Александар III Македонски

СВЕТСКИТЕ ЧУДА НА ПРИРОДАТА, ЧОВЕКОВИОТ УМ И НЕГОВАТА ВОЛШЕБНА РАКА

Пишува: Сотир Гроздановски

Уште од памтивек човекот се грижел  за својата животна средина, ја истражувал и заедно со својата и инвентивноста на природата, постојано ја менувал и дополнувал со  нови содржини, кои го збогатувале неговото живеење.   Додавал и нови вредности  за себе и за генерациите кои доваѓаат. Запишувал и стварал архиви од кои избирал и каталогизирал највредни дела....  

СЕДУМТЕ СВЕТСКИ ЧУДА се едни од нив, најсочувани и најдолго забележани во сеќавањата на човековиот род,  сите стационирани на подрачјето од Медитеранот. ( Слика долу )

Бројот "седум", како симбол за седумте светски чуда бил избран врз верувањата на старите Грци и претставувал "богатство" и "совршенство", но и  заедница на пет планети, плус сонцето и месечината.

Меѓутоа, од тогаш до денес покрај овие, евидентирани се уште многу други вредни и значаини дела на природата и човековото творештво, па дури и во нашата Македонија, за кои многу од нас не слушнале, а уште помалку и ги виделе.

Благодарејќи им на луѓето со вроден авантуристички дух, подготвени во секој миг смело и одважно да тргнат на пат во места каде се' уште има нешто убаво и вредно да се види и забележи  и ние, кои немаме такви дарби и смелост да им се придружиме и  со нив ги изодиме трновитите патишта, на некои начин,   постануваме виртуелни сопатници и вљубеници во сето она што тие ни го предочиле за да се восхитуваме, заедно со нив.

Американскиот  новинар и публицист,  Ричард Банг, одејќи по светот, стигнал и до нашата земја. Со докажана љубопитност, но по се' изгледа и со особена љубов спрема сето она што го видел и доживеал во Македонија, избрал осум свети и волшебни "мистерии", со кој ги запознал своите "фанови" ширум светов.  

Затоа овој мој текст е граден врз оригинални импресии и сознанија стекнати за време на неговите истражувања и доживувања во Македонија, но и на други негови соработници патеписци и авантуристи,  дополнет со нови сознанија, од наши извори

ОСУМТЕ СВЕТИ МИСТЕРИИ НА МАКЕДОНИЈА

се дел од архивата на  туристичкиот сервис "Авантурите на Ричард Банг", кои во форма на шоу, беше активен од раните 2005 години и  им служеше на заинтересираните туристи како информатор  за најлесно ориентирање во туристичкиот свет и изнајдување на дестинации  со интересни археолошки, културни и историски содржини, до тогаш непознати и не истражени.

Македонија, со своите исконски природни убавини, археолошки и историски вредности ,  со кои    навистина е богата, за овој искусен туристички книжевник не било претешко да ја открије.

Ако не сосема, но сепак, Ричард Банг доволно и помогна на Македонија да се отвори спрема надворешниот свет и да ги запознае помалку информираните светски граѓани со се' што нашата земја има и што се' можи да им понуди за време на нивниот по кус или подолг престој, во нејзиниот простор.

Им ги отвори видиците на оние, кои ја сметаа Македонија само како   "грчка" земја, во која живеат и некои други луѓе национално неидентификувани, а не македонска земја во која живеат покрај Македонците и други национално идентификувани граѓани, со еднакви права. 

Господинот Ричард Банг им ја претстави на светот Република Македонија, модерна држава, во која заедно со Македонците живеат и повеќе национални малцинства со висок степен на рамноправност и човекови права.

Разбирливо, тој започна со Александар Велики (Македонски), како најпозната  личност, која секоја светска нација би сакала да го има во својата историја. Па да тргнеме по ред:

1) Александар Велики - Македонски

Бил син на војно - администраторско - и државно организаторскиот  гениј Филип II, крал на Македонија и кралицата Олимпија. Бил роден во Пела, престолнината  на македонската држава,  на 22 јули 356 година пред новата ера, а бил  упокоен во Вавилон на 10 наспроти 11 јуни 323. Неговата наобразба била под контрола и менторство на филозофот Аристотел, Македонецот.

Младиот Алекдсандар, вели Ричард Банг, не било обично дете. Тој  уште од своето раѓање се одликувал со посебни вредности: - психофизички, хумани, воинички и раководни способности, ретки и кај "најголемите" луѓе.

Неговата прва и најважна битка била после смртта на татка си да го добие кралскиот престол на македонската држава, што не била лесна работа, имајќи во предвид дека многу го сметале, вклучувајќи го и татко му Филип, за нелегитимен и вонбрачен син. Но сепак, недолго после стапување на чело на македонската војска и македонската држава, Александар одма ги применил сите свои способности и на светот, кои до вчера не верувал дека е затоа способен, со оглед на неговите млади години и недоволно искуства, ги оствари сите неостварени сништа и желби на татка си Филипа и уште повеќе од тоа. Ја проширил Македонската Империја од Египет, Персија, Авганистан до Индија.

Но, не завршувајќи ја својата мисија да го освои и Римското Царство, како непосредна закана за Македонија, во 33 година од својот живот умира во Вавилон,  од непозната болест.

После неговата прерана смрт, Македонија набрзо почнува да се распаѓа. Како  резултат на внатрешни интриги и претензии на високите воeни старешини за превласт и хегемонија над заедничките дела остварени со Александар, постана лесен плен за Рим, кои  после четирите меѓусебни воини постана господар над Македонската земја во траење, од неколку столетија.

Последиците од таквата положба во која западна македонскиот народ се чувствуваат и денес. Римското осветничко распарчување на македонската територија на четири провинции, со граници поделени и со забрана на секакви меѓусебни контакти  на народот, остана се' до неговото одново  распарчување меѓу соседните "Франкенштаинови" балкански државички, како резултат на распаѓањето на уште една голема Империја во 19 столетие. Турската Империја.

Повеќе за Александар, за неговиот живот и дело, можете да сознаете  и на Интернет.

2) Хераклеа

Античкиот македонски град Хераклеа Линкестис изграден помеѓу Буково и Битола од Филип II Македонски, таткото на Александар III,  во четвртиот век пред новата ера, го добил своето име по името на Херакле, синот на Зевс и богињата Хера. Денес е големо археолошко наоѓалиште, но се користи и како летен забавен центар со својот амфитеатар. Хераклеа Линкестис денес е и голем споменик на македонското класично минато, но и споменик на римското владеење со Македонија.

За времето на окупацијата на Македонија од Римјаните во вториот век пред новата ера, и изградбата на магистралниот пат Виа Игнација, Хераклеа постанал главно воено упориште и трговски центар. За време на Првата светска војна, археолозите го ископале малиот театар со 14 од вкупно 20 редови со седишта за седење. Меѓутоа, заради воените деиствија измеѓу Првата и Втората светска војна ископувањата беа прекинати, се' до после неолку денцении по војната, кога е и 20 редниот гладиаторски амфитеатар во центарот на градот  конечно ископан заедно со рано Христијанската базилика i мозаикот, на кои се гледаат егзотично митски животни.

Ископувањата продолжуваат и постојано извираат од вечните лежишта нови докази и документи за древното минато на овие краеви на Македонија. Спрема подаците кои ги изнесува Ричард Банг, Грците во тие времиња изградиле повеќе градови со името на Херакле, ама овој во овие краеви на македонската древна држава е единствен со името Хераклеа Линкестис и изграден од кралот на Македонија, па затоа се вика и кралски град, со кои Македонија, а особено Битола се гордее. 

3) Виа Игнација

Гнеус Егнатиус, римски управител во Македонија, во 146 година пред новата ера наредил да се изгради величенствен пат, долг повеќе илјади километри, кои би ги поврзувал римските колонии почнувајќи од Јадранското море до Бизант, преку денешна Албаниа, Македонија, Грција до Турција. Првиот дел од патот, сега веќе наречен Виа Игнациа, бил граден цели 14 години. Заедно со градењето на патот, се граделе и попратни услужни објекти како на пр. трговски центри, анови, верски објекти и сл. Забот на времето го преживееле многу од нив и сега служат како сведоци на една епоха, која измина и живее  само во Историјата. Епоха, кога Виа Игнација ги поврзуваше луѓето,  нивните производи и териториите  меѓусебно, во една целина, и во вистински човеков соживот.

За разлика од тие времиња со тогашен патен систем, денешните архитекти градат нова и модерна Виа Игнација, "Европски најкомплициран и модерен автопат".

4) Охридско Езеро

Охридското Езеро е едно од најстарите светски езера, старо со милиони години и е сместено на западната страна од Динарските Алпи. Неговите древни води се дом на европската јагула, која доваѓа во водите на Охридското Езеро од местото на мрестењето во Саргасовото Море. Јагулата живее во водите на Охридското Езеро 10 години и после пак се враќа назад каде се мрести и умира, оставајќи ги новите генерации да го продолжат процесот, патувајќи таму ваму. Нешто слично како и Лососо или Семано.

Охридското Езеро во 1980 година беше прогласено од УНЕСКО за место на светската култура и природно наследство , како едино македонско  место од таква врста. Барем за сега.

5) Камени кукли

Близу до Кратовското село Куклица, се навоѓаат 120 камени кукли стари 10 милиони години, високи над земја  околу 10 метри. Легендата вели, дека тоа се скаменети сватови  од бесот на презрената невеста. Научниците пак тврдат, дека куклите биле плод на тектонска ерозија.

Да би ги виделе куклите кај селото Куклица, барајте информации од некоја туристичка агенција.

6) Каменот од Розета

Каменот од Розета бил пронајден во Египет 1799 година од некој си француски војни археолог, при ископувања и барање артифакти од минатото, на таа замја. Текстовите на него датираат од 196 година пред новата ера, а написани се на три различни јазици:- Египетски, Грчки и Македонски.

Се смета, дека каменот е од извонредно значење за дешифрирање на древното писмо, специјално, на хиероглифите на стариот Египет. Заправо, вели Бранг,  македонски научници тврделе, дека третиот јазик на каменот бил македонскиот јазик, а не некоја форма од египетскиот познат како Демотик, како се мислело порано.

Сосема разбирливо, продолжува тој,  дека е македонско писмо и јазик. Па Македонци владееле со Египет под водство на Александар Македонски и од него  поставениот царски намесник, Сотир Птоломеј, оснивач на последната династија.  

Ако се познава историјата пак, на грчките полиси кои се истребувале  меѓу себе со столетија, те и заради својот  робосопственички а не "демократски" поредок тие го изгубиле  приматот над робовите и постанале  "демографски бунар без дно", за самоуништување, Грците, кои се' што е македонско го прикажуваат за свое,  немале моќ, која денес им се припишува.

Немале моќ да владеат самите со себе си, а камо ли да владеат со поголемите и посилните, па дури и да им наметнат нешто свое, кое одамна веќе, го изгубиле.

Бегање од своите огништа и градење некакви населби на туѓи територии, како колонисти - бегалци, докажува, дека Грците, како народ способен да владее  со самиот себе си, а после како некоја организирана "велесила" и со многу поброините и добро организирани монархии, како Македонија, е апсурдно размислување за наивните, во кои спаѓаат  "маимуните од шарената револуција" во Македонија, денес, а Бога ми и  еден приличен број македонски "експерти" за древната Историја и на Македонија и на Грција.

 

Повеќе за Каменот од Розета, погледаите во Википедија Енциклопедија.

7) Праисторски обсерваториуми

Во атарот на општината Старо Нагоричане, околу 75 км од Скопје или околу 35 км од Куманово, се наоѓа КОКИНО, мегалитска опсерваторија. Поставена е на врвот  "Татиќев камен", а името го добила по блиското истоимено село. До неа води асфалтен пат, а само последните 500 метри се пешачи, за да се стигне до самата опсерваторија на 1030 метри надморска височина. Откриена е сосема случајно во 2001 година од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.

Опсерваторијата е датирана со 1800 година п.н.е. односно раното брончано време, а се протега на површина од 5000 м2. Оваа опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид, а карпите се создадени со стврднување на лавата, која истекла од вулкански кратер.

Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Денес, Кокино е рангирано на четврто место, по староста во светот,  после  Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Англија и Ангкор Ват во Камбоџа.

Недалеку од Кокино, е и "Чочев Камен", уште едно Неолитско опсерваторско место изградено пред нешто околу четири милиони години. Ова место е многу поарно уредено од Кокино по многу што. Има камени скали, базен за црковни обреди, цртежи и древен систем за правење вино.

Повеќе информации за древни опсервации побарај на НАСА страниците.

8) Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане

Црквата се наоѓа во селото Старо Нагоричане, а прв пат е изградена во 1071 година со името "Црква на Свети Ѓорѓи". После окупацијата на Византиска Македонија, во почетокот на 14 век, црквата била преуредена од србскиот крал Милутин. Денес, црквата "Свети Ѓорѓи" се смета за важна врска на Македонија, со неизините Византиски корени.

************************

Откако го завршив текстов и ви ги открив таините за блиставите придонеси на умовите од  генерациите кои повеќе ги нема,  но и на самата природа, кои зад себе ни оставија прекрасни споменици од изминатите времиња во кои тие беа актери и подобрувачи на животната средина,  се сетив на нашава сегашност и на "Шарената Револуција".

Се сетив на "кремот" од македонската интелектуална средина, која со "силната интелигенција" во нивните глави ги засрами нашите претци.

Се засрамив и јас, што сум дел од истиот корен на кои и многу од нив му припаѓаат, но   и се уплашив од нивните животински пориви, со кои уништуваат се' пред себе, со што се гордееа генерации Македонци. 

Се уплашив за судбината на природата и за судбината на  делата што ги стварале луѓето пред нас и оние кои се се' уште тука со нас.

Се уплашив за судбината на љубовта кон делата изникнати од душите и рацете на денешните творци на убавината, кои несебично ни ги даруваат за спомен нам и на нашите наследниции.

Се уплашив од примитивизмот на неспособните и медиократите, кои како инструменти на деструктивната "култура" што со невидена бруталност ни ја нуди  "НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК", при тоа  ширејќи се околу нас и оставајќи само пустош, зад себе.

И на крајот, се уплашив за судбината на даровите кои со почит ни ги оставија оние кои веќе одамна ги нема меѓу нас, а за возврат од наша страна нема почит од ни од каде и од ни од кого.

Се уплашив, за нашата иднина! 

А вие?

 

До идната средба на ова место и приближно во исто време, што би рекол нашиот Васко Ефтов,

 

Ваш Сотир Гроздановски  

23 јули 2016 година

 

 

 

 

Од горе лево па десно и надолу: Големата пирамида во Гиза, Бабилонските вртови, Светилиштето на Артемис во Ефесус, Кипот на Зевс во Олимпиа, Маузелеум во Халикарнасус или маузелеум на Маусолис, Колосус на Родос и Александрискиот светилник.

Kind regards : 23 јули 2016

Sotir Grozdanovski br. 19