Професорот Калајџиев ја блати Порта Македонија

ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ - ПРОФЕСОР ХУЛИГАН

Пишува : Сотир Гроздановски

Опстанокот на нацијата од секогаш се темелел  врз образовниот систем на секоја цивилизирана заедница. Така било и секогаш ќе биде, па и во нашата земја. Без адекватно и добро усмерено школство, со кавалитетен академски кадар, секогаш се случувале девијации, насилства и искривување на стварноста. Мирот и напредокот на едно  организирано општество, во кое владее правото и редот, зависело и од многу други причини, меѓутоа, воспитувачите на младите генерации се клучен елемент за поставување  здрави темели на секоја држава, па и на Македонија.  

Професорот Гордан Калајџиев е активен следбеник на Социјалистичкиот Демократски Сојуз на Македонија (СДСМ), самонаречена наследничка Партија на поранешниот Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ). Тоа за сигурно не беше случајна појава, зошто за време распадот на заедничката држава СФРЈ,  по однапред скроена платформа, од комунисти, постанаа социјалистички капиталисти. Се разбира, постанаа преку ноќ капиталистички тајкуни, по напатствија од "пријателите и стратешките партнери", a на сметка на широките народни маси, кои после разграбувањето на народната имовина, над 250.000 граѓани на Македонија се најдоа на улица, без работа и без перспективна иднина за себе и за своите семеиства.

Оф! - за малку ќе заборавев да го споменам и менувањето на уставното име на Македонија во ПЈРМ ( FYROM ), како предуслов  за дозволеното плачкосување на народната имовина, која македонските раце ја ствараа през сите години за време траењето на СФРЈ, како  и за идни отстапки кои ќе ја докусурат Македонија на патот кон нејзиното колонизирање и вистинско разнебитување, те бришење од списокот на светските држави.

Но, да ја довршиме приказната за нашата "sвезда", професорот со грешните сваќања  за љубовта спрема татковината Македонија, нејзината иднина  како држава на сите нејзини граѓани, културното однесување, грешниот избор на професијата : - воспитувач на македонските млади поколенија, Гордан Калајџиев.

Калајџиев е иначе универзитетски професор по казнено процесно право на правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје и учесник  во разбојничката толпа која ги уништува културните споменици низ главниот град на Република Македонија. Тој е и еден од потстрекачите на насилства и физичка пресметка со Македонците кои ја подржуваат владеачката партија ВМРО - ДПМНЕ, легално избрана од мнозинството граѓани на Македонија. 

Калајџиев, како верен следбеник на водачот на СДСМ Зоран Заев, главен творец на каосот во политичката сцена на Македонија веќе 15 месеци и отворен заговорник за растурање на македонската држава со федерализација на нејзината територија, отворено се закани дека, цитирам : " Ќе продолжиме да маршираме до победа. Се молиме да нема жртви, ни се смеат на ова хипи, но нека сфатат дека е тоа предупредување, ако треба ќе паднат и жртви".

Не е ли време да се запрашаме, за какви жртви ни зборува овој ПРОФЕСОР -ХУЛИГАН, заскитан меѓу народот македонски? Мисли ли на граѓанска војна во нашата татковина како долг спрема наредбодавците кои ја финансираат неговата монструозна политичка партија, а под чие покровителство тој  ги уништува спомениците на  македонските борци за слобода и независност, од давнина до денес? 

Оваа борба за некаква "Слобода и Правда" на погрешен начин се води. Со удирање по самарот кога не сте вредни да удрите по магарето, не е чесна работа. Исто како и бегањето од чесен натпревар на избори на кој македонскиот народ ќе го речи својот последен збор, се смета како кукавичлук и недоверба во сопствените вредности.

Барање власт со некои си технички влади поставени ( како во некои соседни земји ) од "Меѓународната Заедница" е обезвреднување и брутално одземање правото на глас на сопствениот народ и укинување на Демократијата, во чие име господинот Зоран Заев се крсти и ја демолира Република Македонија за туѓи интереси.

 

Ваш Сотир Гроздановски

16 мај, 2016 година

 

 

Kind regards: 16 мај 2016

Sotir Grozdanovski br.02