ВЛАСТ ПО МЕРКА НА НАРОДОТ

Пишува: Сотир Гроздановски

Со приближувањето на изборите предвидени за 5 јуни 2016, како да се чувствува нешто што ни ветува мир и отрезнување од беснеењето на злото што ја опфати Македонија во последниве неколку недели. Метата беа убавините на македонските градови, гордоста и поноста на обичниот македонски човек. Со обезличувањето на спомениците на македонската култура, историја и стопанскиот прогрес на земјата, како да се сакаше да се обезличи и достоинството на народот негувано, со векови. Како да се сакаше да се спротивстават зрелите македонски сили и силите на злото и омразата, што би водело до заоштрување на меѓуетничките односи  и разградување на државата.

Како да се сакаше сменување на легално избраната власт во Република Македонија по секоја цена: со застрашување на народот македонски со средства, кои им доликуваат само на терористи.

Но, по се' изгледа и овој пат трпеливоста и достојанственото однесување на народот не им ја даде посакуваната шанса на предавниците од редовите на СДСМ да ги постигнат нечесните накани: пресметка на злото и доброто во народот македонски.  

Материјалната штета нанесена од беснеењето  на предавниците  од средината на СДСМ и нивните советници од "меѓународната заедница" е голема, но не и не надоместива. Срамот, пак, фрлен врз угледот на македонската нација, ќе не следи за секогаш.

Затоа, нека изборите што се пред нас ни донесат лек за сето зло и неправди, нанесени врз интересите на сите граѓани на Република Македонија, свесно или не свесно а новоизбраната власт нека биде по мерка, на народот.

 

Ваш Сотир Гроздановски 

12 мај 2016 година.

 

 

Kind regards : 12 мај 2016

Sotir Grozdanovski br. 01