ПОДАРОКОТ КАКО ПОДКУП

Пишува: Сотир Гроздановски

Подарокот од секогаш бил знак на особено внимание и почит кон некоја блиска и драга особа.  Вредноста и формата е работа на дарителот, втемелена врз искуствата и сознанијата за вкусот, или евентуалните потреби на оној, на кој му е наменет. Да се усреќи некого е човекова особина, но и обратно.

Правилата и традициите не се секогаш истовредни за сите . Ниту биле, а ниту ќе бидат! Постојат разни девијации и одстапувања, па и злоупотреби со нечесни намери: - некого да се наведе на лош пат и глас и да му се нанесе повреда на  неговото човеково достоинство, па после да се исползуваат неговите слабости, за посебни и непристојни цели.

Ете, тоа напросто се  вика КОРУПЦИЈА ИЛИ ПОДКУП. Или со други зборови, некого со пари или положај да го расипиш и натераш на нешто, што без тоа не би го направил.

Примери за корупција или подкуп има многу. Цел куп! Од сосема незначајни и наивнии без лоши накани, до планирани и со скриени и далекусежни последици за поединци, но и за цели општества.  Се подкупуваат девоиките, сопствените сопруги, соработниците,  политичарите, од најниски до највисоки положаи во општеството, органите на безбедносните сили - полицијата, па дури и високите должносници на армиите, од кои зависат животите на илјадници невини луѓе. 

Кога зборуваме за корупција на политичарите, тука не се само оние, најекспонираните од СДСМ, ами  дури и "Народното движење за Македонија", кое, впрочем, претендира да влезе во кампања за "спас" на Македонија од "ненародните режими".

Ама, гледај чудо: - и тие се слизнаа на Соросовите пари и сервилност. Има ли некои поарни почисти и по македонско-патриотски? Нека сите излезат на мегдан и нека застанат со понатамошното пустошење на Макеонија.

Причини за подкуп пак   има уште повеќе. Меѓутоа, последиците се различни: - од опомена, казнена пријава, одстранување од работното место, притвор, долгогодишен затвор .... но крајниот учинок е  губење на честа , за секогаш. 

И покрај сето горе наведено, корупцијата или подкупот е рак рана на секое општество, од древните времиња, до ден денешен.

"Шарената револуција" е исто така еден вид   коруптивно ангажирање во задачи важни за некого, планирани од некој центар со цел да се дестабилизира некое општество, па после да им се крадат природните богатства.

Во оваа категорија спаѓаат веќе видените случаеви со државите од Африка, Средниот Исток, Украина и сега обидот со балканските држави.

Во нашиов случај не е ни важно во која асоцијација некој припаѓа: -  НАТО или Европската Унија. Важно е да се слуша  "газдата", почитува неговата величина и моќ, неговиот егоистичен интерес, и да се следат  веќе направените планови за "жртвата".

И денес се применуваат  истите колонизаторски методи, "изложени" "на светли и широки полици во пространи трговски центри со звучни и привлечни имиња", како на пример "слобода", "демократија", "човекови права", "праведни и фер избори", "меѓународна заедница", "цивилизациско наследство", "меѓународно право"... ама по некое правило,  продавачот е еден и секогаш исти : - најсилниот! Но, по  примерот на  поранешните империи , сепак, и ним им доваѓа крајот во некој дел од времето, кое неминовно и си го наплатува  долгот, од секого.  И така во недоглед, се' дури постојат луѓе и алчни не луѓе, на Дуњава.

Учесниците во "Шарената револуција" на Македонија се платеници на унгарскиот  мултимилијардер Сорош, кој со својата интернационална невладина организација "Отворено општество", ги контролира и дестабилизира државите кои не го прифаќаат "новиот светски поредок", поредок на мултинационалните светски компании, кои претендираат да бидат светски владари над народите, но пред се', сопственици на земјините богатства. 

Дезинтеграцијата и уништувањето на нашиот општествен и стопански систем не е пријателски акт на Соросовата фондација, со која раководат македонски ситни и продадени души. Со непријателските пароли против легално избраната власт на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја со секакви понижувачки и грди имиња, а  со цел да створат искривена слика кај граѓаните дека не работи во полза на народот и дека е корумпирана од дното до врвот, што можеби во некои делови е и вистина, и секогаш можи да се исправи со мирни демонстрации и редовни избори, но, заправо се работи за рушење на самата држава, за странски интереси.

Правата причина за тоа? - па игнорирањето  на странските амбасадори и нивните наредби за промена на името на Македонија и уништување на македонскиот национален идентитет.

Сите тие знаат дека со уривањето на оваа легално избрана влада и поставување нова без избори и која би работела во полза на наредбодавците од надвор, би се постигнале целите кои со Никола Груевски не е можно да се остварат на начин, како се посакува и упорно настојува. Барем до сега и колку народот има информации.

Притисоците врз Македонците да се самоуништат во полза на западната цивилизација која, впрочем, своите културни и општествени темели ги изгради и разви врз  лажната и со векови непостоечка хеленска оставштина, не  се  од денес, ниту од вчера. Тие се од многу порано, но особено од времињата на македонскиот егзодус од егејскиот дел на Македонија и конфискацијата на нивниот имот,  вреден со милијарди еура или долари.

Но, да се вратиме малку назад кај корупцијата и поткупот на некои ситни гниди и предавници кои живеат меѓу нас, а работаат против нас и македонската држава, и  за мали пари. 

Зборуваме за недозволеното мешање  на  странските претставници во внатрешните работи на нашата држава, кое исто така не е од вчера? Тоа потекнува од времињата и пред осамостојувањето од СФРЈ, како заедничка држава на народите од Балканот. Давањето некои ситни подароци не беше за џабе. Со нив се градеше идното робство и понизност, кое денес ги достигна своите вистински дострели.

Притисоците кои денес ги чувствуваме врз нашите желби за имање независна и самостојна држава  не се во согласност со плановите  на нашите "дародавци" од минатото, но и од сегашноста. Нивните погледи на светот се подруги и не се поклопуваат со нашите вековни желби. Западот своите планови ги прави за сто години и не ги менува како малите народи кога ќе им текне и како која влада ќе дојди на чело на државата.

Ова дивеење низ Македонија со разни вооружени напади на албанските фашистички хорди од Косово и Албанија не е случајно, нити работа на Албанците. Исто како и "Шарената револуција" со своите "мајмуни" не е работа смислена во Македонија. Нејзиниот интензитет не е контролиран само од СДСМ, туку од сили со моќ во самата македонска држава од странски карактер, кои го контролираат раководството на СДСМ и другите вандали, кои системски ја уништуваат својата сопствена држава. И не само тоа. Ним не им може  "никој" и ништо. Полицијата е веќе парализирана од истите надворешни сили кои ги раководат внатрешните вандалски настани и е изложена на подсмеф на  група платеници и узурпатори на просторот кои мирното население го користи за  живеење и одмор. И сето тоа пред очите на дипломатските "великани", кои како "невини" претставници и "вистински пријатели и стратешки партнери" ни делат смешни совети, како и што да правиме во својата сопствена држава. 

Тие, како "неутрални" набљудувачи седат на разни состаноци со највисоките луѓе на безбедносните сили на Македонија, "пријателски" однесувајќи се како во земјата да е се' во ред и дека вандализмот  е безопасна детска игра, која ќе помине како "кашлица", а да не поцрвенат од срам. А зошто и би? - кога никој од нашите најодговорни лица во одбранбените институции не им го поставуваа прашањето кое го мачи секој македонски граѓанин, но и оние во соседството, кои ќе бидат на ред после нашето исфрлање од стројот на народите. Молчат и примаат минорни подароци за македонската полиција, како "пријателски" придонес во нивното    служење на народот, чие национално име ниту сакаат да му го споменат.

Каква иронија!

Да, точно така. Од името на американската амбасада,  амбасадорот им врачил неколку специјални камери и нешто опрема во вредност од $65,000 за подобрување на работата на македонската полиција, највероватно, како компензација за  стотиците илјадни штети нанесени од "мајмуните" на "Шарената револуција" врз народниот имот и инфраструктурата на Република Македонија. Можеби и затоа што поднесуваат трпеливо и стоечки секакви навреди и понижувања од насилниците на "Шарената револуција" ?

Нивното  нецивилизирано однесување спрема македонскиот народ нема граници, ниту би требало повеќе да се толерира од некого во Македонија. Под секоја цена! Особено, кога некои ја има подршката на својот народ зад себе и на повик е подготвен да се бори за своето национално и човеково достоинство и најпосле, за својата едина држава. Лицемерието на некои неодговорни од странските претставници ги преминаа сите црвени линии на пристојност, земајќи си за право, кое не им припаѓа спрема нивните акредитациски документи, но и како ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА. Многу од нив се со полни усти критики против "корумпираноста" на македонската држава и неизините институции, а при тоа, самите се служат со неа и со парите на нивните порески обвезници, ја парализираат државната полиција на една мирољубива и пријателска земја, Македонија, за ситни интереси, од кои нивните народи немаат никаква полза. Но затоа,   имаат само засилена и се поширока омраза во светот и не сигурност за нивните животи.

 

Ваш Сотир Гроздановски

03 јули 2016 година

 

 

 

 

Kind regards : 03 јули 2016

Sotir Grozdanovski br. 17