СВЕТЛАНА БОЖИНОВСКА И СТОЈАН АНДОВ

 

 Сотир Гроздановски-Македонски

СТОЈАН АНДОВ И НЕГОВИТЕ "БИСЕРИ"

 

24 мај 2016

Како што архитектот, Ѓорѓи Костадиновски, со своите недоветни и сенилни закани дека ќе ги отстрани сите новоизградени споменици низ Македонија, зошто со неговата визија за архитектурата немале ништо заедничко,  претставува културна катастрофа, така и Стојан Андов со своите неодговорни и површни толкувања на состојбите во македонската држава  претставува кочница и опасност по опстојот и нејзината безбедност. 

Овој македонски политичар, од времињата што се зад нас, на 22 април 2016 година беше гостин на порталот 24 Вести и политички анализи. Со своите толкувања на хаотичните настани во режија на СДСМ и лично на нивниот претседател Зоран  Заев, пред македонската и светската јавност докажа дека е надвор од реалноста и дека злонамерно ги измешал работите. Дивеењето на хулиганите од "шарената револуција", платени од Соросовата фондација во Македонија со цел да ги истребат симболите на македонскиот национален идентитет низ Македонија,  тој ги карактеризира како легални и праведни и дека требале да продолжат.          

Мирните контрапротести пак, спротивно од насилните на "шарената револуција" и СДСМ, ги третира како  кочница на "прогресот"  и новата слобода која ни ја нуди Зоран Заев, "меѓународната заедница" и Европа, терористичките наезди на албанските фашистички групации како борци за човекови права, а пак македонската  легална влада,  како ненароден режим, кој по секоја цена треба да се сруши.

Па зарем ваква личност, претставена од водителката Светлана Божиновска како искусен политичар, дипломат и прв Претседател на македонското Собрание,  со вакви   изопачени сфаќања заслужува промоција пред македонската и светската јавност? 

Со  злонамерните критики на актуелната влада на Република Македонија, нарекувајќи ја ненародна и неговата  перцепција за страшната судбина на Македонија која и' претстои доколку не ги следела советите и упатствата на надворешните моќници, тој создава уште поголем немир во животите кај обичниот македонски човек, но и чувство на очај и безперсективност, што е и крајната цел на сета оваа заврзлама и околу наметнатиот проблем со името и приемот во ЕУ и НАТО, како мамци за отстапки и самоуништување.  

Се што е направено во земјата за време на актуелната влада е направено со туѓи пари, со кредити од меѓународните финансиски институции. Вели Стојан Андов! А бидејќи контрола над нивната работа имаат нашите "стратешки партнери и доказани пријатели", тие можат да секнат во секое време и ние сме готови. Се разбира, ако не ги слушаме, пак, нивните "добронамерни и пријателски" совети, а кои пак водат кон приемот во ЕУ и НАТО, некогаш во некоја иднина. Нивното мешање во внатрешните работи на Македонија, како што велат некои кругови од власта, се добронамерни и во полза се на државата и народот, како и олеснувањата во трговинската размена итнт.  Прекинувањето на добрите односи со нив, би ни донело многу лоши работи за сите нас, а тоа овие луѓе него разбираат. Затоа треба што хитно да си одат и да дојдат на власт некои други луѓе, кои си ја знаат својата работа. Инсистира , човеков. А кои се тие други луѓе кои си ја знаеле работата и на каков начин би се скрасиле во фотељите на министерствата и другите институции на македонската држава, тој ич не ни зборува. Ама ние сите тоа го знаеме : тоа би биле некои "стручни" и чудни луѓе за кои народот никогаш не слушнал, а ниту ги познава, би работеле за оние пријатели со кои нашиот Стојан не плаши, слично или исто, како во нашето соседство.

Ах! За малку ќе заборавев да го потсетам Андона,  белким тој знае како поранешен Претседател на македонското Собрание во минатото на македонскава држава.

Кога се земаат кредити од официјални финасиски институции се одредуваат ли и посебни казнени клаузули со кои ги обврзуваат своите клиенти на посебни отстапки во поглед на самостојноста, суверенитетот, идентитетот, немешањето во внатрешните работи  како што е случајот со Македонија? И тоа како средство на уцена? Мислам дека македонскиот народ заслужува и тоа да им го кажете, а не да ги плашите со некои си ваши измислени санкции-казни кои баш на такви злостоторници како вас и вашиот СДСМ со право им припаѓаат. 

И така разговорот си течеше како да беше кампањски и предизборен, ама без избори. Па и во старата заедничка држава постоеше некој изборен систем кои се почитуваше и се избираа познати луѓе од народот, а сега? Барем поранешните "комунисти" би требале тоа да го знаат а не да бегаат од нив како ѓаволот од темјанот. Бегаат еве два пати " на 24 април и на 5 мај 2016 година, зошто пак немало услови за "фер и праведни" избори. 

Кога би оделе и подалеку со наводите од овој, в'сушност монолог на господинот Стојан Андов, не би сознале ништо повеќе од реченото, а што на македонскиот народ не му е познато од порано.

Ево на пример, уште на почетокот својот монолог го започна вака : "Оваа ненародна влада на Никола Груевски на секаде се фали дека гради и дека има инвестиции за вработување и за подобрување на животниот стандард на луѓето, пензиите редовно ги исплаќа и ги зголемува, итнт., што воопшто не е важно, зошто се занемарува стопанството а и сето тоа  се прави со туѓи пари, што го зголемува, пак, националниот долг и со тоа ја туркаат државата во пропаст. Тоа треба да престане зошто со влошувањето на односите со нашите стратешки "пријатели" вентилите можат да се затворат и ќе се затворат и тогаш ќе биде навистина лошо. Нема да имаме пари за исплата на пензиите и платите на вработените во државната администрација и другите служби од општ интерес за граѓаните итнт.."

Е,  господине Андов, па вие навистина ја претеравте работава. Како да живеете во средниот век или уште по назад, кога луѓето немале развиен систем за финасирање и берење лихва, туку се служеле со трампа на роби. Па зарем тие финасиски институции кога даваат кредити не им ја знаат кредитната способност на кредитобарачите? Па тие живеат на плеќите на оние со кои работаат. Ама е во друго работата, господине Андов. Стравот бостан чува! А вие со вашите сојузници упорно на тоа работите како би им нашкодиле на Македонија, да им го промените идентитетот заедно со името, да ја федерализирате македонската територија а подоцна и отуѓите ( само ако ви дозволи народот пред да побегнете некаде од Македонија каде ви се украдените пари од приватизацијата, арамилакот и провизиите за вашите услуги ).

Овие ваши "бисери" и мудрости кои досега ги редевте се доволни   читателите на овој текст да ја сфатат суштината на вашето 50 минутно диванење и пораките кои сакавте да му ги испорачате на својот, мојот и нашиот народ, во Македонија и на секаде во светот. 

Народот ве слушна, ве виде и адекватно сите заедно ќе ве награди, кога времето ќе дојде за наплата на долговите. А до тогаш, слободни сте и понатака да продавате некои нови "бисери", ако некој сака да ги купи.

 За секогаш, Ваш Сотир! 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards : Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 06 (24 мај 2016)