Ова ли е љубов кон Македонија и нејзиониот народ ?

СДСМ ПАРТИЈА НА НЕМОЌ И ПРИМИТИВИЗАМ

Пишува: Сотир Гроздановски

Незадоволни и разочарани од резултатите на  "Шаренатa Револуција", СДСМ во првите "борбени редови" ги вклучи и  највисокитe водачи во својата гнасна работа: Зорана Заева и Радмила Шеќеринска. Вклучи и некои други истакнати гниди и непријатели на Маккедонија како дополнителна сила во уривањето на   македонскиот национален идентитет: преостанатите споменици на македонските борци за слобода и државност, фасадите на македонските државни институции и многу други објекти од општ значај за Република Македонија и македонскиот народ.

Само пред два три дена не верував, дека оваа "македонска" политичка  партија  може така ниско да падне и со примитивни и брутални средства  се сврти против  виталните интереси на својот сопствен македонски народ и македонската држава. Да се сврти и без малку грижа на совеста, до колку ја имаат, да ја започне битката за уништување на симболите кои го означуваат националниот идентитет, со векови граден и доградуван и во времињата кога немавме своја национална држава, за туѓи интереси. Но и да ја искажат својата политичка незрелост и културна примитивност.

Копирањето на туѓите средства на граѓанска непослушност значи неспособност за креативно, современо, но и пред се' цивилизирано однесување во јавниот простор на Државата и давање соодветен пример на своите следбеници, но и на оние, кои утре би можеле да бидат потпора на нивната  државничка политика.

Со ваквото однесување, заправо покажаа и докажаа, дека СДСМ и луѓето кои ја претставуваат оваа политичка опција не го заслужуваат вниманието на народот во Македонија, но и на македонците во светот.  Зошто, наместо да го вперат своето  незадоволство кон политичкиот противник во земјата од кои очекуваат да ја преземат власта и со својата поарна работа ги подобрат животните услови на граѓаните, тие ја уништуваат инфраструктурата на македонската држава, ги парализираат стопанските можности и ја нарушуваат одбранбената способност на службите,  за општата  безбедност на Република Македонија.

Средствата со кои се служат овие изроди во своите детски изживувања се непримерени за нивните години, а извонредно штетни по нивните нездрави желби и амбиции за владеење со народот. Посебно со македонскиот, кои през својата долга историја видел и полошо од ова што му се случува денес, но сега од монструми, од сопствената средина.

Непримереното и опасно понижување на македонската полиција да реагира на начин како овие примитивци посакуваат, е не продуктивно. Македонската полиција е средство за заштита на народот  а не против народот свој и затоа ова што го посакува СДСМ со своите хулигани е срамотно. Огледалата со кои демоните на оваа политичка партија намерно ги предизвикуваат младите полицајци да реагираат и предизвикаат и жртви на улиците, кои ги предвидуваше и посакуваше монструмот Гордан Калајџиев не вродија плодови, ами само фрустрации. И тоа најповеќе ги застрашува обоените демони на СДСМ и нивните режисери. Наскоро, сите заедно ќе бидат отфрлени како истрошен отпад, невредни ниту за рециклажа. Исто така, во огледалата кои денес ги ставаат пред лицата на органите за безбедност на Македонија наскоро ќе си ги погледнат своите животинско дегенерирани погледи искривени од омраза, ќе плукнат во нив и потоа ќе умрат од срам. 

 

Ваш Сотир Гроздановски 

27 мај 2016 година

 

 

Kind regards: 27 мај 2016

Sotir Grozdanovski br. 07