Бил Павлевски - лево и Горан Мицковски - десно

Миленко Неделковски, Џери Наумов, Бил Павлевски и Горан Мицковски

Џери Наумов

ЗОШТО Е ВАЖНО МАКЕДОНЧИЊАТА ВО СТРАНСТВО ДА ГО ЗНААТ И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Пишува: Сотир Гроздановски

  Никогаш непостоела ветена земја подготвена да не прегрне и да ни ги исполни нашите соништа и нашите детски желби. Постоевме само ние, подготвени секогаш да ги прегрнеме земјите кои не примале како гости и пружените можности да   ги претoчиме во к'смет. Затоа, oдењето надвор од сопствената земја по подебело парче леб  не е грев, туку смелост. Смелост, зошто само храбрите преживуваат.

Но, многу и од нив не доживееле Happy End. Нивните соништа и детски желби останале на патот кон целта, за секогаш не остварени и изгубени во времето.

Ако сме направиле  исправен чекор во права насока и добар избор на дел од светот во кој сме се одлучиле да проживееме нешто од животот,  при тоа патот  пред нас сме  го изодиле со крената глава горе,  верни и  подготвени   да и' помогнеме на татковината  кога ќе не затреба, тогаш за сигурно, не сме погрешиле!

Тоа секогаш било мерило за успехот на  авантурата која сме ја превзеле  на патот  без крај и посакуваната благосостојба.

Затоа овој  текст и  им го посветуваме на   сонародниците кои патот го изодиле со кренати глави горе и  враќајки се назад во Македонија, на своите стари огништа,  стекнатите знаења и животните искуства ги вградуваат во  македонското стопанство и поарниот живот на  народот, од кои потекнуваат.

Тоа е мерило за успехот  на мисијата на родителите и на децата на оние што се жртвувале, но сепак, останале со главите горе.

Ако икогаш имало потреба од помош за нашата едина и права татковина, времето е сега и одма. Потребите за странски пари се големи. Секоја земја во развој ги посакува, а тие не доваѓаат сами од себе. Треба да се оди по нив, дури на крај од светов. Затоа со прави луѓе  на прави места, во право време и со супериорно познавање на  професијата, до вистински успеси. Зошто, кој побргу ќе стигне до "девојката", негова и ќе биде!

И насловот на текстов e значаен за секого, а особено за оние кои ја напуштаат својата земја,  заедно со  семејствата. Многу од нив имаат и план "Б", што е добро, еднаш да се вратат  назад,   ако не тие,  барем  нивните деца, со нивните деца. Татковината секого ќе го пречека со раширени раце, ќе го прегрне и ќе му даде парче од себе си да опстане таму, каде нивните претци застанале, за да се одморат.

Светот се менува брзо а и Македонија со него. Потребни се добри луѓе. Добри за себе и за другите околу себе. Потребни се способни и високо образовани луѓе, кои ќе ги држат главите на својот народ  над водената површина и далеку од длабочината на амбисот.  Школувани во странските земји каде одраснале,  работеле во важни компании, го знаат нивниот и својот јазик,  системот на нивното  функционирање и сакаат еден ден да се вратат во Македонија. Да се вратат и со своите стекнати искуства да и' помогнат во најзиниот развој, а со тоа го подобрат и животот на луѓето во неа.

Македонија е убава земја! Може убаво во неа и да се живее, ако се сака и знае како!

Времињата кога се продавале "цокули" во подрачја, каде им биле  потребни сандалки, несмеат да се поноват.

Нашите сонародници, за кои денес ќе разговараме, заправо во Македонија се од поодамна, ама сепак во некоја сенка, за кои пошироката јавност немаше спознанија кои се',  од каде се и што тие работаат за доброто на Македонија и народот македонски.

Искрено да речеме, постојат и некои скепси, сомневања, недоверби спрема луѓето кои ни се враќаат од странските земји, особено во последно време од Америка. Некогаш оправдани, но во повеќето случаеви не. Се смета, дека сите се "наместени" од некои скриени сили кои немаат добри накани спрема нашата земја, па преку нив сакаат да ја преземат и контролата врз државните институции во свои раце, ако веќе неможат да ја поткупат или да ја сменат целата Влада одеднаш и така ги постигнат своите демонски и себични цели и интереси.

Не е на мене тоа да го проценувам: - има луѓе кои се грижат за безбедноста на државата, на кои народот  им ја дал власта и во кои  има доверба. Меѓутоа, има и такви случаеви , кога се поставуваат некои "стручни влади" без избори и согласност на народот, а со тоа и без одговорност спрема никого, освен спрема оној, кои ги поставил со некој декрет и  за туѓи интереси. Е, тоа може да спаѓа во категоријата за која е збор. Небулозите и игрите што тајфата на СДСМ на чело со господинот Зоран Заев, заедно со злосторничката "Шарена Револуција" и невладината група "Протестирам" која бара "слобода и правда во ќенеф државата Македонија",  сите контролирани и финансирани од надворешни непријатели на македонскиот народ и неговата држава, се баш тие елементи кои ја загрозуваат безбедноста и на македонските граѓани и на самата држава.

Јас сепак верувам во принципот кој оваа влада на Македонија го применува во вакви случаеви и дека нејзиниот економски  тим е тело, во кои влегуваат вистински наши луѓе, избрани под посебно стручни и безбедносни критериуми. 

На 22 јули 2016 година,  на Миленко Неделковски "Late Night Show", имавме прилика да се запознаеме со три  негови члена, деца на наши луѓе од македонското иселеништво  и тоа два од Америка и еден од Англија :

1. Џери Наумов со потекло од Ѓавато, Битолско,

2,Бил Павлевски со потекло од Охрид и

3. Горан Мицковски со потекло од Скопје.

Кои се овие луѓе, од каде се овие луѓе и кои им се нивните специјални способности, така потребни на Македонија во овие кризни  политички и стопански времиња, ќе сознаеме повеќе од разговорот со Миленко Неделковски. Овој текст е само  анекс кон едночасовниот разговор на Миленко " LATE NIGHT SHOW" и  придонес кон сознанијата  за нивната работа околу светов што не опкружува, како дел од интегралната задача  на економскиот тим на владата на Македонија, чии се и тие членови. 

 

БИЛ ПАВЛЕСКИ : Комјутерски науки

Во своето сопствено преставување истакна, дека доваѓа од New England, поточно од близината на Бостон, Масачусетц, каде заедно со родителите дошол од Охрид уште како дете и каде завршил средно образование, а електротехнички факултет во Универзитетот на New York.

The University of New York e мал академски центар со добри програми од електротехнички и компјутерски науки и што е најважно,  на студентите за време на нивната изобразба им обезбедува контакт со стварноста во корпоралниот свет и нивните деиности, како и можност за брзо и добро вработување, после дипломирањето. 

Ово беше Биловиот одговор на Миленковото прашање, зошто го избрал овој, а не  некој друг Универзитет. 

Во мојата трета година студирање, а бев добар студент, еден од најдобрите во мојата класа, Бил ја продолжи својата животна прикаска, бев ангажиран во Lockheed Martin, голема компанија  за авио и свемирски летилици, сателити и разни одбранбени системи, како и разни други технолошки напредни помагала и услуги. Lockheed Martin е исто така и важен снабдевач на Департментот за одбрана на САД и на НАСА.

Lockheed Martin бил основан со здружување на  корпорациите Lockheed и Martin Marietta во 1995 година, најважни снабдувачи со одбрнбени системи и производи во тие времиња.

Во 1996 година оваа корпорација уште повеќе се зголеми и прошири,  спојувајќи се  со Loral корпорацијата за одбрамбени системи и електронички направи, кои во својот состав веќе ги имаше IBM, Xerox i Ford.

Но сепак,  HP - Hewlett - Packard ми остана како најголем работодавец, кој во исто време  ми овозможи моето теоретско знаење од компјутерската наука да го преточам во пракса. Оваа компанија, која со тек на времето постана една од најголемите компании од оваа врста во светот, со над 300.000 вработени, а после заради преголемото ширење и губење на фокусот за понатамошен раст се раздели на две компании, ми овозможи и да магистрирам компјутерски науки и да ја постигнам целта, која ме доведе и во мојава земја.  

Патував многу по светот и го усовршував моето компјутерско знаење во својство на извршен менаџер за предпродаини производи : - софтвери и хардвери за големи компании, влади, банки итнт.  преведено во парични вредности, од над 100.000.000 евра годишно,  што во тоа време беше мојот највисок дострел на работата, во оваа компанија.

Потоа, бев испратен во  Универзитетот Хардвард на студии за Администрација и Менаџмент, што би ме довело на уште повисок положај меѓу највисокото раководство на компанијата, да не се случи тоа што се случи, за што веќе зборував погоре: поделба на компанијата на два дела заради внатрешни причини и лакомост.

Поканата од владата на Република Македонија и лично на председателот на владата господинот Никола Груевски од Скопје, ме затекна во моите размислувања што понатака и дали би сакал да му се придружам како член на економскиот тим за развој на македонското стопанство, што после малку размислувања и се сложив. Па, ево ме овде во земјата на моето детство, меѓу народот чија душа ја познавам, исто, како и својата.

 

ЏЕРИ НАУМОВ :  Финансии и Планирање

Пошто сум најстар , мојата прикаска би можела да биде и подолга од Биловата. Вака ја започна својата животна прикаска нашиот Џери од Ѓавато, нагласувајќи дека потекнува од Битолско, и ако е роден 1957 година во Колумбус, Охајо, како првороденче на мајка му и на татко му. 

Нашата историја во Америка започнува во 1930 година, со доваѓањето на дедо ми. Тие беа времињата на најлошата економска криза во Америка, но и во светот. Тогаш дедо ми заедно со брата си ја напушти старата Југославија и  заминаа во американска пустоловина, мислејќи, дека патот за убавиот живот се крие негде таму, далеку од нивните огништа, кои се' уште им ги топлеа коските а куќата се' уште мирисаше на топол леб: - со крпа покриен на дрвената маса, сместена во средината од кујната, послана со земјен под. Намерата им беше да останат 10 години, да спечалат нешто пари, да се вратат назад во Ѓавато, да си купат малку земјичка и да си го средат животот, ма било каков и да бил, само да се дома.

Меѓутоа, домашниот есап не е ист, со оној на пазар. Со доаѓањето и на другите членови на семејството,  старите планови се одложија за некои други времиња, кои ете, сепак, доидоа со мене. Доидоа, за да го распламтам одново жарчето во старото и скоро згаснато, дедово огниште. 

Интересно е да споменам, дека повеќето Македонци во Колумбус, потекнуваат баш од Ѓавато, Цапари, Српци ... од Битола, па до Преспата.

Со моите седумнаесет години и јас, како и дедо ми во негови времиња, го напуштив  семејството и заминав во Калифорнија, да ја барам својата среќа. Ја најдов во футболот. Се разбира, американскиот. 

Со самото излегување од родителскиот дом во Охајо, се одвојував и од македонската средина, што сето тоа остави и некои последици во мојот живот, кои ги чувствувам и денес: - јазикот на дедо ми.  

Од Калифорнија завршив во Чикаго, Илиноис, а дома се враќав само за свадби , крштевки и погреби. Но неможам да се пожалам дека футболот неми донесе и користи во животот. Со стипендијата од Сојузот на Америка, го започнав и завршив моето факултетско образование и постанав она што сум денес. Но умот секогаш ме тераше да мислам на домашното воспитување: - да се вратам во Колумбус и да се посветам на семејниот ресторантски бизнис. Да бидам independent. Но, како тоа бидува во животот, наместо да се вратам во Охајо, со моите 29 години се скрасив во Чикаго, во  "Lincoln Insurance and Life". Таму останав цели 30 години,  работејќи во мојата професија, Финансии и Планирање. 

Домашното воспитување, да бидам самостоен и неовисен од други, неми даваше и понатака мир: - се роди "Naumov's Group". Мој бизнис, под името на моето семејство,  агенција за совети и разни корпоративни деиности, за мали и сосема големи клиенти.

Но и тоа не траеше долго. Поканата на Никола Груевски, претседателот на македонската влада да се вратам во Македонија и да им се придружам на економскиот тим, не ме остави рамнодушен и незаинтересиран за проблемите со кои нашата земја се соочува. Невработеноста е се' уште голема, а младите ја напуштаат татковината по урнекот на дедо ми, татко ми и многу други како нив во времињата кога нашиот народ немаше своја држава и некои кои би се погрижил за нивните судбини, како денес.  

Сметајќи ја поканата за голема чест и привилегија, недолго после тоа, се најдов во Скопје. Дел од моето семејство, син ми, кои од порано беше во Македонија како студент на Аметиканскиот Универзитет a сега и  оженет со убава  девојка од Битола, ме дочека. Ја чекаме мојата сопруга и ќерка ми да ни се придружат, па да бидеме комплетни.

И тоа ќе биде, зошто на татковината и' сме  потребни. 

 

ГОРАН МИЦКОВСКИ : Корпорациско право

Во раните 90ти години заминав за Австралија, како еден од четвртата генерација на семејството Мицковски, но набрзо сватив, дека несум створен да останам подолго време во овие краеви на светот, од колку ми е потребно да го завршам моето високо образование во Мелбурн, каде во тоа време бев скрасен.

Роден сум во Скопје, каде го завршив моето средно образование, во гимназијата "Јосип Броз" и го започнав високото, за да го продолжам и завршам на правниот факултет во Мелбурн, Австралија. Школувањето го комплетирав   за три години и одма влегов на работа во адвокатската струка. После  неколку години,  поточно во 2000та, се преселив во Лондон, што ми беше давнешна желба.

Во Лондон се вработив во една голема фирма за корпорациско и финанциско право, а како времето си одминуваше и во други, од каде се вратив во Македонија и им се придружив на економскиот тим на владата.

За време на моето службовање во Австралија и во Лондон, патував на секаде по светот, а најповеќе во Малезијското подрачје, како најинтересно за моите компании и за мене лично.

 

НАРАВОУЧЕНИЕ ЗА ОНИЕ, КОИ СЕ' УШТЕ УЧАТ:

Секоја од овие три животоописни прикаски има своја убавина и во себе содржи одредена поука и порака, вредна за размислување, но и за пренесување на оние, кои тек го започнуваат своето патување низ светските широчини и се' уште неоткриени ветрометини. 

Ништо во животот не е месено и обесено и не чека да го изедеме за џабе или со канти боја "подарени" од ѓаволот, да го нагрдиме и уништиме делото на  поспособните и повредните од нас.

Ни покажува, како од обично гладно дете се постанува Министер и во Македонија. Ако се знае како!

Ако текстов пред вашите очи на некого му помогна да ја види светлината надвор од темнината, да постане поарен и потолерантен човек, дете на Македонија, тогаш и јас си ја исполнав, делумно, мојата животна мисија.

 

НЕКА ЗА СЕКОГАШ НИ СЕ ЧЕСТИТИ И ПАТОКАЗНИ ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ!

 

 

 

Ваш Сотир Гроздановски  

04 август 2016 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Kind regards. 04 август 2016

Sotir Grozdanovski br. 20