МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА И УРАНИЈА ПИРОВСКА "SВЕЗДИ" НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

Професорката Мирјана Најчевска (лево) и Уранија Пировска (десно)

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - СРАМ ЗА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНИЈА

 

01 јуни 2016 

Меѓу "sвездите" на шарената rеволуција се појави уште една, универзитетската професорка Мирјана Најчевска. Не би го споменувал нејзиното име во овој мој текст, меѓутоа, почувствував потреба тоа да го направам, како би ја запознал  јавноста со личност чие место не и' е во македонскиот високообразовен систем. Со личност, која со своето недостојно однесување за време на шарената револуција постана голем срам за Република Македонија.

Во оваа  тажна и срамна  прикаска, во која учествуваат многу корумпирани членови од образовната заедница на Република Македонија  не се работи само за самиот чин: -   уништување на македонскиот идентитет граден со векови, туку за фактот, што нивните размислувања не се соодветни на титулите со кои се разликуваат од нас обичните смртници.  Па и од тие причини, како  непријатели на македонскиот народ, тие нема што да бараат во еден македонски државен Универзитет. Но, секако, тоа е прашање, во прв ред, за  одговорните кои  би требало да го чуваат угледот и дигнитетот на оваа највисока образовна институција во Македонија. 

Речникот со кои овие изродници се служат во  јавните настапи, а  со кој ги трујат луѓето и ги туркаат да се сотрат едни со други е за секоја осуда и за адекватна "награда". Со  понижувачките квалификации за Македонија, како "ЌЕНЕФ" држава,   професорката Мирјана Најчевска ги воодушеви своите истомисленици од СДСМ, кои со ракоплескања, наместо со гнасење, го поздравија нејзиното беснеење на бината пред Собранието на Македонија, е за грозење. За грозење, бидејќи нивните сваќања на нејзините зборови испланирани да постигнат злосторнички ефект не се за пофалба, ниту сваќања на луѓе кои си ја сакаат  Татковината. За грозење, што си дозволуваат еден таков монструм од жена да ги манипулира и да ги претвора во вистински злосторници и непријатели на својот сопствен народ, ма каде и да е. 

Владата, легално избрана од мнозинството граѓани на македонската држава  е наречена "НЕ НАРОДНА", "КРИМИНАЛНА". Таа ги "корумпирала сите македонски институции" и дека тоа што тие го прават секој ден со уништувањето на народната имовина е нивно "легално" право. Тој бил нивниот начин на "граѓанска непослушност" итнт. 

Тоа не се зборови ниту за еден малолетник, а камоли за професор како нашава "sвезда", Мирјана Најчевска. Таа, ораторски и цела запенета од злоба, постојано го споменува 21-то столетие како нешто подруго од сите други пред него, во кое би требало мед и млеко да тече дури и за такви нелуѓе како неа, кои ги сечат корењето на својата држава, а да при тоа  не бидат санкционирани од македонската "не демократска и корумпирана" власт.  

Нејзината "грижа за уништената иднина" на "неизините деца, внуци...."  и некои слични на неа, се обични неартикулирани гласови на  заскитан во времето па незнае да си го најде, покрај отворени очи, патот кон сегашноста. Таа и други како неа биле обезправени во оваа "ЌЕНЕФ" држава, во која добивале "коски" за да се лигават.

Па јас лично мислам професорке, такви како вас, не заслужуваат ни толку. 

О, уште нешто! Тоа што го уништувате со вашите шарени бои не е само ваше па можете само тек така да го уништувате зошто, впрочем,  "никој лично не ве прашал" да го направи без одобрување од вашата "висост". Вие уништувате и дел заедничко богатство на оние Македонци, кои се во мнозинство и   кои не се монструми како вас и вашите налудничави следбеници. И тоа е  казниво дело, кое не спаѓа во вашето право  на мирна и не насилна "ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ". 

Вие, како универзитетска професорка би требало тоа да го знаете. Не ли ?

Ароганцијата и примитивизмот на професорката Најчевска нема крај. Таа без срам и намус, што би рекла една моја соселанка од Буково, ги изрече и овие  мудрости : "А во однос на боењето јас ќе испратам писмо до Министерството за култура со кое ќе барам да ми се признае авторство на сето боење на Скопје 2014, заради тоа што не мe прашаа кога го правеа. Ова е мој акт на разубавување на просторот во кој живеам".

Јако мудро професорке! Побрзајте, да не закасните на вашиот воз за во некоја вистински "ЌЕНЕФ" држава каде вие и вашата тајфа   припаѓате, а не во Македонија.

И сега за крај, би ја спомнал и  "патриотската" улога  на уште една "просветена" жена. И тоа не обична жена мајка, домаќинка и родилка на македонски бранители на државата која вакви како Мирјана Најчевска ја нарекуваат "ЌЕНЕФ" држава. Тоа е Уранија Пировска:  малку подруга. Таа е извршен директор на Хелшинскиот комитет за човекови права во Македонија и  следбеник на шарената револуција по службена должност. Таму била, за да ги "бранела човековите права" на хулиганите, како што е и самата, кога ја уништуваат народната имовина на Македонија, зошто била  "полициска држава".

Ова за сигурно не е мала и неважна квалификација. Од "ЌЕНЕФ" држава, крената на "полициска држава". Браво Уранија Пировска. Но, ево ги и  мудрите зборови  по повод нејзината "уметничка" работа врз спомениците и плочниците на Скопје дадени пред своите верни следбеници од како "жива и здрава" излегла од полициската станица: "Признав дека сум фрлала боја и при тоа изјавив, дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го сторила, пошто сметам дека тоа е мое легитимно право, како граѓанин на оваа држава, да го изразам револтот за она што ни се случува во државата и за политиките на оваа криминална власт".

А каде вие името на државата за која зборувате, Уранија? 

Кога ќе дојдете на власт, ако некогаш доидете, во "државата", како ја нарекувате, а како ќе ја викате, Уранија? Па вие го обравте бостанот, Уранија, пред време! Не е ли оваа една од вашите "најголеми Пирови" победи во одбрана на човеколиките хулигани, Уранија ?

За секогаш Ваш Сотир! 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 08 (01 јуни 2016)