МАКЕДОНИЈА ПАК ЌЕ НИ БИДЕ ЧИСТА И УБАВА

 

Сотир Гроздановски-Македонски

МАКЕДОНИЈА ПАК ЌЕ НИ БИДЕ ЧИСТА И УБАВА И ЗА НАС И ЗА СИТЕ КОИ НЕ САКААТ

24 јуни 2016

 

После секое зло, доаѓа добро. Вели нашиот човек и си ја продолжува работата. Злосторниците за секогаш ќе останат извалкани и еден ден ќе ги снема од народното паметење. Како никогаш да не постоеле. Ќе умрат од срам и од  грижа на совеста!  Само во некоја страница од македонската историја ќе бидат забележани нивните имиња и презимиња, заедно со додавката: ЗЛОСТОРНИЦИ! - и тоа ќе биде се', по што ќе бидат препознаени.

Стапалките на "човекојадците" наскоро ќе ги избришат дождовните порои. Кофите со бои ќе се користат за фарбање на домовите. Омразените лица на "шарените" човеколики Зомби без траги ќе нестанат од плоштадите и улиците на Македонија, a тажните лица на нашите претци, длабоко навредени од не цивилизираното и примитивно однесување на борците за "слобода и правда", одново ќе ни се насмеат и ќе не поздравуваат секое утро и навечер пред одење на одмор со : -Ви благодариме, деца наши!

Неуништивата енергија на нашиот народ одново воскреснува. Желбата за опрост е многу посилна од желбите за освета. Потребата за обновување на соживотот е едина алтернатива, ако нашата заедничка цел ние бериќетен живот во убава и просперитетна Македонија.

Борбата за отстранување на грдите спомени што ни ги оставија и се' уште ни ги оставаат остатоците од изродите на "шарената револуција", невладината платеничка дружба "протестирам", како и дел од раководството на Социал Демократскиот Сојуз на Македонија ( СДСМ ) предводен од криминалецот Зоран Заев,  веќе започна. 

Граѓанското движење "НЕ МЕ ФАРБАЈ", со  идејното водство од три значаjни ликови на македонскиот препород : Питу Гули, Методија Андонов - Ченто и Гоце Делчев, веќе ги направи првите успешни чекори во обнова на скопското лице. Но не само на скопското,  нагрдено до непрепознатливост од рацете на соросовите платеници  и нивните домашни квислинзи.

"Кремот", пак, на уметничката интелигенција со Ирена Стеријовска и дел од образовната професорска тајфа, предводена од професорот Гордан Калајџиев, Мирјана Најчовска и други како нив,  дадоа  голем "придонес" во дезинтегрирање на својата сопствена држава и нагрдување на главниот град на Македонија, Скопје. 

No сепак, oбновителската енергија на младите генерации од времињата на Втората светска војна се' уште е жива. Движењето "НЕ МЕ ФАРБАЈ", по се' изгледа, ја презеде улогата на таа славна македонска младина, чија енергија и денес тече низ жилите на македонскиот човек. Таа неуништива љубов кон Татковината се пренесува од родителите на нивните деца. Тие деновиве заедно со своите мајки, татковци, баби и дедовци ги зедоа четките и средствата за чистење и ја започнаа акцијата за да ги одстранат боите од лицата на Александар Македонски, Филип Македонски, Цар Самуил, Светите Кирил и Методиј, Гоце Делчев, Питу Гули, Ченто.....историските спомени на македонската државност презентирани на Портата Македонија... 

Да! - ја започнаа акцијата под име "ВИЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА УНИШТИТЕ ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НИЕ МОЖЕМЕ ДА ОБНОВИМЕ"!

Но, можеби покрај сето тоа, не би било на одмет ниту помалку важно дистанцирањето од криминалците. Да! - не присуствувајте им на нивните простачки оргии и изживувања во уништување на народниот имот насекаде низ Република Македонија. За нив ќе се погрижат македонските сили за безбедност. 

Господ да не сочува од луѓе, кои ни нудат ваква иднина.

НЕКА НАШИОТ ПЛОШТАД ПАК БИДЕ ПРЕКРАСЕН И ВЕЛИЧЕНСТВЕН ЗА СЕКОГО.

Си ја сакаме Македонија. Македонија е нашата Татковина.

За секогаш Ваш Сотир!

 ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 14 (24 јуни 2016)