РАЗГРАДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ФАЗИ

Пишува: Сотир Гроздановски

Насилниците и предавниците на македонските национални интереси, во организација на СДСМ и нивните сојузници, от како го загубија застрашувачкиот моментум на  "обоената револуција" која, впрочем, имаше за цел да ги закрвари и директно спротистави Македонците до меѓусебно истребување, своето иницијално злосторничко внимание:- уништување на македонските културни вредности и понижување на градителите на македонската држава од древните до сегашните времиња, засилено го насочија кон последната легална институција на државата, Георге Иванов, Претседателот на Република Македонија.

Аболицијата на поголем број "грешници" од разни институции во државата завзеде обратна насока со своето дејство. Таа, наместо да ги смири страстите меѓу противниците кои ја поттикнаа долгата политичка криза во Македонија и му го одземе оружјето на  специјалното одветништво за понатамошна деструкција на легалниот систем, ги покрена злиите дуси во опозицијата уште повеќе. Чувствувајќи се загрозени во своите крајни накани,   го активираа својот однапред подготвен план "Б" : - се свртија против Претседателот со повик за негова оставка, укинување на Аболицијата и поновно одложување на веќе закажаните избори за 5 јуни 2016, зошто, божем, пак немало услови за "фер и праведни" избори. И така во недоглед, се' дури заедно со своите странски финансиери и душмани на Македонија не створат услови за превласт во државата и деструкција на нејзиниот идентитет со менување на  името, како крајна цел.

Деновиве, Македонија се исполна со неканети гости од Европската Унија, САД, Германија и кој се знае од каде и зошто. Но едно се знае, дека плановите за деструкција на Република Македонија во фази, како тие и внатрешните нивни слуги од средината на СДСМ веќе испланирале да биде, не им одат по нивните желби. Македонскиот народ бара избори и прекинување со уништувањето на стопанството и напредокот на земјата. Бара мир во државата и искрен соживот на сите нејзини граѓани. 

На Република Македонија и на народот на оваа држава не им се потребни нивните лажни услуги и еднаш треба да се најде некој кои ќе им рече: АКО НЕ САКАВТЕ, ИМАВТЕ ДОСТА ВРЕМЕ ДА НИ ПОМОГНЕТЕ. ЗАТОА, СЕГА СИКТЕР ОД НАШИТЕ ЖИВОТИ И ОД НАШАТА САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

 

Ваш Сотир Гроздановски  

13 мај, 2016

 

 

 

 

Kind regards: 13 мај 2016

Sotir Grozdanovski br. 03