 август, 2016

Пишува: Ристо Стефов

Превел на македонски: Сотир Гроздановски

 

Ристо Стефов е наш познат општественик, книжевник и творец на повеќе значаини дела од животот на Македонците во Северна Америка и пошироко. Живее во Канада, а потекнува од егејскиот дел на Македонија. Уште како дете ги почувствувал неправдите и нехумани однесувања на грчките власти спрема Македонците во егејскиот дел на Македонија. Неговите публикации се, покрај споменатото, посветени и на македонската Историја и тоа од праисторијата до ден денешен. Но, правата на Македонците во тој дел од Македонија, па враќање на конфискуваните имоти на истераните после Граѓанската војна од 1946 до 1949  како и односите помеѓу Грција и Македонија, се најважните теми кои секогаш се во фокусот на господинот Ристо Стефов.

Тој е меѓу првите Македонци кои ги искористил погодностите  на Интернетот  и широко  ги отворил пред очите и совеста на светот лошите односи помеѓу Грција и Македонија , барајќи правда  и еднаков третман на нашата држава и нашиот народ.

Тој е покрај другото против секакви разговори или преговори за и околу името на Македонија со јужниот ни сосед, Грција.

Во било која прилика, каде се појавува господинот Стефов, секогаш историјата и положајот на македонската држава и народот македонски се неизбежна тема на разговори или дискусии.  

Текстовите кои во неколку продолженија ќе имате прилика да ги проучавате се дел од вистината за Македонија и милениумскиот развој на македонскиот народ под заеднички наслов како : - анализи за историските настани во егејскиот дел на Македонија, но секогаш поврзани и со настаните во Македонија, како целина.

Содржината на текстов е резултат на разговор по меѓу Ристо Стефов и негов ад хок читател, заинтересиран за вистинската слика на македонската историја, но сега презентирана од македонска страна.

Разговорот е воден на Англиски, па заради интересната содржина за која сметав дека ќе и' биде занимлива на пошироката македонска јавност, надвор и внатре во Македонија, се зафтив со не така лесна работа; - да го преведам на македонски јазик, најдобро што можев.

Затоа сметав, дека "Македонски Збор" ќе биде најдоброто место за тоа, во кој и во иднина ќе имаат свое место  текстови со вакви и други слични содржини, продолжувајќи ги, така, неговите долги традици започнати во 70те години на минатиот век во Детроит, Мичиген, како еден од производите на првата македонска издавачка куќа "Илинден", основана и водена од авторот на овој воведен текст, Сотир Гроздановски.

Па, да почнеме:

 

ДЕЛ ПРВИ

13 август, 2016

 

ЧИТАТЕЛОТ - Ристо, го најдов вашето име на Интернет, па посакав да Ви поставам неколку прашања во врска со Историјата на Македонија.

Во минатото од разни извори, повеќето не македонски, слушавме за Македонија и Македонците. Вие сте меѓу првите Македонци кои, користејќи го Интернет сервисот, придонесоа светот да се запознае со вистината за македонската Историја и воопшто, за митовите испреплетени околу така нареченото "Македонско прашање".

 Можете ли да ни кажете нешто повеќе за тие прашања?

РИСТО - Македонската историја започнува уште во праисториските времиња, но нашата модерна, национална, историја започна после "измислувањето" , ако би можел така да се изразам, на национализмот и засилено се развива за време на распаѓањето на Отоманската Империја, во раните 1800те години.

Народите кои живееа на Балканот пред појавата на национализмот, не можеа да се именуваат како нации, зошто се' уште тие не постоеа.

Денешните нации пред да се појават на сцената, како резултат на националните процеси, сите народи на Балканот живееа заедно на една голема територија, без формални граници.

Како што не учи историјата, народот на оваа голема балканска територија почна отворено и слободно да живее  уште за времето на Филип  II, македонски крал ( 359 -  336  п.н.е.), кога ги отвори границите и сите ги обедини во неговото кралство, кое со времето се ширеше од Јадранското Море на Запад, до Црното Море на Исток.

Ваквата состојба, со отворени граници, на теренот постоела од 4то столетие п.н.е., до 19то столетие од н.е. Со други зборови, през цело време на Македонската Империја, преку Римската Империја, па Источното Римско ( Византиско ) Царство и Отоманската Империја, се' дури големите европски сили во 19то столетие не одлучија да ја растурат Отоманската Империја и да ја заменат со мали национални државички со нивни посебни народи, заградени со граници.

Термините "национализам" и "нација" за времето на заедничкиот живот во внатрешните граници на Отоманската Империја на сите овие балкански народи им биле туѓи и непостоечки. Тие биле странски производ, внесени внатре од западноевропските големи сили.

Покрај тоа што живееја заедно без граници над 2300 години, балканските христијански народи делеле и иста религија повеќе  од 1800 години, која ги држела сите заедно и обединети.

Отоманската Империја во 19то столетие беше и повеќеетничко, повеќе религиско и повеќе културно општество, меѓутоа, покрај јазикот и некои традиции и   народни обичаи, со ништо друго луѓето не се разликувале еден од друг.

За несреќа, главната цел на европските големи сили со рушење на оваа Империја не се состоела во ослободување на христијанското население од Балканот, туку да се решат од така наречениот  "болниот на Босфорот", Отоманската Империја, и да ја заменат со повеќе мали  национални и при тоа слаби државички, со кои би лесно излегувале на крај, кога ќе им затреба. Со други зборови, ослободувањето   на христијаните била само споредна и помалку важна работа, на нивните вистински  накани.

За Големите Европски Сили воопшто не било важно какви "национални" државички правеле. Ним им било важно тие да се не хомогено славјанско - јазични и да ги држат Русите подалеку од Медитеранот.

И дури едните се бореле да створат не хомогени славјански државички, Русија, како друга голема  европска сила, настојувала да ги обедини сите Славјани на Балканот и ги стави под своја контрола.

Националното освестување на Србија, изложена на Австроунагарското влијание, беше таков еден случај, кој неможеше да се попречи, за разлика од намерното креирање на Грција, како нејзина опозиција и средство за балансирање помеѓу истокот и западот. И дури Србија беше предодредена да биде славјанска, Грција беше створена да биде на другата страна, како противтежа. Имињата Грција и Грци ги створија западноевропските сили, бидејќи биле латински и симболизирале латинска врска "Romaos" ( Роман ) и латински карактер на народот.

{Спрема Страбо, Феникијците од Халкидики биле првите колонисти од Ејубиа кои во Кампанија, на западниот брег на Италија, ги изградиле градовите Ким во 757 п.н.е. и Регион околу 730-720 п.н.е. Овие градови биле најстарите колонии во таа регија. Таму, Феникијците ги направиле првите контакти со соседните Латини, Ертрурците и така  им ја пренеле својата култура и азбука и своите митови. Неколку години подоцна, во 600 п.н.е. го изградиле и градот Неапол,  а во Сицилија и градовите Месина и Катана ( 730 п.н.е. ) и Никс. Латињаните новите колонии ги викале Граиос, спрема нивното потекло, земјата Греиа (Graias), денес Ороп, лоцирана помеѓу Боетија и Атика кај устието на реката Асоп}. ( Стр. 83, Антоние Шкокљев "Праисторија-централна балканска колевка на егејската култура" ).

Името Хелас и Хелени биле подоцна измислени и дадени од германските историчари. Биле прифатливи, реалистично оригинални имиња за новокомпоновата држава и згора на тоа, со локално потекло.

{ Се претпоставува дека кралот Деукалион бил таткото на Хелените. Тој бил оженет за Пира, ќерка на Епиметеј и Пандора и живеел во Тесалиската Фтиа заедно со домородните Пелазги, а подоцна и меѓу Акаинските Мирмидонци во нивните постоејќи градови. Спрема Хомер, во неговите Одисеја и Илијада,II, 681, Нови Сад 1985. (Превод : Ѓуриќ и МН), "...некои биле од Арг и живееле во градовите на Пелазгите, некои од Алопа, Ал во Трехина и од Фтиа и Елада. Нивните жени биле многу убави и ги викале Мирдианки, Еленки, некои и денес се викаат самите себе си Ахаинки. Имале 50 кораби, а лидерот им се викал Ахилеј"}.

Спрема тоа што знаеме од Хомера, би значело дека градовите Арг, Алоп, Ал, Елада и Трахин постоеле во Тесалијската Фтиа и пред доаѓањето на Деукалион. Секое име имало свое значење. На пр. зборот Фтиа доаѓа од Фино, што значи земја на мртвите, загинато, уништено. Зборот Елада доаѓа од Хелос, што значи мочуриште, тиња. Трахин од зборот Трахус, што значи камен, трошлив. Зборот Ал од Алос или Алс, што значи сол. Зборот Алопа значи солено, солено острово. Арг значи бело, а пак реката која со своето излевање правела рамнина на која се правеле градовите се викала Сперхеј или силен напад. Потоа, планината на Југ се викала Ета или мизерија, сиромаштија.Тоа е планината на која Херкулес се запалил сам себе си, да се спаси од болките. Ова е исто така и местото Термополис Горг каде е лоцирана Ламиа, главен град на Фтиа инаку на македонски значи Ламја.

{Ако топонимите се имиња поврзани со вистински предмети, објекти или настани, тогаш прикаските од Митологијата мораат да имаат вистински значења и смисол. Па така и етногенезата за Хелените може да се извлече од Митот за кој Пиндар ( Pindar, Olympia, IX,41), Аполодори (Apollodori, Bibliotheca I - II, 1, 7, 2 ) и други не информираат }. ( Стр.185, 186, Антоние Шкокљев, "Праисторија - централна балканска колевка на егејската култура").

Со други зборови, германските историчари од 19то столетие изнајдоа по прифатливо древно име и историја за современите Грци, па сега ги викаат Хелени. Но пак за несреќа, двете имиња Грција и Хелас ( Elada ) беа туѓи за балканските народи кои живееа на тие простори во 19то столетие.

Ако прашате некој денешен Грк или Гркиња на Англиски да ја идентифицира својата "националност", тие ќе ви одговорат "грчка". Ако пак ги прашате што значи тоа на "грчки", ќе ви одговорат со "Хелен" или "Елинида". Грците немаат во својот речник збор за ГРК.

Спрема повеќето  Грци денес, Грк или Хелен е синоним. Со други зборови, Хелен е домородец на древна или денешна Грција.

Луѓето на Балканот од пред 19то столетие, немаа појма за Национализам или сознанија за било која древна "Град Држава".

Охрабрени од западноевропските големи сили, балканските народи имаа само една цел, да ги истераат Турците што подалеку од Балканот и да ја заменат Империјата со Христијанска, со која би после владееле тие самите. Но тоа, не беше во плановите на европските владари. Тие сакаа стварање на мали и слаби балкански државички, кои никогаш повеќе не ќе имаат можност да се обединат во голема заедничка држава, која би била закана за нивните егоистични интереси.

Елинизацијата започна со образованието на дел од балканската "елита" за постоењето на старите "Град Држави" и нивниот придонес кон светската цивилизација со делата кои ги оствариле во науката. Па така луѓето кои студираа надвор од Балканот, специјално во Лондон, беа восхитени со убаво напишаните романтични прикаски кои Европа им ги подготви за луѓето кои пред многу години живееле на дното на Балканот. Но особено беа горди  и поносни со приемот кои им го причинуваа домаќините, третирајќи ги како наследници баш на тие заслужни луѓе, кои некогаш живееле на дното на Балканот.

Но сепак, не баш секој балкански народ бил среќен со Елинизацијата под контрола на западноевропските сили. Ниту пак подготвени одма да тргнат по патот на Хелените. Многу од нив се' уште сакаа да ги заменат Отоманите со самите себе си во таа голема територија на која живееле сите заедно. Но со тоа не беа сложни "газдите" на Европа.

Исто така, едно беше теоретски да креираш од ништо нова национална држава, а друго да и' дадеш живот и минато. Идеата да ја викаш новокреираната држава "Грција", изедначувајќи ја со "Romaos" ( Романи ), нема валиден темел. Но сепак, и покрај тоа,  Христијанскиот свет на балканот, вклучувајќи го и славјанојазичниот, во една или друга прилика бил нарекуван со "Romaos" или "Greeks", од Отоманите или другите странци.

Еден дел од Балканскиот Полуостров од каде Грција тргна како современа држава се викаше, во тие времиња,  Мореа. Денес, тој дел се вика Пелопонез.

Е сега, да би се направила разлика помеѓу Грција и Србија, или пак измеѓу Грција и било која друга балканска држава створена подоцна од остатоците на отоманската Империја во распаѓање, требаше да се изнајде поарен модел за Грција. Некој сосема различен и со долго минато. И тој бил најден во  Хелени  те. Праисториски народ, кого го споменав порано.

Но за жал, од него неможеле да се изнајдат живи траги во 19то столетие, како би се оправдало нивното однадејно појавување од праисторијата. Неможеше да се изнајде таква историја, која би го објаснила тој феномен, освен со германската креативност и инвенивност но  и со многу убедувања.

Проблемот бил решен со искривување и фалсификување на историјата, за да  би им одговарала на новостворените "Хелени" и биле изедначени со Хелените, од праисторијата.

По се изгледа, дека мостот за континуитетот на Хелените кои би ги спојувале со оние од 19то столетие, го нашле во континуитетот на Македонците. Континуитетот на Македонците од праисторијата со овие од 19то столетие, бил тој, кој го барале за своите планови.

За континуитетот на Македонците постоеле докази и документи. И не само тоа. Туку и луѓето на Балканот го знаеле тоа и се идентификувале со Македонци.

Па така, после, од како креаторите им ја претставиле на светот новокомпонираната државичка и и' го наденале името Грција, име, кое и до ден денешен кај надворешниот свет не котира високо, неговите "архитекти" од горе наведените причини одлучиле да ја викаат "Hellas" (Хелас), а народот "Helenes" (Хелени).

И така, "Класичната Историја" била напишана и претставена пред Светот, со што се објаснил почетокот и континуитетот на модерните "Хелени", а со тоа и нивниот "голем" придонес во светската цивилизација и наука. Класичната историја и наука, која најповеќе им послужи и се' уште им служи на креаторите на современата грчка држава ; - Западноевропските големи сили. 

Александар Велики, во новата класична историја, инаку најомразениот човек во древниот така наречен "Хеленски" свет или "Hellenic" World, кој ја уништил Теба "Thebes" и го скршил моралот кај граѓаните на "Градовите држaви" или "City States", сега одеднаш постанал голем Хеленски Крал или "Great King of Hellenes", обожаван и високо почитуван.

Продолжување на врските меѓу древните Хелени или древните Грци, како ги нарекувале во надворешниот свет и така наречените модерни Хелени или модерни Грци, би било можно само, ако Македонците постанат или биле Хелени. Или со други зборови или поедноставно речено, модерните Грци би биле наследници на древните Грци само, ако Македонците биле Грци.

Но, како би биле Македонците Грци? Тие секогаш биле и сега се Македонци?!

Спрема искривената и фалсификувана класична историја од 19то столетие, Македонците биле "Хеленизирани". Биле "Хеленизирани" со процесот кој започнал и пред времето на Филип II . Па така постанале Грци.

Ајде да видиме како работел тој процес на "Хеленизирање".

Објаснувањето кое е за овој феномен применето било следното : - Македонците почнале да се служат со јазикот на Атика, прво на македонскиот кралски двор, па потоа  почнале да ја примаат така наречената грчка култура, па постепено да се однесуваат како Грци ... И така постанале Грци?!   

 {Спрема енциклопедијата Колумбија, Хеленизам е култура, идеали и начин на живеење кај древните Грци во времињата на класиката. Првенствено, Хеленизмот е оличење на културата на Атина и градовите од времето на Педиклес (495-429 п.н.е.). Терминот е исто така користен и за идеите и идеалите на писателите и мислителите од подоцнешните времиња, кои добиваа инспирации од древната Грција. Хеленизмот подоцна бил споредуван со Хебреизам-Хеленизам, кој значел паганска радост, слобода и љубов кон животот спротивен на строгиот морал и монотеизмот на Стариот Тестамент. Хеленскиот период завршил со победата на Александар Велики, Македонски, бо 4то столетие п.н.е. и бил наследен од Хеленистичката цивилизација}. (Стр.930, Колумбија Енциклопедија, трето издание 1963, Њу Јорк и Лондон).

Историски, како што реков и порано, личната перцепција на Грците и новата дефиниција за Грцизмот со времето се менуваше. Но со напредокот и со консолидацијата на националната држава, од доцното 18то столетие, Грцизмот се редифинира од тоа што некои луѓе го викаа, романтичен национализам.

Романтичниот национализам е една форма на национализмот, од кој државата го црпи политичкиот легитимитет како органска последица на единството на оние, со кои управува. Во тоа влегуваат, зависно од практичноста, јазикот, расата, културата, религијата и обичаите на нацијата во нејзиниот прав смисол за оние , кои биле родени во средината на таа култура. Оваа форма на национализам израснала од реакцијата кон династијата или империјалнната хегемонија, која легитимитетот на државата ја презела од врвот на долу, како производ на монархот или некој друг авторитет, кој го оправдува своето постоење. Вакво добивање на власт може да биде само божје дело.

Грција ги прифаќа сите оние кои се сложуваат со овие принципи, а ги отфрлува другите.

Со други зборови, древните Македонци постанале Грци, бидејќи некои зборувале грчки, верувале во ист Бог и се однесувале како Атињани...Вакво однесување има и денес каи некои луѓе. Погледајте ме мене. Јас зборувам Англиски, верувам во ист Бог како и Англичаните, живеам меѓу нив, културолошки по некогаш се владеам како нив, па дали тоа ме прави Англичанец? Не! Јас пак сум Македонец!

 Древната историја е на чисто кои биле Македонците и дека не биле Грци. Древните луѓе од  "Градовите држави" знаеле многу добро кои биле Македонците и дека не биле Грци. Тоа многу пати го зборувале меѓу себе. Древните автори биле потполно сложни со овие факти во историјата и во секојдневниот живот.

Многу пати историјата ги потврдувала фактите дека Македонците зборувале подруг и не разбирлив јазик за Грците. Сосема подруг јазик од грчкиот. Јас нема да навлегувам во разликите помеѓу македонскиот и грчкиот јазик, но ако некој сака да се запознае повеќе за тие работи, му ја препорачувам книгата: "Древните Македонци, разликите помеѓу древните Македонци и древните Грци" од Josef S.G. Gandeto.

"Ниту еден древен автор не напишал збор или факт дека Македонците биле Грци. Нема ниту еден пишан збор или факт дека Македонците мислеле за себе дека се Грци. Нема ниту една книга напишана од древен автор, вклучувајќи ги и древните грчки автори, кои имале подруги ставови и не ги истакнувале разликите помеѓу Македонците и Грците". (Josef Gandeto).

Современите учени луѓе во светот исто така тцрдат, дека и славјанскиот јазик има корење во праисторијата. Броини древни писани документи до скоро недешифрирани, беа успешно дешифрирани од лингвистите Васил Иљов, Антони Амброзиќ, Сергеј В. Рјабчиков и други, користејќи ги славјанските јазици што потврдува, дека овие јазици биле во употреба многу подолго од што се мислело. Дури и Александар Македонски можеби зборувал славјански. Добро е познато, дека Александар зборувал најмалку два јазика. Ние знаеме дека едниот бил Коине, а другиот познат во Македонија и наречен "непознат" од грчките историчари.

Меѓутоа, пошто на никој страни или македонски археолог не му е дозволено да копа во Македонија окупирана од Грција, или да изучува пронајдоци без надsор од Грк, неможиме да потврдиме на кој јазик Александар зборувал.

Но за да би Македонците биле Грци, како е потребно спрема потребите на ревидираниот древноисториски модел, ревизионистите требаа да избришат се' што е македонско. Ако Македонците биле "Хеленизирани", тогаш Македонците биле Грци и не повеќе Македонци. Не би било модерна Грција, без древна Македонија! И не би било Македонија и Македонци ако би било Грција и Грци! Тоа е едноставно, колку може и да биде ! И така слоганите : "Древните Македонци биле Грци", "Македонија е грчка" и "Македонија не постој", немаат никакво историско значење, зошто  се измислени.

 

Продолжува                                   

 

 Ваш Сотир Гроздановски  

13 август, 2016

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Марко Цепенков

ДЕВОЈЧЕТО И ДВАНАЕСЕТТЕ МЕСЕЦИ

Една жена си имала две ќерки: едната је била незина, а другата најдена - паштерка. Својата ќерка мошне си ја милуаше, а пустата паштерка да беше кабил во една капка вода да ја удаеше, ич ја неќеше да ја видит, се'едно ја караше и ја тепаше.Со се' што толку ја мачела паштерката је, пак таја беше здрава и јака како некоја трнка, а незината ќерка се' болничаа и неолничаа, на умрените вода му носела (готоа за смрт). Чунќи ја гледаше жената така здрава паштерката је, во образите подуена како со цевка, што да удриш девојката на еднио образ, другио да је пукнит, а од својата -  во лицето како леб да не јала, тиќи многу је било мака дека така је била незината ќерка. Мисле, дума маштеата како зло да и напраит на паштерка си и је дошле на ум една вечер да ја пуштит на вода кај една чешма, што била од град надвор. До чешмата имало едно дрво вет'рничао и под тоа дрво се збирале ѓоамити ветроштињето, да белќим ќе ја искинат самовилите паштерка је и назад уште еднаш не ќе се вратит.

Пошло сирото девојче ноќта на чешма за да залеит вода и кога дошло до дрвото видела единаесетмина мажи и една жена, поседнати околу наоколу на тркало. Од мажите имаше и стари и млади и куси и долзи, а едниот бил многу кус. Жената стоела многу смуртена, таја била баба Марта, а друзите биле единаесетте месеци и најкусиот бил Сечко. Кога и видело девојчето, се престрашило и му рекло: "Добро вечер стриковци, што чините, како сте, здраво - живо сте?

- Дал ти бог добро, девојче - рекле месеците, - арни сме, здрави и живи. Ами ти како си и што бараш во ниедна доба да идиш на вода? Ами како не ти е страв, мори девојче?

- Е, мори стриковци, страв, не страв, коа ме пуштат маштеа ми како можам да не одам? - му рекло девојчето.

- Вистина така е довојко: кај што има сила  правина немат! Туку, слушај вамо - ја рекла Марта, - нешто што ќе те прашам: кој месеци се поубај и кој сет полоши во целата година?

- Оф, мори златна бабо - је рекла девојката, - ами сите месеци сет во годината од убаи поубаи, немат ни еден лош месец!

- Ај со здравје, пиле - је рекле, - ој ми си и да си блаосоена од бога и од нас, за на секое прогоруање и по еден алт'н да ти паѓат од устата.

Си залеала вода девојката, си отишла дома, приклукала на порта и излегла маштеа је да и отворит. кога ја виде оти со полни стомни и дојде, тага је паднала оти беше се вратила жива; ја запрашала за нешто и колку пати што проговорила, толку алт'ни беше и паднале од уста на земјата и беше се наведила, та беше си и зела девојката пред маштеа је. Кога видела кучкана маштеа оти паштерка је на секој збор што проговорила се' по еден алт'н од уста и паднуало, голема мака је дошло чунки таја ја пушти да заѓини, а не од уста алт'ни на секој збор да вадит.

- Кој те напраи, мори кучке - и рече, - да вадиш алт'ни од уста? Кажи ми, оти сега ако те фатам, дури не те облеит студена пот, не те пуштам!

Кога чу сирота девојка тие зборои од маштеата, од пустио страв ја кажа за се' како што и се рекло од месеците.

Утре вечерта ја пушти асли ќерка је да залеит вода и да ја блаосоат и неа, за да вадит алт'ни од уста. Не остаила време да врвит зависливата маштеа, ама во втората вечер беше ја зготвила ќерка је и беше ја испратила велејќи вака: "Ај ќерко. ќе те поиспратам до кај чешма да појдиш - и рекла, - за да залеиш вода и да те блаосоат месеците, да вадиш и ти алт'ни како онаа кучка присестра ти што вадит."

Отишла девојката кај чешмата и откоа се здравувала, ја прашале месеците: "Кој месеци сет поарни и кој сет полоши?"

Се подумала троа чупата и му рекла: "Ами зер вие не и знаите кој сет поарни и полоши, да што ме прашате мене? Ами и малите деца знаат кој месеци сет поарни. Еднашка коложег и сечко сет најлоши, а пак Марта смушена ет со триста умишта. Ете, тие сет најлоши! Зер и друзите сет толку арни, да туку што ќе чиниме, сме му паднале в рака тиќи тоа, бре стриковци - му рекло девојчето, - како сакаат ќе ни праат."

- Ај да си блаосоена - и рекле месеците, - и змиулчиња да вадиш од уста на секое прогоорување!

Едно влегла в порта и едно прогоорила му испаднало змиулче од уста.

- Мори, што така, ќерко, змиулчиња ми вадиш од устата? Што не ми вадиш алт'ни како кучкана присестра ти, туку ми вадиш змиулчиња? Лелех, ќерко, се сторивме за срамота! Што би овој ал што не најде?

Уште поеќе ја запизмила паштерка је, арно ама немаше што да ја чинит, чунќи господ ја милуаше неа, ако беше сирота. По некој ден дојде брат је од девојчето што блуеше змиулчиња и кога се научи оти како јет работата, ја усудила мајка си оти така напраила и оти ја пизмела паштерка је.

-КОЈ ШТО КОПА ГРОБ ДРУЃЕМУ, САМ ПАЃА ВО НЕГО - РЕКЛА ЖЕНАТА!

Kind regards: 13 август 2016

Sotir Grozdanovski. бр.22