Ендру Пејков ( Endrew Peykoff ) и Ивона Талевска

"ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА" СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА ВЕЛИ ЕНДРУ ПЕЈКОВ

Пишува: Сотир Гроздановски

Крвта не е вода, вели старата народна поговорка. Таа е чувство, кое македонските иселеници најубаво знаат да го изразат со редовното враќање во Македонија, својот стари крај и својата Татковина, за да ја прегрнат и ја почувствуваат нејзината мајчинска топлина. Да си ги посетат своите родни места во кои за прв пат го слушнале мајчиниот македонски збор, ја слушнале убавата македонска песна , се изнаиграле со своите другарчиња и за прв пат загрнале и се вљубиле во некое македонско девојче. Со еден збор, да си ги наполнат батериите, како би рекол нашиот покоен Тоше Проески, да се вратат назад од каде дошле и го продолжат  животoт до идното враќање, или за секогаш скрасување во земјата, во која се родиле.

Еден од таквите вљубеници во својата и нашата Македонија е и господинот Ендру Пејков, кој со радост пристигнал да ги види македонските убавини, но ќе се врати назад во Америка тажен од глетката која го пречекала пред Портата Македонија во Скопје. Нагрдена, посрамена, демолирана, без нејзината убавина и национална гордост, дело на македонските хулигани и нивните детски играчки, несомнено го исполнија неговото срце и со тага и вистински шок.

Кој можел да крене рака на таа убавина која ја презентира македонската  историја од древни времиња до денес? Кој бил толку гневен на македонската култура и на самиот себе си та да се осмели на такво големо злосторство? Си поставил како прашање сам за себе, нашиот гостин и сонародник, од Америка. Па затоа се одлучил, а на покана на Сител ТВ од Скопје да разговара за таа несреќа и многу други прашања кои искрено го трогнале при средбата со земјата, која дошол да сија види и да се нарадува на нејзиното се' уште постоење, горда и силна во својот дух : Македонија.

Средбата се случила на 29 Мај 2016 година со нашата позната новинарка Ивона Талевска, која го погости својот соговорник со добредошлица и угодна насмевка, за почеток. Инаку, Ендру Пејков ( Endrew Paykoff ) е успешен бизнисмен од Соединетите Американски Држави, со  потекло од Егејска Македонија. Тој, како и многу други наши собраќа, навратил во Република Македонија да види, што прават браќата по крв и да ги  почувствува убавинити на земјата македонска, едино слободно парче останато после делбите што настанаа без прашање и дозвола од народот македонски.

Бидејќи содржината на разговорот е актуелна и интересна за сите Македонци, било каде и да се, се одлучив да ја пренесам во мојов текст во целост. Да ја пренесам, за да се види  вистината за настаните во Република Македонија создадени во последните две години, а иницирани и спроведени на најбрутален и не примерен начин, до сега непознат во животот на македонскиот народ.

Да ја пренесам вистината како ја гледаат луѓето од надвор, доидени внатре во врелото на настаните. Во центарот на злото и омразата, корупцијата, желбите за власт без избори,  пари и  угоден живот, без работа.  Во центарот на светот, во кои посилниот "преживува", врз плеќите  на послабиот. Во центарот на светот, во кои се вклучени луѓе,  кои со своите слабости му ја продадоа светлината на мракот. Во центарот на СДСМ и "шарената револуција" предводени од "кремот" на интелигенцијата и образовниот систем во државата, кои заменувајќи ја демократијата со анархија и фашизам, уриваат се' пред себе што е споено со културата, историјата и идентитетот на својот народ, во што спаѓаат и државните институции, како темел на власта и безбедноста на граѓаните.

Ете зошто го пренесуваме содржајот од овој разговор со еден виден Македонец и гостин  од Америка и зошто е тоа значајно за нас . Значајно е пред се' затоа, зошто овој разговор со еден очевидец на вистинските немили и застрашувачки настани, во кои се замешани и странски интереси, ќе придонесе за поарното согледување на причините но и поблиско запознавање со актерите кои безмилосно   ја уништуваат   државата и ги загрозуваат  животните интереси на својот сопствен народ.

Значајно е пред се' и затоа, што господинот Пејков е во блиски контакти со многу наши луѓе во Америка и Канада и е во можност, искрено  и објективно да им ги пренесе своите лични импресии од штетата  која имаше прилика од близу со своите сопствени очи да ја види и со своите сопствени уши да ги слушне викотниците и беснеењето на учесниците во "шарената револуција", дело на непријателите на Република Македонија.

А сега, да почнеме.

ИВОНА ТАЛЕВСКА:

"Господине Пејков, добредојдовте во Македонија и Ви благодарам за разговоров". 

Со овие зборови водителката Ивона Талевска го поздрави гостинот и одма продолжи, како следи :

"Вие сте Македонец, меѓутоа и Американец. Јавноста малку знае за вас, па можеби овој разговор е поволна прилика за тоа. Па да започнеме прво со едно  кусо претставување. Потекнувате од Македонија. Вашите родители се од егејскиот дел на Македонија. Татко сте на осум деца, 16 фнуци и еден од најуспешните сте бизнисмен не само во САД, туку и во светот."

На ова гостинот се насмевна со искрено задоволство на лицето и ја започна својата животна прикаска, слична со прикаските на многу наши луѓе   во светот, што не опкружува.

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Добро, родителите ми беа родени во егејскиот дел на Македонија. Татко ми, емигрира во Америка за време на Првата балканска војна во 1912 година. Имаше само 18 години. Во родниот крај се врати за прв пат после 15 години , за да се ожени со мојата мајка. Тоа беше 1927 година. Ние сме големо семејство и сакаме да имаме повеќе деца за да ни, белким, биде по весело. Татко ми имаше 7 деца, а јас 8 деца. Едно е родено овде, а другите се родени во Америка. Во времињата кога го започнавме семејниот живот, во Америка, бевме сиромашни. Слично како и многу наши кои започнуваат од ништо. Но никогаш не бевме заплашени од тоа, туку горди на тоа што сме и секогаш со надеж во иднината, пред нас. Родителите не учеа да бидеме трпеливи,чесни, да работиме што е можно повеќе, да штедиме и така своите животи да ги направиме поарни. И тоа се покажа како прав пат кон успехот, кои денес ни го прави животот поарен од оној, што го имавме во почетокот. Важно е човек да има прилика и добра волја за работа. Македонија е мала земја, ама правилата се исти - работа и штедење."

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Нашата Влада многу работи да ги зголеми странските инвестиции во земјава. Да отвори повеќе фабрики а со тоа и повеќе работни места за граѓаните, со што ја смалува невработеноста и сето тоа во склад со европските стандарди. Меѓутоа, во последните две години Македонија се соочува со најголемата политичка криза од осамостојувањето. Бевте во главниот град Скопје. Видовте што се случува со демонстрациите на "шарената револуција" и нивниот начин со кои ги уништуваат спомениците од проектот Скопје 2014 и сите новоизградени згради. Што мислите за тоа?"

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Искрено да Ви кажам, бев шокиран од глетката кога стигнавме во Скопје и поминавме покрај убавата Порта Македонија или Триумфалната Капија. Сета извалкана со разни бои, нагрдени релјефи од македонската Култура и Историја. Неможев да верувам кој и зошто тоа го прави. Зошто некој сака да ги уништува сите овие убави споменици. Зошто? Се прашувам! Тие се нашата култура, нашата гордост. А сега со тие страшни графити и разни бои .... Па тоа е неизбришлива срамота. Тоа не е во битието на Македонецот. Македонците градат а не уништуваат. Ние сме работлив и чесен народ. Од каде сега ова меѓу нашите луѓе?"

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Секој има право да го изрази своето незадоволство и своето мислење. Па дури и преку протест. Меѓутоа, овде се уништува државен имот. Вие, господине Пејков, како човек кои доваѓа од средината на западната цивилизација каде владее демократија, право и ред, што им порачувате на учесниците во "шарената револуција" во Македонија и на демонстрантите" ?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Ако го прекршите Законот, ќе  ја платите цената за своето чинење. Ако сте криминалци, нечесни и неискрени луѓе кои уништуваат приватен и јавен имот, несакам да имам ништо заедничко со такви луѓе. Сакам само добри, чесни и работни луѓе околу мене. Треба да правиме добри работи за луѓето кои ги сакаме и познаваме и ги делиме истите проблеми кои ги носи живото со себе. Сите незадоволства да ги решаваме по мирен начин и во институциите на власта избрана од народот. Луѓето не треба да ги учиме да уништуваат и растураат, ами заедно да ги решаваме проблемите и заедно да градиме поарен живот. На моите пријатели им реков, гледајќи ги така спомениците извалкани и оштетени, дека јас сум подготвен да го платам нивното чистење и доведување во ред како што си беа. Но знаете што тие ми рекоа? Тие пак ќе ги искршат и ќе ги извалкаат! Па ставете полиција да ги чува. Заштитете го нашиот заеднички имот. Тоа не е само нивно. Тоа е наше заедничко. Белким еднаш ќе сватат дека тоа не му донесува на никому корист. Тоа ни штети на сите нас и срамота е за секого од нас и ако не сме сите како нив. Светот го гледа тоа и се гнаси од такви работи. Тоа не е македонска работа и нема да го дозволиме во нашата Македонија, која едвај ја створивме со многу пролеана крв и во околности многу по тешки и од оние кои ги преживееле поголеми од нас".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"До колку ова би се случувало во Америка, во Вашингтон, на пример, пред Белата Куќа, некој да се обиде со боја да ја оштети и да ја измачка до непрепознавање, како би реагирале тамошните власти"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Тоа е барем лесно. Ќе беа уапсени на лице место и највероватно ќе беа затворени. Но после и судени. Не! Ние не правиме такви нешта. Има графити, но никој не би се осмелил или би бил толку наивен да го прави тоа. Да оштетува јавен имот и да мисли дека само така ќе се извлечи без казна. Незнам зошто е тука дозволено да го прават ова масовно оштетување во цела Македонија и да никој не одговара за тоа. Ова не смее да се дозволи. Ако еднаш стани пракса, секогаш ќе се поновува и земјата ќе се претвори во џунгла во која ќе владее безвластие".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Во овие неколку денови се уверивме, дека лидерот на опозицијата, која не е ниту опозиција зошто никогаш не е во Собранието каде се решаваат проблемите во државата туку секогаш на некои протести и прима плата од народот, а во едно и градоначелник на градот Струмица, им се придружи на демонстрантите и учествуваше во уништувањето на спомениците и објектите од проектот Скопје 2014. Вие, господине Пејков, што би му  порачале"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Заев? Се надевам дека исправно ќе му го изговорам името, Зоран Заев, е лидер на една политичка партија и оштетува јавен имот? Како е тоа можно? Тој е лидер на политичка партија и при тоа градоначалник, избран од граѓаните. Како можи градоначалник на град да оштетува државни објекти за кои се заколнал дека ќе ги заштитува , во согласност на законите на државата Македонија? Па тој е претставник на државната власт кој има должност да ги заштитува и да ги почитува законите. Јас тоа не го разбирам. И при тоа да им се заканува на органите на безбедноста - полицијата? Тоа никогаш не би се случило во Америка. Такво лице би  било одма санкционирано и приморано да даде оставка и земено на одговорност. Такво лице во тој случај ја повредува довербата на народот кој го избрал да им служи, а не луѓето да ги води во уништување на јавниот имот охрабрувајќи ги дека "тие" не ни можат ништо. Тоа е недопустиво, без обзир какви му се мотивите, тој не смее да уништува ниту приватни, а камо ли јавни имоти. Јас незнам, ама можеби тој човек не размислува нормално и во склад со законите. За мене тука нема логика. Па тој господин Заев, во тој случај е обичен злосторник и криминалец. Првото правило во едно цивилизирано општество е да имаме Влада, за да се почитуваат законите. Во спротивно што е тоа? Анархија! Па затоа постојат законите да се почитуваат. Ако не се почитуваат, затоа имаме Полиција да ги апси прекршителите и да ги судат судовите. И то е тоа. Така се работи во Америка".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Во Македонија имаме многу страни претставници, амбасадори, кои премногу се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија,  се ставаат на страната на демонстрантите и ги охрабруваат во нивните деструктивни работи против власта. Која е вашата порака до нив"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Можеби треба да им дадеме кофи со вода и сапун и да им кажеме : 'Ако толку многу не сакате и имате желби да ни помогнете, тогаш ево, па исчистите ги спомениците и зградите. Не сакаме да ги охрабрувате луѓето за да ги оштетуваат државните имоти. Ако го правите тоа, не сте ни потребни во нашата држава. Имаме доволно проблеми со кои треба да се занимаваме и без вашите охрабрувања на лошите и злонамерни демонстранти да ни ја рушат државата и неизините имоти.Таква помош не ни е потребна од никого, а ниту од вас'. Верувам, дека после таква замерка од надлежните органи, би си ја вршеле работата за која се испратени во Македониа - да бидат претставници на својата држава во друга суверена и самостојна држава, а не да предизвикуваат разни револуции. Тогаш ќе не почитуваат, многу повеќе".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Еве веќе десет години опозицијата ги губи изборите и секогаш инсистираат да влезат во власта без избори, а при тоа странските претставници, заедно со Европската Унија, и ако ние несме ниту во неа, а ниту во НАТО, ги подржуваат и успеваат, со разни закани и санкции против Владата. Што да правиме во оваа ситуација"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Тоа не е легално. Не, неможете тоа да го дозволите. Ово е слободна земја и секој има легално право да се натпреварува ако сака да ја води Државата. Спроведете политичка кампања и ќе видите дали народот се сложува со нивните идеи. Тоа е владеење на правото. Кој ќе победи со повеќе гласови, тој е победник. Но, неможе да водите земја без Влада. А што се однесува до странските претставници, тие не се дојдени за да ви одредуваат кога или какви избори ќе имате во Македонија. Народот е тој кој одлучува за сите работи во својата држава. Ако им го дозволите тоа, тие се во состојба и да ве истераат од вашите сопствени домови. Како што и го прават некаде другде".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Со оглед на фактот дека потекнувате од егејскиот дел на Македонија, каков е вашиот став по прашањето за името, по проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име Република Македонија"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Не сум политичар, но необично ми е Македонија и нашиот народ да слуша било кого кој не е Македонец, да ни кажува како да се викаме и кое е нашето име. Нашето име е наше име и тоа е само наша работа од најинтимен национален карактер и на никој друг. Тоа е нашето име, а ова е Македонија од секогаш и за секогаш. Знаеме дека северниот дел од Грција беше македонски. Тамо се родени моите родители и нивните родители и тнт. Кога тие се родија, тоа не беше Грција, туку Македонија, кој им е против сите правила и цивилизациски однесувања даден на Грција. Јас никогаш не сум разговарал со никого кој има добро образложение зошто 51% од Македонија им се дадени на Грција, кој никогаш во историјата не бил нејзин, туку обратно. Грција била под власта на Македонија. Никој не ги прашал Македонците да ли се сложуваат со тоа. Делителите  на Македонија никогаш не ги прашале моите родители дали сметаат дека е тоа добра идеа да ја дадат својата земја на друга земја, туку само го направија тоа".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"Како ја гледате Македонија во иднина"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Македонија е убава земја со убави луѓе, со прекрасна храна и вкусно вино. Има добар раст на бруто производството. Повремено ми испраќаат податоци за зголемување на вработеноста, дека производството и извозот се зголемуваат.. Сето тоа е охрабрувачко. Слободното претприемништво функционира, капитализмот функционира. Функционира и во САД и во Македонија. Всушност сега функционира поарно во Македонија. САД би можеле да учат од Македонија како ниските даночни стапки функционираат. Разбрав дека македонската Влада собира повеќе приходи со пониски даночни стапки, отколку со повисоки. Причината е во тоа, што пониските стапки се стимулативни за стопанството и нивното работење. Можеби тоа ќе се случи и во САД по следните избори во ноември 2016 година со изборот на нов Претседател. Да бидеме живи па да видиме".

ИВОНА ТАЛЕВСКА :

"А што ги советувате македонските граѓани. Господине Пејков"?

ЕНДРУ ПЕЈКОВ :

"Останете со вера во себе и своите способности, работете поарно, изберете добри и одговорни функционери, од политичка гледна точка, кои ќе ја водат Македонија во добра насока. Јас не сум политичар. Инсистирајте јавните функционери да ги извршуваат работите за кои се избрани. Ако не ги извршуваат, на следните избори гласаите за некои други, кои ќе работаат во ваш заеднички интерес и ќе ви одговараат само вам, народот македонски. И на крајот, работете добро и штедите за кога не ќе можите да работите, во што може позитивно  да Ви послужи и Филозофијата на моите родители :

"Дека кључот на патот кон среќниот живот се состој во добрите семеини вредности, во цврстите и чесни работни навики и штедење за вашата иднина. Потоа, што и да започнете во животот, не се предаваите. Стоите вработени, вршите ја својата работа сами и упорно. Не чекаите помош од никого, зошто проблемите ни се пријатели на нашиот пат кон среќата, успехот и животните задоволства".

ИВОНА ТАЛЕВСКА : "THANK YOU VERY MUCH, MR. PEJKOV".

ЕНДРУ ПЕЈКОВ : "WELCOME IVONA".

 

Ваш Сотир Гроздановски  

05 Јуни, 2016 година 

 

 

 

 

 

 

 

Kind regards : 05 јуни 2016

Sotir Grozdanovski br. 09