ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ДИКТАТУРА

Пишува: Сотир Гроздановски

Така наречениот "нов светски поредок" се шири по светот како чума и ги голта државите една по една. Ги голта како во нив да живееле Бизони, а не луѓе со свое минато и свои традиции, градени со миленија. Ја заменува демократијата со диктатура, во која националните култури и традиции постануваат аморфни маси на нешто од минатото што треба да се заборави и да се започне животот од почеток и по волјата на луѓе, на кои им е профитот над се'.

Само пред не' многу години народот се чудеше со најавувањето на овој планетарен поредок, замислен во главите на група светски моќници и луѓе кои  контролираат над 90% од светското богатство, но неможеше да поверува дека е и тоа можно. Неможеше да верува дека е и тоа можно, но најповеќе како сето тоа ќе се постигне и со какви средства. 

Со "спонтаната народна" револуција во Либија и ликвидирањето на тобожниот "диктатор" Гадафи кои "насилно" на својот народ им даде бесплатно здравство, школство и пристоен стандард на живеење во мирно општество  , светската јавност малку како да се тргна од сонот, но не се разбуде да види што остана од тоа. А остана до ден денешен каос во државата и урнатини на секаде, но што е најважно, ништо од ветената "слобода и демократијата" : останаа  купишта од убиени мажи, жени, деца, стари, млади,  браќа и сестри, изурнати градови и села, бегалци на секаде без надеж на повраток во своите домови, кои ги нема повеќе.

И така натака со ред од Либија, Египет, Ирак, Авганистан, Палестина, Украина, Сирија и сега и' дојде редот на нашата Македонија да му го види аирот на демократијата со така наречената "обоена револуција" во режија на лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев, Европската Унија,  пошироката Меѓународна заедница и на крајот, "стратешките партнери" на Македонија.

Безпредметно е да ги набројуваме сите фази на "благосостојбата" од осамостојувањето на нашата Татковина  до доаѓањето на власт на ВМРО- ДПМНО, зошто резултатите ни се познати. Но ни се познати и резултатите на новата власт легално избрана од мнозинството на граѓаните на Македонија, со сите добри и не така добри резултати до "обоената револуција", која  се' уште трае и ги покажува своите деструктивни резултати. Своите деструктивни резултати и закани со граѓанска војна и жртви, спрема зборовите на професорот Гордан Калајџиев од правниот факултет " Јустиниан Први ", за што пишувавме пред некој ден. 

Сите чесни луѓе се радуваа дека на политичката криза во Македонија вештачки и злонамерно створена од истата таа партија, СДСМ, ќе и' дојди еднаш крајот со избор на нова власт во државата, ма било која и да биде, само да биде легално избрана од народот на Македонија. Меѓутоа, кога опозицијата виде, дека лошо и' се пишува и дека народот не ги сака за водачи на македонската држава и дека на било кои редовни или вонредни избори нема да добијат легалитет за водење на државата во позитивна насока, се обратија до своите финансиери и творци на разни "обоени и огнени " револуции за помош. 

И навистина, тие одма ги послушаа: им дадоа зелено светло да бараат одложување на изборите за 24 април 2016, па потоа за почнување на " обоената " деструктивна револуција со уништувањето на спомениците на македонски револуционери и творци на македонската држава од древни времиња до денешни и на крајот до одложување на изборите од македонското Собрание закажани за 5 јуни 2016, како последна нада на народот за мирна разврска на кризата во државата. 

Од сите овие нечесни игри на СДСМ и нивните сателитски пријатели, заедно со партиите на Албанците кои со тоа ќе си го бараат својот дел со федерализацијата која им ја понудува Зоран Заев и СДСМ, ако ја добијат власта во Македонија, се гледаат намерите и на меѓународната заедница, како срцевина на "новиот светски поредок".

Има ли адекватни човекови сили на Земјава кои уште си ја сакаат  Слободата и мирното живеење во своите исконски држави да му се спротивстават на злото кое урива се' пред себе, небирајќи средства?

Има ли Република Македонија доволно сила да се одбрани од своите внатрешни  и надворешни непријатели и си овозможи мирен и просперитетен живот? Ако има, тогаш на демократијата не му е алтернатива ДИКТАТУРАТА НА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ, од Струмица.

 

Ваш Сотир Гроздановски  

17 мај 2016 година.

 

 

Kind regards: 17 мај 2016

Sotir Grozdanovski br. 04