ТОА Е НАШАТА МАКЕДОНИЈА

ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛО - ГРЧКИОТ ФАШИЗАМ

Миленко Неделковски

    Изминаа времињата кога за македонските национални интереси немаше кој да се заложи и да  му каже  на  светот дека историјата  е лажна и дека се' што досега е кажано, барем што се однесува за Македонија и Македонците, не е вистина. Дека е лажна и дека светските историографи наскоро ќе мораат да ја редефинираат врз вистинските историски извори, кои секој ден излегуваат на виделина  и се пристапни за секого, кој сака со нив да се запознае.

Македонците беа, се' и секогаш ќе останат таму, од каде ја започнаа својата епопеа и постанаа дел од светската цивилизација со повеќе  придонеси и многу порано од денешните големи сили. Да, точно така! - а кои денес упорно  ги присвојуваат делата на Александар III и неговиот татко Филип II Македонски,  заедно со комплетната македонска историја и културните наследства, при тоа посакувајќи   да не снема од средината на народите во светот, заедно со нашиот национален, македонски идентитет.

Овај пат ќе ви ги прикажеме разговорите на нашиот истакнат новинар Миленко Неделковски со професорот по историја др. Никола Жежов, а се однесуваат на времињата од историјата кога се ствараше македонската современа држава, поврзано и  со крвавите настани за времето на Граѓанската војна во Грција и злосторствата извршени над македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија, под грчка окупација од 1912 година наваму.

Ова посебно и извонредно издание на "Македонски Збор" е наменето на сите македонски борци изгинати во процесот на создавањето на македонската држава, а на кои не им се посветува доволно и должно внимание и поштовање од денешните нивни поколенија,  кои сепак,   бесрамно ги уживаат крвавите плодови, на нивните жртви. 

За стварањето на првата грчка држава, од кога се знае за нешто грчко, а која претендира да е наследничка на античките градови државички со нивната културна перјаница Атина, зборувавме во подолг запис базиран врз веродостојни податоци од истакнати историчари, политичари, професори од повеќе светски научни и образовни институци,  а што е најзначајно во сета таа прикаска, и неколку истакнати Грци од грчката интелектуална и научна елита. 

Нашиот запис беше објавен под наслов: "Вистината за стварањето на грчката држава", а можете да го најдете во "Македонски Збор" br. 35

За бугарските sверства над македонски револуционери и истакнати интелектуалци имаме зборувано во "Анализите на историските настани во егејскиот дел на Македонија" од Ристо Стефов во превод на македонски јазик од авторот на овие редови. А за настаните во Вардарскиот дел од Македонија под окупација на првата југословенска држава од 1919 до 1941 година, ќе се запознаеме делумно и во овие видеозаписи кои ви ги презентираме денес.

Целта на "Македонски Збор" од неговото постоење до денес секогаш била  ширењето на  вистината за Македонија и за Македонците. Па затоа сметајте го и овој прилог, заедно со овие 9 видеозаписи како уште  еден придонес, во таа насока.

 

Ваш Сотир Гроздановски

БЕЗ ПОСЕБЕН КОМЕНТАР. СЕ' Е РЕЧЕНО!

Kind regards: 15 јануари 2017 вонредно издание

Sotir Grozdanovski бр. 46