САМО ПИШАНОТО ОСТАНУВА

 

Сотир Гроздановски-Македонски

САМО ПИШАНОТО ОСТАНУВА

*************

05 август 2016

Денес на секого му е јасно дека без пишаниот збор ништо не би се знаело за минатото. За минатото, чии составен дел наскоро ќе бидеме  и ние со сите наши дела и не дела. Дури и оние кои  ја валкаат и разнебитуваат својата сопствена земја која ги храни, негува и еден ден ќе ги прими во своите недра, кога ќе престанат да дишат. 

Пишаниот збор сме ние издробени во  цртички и тркалца, втиснати на хартија или други современ материјал изваден од утробата на земјава која катаден ја газиме, оплеменуваме, загадуваме или ја уништуваме, секој на свој чесен или поган начин. 

Пишаниот збор е дел од нашата судбина, за да се разликуваме од другиот животински свет, кои меѓусебно комуницира со други средства и на други начин различен од нашиов. 

Пишаниот збор е и зборот кои од време на време го добиваме преку нашите технолошки направи за да се информираме, но и да реагираме на неговата содржина и на пораките кои ни ги соопштува за се' што се случува или се случувало во времињата, во минатото.

И ние имаме пишан збор. Наш сопствен збор со кои се разликуваме од другите и е дел од нашиот национален идентитет со кои не препознава светот во кои живееме. Со него ги забележуваме сите настани  и така создаваме културна и историска денешнина и утрешнина. Ја создаваме  сопствената Историја.

Дарба за пишување нема секој,  ама  за критика,   има секој.  

Критиката е коректив за оној кој пишува и своите внатрешни мисли и чувства јавно им ги соопштува на своите потенцијални читатели, обожаватели или не, но сепак почитувачи, кога веќе го прочитале неговиот текст и оформиле свое мислење. 

Читаите што пишуваме и критикувајте не, за да постанеме поарни. Споделете ги нашите текстови со своите пријатели, за да се шири нашиот збор : Македонскиот Збор.

Но сепак претпазливо за да не го загадуваме просторот кои ни е даден на доверба и без наплата, како овој пред вас.

Ваш Сотир Гроздановски 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

РОЗИТА ХРИСТОВСКА

 

 

ОДИ ДОДЕКА Е ТУКА

Старица бескрвна
со осланета коса,
и избраздано лице,
со угаснати очи
замаглени со перде
со ковчевсти раце
модри од вените
видливи под кожата
танка и проsирна,
со свиткани плеќи
немоќна и слаба,
едно време убавица
силна како планина
а сега урнатина.
Не лути се на неа
што прашува за лозјето
што одамна го нема,
не ја крепат нозете
а врзува бовчи
спремна да патува,
тука е а веќе заминала
од другата страна
на светот и на векот,
и не замерувај и'
што не те препознава,
само оди прегрни ја,
оди додека е тука
со мирисот потсети ја.
*************
Розита Христовска
("Оловни мониста")
04 ноември 2017

 

Kind regards : Sotir Grozdanovski-Makedonski

Бр.21 ( 05 август 2016)

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA