Зоран Заев, струмички градоначалник и претседател на СДСМ заедно со својата заменичка, Радмила Шеќеринска, го фарбаат Собранието на Македонија, а "ЗОМБИТЕ" се радуваат.

ЗОРАН ЗАЕВ СТРУМИЧКИ ГРАДОНАЧЕЛНИК И ХУЛИГАН

Пишува: Сотир Гроздановски

Насловот на  текстов е контрадикторен самиот по себе си. Нели ? Не! Не! Тоа можи да се случи само во Македонија. Земја "не демократска" и "диктаторска", во која сите државни институции биле узурпирани, корумпирани од еден човек : Никола Груевски. Па да би се  поправиле работите во државата Македонија, со неговото сменување од челната улога во македонската Влада, ќе се вратела правдата и мирот во државата, а благосостојбата на граѓаните ќе се подигнела на повисоко рамниште. Но, само ако дојдат на власт,   "другарите" од СДСМ, на чело со нивниот лидер, господинот Зоран Заев. 

Можеби ќе беше и така, до колку членовите на оваа "најголема" опозициска партија имаа смелост, знаење и доволно љубов кон својот народ и својата држава. До колку не се полакомија по богатството кое македонскиот народ макотрпно го ствараше со години и векови и го топеше со крв на своите дедовци, татковци се' до наинови времиња.  Довербата е чувствителна работа, драги мои, како и неверството во бракот. Еднаш профучкана, за секогаш загубена. Штета што го потценивте својот сопствен народ, мислејќи дека е недоветен, како што сте вие.

Прикаската за сиромаштијата пак и пропаѓањето на Македонија е резултат на лошото водење на државата. Потоа приватизацијата и масовното оттуѓување на народниот имот уште  во првите години на осамостојувањето на Македонија од СФРЈ и уништувањето на македонското, колку толку развиено стопанство, те  фрлање на улица над 250.000 дотогаш вработени граѓани. И не само тоа, туку  заедно со губењето на уставното име, Република Македонија, уставното знаме, потоа одрекнувањето од Mакедонците во соседните држави и многу други "ситни" работи кои денес не влечат назад во положба на "банана" држава, со која светот се поигрува, како сака, се дел од причините, кои ги наведов.

И гледаите за чудо, сето тоа е "волшебно" дело баш на овие "ЗОМБИ", кои денес македонската држава и македонската нација  ја докусуруваат безмилосно и без грижа на совеста. Ја докусуруваат и тоа од темел. Потполно сотирање на идентитетот: Негирање на историјата, културата и сите белези од борбите за слобода, државност и тоа со ред, од древните времиња, до денешни дни. И за сето тоа го криват ВМРО - ДПМНЕ и ако и тие имаат доста масло на главите, но и сол, колку да не е се' не вкусно.

Но, сето тоа не се оправдани причини за да се дезинтегрира државата. За да се смени власта за која се смета дека не ја води државата во права насока, парламентарните избори се полето за натпревар. Па, коме опанци, коме обоици, да ја споменеме народната на нашите северни соседи.

Да се излезе машки на избори и во рамноправен натпревар да се добие довербата на народот за владеење со државата во мир и благосостојба, е правиот пат. Ако сум доволно јасен.

ВМРО-ДПМНЕ тоа го направи многу пати и му покажа на македонскиот народ дека сака, можи и прави нешто за Македонија и македонските граѓани, во границата на можностите.

На сите би ни било мило и вие од СДСМ да се свртите кон себе си, да се реформирате во вистинска напредна политичка партија, да подготвите програма за побрз и по арен напредок на нашата татковина и домовина, наместо да рушите се' пред себе и работите како слуги за надворешните непријатели.

Со сегашните квази лидери кои бараат помош од надворешните фактори за да ја преземат власта надвор од изборниот систем и волјата на македонскиот народ , а кои не се покажаа баш пријателски наклонети кон Македонија со десетици години и едвај чекаат да не снема, фајде нема. Од внатрешните лесно поткупливи политичари и други претставници на "интелигенцијата" и "кремот" македонски народот со право се дистанцира, особено од како си ги покажаа роговите како закрпи на "шарената револуција" предводена од разни излизани криминалци и од внатре и од надвор, нарочито од тајфата на т.н.т. злосторничко - терористичка организација "Канвас".

Свесни за правите накани на опозицијата предводена од СДСМ и недоветниот им  само наречен хулиган Зоран Заев, при тоа и градоначалник на прекрасниот македонски родољубив град Струмица,  владата на Македонија проба да му ги исполни детските желби. Но, по се изгледа, и тоа не му помогна да ја извлече својата партија од калта во која длабоко ја закопа , а и самиот себе си. Па продолжи со својата "шарена револуција".

Продолжи да дивее со своите  "ЗОМБИ", чудовишта, тек излезени од некои погани подземни скривалници, од кои на нормални луѓе, кожата им се ежи. Заедно со нив ја повлече и СДСМ и и' ја одзеде можноста да се нарекува македонска, способна и достојна да ја води македонската држава во поарно утре.

Инаку, господинот Зоран Заев, како избран од струмичани за нивни градоначалник и заштитник на македонската држава и интересите на македонскиот народ, со злосторничкиот положај во кој самиот себе се стави, е срам прво за граѓаните на Струмица, а после и за цела Македонија. За своето недолично, примитивно, криминално и не цивилизирано однесување, не ја заслужува довербата на своите сограѓани. Заслужува опозив од чесната државничка служба и земање на најстрога одговорност од надлежните институции на македонската држава, дури не е предоцна. 

Со своето отворено непријателско однесување во и надвор од Македонија, ги срамите чесните жртви на Струмица кои за оваа Македонија ги положија своите млади животи. А тие се, меѓу многуте други и петте млади студенти недолжно убиени на 13 август 1951 година .

Што е многу, многу е. Дури и за македонскиот народ, кои е навикнат на вакви неправди и понижувања. Ама понижувања од своите предавници и слуги на "меѓународната заедница" за пари и кофи со разни бои за фарбање на плочниците и уништувањето на убавините кои се скапо платени, е болно и непростиво.

Што е тоа што луѓето ги тера да кренат рака на својот сопствен народ, на својата држава, да ја уништуваат државната имовина која во повеќето случаеви ја симболизира националната историја, култура, благодарноста на народот кон своите национални борци за слобода, државност...??

Зошто во такви противнародни настани предначат луѓе со академски титули, професори, доктори, архитекти, инжињери...? Да постанат насилници човекомрзци, културо мрзци, историја мрзци и огнено да следат луѓе со ниски интелектуални и криминално - злосторничики особини како на пример господинот Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Ирена Стеријовска, Мирјана Начевска, Уранија Пировска, Љупчо Георгиевски, Љубомир Фрчковски, Гордан  Калајџиев и редица други од академската средина на Македонија ?.

Зошто ги уништуваат институциите на својата сопствена држава, наместо огнено да ги бранат од внатрешни а уште посилно од надворешни непријатели? Зошто? Зошто? Зошто? Знае ли некој одговор на овие прашања?

Зошто уништување на инфраструктурата на земјата, културните споменици и зградите за да се докаже  не задоволство со некој корумпиран политичар или цела власт, кога тоа може да се постигне со мирни и достоинствени протести и демонстрации и без платеници од надвор? Зошто не со избори, ум и знаење, а пред се со висока политичка и цивилизациска култура ?

Дали струмичкиот  градоначалник, Зоран Заев, има машка храброст да го нагрди, оштети и со разни демонски бои на "шарената револуција" го оскрнави и споменикот на петте трагично загинати средношколци и храбро, како во Скопје, да се појави пред нивните родители и роднини а де не умре од срам? И тие пет млади струмичани се дел од плејадата борци за слободата и независноста на ова парче македонска земја кое така лесно и со длабака омраза истиот тој Зоран Заев го продава, разградува и бездушно уништува.

Граѓаните на Струмица ќе знаат злосторствата на овој монструм во право време да ги препознаат и да го наградат со одземање на слободата да ги манипулира и со нивна добронамерна дозвола да владе со нив.

Правдата е спора, но и на овој злосторник ќе му легне околу вратот, кога ќе му дојде времето.

 

Ваш Сотир Гроздановски

09 Јуни, 2016 година.

 

 

Kind regards : 09 јуни 2016

Sotir Grozdanovski br. 10