ДЕЛО НА ПРОФЕСОРКАТА МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА И НЕЈЗИНИТЕ ШАРЕНИ ХУЛИГАНИ

 Сотир Гроздановски-Македонски

 ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ ЗА СЛОБОДА И ПРАВДА ИЛИ РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

23 јуни 2016 

Инвентивноста е дел од човековото вечно истражување и менување на животната средина. Незадоволството, пак,  е инструмент за подобрување и подигнување на успесите на повисоко рамниште до некое совршенство  во склад со животните потреби. Достигнатата рамнотежа на потребите со можностите, пак, е целта која секое општество си ја поставува во својот развој за одреден временски период. Сето тоа е развојна Програма на власта  и обвеза дека она што како избрани   претставници му го ветиле  на народот при преземањето на  власта во државата дека ќе го извршат, го потврдуваат со свечена заклетва во Народното Собрание.

Како што се луѓето далеку од совршенството, а потребите уште подалеку од можностите, резултатите се секогаш такви, какви се. Сите не се задоволни со она што го добиваат од власта која ја избрале, па  така,  секогаш има место за корекции и подобрувања. И тоа би се проголтало до колку намерите се чесни  и во полза на сите граѓани во државата.  

Протестите, како корективно средство со кои се бараат поарни  животни услови можат  да бидат секакви. Можат да бидат  мирни, цивилизирани, ненасилни со разбирање за можностите на заедницата, но  тие можат да прераснат во такви, какви ги имаме денес во Македонија : насилни, неконтролирани, каотични и на работ да прераснат во пресметка меѓу луѓето.

Дивеењето и уништувањето на народниот имот, кое трае подолго време во Република Македонија, е еден  вид на "граѓанска непослушност" насочена кон рушење на легално избраната власт заедно со  македонската држава како еден од целите на Соросовата доктрина за едно општество без национално, идентитетско и историско обележје на Македонците.  Значи целта на организаторите не е насочена само кон власта, туку и кон државниот имот и сите културни, национални и други идентитетски симболи  и обележја на Македонија, од витални интереси за опстојот на македонската државност како таква. 

"Шарената Револуција", во чии состав е и невладината организација "Протестирам", како додатна агресивна  сила на СДСМ во уривањето на легалната власт  е симбол за насилните протести од погоре. Таа е злосторничка организација  на  група граѓани финасирана од надворешни елементи и за туѓи интереси. Таа нема ништо заедничко со македонските народни и државни интереси. Таа има свои сопствени, егоистички интереси и им служи на надворешните фактори кои не и' мислат добро ниту на македонскиот  народ,  ниту на Македонија, како држава.

'Шарената Револуција" e платеничка организација на група  злосторници. Тие, како оружје во рацете на унгарскиот милијардер Сорош, збогатен на сомнителен начин за време на Втората светска војна, активно го подржуваат покретот за "новиот светски поредок" со уништување на малите и послаби држави ширум светот, меѓу кои и нашата држава, Република Македонија.

Начинот со кои се служат во својата "граѓанска непослушност" не е добронамерен и дозволено средство за постигнување на нивните прокламирани цели за демократска, социјална, праведна, слободна, просперитетна, самостојна, независна држава на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во неа. Спротивно од тоа. Тој е средство кое можи да се види дури од месечината, дека е непријателски акт против македонската држава, македонскиот народ и неговите витални национални интереси.

Уривањето на државните институции, нагрдувањето на државните објекти, уривањето на спомениците на македонските борци, кои ги вградиле своите животи во темелите на Македонија и понижувањето на безбедносните сили на тотално предизвикувачки начин до точка на вриење, а посакуван,   не е протест со кои се решаваат проблемите од било која врста.

Правење циркус и понижувачка претстава со фрлање на разни бои користејќи катапулти пред очите на граѓаните е понижувачки "спектакал" за цела Македонија. Кршење на скапоцени и важни споменици пред очите на толпа мирни и безчувствителни граѓани е срамотно. На такви граѓани кои не се солидаризират со  злосторствата на овие хулигани и непријатели на Македонија, не им е местото таму. Не им е местото таму, зошто со своето присуство им даваат подршка а на Полицијата и другите сили на безбедноста им оневозможуваат да си ја вршат својата работа. Затоа, оставете ги сами да дивееат и уништуваат, ако им држи, кога ќе се најдат сами, на чиста површина. 

Македонците кои си ја сакаат својата земја Македонија се должни да се борат за избори и таму да се изјаснат што сакаат. Каква држава сакаат. Сакааат ли демократска и самостојна  Македонија или  безимена и без идентитетска држава во која ќе се шета секој злосторник со чекан за кршење на македонските споменици и со кофа разни бои со кои ќе ги нагрдува зградите на државните институции, на културните установи, плоштадите, фонтаните...! 

На нас е да избереме каква држава сакаме. Државата е на Македонците и само тие имаат право да бираат своја власт на избори, а не со помош на разни пробисвети. Да, точно така.

Дури нашите војници ги бранат туѓите интереси на секаде по светот, нивните миленици ни креваат разни револуции во Македонија и не понижуваат, како да сме недоветни и хендикепирани.

Зарем такви ли сме?

За секогаш Ваш Сотир!

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards : Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 13 (23 јуни 2016)