"Тие приказни и фантазии дека Иванов можел да ја извади војската на улица се надвор од реалните можности". Стојан Андов

СТОЈАН АНДОВ И НЕГОВИТЕ НОВИ "БИСЕРИ"

Пишува : Сотир Гроздановски

Срамот не е за секого. Та кој го изгубил за Стојан Андов да го најде? - би рекол обичниот човек. И ако лично сметав дека нема одново да се јави со некои нови свои светли "бисери", сепак тоа се случи. Ние сме тука да го пречекаме, да го поздравиме и да го сослушаме што овој пат има да ни каже. 

Последниот интервју кој го даде за порталот 24 вести на 22 април 2016 година овој македонски, скоро па заборавен, политичар од изминатите времиња,  беше фокусиран на потребите за безусловно слушање  на надворешните фактори и така наречената "Меѓународна заедница", ако сакаме да опстанеме како самостојна македонска држава, ма каква таа самостојност била.

Овоj пак интервју преку "Слободен печат", a пренесен во OhridSky.com од 23 јуни 2016 година, беше фокусиран на Аболицијата на претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов и на "негативниот" одsив кој го доживеала  кај "Меѓународната заедница", зошто селективно се делела правдата во државата.

И овој пат, читајќи го не така долгиот текст, се чувствуваше една омраза и длабока непочит кон институцијата претседател на Република Македонија, но и лично кон самиот претседател Ѓорѓи Иванов, како титулар на македонската држава, избран од мнозинството граѓани на Македонија. Што со други зборови значи, длабок непочит кон македонскиот народ и другите граѓани на Република Македонија. А пак тоа понатака значи, со каква личност ќе имаме работа во нашиов текст.

Господинот Стојан Андов во македонската јавност е познат  како прв претседател на народното Собрание на Република Македонија и како економски стручњак, а пак претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓи Иванов е универзитетски професор и доктор по правни науки. Ова само толку, колку да се запознаеме со нивните квалификации и разбирањата на материјата, за која ќе биде збор. 

Заправо се работеше за одлуката на претседателот на Република Македонија господинот Ѓорѓи Иванов, со која ги аболира грешниците од левата и десната страна на политичкиот македонски спектар. Главната цел на тој претседателски акт пак беше, да ги смири страстите и ја реши кризата која почна да ги влошува односите во државата и да наноси и материјални штети во стопанството. Меѓутоа, наместо да ги постигни целите кои требаше да ги постигни, таа ги покрена страстите на повисоко рамниште. Причината за тоа ? - па,  им ги помати скриените намери на СДСМ, но и на надворешните фактори.

Со одлуката за aболиција, заправо, претседателот Иванов им ги одзеде можностите на опозицијата и "Меѓународната Заедница" да ги влошат уште повеќе односите меѓу политичките субјекти во Македонија  и со тоа да ги реализираат своите цели: - дестабилизација и федерализација на македонската држава,  уривање на легално избраната влада на ВМРО - ДПМНЕ и поставување техничка влада со Заев за премиер, без избори. На тој начин би се воспоставила диктатура, при што би се укинуло   правото на народот да одлучува сам за својата сопствена судбина, во својата сопствена држава.

Тој би бил патот, со кој би се елиминирал председателот на владата на ВМРО господинот Никола Груевски, како еден од главните пречки во процесот на  дестабилизацијата и рушењето на македонската држава, трансформирајќи ја   во нечии протекторат или делејќи ја нејзината територија меѓу соседните држави.

Под притисок од сите страни за укинување на претседателската одлука и со тоа давање можност на ново избраното специјално обвинителство да ги процесуира виновните за политички и стопански криминал од сите страни, претседателот Ѓорѓи Иванов се обрати до македонските граѓани и им ги објасни причините за нејзиното донесување, но и за причините за нејзиното укинување и многу други околности, кои ја прават политичката положба на Македонија ваква каква е. Но, и нешто многу поважно од сето тоа : - под чија контрола се вршат насилствата на "Шарената Револуција" и злосторствата на СДСМ во Скопје и по другите краеви на Македонија.

Па ево како ги објаснува изјавите на претседателот на државата, нашиот Стојан Андонов. Тој вели, дека во неговото јавување постоеле три клучни работи, кои би требало да се расправат.

- Прво, обраќајќи се до оние "непознати" центри на моќ што имале намера да водат "некакви" воини во Македонија, Иванов ( без споменување на неговата официјална титула Пртседател ) директно и'  одговорил на Могерини, која од името на сите 28 сега 27 членки на ЕУ упати повик до сите политички фактори да пружат подршка на работата на Специјалното Јавно Одветништво.

- Второ, тој СЈО го означил како чир кој треба да се отсече. Иванов го прогласи СЈО за државен непријател и посочи дека тоа потфрлило во својата работа. На тој начин, тој директно му наредил на Уставниот суд да му пресуди и на СЈО.

- Трето, Иванов побара од судот да ги осуди обвинетите во случајот "ПУЧ" Зоран Заев, Верушевски и другите и тоа директно интервенирање во судството, вели Андов за "Слободен Печат".

Е сега, доваѓаат Андоновите нови "Бисери".

Што се однесува до размислувањата и главната дилема на Иванов, дали да ја извадел војската на улица или да смислел друго решение, па демек на крајот се одлучил за Аболицијата, Андов вели дека доволно е да се каже само следното: - тие приказни и фантазии дека он можел да ја извади војската на улица се надвор од реалните можности.

Иванов очигледно заборава дека АРМ не е војска на индоктринирани луѓе, туку е војска на НАРОДОТ. АРМ е мултиетничка и мултиполитичка, така што тој лаже кога кажува дека можел да ја извади војската на улица.

Што не пробал да го направи тоа, па да види? Има умни глави таму кои веднаш би го одбиле, па дури и би го уапсиле.

Браво Андоне! Па ова е и најважниот дел од вашето диванење со печатот. Па македонскиот народ сигурно уште мисли дека има своја армија во која верува и дека во случај на било која опасност по државата, имовината или терористичка наезда од било која страна, да можи да се обрати за помош, а не да бара одобрение од Талал Џафери, Али Ахмети и низа други поранешни терористи и борци за "човекови" права. Па затоа Зоран Заев кога оди во акција на рушење низ Скопје со своите другари искитени со нивните двоглави орли и ниедно македонско државно знаме вика: "УДРЕТЕ БРАЌА, ТИЕ НИШТО НЕ НИ МОЖАТ"!

Господине Андоне, македонскиот народ треба да ви е благодарен за ова откритие. Па вие ја повторувате историјата кога за време на владеењето на системот во кои сите верувавме дека ликвидирањето на македонските борци за обединета и слободна Македонија се врши за наше добро. Да имаме поарен живот и иднина во братство и единство. А сега, наместо тоа, да живееме во една држава Македонија, вие ја делите државата само да дојдете на власт и тоа зад плеќите на својот народ? Па ова е отворено предавство, господине Стојан Андов. Големо предавство, Андоне. Го  ликвидирате  својот народ дел по дел. 

Па вие ја продадовте и  последната одбранбена линија на македонскиот народ.  Претседателската должност ја сведовте на најниско рамниште, а претседателот на Македонија  го претворивте во фикус државник, готов за одстрел.

Уште колку време ни остана за да си ги посетиме гробовите на нашите претци, пред да  почни некој од вашите да ги крши и фарба, Андоне?

Сепак вистината неможи да се крије вечно. Во овој случај, господине Андов, вие си ја одигравте театарската улога на царот Тројан, кој сепак и покрај својата царска моќ, неможел да си ги сокрие своите козји уши. 

 

Ваш Сотир Гроздановски  

27 јуни 2016 година

 

 

Kind regards : 27 јуни 2016

Sotir Grozdanovski br. 15