Ирена Стеријовска - Антифашисткиња од "шарената револуција"

ИРЕНА СТЕРИЈОВСКА - ЗОШТО СУМ АНТИФАШИСТКИЊА

Пишува: Сотир Гроздановски

Ево зошто била нашата нова "sвезда" антифашисткиња : "Фашизмот е болест, вирус, кој повремено го напаѓа светот и го остава со тешки последици. Антифашист сум затоа што антифашизмот е цивилизациски имунитет, природна борба која сега треба да биде посилна од било кога. СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ ! Ирена Стеријовска".

Па да видиме. Можда е така, како што не учи другарката Ирена, која ја менува Историјата на Македонија со фарбање и уништување на се' што нејзе и на нејзините следбеници од "шарената револуција" и нивната не владина организација "Протестирам", им се чини за прав пат кон слободата и мирот. Се разбира, како тие ги сваќаат овие две компоненти на животот, во нивните искривени имагинации.

"Другарке" Стеријовска! Се нарекувате Антифашисткиња, зошто сте се бореле против Фашизмот во Македонија. Па ако го разбирам Фашизмот против кои вие се борите со уништување на се' што многу пред вас го изградиле правите антифашисти, кога ги тераа фашистите од Македонија и потоа ја створија оваа "Ќенеф" и при тоа "не демократска и фашистичка" држава, а да при тоа се' уште не сте во некоа плинска комора во која се борите за воздух, мислам дека е обратно. Мислам, дека баш вие и  некои други фрустрирани и неуспешни карактери, меѓу кои е и професорката Мирјана Најчевска, па Уранија Пировска, професорот Гордан Калајџиев заедно со Зоран Заев, како посебен случај за кого,  сепак, ќе се најде погоден лек, спаѓате во групата Фашисти и насилници над македонските граѓани и нивните човекови права.

Вие сте, "другарке" Ирена Стеријовска дел од тие фашисти, а не Антифашисти, кои ги тероризираат македонските граѓани, им го уништуваат заедничкиот подвижен и неподвижен имот, се сликаат со   кофи разни бои и четки,  кои им служат за уништување на националните симболи на македонската држава и гордоста на македонскиот народ. Се исмејавате, вие Ирена,  со силите на македонската безбедност кои ви овозможуваат со својата толеранција да се изживувате како недоветно дете, а да при тоа не добиете пендрек по вашите смрдливи задници. Зошто? Затоа што ве сметаат дека сте болни и недораснати за да ви дадат тоа што го посакувате. А вие, сепак, мислите дека  се плашат од вас и од вашата "шарена револуција".

Како е тоа јадно и мизерно, Ирена. Тоа ли се вашите Донкиховски фашисти со кои вие се борите? Или се тие ваши браќа и сестри со кои живеете заедно и кои  ве бранат од тотално истребување од тоа последно парче македонска земја, кое вие така наивно и простачки го уништувате и продавате за некоја кофа со боја.

Ако не ми верувате, погледнете се сами на сликине долу под текстов и ако имате и малку човекова гордост и достоинство, земете го своето огледало од вашите поранешни "перформанси", како ги нарекува  вашиот Зоран Заев, погледнете си го своето сопствено лице, плукнете си самите себе си во него и заминете во својата "ќенеф" држава некаде далеку и надвор од Македонија, зошто оваа земја не ја заслужувате. Одете што подалеку, заедно со своите примитивци, и умрите од срам. Се разбира, ако знаете што тоа значи.

Македонскиот народ се' уште се гордее со својата младина која ја градеше оваа Македонија. Кога навистина требаше. Се сликаше со лопати и колички за носење земја и камење со кои ја градеше Македонија. Таа ја изгради Македонија за вашите генерации да имаат кров над главите и под, под ноsете. Да имате вие што да рушите, другарке Ирена Стеријовска.

Ќе изградите ли и вие нешто со што ќе ве споменуваат идните генерации ? Или и понатака ќе оставате пустош зад себе од името на вашата "Шарена Револуција"? Уште колку споменици и згради што ги градеа младите генерации - вистински Антифашисти и вистински борци за слобода и самостојност на Македонија ќе останат чисти и неискршени по парковите и кеовите на реките и езерата?

Ќе им се вратат ли  главите на борците по парковите во Струга, дело на вашите партнери со кои заедно ја дезинтегрирате и поганите Македонија? Се сомневам!

Оф! Како срамотна е вашата "Антифашистичка" борба, "другарке" Ирена Стеријовска, да неможе посрамотна да биде.

Инаку, Фашизам е политички систем во кој владее правото на Диктаторот кој ги контролира работодавците и воедно работниците, а опозицијата е забранета. Но и секакви протести, се разбира мирни и достојанствени, а за вакви какви вие правите, можете да си замислите каде би воделе неизиниве последици.

Према тоа, поштована Ирена Стеријовска, вие живеете во демократска и народна држава во која вие дозволено многу повеќе од она што го заслужувате. А ако сакате уште и да ја преземете власта во неа, побарајте ја од македонските граѓани, а не од "меѓународната заедница". Излезете храбро на избори, понудете им своја поарна Програма, однесуваите се како културни и цивилизирани луѓе, чувајте го  она што сите пред вас го  оставиле, без обзир дали вам ви се свиѓа или не и почните да градите уште поубави споменици, згради за културни развој и образовни установи со светски стандарди, а не да ја враќате Македонија во темнините од минатото, со која управуваа вистински туѓински, ненародни, недемократки режими и кога навистина Македонија беше претворена во ЌЕНЕФ, во која живееа  само  Македонците.

Сакате да ја вратите Македонија во тие времиња? Е не ќе можите Ирена. Зошто не сте родени да бидете ништо повеќе и ништо поарно, од ЌЕНЕФ, во кои сте одраснале и сакате внатре пак да се вратите. Тоа го докажувате со вашиот кукавичлук и со барање нешто што не е демократски и што не ви припаѓа. 

Не е ли поарно со парите кои ги добивате од вашите работодавци да си купите макар понови фармерки, наместо да ја фрлате скапоцената боја по плочниците, спомениците, зградите на државните институции, во кои посакувате некој ден да седнете и да управувате со државата? Можеби да им дадете  нешто на сиромашните кои "гладуваат", а виe толку многу плачите за нивната судбина?

Е, па одете што побргу и што подалеку и што подлабоко. Не гледате дека ја засмрдевте престолнината на Македонија, а вие мислите дека светот ви завидува. Не гледате како другите земји во соседството ( Република Хрватска на пр. ) ги решаваат своите проблеми? Па во Парламентот! Тоа е демократска процедура а не со дивеење по улиците и загрозување на мирот на граѓаните кои се чудат што е, заправо, проблемот со вас.

Секако дека власта е сласт, ама некои треба да ви ја довери.

ЗАТОА, АЈДЕ СИТЕ НА ИЗБОРИ, ЗА НАРОДНИ ОДБОРИ!

АКО ВИ ДРЖИ!

 

Ваш Сотир Гроздановски  

18 јуни 2016 година

 

 

 

Ирена Стеријовска се брани од "страшниот македонски фашистички полицаец".

Ех, моја Ирена! Грешен занает сте избрале. И занего не ве бива!

Kind regards: 18 јуни 2016

Sotir Grozdanovski br. 12