ВИНОТО КАКО ЛЕК

Пишува: Сотир Гроздановски

През месеците, неделите и деновите што ги оставивме зад нас и премногу се зборуваше и пишуваше за политичките настани во земјата, за хулиганите на СДСМ и поганиот Сорос. Се нижеа чудни слики на настани кои ги полнеа нашите души со срам, тага и омраза. Но, тоа не им сметаше на учесниците во "Обоената Револуција" да ја продолжат својата нарачана и погана работа. Без никаков срам и намус, а камоли грижа на совеста ( до колку воопшто ја имаат ), ги уништуваа спомениците, фонтаните, парковите, зградите на државните, културните, образовните и незнам кои se' уште институции. Тие, со боите на своите демони низ градовите на Македонија ги обезвреднуваа лицата на хероите од сите полиња на човековата цивилизација  и со тврди предмети ги кршеа деловите на нивните тела, како да сакаа да се насладат од нивната крв, веќе одамна испиена од замјата, за која ги дадоа своите животи. 

Многу македонски патриоти и чесни луѓе кои си ја сакаат Татковината,  заедно со оние  кои Македонија ја сметаат за своја домовина, со надеж гледаат во иднината и очекуваат мир да завладее меѓу луѓето, кои несвесно се уништуваат себе си и својата Држава, за туѓи интереси.

По втор пат волјата на народот за нови избори и формирање власт по негова мерка не е испочитувана. По втор пат домашните и надворешните непријатели му ја фрлија својата валкана ракавица во знак на предизвик на двобој и недобија одговор. Но тоа не значи, дека македонскиот народ  ќе го заборави срамот кои му е нанесен во време на неговата слабост и во време, кога може да се загуби повеќе, од срамот кои мора да го поднесе. 

Се' во свое време. Македонија претрпела многу навреди и неправди, па и ова ќе помине, како што и дошло. Сите големи Империи се изгубиле во прашината на Историјата, само името и народот македонски останал вечен до ден денешен.

Пред силата и боговите трпат и си го чекаат своето време за одговор. Секоја школа се плаќа, а злото, како бумеранг, се враќа.

*****************************

 

Ова што во горниот текст го рековме беше само толку, колку да се потсетиме дека нешто се случило низ времето што поминало и, секако, оставило некои траги кај секого од нас. Но, тоа незначи, дека животот престанал да ни дава и други задоволства, за кои треба да сознаеме нешто повеќе.

Ќе продолжиме на кусо за виното, како лек.

 

*****************************

 

ВИНОТО КАКО ЛЕК

Винарската визба "ТИКВЕШ" од Кавадарци, деновиве во Скопје организира научна конференција под наслов : "Влијанието на умерената конзумација на вино врз здравјето - истражувања и докази". Како гости беа присатни Сабина Псамонти, експерт за молекуларна исхрана од универзитетот во Трст, Италија, Клемент Лисјак од земјоделскиот институт на Словенија, потоа Виолета Иванова Петропулос од земјоделскиот институт при универзитетот "Гоце Делчев" Штип и Игор Илиевски, генерален директор на "Тиквеш". 

Во своето излагање, директорот Илиевски ги запозна присутните со целта на оваа расправа и рече: .....  "Научниците од земјава и странство ќе ги презентираат доказите за благотворното влијание од умерената конзумација на вино врз здравјето на луѓето, притоа  изразувајќи уверување, дека пораките од оваа конференција ќе ги поттикнат  повеќе да се информираат за тоа, како да го заштитат и унапредат своето здравје преку соодветен избор и одговорна конзумација на квалитетни вина, топло ги поздрави присутните и им посака добар претстој и поновна средба." 

Во своето излагање, Сабина Псамонти истакна, дека виното било богато со биоактивни соединенија, кои имаат улога на природни фармаколошки ентитети, односно се однесуваат како лекови. Исто така, умереното конзумирање на вино, што според светската пракса подразбира до две чаши дневно, овозможува намалување на ризикот од кардиоваскуларен морбидитет и смртност.

Клемент Лисјак, од Земјоделскиот институт на Словенија порача пак, дека вината во Македонија се речиси органски. Тоа се должи до фактот што поради добрите климатски услови во Македонија лозјата се прскаат од три до пет пати, што не е случај со останатите земји. Кај нас, во Словенија, се прскаат од 10 до 15 пати, а некаде и повеќе. Сепак, за прскање се користат препарати  дозволени и не влијаат лошо на виното и на човековото здравје.

Виолета Иванова Петропулос од земјоделскиот институт при универзитетот "Гоце Делчев" Штип истакна дека црвеното вино е богат извор на биоактивни и нутритивни фенолни соединенија кои имаат антиоксидантно дејство, висока активност против слободни радикали, заштитна улога при артериосклероза и коронарна срцева болест, како и инхибирачко дејство на растот на канцерогените клетки.

Научните факти докажуваат, дека виното е навистина благороден пијалак. Вината од сортата ВРАНЕЦ имаат највисока содржина на сите групи феноли, а истражувањата покажуваат, дека содржината на фенолите зависи од сортата, климатските услови, технологиите на производство и начинот на чување.

Е, драги мои, сега научивте нешто повеќе, а бога ми и јас си го потврдив моето знаење што го стекнав од  дедо ми, Науме. 

Инаку, дедо ми Науме, беше земјоделец, од Буково, покоен повеќе од 70 години, но се' уште го паметам како добар човек, зошто многу ме сакаше. Секогаш кога ќе си дојдеше од поле, испотен, извалкан и уморен, и од како ќе каснеше нешто што дал господ, како се вели по селски, ќе си слезеше долу во визбата, каде што беа бочвите полни со разни вина и  ќе си легнеше малку, за да се одмори. Тој секогаш знаеше каде е најугодно и под која бочва, зошто, секогаш беше гостин под само една, се' дури беше полна и дури дрвениот чеп пушташе секогаш по една или две, а понекогаш и по три четири капки, една по една, право во неговата ширум отворена уста. И тие никогаш не промашуваа. Секој ден си ја знаеше својата мера, мојот дедо Науме.

Баба ми пак Петра, господ да  ја прости, зоштто и таа си отиде по него недолго после неговото заминување, по некогаш ќе слезеше долу да види како му оди работата на Наумета,  и да нему, кобаајѓи,  треба нешто, зошто мислеше, дека тој нешто работи, па затоа го нема така долго.

Мојата баба Петра беше мудра и многу добра баба, зошто и таа многу ме сакаше, зошто никогаш не и' праев бела. А и јас ја сакав многу, зошто и таа неми праеше бела. Еден ден, баба ми Петра слезе долу во визбата по нејзиниот обичај да види како му оди работата на дедо ми Науме. Таа многу се уплаши, кога го виде така легнат со главата под бочвата , а од дрвениот чеп капи ли капи. Право таму, каде што треба.  Го гледа така  уплашена од глетката пред неа, па се мисли, па мисли. Да го викне, да не го викне. Може даму се случило нешто лошо на чоекот.  Науме! Викна баба ми. Науме! А тој ич ни да мрдни. А капките си капат, па капат и негде нестануваат без трага. Науме! По трет пат баба ми Петра го викна дедо ми Наумета и тој се тргна, како од сон. А како да не беше од сон. Пијан, мртов. Што би рекол некој друг како него. Ме уплаши бре Науме. Да не си болен што лежиш под бочва? Не, мори жено, чепов се расипал, па легнав да видам што му е чарето. Па реков на самиот себе си : Науме! Чаре нема, ами легни долу, па што ќе капни на земјата, нека капни во устата. И така се' дури не дојде ти да ме спасиш, оти ќе се удаев.

Ете таков беше мојот дедо Науме. Стручњак за вински чепови, ама и за добри вина. Само не успеав да го прашам која врста најповеќе ја сакаше , зошто него видов уште еднаш пред неговото заминување таму, од каде никој не се вратил.  Но, спрема научнициве од винскава конференција во Скопје, и долгиот живот кој го изживеал, дедо Науме од Буково, на чекор или два од  кралскиот град на Македоија Битола, мислам дека беше ВРАНЕЦ.  

 

Во спомен на дедо ми Науме,

Ваш Сотир Гроздановски 

21 мај 2016 година.

 

 

Kind regards: 21 мај 2016

Sotir Grozdanovski br. 05